лазарополе Archives - Република https://republika.mk/tema/lazaropole/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 10:42:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лазарополе Archives - Република https://republika.mk/tema/lazaropole/ 32 32 Нов земјотрес во Македонија, епицентарот бил околу Лазарополе https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-zemjotres-vo-makedonija-epitsentarot-bil-okolu-lazaropole/ Mon, 23 Sep 2024 10:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=818960

Откако жителите на Скопје во два часот по полноќ ги разбуди земјотрес кој бил почуствуван и во соседните држави, денес е почувствуван нов, но со послаб интезитет.

Епицентарот бил во западниот дел на земјата, околу Лазарополе. Јачината била 2,2 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри.

The post Нов земјотрес во Македонија, епицентарот бил околу Лазарополе appeared first on Република.

]]>

Откако жителите на Скопје во два часот по полноќ ги разбуди земјотрес кој бил почуствуван и во соседните држави, денес е почувствуван нов, но со послаб интезитет. Епицентарот бил во западниот дел на земјата, околу Лазарополе. Јачината била 2,2 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри.

The post Нов земјотрес во Македонија, епицентарот бил околу Лазарополе appeared first on Република.

]]>
Во Лазарополе утрово најсвежо https://republika.mk/zivot/servisi/vo-lazaropole-utrovo-najsvezho/ Fri, 30 Aug 2024 07:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=811391

Утрово во Лазарополе е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Берово со 11, 12 во Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 СкопјеПетровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница и во Гевгелија и 19 степени во Велес.

За изминатите 9 часа до 17 часот најмногу дожд од 10 л/м2 на дождомерните места на УХМР, е измерен во Тополчани, пото 8 во Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка и 1 л/м2 во Прилеп, Струмица, Тетово.

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.

The post Во Лазарополе утрово најсвежо appeared first on Република.

]]>

Утрово во Лазарополе е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Берово со 11, 12 во Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 СкопјеПетровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница и во Гевгелија и 19 степени во Велес. За изминатите 9 часа до 17 часот најмногу дожд од 10 л/м2 на дождомерните места на УХМР, е измерен во Тополчани, пото 8 во Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка и 1 л/м2 во Прилеп, Струмица, Тетово. Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.

The post Во Лазарополе утрово најсвежо appeared first on Република.

]]>
Летната школа на Факултетот за ликовни уметности ќе се одржи во Лазарополе https://republika.mk/vesti/kultura/letnata-shkola-na-fakultetot-za-likovni-umetnosti-ke-se-odrzhi-vo-lazaropole/ Tue, 18 Jun 2024 09:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=788655

Факултетот за ликовни уметности ја најавува втората сесија од проектот NEW ART FOR(U)M односно летната школа предвидена за периодот од 21 до 30 јуни година под наслов „Oбмислување на современиот звучен пејзаж: експериментални практики во визуелниот контекст“ во населено место Лазарополе (Општина Маврово и Ростуше).

Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Оваа сесија на летната школа се осврнува кон звукот како платформа за креативно конципирање и инетрпретација на интердисциплинарно уметничко дело.

Одржувањето на Летната школа во рурална планинска средина е во согласност на потребите на сесијата, која што за почеток треба да има одново запознавање со тишината. Имено, последица на живеењето и работењето во современата урбана средина доведува до промена на човековите референци за тивко и тишина, поими и феномени кои што треба да ги редефинираме за да, меѓу другото, разбереме и колкаво е „звучното загадување“ за кое што сме помалку или повеќе несвесни.

Со запознавањето на некои воведни поими и содржини од психоакустиката, со цел за подобро разбирање на човековата перцепција на звучната околина, како и на одредени поими од физиката на звукот, учесниците ќе се запознаат со поимот „шум“ и спектрален состав (боја, карактер) на звукот/шумот со цел за посоодветно и попрецизно дефинирање на различните форми на шумови кои што не опкружуваат во секојдневието и значењето на истите во нашето (акустичко) разбирање на околината и нашето функционирање во истата.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, теориски и практично, со начинот на работа на уредите за снимање на звук, пред се на микрофоните и нивната употреба за соодветно доловување на просторот околу нас, како и со основни техники на обработка, миксање и монтирање на звук/шум во соодветно софтверско решение. Со ова, учесниците ќе бидат подговтвени да почнат да размислуваат за звукот и звучните феномени како на елементи коишто може да ги употребат во/за создавање на звучни слики и амбиентални звучни пејсажи како сомостојни уметнички дела но и комплексни уметнички инсталации во кои звукот игра значајна улога.

