Курти Archives - Република https://republika.mk/tema/kurti/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 14:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Курти Archives - Република https://republika.mk/tema/kurti/ 32 32 Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-so-povik-do-srbite-vo-severna-mitrovitsa-da-uchestvuvaat-vo-opshtinska-debata-za-potrebata-od-otvorane-na-mostot-na-ibar/ Wed, 07 Aug 2024 14:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=804272

Косовскиот премиер Албин Курти им се заблагодари на безбедносните институции кои обезбедија непречено одвивање на денешниот собир на граѓаните од српска националност во Северна Митровица, кои излегоа на протест против отворањето на мостот на реката Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент.

„Протестот одржан денеска во Северна Митровица заврши без инцидент. Им благодарам на безбедносните институции кои обезбедија непречен развој. Протестите се демократско право што сите граѓани на нашата Република го уживаат и можат да го остварат без разлика (на нивната припадност),“ напиша Курти.

Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“.

Курти рече дека загриженоста што ќе ја искажат граѓаните ќе биде истретирана од страна на  институционалните претставници и институциите на земјата.

„Општина Северна Митровица утре од 11:00 часот во просториите на Собранието на општината организира средба и разговор со граѓани, граѓански активисти и претставници на локалните медиуми... Ги повикувам да учествуваат нашите сограѓани од српската заедница на оваа заедничка дискусија на која ќе можат да се информираат за придобивките од отворањето на мостот и да ја изразат својата загриженост која ќе се истретира од нашите институционални претставници и институциите во земјата“, напиша Курти.

Косовскиот премиер вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи.

„Предолго не држи на дистанца митровичкиот мост преку Ибар. Неправедно му е даден епитетот на делба и ненормални односи. Мостовите нé обединуваат, а заедно да го направиме овој (мост) симбол на нормализацијата“, порача Курти.

The post Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти им се заблагодари на безбедносните институции кои обезбедија непречено одвивање на денешниот собир на граѓаните од српска националност во Северна Митровица, кои излегоа на протест против отворањето на мостот на реката Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент. „Протестот одржан денеска во Северна Митровица заврши без инцидент. Им благодарам на безбедносните институции кои обезбедија непречен развој. Протестите се демократско право што сите граѓани на нашата Република го уживаат и можат да го остварат без разлика (на нивната припадност),“ напиша Курти. Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“. Курти рече дека загриженоста што ќе ја искажат граѓаните ќе биде истретирана од страна на  институционалните претставници и институциите на земјата. „Општина Северна Митровица утре од 11:00 часот во просториите на Собранието на општината организира средба и разговор со граѓани, граѓански активисти и претставници на локалните медиуми... Ги повикувам да учествуваат нашите сограѓани од српската заедница на оваа заедничка дискусија на која ќе можат да се информираат за придобивките од отворањето на мостот и да ја изразат својата загриженост која ќе се истретира од нашите институционални претставници и институциите во земјата“, напиша Курти. Косовскиот премиер вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи. „Предолго не држи на дистанца митровичкиот мост преку Ибар. Неправедно му е даден епитетот на делба и ненормални односи. Мостовите нé обединуваат, а заедно да го направиме овој (мост) симбол на нормализацијата“, порача Курти.

The post Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар appeared first on Република.

]]>
Нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица, економската соработка со Косово продолжува и во иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/nashata-tsel-e-da-gradime-dobrososedski-odnosi-so-site-nashi-sosedi-na-printsipot-na-dvonasochna-ulitsa-ekonomskata-sorabotka-so-kosovo-prodolzhuva-i-vo-idnina/ Mon, 05 Aug 2024 12:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=803535

„Со претседателот на Владата на Република Косово имавме конструктивна средба во пријателска атмосфера. Ги отворивме сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите.

Тоа е нешто  кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно.  Во овој момент, според последните податоци од Државниот завод за статистика, е дека размената за 2023 година е на ниво на половина милијарда евра.

И не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да не е уште поголема. Со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот кој што ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, и така натаму, приоритети кои што се многу важни.

Истовремено, ги отворивме и темите коишто за двете држави на политичко ниво се важни. Последното случување коешто се случи на 2 Август со претседателката на Косово и исто така од страна на присутните беше истакнато дека според информациите кои што го добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека јас не го користам туку го користам делот како и сите граѓани.

Но, тоа за нас навистина предизвика едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена како и сите граѓани на Косово; и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да ја пречекам како домаќин на аеродромот, и заедно со мене, додека не отпатува од Скопје ја придружувам во времето во кое што таа ќе го помине на скопскиот аеродром, за да избегнеме ваков тип на инциденти. А посебно однесување на поединци, што е наш домашен проблем, кој што ние ќе си го решаваме.

Така што уште еднаш би сакал да потенцирам дека добрососедските односи се двонасочна улица, сакаме со Косово да имаме дека имаме исклучително плодни и искрени добрососедски односи.

Како Влада ќе стоиме позади овој принцип и не гледаме причина зошто тоа да не се случува во иднина.

The post Нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица, економската соработка со Косово продолжува и во иднина appeared first on Република.

]]>

„Со претседателот на Владата на Република Косово имавме конструктивна средба во пријателска атмосфера. Ги отворивме сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите. Тоа е нешто  кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно.  Во овој момент, според последните податоци од Државниот завод за статистика, е дека размената за 2023 година е на ниво на половина милијарда евра. И не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да не е уште поголема. Со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот кој што ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, и така натаму, приоритети кои што се многу важни. Истовремено, ги отворивме и темите коишто за двете држави на политичко ниво се важни. Последното случување коешто се случи на 2 Август со претседателката на Косово и исто така од страна на присутните беше истакнато дека според информациите кои што го добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека јас не го користам туку го користам делот како и сите граѓани. Но, тоа за нас навистина предизвика едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена како и сите граѓани на Косово; и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да ја пречекам како домаќин на аеродромот, и заедно со мене, додека не отпатува од Скопје ја придружувам во времето во кое што таа ќе го помине на скопскиот аеродром, за да избегнеме ваков тип на инциденти. А посебно однесување на поединци, што е наш домашен проблем, кој што ние ќе си го решаваме. Така што уште еднаш би сакал да потенцирам дека добрососедските односи се двонасочна улица, сакаме со Косово да имаме дека имаме исклучително плодни и искрени добрососедски односи. Како Влада ќе стоиме позади овој принцип и не гледаме причина зошто тоа да не се случува во иднина.

The post Нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица, економската соработка со Косово продолжува и во иднина appeared first on Република.

]]>
Курти: Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/kurti-ke-rabotime-zaedno-so-novata-vlada-vo-funktsija-na-zajaknuvane-na-bilateralna-sorabotka-zasnovana-na-doverba-i-retsiprochni-interesi/ Mon, 05 Aug 2024 12:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=803530

„Најпрво би сакал да изразам благодарност за оваа отворена, искрена и сериозна средба која што ја остваривме ние како премиери на нашите две републики, Република Косово и Република Македонија, но и нашите делегации со оглед на тоа што имавме голем број на теми и прашања кои што ги дискутиравме и несомнено тоа е во наша полза и обострана корист.

