лекување Archives - Република https://republika.mk/tema/lekuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 13:44:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лекување Archives - Република https://republika.mk/tema/lekuvanje/ 32 32 Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-25-litsa-so-golema-kashlitsa-pet-se-lekuvaat-vo-bolnichki-uslovi/ Mon, 05 Aug 2024 12:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=803558

Епидемијата со голема кашлица никако не стивнува. Во Македонија за една недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, а бројката беше слична и претходната недела. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје најголем дел од случаите се пријавени во Скопје -11, а пријавени се и 6 случаи од Куманово, 4 случаи од Тетово, 2 случаи од Битола и по еден случај од Велес и Кичево. Во овој период од годината возраста на заболените се движи од 2 месеци до 27 години, а најголем број на случаи се до четири години.

-Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи пет лица се хоспитализирани-информираат од ИЈЗ.

Од стартот на епидемијата до 25 јули во Македонија регистрирани се вкупно 956 случаи на голема кашлица, а тоа е со инциденца од 52 на 100 000 жители.

-Најголем број лица околу 75 отсто, што се заразиле со пертусил изминативе месеци живеат во Скопје и тоа во 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 67 заболени лица (7,0%), а во Тетово, пријавени се 50 заболени лица (5,2%). Останатите случаи на заразени со голема кашлица се во останатите 20 градови низ државата- анализира Институтот и дополнува дека досега најмладиот заразен со овој вирус е само еден месец, а најстариот 82 годишна возраст.

Од вкупниот број на заболени лица (956), кај 949 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај 7 лица е во асимптоматска форма.

-Епидемиската крива укажува дека симптомите кај првиот случај пријавен во скопската епидемија се регистрирани во 50-та недела од 2023 година. Согласно податоците од епидемиолошките анкети во однос на датумот на почеток на симптоми кај заболените лица, од првата недела во 2024 година се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 11-та недела. Од 12-17-та недела, бројот на случаи со регистрирани симптоми се намалува. Од 18-28-ма недела, бројот на новозаболени лица со регистрирани симптоми е константен со повремени флуктуации- објаснуваат од ИЈЗ.

Најголемиот дел, 595 лица или околу 62% од заболените не се вакцинирани, или се некомплетно вакцинирани согласно. Комплетно вакцинирани се 361 лице.

-Од заболените, хоспитализирани се 136 лица (14,2%) и тоа 116 (85,3%) од нив на возраст до 4 години. Затоа и најголем број од случаите  се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 132 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по 9 дена-посочуваат од Институтот.

Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 151 случај. Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Скопје и Републиката Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

-Од пронајдените 22.195 деца пропуштени за вакцинација, 15.360 се имунизирани. Од вакцинираните, најголем број примиле I-ва ревакцина , односно 6.744 лица, што е 43,9%. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 16.158 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (10.802; 66,9%) од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација-велат анализите на ИЈЗ.

Досега во Македонија од 18 јануари до 25 јули  вакцинирани се 61.024  лица, од кои што најмногу примиле прва доза вакцина за заштита од голема кашлица.

The post Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови appeared first on Република.

