Лавров Archives - Република https://republika.mk/tema/lavrov/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 12:03:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лавров Archives - Република https://republika.mk/tema/lavrov/ 32 32 Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-bliskiot-istok-e-na-rabot-na-golema-regionalna-vojna/ Mon, 09 Sep 2024 20:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=814647

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.

- Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот.

Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“.

Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни.

Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат.

Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан

The post Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна. - Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот. Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“. Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни. Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа. Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат. Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан

The post Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна appeared first on Република.

]]>
Лавров: САД се директни учесници во војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-sad-se-direktni-uchesnitsi-vo-vojnata-vo-gaza/ Wed, 17 Jul 2024 20:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=797831

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Соединетите Држави дека станале „директен соучесник“ во израелско-палестинскиот конфликт со тоа што му доставувале оружје на Израел „исто како во случајот со ситуацијата во Украина“.

„Ако оваа поддршка престане, крвопролевањето ќе биде запрено. Меѓутоа, САД или не сакаат или не можат да го сторат тоа“, рече Лавров на отворената дебатна сесија на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток.

„Очигледно, главната работа не е спасување човечки животи, туку маневри што ќе му овозможат на Бајден да освои повеќе поени за време на изборната кампања“.

Нападот на Хамас врз Израел во 2023 година „не може да се користи како оправдување за сегашните акции на Израел“, додаде тој, повикувајќи на траен прекин на огнот.

The post Лавров: САД се директни учесници во војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Соединетите Држави дека станале „директен соучесник“ во израелско-палестинскиот конфликт со тоа што му доставувале оружје на Израел „исто како во случајот со ситуацијата во Украина“. „Ако оваа поддршка престане, крвопролевањето ќе биде запрено. Меѓутоа, САД или не сакаат или не можат да го сторат тоа“, рече Лавров на отворената дебатна сесија на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток. „Очигледно, главната работа не е спасување човечки животи, туку маневри што ќе му овозможат на Бајден да освои повеќе поени за време на изборната кампања“. Нападот на Хамас врз Израел во 2023 година „не може да се користи како оправдување за сегашните акции на Израел“, додаде тој, повикувајќи на траен прекин на огнот.

The post Лавров: САД се директни учесници во војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Лавров во дводневна посета на Кина https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-vo-dvodnevna-poseta-na-kina/ Sun, 07 Apr 2024 10:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=763383

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува утре да пристигне во дводневна официјална посета на Кина, соопштија одделенијата за надворешна политика на двете земји, цитирани од агенциите.

-Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 8 и 9 април ќе престојува во дводневна официјална посета на Кина, при што се планирани разговори со неговиот кинески колега Ванг Ји, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи во Москва.

Се додава дека за време на посетата „ќе се разговара за голем број прашања, меѓу кои и украинската криза и ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“.

Лавров последен пат го посети Пекинг во октомври. Кина е клучен економски и политички партнер на Русија.

The post Лавров во дводневна посета на Кина appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува утре да пристигне во дводневна официјална посета на Кина, соопштија одделенијата за надворешна политика на двете земји, цитирани од агенциите. -Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 8 и 9 април ќе престојува во дводневна официјална посета на Кина, при што се планирани разговори со неговиот кинески колега Ванг Ји, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи во Москва. Се додава дека за време на посетата „ќе се разговара за голем број прашања, меѓу кои и украинската криза и ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“. Лавров последен пат го посети Пекинг во октомври. Кина е клучен економски и политички партнер на Русија.

The post Лавров во дводневна посета на Кина appeared first on Република.

]]>
Лавров: Западот се обиде да ја стави Србија пред избор – санкции против Русија или државен удар https://republika.mk/vesti/balkan/lavrov-zapadot-se-obide-da-ja-stavi-srbija-pred-izbor-sanktsii-protiv-rusija-ili-drzhaven-udar/ Thu, 28 Dec 2023 11:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=727459

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави деказЗападот се обиде да ја стави Србија пред избор - или да се приклучи кон санкциите против Русија или, во спротивно, таму ќе се обидат да направат државен удар, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во последниве години, на Вашингтон не му се допадна тоа што Украина е сосед на Русија и што се обидуваше да изгради нормални работни односи со својот сосед. Почнаа да ја вовлекуваат во ЕУ под слоганот „или со нас или со Русија“. Тоа „или-или“ никаде не исчезна. Видете ја Србија, сега истото им го кажуваат. Приклучете се на санкциите против Русија, дајте го Косово, признајте ја неговата независност и тогаш ќе ве прифатиме во ЕУ. А ако не, тие се обидоа да организираат државен удар, рече Лавров во интервју за Русија 24.

Шефот на руската дипломатија потсети како реагираа ЕУ и САД на последните избори во Србија.

-Тие ги обвинија српските власти дека за време на локалните избори имало дезинформации, дека ги поткупувале гласачите. Така говореа од Вашингтон кога започна кампањата за елиминирање на Трамп од изборите само затоа што тоа го сакаше владејачката елита. Тоа предизвика бран на незадоволство во САД, додаде Лавров.

Сепак, како што истакна, тоа на американската администрација ништо не им значи, дозволено им е се, ќе прават се што сакаат, а на другите ќе им диктираат. Во исто време, нагласи Лавров, многу земји го разбираат тоа и се повеќе земји и порачуваат на Москва „ние сме со вас“.

The post Лавров: Западот се обиде да ја стави Србија пред избор – санкции против Русија или државен удар appeared first on Република.

Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана https://republika.mk/vesti/makedonija/borel-lavrov-vo-skopje-ke-chue-direktno-zoshto-rusija-e-osudena-i-izolirana/ Wed, 29 Nov 2023 20:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=717758

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да пренесе дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија.

-Јас сфаќам дека некои земји учеснички не беа воодушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров. Ги сфаќам затоа што со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и со меѓународна изолација. А сепак вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него да чуе директно од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка, рече Борел по билатералната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика кажа дека ОБСЕ и покрај сите неволји и тешки времиња во кои живееме е важен партнер, а поради тоа што живееме во вакви времиња станува уште поважен партнер, организација и форум за размена за Европската Унија.

-Ние многу ја цениме улогата на ОБСЕ, особено во вакво време. ОБСЕ е единствената платформа каде што нашата заедничка европска безбедносна архитектура треба да биде дискутирана и покрај обидите од Русија да го поткопа ОБСЕ, да ги поткопа неговите начела и постојната безбедност, нагласи Борел.

Од друга страна, потенцира тој, од суштинско значење е на министерскиот состанок да се осигураме дека ОБСЕ ги има сите потребни средства на свое располагање за да функционира ефективно.

Ние не сакаме да ја изгубиме работната способност на ОБСЕ и сакаме да ви честитаме вам на Македонија за работата што ја завршивте токму во овие тешки времиња. Навистина завршивте добра работа и заслужувате да ви се заблагодариме, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ го поздрави предлогот Малта да биде следниот претседавач за 2024 година и се надева дека одлуката ќе се усвои на министерскиот состанок во Скопје.

Борел исто така нагласи дека ЕУ ја поддржува Украина која се бори да го зачува суверенитетот и интегритетот, но, како што кажа, се бори за мирот и стабилноста во Европа.

-Кога велам стабилност и мир во Европа, тука го вклучувам и Западниот Балкан  и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо усогласување со надворешната политика со ЕУ, рече Борел.

Премиерот Ковачевски и Борел вечерва одржаа билатерална средба во пресерет на министерскиот состанок на ОБСЕ на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврамбасадорот Дејвид Гир.

The post Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да пренесе дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. -Јас сфаќам дека некои земји учеснички не беа воодушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров. Ги сфаќам затоа што со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и со меѓународна изолација. А сепак вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него да чуе директно од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка, рече Борел по билатералната средба со премиерот Димитар Ковачевски. Потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика кажа дека ОБСЕ и покрај сите неволји и тешки времиња во кои живееме е важен партнер, а поради тоа што живееме во вакви времиња станува уште поважен партнер, организација и форум за размена за Европската Унија. -Ние многу ја цениме улогата на ОБСЕ, особено во вакво време. ОБСЕ е единствената платформа каде што нашата заедничка европска безбедносна архитектура треба да биде дискутирана и покрај обидите од Русија да го поткопа ОБСЕ, да ги поткопа неговите начела и постојната безбедност, нагласи Борел. Од друга страна, потенцира тој, од суштинско значење е на министерскиот состанок да се осигураме дека ОБСЕ ги има сите потребни средства на свое располагање за да функционира ефективно. Ние не сакаме да ја изгубиме работната способност на ОБСЕ и сакаме да ви честитаме вам на Македонија за работата што ја завршивте токму во овие тешки времиња. Навистина завршивте добра работа и заслужувате да ви се заблагодариме, рече Борел. Високиот претставник на ЕУ го поздрави предлогот Малта да биде следниот претседавач за 2024 година и се надева дека одлуката ќе се усвои на министерскиот состанок во Скопје. Борел исто така нагласи дека ЕУ ја поддржува Украина која се бори да го зачува суверенитетот и интегритетот, но, како што кажа, се бори за мирот и стабилноста во Европа. -Кога велам стабилност и мир во Европа, тука го вклучувам и Западниот Балкан  и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо усогласување со надворешната политика со ЕУ, рече Борел. Премиерот Ковачевски и Борел вечерва одржаа билатерална средба во пресерет на министерскиот состанок на ОБСЕ на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврамбасадорот Дејвид Гир.    

The post Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана appeared first on Република.

]]>
Захарова: Лавров ќе има повеќе билатерални средби во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/zaharova-lavrov-ke-ima-poveke-bilateralni-sredbi-vo-skopje/ Wed, 29 Nov 2023 13:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=717588

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе има повеќе билатерални средби на маргините од Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, а се предвидени и мултилатерални состаноци, соопшти денска портпаролката на МНР на Русија Марија Захарова.

Можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални средби, во мултилатерални формати, информира Захарова на денешниот брифинг во Москва, пренува ТАСС.

Захарова не откри детали со кого се Лавров ќе се сретне во Скопје, но се пожали на опструкции од, како што наведува, САД и „колективниот Запад“ со цел да се спречи нормалното учество на Русија на форумот на ОБСЕ. Посочи и дека на неколку руски новинари им било онезвоможено да го следат учеството на руската делегација на настаните во Скопје.

The post Захарова: Лавров ќе има повеќе билатерални средби во Скопје appeared first on Република.

Владата ги овласти министерствата сами да одлучат за слетување на руски авиони, велат од МНР https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-ovlasti-ministerstvata-sami-da-odluchat-za-sletuvane-na-ruski-avioni-velat-od-mnr/ Fri, 24 Nov 2023 13:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=715961

На денешната Владина седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на воздухопловот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Македонија е целосно или 100% усогласена, информираат од Министерството за надворешни работи.

Преку ова дополнување, Влада им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.

-Дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции како што е ОБСЕ се предвидени исклучоци за предметните рестрикции, посочуваат од ресорот дипломатија.

The post Владата ги овласти министерствата сами да одлучат за слетување на руски авиони, велат од МНР appeared first on Република.

]]>

На денешната Владина седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на воздухопловот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Македонија е целосно или 100% усогласена, информираат од Министерството за надворешни работи. Преку ова дополнување, Влада им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.
-Дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции како што е ОБСЕ се предвидени исклучоци за предметните рестрикции, посочуваат од ресорот дипломатија.

The post Владата ги овласти министерствата сами да одлучат за слетување на руски авиони, велат од МНР appeared first on Република.

]]>
Лавров: Ширењето на вооружениот конфликт на територијата на Сирија и другите земји на Блискиот Исток е неприфатливо https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-shireneto-na-vooruzheniot-konflikt-na-teritorijata-na-sirija-i-drugite-zemji-na-bliskiot-istok-e-neprifatlivo/ Tue, 31 Oct 2023 21:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=696834

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со својот сириски колега Фајсал Микдад, кому му рече дека ширењето на вооружениот конфликт на територијата на Сирија и другите земји на Блискиот Исток е неприфатливо.

Лавров укажа на неприфатливоста на израелските воздушни напади на територијата на Сириската Арапска Република, кои зачестуваат, се вели во соопштението на руското МНР.

Двајцата функционери разговарале и за опасноста од обидите на надворешните сили „да го претворат Блискиот Исток во геополитичка арена за пресметка“.

Во разговорот била истакната потребата за итно прекинување на крвопролевањето во Газа, како и решавање на сите хуманитарни проблеми кои произлегоа како резултат на борбите.

Министрите ја потврдиле својата посветеност на совесното спроведување на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации врз основа на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

The post Лавров: Ширењето на вооружениот конфликт на територијата на Сирија и другите земји на Блискиот Исток е неприфатливо appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со својот сириски колега Фајсал Микдад, кому му рече дека ширењето на вооружениот конфликт на територијата на Сирија и другите земји на Блискиот Исток е неприфатливо. Лавров укажа на неприфатливоста на израелските воздушни напади на територијата на Сириската Арапска Република, кои зачестуваат, се вели во соопштението на руското МНР. Двајцата функционери разговарале и за опасноста од обидите на надворешните сили „да го претворат Блискиот Исток во геополитичка арена за пресметка“. Во разговорот била истакната потребата за итно прекинување на крвопролевањето во Газа, како и решавање на сите хуманитарни проблеми кои произлегоа како резултат на борбите. Министрите ја потврдиле својата посветеност на совесното спроведување на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации врз основа на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

The post Лавров: Ширењето на вооружениот конфликт на територијата на Сирија и другите земји на Блискиот Исток е неприфатливо appeared first on Република.

]]>
Лавров: На Израел му треба мир, но и на Палестинците https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-na-izrael-mu-treba-mir-no-i-na-palestintsite/ Tue, 24 Oct 2023 07:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=694361

Русија отсекогаш ја истакнувала својата посветеност за обезбедување на сигурност на Израел, на земјата и треба мир, но и на Палестинците им е потребен мир, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во своите меѓународни говори за Блискиот Исток, претседателот Владимир Путин секогаш ја истакнуваше нашата посебна посветеност за обезбедување сигурност на Израел. Ги гледаме геополитичките услови во кои се развива оваа земја. Ние разбираме дека ѝ треба мир. Но и на нејзините соседи им треба мир. Ова се однесува на Сирија, Либан и Палестинците, рече Лавров по вчерашниот состанок во формат „3+3“ за Јужен Кавказ во Техеран.

Тој додаде дека Русија е подготвена да помогне во решавањето на палестинско-израелскиот конфликт и оти Москва има нормални односи со сите страни во конфликтот. Од друга страна, како што рече, САД се меѓу лидерите на земјите кои се мешаат во палестинско-израелскиот конфликт.

Во однос на прогнозата на (државен секретар на САД) Ентони Блинкен во врска со интервенција на трети сили во конфликтот, Америка веќе е меѓу лидерите на оние кои веќе интервенираат. Тоа вклучува испраќање на две групи носачи на авиони во зоната на конфликтот, неколку илјади борбени војници, како што јас разбирам, со сето потребно оружје, вклучително и тешко оружје. Колку повеќе такви проактивни чекори презема една држава, толку е поголем ризикот, толку е поголема опасноста конфликтот да ескалира, истакна Лавров.

The post Лавров: На Израел му треба мир, но и на Палестинците appeared first on Република.

Лавров пристигна во Иран на средба со колегите од регионот https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-pristigna-vo-iran-na-sredba-so-kolegite-od-regionot/ Mon, 23 Oct 2023 15:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=694246

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска пристигна во Иран на разговори со колегите од регионот, потврди руското Министерство за надворешни работи.

Се очекува Лавров да разговара со министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Ерменија, кои исто така се поканети на министерскиот состанок на регионалната консултативна платформа „3+3“ за Јужен Кавказ.

Шефовите на дипломатиите имаат намера да разговараат за последните настани во Јужен Кавказ, како и за прашања за регионална соработка во областа на безбедноста, додека мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија ќе бидат главна точка на агендата, пренесува ТАСС.