Јас бев заедно со вицепремиерката за дијаспора Шварц и министерот за животна средина и инфраструктура Алиу, покрај нашите советници и амбасадорот Флоријан Ќехаја.

Република Косово и Република Македонија имаа добри билатерални односи за основање на заеднички вредности и посебен осврт кон европските интеграции. Ние веруваме во напорите на Македонија и нивната поддршка за европска интеграција и посакуваме што поскоро да ги отпочнеме преговорите за членство во ЕУ.

Македонија како наш сосед која е земја членка на НАТО, ние сме благодарни за придонесот на мировниот контингент на Македонија во рамките на КФОР во овој правец подржувајќи ги напорите за безбедна средина, мировна и стабилна средина и зона за целиот регион на Западен Балкан.

Нашите две земји имаа билатерална соработка во сите области од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка за нашите интеграции во меѓународните интеграции, особено во Европскиот Совет и во НАТО.

Ние се стремиме кон зајакнување на соработката во рамките на Берлинскиот процес, платформа која што е сеопфатна регионална платформа со крајни корисници и добитници граѓаните.

Од економски аспект како и што нагласи премиерот Мицкоски имаме зголемена трговска размена од околу половина милијарда евра и во ваквата соработка има и реципрочни инвестиции во двете земји, а овие пола милијарди евра се во пораст и понатаму бидејќи се бележи позитивен тренд.

Македонија е веќе неколку години земја каде што ние извезуваме голем број на производи и стока од Косово, нешто што исто претставува тренд во пораст и позначителен дел од извозот е ориентиран кон Македонија.

Од аспект на одбраната и безбедноста, ние продолжуваме да имаме добра соработка, едвај чекаме да се операционализираат заедничките гранични премини особено во Елез Хан и Блаце, коишто ќе го олеснат прометот на нашите патници и граѓани.

Ние сите знаеме дека имаме многу семејство и роднини од двете страни на границата, дури и мојата заменичка за надворешни, Доника Шварц е од Скопје по потекло и нејзината маќеа е од Скопје. И заинтересирани сме како што нагласи Мицкоски да имаме што поголем и послободен промет на граѓаните и затоа несомнено овој патен правец кој што ги поврзува нашите граници и нашите држави откако ќе се пушти во употреба ќе придонесе исклучително многу во тој правец.

Ние ги поддржуваме зајакнувањето на соработката особено во спроведувањето на постоечкиот договор за воена соработка.

Република Косово очекува да изгради уште повеќе железнички и транспортни врски со Македонија во правец на олеснување на прометот на стоките и патниците.

Го репотенцираме фактот и вредноста дека Република Македонија претставува земја членка на НАТО, на оваа Алијанса на демократски држави, воено најсилна не само во светот туку и во историјата на човештвото.

Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи.

Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на понатамошна соработка, билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси.“

The post Курти: Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси appeared first on Република.

]]>

„Најпрво би сакал да изразам благодарност за оваа отворена, искрена и сериозна средба која што ја остваривме ние како премиери на нашите две републики, Република Косово и Република Македонија, но и нашите делегации со оглед на тоа што имавме голем број на теми и прашања кои што ги дискутиравме и несомнено тоа е во наша полза и обострана корист. Јас бев заедно со вицепремиерката за дијаспора Шварц и министерот за животна средина и инфраструктура Алиу, покрај нашите советници и амбасадорот Флоријан Ќехаја. Република Косово и Република Македонија имаа добри билатерални односи за основање на заеднички вредности и посебен осврт кон европските интеграции. Ние веруваме во напорите на Македонија и нивната поддршка за европска интеграција и посакуваме што поскоро да ги отпочнеме преговорите за членство во ЕУ. Македонија како наш сосед која е земја членка на НАТО, ние сме благодарни за придонесот на мировниот контингент на Македонија во рамките на КФОР во овој правец подржувајќи ги напорите за безбедна средина, мировна и стабилна средина и зона за целиот регион на Западен Балкан. Нашите две земји имаа билатерална соработка во сите области од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка за нашите интеграции во меѓународните интеграции, особено во Европскиот Совет и во НАТО. Ние се стремиме кон зајакнување на соработката во рамките на Берлинскиот процес, платформа која што е сеопфатна регионална платформа со крајни корисници и добитници граѓаните. Од економски аспект како и што нагласи премиерот Мицкоски имаме зголемена трговска размена од околу половина милијарда евра и во ваквата соработка има и реципрочни инвестиции во двете земји, а овие пола милијарди евра се во пораст и понатаму бидејќи се бележи позитивен тренд. Македонија е веќе неколку години земја каде што ние извезуваме голем број на производи и стока од Косово, нешто што исто претставува тренд во пораст и позначителен дел од извозот е ориентиран кон Македонија. Од аспект на одбраната и безбедноста, ние продолжуваме да имаме добра соработка, едвај чекаме да се операционализираат заедничките гранични премини особено во Елез Хан и Блаце, коишто ќе го олеснат прометот на нашите патници и граѓани. Ние сите знаеме дека имаме многу семејство и роднини од двете страни на границата, дури и мојата заменичка за надворешни, Доника Шварц е од Скопје по потекло и нејзината маќеа е од Скопје. И заинтересирани сме како што нагласи Мицкоски да имаме што поголем и послободен промет на граѓаните и затоа несомнено овој патен правец кој што ги поврзува нашите граници и нашите држави откако ќе се пушти во употреба ќе придонесе исклучително многу во тој правец. Ние ги поддржуваме зајакнувањето на соработката особено во спроведувањето на постоечкиот договор за воена соработка. Република Косово очекува да изгради уште повеќе железнички и транспортни врски со Македонија во правец на олеснување на прометот на стоките и патниците. Го репотенцираме фактот и вредноста дека Република Македонија претставува земја членка на НАТО, на оваа Алијанса на демократски држави, воено најсилна не само во светот туку и во историјата на човештвото. Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи. Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на понатамошна соработка, билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси.“

The post Курти: Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси appeared first on Република.

]]>
Курти бара од косовските граѓани да не прават херој од Фатон Хајризи https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-od-kosovskite-gragani-da-ne-pravat-heroj-od-faton-hajrizi/ Wed, 24 Jul 2024 15:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=799903

Премиерот на Косово, Албин Курти упати порака до косовските граѓани да не го величат или глорифицираат Фатон Хајризи, косовскиот државјанин кој во петокот беше ликвидиран во Србија откако уби еден полицаец и рани друг.

На владина седница Курти рече дека за расветлување на околностите поврзани со неодамнешното бегство на Хајризи од затвор во Косово до бегството во Србија и пријавеното убиство, потребна е локална и меѓународна истрага.

„Во меѓувреме, ги повикувам граѓаните на Косово да не наседнуваат на еуфоријата од хероизацијата и романтизирањето на Фатон Хајризи“,

рече Курти.