]]>

Епидемијата со голема кашлица никако не стивнува. Во Македонија за една недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, а бројката беше слична и претходната недела. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје најголем дел од случаите се пријавени во Скопје -11, а пријавени се и 6 случаи од Куманово, 4 случаи од Тетово, 2 случаи од Битола и по еден случај од Велес и Кичево. Во овој период од годината возраста на заболените се движи од 2 месеци до 27 години, а најголем број на случаи се до четири години. -Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи пет лица се хоспитализирани-информираат од ИЈЗ. Од стартот на епидемијата до 25 јули во Македонија регистрирани се вкупно 956 случаи на голема кашлица, а тоа е со инциденца од 52 на 100 000 жители. -Најголем број лица околу 75 отсто, што се заразиле со пертусил изминативе месеци живеат во Скопје и тоа во 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 67 заболени лица (7,0%), а во Тетово, пријавени се 50 заболени лица (5,2%). Останатите случаи на заразени со голема кашлица се во останатите 20 градови низ државата- анализира Институтот и дополнува дека досега најмладиот заразен со овој вирус е само еден месец, а најстариот 82 годишна возраст. Од вкупниот број на заболени лица (956), кај 949 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај 7 лица е во асимптоматска форма. -Епидемиската крива укажува дека симптомите кај првиот случај пријавен во скопската епидемија се регистрирани во 50-та недела од 2023 година. Согласно податоците од епидемиолошките анкети во однос на датумот на почеток на симптоми кај заболените лица, од првата недела во 2024 година се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 11-та недела. Од 12-17-та недела, бројот на случаи со регистрирани симптоми се намалува. Од 18-28-ма недела, бројот на новозаболени лица со регистрирани симптоми е константен со повремени флуктуации- објаснуваат од ИЈЗ. Најголемиот дел, 595 лица или околу 62% од заболените не се вакцинирани, или се некомплетно вакцинирани согласно. Комплетно вакцинирани се 361 лице. -Од заболените, хоспитализирани се 136 лица (14,2%) и тоа 116 (85,3%) од нив на возраст до 4 години. Затоа и најголем број од случаите  се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 132 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по 9 дена-посочуваат од Институтот. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 151 случај. Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Скопје и Републиката Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација. -Од пронајдените 22.195 деца пропуштени за вакцинација, 15.360 се имунизирани. Од вакцинираните, најголем број примиле I-ва ревакцина , односно 6.744 лица, што е 43,9%. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 16.158 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (10.802; 66,9%) од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација-велат анализите на ИЈЗ. Досега во Македонија од 18 јануари до 25 јули  вакцинирани се 61.024  лица, од кои што најмногу примиле прва доза вакцина за заштита од голема кашлица.

The post Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана е подготвено да излезе во пресрет за лекување на украински војници, вели Петровска https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-e-podgotveno-da-izleze-vo-presret-za-lekuvane-na-ukrainski-vojnitsi-veli-petrovska/ Sat, 16 Mar 2024 14:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=755400

Како министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има во предвид дека лекувањето е во надлежност на министерството за здравство, истакна денеска министерката за одрбрана, Славјанка Петровска која во Штип одоговараше на прашањето дали македонската Армија е подготвена да го прифати лекувањето на украинските војници.

Имавме еден првичен разговор со министерот за здравство сега одиме понатму на интезивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако се појави евентуално потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно на барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира особено ќе внимаваме да излегувањето во пресрет на оваа барање, одговарањето, поддршката и помошта што ќе ја понудиме да не влијае на редовните процеси во јавното здравство, вели Петровска.

На министерката за одбрана, Петровска и е мило што штипјани позитивно ги оценуваат овие Отворени денови и презентацијата на капацитетите на Армија, бидејќи какошто вели ова ја потврдува и оценката за висока доверба на граѓаните кон Армијата.

-Ќе се обидеме во наредниот период, почесто да бидеме присутни, меѓутоа треба да се има предвид иако живееме во мирнодобски услови Армијата има обврска и постојано и во континуитет да ја одржува својата борбена готовност, дали ќе бидат тоа во рамките на касарните со одредени активности или заживување на одредени операции, или мисии на Криволак, најголемата тренинг зона, вели Петровска.

The post Министерството за одбрана е подготвено да излезе во пресрет за лекување на украински војници, вели Петровска appeared first on Република.

]]>

Како министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има во предвид дека лекувањето е во надлежност на министерството за здравство, истакна денеска министерката за одрбрана, Славјанка Петровска која во Штип одоговараше на прашањето дали македонската Армија е подготвена да го прифати лекувањето на украинските војници. Имавме еден првичен разговор со министерот за здравство сега одиме понатму на интезивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако се појави евентуално потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно на барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира особено ќе внимаваме да излегувањето во пресрет на оваа барање, одговарањето, поддршката и помошта што ќе ја понудиме да не влијае на редовните процеси во јавното здравство, вели Петровска. На министерката за одбрана, Петровска и е мило што штипјани позитивно ги оценуваат овие Отворени денови и презентацијата на капацитетите на Армија, бидејќи какошто вели ова ја потврдува и оценката за висока доверба на граѓаните кон Армијата. -Ќе се обидеме во наредниот период, почесто да бидеме присутни, меѓутоа треба да се има предвид иако живееме во мирнодобски услови Армијата има обврска и постојано и во континуитет да ја одржува својата борбена готовност, дали ќе бидат тоа во рамките на касарните со одредени активности или заживување на одредени операции, или мисии на Криволак, најголемата тренинг зона, вели Петровска.

The post Министерството за одбрана е подготвено да излезе во пресрет за лекување на украински војници, вели Петровска appeared first on Република.