The post Лавров пристигна во Иран на средба со колегите од регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска пристигна во Иран на разговори со колегите од регионот, потврди руското Министерство за надворешни работи. Се очекува Лавров да разговара со министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Ерменија, кои исто така се поканети на министерскиот состанок на регионалната консултативна платформа „3+3“ за Јужен Кавказ. Шефовите на дипломатиите имаат намера да разговараат за последните настани во Јужен Кавказ, како и за прашања за регионална соработка во областа на безбедноста, додека мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија ќе бидат главна точка на агендата, пренесува ТАСС.

The post Лавров пристигна во Иран на средба со колегите од регионот appeared first on Република.

]]>
Лавров повика на создавање палестинска држава https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-povika-na-sozdavane-palestinska-drzhava/ Thu, 12 Oct 2023 07:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=690373

Русија се надева дека по завршувањето на најтешката фаза на конфликтот, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја исполнат одлуката на ОН за создавање палестинска држава.

Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави во Бишкек.

Многу се надеваме дека штом конфликтот ќе заврши, а се залагаме тоа да се случи веднаш, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја спроведат одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации за формирање палестинска држава врз принципите одобрени од ОН, изјави Лавров.

Тој нагласи дека Израел и Палестинците треба да го почитуваат хуманитарното право и да се воздржат од неселективна употреба на сила.

Според него, министрите за надворешни работи на ЗНД разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестинците и сите едногласно се за прекин на огнот и преговори меѓу завојуваните страни.

Лавров додаде дека министрите за надворешни работи на членките на ЗНД би можеле да ја разгледаат можноста за договор за заедничка позиција за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно на седницата на Руската енергетска недела оцени дека без решавање на фундаменталните политички прашања околу формирањето на палестинската држава не може да се регулира ситуацијата што доведе до ескалација на насилството

The post Лавров повика на создавање палестинска држава appeared first on Република.

]]>

Русија се надева дека по завршувањето на најтешката фаза на конфликтот, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја исполнат одлуката на ОН за создавање палестинска држава. Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави во Бишкек.
Многу се надеваме дека штом конфликтот ќе заврши, а се залагаме тоа да се случи веднаш, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја спроведат одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации за формирање палестинска држава врз принципите одобрени од ОН, изјави Лавров.
Тој нагласи дека Израел и Палестинците треба да го почитуваат хуманитарното право и да се воздржат од неселективна употреба на сила. Според него, министрите за надворешни работи на ЗНД разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестинците и сите едногласно се за прекин на огнот и преговори меѓу завојуваните страни. Лавров додаде дека министрите за надворешни работи на членките на ЗНД би можеле да ја разгледаат можноста за договор за заедничка позиција за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Рускиот претседател Владимир Путин претходно на седницата на Руската енергетска недела оцени дека без решавање на фундаменталните политички прашања околу формирањето на палестинската држава не може да се регулира ситуацијата што доведе до ескалација на насилството

The post Лавров повика на создавање палестинска држава appeared first on Република.

]]>
Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-rusija-ke-go-pochituva-dogovorot-za-zhitarkite-koga-ke-bidat-ispolneti-uslovite-na-moskva-2/ Sun, 10 Sep 2023 17:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=680663

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе се врати на Договорот за извоз на украинските житарки преку Црното Море „истиот ден“ кога ќе бидат исполнети условите на Москва за извоз на сопствено жито и ѓубриво на светскиот пазар.

- Кога ќе се преземат сите неопходни активности за отстранување на пречките за нашиот извоз на жито и вештачко ѓубриво, истиот ден ќе се вратиме на колективното спроведување на украинскиот дел од иницијативата за Црното Море, посочи Лавров по Самитот на Г20 во Индија.

Во вчера усвоената декларацијата од Самитот на Г-20 се апелира на „целосна, навремена и ефикасна имплементација за да се обезбеди моментална испорака на жито, храна и ѓубриво од Русија и Украина за да се задоволи побарувачката во земјите во развој“.

Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН минатото летото, а неговата цел беше да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, тврдејќи дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари.

The post Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе се врати на Договорот за извоз на украинските житарки преку Црното Море „истиот ден“ кога ќе бидат исполнети условите на Москва за извоз на сопствено жито и ѓубриво на светскиот пазар. - Кога ќе се преземат сите неопходни активности за отстранување на пречките за нашиот извоз на жито и вештачко ѓубриво, истиот ден ќе се вратиме на колективното спроведување на украинскиот дел од иницијативата за Црното Море, посочи Лавров по Самитот на Г20 во Индија. Во вчера усвоената декларацијата од Самитот на Г-20 се апелира на „целосна, навремена и ефикасна имплементација за да се обезбеди моментална испорака на жито, храна и ѓубриво од Русија и Украина за да се задоволи побарувачката во земјите во развој“. Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН минатото летото, а неговата цел беше да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, тврдејќи дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари.

The post Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва appeared first on Република.

]]>
Лавров: Авионите Ф-16 ги сметаме за нуклеарна закана https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-avionite-f-16-gi-smetame-za-nuklearna-zakana/ Thu, 13 Jul 2023 11:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=660890

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека доставување на воените авиони Ф-16 на Украина за Москва значат нуклеарна закана.

Самиот факт дека украинските вооружени сили имаат такви системи ќе го сметаме за закана од Западот во нуклеарна смисла. Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да носат нуклеарни боеви глави, изјави Лавров во интервју за онлајн весникот Лента.ру.

Тој додаде дека Москва ги предупредила САД, Велика Британија и Франција за тоа.

САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици, предупреди Лавров.