Припадници на полицијата го убија Хајризи во околината на Лозница, недалеку од областа каде тој го изврши убиството.

Како што пренесоа српските медиуми, тој пукал во полицајците кои го опколиле, а нив ги спасиле панцирните елеци и кацигите што ги имале.

Пораката на Курти доаѓа откако по ликвидацијата на Хајризи, на социјалните мрежи се појавија песни за неговиот живот.

The post Курти бара од косовските граѓани да не прават херој од Фатон Хајризи appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Косово, Албин Курти упати порака до косовските граѓани да не го величат или глорифицираат Фатон Хајризи, косовскиот државјанин кој во петокот беше ликвидиран во Србија откако уби еден полицаец и рани друг. На владина седница Курти рече дека за расветлување на околностите поврзани со неодамнешното бегство на Хајризи од затвор во Косово до бегството во Србија и пријавеното убиство, потребна е локална и меѓународна истрага.
„Во меѓувреме, ги повикувам граѓаните на Косово да не наседнуваат на еуфоријата од хероизацијата и романтизирањето на Фатон Хајризи“, рече Курти.
Припадници на полицијата го убија Хајризи во околината на Лозница, недалеку од областа каде тој го изврши убиството. Како што пренесоа српските медиуми, тој пукал во полицајците кои го опколиле, а нив ги спасиле панцирните елеци и кацигите што ги имале. Пораката на Курти доаѓа откако по ликвидацијата на Хајризи, на социјалните мрежи се појавија песни за неговиот живот.

The post Курти бара од косовските граѓани да не прават херој од Фатон Хајризи appeared first on Република.

]]>
Курти за убиството на полицаецот во Лозница: Нема причина да се политизира случајот https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-za-ubistvoto-na-politsaetsot-vo-loznitsa-nema-prichina-da-se-politizira-sluchajot/ Thu, 18 Jul 2024 11:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=798066

Косовскиот премиер, Албин Курти се огласи во врска со пријавениот случај за убиство на полицаец и ранување на друг во Лозница, Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на местото на настанот е пронајден косовски пасош со името Артан Хајризи. Курти на прес-конференцијата рече дека нема причина да се политизира случајот.

„И ние добивме информации, исто како и вие, бидејќи ова убиство се случило во Србија, што значи дека изворот на информацијата била Србија. Сега нашите надлежни органи МВР, Надворешни работи, нашата полиција ќе го известат мислењето и вие и јас за моменталната состојба.

И јас чекам и ќе почекам да дадат професионални изјави, бидејќи и ние сметаме дека оваа работа не треба да се политизира, туку да се третира како таква од безбедносен, но и од професионален и правен агол“, рече Курти.

The post Курти за убиството на полицаецот во Лозница: Нема причина да се политизира случајот appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти се огласи во врска со пријавениот случај за убиство на полицаец и ранување на друг во Лозница, Србија. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на местото на настанот е пронајден косовски пасош со името Артан Хајризи. Курти на прес-конференцијата рече дека нема причина да се политизира случајот.
„И ние добивме информации, исто како и вие, бидејќи ова убиство се случило во Србија, што значи дека изворот на информацијата била Србија. Сега нашите надлежни органи МВР, Надворешни работи, нашата полиција ќе го известат мислењето и вие и јас за моменталната состојба.
И јас чекам и ќе почекам да дадат професионални изјави, бидејќи и ние сметаме дека оваа работа не треба да се политизира, туку да се третира како таква од безбедносен, но и од професионален и правен агол“, рече Курти.

The post Курти за убиството на полицаецот во Лозница: Нема причина да се политизира случајот appeared first on Република.

]]>
Макрон му порача на Курти: Членството на Косово во Советот на Европа е поврзано со формирањето на ЗСО https://republika.mk/vesti/balkan/makron-mu-poracha-na-kurti-chlenstvoto-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa-e-povrzano-so-formiraneto-na-zso/ Wed, 24 Apr 2024 20:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=770508

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, телефонски се јавил во привремените институции на Приштина, Аљбин Курти и му рекол дека договорите мора да се спроведат, како и дека членството во Советот на Европа е поврзано со формирањето на Заедницата на српските општини.

Макрон „повик за целосно спроведување на договорите од Брисел и Охрид и ја истакна посветеноста на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и поддршката за европското посредување“, соопшти Елисејската палата по повод вчерашниот повик до францускиот претседател Курти.

Макрон изрази жалење за неуспехот во гласањето импичмент на градоначалникот на северот на Косово и Метохија и потсети дека се уште е потребно да се организираат нови избори што е можно поскоро, со учество на српското население, се додава во соопштението.

The post Макрон му порача на Курти: Членството на Косово во Советот на Европа е поврзано со формирањето на ЗСО appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, телефонски се јавил во привремените институции на Приштина, Аљбин Курти и му рекол дека договорите мора да се спроведат, како и дека членството во Советот на Европа е поврзано со формирањето на Заедницата на српските општини. Макрон „повик за целосно спроведување на договорите од Брисел и Охрид и ја истакна посветеноста на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и поддршката за европското посредување“, соопшти Елисејската палата по повод вчерашниот повик до францускиот претседател Курти. Макрон изрази жалење за неуспехот во гласањето импичмент на градоначалникот на северот на Косово и Метохија и потсети дека се уште е потребно да се организираат нови избори што е можно поскоро, со учество на српското население, се додава во соопштението.

The post Макрон му порача на Курти: Членството на Косово во Советот на Европа е поврзано со формирањето на ЗСО appeared first on Република.

]]>
Курти не го прифаќа предлогот на Ескобар: Нема да прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка за забрана на српската валута во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-ne-go-prifaka-predlogot-na-eskobar-nema-da-prekine-sproveduvaneto-na-odlukata-na-tsentralnata-banka-za-zabrana-na-srpskata-valuta-vo-kosovo/ Tue, 19 Mar 2024 14:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=756358

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за РСЕ изјави дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Тој не го прифаќа нацрт-документот за Заедница на општините со српско мнозинство, кој го подготвија Европејците, освен ако Вучиќ не се согласи да го потпише Основниот договор (според кој е предвидено создавање на заедницата).

Што се однесува до прашањето за динарот наспроти еврото, одлучува Централната банка на Косово и тие веќе одлучија на 27 декември минатата година. Благодарение на нив, имаме нова регулатива која ќе го зајакне интегритетот на финансискиот систем за борба против недозволените активности за финансирање на тероризмот. Затоа, не можеме да дозволиме во нашата земја да доаѓаат вреќи со готовина. (Може да се случи) само преку финансиски официјални канали со целосна транспарентност, кој на кого испраќа и за каква цел. Ако има одредени тешкотии на теренот, имаме 10 чекори во тримесечен преоден период, повторно од Централната банка на Косово, која ќе ги реши тие пречки. И нашата влада е тука да и помогне на Централната банка на Косово. Косово мора да има централна банка.

