Лешочки манастир Archives - Република https://republika.mk/tema/leshochki-manastir/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 07:58:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лешочки манастир Archives - Република https://republika.mk/tema/leshochki-manastir/ 32 32 Ова е чудесно, волшебно место, вели Клер Беталу, професорка на Сорбона, која со реставратори од Франција е во посета на црквата Света Богороциа во Лешочкиот манастир https://republika.mk/vesti/kultura/ova-e-chudesno-volshebno-mesto-veli-kler-betalu-profesorka-na-sorbona-koja-so-restavratori-od-frantsija-e-vo-poseta-na-tsrkvata-sveta-bogorotsia-vo-leshochkiot-manastir/ Mon, 13 Nov 2023 07:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=700869

Црквата Света Богородица во тетовскиот Лешочки манастирски комплекс каде летово беше најден слој на фрескоживопис од 13 век, како и трослојно ѕидно сликарство ја посетија реставратори, универзитетски професори и стручни лица од Франција кои ќе соработуваат со македонските колеги во насока на зачувување на културното наследство. Неделава конзерваторите од Националниот конзерваторски центар низ повеќе локации во државата ги запознаа колегите од Франција со конзерваторските работи кои се во тек, како основа врз која во иднина може да соработуваат.

Инструментот на Европската комисија-ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации) е можноста за оваа соработка и причината за која стручни лица од Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона да престојуваат во државата со цел да се запознаат со можностите за зачувување на културното наследство.

Се надеваме дека посетата на странски експерти е еден мал чекор во заштитата,но соработката со истите се мислеше дали да биде работилница или експертска мисија. Се одлучивме за експертска мисија, затоа што мислиме дека прво треба да се запознаат стручњаците од странство со нашите споменици за да можеме понатаму да преземеме конкретни активности во која насока би се одвивале овие работи. Во секој случај е подолгогодишна соработка со нив и со Универзитетот Сорбона. Во оваа прва фаза сега сме да се запознаеме со проблематиките, а за понатаму може да произлезе еден посериозен проект што заеднички ќе го работиме со нашите колеги од Франција, изјави Владо Мукоски, конзерватор за ѕидно сликарство.

Клер Беталу која е професорка на Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона, како и директорка на Програмата за студии за реставрација, вели дека ова што го видела во Лешочкиот манастир е нешто ново и невообичаено.

Ова е чудесно, волшебно место, и можноста што ја имам да го разоткријам и да го запознаам со тимот стручни реставратори и конзерватори, овозможува да ја разберам историската важност на оваа градба. Чудесноста ја наоѓам во оваа целисходност и комплексност на градбата. Податокот дека тука се мешаат живописи од 17 и 19 век е навистина за мене нешто неверојатно, нешто ново, нешто прекрасно бидејќи во Франција не постои таква традиција. Традицијата во Франција е да се задржи најновиот слој и да се униформира на некој начин декорот, сликата, изјави Беталу.

Таа и самата е реставраторка и конзерваторка па смета дека има одлична прилика за соработка со колегите од Националниот конзерваторски центар.

Оваа првична недела има за цел да се запознаеме со македонските колеги, да ги размениме искуствата, да го запознаеме нивниот начин на реставрација и конзервација. Понатаму може да се оформат тимови на размена на знаење бидејќи ова е начин на реставрација што не ни е многу познат во Европа, така што е многу интересна оваа структура, овој проект на размена и се разбира дека има идни можности за соработка, рече Беталу.

Македонските конзерватори откако летово открија повеќеслојно сликарство во црквата во Лешок велат дека аплицирале до Министерството за култура и чекаат средства да продолжат со работата и во текот на наредната година.

Да се надеваме дека ќе биде поддржан овој проект со поголеми финансии со тоа што динамиката ќе се зголеми во зависност од средствата. Очекуваме да продолжат истражувањата, и очекуваме да најдеме и други откритија. Како што беше големото откритие на Кирил Александриски. Не се надевавме дека ќе дојдеме до трослојно сликарство, така што и самиот проект ја смени динамиката и тие се малце покомплексни работи што треба и како треба да се презентира. Тоа сигурно ќе биде покомплициран зафат затоа што да раслоите три слоја на сликарство, а да го зачувате е навистина реткост, истакна Владо Мукоски.