]]>
За Пендаровски е прифатливо во Македонија да се лекуваат ранети украински војници https://republika.mk/vesti/makedonija/za-pendarovski-e-prifatlivo-vo-makedonija-da-se-lekuvaat-raneti-ukrainski-vojnitsi/ Thu, 07 Mar 2024 11:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=752225

Идејата за отворање на центри за рехабилитација на ранети и повредени украински војници, но и деца во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, начелно е прифатлива за нас, но потребна е конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе земат учество во програмата, велат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски по првичниот предлог на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На новинарско прашање дали има пристигнато официјално барање и дали ова прашање е разговарано на седница на Советот за национална безбедност, за тоа какви би биле импликациите по националната безбедност, од Кабинетот на претседателот, информираат дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 1990-те.

Идејата, начелно, е прифатлива за нас, при што е потребна конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

Идејата балканските држави, вклучително и Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца и војници од воените зони во Украина, како што објави на Х (твитер) претседателот на Украина Володомир Зеленски, била дискутирана на средби со претседателите на Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари годинава.

Во објавата на Зеленски, по средбата со Пендаровски, се вели дека го информирал претседателот Пендаровски за моменталната ситуација на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина, како и дека изразил благодарност за целата политичка поддршка и јасниот став за иднината на Украина во НАТО.

Ја истакнав важноста од учеството на Македонија во спроведувањето на Формулата за мир и подготовката за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија. Посебно внимание посветивме на можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави, се вели во објавата на Зеленски на Х (твитер).

Во соопштението од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со Зеленски во Тирана, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, беше соопштено дека двајцата претседатели разговарале за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ. Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски по средбата со Зеленски.

Хрватска во 2023 година, со одлука на Владата прими ранети Украинци и ги згрижи во своите здравствени установи.

The post За Пендаровски е прифатливо во Македонија да се лекуваат ранети украински војници appeared first on Република.

]]>

Идејата за отворање на центри за рехабилитација на ранети и повредени украински војници, но и деца во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, начелно е прифатлива за нас, но потребна е конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе земат учество во програмата, велат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски по првичниот предлог на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На новинарско прашање дали има пристигнато официјално барање и дали ова прашање е разговарано на седница на Советот за национална безбедност, за тоа какви би биле импликациите по националната безбедност, од Кабинетот на претседателот, информираат дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 1990-те. Идејата, начелно, е прифатлива за нас, при што е потребна конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски. Идејата балканските држави, вклучително и Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца и војници од воените зони во Украина, како што објави на Х (твитер) претседателот на Украина Володомир Зеленски, била дискутирана на средби со претседателите на Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари годинава. Во објавата на Зеленски, по средбата со Пендаровски, се вели дека го информирал претседателот Пендаровски за моменталната ситуација на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина, како и дека изразил благодарност за целата политичка поддршка и јасниот став за иднината на Украина во НАТО. Ја истакнав важноста од учеството на Македонија во спроведувањето на Формулата за мир и подготовката за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија. Посебно внимание посветивме на можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави, се вели во објавата на Зеленски на Х (твитер). Во соопштението од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со Зеленски во Тирана, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, беше соопштено дека двајцата претседатели разговарале за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници. Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ. Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски по средбата со Зеленски. Хрватска во 2023 година, со одлука на Владата прими ранети Украинци и ги згрижи во своите здравствени установи.

The post За Пендаровски е прифатливо во Македонија да се лекуваат ранети украински војници appeared first on Република.

]]>
ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации https://republika.mk/vesti/makedonija/fzom-konzilijarnoto-mislene-bez-naveduvane-na-interventsijata-shto-mu-e-potrebna-na-leonid-indov-ostava-prostor-za-shpekulatsii/ Thu, 22 Feb 2024 14:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=747082

Раководството на Фондот за здравство денеска одржа брифинг со новинарите на кој беше кажано дека лекарите од ТОАРИЛУЦ не навеле во конзилијарното мислење какво медицинско лекување треба да му се изврши на Леонид и тоа била причината поради која што првостепената комисија на ФЗОМ го одбила барањето за лекување на 18-годишниот Индов во Австрија.

Директорите на ФЗОРСМ денеска образложија како постапуваат при барања за лекување во странство и како е постапено за овој случај за кој Првостепената комисија ја донела негативната одлука врз основа на конзилијарно мислење од ТОАРИЛУЦ и врз основа на профактурата со понудени услуги од болницата во Австрија што треба да овозможат Индов да се ослободи од респиратор и да му се врати самостојното дишење.