Целиот текст овде.

The post Курти не го прифаќа предлогот на Ескобар: Нема да прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка за забрана на српската валута во Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за РСЕ изјави дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Тој не го прифаќа нацрт-документот за Заедница на општините со српско мнозинство, кој го подготвија Европејците, освен ако Вучиќ не се согласи да го потпише Основниот договор (според кој е предвидено создавање на заедницата).
Што се однесува до прашањето за динарот наспроти еврото, одлучува Централната банка на Косово и тие веќе одлучија на 27 декември минатата година. Благодарение на нив, имаме нова регулатива која ќе го зајакне интегритетот на финансискиот систем за борба против недозволените активности за финансирање на тероризмот. Затоа, не можеме да дозволиме во нашата земја да доаѓаат вреќи со готовина. (Може да се случи) само преку финансиски официјални канали со целосна транспарентност, кој на кого испраќа и за каква цел. Ако има одредени тешкотии на теренот, имаме 10 чекори во тримесечен преоден период, повторно од Централната банка на Косово, која ќе ги реши тие пречки. И нашата влада е тука да и помогне на Централната банка на Косово. Косово мора да има централна банка.
Целиот текст овде.

The post Курти не го прифаќа предлогот на Ескобар: Нема да прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка за забрана на српската валута во Косово appeared first on Република.

]]>
Ескобар во Приштина на разговори за Заедницата на српски општини и употребата на динарот https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-vo-prishtina-na-razgovori-za-zaednitsata-na-srpski-opshtini-i-upotrebata-na-dinarot/ Wed, 13 Mar 2024 08:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=754243

– Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска ќе престојува во Косово на средби со државните челници, со кои ќе разговара за дијалогот со Србија, процесот на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и прашањето за користењето на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Американскиот емисар вчера во Брисел изјави дека неговата посета на Приштина ќе биде фокусирана на ефектите и на изнаоѓање можно решение за, како што рече „некоординираната одлука“ за забрана на динарот и трансферите од Србија.

 

Тој информира дека по Косово ќе ги посети Австрија и Црна Гора, а потоа ќе се врати во Вашингтон.

– Ќе отпатуваме во Приштина и ќе се фокусираме на ефектите и можното решение од некоординираната одлука за забраната на употребата на динарот и трансферите од Србија за српските граѓани кои примаат социјални исплати од Србија, рече Ескобар.

 

На вчерашната прес-конференција пред неговото патување во Приштина, тој рече дека САД ја повикуваат Владата на Косово многу сериозно да ја сфати загриженоста на меѓународната заедница.

Ескобар нагласи дека Вашингтон не ја оспорува легитимноста на одлуката, туку начинот и брзината со која таа е спроведена.

 

Според него, неопходно е Владата на Косово да работи со меѓународната заедница за изнаоѓање решение за одлуката за динарот, одлука која тој ја нарече „катастрофална“ и „некомпетентна“.

– Слушаме многу извештаи за тешкотии. Ја повикуваме Владата на Косово сериозно да ги сфати овие грижи на меѓународната заедница.

 

Не разговараме за легитимноста на одлуката, туку за брзината со која таа се спроведува. Владата не даде алтернативен пат, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД.

На прашањето за Заедницата на општини со мнозинско срспко население, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа така.

– Слушнавме многу различни причини зошто не е оформена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму, изјави Ескобар.

Ескобар во Приштина првично ќе биде примен од претседателката на Косово, Вјоса Османи, а по средбата е најавено нивно обраќање пред медиумите.

Освен со челниците на државните институции, Ескобар ќе се сретне и со лидерите на трите опозициски парламентарни партии: Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово.

Од трите партии е потврдена поканата за средба со американскиот емисар и нивното учество на неа, меѓутоа нема детали за форматот на средбата.

The post Ескобар во Приштина на разговори за Заедницата на српски општини и употребата на динарот appeared first on Република.

]]>

– Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска ќе престојува во Косово на средби со државните челници, со кои ќе разговара за дијалогот со Србија, процесот на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и прашањето за користењето на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
  Американскиот емисар вчера во Брисел изјави дека неговата посета на Приштина ќе биде фокусирана на ефектите и на изнаоѓање можно решение за, како што рече „некоординираната одлука“ за забрана на динарот и трансферите од Србија.   Тој информира дека по Косово ќе ги посети Австрија и Црна Гора, а потоа ќе се врати во Вашингтон. – Ќе отпатуваме во Приштина и ќе се фокусираме на ефектите и можното решение од некоординираната одлука за забраната на употребата на динарот и трансферите од Србија за српските граѓани кои примаат социјални исплати од Србија, рече Ескобар.   На вчерашната прес-конференција пред неговото патување во Приштина, тој рече дека САД ја повикуваат Владата на Косово многу сериозно да ја сфати загриженоста на меѓународната заедница. Ескобар нагласи дека Вашингтон не ја оспорува легитимноста на одлуката, туку начинот и брзината со која таа е спроведена.   Според него, неопходно е Владата на Косово да работи со меѓународната заедница за изнаоѓање решение за одлуката за динарот, одлука која тој ја нарече „катастрофална“ и „некомпетентна“. – Слушаме многу извештаи за тешкотии. Ја повикуваме Владата на Косово сериозно да ги сфати овие грижи на меѓународната заедница.   Не разговараме за легитимноста на одлуката, туку за брзината со која таа се спроведува. Владата не даде алтернативен пат, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД. На прашањето за Заедницата на општини со мнозинско срспко население, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа така. – Слушнавме многу различни причини зошто не е оформена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму, изјави Ескобар. Ескобар во Приштина првично ќе биде примен од претседателката на Косово, Вјоса Османи, а по средбата е најавено нивно обраќање пред медиумите. Освен со челниците на државните институции, Ескобар ќе се сретне и со лидерите на трите опозициски парламентарни партии: Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово. Од трите партии е потврдена поканата за средба со американскиот емисар и нивното учество на неа, меѓутоа нема детали за форматот на средбата.

The post Ескобар во Приштина на разговори за Заедницата на српски општини и употребата на динарот appeared first on Република.

]]>
Харадинај: Курти го одбра патот за напуштање на НАТО, се сврте кон руската агенда https://republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-kurti-go-odbra-patot-za-napushtane-na-nato-se-svrte-kon-ruskata-agenda/ Thu, 29 Feb 2024 14:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=749711

– Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека премиерот Албин Курти го избрал патот на оддалечување на земјата од НАТО и, според него, тоа е во согласност со руската агенда, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Собранието, поранешниот премиер рече дека Косово мора да го спроведе француско-германскиот план за договор со Србија, кој води кон членство во НАТО.

 

– За нас ќе беше од голем интерес веднаш по постигнувањето на договорот, кој е познат како француско-германски план, да почнеме да го спроведуваме за навреме да ја фатиме можноста за зачленување во НАТО.

