културно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturno-leto/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 13:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png културно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturno-leto/ 32 32 Македонски музички времеплов со Националниот џез оркестар, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Зорица Поп-Анкова, Драган Мијалковски… https://republika.mk/scena/makedonski-muzichki-vremeplov-so-natsionalniot-dhez-orkestar-andrijana-janevska-dhon-ilija-apelgrin-zoritsa-pop-ankova-dragan-mijalkovski/ Thu, 15 Aug 2024 13:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=806935

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржи традиционално по 15 пат од 19-ти до 27-ми август.

На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат Националниот џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов.

Плоштадот Делфина во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика.

The post Македонски музички времеплов со Националниот џез оркестар, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Зорица Поп-Анкова, Драган Мијалковски… appeared first on Република.

]]>

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржи традиционално по 15 пат од 19-ти до 27-ми август. На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат Националниот џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов. Плоштадот Делфина во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика.

The post Македонски музички времеплов со Националниот џез оркестар, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Зорица Поп-Анкова, Драган Мијалковски… appeared first on Република.

]]>
„Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи https://republika.mk/scena/nezaborav-na-bit-fest-pesnite-na-poznatiot-kompozitor-tode-novachevski-ke-gi-otpeat-vo-zhivo-poznati-makedonski-izveduvachi/ Sun, 28 Jul 2024 12:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=801022

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“.

Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски.

На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос.

Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.

За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје.

Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи

И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова.

Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август.

Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи.

Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи appeared first on Република.

]]>

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“. Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски. На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос. Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот. За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје. Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова. Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август. Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи. Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи appeared first on Република.

]]>
Алтернативно културно-забавно лето во Охрид: Музички настапи, дружба со кафе на изгрејсонце, проекции на отворено, фотографски изложби, поетско читање, староградска пловидба… https://republika.mk/scena/alternativno-kulturno-zabavno-leto-vo-ohrid-muzichki-nastapi-druzhba-so-kafe-na-izgrejsontse-proektsii-na-otvoreno-fotografski-izlozhbi-poetsko-chitane-starogradska-plovidba/ Fri, 05 Jul 2024 08:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=793690

Фестивалот започнува на 5 јули со дводневниот настан Free Spirit Days на Скејт парк Охрид и завршува на 12 јули на Петровден со добропознатиот настан – Староградска пловидба со ВИС Билјана „Ој љубов, љубов“. Организацијата на настание е на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ и за првпат ќе има фестивалско издание.

Фестивалот ќе се отвори вечерва, на скејт-паркот во Охрид, со почеток во 18 часот со настанот „Free Spirit Day“. Најавени се музички настапи на „Rootboy Selector“, слушачка промоција на новиот алубм на „Primitive Dread“ и концертен настап, настап на „Новиот Почеток“, а потоа во клубот „Ребел“ се најавени настапи на бендот „ИСКРА“, како и на диџеите „Grinsen“ и „Fitz from the World“.

Во сабота пак, е предвидено да се одржи и традиционалниот скејт натпревар и настап на локалните диџеи „Шизика“, „Ацко“, „Достин“, „Багзи“ и „s1m3 DnB“. Исто така од 18 часот.

Еден ден потоа, на 7 јули, ќе се одржи настанот „Wake@Lake“, односно дружба со кафе на изгрејсонце на старото пристаниште во градот, кое ќе започне во 5 часот.

За на 8 и 9 јули е закажано летното кино со автомобили „Summer Drive-in Cinema“, со проекциите на филмовите „Те дуа, жими мене“ и „The Happiness Effect“. Проекциите е предвидено да започнат во 21 часот во поранешната охридска касарна.

Во склоп на фестивалот, на 10 јули во 20 часот ќе се одржи и настанот „Museum Mashup“, односно изложба на фотографии, поетско читање, музички настап и премиерна проекција на краткиот документарец „Бело платно“.

Фестивалот ќе заврши со традиционалната староградска пловидба со ВИС Билјана. Настанот ќе започне во 17:30 часот од Канео, по што ќе се плови до старото пристаниште каде ќе следува концертот на ВИС Билјана до 20:30 часот.

 

The post Алтернативно културно-забавно лето во Охрид: Музички настапи, дружба со кафе на изгрејсонце, проекции на отворено, фотографски изложби, поетско читање, староградска пловидба… appeared first on Република.

