лас вегас Archives - Република https://republika.mk/tema/las-vegas/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 08:54:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лас вегас Archives - Република https://republika.mk/tema/las-vegas/ 32 32 Напаѓачот на Универзитетот Невада имал 150 куршуми и подолг список со лица за ликвидација https://republika.mk/vesti/svet/napagachot-na-univerzitetot-nevada-imal-150-kurshumi-i-podolg-spisok-so-litsa-za-likvidatsija/ Fri, 08 Dec 2023 08:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=720931

Ентони Полито, 67-годишниот напаѓач кој уби тројца професори, а четвртиот го рани со огнено оружје во Универзитетот Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти полицијата.

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата, бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот град Хендерсон, Невада.

Ранетиот 38-годишен визитинг професор вчера беше хоспитализиран и се уште е во опасна по живот состојба, рече Мекмахил.

Шерифот на прес-конференција рече дека иследниците сè уште го истражуваат мотивот за нападот, но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секој пат бил одбиен.

Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон посочи дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година и потоа не предавал во институцијата.

Мекмахил рече лицата на неговиот список за ликвидација вклучувале членови на факултет на Универзитетот Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито бил професор на бизнис школата на универзитетот од 2001 до 2017 година.

„Ниту еден од лицата на листата со цели не стана жртва“, рече Мекмахил.

Пред пукањето, Полито испратил и 22 писма до универзитетски професори низ САД, според снимката што ја прегледале детективите од камерата во автомобилот на Полито, рече Мекмахил.

Полито го изврши нападот во средата со пиштол од девет милиметри што го купил легално минатата година, рече Мекмахил. Властите вчера соопштија дека Полито, се чини, дека имал финансиски тешкотии.

The post Напаѓачот на Универзитетот Невада имал 150 куршуми и подолг список со лица за ликвидација appeared first on Република.

]]>

Ентони Полито, 67-годишниот напаѓач кој уби тројца професори, а четвртиот го рани со огнено оружје во Универзитетот Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти полицијата. Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата, бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот град Хендерсон, Невада. Ранетиот 38-годишен визитинг професор вчера беше хоспитализиран и се уште е во опасна по живот состојба, рече Мекмахил. Шерифот на прес-конференција рече дека иследниците сè уште го истражуваат мотивот за нападот, но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секој пат бил одбиен. Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон посочи дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година и потоа не предавал во институцијата. Мекмахил рече лицата на неговиот список за ликвидација вклучувале членови на факултет на Универзитетот Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито бил професор на бизнис школата на универзитетот од 2001 до 2017 година.
„Ниту еден од лицата на листата со цели не стана жртва“, рече Мекмахил.
Пред пукањето, Полито испратил и 22 писма до универзитетски професори низ САД, според снимката што ја прегледале детективите од камерата во автомобилот на Полито, рече Мекмахил. Полито го изврши нападот во средата со пиштол од девет милиметри што го купил легално минатата година, рече Мекмахил. Властите вчера соопштија дека Полито, се чини, дека имал финансиски тешкотии.

The post Напаѓачот на Универзитетот Невада имал 150 куршуми и подолг список со лица за ликвидација appeared first on Република.

]]>
Тежок инцидент на Ф1 трката во Лас Вегас: Ландо Норис заврши во болница https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tezhok-intsident-na-f1-trkata-vo-las-vegas-lando-noris-zavrshi-vo-bolnitsa/ Sun, 19 Nov 2023 13:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=703194

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја напуштил болницата во Лас Вегас по дополнителните медицински прегледи со кои е констатирано дека нема повреди по инцидентот што се случи за време на трката во Формула 1.

Норис загуби контрола врз болидот на 12 свиок и со голема брзина удри во заштитниот ѕид на патеката во Лас Вегас.

Британскиот возач излезе од болидот, но беше прегледан во медицинскиот центар покрај патеката, а потоа беше префрлен во болница во Лас Вегас на дополнителни прегледи.

Ова е прва трка сезонава која Норис не успеа да ја заврши.

The post Тежок инцидент на Ф1 трката во Лас Вегас: Ландо Норис заврши во болница appeared first on Република.