Во конзилијарното мислење потпишано од доктор Александар Димитровски, доцент доктор Александар Савески и доктор Ерен Сејфула, се наведува дека пациентот се упатува на лекување во странство за да „се обезбеди болничко лекување кое вклучува специјална респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција со што би се подобрила состојбата на пациентот“.

Во нашата установа поради недостаток на искуство на третман на оваа состојба и недостаток на технички можности не може да се овозможи, пишува во конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ.

Раководството на Фондот се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор.

Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството, пак, како што велат од Фондот, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, која била поканета но не беше присутна на брифингот, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција.

На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, беше одговорено дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба. А тоа што во конзилијарното мислење не е наведена потребната интервенција или посочена здравствена установа каде треба да се хоспитализира момчето, според ФЗОРСМ остава широк простор за шпекулации.

На прашањето дали Правилникот на ФЗОМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство, според кој може да се финансира само болничко лекување, но не медицинска рехабилитација надвор од земјава, може да се измени заради вакви тешки и ретки случаи, беше одговорено дека потребни се измени на Законот за здравствено осигурување.

Двајцата директори на ФЗОРСМ на брифингот се согласни да иницираат законски измени, но нагласија дека е потребно нов начин на финансирање на здравствениот систем затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината. Како што беше речено, во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство.

По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид во јули минатата година се повреди на летување во Грција. Неподвижен е и диши со помош на респиратор. На почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи.

На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, и директорот на Градската општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов.

Пред два дена, заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на својот фејсбук-профил објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува повик до граѓаните да донираат средства за младиот Индов да може да го продолжи лекувањето во Виена.

 

The post ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации appeared first on Република.

]]>

Раководството на Фондот за здравство денеска одржа брифинг со новинарите на кој беше кажано дека лекарите од ТОАРИЛУЦ не навеле во конзилијарното мислење какво медицинско лекување треба да му се изврши на Леонид и тоа била причината поради која што првостепената комисија на ФЗОМ го одбила барањето за лекување на 18-годишниот Индов во Австрија. Директорите на ФЗОРСМ денеска образложија како постапуваат при барања за лекување во странство и како е постапено за овој случај за кој Првостепената комисија ја донела негативната одлука врз основа на конзилијарно мислење од ТОАРИЛУЦ и врз основа на профактурата со понудени услуги од болницата во Австрија што треба да овозможат Индов да се ослободи од респиратор и да му се врати самостојното дишење. Во конзилијарното мислење потпишано од доктор Александар Димитровски, доцент доктор Александар Савески и доктор Ерен Сејфула, се наведува дека пациентот се упатува на лекување во странство за да „се обезбеди болничко лекување кое вклучува специјална респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција со што би се подобрила состојбата на пациентот“.
Во нашата установа поради недостаток на искуство на третман на оваа состојба и недостаток на технички можности не може да се овозможи, пишува во конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ.
Раководството на Фондот се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор. Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството, пак, како што велат од Фондот, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, која била поканета но не беше присутна на брифингот, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција. На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, беше одговорено дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба. А тоа што во конзилијарното мислење не е наведена потребната интервенција или посочена здравствена установа каде треба да се хоспитализира момчето, според ФЗОРСМ остава широк простор за шпекулации. На прашањето дали Правилникот на ФЗОМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство, според кој може да се финансира само болничко лекување, но не медицинска рехабилитација надвор од земјава, може да се измени заради вакви тешки и ретки случаи, беше одговорено дека потребни се измени на Законот за здравствено осигурување. Двајцата директори на ФЗОРСМ на брифингот се согласни да иницираат законски измени, но нагласија дека е потребно нов начин на финансирање на здравствениот систем затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината. Како што беше речено, во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид во јули минатата година се повреди на летување во Грција. Неподвижен е и диши со помош на респиратор. На почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи. На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, и директорот на Градската општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов. Пред два дена, заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на својот фејсбук-профил објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава. Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува повик до граѓаните да донираат средства за младиот Индов да може да го продолжи лекувањето во Виена.  

The post ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации appeared first on Република.