Во текот на јуни при годинешниве работи на реставрацијата беше откриен трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок. Конзерваторите направија соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13 век ќе биде покриен со тој од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати.

Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид на културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат што повеќе луѓе.

The post Ова е чудесно, волшебно место, вели Клер Беталу, професорка на Сорбона, која со реставратори од Франција е во посета на црквата Света Богороциа во Лешочкиот манастир appeared first on Република.

]]>

Црквата Света Богородица во тетовскиот Лешочки манастирски комплекс каде летово беше најден слој на фрескоживопис од 13 век, како и трослојно ѕидно сликарство ја посетија реставратори, универзитетски професори и стручни лица од Франција кои ќе соработуваат со македонските колеги во насока на зачувување на културното наследство. Неделава конзерваторите од Националниот конзерваторски центар низ повеќе локации во државата ги запознаа колегите од Франција со конзерваторските работи кои се во тек, како основа врз која во иднина може да соработуваат. Инструментот на Европската комисија-ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации) е можноста за оваа соработка и причината за која стручни лица од Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона да престојуваат во државата со цел да се запознаат со можностите за зачувување на културното наследство.
Се надеваме дека посетата на странски експерти е еден мал чекор во заштитата,но соработката со истите се мислеше дали да биде работилница или експертска мисија. Се одлучивме за експертска мисија, затоа што мислиме дека прво треба да се запознаат стручњаците од странство со нашите споменици за да можеме понатаму да преземеме конкретни активности во која насока би се одвивале овие работи. Во секој случај е подолгогодишна соработка со нив и со Универзитетот Сорбона. Во оваа прва фаза сега сме да се запознаеме со проблематиките, а за понатаму може да произлезе еден посериозен проект што заеднички ќе го работиме со нашите колеги од Франција, изјави Владо Мукоски, конзерватор за ѕидно сликарство.
Клер Беталу која е професорка на Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона, како и директорка на Програмата за студии за реставрација, вели дека ова што го видела во Лешочкиот манастир е нешто ново и невообичаено.
Ова е чудесно, волшебно место, и можноста што ја имам да го разоткријам и да го запознаам со тимот стручни реставратори и конзерватори, овозможува да ја разберам историската важност на оваа градба. Чудесноста ја наоѓам во оваа целисходност и комплексност на градбата. Податокот дека тука се мешаат живописи од 17 и 19 век е навистина за мене нешто неверојатно, нешто ново, нешто прекрасно бидејќи во Франција не постои таква традиција. Традицијата во Франција е да се задржи најновиот слој и да се униформира на некој начин декорот, сликата, изјави Беталу.
Таа и самата е реставраторка и конзерваторка па смета дека има одлична прилика за соработка со колегите од Националниот конзерваторски центар.
Оваа првична недела има за цел да се запознаеме со македонските колеги, да ги размениме искуствата, да го запознаеме нивниот начин на реставрација и конзервација. Понатаму може да се оформат тимови на размена на знаење бидејќи ова е начин на реставрација што не ни е многу познат во Европа, така што е многу интересна оваа структура, овој проект на размена и се разбира дека има идни можности за соработка, рече Беталу.
Македонските конзерватори откако летово открија повеќеслојно сликарство во црквата во Лешок велат дека аплицирале до Министерството за култура и чекаат средства да продолжат со работата и во текот на наредната година.
Да се надеваме дека ќе биде поддржан овој проект со поголеми финансии со тоа што динамиката ќе се зголеми во зависност од средствата. Очекуваме да продолжат истражувањата, и очекуваме да најдеме и други откритија. Како што беше големото откритие на Кирил Александриски. Не се надевавме дека ќе дојдеме до трослојно сликарство, така што и самиот проект ја смени динамиката и тие се малце покомплексни работи што треба и како треба да се презентира. Тоа сигурно ќе биде покомплициран зафат затоа што да раслоите три слоја на сликарство, а да го зачувате е навистина реткост, истакна Владо Мукоски.
Во текот на јуни при годинешниве работи на реставрацијата беше откриен трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок. Конзерваторите направија соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13 век ќе биде покриен со тој од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати. Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид на културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат што повеќе луѓе.