Да не ги пропуштиме овие клучни моменти на НАТО, како што е овогодинешниот, 75-ти самит.

 

Целиот политички договор беше дека во случај на успешна имплементација, на Косово ќе му се отворат можности за интеграција, рече Харадинај.

Меѓутоа, додаде тој, „премиерот Курти избра друг пат, оној на оддалечување на Косово од НАТО, а за жал тоа е руската агенда, го сврте Косово кон руската агенда“.

 

– Наш интерес ќе беше веднаш по договорот, особено во однос на безбедносната ситуација, да продолжиме со имплементација, да влеземе во НАТО.

За жал, Курти одеше наназад и тоа ги донесе овие околности, изјави Харадинај.

The post Харадинај: Курти го одбра патот за напуштање на НАТО, се сврте кон руската агенда appeared first on Република.

]]>

– Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека премиерот Албин Курти го избрал патот на оддалечување на земјата од НАТО и, според него, тоа е во согласност со руската агенда, јави дописникот на МИА од Приштина.
  Во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Собранието, поранешниот премиер рече дека Косово мора да го спроведе француско-германскиот план за договор со Србија, кој води кон членство во НАТО.   – За нас ќе беше од голем интерес веднаш по постигнувањето на договорот, кој е познат како француско-германски план, да почнеме да го спроведуваме за навреме да ја фатиме можноста за зачленување во НАТО. Да не ги пропуштиме овие клучни моменти на НАТО, како што е овогодинешниот, 75-ти самит.   Целиот политички договор беше дека во случај на успешна имплементација, на Косово ќе му се отворат можности за интеграција, рече Харадинај. Меѓутоа, додаде тој, „премиерот Курти избра друг пат, оној на оддалечување на Косово од НАТО, а за жал тоа е руската агенда, го сврте Косово кон руската агенда“.   – Наш интерес ќе беше веднаш по договорот, особено во однос на безбедносната ситуација, да продолжиме со имплементација, да влеземе во НАТО. За жал, Курти одеше наназад и тоа ги донесе овие околности, изјави Харадинај.

The post Харадинај: Курти го одбра патот за напуштање на НАТО, се сврте кон руската агенда appeared first on Република.

]]>
Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни https://republika.mk/vesti/balkan/borel-razgovorite-so-vuchik-i-kurti-neuspeshni/ Mon, 26 Feb 2024 14:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=748586

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.

Сумирајќи ги резултатите од Минхенската безбедносна конференција, Борељ во текст на веб-страницата на ЕУ наведува дека имал голем број билатерални средби со партнери на ЕУ од целиот свет, а на одделни средби разговарал и со Вучиќ и Курти, „но за жал без успех“.

На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ – поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ.

Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот.

Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.

The post Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.
Сумирајќи ги резултатите од Минхенската безбедносна конференција, Борељ во текст на веб-страницата на ЕУ наведува дека имал голем број билатерални средби со партнери на ЕУ од целиот свет, а на одделни средби разговарал и со Вучиќ и Курти, „но за жал без успех“.
На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ – поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ. Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот. Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.

The post Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни appeared first on Република.

]]>
О’Брајан остар кон Курти: Јас не упатувам нејасни закани во јавноста, ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер https://republika.mk/vesti/balkan/o-brajan-ostar-kon-kurti-jas-ne-upatuvam-nejasni-zakani-vo-javnosta-ako-ne-ne-tretiraat-kako-partner-nema-da-ja-tretirame-nitu-vladata-na-kosovo-kako-partner/ Wed, 14 Feb 2024 11:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=744034

САД се многу загрижени поради одлуката на косовската влада да не дозволи користење на динарот, вели американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан во интервју за aлбанскиот сервис на „Гласот на Америка“, коментирајќи ја новата регулатива на Централната банка на Косово, со која еврото станува единствената валута за плаќање во Косово.

Вели дека и покрај предупредувањата на Вашингтон, косовската Влада не отстапила од одлуката и почнала да ја спроведува.

Со тоа. О‘Брајан вели дека косовската влада го доведува во прашање партнерството со САД.

„Јас не упатувам нејасни закани во јавноста. Би рекол дека ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер“.

вели помошник државниот секретар на САД.

О‘Брајан вели дека веднаш гбиле детектирани сите проблеми кои настанале после објавувањето на одлуката за повлекување на динарот, но посочува дека Владата на Косово продолжила со спроведувањето,.

„Ова не е форма на ефективно владеење. Ние сме многу загрижени, бидејќи тоа ја покажува неспособноста на владата да им служи на граѓаните, но и на партнерството. Да се ​​биде дел од Европа денес значи решавање на прашањата преку дијалог со ефективно планирање и предупредување. Оваа одлука е објавена набрзина, без предупредување и без обид да се искористат постоечките механизми за да се најдат одговори за сите проблеми кои би можеле да се појават“, вели О‘Брајан.

Според новата регулатива на Централната банка на Косово, еврото станува единствената валута за плаќање во Косово. Откако Меѓународната заедница повика оваа одлука да биде одложена за транзициски период. Но, Центрачната банка на Косово даде само тримесечен период за едукација и информирање на граѓаните.

О‘Брајан смета дека оваа одлука треба да се повлече, а потоа да се бара решение на проблемот како што, според него, тоа го прават современите европски држави.

„Луѓето треба да знаат како ќе си ги платат сметките. Кога го прочитав соопштението на Централната банка, не пишува дека ќе се дозволи користење на динарот. Вели дека ќе биде понудена алтернатива. Тоа мораше да се направи пред да се спроведе одлуката во соработка со засегнатите заедници и соседите засегнати од одлуката, како и со Европската Унија и со нас. Значи, веднаш треба да го прекинат ова и потоа да работат на решавање на конкретниот проблем што сакаат да го решат, исто како што тоа го прават современите европски држави“,

вели О‘Брајан.

На оваа тема О‘Брајан разговарал и со косовскиот премиер Албин Курти во периодот на објавување на одлуката, а имале и кратко разговори потоа.

„Тој ја разбра загриженоста. Вети дека ќе работи на ова. Но, јасно одлучи да ја одобри одлуката. Ако не не третира како партнер, се поставува прашањето дали оваа влада можеме да ја сметаме за партнер“,

рече О‘Брајан.

На прашањето дали смета дека зад инцидентот во Бањска стои Белград, тој рече дека тогаш јасно било ставено до знаење дека КФОР ги штити сите луѓе на Косово, вклучително и оние во северниот дел, но нагласува дека потоа Србија го сменила шефот на разузнавачката служба, но и ги повлекла војниците од границата

„Ги повикавме двете влади да бидат транспарентни и отворени со КФОР. Сакам да нагласам дека Србија го смени шефот на разузнавачката служба, кој беше вклучен во тоа. Тие ги уапсија и се согласија да ги гонат лицата директно одговорни за инцидентот во Бањска, а српските војници се повлекоа од областа во близина на границата. Сите овие чекори се преземени после инцидентот во Бањска, односно беа преземени чекори за де факто имплементирање со царината и регистарските таблички“,

рече тој.