]]>

Фестивалот започнува на 5 јули со дводневниот настан Free Spirit Days на Скејт парк Охрид и завршува на 12 јули на Петровден со добропознатиот настан – Староградска пловидба со ВИС Билјана „Ој љубов, љубов“. Организацијата на настание е на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ и за првпат ќе има фестивалско издание. Фестивалот ќе се отвори вечерва, на скејт-паркот во Охрид, со почеток во 18 часот со настанот „Free Spirit Day“. Најавени се музички настапи на „Rootboy Selector“, слушачка промоција на новиот алубм на „Primitive Dread“ и концертен настап, настап на „Новиот Почеток“, а потоа во клубот „Ребел“ се најавени настапи на бендот „ИСКРА“, како и на диџеите „Grinsen“ и „Fitz from the World“. Во сабота пак, е предвидено да се одржи и традиционалниот скејт натпревар и настап на локалните диџеи „Шизика“, „Ацко“, „Достин“, „Багзи“ и „s1m3 DnB“. Исто така од 18 часот. Еден ден потоа, на 7 јули, ќе се одржи настанот „Wake@Lake“, односно дружба со кафе на изгрејсонце на старото пристаниште во градот, кое ќе започне во 5 часот. За на 8 и 9 јули е закажано летното кино со автомобили „Summer Drive-in Cinema“, со проекциите на филмовите „Те дуа, жими мене“ и „The Happiness Effect“. Проекциите е предвидено да започнат во 21 часот во поранешната охридска касарна. Во склоп на фестивалот, на 10 јули во 20 часот ќе се одржи и настанот „Museum Mashup“, односно изложба на фотографии, поетско читање, музички настап и премиерна проекција на краткиот документарец „Бело платно“. Фестивалот ќе заврши со традиционалната староградска пловидба со ВИС Билјана. Настанот ќе започне во 17:30 часот од Канео, по што ќе се плови до старото пристаниште каде ќе следува концертот на ВИС Билјана до 20:30 часот.  

The post Алтернативно културно-забавно лето во Охрид: Музички настапи, дружба со кафе на изгрејсонце, проекции на отворено, фотографски изложби, поетско читање, староградска пловидба… appeared first on Република.

]]>
16. Битолско културно лето ќе се отвори со музички спектакл https://republika.mk/scena/muzika/16-bitolsko-kulturno-leto-ke-se-otvori-so-muzichki-spektakl/ Wed, 15 May 2024 16:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=778326

Општина Битола се подготвува за реализација на уште едно незаборавно културно лето, исполнето со квалитетни културни содржини, нови концепти и традиционални манифестации.

Најголемото музичко доживување во Битола на официјалното отворање на 16 издание на БИТ ФЕСТ, најавува програма со висок квалитет.

 

За првпат, Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на отворањето на БИТ ФЕСТ 2024 ќе биде домаќин на спектакуларен настан кој ќе се одржи на 3 јули 2024 година, со почеток од 19 часот.

Следува несекојдневен настан, кој ќе постави нови стандарди во културата и музичкиот живот во Битола.

 

Подготовките се веќе започнати, а наскоро следуваат и детални информации за настанот, како и за целата културна програма на Битолскиот летен фестивал БИТ ФЕСТ.

Со ваквиот пристап, Општина Битола, продолжува да посветува посебно внимание на културниот живот во градот, овозможувајќи поддршка на домашната културна сцена, но истовремено поставувајќи ја Битола на светската културна мапа.

The post 16. Битолско културно лето ќе се отвори со музички спектакл appeared first on Република.

]]>

Општина Битола се подготвува за реализација на уште едно незаборавно културно лето, исполнето со квалитетни културни содржини, нови концепти и традиционални манифестации. Најголемото музичко доживување во Битола на официјалното отворање на 16 издание на БИТ ФЕСТ, најавува програма со висок квалитет.   За првпат, Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на отворањето на БИТ ФЕСТ 2024 ќе биде домаќин на спектакуларен настан кој ќе се одржи на 3 јули 2024 година, со почеток од 19 часот. Следува несекојдневен настан, кој ќе постави нови стандарди во културата и музичкиот живот во Битола.   Подготовките се веќе започнати, а наскоро следуваат и детални информации за настанот, како и за целата културна програма на Битолскиот летен фестивал БИТ ФЕСТ. Со ваквиот пристап, Општина Битола, продолжува да посветува посебно внимание на културниот живот во градот, овозможувајќи поддршка на домашната културна сцена, но истовремено поставувајќи ја Битола на светската културна мапа.

