куповна моќ Archives - Република https://republika.mk/tema/kupovna-mokj/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 14:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куповна моќ Archives - Република https://republika.mk/tema/kupovna-mokj/ 32 32 Каевски: СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба https://republika.mk/vesti/ekonomija/kaevski-sdsm-uspea-da-ja-zgolemi-realnata-kupovna-mok-na-graganite-i-nivnata-blagosostojba/ Sun, 24 Dec 2023 12:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=726149

Економските политики на СДСМ даваат конкретен резултат, растат платите и пензиите, тврди портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/spored-standardot-na-kupovna-mokj-makedonija-e-na-nivo-od-42-otsto-od-prosekot-na-eu/

Според него, СДСМ ја зголемиле просечната плата и таа денес е повисока од 630 евра.

Нашето ветување за просечна плата го надминавме. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра. Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денеска. ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците. За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни. Затоа минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари а во некои области во текстилната и кожарската индустрија и помала. СДСМ ја зголеми минималната плата и денеска изнесува над 20.000 денари. Не сме веќе земја со евтина работна сила туку земја која го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници, тврди Каевски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/indeks-na-prosperitet-makedonija-na-pretposlednoto-mesto-spored-standardot-za-kupovna-mok/

Тој заклучува дека сите овие бројки потврдуваат дека СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба.

Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат. Повеќе за сите е и мерката за поголеми плати на работниците во приватниот сектор од 3.000 - 9.000 денари од новиот пакет антикризни мерки. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата. Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе, поентира тој.

На прес-конференцијата на Каевски реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека Каевски е одлепен од реалноста исто како и неговиот шеф Ковачевски.

Според економските показатели сме на дното во Европа и регионот, додека граѓаните се се посиромашни. Бројките кажуваат дека откако се СДС и ДУИ на власт земјите од регионот ја поминаа двојно Македонија, односно земјава со нив тоне. Од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42% раст на БДП по глава на жител, Србија 50%, Бугарија 64%, Албанија 52%, а Македонија само 20%. Исто така со СДС и ДУИ Македонија доби скоро 50% поголема инфлација од земјите во ЕУ.  Во ЕУ инфлацијата е 4.3%, во Македонија 6.6%, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Последната анкета кажува дека над 80% од граѓаните сметаат дека цените се уште растат.

Колку донесле подобар живот покажува фактот не само што расте сиромаштијата, туку екстремната сиромаштија.  Од 56.000 во 2019, годинава ќе ја завршиме со 86.400 екстремно сиромашни, додека од 360.000 умерено сиромашни сега ќе имаме скоро 600.000 граѓани. Толку од фалбите за подобар живот со СДС и ДУИ. Ова значи дека над 80.000 луѓе едвај преживуваат со помалку од 80 денари, а помалку од 150 денари има секој трет човек во државава.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/skopjani-jadat-najskapo-meso-vo-makedonija-ima-golemi-razliki-vo-tsenite-na-hranata-od-grad-do-grad/

А колку е добар стандардот говори и тоа што држави од соседството како Хрватска и Словенија за Македонија станаа како Германија, па граѓаните масовно таму си ја бараат иднината.

Со оваа власт единствено што растат се сиромаштијата, инфлацијата, криминалот и корупцијата. Никогаш не било полошо, затоа е важно да ги поразиме, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каевски: СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба appeared first on Република.