The post Ова е чудесно, волшебно место, вели Клер Беталу, професорка на Сорбона, која со реставратори од Франција е во посета на црквата Света Богороциа во Лешочкиот манастир appeared first on Република.

]]>
Сè уште се бара соодветна фирма за завршување на обновата на стариот конак во Лешочкиот манастир https://republika.mk/vesti/kultura/se-ushte-se-bara-soodvetna-firma-za-zavrshuvane-na-obnovata-na-stariot-konak-vo-leshochkiot-manastir/ Wed, 14 Jun 2023 10:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=651245

Три години по почнувањето на заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак во Лешочкиот манастир сè уште се бара соодветна фирма за завршување на работите. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека се направени измени, па наместо по фази ќе се бара изведувач за сите работи да ги направи.

Со конакот минатата година имавме неуспешни обиди при објавата на тендерот. Пропаѓаше неколку пати, бидејќи не се јавуваа соодветни фирми. Оваа година, исто така, ќе го распишеме конкурсот за целосно завршување, не само по фази. Тој тендер би требало до крајот на август да биде завршен или еве да кажеме септември за да можат да почнат со работа, меѓутоа, оваа година ќе осигураме, кога ќе се објави тендерот, тоа ќе значи дека ќе финансираме се до завршување на работите до крај, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска при денешната посета на Лешочкиот манастир.

Во 2020 година во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работеше на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза предвидува доградба со нови материјали. Работите се изведуваат во рамки на реализација на годишната програма на Националниот Конзерваторски Центар.

The post Сè уште се бара соодветна фирма за завршување на обновата на стариот конак во Лешочкиот манастир appeared first on Република.

Верниците во Лешочкиот манастир ќе може да се поклонат на моштите на новиот македонски светец Преподобен Кирил Лешочки https://republika.mk/vesti/makedonija/vernicite-vo-leshochkiot-manastir-kje-moze-da-se-poklonat-na-moshtite-na-noviot-makedonski-svetec-prepodoben-kiril-leshochki/ Wed, 19 Oct 2022 10:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=562941

Моштите на светитетелот Преподобен Кирил Лешочки по извршената канонизација во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ сега се поставени во храмот „Свети Атанасиј“ во манастирскиот комплекс во Лешок.

Во внатрешноста на храмот покрај моштите се наоѓа и првата икона со изобразен лик на светителот чие прогласување за светец се изврши во неделата на 16 октомври.

-Верниот народ ќе има можност да пристапи за поклонение до кивотот каде што се изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот при посетите на верниците, информираа од тетовско-гостиварската епархија.

Во неделата во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан во сослужение со 11 владици и други свештенослужители го изврши прогласувањето за светец на Кирил Пејчиновиќ. Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.

The post Верниците во Лешочкиот манастир ќе може да се поклонат на моштите на новиот македонски светец Преподобен Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>

Моштите на светитетелот Преподобен Кирил Лешочки по извршената канонизација во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ сега се поставени во храмот „Свети Атанасиј“ во манастирскиот комплекс во Лешок. Во внатрешноста на храмот покрај моштите се наоѓа и првата икона со изобразен лик на светителот чие прогласување за светец се изврши во неделата на 16 октомври. -Верниот народ ќе има можност да пристапи за поклонение до кивотот каде што се изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот при посетите на верниците, информираа од тетовско-гостиварската епархија. Во неделата во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан во сослужение со 11 владици и други свештенослужители го изврши прогласувањето за светец на Кирил Пејчиновиќ. Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.

The post Верниците во Лешочкиот манастир ќе може да се поклонат на моштите на новиот македонски светец Преподобен Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во Лешок на канонизација за светител на Кирил Пејчиновиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-leshok-na-kanonizacija-za-svetitel-na-kiril-pejchinovikj/ Sat, 15 Oct 2022 19:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=561562

Македонската православна црква-Охридска архиепископија викендов го канонизира за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки, церемонија која се случува денеска и утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.

На денешната канонизација присутни беа и многу членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Ми преставува особена чест што денес бев присутен во Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј" на канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки, порача тој денеска.

The post Мицкоски во Лешок на канонизација за светител на Кирил Пејчиновиќ appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква-Охридска архиепископија викендов го канонизира за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки, церемонија која се случува денеска и утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“. На денешната канонизација присутни беа и многу членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.