САД во мај одобрија испорака на авиони Ф-16 на Киев. Датумот на испорака и нивниот број сè уште не се утврдени. Украина минатата недела соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.

Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што го загрозува самиот опстанок на државата“.

The post Лавров: Авионите Ф-16 ги сметаме за нуклеарна закана appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека доставување на воените авиони Ф-16 на Украина за Москва значат нуклеарна закана.
Самиот факт дека украинските вооружени сили имаат такви системи ќе го сметаме за закана од Западот во нуклеарна смисла. Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да носат нуклеарни боеви глави, изјави Лавров во интервју за онлајн весникот Лента.ру.
Тој додаде дека Москва ги предупредила САД, Велика Британија и Франција за тоа.
САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици, предупреди Лавров.
САД во мај одобрија испорака на авиони Ф-16 на Киев. Датумот на испорака и нивниот број сè уште не се утврдени. Украина минатата недела соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите. Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што го загрозува самиот опстанок на државата“.

The post Лавров: Авионите Ф-16 ги сметаме за нуклеарна закана appeared first on Република.

]]>
Лавров се сретна со индискиот шеф на дипломатијата, разговарале за економската соработка и за Украина https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-se-sretna-so-indiskiot-shef-na-diplomatijata-razgovarale-za-ekonomskata-sorabotka-i-za-ukraina/ Thu, 13 Jul 2023 08:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=660731

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар денеска изјави дека на маргините на состаноците на АСЕАН во Џакарта се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со кој разговарал за билатералната економска соработка и ситуацијата во Украина.

„Денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Џакарта. Разговаравме за билатерални економски прашања, како и за прашања поврзани со украинскиот конфликт“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Индија.

Руското Министерство за надворешни работи во вторникот објави дека Лавров учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и АСЕАН на 13 јули и на состаноците на највисоките дипломати на самитот во Источна Азија ЕАС и Регионалниот форум АСЕАН АРФ на 14 јули.

Се очекува рускиот министер да оствари серија билатерални средби на маргините на дипломатските настани во Џакарта.

The post Лавров се сретна со индискиот шеф на дипломатијата, разговарале за економската соработка и за Украина appeared first on Република.

]]>

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар денеска изјави дека на маргините на состаноците на АСЕАН во Џакарта се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со кој разговарал за билатералната економска соработка и ситуацијата во Украина.
„Денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Џакарта. Разговаравме за билатерални економски прашања, како и за прашања поврзани со украинскиот конфликт“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Индија.
Руското Министерство за надворешни работи во вторникот објави дека Лавров учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и АСЕАН на 13 јули и на состаноците на највисоките дипломати на самитот во Источна Азија ЕАС и Регионалниот форум АСЕАН АРФ на 14 јули. Се очекува рускиот министер да оствари серија билатерални средби на маргините на дипломатските настани во Џакарта.

The post Лавров се сретна со индискиот шеф на дипломатијата, разговарале за економската соработка и за Украина appeared first on Република.

]]>
Лавров повикува на проширување на Советот за безбедност на ОН https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-povikuva-na-proshiruvane-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Fri, 30 Jun 2023 10:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=656818

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика на проширување на Советот за безбедност на ОН за да им се дадат повеќе претставници на азиските, африканските и латиноамериканските земји и да се стави крај на, како што ја нарече, западната доминација во светот.

Поголемиот дел од светот не сака да живее според западните правила, изјави денеска Лавров.

Тој ги повтори и обвинувањата на Москва дека Западот, особено САД, се обидува да ги спречи Русија и Кина да дејствуваат независно во мултиполарен свет.

The post Лавров повикува на проширување на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

Лавров: Ситуацијата на Косово е алармантна, ќе се случи експлозија во центарот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/lavrov-situatsijata-na-kosovo-e-alarmantna-ke-se-sluchi-eksplozija-vo-tsentarot-na-evropa/ Mon, 29 May 2023 12:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=645764

Ситуацијата околу последната ескалација на конфликтот меѓу Србија и Косово е алармантна, а се чини дека ќе се случи „голема експлозија“ во центарот на Европа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Голема експлозија се подготвува во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година, НАТО изврши агресија врз Југославија, кршејќи ги сите замисливи принципи на завршниот акт на Хелсинки и документите на ОБСЕ, кои уште еднаш нагласуваат дека ова што денес се случува во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение“, рече Лавров.

Тој оцени дека кога се зборува за Европа, потребно е да се обезбеди „еднаква и неделива“ безбедност за сите земји, што би значело дека ниту еден блок, па, како што рече, дури ни НАТО, нема право да бара доминација во тој дел од светот.

Во петокот косовската полиција упадна во зградите на четири општини на северот на Косово – Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, користејќи солзавец, димни и шок бомби против Србите кои се обидоа да ги спречат да влезат во општинските простории.

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека српските вооружени сили до петок ќе останат на највисоко ниво на борбена готовност, а до денеска до 14 часот армиските формации ќе бидат целосно распоредени долж административната линија.