]]>
Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид https://republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-na-drzhavnite-kliniki-ima-sovremeni-uslovi-i-aparati-za-lekuvane-na-patsienti-kako-leonid/ Wed, 21 Feb 2024 18:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=746703

Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење.

Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација.

Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.

Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката.

The post Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење. Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација.
Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.
Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката.

The post Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид appeared first on Република.

]]>
ФЗО: Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/ Tue, 20 Feb 2024 17:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=746250

Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено, соопшти Фондот за здравствено осигурување, откако денеска таткото на Леонид се пожали дека барањето за лекување на синот е одбиено.

18-годишниот Леонид Индов пред две недели со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување. Тој минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, Калитеа при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.

 

„ФЗОРСМ решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица ги донесува согласно законските прописи и правилници.

Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Македонија со кои склучил договор.

Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот“, велат од Фондот во писмено соопштение испратено до медиумите.

Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи, се вели во соопштението на ФЗОМ.

За ова денеска реагираше заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-mesetsi-se-podgotvuval-prviot-megunaroden-let-za-meditsinski-transport-so-helikopter-so-koj-18-godishniot-leonid-indov-zamina-za-viena-na-lekuvane/

The post ФЗО: Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено appeared first on Република.

]]>

Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено, соопшти Фондот за здравствено осигурување, откако денеска таткото на Леонид се пожали дека барањето за лекување на синот е одбиено. 18-годишниот Леонид Индов пред две недели со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување. Тој минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, Калитеа при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.  
„ФЗОРСМ решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица ги донесува согласно законските прописи и правилници. Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Македонија со кои склучил договор. Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот“, велат од Фондот во писмено соопштение испратено до медиумите.
Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи, се вели во соопштението на ФЗОМ.
За ова денеска реагираше заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.
Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-mesetsi-se-podgotvuval-prviot-megunaroden-let-za-meditsinski-transport-so-helikopter-so-koj-18-godishniot-leonid-indov-zamina-za-viena-na-lekuvane/

The post ФЗО: Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено appeared first on Република.

]]>
ВМРО – ДПМНЕ: Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-nad-100-nashi-sogragani-godishno-sobiraat-pari-za-lekuvane-na-klinikite-redovno-nedostasuvaat-lekovi/ Sun, 14 Jan 2024 08:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=732785

Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите.

Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне.

Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин.

Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами.

За пациентите со ретки болести, власта заборава во целост, тие се оставени да се мачат. Пациентите болни од цистична фиброза со месеци молеа за Трикафта, за на крај повторно да не добијат сите. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во партиското соопштение.

The post ВМРО – ДПМНЕ: Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови appeared first on Република.

]]>

Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите. Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне. Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин. Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами. За пациентите со ретки болести, власта заборава во целост, тие се оставени да се мачат. Пациентите болни од цистична фиброза со месеци молеа за Трикафта, за на крај повторно да не добијат сите. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во партиското соопштение.

The post ВМРО – ДПМНЕ: Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови appeared first on Република.

]]>
На Бојан Крстески му е потребна помош за успешно лечење во Италија https://republika.mk/zivot/na-bojan-krsteski-mu-e-potrebna-pomosh-za-uspeshno-lechene-vo-italija/ Wed, 06 Sep 2023 09:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=679265

Бојан Крстески почна успешно да се лекува во Италија од стеноза на жолчни патишта во црниот дроб.

Според информациите од неговите најблиски, досега интервенциите чинеле 65 000 евра, но ќе треба уште 3 пати да оди во болницата Гемели во Рим, а тоа се уште 40 000 евра.

Од државата добил само 11 000 евра, а од досегашни донации платил дел, ама потребни се уште барем 40 000.

„Дали ќе успее да преживее Бојан зависи од Бога, од д-р Иво и болницата Гемели, ама и од нас даги мои и од други хумани луѓе“, пишува во објавата на Фејсбук.

The post На Бојан Крстески му е потребна помош за успешно лечење во Италија appeared first on Република.

]]>

Бојан Крстески почна успешно да се лекува во Италија од стеноза на жолчни патишта во црниот дроб. Според информациите од неговите најблиски, досега интервенциите чинеле 65 000 евра, но ќе треба уште 3 пати да оди во болницата Гемели во Рим, а тоа се уште 40 000 евра. Од државата добил само 11 000 евра, а од досегашни донации платил дел, ама потребни се уште барем 40 000. „Дали ќе успее да преживее Бојан зависи од Бога, од д-р Иво и болницата Гемели, ама и од нас даги мои и од други хумани луѓе“, пишува во објавата на Фејсбук.