The post 16. Битолско културно лето ќе се отвори со музички спектакл appeared first on Република.

]]>
Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“ https://republika.mk/vesti/kultura/trpejtsa-pulsira-vo-ritamot-na-kulturno-zabavnoto-leto-na-zajdisontse/ Mon, 24 Jul 2023 15:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=664805

По свеченото отворање трпејчани и гостите во петокот вечерта го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој која потекнува од VI век .

Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридско Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на врвот се гледаат остатоци од тврдина. Утврдувањето е изведено со два паралелни ѕида, оддалечени еден од друг околу 40 м. Ширината на ѕидовите варира од 1,50 до 2,40 м. На неколку места од внатрешниот (горниот) ѕид се наоѓаат остатоци од кули

Младиот Симоноски  се осврна општо на историската димензија на овој уште докрај неистражен простор а преку фотографии ја зголеми љубопитноста на гледачите за локалитетот.

Вечерта со интерпретација на грст стихови од македонски автори посветени на Трпејца, езерото и Охрид присутните со аплауз ја поздравија изведбата на познатата македонска актерка Марија Кондовска, која домаќините одамна ја сметаат за натурализирана трпејчанка. Вечерта беше заокружена со настапот на младиот гитарист Мухамед Асан од Охрид.

Викендот, резервиран за прокеција на два документарни филмови. Во саботата  „Трпејца на дланка“ од авторот Милчо Јованоски а во режија на Томе Љушев и „Шпанец продукција“.  Свој кус но ефектен настап имаа  D ANGELS .  Синоќа беше прикажан “Охридските пливачки легенди“ од авторот и вљубеник во документаристиката Љупчо Паункоски од Охрид. Филмот зборува за подемите и падовите на Охридскиот пливачки маратон низ призмата на неколкумината маратонски пливачки асови од Охрид и Струга и нивните успеси по светот.

Со громогласен аплауз публиката го поздрави присуството на живата пливачка легенда Димитар Дики Бојаџи кој со нескриена радост и возбуда зборуваше пред присутните за своите нои за подвизите на неговата покојна сестра Атина Бојаџи и останатите пливачи – маратонци: Климе Савин, Нико Нестор...

Претпладнето домаќините и туристите заедно по традиција ја пропешачија патеката Чоколско која минува низ живописна природа и е со неодолив поглед кон езерото.

Вечерва, 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) утре – денот е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.

Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од  фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од  дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

 

 

 

The post Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>

По свеченото отворање трпејчани и гостите во петокот вечерта го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој која потекнува од VI век . Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридско Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на врвот се гледаат остатоци од тврдина. Утврдувањето е изведено со два паралелни ѕида, оддалечени еден од друг околу 40 м. Ширината на ѕидовите варира од 1,50 до 2,40 м. На неколку места од внатрешниот (горниот) ѕид се наоѓаат остатоци од кули Младиот Симоноски  се осврна општо на историската димензија на овој уште докрај неистражен простор а преку фотографии ја зголеми љубопитноста на гледачите за локалитетот. Вечерта со интерпретација на грст стихови од македонски автори посветени на Трпејца, езерото и Охрид присутните со аплауз ја поздравија изведбата на познатата македонска актерка Марија Кондовска, која домаќините одамна ја сметаат за натурализирана трпејчанка. Вечерта беше заокружена со настапот на младиот гитарист Мухамед Асан од Охрид. Викендот, резервиран за прокеција на два документарни филмови. Во саботата  „Трпејца на дланка“ од авторот Милчо Јованоски а во режија на Томе Љушев и „Шпанец продукција“.  Свој кус но ефектен настап имаа  D ANGELS .  Синоќа беше прикажан “Охридските пливачки легенди“ од авторот и вљубеник во документаристиката Љупчо Паункоски од Охрид. Филмот зборува за подемите и падовите на Охридскиот пливачки маратон низ призмата на неколкумината маратонски пливачки асови од Охрид и Струга и нивните успеси по светот. Со громогласен аплауз публиката го поздрави присуството на живата пливачка легенда Димитар Дики Бојаџи кој со нескриена радост и возбуда зборуваше пред присутните за своите нои за подвизите на неговата покојна сестра Атина Бојаџи и останатите пливачи – маратонци: Климе Савин, Нико Нестор... Претпладнето домаќините и туристите заедно по традиција ја пропешачија патеката Чоколско која минува низ живописна природа и е со неодолив поглед кон езерото. Вечерва, 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) утре – денот е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“. Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца. Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од  фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца. Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“. На крајот од  дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.      

