Култура Archives - Република https://republika.mk/tema/kultura/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 13:11:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Култура Archives - Република https://republika.mk/tema/kultura/ 32 32 Јаневска на Министерски состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-ministerski-sostanok-za-obrazovanie-obuka-istrazhuvane-inovatsii-i-kultura-na-zapaden-balkan/ Mon, 30 Sep 2024 13:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=821100

Ако искрената волја, ентузијазмот и напорите за развој на државите кои ги претставуваме, сите што сме тука присутни продолжиме да ги трансформираме во заеднички акции, тогаш целите полесно ќе ги остваруваме и ќе го направиме регионот препознатлив по забрзан раст и конкурентен во глобални размери.

Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на Министерскиот состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан, кој се одржува во Скопје.

Верувам како репрезенти на националните влади, сите ние имаме што да споделиме и верувам во подигнување на проактивноста на регионот во заложбите за образовен, научно – истражувачки и културолошки развој на светот. Сé е во наши раце и од нас зависи, рече министерката во поздравното обраќање.

Одговарајќи на прашања на панел-дискусија, Јаневска истакна дека за земјава, нема друга алтернатива, освен постигнување на политички консензус за долгорочна образовна стратегија и интензивно вложување во квалитетно образование за граѓаните на сите нивоа.

Како гледаме на целиот процес на градење на ефикасен и ефективен образовен систем? Универзално упатство за постапување, не постои. Но, постои едно начело кое верувам дека е секаде прифатено, а тоа е дека образовниот систем за да биде корисен, најважно е да биде во функција на задоволување на потребите на економијата, потенцираше министерката, напоменувајќи дека очекува и универзитетите да ги модернизираат студиските програми, за да не мора во потрага по интересни студии и квалитетни знаења да се оди во други земји.

Во делот на високото образование и научно-истражувачката дејност, Јаневска истакна дека земјата не отстапува ниту од вмрежувањето на нашите универзитети и научно – истражувачки установи со останатите, не само во регионот, туку и пошироко.

Во овој дел, рече таа, имаме и обврски и одговорности кои произлегуваат од Европската стратегија за универзитетите и новата европска агенда за иновации како и од Берлинскиот процес кој предвидува меѓусебна поддршка и соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, вклучувајќи го и образованието и науката.

Одговарајќи на прашањата за дигитализацијата на образовниот систем, Јаневска истакна дека земјата активно учествува во работните групи на Европската образовна област и е насочена кон воспоставување на соработка и размена на искуства со цел успешна имплементација на Европските образовни стратегии, вклучително и имплементација на стратегиските приоритети од Акцискиот план за дигитално образование.

Посочи дека училиштата континуирано се опремуваат со информатичко–комуникациска технологија, интерактивни табли, компјутери и таблет уреди за ученици со поддршка на локалните самоуправи.

Дека дигитализацијата, останува приоритет на Владата, истакна Јаневска, потврдува и фактот што пред три месеци формиравме и ново Министерство за дигитална трансформација, кое со своите ресурси ќе им помага на другите институции носители на овој процес, да ги дигитализираат соодветните области.

The post Јаневска на Министерски состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

  Ако искрената волја, ентузијазмот и напорите за развој на државите кои ги претставуваме, сите што сме тука присутни продолжиме да ги трансформираме во заеднички акции, тогаш целите полесно ќе ги остваруваме и ќе го направиме регионот препознатлив по забрзан раст и конкурентен во глобални размери. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на Министерскиот состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан, кој се одржува во Скопје.
Верувам како репрезенти на националните влади, сите ние имаме што да споделиме и верувам во подигнување на проактивноста на регионот во заложбите за образовен, научно – истражувачки и културолошки развој на светот. Сé е во наши раце и од нас зависи, рече министерката во поздравното обраќање.
Одговарајќи на прашања на панел-дискусија, Јаневска истакна дека за земјава, нема друга алтернатива, освен постигнување на политички консензус за долгорочна образовна стратегија и интензивно вложување во квалитетно образование за граѓаните на сите нивоа.
Како гледаме на целиот процес на градење на ефикасен и ефективен образовен систем? Универзално упатство за постапување, не постои. Но, постои едно начело кое верувам дека е секаде прифатено, а тоа е дека образовниот систем за да биде корисен, најважно е да биде во функција на задоволување на потребите на економијата, потенцираше министерката, напоменувајќи дека очекува и универзитетите да ги модернизираат студиските програми, за да не мора во потрага по интересни студии и квалитетни знаења да се оди во други земји.
Во делот на високото образование и научно-истражувачката дејност, Јаневска истакна дека земјата не отстапува ниту од вмрежувањето на нашите универзитети и научно – истражувачки установи со останатите, не само во регионот, туку и пошироко. Во овој дел, рече таа, имаме и обврски и одговорности кои произлегуваат од Европската стратегија за универзитетите и новата европска агенда за иновации како и од Берлинскиот процес кој предвидува меѓусебна поддршка и соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, вклучувајќи го и образованието и науката. Одговарајќи на прашањата за дигитализацијата на образовниот систем, Јаневска истакна дека земјата активно учествува во работните групи на Европската образовна област и е насочена кон воспоставување на соработка и размена на искуства со цел успешна имплементација на Европските образовни стратегии, вклучително и имплементација на стратегиските приоритети од Акцискиот план за дигитално образование. Посочи дека училиштата континуирано се опремуваат со информатичко–комуникациска технологија, интерактивни табли, компјутери и таблет уреди за ученици со поддршка на локалните самоуправи. Дека дигитализацијата, останува приоритет на Владата, истакна Јаневска, потврдува и фактот што пред три месеци формиравме и ново Министерство за дигитална трансформација, кое со своите ресурси ќе им помага на другите институции носители на овој процес, да ги дигитализираат соодветните области.  