The post Лавров: Ситуацијата на Косово е алармантна, ќе се случи експлозија во центарот на Европа appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата околу последната ескалација на конфликтот меѓу Србија и Косово е алармантна, а се чини дека ќе се случи „голема експлозија“ во центарот на Европа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Голема експлозија се подготвува во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година, НАТО изврши агресија врз Југославија, кршејќи ги сите замисливи принципи на завршниот акт на Хелсинки и документите на ОБСЕ, кои уште еднаш нагласуваат дека ова што денес се случува во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение“, рече Лавров. Тој оцени дека кога се зборува за Европа, потребно е да се обезбеди „еднаква и неделива“ безбедност за сите земји, што би значело дека ниту еден блок, па, како што рече, дури ни НАТО, нема право да бара доминација во тој дел од светот. Во петокот косовската полиција упадна во зградите на четири општини на северот на Косово – Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, користејќи солзавец, димни и шок бомби против Србите кои се обидоа да ги спречат да влезат во општинските простории. Министерот за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека српските вооружени сили до петок ќе останат на највисоко ниво на борбена готовност, а до денеска до 14 часот армиските формации ќе бидат целосно распоредени долж административната линија.

The post Лавров: Ситуацијата на Косово е алармантна, ќе се случи експлозија во центарот на Европа appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и Лавров се сретнаа во Њујорк, Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-lavrov-se-sretnaa-vo-njujork-srbija-nema-da-glasa-za-iskluchuvanje-na-rusija-od-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Sat, 24 Sep 2022 07:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=553658

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на 77. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Вучиќ пред средбата со шефот на руската дипломатија на новинарско прашање го коментираше ставот на Белград во однос на антируските санкции.

-До сега немаше никакви санкции и се надевам дека нема да ги има, рече Вучиќ на руски.

„Денеска разговарав со министерот Лавров и ја повторив решеноста на Србија да ги почитува Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и се заблагодарив за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија. Се разбира, разговаравме и за севкупните билатерални односи“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „будучностсебијеав“.

Претседателот на Србија пред српските новинари во Њујорк говорејќи за неговата активност во ОН изјави дека е речиси сигурен дека западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации.

-За тоа е потребно двотретинско мнозинство. Србија нема да гласа за тоа, рече Вучиќ.

Според него, тоа би било рушење на постоечкиот меѓународен поредок.

-За тоа им е потребно Кина да биде воздржана или да не стави вето, објасни Вучиќ

„Тоа не е ниту далеку ниту невозможно, и наголемо се разработуваат плановите по ова прашање. И тоа е катастрофа за нас, барем што се однесува до Косово. Пред нас се тешки времиња и голем товар, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека разговарал со шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, и дека се надева оти Србија ќе постигне нов стенд- бај аранжман со ММФ, кој вклучува финансиски средства и посочи дека тоа ќе значи дополнителна сигурност за купување на енергетски производи, особено на електрична енергија.

-Поминав долго време разговарајќи со Георгиева за правење на стенд-бај аранжман. Важно е да создадеме поголем финансиски бафер за да се обезбедиме за зимата. Би ја цитирал она што ми го кажа, а тоа е дека оваа зима ќе биде многу тешка, а следната уште потешка, рече Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк, каде што зборуваше на Генералното собрание на ОН.

The post Вучиќ и Лавров се сретнаа во Њујорк, Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на 77. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Вучиќ пред средбата со шефот на руската дипломатија на новинарско прашање го коментираше ставот на Белград во однос на антируските санкции. -До сега немаше никакви санкции и се надевам дека нема да ги има, рече Вучиќ на руски. „Денеска разговарав со министерот Лавров и ја повторив решеноста на Србија да ги почитува Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и се заблагодарив за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија. Се разбира, разговаравме и за севкупните билатерални односи“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „будучностсебијеав“. Претседателот на Србија пред српските новинари во Њујорк говорејќи за неговата активност во ОН изјави дека е речиси сигурен дека западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации. -За тоа е потребно двотретинско мнозинство. Србија нема да гласа за тоа, рече Вучиќ. Според него, тоа би било рушење на постоечкиот меѓународен поредок. -За тоа им е потребно Кина да биде воздржана или да не стави вето, објасни Вучиќ „Тоа не е ниту далеку ниту невозможно, и наголемо се разработуваат плановите по ова прашање. И тоа е катастрофа за нас, барем што се однесува до Косово. Пред нас се тешки времиња и голем товар, изјави Вучиќ. Тој кажа дека разговарал со шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, и дека се надева оти Србија ќе постигне нов стенд- бај аранжман со ММФ, кој вклучува финансиски средства и посочи дека тоа ќе значи дополнителна сигурност за купување на енергетски производи, особено на електрична енергија. -Поминав долго време разговарајќи со Георгиева за правење на стенд-бај аранжман. Важно е да создадеме поголем финансиски бафер за да се обезбедиме за зимата. Би ја цитирал она што ми го кажа, а тоа е дека оваа зима ќе биде многу тешка, а следната уште потешка, рече Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк, каде што зборуваше на Генералното собрание на ОН.

The post Вучиќ и Лавров се сретнаа во Њујорк, Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Лавров: Русија не ги одбива преговори, но нивното одложување од страна на Киев го отежнува процесот https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-rusija-ne-gi-odbiva-pregovori-no-nivnoto-odlozuvanje-od-strana-na-kiev-go-oteznuva-procesot/ Sun, 11 Sep 2022 16:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=549754

Русија не ги одбива преговорите со Украина, но нивното продолжително одложување од страна на Киев ќе ја усложни можноста за постигнување договор со Москва, изјави во неделата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Последните преговори мировни руско-украински преговори се одржаа на крајот од март, кога беше најавено дека се надѕира мирот, но потоа наеднаш сите контакти на преговарачите беа прекината.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто емитувано на јавната телевизија Россия-1 во програмата „Москва. Кремљ. Путин” потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со челниците на Државната дума и челниците на парламентарните групи.