]]>

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја напуштил болницата во Лас Вегас по дополнителните медицински прегледи со кои е констатирано дека нема повреди по инцидентот што се случи за време на трката во Формула 1. Норис загуби контрола врз болидот на 12 свиок и со голема брзина удри во заштитниот ѕид на патеката во Лас Вегас. Британскиот возач излезе од болидот, но беше прегледан во медицинскиот центар покрај патеката, а потоа беше префрлен во болница во Лас Вегас на дополнителни прегледи. Ова е прва трка сезонава која Норис не успеа да ја заврши.

The post Тежок инцидент на Ф1 трката во Лас Вегас: Ландо Норис заврши во болница appeared first on Република.

]]>
Како на улиците во Скопје: Шахтите на Ф1 патеката во Лас Вегас не се нивелирани https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kako-na-ulitsite-vo-skopje-shahtite-na-f1-patekata-vo-las-vegas-ne-se-nivelirani/ Fri, 17 Nov 2023 10:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=702465

Првиот слободен тренинг за Големата награда на Лас Вегас е прекинат само десет минути откако почна поради проблеми со капакот на шахта на патеката.

„По инспекцискиот надзор што го извршија организаторите и ФИА, утврдено е дека шахтата е неисправна. ФИА, Ф1 и локалните инженери работат на решавање на овој проблем. Ќе ја ажурираме програмата што е можно поскоро“, соопштија доцна синоќа организаторите.

Возачот на Ферари, Карлос Саинц застана на патеката откако се преврте преку капакот на шахтата, активирајќи го црвеното знаме, неколку минути откако организаторите објавија дека тренингот нема да продолжи.

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, упати остри критики кон организаторите по неочекуваниот инцидент.

„Болидот е целосно уништен, неговиот мотор, батеријата. Мислам дека ова е неприфатливо“, им рече Васер на новинарите

The post Како на улиците во Скопје: Шахтите на Ф1 патеката во Лас Вегас не се нивелирани appeared first on Република.

]]>

Првиот слободен тренинг за Големата награда на Лас Вегас е прекинат само десет минути откако почна поради проблеми со капакот на шахта на патеката.
„По инспекцискиот надзор што го извршија организаторите и ФИА, утврдено е дека шахтата е неисправна. ФИА, Ф1 и локалните инженери работат на решавање на овој проблем. Ќе ја ажурираме програмата што е можно поскоро“, соопштија доцна синоќа организаторите.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц застана на патеката откако се преврте преку капакот на шахтата, активирајќи го црвеното знаме, неколку минути откако организаторите објавија дека тренингот нема да продолжи. Шефот на Ферари, Фредерик Васер, упати остри критики кон организаторите по неочекуваниот инцидент. „Болидот е целосно уништен, неговиот мотор, батеријата. Мислам дека ова е неприфатливо“, им рече Васер на новинарите

The post Како на улиците во Скопје: Шахтите на Ф1 патеката во Лас Вегас не се нивелирани appeared first on Република.

]]>
Како од друг свет – топката за концерти во Лас Вегас https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-od-drug-svet-topkata-za-kontserti-vo-las-vegas/ Wed, 04 Oct 2023 21:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=687998

Џиновски топчест „вселенски брод“ наменет за концерти беше сефтосан во Лас Вегас, а Американците зборуваат за тоа како изгледа необичната концертна сала. На нејзините ѕидови се проектираат најразлични пејзажи и слики во движење. Честа да ги одржат двата први концерти во салата ја имаа U2, популарниот ирски бенд.

Но, едно е однадвор да ги видите проекции во калотата вредна 2,3 милијарди долари. Одвнатре е како да сте во планетариум, ама џиновски, хипер-планетариум, „џиновски вселенски брод“.

Оваа топка е и најголемата сферична структура во светот, во моментов. Висока е 111 метри, а широка 157. Внатрешноста може слободно да ја збере Статуата на Слободата, сосе факелот и да остане простор, да не биде кнап.

The post Како од друг свет – топката за концерти во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Џиновски топчест „вселенски брод“ наменет за концерти беше сефтосан во Лас Вегас, а Американците зборуваат за тоа како изгледа необичната концертна сала. На нејзините ѕидови се проектираат најразлични пејзажи и слики во движење. Честа да ги одржат двата први концерти во салата ја имаа U2, популарниот ирски бенд. Но, едно е однадвор да ги видите проекции во калотата вредна 2,3 милијарди долари. Одвнатре е како да сте во планетариум, ама џиновски, хипер-планетариум, „џиновски вселенски брод“. Оваа топка е и најголемата сферична структура во светот, во моментов. Висока е 111 метри, а широка 157. Внатрешноста може слободно да ја збере Статуата на Слободата, сосе факелот и да остане простор, да не биде кнап.