]]>

Економските политики на СДСМ даваат конкретен резултат, растат платите и пензиите, тврди портпаролот на СДСМ Дарко Каевски. https://republika.mk/vesti/ekonomija/spored-standardot-na-kupovna-mokj-makedonija-e-na-nivo-od-42-otsto-od-prosekot-na-eu/ Според него, СДСМ ја зголемиле просечната плата и таа денес е повисока од 630 евра.
Нашето ветување за просечна плата го надминавме. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра. Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денеска. ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците. За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни. Затоа минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари а во некои области во текстилната и кожарската индустрија и помала. СДСМ ја зголеми минималната плата и денеска изнесува над 20.000 денари. Не сме веќе земја со евтина работна сила туку земја која го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници, тврди Каевски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/indeks-na-prosperitet-makedonija-na-pretposlednoto-mesto-spored-standardot-za-kupovna-mok/ Тој заклучува дека сите овие бројки потврдуваат дека СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба.
Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат. Повеќе за сите е и мерката за поголеми плати на работниците во приватниот сектор од 3.000 - 9.000 денари од новиот пакет антикризни мерки. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата. Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе, поентира тој.
На прес-конференцијата на Каевски реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека Каевски е одлепен од реалноста исто како и неговиот шеф Ковачевски.
Според економските показатели сме на дното во Европа и регионот, додека граѓаните се се посиромашни. Бројките кажуваат дека откако се СДС и ДУИ на власт земјите од регионот ја поминаа двојно Македонија, односно земјава со нив тоне. Од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42% раст на БДП по глава на жител, Србија 50%, Бугарија 64%, Албанија 52%, а Македонија само 20%. Исто така со СДС и ДУИ Македонија доби скоро 50% поголема инфлација од земјите во ЕУ.  Во ЕУ инфлацијата е 4.3%, во Македонија 6.6%, велат ВМРО-ДПМНЕ.
Последната анкета кажува дека над 80% од граѓаните сметаат дека цените се уште растат.
Колку донесле подобар живот покажува фактот не само што расте сиромаштијата, туку екстремната сиромаштија.  Од 56.000 во 2019, годинава ќе ја завршиме со 86.400 екстремно сиромашни, додека од 360.000 умерено сиромашни сега ќе имаме скоро 600.000 граѓани. Толку од фалбите за подобар живот со СДС и ДУИ. Ова значи дека над 80.000 луѓе едвај преживуваат со помалку од 80 денари, а помалку од 150 денари има секој трет човек во државава.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/skopjani-jadat-najskapo-meso-vo-makedonija-ima-golemi-razliki-vo-tsenite-na-hranata-od-grad-do-grad/
А колку е добар стандардот говори и тоа што држави од соседството како Хрватска и Словенија за Македонија станаа како Германија, па граѓаните масовно таму си ја бараат иднината. Со оваа власт единствено што растат се сиромаштијата, инфлацијата, криминалот и корупцијата. Никогаш не било полошо, затоа е важно да ги поразиме, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каевски: СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба appeared first on Република.

]]>
Индекс на просперитет: Македонија на претпоследното место според стандардот за куповна моќ https://republika.mk/vesti/ekonomija/indeks-na-prosperitet-makedonija-na-pretposlednoto-mesto-spored-standardot-za-kupovna-mok/ Tue, 07 Nov 2023 12:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=699209

Во 2022 година просечен расположлив приход по жител мерен според стандардот за куповна моќ (ППС) во Македонија изнесувал 5.988, што претставува зголемување за 41 отсто во споредба со 2017 година, покажуваат податоците на Индексот на просперитет на Легатум.

Според овие податоци, дури две третини од најпросперитетните земји во светот се наоѓаат во Европа, но и меѓу нив постои значителна разлика во приходите мерени според стандардот за куповна моќ (ППС) по домаќинство, при што жителите на западните и нордиските држави имаат значително повеќе расположливи средства за трошење од оние на југот и истокот на континентот.

Европската статистичка агенција – Евростат како расположлив приход на домаќинствата ги смета средствата што едно домаќинство ги има на располагање за трошење и заштеда по оданочувањето и по плаќањето на режиските трошоци.

На листата на европски земји во која се вклучени членките на ЕУ и на Европската зона за слободна трговија (ЕФТА), како и кандидатите за членство во Унијата, со приходот од 5.988 ППС по жител Македонија е на претпоследното место, пред Албанија која има 4.385 ППС. Пред земјава се Турција со 6.210 ППС, Црна Гора со 6.328 и Србија со 6.968 ППС по жител.

Следна на листата, пред Србија, е Бугарија со 9.671 ППС и е држава со најнизок просечниот приход по глава на жител меѓу членките на ЕУ, а пред неа се Словачка со 9.826, Романија со 10.033, Унгарија со 10.217 и Грција со 10.814 ППС по жител.

The post Индекс на просперитет: Македонија на претпоследното место според стандардот за куповна моќ appeared first on Република.