The post Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>
„На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца https://republika.mk/vesti/kultura/na-zajdisonce-e-lokalen-kulturen-brend-od-trpejca/ Fri, 29 Jul 2022 14:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=534722

По девет дена дружба со туристите и мештаните во Трпејца синоќа беше затворено 11. Издание на културно – забавното лето„На зајдисонце“.

Честа да ја затвори манифестацијата му припадна на композиторот и хармоникашот д-р Гоце Џуклески. Тој заедно со пријателите – естрадниот уметник Мирко Вретовски и градскиот мешан хор Vox Lychnidos музички ја разубавија вечерта. Публиката слушна грст негови композиции кои се потпираат на чистата македонска музичка традиција.

Инаку, манифестацијата и годинава  вообичаено донесе десеттина настани од областа на уметноста, поезијата, музиката, спортот и забавата.

-И покрај општата финансиска криза и вечниот недостиг на средства не се откажуваме.Благодарни сме на поддршката на општина Охрид и спонзорите.Ние како организатори сме среќни што успеавме да ги реализираме сите најавени програмски содржини. Се потрудивме да внесеме и две новини за комуникацијата и поврзаноста со гледачите да стане поблиска и поцврста. За среќа тие се покажаа како полн погодок и беа одлично прифатени. Ја воведовме трката со куфери по скалинадата – скалилата во Трпејца а го имавме и конкурсот за најдобра фотографија снимена со мобилен а инспирирана од природната убавина на  Трпејца. Свесни сме дека над една деценија градиме локален културен бренд внимавајќи да не ја изгуби душата и спонтаноста, наспроти масовноста и комерцијализацијата, вели Милчо Јованоски од Здружението „За Трпејца со љубов“.

Во Трпејца на сцената под ведро небо беа отворени изложбата на канадскиот уметник со македонски корени  Мајкал Клос и изложбата на дела од минатогодишната Уметничка колонија одржана во Трпејца. Гостуваа младите од охридскиот Црвен крст со поетско – музички перформанс, поетесите – хуманитарки Вера М Самарјанин и Марика Тапанџиева, придружувани од Драган Мијалковски и Живко Поповски – Цветин. Публиката го гледаше филмот „Мирно лето“ преку три презентации  присутните се запознаа со богатството на Охридското Езеро, со новото време на роботите и минатото на Трпејца  а предавачи беа д-р Орхидеја Тасевска,д-р Анис Сефиданис и Петар Симоноски.  Публиката уживаше и во настапите на бендот  „8balls“, дуото  Black Moon“, Оркестарот и пејачката група на ФА „Ѓердан од бисери“, младите надежи Ива Чанова – флејта , Димитар Аслимоски и групата „Dancin Angels“.

Традиционално се одржаа и кајакарската регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање поддржани од асоцијацијата „Спорт за сите“ и Спортското друштво „Македонија“ од Швајцарија.

 

 

The post „На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца appeared first on Република.