Обраќајќи им се на учесниците на состанокот, претседател за украинската ‘тема’ рече дека ние не ги одбиваме преговорите, но дека оние коишто ги одбиваат треба да разберат дека колку подолго го одложуваат овој процес, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас“, одговори Лавров на новинарско прашење за можно заживување на преговорите.

На почетокот од септември украинскиот претседател Владимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина. Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција. Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како Мински договори, чиешто непочитување од страна на Киев беше едно од образложенијата на Москва за почетокот на нејзината инвазија во Украина за која вели дека има цел да го заштити тамошното руско и рускојазично население од наводно подготвената воена офанзива на украинската војска.

Како што рече Лавров, алудирајќи на повеќепати повторената порака од Зеленски, властите во Киев велат дека преговорите може да се случат дури по воената победа на Украина.

И тогаш кога ‘Русија ќе ги напушти украинските земји’ тие ќе бидат подготвени да разговараат, наметнувајќи ги своите услови. Тие (властите во Киев) активно се поддржани во тоа, дури и им се потчинуваат во Лондон, Вашингтон, Брисел. Ако тоа е нивниот избор, тогаш знаеме како можеме да ги постигнеме целите поставени од рускиот претседател Владимир Путин како дел од специјалната операција“, рече Лавров.

Првиот руски дипломат во продолжение на интервјуто изјави дека Русија сѐ уште не ги добива информации од Западот за како што рече, провокацијата во Буча. Станува збор за предградие на украинската престолнина Киев од каде руските сили се повлекоа во март, а по неколку дена Украина објави дека таму наводно руските војници направиле воено злосторство а бројни светски челници го посетија местото и остро ја критикуваат руската страна. Москва во своја одбрана посочува дека станува збор за исцениран случај во соработка меѓу украинската и западните воени тајни служби, како и западни медиуми, истакнува дека Буча била гранатирана од украинската војска и прашува зошто по четири дена е објавено за наводното злосторство и откако градоначалникот во изјава за медиумите веднаш по влегувањето на украинските сили не зборувал за некакви масовни ликвидации.

Тие изразуваа жестока огорченост и вината ја префрлија на Русија, сѐ уште не можат да ни одговорат на прашањето дали е можно барем да се добијат имињата на луѓето коишто, според нив, биле убиени од руската армија. Тие (Западот) се кријат кога бараме да одговорат на нашите легитимни прашања за тоа каде се Скрипал, зошто не се презентирани докази за обвинувањата“, рече Лавров.

На почетокот од 2019 година хакерите од групата позната под називот Anonymous објавија документи според кои соработници на проектот Integrity Initiative, биле ангажирани неколку години пред во пролетта 2018 година во англискиот град Солсбери да се случи труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка наводно со нервниот агенс „новичок“ за што беше обвинета Русија и предизвика жестока дипломатска криза меѓу Западот и Москва која резултираше со санкции и двострано протерување на стотици дипломати.

Материјалите до кои дошле хакерите, укажуваат дека ангажираните експерти неколку години пред „случајот Скрипал“ сугерирале некаква „трагедија“ за протерување на руски дипломати од Велика Британија и која ќе биде искористена за јакнење на британскиот одбранбен систем. Се истакнува, дека меѓу лицата вклучени во споменатиот проект Integrity Initiative имало и специјалисти за хемиско оружје коишто контактирале со регрутерот на разузнавачи кој живеел во соседството на Сергеј Скрипал.

The post Лавров: Русија не ги одбива преговори, но нивното одложување од страна на Киев го отежнува процесот appeared first on Република.

]]>

Русија не ги одбива преговорите со Украина, но нивното продолжително одложување од страна на Киев ќе ја усложни можноста за постигнување договор со Москва, изјави во неделата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Последните преговори мировни руско-украински преговори се одржаа на крајот од март, кога беше најавено дека се надѕира мирот, но потоа наеднаш сите контакти на преговарачите беа прекината. Шефот на руската дипломатија во интервјуто емитувано на јавната телевизија Россия-1 во програмата „Москва. Кремљ. Путин” потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со челниците на Државната дума и челниците на парламентарните групи.
Обраќајќи им се на учесниците на состанокот, претседател за украинската ‘тема’ рече дека ние не ги одбиваме преговорите, но дека оние коишто ги одбиваат треба да разберат дека колку подолго го одложуваат овој процес, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас“, одговори Лавров на новинарско прашење за можно заживување на преговорите.
На почетокот од септември украинскиот претседател Владимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина. Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција. Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како Мински договори, чиешто непочитување од страна на Киев беше едно од образложенијата на Москва за почетокот на нејзината инвазија во Украина за која вели дека има цел да го заштити тамошното руско и рускојазично население од наводно подготвената воена офанзива на украинската војска. Како што рече Лавров, алудирајќи на повеќепати повторената порака од Зеленски, властите во Киев велат дека преговорите може да се случат дури по воената победа на Украина.
И тогаш кога ‘Русија ќе ги напушти украинските земји’ тие ќе бидат подготвени да разговараат, наметнувајќи ги своите услови. Тие (властите во Киев) активно се поддржани во тоа, дури и им се потчинуваат во Лондон, Вашингтон, Брисел. Ако тоа е нивниот избор, тогаш знаеме како можеме да ги постигнеме целите поставени од рускиот претседател Владимир Путин како дел од специјалната операција“, рече Лавров.
Првиот руски дипломат во продолжение на интервјуто изјави дека Русија сѐ уште не ги добива информации од Западот за како што рече, провокацијата во Буча. Станува збор за предградие на украинската престолнина Киев од каде руските сили се повлекоа во март, а по неколку дена Украина објави дека таму наводно руските војници направиле воено злосторство а бројни светски челници го посетија местото и остро ја критикуваат руската страна. Москва во своја одбрана посочува дека станува збор за исцениран случај во соработка меѓу украинската и западните воени тајни служби, како и западни медиуми, истакнува дека Буча била гранатирана од украинската војска и прашува зошто по четири дена е објавено за наводното злосторство и откако градоначалникот во изјава за медиумите веднаш по влегувањето на украинските сили не зборувал за некакви масовни ликвидации.
Тие изразуваа жестока огорченост и вината ја префрлија на Русија, сѐ уште не можат да ни одговорат на прашањето дали е можно барем да се добијат имињата на луѓето коишто, според нив, биле убиени од руската армија. Тие (Западот) се кријат кога бараме да одговорат на нашите легитимни прашања за тоа каде се Скрипал, зошто не се презентирани докази за обвинувањата“, рече Лавров.
На почетокот од 2019 година хакерите од групата позната под називот Anonymous објавија документи според кои соработници на проектот Integrity Initiative, биле ангажирани неколку години пред во пролетта 2018 година во англискиот град Солсбери да се случи труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка наводно со нервниот агенс „новичок“ за што беше обвинета Русија и предизвика жестока дипломатска криза меѓу Западот и Москва која резултираше со санкции и двострано протерување на стотици дипломати. Материјалите до кои дошле хакерите, укажуваат дека ангажираните експерти неколку години пред „случајот Скрипал“ сугерирале некаква „трагедија“ за протерување на руски дипломати од Велика Британија и која ќе биде искористена за јакнење на британскиот одбранбен систем. Се истакнува, дека меѓу лицата вклучени во споменатиот проект Integrity Initiative имало и специјалисти за хемиско оружје коишто контактирале со регрутерот на разузнавачи кој живеел во соседството на Сергеј Скрипал.