О‘Брајан вели дека тоа биле важни чекори кои дошле како резултат на одговорот и посветеноста на дијалогот.

„Сакаме посветеност, да работиме на практични решенија за овие проблеми, а не да преземаме еднострани мерки за личен интерес кои ги загрижуваат и вашите граѓани и вашите партнери“, изјави О‘Брајан.

The post О’Брајан остар кон Курти: Јас не упатувам нејасни закани во јавноста, ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер appeared first on Република.

]]>

САД се многу загрижени поради одлуката на косовската влада да не дозволи користење на динарот, вели американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан во интервју за aлбанскиот сервис на „Гласот на Америка“, коментирајќи ја новата регулатива на Централната банка на Косово, со која еврото станува единствената валута за плаќање во Косово. Вели дека и покрај предупредувањата на Вашингтон, косовската Влада не отстапила од одлуката и почнала да ја спроведува. Со тоа. О‘Брајан вели дека косовската влада го доведува во прашање партнерството со САД.
„Јас не упатувам нејасни закани во јавноста. Би рекол дека ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер“. вели помошник државниот секретар на САД.
О‘Брајан вели дека веднаш гбиле детектирани сите проблеми кои настанале после објавувањето на одлуката за повлекување на динарот, но посочува дека Владата на Косово продолжила со спроведувањето,.
„Ова не е форма на ефективно владеење. Ние сме многу загрижени, бидејќи тоа ја покажува неспособноста на владата да им служи на граѓаните, но и на партнерството. Да се ​​биде дел од Европа денес значи решавање на прашањата преку дијалог со ефективно планирање и предупредување. Оваа одлука е објавена набрзина, без предупредување и без обид да се искористат постоечките механизми за да се најдат одговори за сите проблеми кои би можеле да се појават“, вели О‘Брајан.
Според новата регулатива на Централната банка на Косово, еврото станува единствената валута за плаќање во Косово. Откако Меѓународната заедница повика оваа одлука да биде одложена за транзициски период. Но, Центрачната банка на Косово даде само тримесечен период за едукација и информирање на граѓаните. О‘Брајан смета дека оваа одлука треба да се повлече, а потоа да се бара решение на проблемот како што, според него, тоа го прават современите европски држави.
„Луѓето треба да знаат како ќе си ги платат сметките. Кога го прочитав соопштението на Централната банка, не пишува дека ќе се дозволи користење на динарот. Вели дека ќе биде понудена алтернатива. Тоа мораше да се направи пред да се спроведе одлуката во соработка со засегнатите заедници и соседите засегнати од одлуката, како и со Европската Унија и со нас. Значи, веднаш треба да го прекинат ова и потоа да работат на решавање на конкретниот проблем што сакаат да го решат, исто како што тоа го прават современите европски држави“, вели О‘Брајан.
На оваа тема О‘Брајан разговарал и со косовскиот премиер Албин Курти во периодот на објавување на одлуката, а имале и кратко разговори потоа.
„Тој ја разбра загриженоста. Вети дека ќе работи на ова. Но, јасно одлучи да ја одобри одлуката. Ако не не третира како партнер, се поставува прашањето дали оваа влада можеме да ја сметаме за партнер“, рече О‘Брајан.
На прашањето дали смета дека зад инцидентот во Бањска стои Белград, тој рече дека тогаш јасно било ставено до знаење дека КФОР ги штити сите луѓе на Косово, вклучително и оние во северниот дел, но нагласува дека потоа Србија го сменила шефот на разузнавачката служба, но и ги повлекла војниците од границата
„Ги повикавме двете влади да бидат транспарентни и отворени со КФОР. Сакам да нагласам дека Србија го смени шефот на разузнавачката служба, кој беше вклучен во тоа. Тие ги уапсија и се согласија да ги гонат лицата директно одговорни за инцидентот во Бањска, а српските војници се повлекоа од областа во близина на границата. Сите овие чекори се преземени после инцидентот во Бањска, односно беа преземени чекори за де факто имплементирање со царината и регистарските таблички“, рече тој.
О‘Брајан вели дека тоа биле важни чекори кои дошле како резултат на одговорот и посветеноста на дијалогот.
„Сакаме посветеност, да работиме на практични решенија за овие проблеми, а не да преземаме еднострани мерки за личен интерес кои ги загрижуваат и вашите граѓани и вашите партнери“, изјави О‘Брајан.

The post О’Брајан остар кон Курти: Јас не упатувам нејасни закани во јавноста, ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер appeared first on Република.

]]>
Албин Курти, Таче, Шекеринска и Бујар Османи на вечера во скопски локал https://republika.mk/vesti/makedonija/albin-kurti-tache-shekerinska-i-bujar-osmani-na-vechera-vo-skopski-lokal/ Sat, 10 Feb 2024 10:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=742460

The post Албин Курти, Таче, Шекеринска и Бујар Османи на вечера во скопски локал appeared first on Република.

]]>

The post Албин Курти, Таче, Шекеринска и Бујар Османи на вечера во скопски локал appeared first on Република.

]]>
Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември https://republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-do-kurti-za-razlika-od-tebe-koj-mu-se-predade-na-srpskiot-rezhim-spetsijaltsite-ne-se-predadoa-na-24-septemvri/ Wed, 06 Dec 2023 14:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=720384

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември.

Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.

- За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.

На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите.

Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада.

Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“.

- Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер, Харадинај.

The post Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември. Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.
- За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.
На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите. Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада. Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“. - Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер, Харадинај.

The post Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/ Fri, 27 Oct 2023 19:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=695701

Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград.

(Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите.

Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ.

Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија.

Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја.

- Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО appeared first on Република.

]]>

Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград.
(Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите.
Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ. Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија.
Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја. - Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО appeared first on Република.

]]>
Курти: Ако се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-ako-se-potpishe-predlogot-na-eu-za-zaednitsata-na-srpski-opshtini-vednash-odi-pred-kosovskiot-ustaven/ Fri, 27 Oct 2023 17:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=695677

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, веднаш ќе биде проверен од Уставниот суд за да се оцени неговата уставност доколку договорот биде потпишан во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на денешната прес-конференција изјави дека тоа му го кажале и самите западни дипломати, кои минатата сабота беа во посета на Косово и Србија за да го претстават нивниот нацрт-статут, со кој се настојува да се деблокираат преговорите меѓу Косово и Србија по нападот на српска група во северно Косово на 24 септември.

Според Курти, американско-европските емисари рекле дека нацртот на Асоцијацијата е напишан со внимателно водење сметка за структурата на Уставот на Косово.

На 21 октомври ни беше кажано од американско-европските емисари дека нацртот за самоуправување е напишан внимателно според словото и структурата на Уставот и законите на Република Косово и дека доколку се потпише, било предвидено тоа веднаш да го провери Уставниот суд, за тој да ја даде својата оцена за уставноста на овој предлог, рече Курти.