]]>

По девет дена дружба со туристите и мештаните во Трпејца синоќа беше затворено 11. Издание на културно – забавното лето„На зајдисонце“. Честа да ја затвори манифестацијата му припадна на композиторот и хармоникашот д-р Гоце Џуклески. Тој заедно со пријателите – естрадниот уметник Мирко Вретовски и градскиот мешан хор Vox Lychnidos музички ја разубавија вечерта. Публиката слушна грст негови композиции кои се потпираат на чистата македонска музичка традиција. Инаку, манифестацијата и годинава  вообичаено донесе десеттина настани од областа на уметноста, поезијата, музиката, спортот и забавата. -И покрај општата финансиска криза и вечниот недостиг на средства не се откажуваме.Благодарни сме на поддршката на општина Охрид и спонзорите.Ние како организатори сме среќни што успеавме да ги реализираме сите најавени програмски содржини. Се потрудивме да внесеме и две новини за комуникацијата и поврзаноста со гледачите да стане поблиска и поцврста. За среќа тие се покажаа како полн погодок и беа одлично прифатени. Ја воведовме трката со куфери по скалинадата – скалилата во Трпејца а го имавме и конкурсот за најдобра фотографија снимена со мобилен а инспирирана од природната убавина на  Трпејца. Свесни сме дека над една деценија градиме локален културен бренд внимавајќи да не ја изгуби душата и спонтаноста, наспроти масовноста и комерцијализацијата, вели Милчо Јованоски од Здружението „За Трпејца со љубов“. Во Трпејца на сцената под ведро небо беа отворени изложбата на канадскиот уметник со македонски корени  Мајкал Клос и изложбата на дела од минатогодишната Уметничка колонија одржана во Трпејца. Гостуваа младите од охридскиот Црвен крст со поетско – музички перформанс, поетесите – хуманитарки Вера М Самарјанин и Марика Тапанџиева, придружувани од Драган Мијалковски и Живко Поповски – Цветин. Публиката го гледаше филмот „Мирно лето“ преку три презентации  присутните се запознаа со богатството на Охридското Езеро, со новото време на роботите и минатото на Трпејца  а предавачи беа д-р Орхидеја Тасевска,д-р Анис Сефиданис и Петар Симоноски.  Публиката уживаше и во настапите на бендот  „8balls“, дуото  Black Moon“, Оркестарот и пејачката група на ФА „Ѓердан од бисери“, младите надежи Ива Чанова – флејта , Димитар Аслимоски и групата „Dancin Angels“. Традиционално се одржаа и кајакарската регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање поддржани од асоцијацијата „Спорт за сите“ и Спортското друштво „Македонија“ од Швајцарија.    

The post „На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца appeared first on Република.

]]>
Роденденската концертна манифестација на Општина Кисела Вода стартуваше со весела публика и големи музички ѕвезди https://republika.mk/vesti/skopje/rodendenskata-koncertna-manifestacija-na-opshtina-kisela-voda-startuvashe-so-vesela-publika-i-golemi-muzichki-dzvezdi/ Fri, 01 Jul 2022 16:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=522243

Годинешното издание на „Културно лето 2022“, во склоп на роденденската кампања на Општина Кисела Вода, - „67 години Моја Кисела Вода“, во првите два дена ги надмина очекувањата на жителите на општината и сите други посетители, кои дојдени од различни страни, уживаа во Парк Македонија во богатата забавна програма.

 

Роденденската манифестација започна на 29ти јуни, со Хуманитарна Коријада во организација на Здружение на Пензионери – Кисела Вода, а Црвен Крст – Кисела Вода, имаше организирано лекарски тим за проверка на притисок и шеќер во крв за посетителите. По истото следеа концертите на Филип Шурбевски Езгија Квартет, како и на македонскиот великан на народната музика, Ефто Пупиноски, кои како и секогаш ја доловија убавината на македонскиот мелос преку своите уникатни музички изведби. Несомнено големо внимание привлече и концертот на познатата поп ѕвезда Влатко Лозаноски-Лозано, кој со своите најпознати хитови во еден глас пееше со присутните фанови и посетители.

Втората вечер од оваа манифестација беше наменета за младите музички артисти и фаворити кај помладата публика, - ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а крајот на вечерта свој концерт имаа и познатите ДНК, кои годинава слават и 20 години откако се на македонската музичка сцена.

 

Но забавната програма од Културното лето 2022, ветува голема забава и во преостанатите два дена. Вечерва, 01.07.2022 (петок), со почеток во 20 часот во Три Круши во Драчево, ќе настапат талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи секогаш наидуваат на голем одзив и голем број на пофалби. За збогатување на роденденската атмосфера ќе бидат задолжени и маестрата на македонската фолк музика, - Миле Кузмановски, по чиј концертен настап ќе настапат и Наум Петрески, Зуица Лазова, и Владимир Поповски со бенд.