The post На Бојан Крстески му е потребна помош за успешно лечење во Италија appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство за лекувањето на Косовците: Ова и порано функционирало, граѓаните со здравствено нема да се подредени https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-za-lekuvaneto-na-kosovtsite-ova-i-porano-funktsioniralo-graganite-so-zdravstveno-nema-da-se-podredeni/ Fri, 09 Jun 2023 10:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=649568

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија кои се неосигурани и плаќаат приватно.

Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување, велат од Министерството за здравство.

Оттука, како што додаваат, за овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги.

Се додава дека со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот.

Иста е ценатa. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга. Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники, додаваат од министерството.

The post Министерството за здравство за лекувањето на Косовците: Ова и порано функционирало, граѓаните со здравствено нема да се подредени appeared first on Република.

]]>

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија кои се неосигурани и плаќаат приватно. Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување, велат од Министерството за здравство. Оттука, како што додаваат, за овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги. Се додава дека со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот. Иста е ценатa. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга. Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники, додаваат од министерството.

The post Министерството за здравство за лекувањето на Косовците: Ова и порано функционирало, граѓаните со здравствено нема да се подредени appeared first on Република.

]]>
Тие не биле странци: Косовските и албанските граѓани ќе се лекуваат по исти цени како и македонските државјани https://republika.mk/vesti/makedonija/tie-ne-bile-strantsi-kosovskite-i-albanskite-gragani-ke-se-lekuvaat-po-isti-tseni-kako-i-makedonskite-drzhavjani/ Thu, 08 Jun 2023 16:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=649326

Министерството за здравство донесе одлука за нивелизација на цените на здравствените услуги во РМ, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија. Според министерот за здравство, Фатмир Меџити, тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција, објави ТВ 21.

Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион – изјавил Меџити.

The post Тие не биле странци: Косовските и албанските граѓани ќе се лекуваат по исти цени како и македонските државјани appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство донесе одлука за нивелизација на цените на здравствените услуги во РМ, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија. Според министерот за здравство, Фатмир Меџити, тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција, објави ТВ 21.
Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион – изјавил Меџити.

The post Тие не биле странци: Косовските и албанските граѓани ќе се лекуваат по исти цени како и македонските државјани appeared first on Република.

]]>
Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување https://republika.mk/vesti/skopje/dobri-vesti-za-nikola-bolnitsata-vo-turtsija-izgotvila-protokol-za-negovo-lekuvane/ Wed, 12 Apr 2023 07:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=630051

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер.

Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.

Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.

The post Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер. Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.
Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.

The post Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување appeared first on Република.

]]>
Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција https://republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-go-isprati-mladiot-nikola-na-lekuvane-vo-turtsija/ Mon, 10 Apr 2023 10:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=629400

Рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.
Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување.
На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов! – напиша Стефковски.

The post Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција appeared first on Република.

]]>

Рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција. Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:
Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција. Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов! – напиша Стефковски.

The post Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција appeared first on Република.

]]>
Јана прележала ковид-19, а вирус ги воспалил срцевите мускули, немало грешки во лекувањето, велат од Комисијата за стручен надзор https://republika.mk/vesti/makedonija/jana-prelezhala-kovid-19-a-virus-gi-vospalil-srtsevite-muskuli-nemalo-greshki-vo-lekuvaneto-velat-od-komisijata-za-struchen-nadzor/ Mon, 03 Apr 2023 13:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=626750

Преземени се соодветни чекори во лекувањето на шестгодишната Јана која почина во болницата во Битола, велат од Комисијата за стручен надзор, соопшти Министерството за здравство.

Во извештајот на Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, се вели дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.

Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката, се вели во извештајот на Комисијата, објави МЗ.

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.

На 23 март шестгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/

 

The post Јана прележала ковид-19, а вирус ги воспалил срцевите мускули, немало грешки во лекувањето, велат од Комисијата за стручен надзор appeared first on Република.

]]>

Преземени се соодветни чекори во лекувањето на шестгодишната Јана која почина во болницата во Битола, велат од Комисијата за стручен надзор, соопшти Министерството за здравство. Во извештајот на Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, се вели дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.
Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката, се вели во извештајот на Комисијата, објави МЗ.
Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство. На 23 март шестгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/  

The post Јана прележала ковид-19, а вирус ги воспалил срцевите мускули, немало грешки во лекувањето, велат од Комисијата за стручен надзор appeared first on Република.