Шефот на косовската влада изјави дека Србија повторно одбила да го потпише договорот, вклучително и нацртот за заедницата.

Тој го обвини Белград за поттикнување насилство и дека стои зад терористичкиот напад на 24 септември во Бањска кај Звечане и информира дека на вчерашната средба со европските лидери во Брисел побарал казна за Србија, „бидејќи неказнувањето станува охрабрување за повторување на злосторството“.

Курти рече и дека побарал екстрадиција на терористите од Србија, со цел тие во Косово да се соочат со правдата.

Изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека не ја прифаќа независноста на Косово, дека се противи на приемот на Косово во ОН и не го прифаќа неговиот територијалниот интегритет, Курти ги оцени како директна закана од Србија и кршење на договорите.

Тој одби да даде детали за новиот европски план, велејќи дека тоа го побарале емисарите.

Го почитуваме барањето на петмината емисари, со кое од нас се бара да не зборуваме конкретно за тоа. Но, најважно е што емисарите изјавија дека тоа го напишале внимателно, имајќи ги предвид Уставот и законот и дека одговорот на секоја дилема секогаш ќе го дава Уставниот суд (на Косово), рече Курти.

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Миослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, престојуваа минатата сабота, на 21 јуни, во Приштина и Белград, каде што пред косовскиот премиер и српскиот претседател го претставија нивниот предлог за статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

Основањето на Заедницата се смета за еден од главните предуслови за продолжување на преговорите со посредство на ЕУ за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Меѓутоа, контактите меѓу Приштина и Белград беа целосно прекинати по терористичкиот напад на српска вооружена група во Бањска, во северно Косово, во кој загина еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите, додека остантите пребегнаа во Србија.

The post Курти: Ако се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, веднаш ќе биде проверен од Уставниот суд за да се оцени неговата уставност доколку договорот биде потпишан во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на денешната прес-конференција изјави дека тоа му го кажале и самите западни дипломати, кои минатата сабота беа во посета на Косово и Србија за да го претстават нивниот нацрт-статут, со кој се настојува да се деблокираат преговорите меѓу Косово и Србија по нападот на српска група во северно Косово на 24 септември. Според Курти, американско-европските емисари рекле дека нацртот на Асоцијацијата е напишан со внимателно водење сметка за структурата на Уставот на Косово.
На 21 октомври ни беше кажано од американско-европските емисари дека нацртот за самоуправување е напишан внимателно според словото и структурата на Уставот и законите на Република Косово и дека доколку се потпише, било предвидено тоа веднаш да го провери Уставниот суд, за тој да ја даде својата оцена за уставноста на овој предлог, рече Курти.
Шефот на косовската влада изјави дека Србија повторно одбила да го потпише договорот, вклучително и нацртот за заедницата. Тој го обвини Белград за поттикнување насилство и дека стои зад терористичкиот напад на 24 септември во Бањска кај Звечане и информира дека на вчерашната средба со европските лидери во Брисел побарал казна за Србија, „бидејќи неказнувањето станува охрабрување за повторување на злосторството“. Курти рече и дека побарал екстрадиција на терористите од Србија, со цел тие во Косово да се соочат со правдата. Изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека не ја прифаќа независноста на Косово, дека се противи на приемот на Косово во ОН и не го прифаќа неговиот територијалниот интегритет, Курти ги оцени како директна закана од Србија и кршење на договорите. Тој одби да даде детали за новиот европски план, велејќи дека тоа го побарале емисарите.
Го почитуваме барањето на петмината емисари, со кое од нас се бара да не зборуваме конкретно за тоа. Но, најважно е што емисарите изјавија дека тоа го напишале внимателно, имајќи ги предвид Уставот и законот и дека одговорот на секоја дилема секогаш ќе го дава Уставниот суд (на Косово), рече Курти.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Миослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, престојуваа минатата сабота, на 21 јуни, во Приштина и Белград, каде што пред косовскиот премиер и српскиот претседател го претставија нивниот предлог за статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово. Основањето на Заедницата се смета за еден од главните предуслови за продолжување на преговорите со посредство на ЕУ за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Меѓутоа, контактите меѓу Приштина и Белград беа целосно прекинати по терористичкиот напад на српска вооружена група во Бањска, во северно Косово, во кој загина еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите, додека остантите пребегнаа во Србија.

The post Курти: Ако се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен appeared first on Република.

]]>
Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kosovska-opozitsija-kurti-e-vo-misija-da-vovede-diktatura-i-da-go-unishti-kosovo/ Fri, 06 Oct 2023 19:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=688704

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Абелар Тахири изјави дека однесување на премиерот Албин Курти е директен напад врз парламентарната демократија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изјавата на Тахири уследи откако Курти објави дека одлучил тој и членовите на неговата влада да не одговараат на пратеничките прашања на републичките пратеници кои не гласале за меѓународните договори.

Тахири на прес-конференцијата по собраниската седница посветена на пратенички прашања рече дека тенденцијата на премиерот Курти е „да инсталира диктат врз пратениците во Парламентот“.

Тој го повика собранискиот спикер, Глаук Коњуфца, кој е од редовите на партијата на Курти, Движење самоопределување (ВВ), да преземе мерки против, како што рече, неодговорните луѓе.

Тахири ја критикува и актуелната влада, затоа што, според него, Косово се соочува со бројни неуспеси.

Курти денеска за време на седницата одби да одговори на прашањата на опозициските пратеници и ѝ порача на опозицијата доколку сакаат одговор од него да гласаат за меѓународните договори кои се пренесуваат од седница на седница.

Пратениците на опозициските Демократска партија на Косово (ПДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК) на неколку седници по ред не гласаат за меѓународни договори.

По одбивањето на членовите на Владата да одговорат на пратеничките прашања, пратениците на ААК и на другата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ја напуштија седницата, додека оние на ПДК останаа во салата, каде што министрите одговараа на прашањата на пратениците од редовите на владејачката ВВ.

Претходно, пратеничката на ПДК, Ганимете Муслиу рече дека е диктатура тоа што Владата им наметнува услови на народните избраници.

- Да дојде Владата и да им поставува услови во парламентот на народните избраници, ова е диктатура. Имав прашање до (министерот за внатрешни работи) Џељаљ Свечља, не го поставувам прашањето, туку го поканувам да дојде од кампот Белведере и да го убеди овој човек овде да гласа за препораките што ги предложи ПДК за косовската полиција. Престанете, оти резил се сторивте пред цел свет, рече Муслиу.

По обраќањето на Курти, реагираше и заменичката претседателка на ААК, Тиме Кадријај, откако министерот за здравство Арбен Витиа не одговори на нејзино прашање.

Таа рече дека Курти не ѝ донел ништо добро на државата Косово, туку е во мисија „да ја уништи косовската држава“.

- Добро е што ти најдовме една нова кауза, но дали гласаше ти за договорот за стабилизирација и асоцијација... Тука си за да ја уништиш косовската држава. Ти не дозволи пратениците да гласаат за косовската полиција. За нас не е ни важно, оди шетај низ Грција, оти никакво добро не ѝ донесе на оваа држава, рече Кадријај.