]]>

Во 2022 година просечен расположлив приход по жител мерен според стандардот за куповна моќ (ППС) во Македонија изнесувал 5.988, што претставува зголемување за 41 отсто во споредба со 2017 година, покажуваат податоците на Индексот на просперитет на Легатум. Според овие податоци, дури две третини од најпросперитетните земји во светот се наоѓаат во Европа, но и меѓу нив постои значителна разлика во приходите мерени според стандардот за куповна моќ (ППС) по домаќинство, при што жителите на западните и нордиските држави имаат значително повеќе расположливи средства за трошење од оние на југот и истокот на континентот. Европската статистичка агенција – Евростат како расположлив приход на домаќинствата ги смета средствата што едно домаќинство ги има на располагање за трошење и заштеда по оданочувањето и по плаќањето на режиските трошоци. На листата на европски земји во која се вклучени членките на ЕУ и на Европската зона за слободна трговија (ЕФТА), како и кандидатите за членство во Унијата, со приходот од 5.988 ППС по жител Македонија е на претпоследното место, пред Албанија која има 4.385 ППС. Пред земјава се Турција со 6.210 ППС, Црна Гора со 6.328 и Србија со 6.968 ППС по жител. Следна на листата, пред Србија, е Бугарија со 9.671 ППС и е држава со најнизок просечниот приход по глава на жител меѓу членките на ЕУ, а пред неа се Словачка со 9.826, Романија со 10.033, Унгарија со 10.217 и Грција со 10.814 ППС по жител.

The post Индекс на просперитет: Македонија на претпоследното место според стандардот за куповна моќ appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Повеќе од 70% од граѓаните примаат плата под просечната, потрошувачката кошничка расте, а куповната моќ се намалува https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-poveke-od-70-od-graganite-primaat-plata-pod-prosechnata-potroshuvachkata-koshnichka-raste-a-kupovnata-mok-se-namaluva/ Mon, 27 Feb 2023 08:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=613609

Пресметката на просечната плата, со промена на власта новиот директор на Државниот завод за статистика ја смени. Затоа што вие добивате просечна плата врз база на одредена група на компании како примерок кој што ги земате и ги пресметувате платите кои што ги исплаќаат тие компании. Базата ја смени, и стави други компании кои што имаат повисоки плати во однос на овие од претходно, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриеска Кочоска рече дека повеќе од 70% од граѓаните во Македонија кои што примаат плата се под просечната плата.

Ајде сега да погледнеме се вели дека 34.000 денари е просечната плата во Македонија. Колку од администрацијата зема под овие 34.000 денари, како еден од најголемите вработувања? Исто е и со приватниот сектор. И ако ги побарате податоците да ви ги дадат еве од Управа јавни приходи, или од Пензискиот фонд бидејќи нели и таму плаќаме, дел од бруто платата оди таму, ќе видите дека повеќе од 70% од луѓето кои што примаат плата се под просечната плата“, заклучи таа.

Таа додаде дека срамота е вицепремиер да коментира дека се зголемува минималната и просечната плата во Македонија при тоа да не ја зеде во предвид реалната вредност на овие две плати.

Срамота е, кога ќе излезе еден вицепремиер, бидејќи тој го гледам во континуитет низ годиниве, се занимава со минималната и со просечната плата, срамота е да коментира како расте и просечната и минималната плата притоа не земајќи в предвид реалната вредност на овие две плати. Дали куповната моќ е иста или не е? Дали исто живееме или многу полошо“, запраша Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска нагласи дека со просечна плата во минатото граѓаните можеле да купат двојно повеќе работи од што можете да купат сега со просечна плата.

Еве јас имам извадено податоци за месец 08.2016 година и 2022 година од аспект на минималната плата, 10.080 денари со 32.000 денари како се зборува, тука е негде потрошувачката кошничка. А, од друга страна во 2022 година е 18.500 со 51.000, значи 8.500 имаме зголемување во минималната плата, а скоро 20.000 денари имаме зголемување во потрошувачката кошничка, укажа таа.

The post Димитриеска Кочоска: Повеќе од 70% од граѓаните примаат плата под просечната, потрошувачката кошничка расте, а куповната моќ се намалува appeared first on Република.