Предавачи се: дипл.ел.инг. Дориан Јовановиќ, проф.м-р Роберт Јанкулоски, проф.м-р Гоце Наневски, Доротеј Нешовски, интердисциплинарен уметникУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Europe House.

 

The post Летната школа на Факултетот за ликовни уметности ќе се одржи во Лазарополе appeared first on Република.

]]>

Факултетот за ликовни уметности ја најавува втората сесија од проектот NEW ART FOR(U)M односно летната школа предвидена за периодот од 21 до 30 јуни година под наслов „Oбмислување на современиот звучен пејзаж: експериментални практики во визуелниот контекст“ во населено место Лазарополе (Општина Маврово и Ростуше). Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Оваа сесија на летната школа се осврнува кон звукот како платформа за креативно конципирање и инетрпретација на интердисциплинарно уметничко дело. Одржувањето на Летната школа во рурална планинска средина е во согласност на потребите на сесијата, која што за почеток треба да има одново запознавање со тишината. Имено, последица на живеењето и работењето во современата урбана средина доведува до промена на човековите референци за тивко и тишина, поими и феномени кои што треба да ги редефинираме за да, меѓу другото, разбереме и колкаво е „звучното загадување“ за кое што сме помалку или повеќе несвесни. Со запознавањето на некои воведни поими и содржини од психоакустиката, со цел за подобро разбирање на човековата перцепција на звучната околина, како и на одредени поими од физиката на звукот, учесниците ќе се запознаат со поимот „шум“ и спектрален состав (боја, карактер) на звукот/шумот со цел за посоодветно и попрецизно дефинирање на различните форми на шумови кои што не опкружуваат во секојдневието и значењето на истите во нашето (акустичко) разбирање на околината и нашето функционирање во истата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, теориски и практично, со начинот на работа на уредите за снимање на звук, пред се на микрофоните и нивната употреба за соодветно доловување на просторот околу нас, како и со основни техники на обработка, миксање и монтирање на звук/шум во соодветно софтверско решение. Со ова, учесниците ќе бидат подговтвени да почнат да размислуваат за звукот и звучните феномени како на елементи коишто може да ги употребат во/за создавање на звучни слики и амбиентални звучни пејсажи како сомостојни уметнички дела но и комплексни уметнички инсталации во кои звукот игра значајна улога. Предавачи се: дипл.ел.инг. Дориан Јовановиќ, проф.м-р Роберт Јанкулоски, проф.м-р Гоце Наневски, Доротеј Нешовски, интердисциплинарен уметникУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Europe House.  

The post Летната школа на Факултетот за ликовни уметности ќе се одржи во Лазарополе appeared first on Република.

]]>
Човек исчезнал во Лазарополе, се одвива масовна потрага https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chovek-ischeznal-vo-lazaropole-se-odviva-masovna-potraga/ Mon, 11 Sep 2023 18:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=681042

Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж.

Неговото исчезнување било пријавено попладнево околу 17:30 часот преку Е-112, број за итни повици.

Од ЦУК ја потврдија информацијата која, како наведуваат, е дојдена од Регионалниот центар Тетово.

Според првичните информации, се работи за Д.П., на возраст од 74 години, кој има дијагноза деменција и последен пат бил виден околу 13:30 часот. Oблечен e vo тегет тренерки и тегет џемпер.