 

Утре, на последниот ден од забавната програма на роденденот на општината, 02.07.2022 (сабота) во Расадник, денот ќе го разиграат настапите на Златно Славејче и танцовото студио Данса Латина Стефи, по која ќе следи премиерата на првото издание на „Битка на бендови“ во организација на Општина Кисела Вода. Бендовите учесници ќе се натпреваруваат за главната награда, - бесплатно организиран концерт од страна на Општина Кисела Вода.

Во летната саботна вечер на истата локација ќе настапи и еден од омилените на публиката, познатиот Боби Павловски, а роденденската манифестација и официјално ќе ја затвори познатата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ.

 

Сите настапи и концерти се отворени за сите и влезот за секој настап е бесплатен.

 

На првите два дена од манифестацијата имаше над 7500 посетители, а оваа бројка се очекува да биде уште поголема во пресрет на концертите планирани за петок и сабота.

 

Повеќе информации за роденденската кампања на општината може да се дознаат на официјалната фан страница на Општина Кисела Вода на социјалните мрежи:

https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda

The post Роденденската концертна манифестација на Општина Кисела Вода стартуваше со весела публика и големи музички ѕвезди appeared first on Република.

]]>

Годинешното издание на „Културно лето 2022“, во склоп на роденденската кампања на Општина Кисела Вода, - „67 години Моја Кисела Вода“, во првите два дена ги надмина очекувањата на жителите на општината и сите други посетители, кои дојдени од различни страни, уживаа во Парк Македонија во богатата забавна програма.   Роденденската манифестација започна на 29ти јуни, со Хуманитарна Коријада во организација на Здружение на Пензионери – Кисела Вода, а Црвен Крст – Кисела Вода, имаше организирано лекарски тим за проверка на притисок и шеќер во крв за посетителите. По истото следеа концертите на Филип Шурбевски Езгија Квартет, како и на македонскиот великан на народната музика, Ефто Пупиноски, кои како и секогаш ја доловија убавината на македонскиот мелос преку своите уникатни музички изведби. Несомнено големо внимание привлече и концертот на познатата поп ѕвезда Влатко Лозаноски-Лозано, кој со своите најпознати хитови во еден глас пееше со присутните фанови и посетители. Втората вечер од оваа манифестација беше наменета за младите музички артисти и фаворити кај помладата публика, - ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а крајот на вечерта свој концерт имаа и познатите ДНК, кои годинава слават и 20 години откако се на македонската музичка сцена.   Но забавната програма од Културното лето 2022, ветува голема забава и во преостанатите два дена. Вечерва, 01.07.2022 (петок), со почеток во 20 часот во Три Круши во Драчево, ќе настапат талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи секогаш наидуваат на голем одзив и голем број на пофалби. За збогатување на роденденската атмосфера ќе бидат задолжени и маестрата на македонската фолк музика, - Миле Кузмановски, по чиј концертен настап ќе настапат и Наум Петрески, Зуица Лазова, и Владимир Поповски со бенд.   Утре, на последниот ден од забавната програма на роденденот на општината, 02.07.2022 (сабота) во Расадник, денот ќе го разиграат настапите на Златно Славејче и танцовото студио Данса Латина Стефи, по која ќе следи премиерата на првото издание на „Битка на бендови“ во организација на Општина Кисела Вода. Бендовите учесници ќе се натпреваруваат за главната награда, - бесплатно организиран концерт од страна на Општина Кисела Вода. Во летната саботна вечер на истата локација ќе настапи и еден од омилените на публиката, познатиот Боби Павловски, а роденденската манифестација и официјално ќе ја затвори познатата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ.   Сите настапи и концерти се отворени за сите и влезот за секој настап е бесплатен.   На првите два дена од манифестацијата имаше над 7500 посетители, а оваа бројка се очекува да биде уште поголема во пресрет на концертите планирани за петок и сабота.   Повеќе информации за роденденската кампања на општината може да се дознаат на официјалната фан страница на Општина Кисела Вода на социјалните мрежи: https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda

The post Роденденската концертна манифестација на Општина Кисела Вода стартуваше со весела публика и големи музички ѕвезди appeared first on Република.

]]>