The post Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово appeared first on Република.

]]>

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Абелар Тахири изјави дека однесување на премиерот Албин Курти е директен напад врз парламентарната демократија, јави дописникот на МИА од Приштина. Изјавата на Тахири уследи откако Курти објави дека одлучил тој и членовите на неговата влада да не одговараат на пратеничките прашања на републичките пратеници кои не гласале за меѓународните договори. Тахири на прес-конференцијата по собраниската седница посветена на пратенички прашања рече дека тенденцијата на премиерот Курти е „да инсталира диктат врз пратениците во Парламентот“. Тој го повика собранискиот спикер, Глаук Коњуфца, кој е од редовите на партијата на Курти, Движење самоопределување (ВВ), да преземе мерки против, како што рече, неодговорните луѓе. Тахири ја критикува и актуелната влада, затоа што, според него, Косово се соочува со бројни неуспеси. Курти денеска за време на седницата одби да одговори на прашањата на опозициските пратеници и ѝ порача на опозицијата доколку сакаат одговор од него да гласаат за меѓународните договори кои се пренесуваат од седница на седница. Пратениците на опозициските Демократска партија на Косово (ПДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК) на неколку седници по ред не гласаат за меѓународни договори. По одбивањето на членовите на Владата да одговорат на пратеничките прашања, пратениците на ААК и на другата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ја напуштија седницата, додека оние на ПДК останаа во салата, каде што министрите одговараа на прашањата на пратениците од редовите на владејачката ВВ. Претходно, пратеничката на ПДК, Ганимете Муслиу рече дека е диктатура тоа што Владата им наметнува услови на народните избраници. - Да дојде Владата и да им поставува услови во парламентот на народните избраници, ова е диктатура. Имав прашање до (министерот за внатрешни работи) Џељаљ Свечља, не го поставувам прашањето, туку го поканувам да дојде од кампот Белведере и да го убеди овој човек овде да гласа за препораките што ги предложи ПДК за косовската полиција. Престанете, оти резил се сторивте пред цел свет, рече Муслиу. По обраќањето на Курти, реагираше и заменичката претседателка на ААК, Тиме Кадријај, откако министерот за здравство Арбен Витиа не одговори на нејзино прашање. Таа рече дека Курти не ѝ донел ништо добро на државата Косово, туку е во мисија „да ја уништи косовската држава“. - Добро е што ти најдовме една нова кауза, но дали гласаше ти за договорот за стабилизирација и асоцијација... Тука си за да ја уништиш косовската држава. Ти не дозволи пратениците да гласаат за косовската полиција. За нас не е ни важно, оди шетај низ Грција, оти никакво добро не ѝ донесе на оваа држава, рече Кадријај.

The post Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово appeared first on Република.

]]>
Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-saratsin-razgovaraa-za-aktuelnata-bezbednosna-sostojba-na-kosovo-po-napadot-vo-banska/ Sun, 01 Oct 2023 18:11:03 +0000 https://republika.mk/?p=686882

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена.

На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета.

Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман

The post Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена. На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета. Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман

The post Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>
Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-ni-trebaat-zaednichki-patroli-na-kosovskata-politsija-i-kfor-dolzh-granitsata-so-srbija/ Fri, 29 Sep 2023 12:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=686397

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија.

Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.

„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (...) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети"

Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

The post Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија. Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.
„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (...) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети" Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

The post Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија appeared first on Република.

]]>
Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-borel-i-lajchak-bea-sinhronizirani-so-vuchik-na-sredbata-vo-brisel-na-14-septemvri/ Mon, 18 Sep 2023 10:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=682857

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак биле синхронизирани и во координација со српскиот претседател, Александар Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција, на која информираше за средбата која заврши без резултати, Курти рече дека Борел и Лајчак го изложиле на сценарио кое претходно го дизајнирале со цел формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство да го стават во фокусот на основниот договор, без да предвидат спроведување на другите делови од договорите меѓу Приштина и Белград.

Курти рече дека тоа категорично го отфрлил, понудувајќи конкретен план за последователно спроведување на договорот врз основа на сеопфатниот принцип.

Понудив конкретен предлог за целосна имплементација на основниот договор за сеопфатниот принцип, каде што се спроведува секој дел од овој договор. Меѓутоа, на средбата беше побарано од мене да преминам на преговарачки процес за изготвување на статутот на Заедницата, но јас јасно им ставив до знаење на европските претставници дека целиот договор треба целосно да се спроведе и да не се фокусира на една точка, рече Курти.

Според него, на средбата во Брисел се отиде „предалеку во напаѓање на иднината на Косово“.

Тие отидоа предалеку во напаѓање на иднината на Косово. Во поканата за средбата не беше дефинирана конкретна точка од дневниот ред, туку таму се зборуваше за планот за имплементација на постигнатиот договор. Нашиот предлог се засноваше на принципот на инклузивност што значеше дека секој член треба да биде вклучен во планот за имплементација. Не сум јас тој што го открил принципот на сеопфатност, рече Курти.

The post Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак биле синхронизирани и во координација со српскиот претседател, Александар Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција, на која информираше за средбата која заврши без резултати, Курти рече дека Борел и Лајчак го изложиле на сценарио кое претходно го дизајнирале со цел формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство да го стават во фокусот на основниот договор, без да предвидат спроведување на другите делови од договорите меѓу Приштина и Белград. Курти рече дека тоа категорично го отфрлил, понудувајќи конкретен план за последователно спроведување на договорот врз основа на сеопфатниот принцип.
Понудив конкретен предлог за целосна имплементација на основниот договор за сеопфатниот принцип, каде што се спроведува секој дел од овој договор. Меѓутоа, на средбата беше побарано од мене да преминам на преговарачки процес за изготвување на статутот на Заедницата, но јас јасно им ставив до знаење на европските претставници дека целиот договор треба целосно да се спроведе и да не се фокусира на една точка, рече Курти.
Според него, на средбата во Брисел се отиде „предалеку во напаѓање на иднината на Косово“.
Тие отидоа предалеку во напаѓање на иднината на Косово. Во поканата за средбата не беше дефинирана конкретна точка од дневниот ред, туку таму се зборуваше за планот за имплементација на постигнатиот договор. Нашиот предлог се засноваше на принципот на инклузивност што значеше дека секој член треба да биде вклучен во планот за имплементација. Не сум јас тој што го открил принципот на сеопфатност, рече Курти.

The post Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор https://republika.mk/vesti/balkan/brnabik-razgovorite-vo-brisel-ke-bidat-teshki-kurti-ne-saka-sproveduvane-na-briselskiot-dogovor/ Tue, 12 Sep 2023 08:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=681150

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.

Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.

Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација.

Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.

Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.

Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

The post Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.
Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.
Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација. Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.
Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.
Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

The post Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор appeared first on Република.

]]>