The post Како од друг свет – топката за концерти во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
Лас Вегас дојде до првата титула во НХЛ https://republika.mk/sport/kosarka/las-vegas-dojde-do-prvata-titula-vo-nhl/ Wed, 14 Jun 2023 06:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=651072

Хокеарите на Вегас голден најтс ноќеска ја победија Флорида пантерс со 9:3 (2:0, 4:1 и 3:2) во натпреварот број 5 од финалето на Стенли купот и го освоија шампионскиот трофеј.

 

До историската прва титула Вегас дојде со 4:1 во финалната серија.

 

Клубот игра во НХЛ од 2018 година. Во нивната прва сезона, „Златните витези“ загубија во финалето на плејофот од Вашингтон

The post Лас Вегас дојде до првата титула во НХЛ appeared first on Република.

]]>

Хокеарите на Вегас голден најтс ноќеска ја победија Флорида пантерс со 9:3 (2:0, 4:1 и 3:2) во натпреварот број 5 од финалето на Стенли купот и го освоија шампионскиот трофеј.   До историската прва титула Вегас дојде со 4:1 во финалната серија.   Клубот игра во НХЛ од 2018 година. Во нивната прва сезона, „Златните витези“ загубија во финалето на плејофот од Вашингтон

The post Лас Вегас дојде до првата титула во НХЛ appeared first on Република.

]]>
Девет загинати во судар на шест возила во Лас Вегас https://republika.mk/vesti/svet/devet-zaginati-vo-sudar-na-shest-vozila-vo-las-vegas/ Sun, 30 Jan 2022 12:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=451538

Девет лица загинале, а неколку се повредени во голема сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила во северниот дел на Лас Вегас.

Несреќата се случила кога автомобил со голема брзина поминал на црвено светло на семафор и налетал на неколку други возила на крстосницата.

Никогаш досега не сме виделе ваква сообраќајна несреќа со толку голем број жртви - изјавил портпаролот на полицијата во Лас Вегас, Александар Куевас.

Во несреќата учествувале 15 лица. Две лица се пренесени од местото на несреќата во болница, каде едното подоцна починало, додека другото лице е во критична состојба. Меѓу жртвите има и деца.

Официјалните лица изјавиле дека брзината била причина за несреќата, како и дека виделе дека автомобилот поминува на црвено светло.

Дополнително удрил неколку возила и, за жал, тоа беше хаотичен настан - изјавил Куевас.

Меѓу загинатите е и возачот на автомобилот што ја предизвикал несреќата.

Нашите мисли и нашите молитви се со семејствата кои доживуваат огромна и непотребна загуба поради невнимателен чин - изјавила членката на Градскиот совет на Северен Лас Вегас, Памела А. Гојнс-Браун.

The post Девет загинати во судар на шест возила во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Девет лица загинале, а неколку се повредени во голема сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила во северниот дел на Лас Вегас. Несреќата се случила кога автомобил со голема брзина поминал на црвено светло на семафор и налетал на неколку други возила на крстосницата.
Никогаш досега не сме виделе ваква сообраќајна несреќа со толку голем број жртви - изјавил портпаролот на полицијата во Лас Вегас, Александар Куевас.
Во несреќата учествувале 15 лица. Две лица се пренесени од местото на несреќата во болница, каде едното подоцна починало, додека другото лице е во критична состојба. Меѓу жртвите има и деца. Официјалните лица изјавиле дека брзината била причина за несреќата, како и дека виделе дека автомобилот поминува на црвено светло.
Дополнително удрил неколку возила и, за жал, тоа беше хаотичен настан - изјавил Куевас.
Меѓу загинатите е и возачот на автомобилот што ја предизвикал несреќата.
Нашите мисли и нашите молитви се со семејствата кои доживуваат огромна и непотребна загуба поради невнимателен чин - изјавила членката на Градскиот совет на Северен Лас Вегас, Памела А. Гојнс-Браун.

The post Девет загинати во судар на шест возила во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>