]]>
Технологијата од филмот „Аватар“ може да помогне да се лекуваат ретки болести https://republika.mk/zivot/tehnologija/tehnologijata-od-filmot-avatar-mozhe-da-pomogne-da-se-lekuvaat-retki-bolesti/ Sun, 29 Jan 2023 20:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=602368

Истражувачи ја користат технологијата за вештачка интелигенција користена во филмови како „Аватар“ за следење на развојот на болести кои влијаат на движењето, пишува BBC.

Новиот систем користи вештачка интелигенција за да ги анализира движењата на телото и да постави дијагноза двапати побрзо отколку докторите. Д-р Валенсија Рикоти, која е дел од тимот кој работи на новиот систем, за BBC велу дека била потполно изненадена од резултатите.

Ефектите кои може оваа технолгија да ги има врз поставувањето дијагнози и развојот на нови лекови се масивни, велат истражувачите. Системот се развивал 10 години и е тестиран на пациенти со Фридрих атаксија и Духен мускулна дистрофија во две посебни студии.

Професорот Алдо Фаисал од Империјалниот колеџ е еден од научниците кои дошле на оваа идеја и вели дека нивниот нов метод има многу предности во однос на традиционалните методи за дијагностицирање. Новиот метод детектира движења кои луѓето не можат да ги забележат и има способност да ги трансформира клиничките студии и да го подобри дијагнозите и мониторингот за пациентите. Исто така, има потенцијал да го забрза тестирањето на новите лекови и да ги намали трошоците за тоа.

Тоа ќе ја привлече фармацевстската индустрија да инвестира во ретки болести, а главниот бенефит ќе го имаат пациентите, затоа што технологијата ќе може да помогне побрзо да се развиваат нови третмани.

(Interesting Engineering)

The post Технологијата од филмот „Аватар“ може да помогне да се лекуваат ретки болести appeared first on Република.

]]>

Истражувачи ја користат технологијата за вештачка интелигенција користена во филмови како „Аватар“ за следење на развојот на болести кои влијаат на движењето, пишува BBC. Новиот систем користи вештачка интелигенција за да ги анализира движењата на телото и да постави дијагноза двапати побрзо отколку докторите. Д-р Валенсија Рикоти, која е дел од тимот кој работи на новиот систем, за BBC велу дека била потполно изненадена од резултатите. Ефектите кои може оваа технолгија да ги има врз поставувањето дијагнози и развојот на нови лекови се масивни, велат истражувачите. Системот се развивал 10 години и е тестиран на пациенти со Фридрих атаксија и Духен мускулна дистрофија во две посебни студии.
Професорот Алдо Фаисал од Империјалниот колеџ е еден од научниците кои дошле на оваа идеја и вели дека нивниот нов метод има многу предности во однос на традиционалните методи за дијагностицирање. Новиот метод детектира движења кои луѓето не можат да ги забележат и има способност да ги трансформира клиничките студии и да го подобри дијагнозите и мониторингот за пациентите. Исто така, има потенцијал да го забрза тестирањето на новите лекови и да ги намали трошоците за тоа. Тоа ќе ја привлече фармацевстската индустрија да инвестира во ретки болести, а главниот бенефит ќе го имаат пациентите, затоа што технологијата ќе може да помогне побрзо да се развиваат нови третмани. (Interesting Engineering)

The post Технологијата од филмот „Аватар“ може да помогне да се лекуваат ретки болести appeared first on Република.

]]>
Да помогнеме: Лидија Ристевска веќе три години се бори со прогресивна мултиплекс склероза https://republika.mk/zivot/zdravje/da-pomogneme-lidija-ristevska-vekje-tri-godini-se-bori-so-progresivna-multipleks-skleroza/ Thu, 24 Mar 2022 09:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=477537

На Лидија Ристевска и се потребни 8.000 евра за трансплантација на матични клетки која е закажана за 11 април.

The post Да помогнеме: Лидија Ристевска веќе три години се бори со прогресивна мултиплекс склероза appeared first on Република.

]]>

На Лидија Ристевска и се потребни 8.000 евра за трансплантација на матични клетки која е закажана за 11 април.

The post Да помогнеме: Лидија Ристевска веќе три години се бори со прогресивна мултиплекс склероза appeared first on Република.

]]>