The post Човек исчезнал во Лазарополе, се одвива масовна потрага appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж. Неговото исчезнување било пријавено попладнево околу 17:30 часот преку Е-112, број за итни повици. Од ЦУК ја потврдија информацијата која, како наведуваат, е дојдена од Регионалниот центар Тетово. Според првичните информации, се работи за Д.П., на возраст од 74 години, кој има дијагноза деменција и последен пат бил виден околу 13:30 часот. Oблечен e vo тегет тренерки и тегет џемпер.

The post Човек исчезнал во Лазарополе, се одвива масовна потрага appeared first on Република.

]]>
Лазарополе низ 64 пејсажни фотографии од Игор Цветковски https://republika.mk/vesti/kultura/lazaropole-niz-64-pejsazhni-fotografii-od-igor-tsvetkovski/ Sat, 12 Aug 2023 20:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=671497

Во „Калин Хотел“ во Лазарополе вечерва е отворена изложбата на фотографот Игор Цветковски. Фотографиите се дел од неговата фотомонографијата „Лазороска“

Фотографиите опфатени во фотомонографијата се инспирирани од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески. „Лазороска“ содржи 64 пејсажни фотографии во боја, и го прикажува восхитот на авторот од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фотографиите се направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе.

Ова е одлична можност да го посетите Лазарополе, и да ја погледнете оваа изложба која ќе трае од денес па се до 29 ти август.

Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Игор Цветковски го документира чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.

Низ 100 страници и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на ковид пандемијата во Лазарополе, вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.

Монографијата почнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе.

The post Лазарополе низ 64 пејсажни фотографии од Игор Цветковски appeared first on Република.

]]>

Во „Калин Хотел“ во Лазарополе вечерва е отворена изложбата на фотографот Игор Цветковски. Фотографиите се дел од неговата фотомонографијата „Лазороска“ Фотографиите опфатени во фотомонографијата се инспирирани од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески. „Лазороска“ содржи 64 пејсажни фотографии во боја, и го прикажува восхитот на авторот од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фотографиите се направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе. Ова е одлична можност да го посетите Лазарополе, и да ја погледнете оваа изложба која ќе трае од денес па се до 29 ти август.
Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Игор Цветковски го документира чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.
Низ 100 страници и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на ковид пандемијата во Лазарополе, вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.
Монографијата почнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе.

The post Лазарополе низ 64 пејсажни фотографии од Игор Цветковски appeared first on Република.

]]>
Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег https://republika.mk/zivot/servisi/najmnogu-dozhd-vo-lazaropole-na-popova-shapka-22-santimetri-sneg/ Wed, 18 Jan 2023 08:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=598113

Во државава изутрина во седум часот не се регистрирани минусни температури, а најстудено со 0 степени е на Попова Шапка, каде има 22 сантиметри снежна покривка. Најмногу дожд изминатото деноноќе наврнало во Лазарополе, 35 литри на метар квадратен, по што следат Пожаране со 33, Маврови Анови со 29, Попова Шапка со 24…

Времето изутрина е променливо облачно со локален дожд претежно во западните делови. На повеќе места дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките планински врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час) најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.лв/

 

The post Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег appeared first on Република.

]]>

Во државава изутрина во седум часот не се регистрирани минусни температури, а најстудено со 0 степени е на Попова Шапка, каде има 22 сантиметри снежна покривка. Најмногу дожд изминатото деноноќе наврнало во Лазарополе, 35 литри на метар квадратен, по што следат Пожаране со 33, Маврови Анови со 29, Попова Шапка со 24… Времето изутрина е променливо облачно со локален дожд претежно во западните делови. На повеќе места дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките планински врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час) најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.лв/  

The post Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег appeared first on Република.

]]>
Најстудено во Берово и Лазарополе https://republika.mk/zivot/servisi/najstudeno-vo-berovo-i-lazaropole/ Mon, 17 Oct 2022 07:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=561869

Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени 2 степена Целзиусови, како и во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран.

Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.

The post Најстудено во Берово и Лазарополе appeared first on Република.

]]>

Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени 2 степена Целзиусови, како и во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран. Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.

The post Најстудено во Берово и Лазарополе appeared first on Република.

]]>