The post Лавров: Русија не ги одбива преговори, но нивното одложување од страна на Киев го отежнува процесот appeared first on Република.

]]>
Лавров: Нова „железна завеса“ се спушта меѓу Русија и Западот https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-nova-zelezna-zavesa-se-spushta-megju-rusija-i-zapadot/ Thu, 30 Jun 2022 18:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=521764

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се спушта нова „железна завеса“ меѓу Русија и Западот по офанзивата на Москва во Украина.

– Што се однесува до Железната завеса, во суштина, таа веќе се спушта, изјави Лавров пред новинарите Минск, главниот град на Белорусија. Процесот е започнат, додаде тој.

Лавров, исто така, оцени дека односите меѓу Русија и Европската Унија повеќе не постојат.

– (Европската Унија) ги уништи односите што беа градени со децении меѓу нас и ЕУ, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека Москва е сè уште отворена за преговори.

– Можам само да кажам дека отсега нема да им веруваме ниту на Американците ниту на ЕУ. Ќе направиме се што е потребно за да не зависиме од нив во критичните сектори, рече Лавров.

The post Лавров: Нова „железна завеса“ се спушта меѓу Русија и Западот appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се спушта нова „железна завеса“ меѓу Русија и Западот по офанзивата на Москва во Украина. – Што се однесува до Железната завеса, во суштина, таа веќе се спушта, изјави Лавров пред новинарите Минск, главниот град на Белорусија. Процесот е започнат, додаде тој. Лавров, исто така, оцени дека односите меѓу Русија и Европската Унија повеќе не постојат. – (Европската Унија) ги уништи односите што беа градени со децении меѓу нас и ЕУ, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека Москва е сè уште отворена за преговори. – Можам само да кажам дека отсега нема да им веруваме ниту на Американците ниту на ЕУ. Ќе направиме се што е потребно за да не зависиме од нив во критичните сектори, рече Лавров.

The post Лавров: Нова „железна завеса“ се спушта меѓу Русија и Западот appeared first on Република.

]]>
Лавров: Оружјето испорачано во Украина се продава на црниот пазар во Албанија и Косово https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-oruzjeto-isporachano-vo-ukraina-se-prodava-na-crniot-pazar-vo-albanija-i-kosovo/ Thu, 16 Jun 2022 17:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=516067

Преносливите ракетни системи „Стингер“ и противтенковските системи „Јавелин“ што Западот и ги доставува на Украина веќе се продаваат на црниот пазар“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Се разбира, не е важно да се погледне одблиску што веќе се случува со оружјето што го има во Украина, оние „Стингери“, „Јавелини“.

Тие се веќе на црниот пазар.Се појавија во Албанија и Косово и се продаваат со попуст. Се на се, процесот на освојување на црниот пазар е во тек, изјави Лавров, пренесе Спутник.

The post Лавров: Оружјето испорачано во Украина се продава на црниот пазар во Албанија и Косово appeared first on Република.

]]>

Преносливите ракетни системи „Стингер“ и противтенковските системи „Јавелин“ што Западот и ги доставува на Украина веќе се продаваат на црниот пазар“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Се разбира, не е важно да се погледне одблиску што веќе се случува со оружјето што го има во Украина, оние „Стингери“, „Јавелини“. Тие се веќе на црниот пазар.Се појавија во Албанија и Косово и се продаваат со попуст. Се на се, процесот на освојување на црниот пазар е во тек, изјави Лавров, пренесе Спутник.

The post Лавров: Оружјето испорачано во Украина се продава на црниот пазар во Албанија и Косово appeared first on Република.

]]>