Квин Archives - Република https://republika.mk/tema/kvin/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 15:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Квин Archives - Република https://republika.mk/tema/kvin/ 32 32 Гитаристот на „Квин“ Брајан Меj имал мозочен удар https://republika.mk/scena/muzika/gitaristot-na-kvin-brajan-mej-imal-mozochen-udar/ Wed, 04 Sep 2024 11:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=813076

Гитаристот на Квин, Сер Брајан Меј, откри дека неодамна доживеал мал мозочен удар, поради што не можел да ја користи левата рака.

Сепак, 77-годишната рок легенда рече дека сега е добро и дека има доволно движење за да може повторно да свири.

Добрата вест е што можам да свирам гитара по настаните во последните неколку дена“, рече тој во видеото објавено на неговата веб-страница во средата.

„Одеднаш – од ведро небо – немав никаква контрола над оваа рака. Така што беше малку страшно, морам да кажам.

 

The post Гитаристот на „Квин“ Брајан Меj имал мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Гитаристот на Квин, Сер Брајан Меј, откри дека неодамна доживеал мал мозочен удар, поради што не можел да ја користи левата рака. Сепак, 77-годишната рок легенда рече дека сега е добро и дека има доволно движење за да може повторно да свири.
Добрата вест е што можам да свирам гитара по настаните во последните неколку дена“, рече тој во видеото објавено на неговата веб-страница во средата.
„Одеднаш – од ведро небо – немав никаква контрола над оваа рака. Така што беше малку страшно, морам да кажам.  

The post Гитаристот на „Квин“ Брајан Меj имал мозочен удар appeared first on Република.

]]>
„Квин“ го продава својот музички каталог за 1,2 милијарди долари https://republika.mk/scena/muzika/kvin-go-prodava-svojot-muzichki-katalog-za-1-2-milijardi-dolari/ Fri, 09 Feb 2024 09:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=742138

Повеќе од 50 години откако британската група „Квин“ го објави својот прв албум „Queen“, членовите на бендот се пред договор за продажба на нивниот целосен музички каталог. Адвокатите на членовите на поп-рок составот - Брајан Меј, Роџер Тејлор, Џон Дикон и фондацијата на покојниот Фреди Меркјури преговараат да му го продадат своето музичко наследство на засега сè уште непознат купувач, за 1,2 милијарди долари.

Пакетот ги вклучува авторските права за снимената музика, издаваштвото, приходите од производи и лиценци поврзани со составот, како и од биографскиот филм за Меркјури и „Квин“ од 2018 година - „Боемска рапсодија“ итн.

Kаталогот, ги вклучува хитовите „Bohemian Rhapsody“, „Crazy Little Thing Called Love”, „You’re My Best Friend”, „We Will Rock You”, „We Are the Champions”, „Another One Bites the Dust”, „Radio Ga-Ga”, „Somebody to Love” и многу други. На списокот има и 10 албуми во живо и два саундтрак-албуми - филмска музика за „Флеш Гордон“ и „Хајлендер“.

Во текот на 2018 година, продажбата на албумите на бендот се зголеми по објавувањето на филмот „Боемска рапсодија“, којшто заработи повеќе од 910 милиони долари ширум светот. Филмот освои и четири „Оскари“, два „Златни глобуси и две „БАФТА“ награди. Меј потоа навести дека е заинтересиран да работи и на продолжение на филмот.

The post „Квин“ го продава својот музички каталог за 1,2 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 50 години откако британската група „Квин“ го објави својот прв албум „Queen“, членовите на бендот се пред договор за продажба на нивниот целосен музички каталог. Адвокатите на членовите на поп-рок составот - Брајан Меј, Роџер Тејлор, Џон Дикон и фондацијата на покојниот Фреди Меркјури преговараат да му го продадат своето музичко наследство на засега сè уште непознат купувач, за 1,2 милијарди долари. Пакетот ги вклучува авторските права за снимената музика, издаваштвото, приходите од производи и лиценци поврзани со составот, како и од биографскиот филм за Меркјури и „Квин“ од 2018 година - „Боемска рапсодија“ итн. Kаталогот, ги вклучува хитовите „Bohemian Rhapsody“, „Crazy Little Thing Called Love”, „You’re My Best Friend”, „We Will Rock You”, „We Are the Champions”, „Another One Bites the Dust”, „Radio Ga-Ga”, „Somebody to Love” и многу други. На списокот има и 10 албуми во живо и два саундтрак-албуми - филмска музика за „Флеш Гордон“ и „Хајлендер“. Во текот на 2018 година, продажбата на албумите на бендот се зголеми по објавувањето на филмот „Боемска рапсодија“, којшто заработи повеќе од 910 милиони долари ширум светот. Филмот освои и четири „Оскари“, два „Златни глобуси и две „БАФТА“ награди. Меј потоа навести дека е заинтересиран да работи и на продолжение на филмот.

The post „Квин“ го продава својот музички каталог за 1,2 милијарди долари appeared first on Република.

]]>