]]>

Пресметката на просечната плата, со промена на власта новиот директор на Државниот завод за статистика ја смени. Затоа што вие добивате просечна плата врз база на одредена група на компании како примерок кој што ги земате и ги пресметувате платите кои што ги исплаќаат тие компании. Базата ја смени, и стави други компании кои што имаат повисоки плати во однос на овие од претходно, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Димитриеска Кочоска рече дека повеќе од 70% од граѓаните во Македонија кои што примаат плата се под просечната плата.
Ајде сега да погледнеме се вели дека 34.000 денари е просечната плата во Македонија. Колку од администрацијата зема под овие 34.000 денари, како еден од најголемите вработувања? Исто е и со приватниот сектор. И ако ги побарате податоците да ви ги дадат еве од Управа јавни приходи, или од Пензискиот фонд бидејќи нели и таму плаќаме, дел од бруто платата оди таму, ќе видите дека повеќе од 70% од луѓето кои што примаат плата се под просечната плата“, заклучи таа.
Таа додаде дека срамота е вицепремиер да коментира дека се зголемува минималната и просечната плата во Македонија при тоа да не ја зеде во предвид реалната вредност на овие две плати.
Срамота е, кога ќе излезе еден вицепремиер, бидејќи тој го гледам во континуитет низ годиниве, се занимава со минималната и со просечната плата, срамота е да коментира како расте и просечната и минималната плата притоа не земајќи в предвид реалната вредност на овие две плати. Дали куповната моќ е иста или не е? Дали исто живееме или многу полошо“, запраша Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска нагласи дека со просечна плата во минатото граѓаните можеле да купат двојно повеќе работи од што можете да купат сега со просечна плата.
Еве јас имам извадено податоци за месец 08.2016 година и 2022 година од аспект на минималната плата, 10.080 денари со 32.000 денари како се зборува, тука е негде потрошувачката кошничка. А, од друга страна во 2022 година е 18.500 со 51.000, значи 8.500 имаме зголемување во минималната плата, а скоро 20.000 денари имаме зголемување во потрошувачката кошничка, укажа таа.
 
The post Димитриеска Кочоска: Повеќе од 70% од граѓаните примаат плата под просечната, потрошувачката кошничка расте, а куповната моќ се намалува appeared first on Република.

]]>
Според стандардот на куповна моќ, Македонија е на ниво од 42 отсто од просекот на ЕУ https://republika.mk/vesti/ekonomija/spored-standardot-na-kupovna-mokj-makedonija-e-na-nivo-od-42-otsto-od-prosekot-na-eu/ Sat, 17 Dec 2022 09:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=586774

Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС).

Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко од просекот на ЕУ, и изнесува 268 отсто од европскиот просек, додека Бугарија е на најниско ниво со 57 отсто од просекот на ЕУ, соопшти Монстат.

Од земјите во регионот, Хрватска има највисок БДП по глава на жител според стандардот за куповна моќ, што е 70 отсто од просекот на ЕУ, додека Црна Гора е на второ место со 48 проценти од просекот на ЕУ.

Србија е на ниво од 44 отсто од европскиот просек, Македонија на ниво од 42 проценти, Босна и Херцеговина на ниво од 33 отсто, додека Албанија е на ниво од 32 отсто од европскиот просек.

Реалната индивидуална потрошувачка по жител според СКМ, според конечните податоци меѓу земјите-членки, се движеше од 65 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија до 144 проценти од просекот на ЕУ во Луксембург“, посочува Монстат.

The post Според стандардот на куповна моќ, Македонија е на ниво од 42 отсто од просекот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС).
Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко од просекот на ЕУ, и изнесува 268 отсто од европскиот просек, додека Бугарија е на најниско ниво со 57 отсто од просекот на ЕУ, соопшти Монстат.
Од земјите во регионот, Хрватска има највисок БДП по глава на жител според стандардот за куповна моќ, што е 70 отсто од просекот на ЕУ, додека Црна Гора е на второ место со 48 проценти од просекот на ЕУ. Србија е на ниво од 44 отсто од европскиот просек, Македонија на ниво од 42 проценти, Босна и Херцеговина на ниво од 33 отсто, додека Албанија е на ниво од 32 отсто од европскиот просек.