The post Јаневска на Министерски состанок за образование, обука, истражување, иновации и култура на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање https://republika.mk/vesti/kultura/konkursite-za-poddrshka-na-proekti-od-kulturata-ke-bidat-objaveni-utre-novini-vo-nachinot-na-finansirane/ Sun, 29 Sep 2024 10:48:39 +0000 https://republika.mk/?p=820719

Министерството за култура и туризам утре ќе ги објави Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата на кои заинтересираните апликанти до 31 октомври ќе може да се пријават електронски преку националниот портал за е-услуги.

Министерот Зоран Љутков денеска на прес-конференција рече дека конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што, како што рече, се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор во културата“.

Новина е што прецизно е утврдено кој вид проект со колку средства максимално може да биде подржан, а промените се направени по анализи за досегашното финансирање, во консултации со засегнатите кои и досега се пријавувале на конкурсите и по укажувања на Државниот завод за ревизија.

Оценката на проектите ќе се врши согласно исполнувањето на општите услови кои се исти за сите подносители на проекти, како и исполнувањето на посебни услови што се јасно утврдени за секоја област поединечно. Согласно видовите на проектите и во функција на транспарентна распределба на средствата, во пријавите во годишните конкурси оваа година прецизно е утврдено кој вид на проект со колку средства максимално може да биде поддржан. Повеќе нема да има огромни дискрепанции во поддршката на проекти од ист вид, туку согласно анализите на претходно реализираните проекти, ќе бидат субвенционирани реалните потреби и трошоци за проектите - рече Љутков.

Во програмска смисла, новина оваа година е тоа што во годишните конкурси нема да се финансираат интердисциплинарните проекти и креативните индустрии и за нив Министерството, рече тој, ќе преземе други мерки и активности по препорака од Државниот завод за ревизија.

Министерот истакна дека буџетот за областите и активностите од културата за 2025 година е зголемен за 70 милиони денари и дека во првите 100 дена направиле, како што рече, вонредни напори со ребалансот на буџетот да ги сервисираат тековните обврски, со оглед на тоа што во јуни затекнале буџет во лоша состојба.

Да не ги пренесуваме во наредната година и да ја започнеме 2025 година со обезбедени средства за поддршка на квалитетни проекти во функција на развој, промоција и афирмација на нашата култура - рече Љутков.

Министерството за култура и туризам првпат оваа година донело посебни акти кои се поврзани со постапката за спроведување на Годишните конкурси за 2025 година.

Соопшти дека е донесено е Упатство за утврдување на видовите на проектите што ќе се поддржуваат, приоритетите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите, како и Упатство за критериуми за именување членови на комисиите што ќе вршат оцена на пристигнатите проекти на конкурсите. Стручните комисии по области ќе бидат и јавно објавени. Целта е на најтранспарентен начин да се овозможи објективна и издржана евалуација на апликациите и да се поддржат квалитетни проекти кои, рече министерот, ќе придонесат за развојно поместување на културата во нашата држава.

Додаде и дека во отсуство на донесена Стратегија за развој на културата, овие конкурси ќе бидат значајни зашто преку нив ќе бидат исцртани контурите на културната политика што ќе се спроведува во наредниот период.

Нашата заложба е преку годишните конкурси да ја поддржиме уметничката извонредност, да ја поттикнеме креативноста во творештвото, да ги промовираме врвните изведувачи и младите таленти, да обезбедиме заштита и одржлив развој на културното наследство, да бидеме видливи и препознатливи во европскиот културен контекст, истакна министерот за култура и туризам.

Техничките упатства и поддршка при регистрирањето, кандидатите што ќе аплицираат ќе може да најдат на веб-страницата uslugi.gov.mk и преку контакт-центарот на е-услуги.

На располагање за помош на тие што ќе аплицираат со проекти ќе бидат одделенијата односно секторите во Министерството за култура и туризам кое на својата веб-страница ќе ги објави контактите на задолжените лица и нивните е-адреси.

Исто така, во Охрид, Битола, Штип, Струмица, Гостивар и Скопје, а по можност и во други градови, во наредните денови ќе бидат организирани информативни сесии во врска со пријавувањето за заинтересираните кои сакаат да аплицираат на конкурсите.

The post Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура и туризам утре ќе ги објави Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата на кои заинтересираните апликанти до 31 октомври ќе може да се пријават електронски преку националниот портал за е-услуги. Министерот Зоран Љутков денеска на прес-конференција рече дека конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што, како што рече, се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор во културата“. Новина е што прецизно е утврдено кој вид проект со колку средства максимално може да биде подржан, а промените се направени по анализи за досегашното финансирање, во консултации со засегнатите кои и досега се пријавувале на конкурсите и по укажувања на Државниот завод за ревизија.
Оценката на проектите ќе се врши согласно исполнувањето на општите услови кои се исти за сите подносители на проекти, како и исполнувањето на посебни услови што се јасно утврдени за секоја област поединечно. Согласно видовите на проектите и во функција на транспарентна распределба на средствата, во пријавите во годишните конкурси оваа година прецизно е утврдено кој вид на проект со колку средства максимално може да биде поддржан. Повеќе нема да има огромни дискрепанции во поддршката на проекти од ист вид, туку согласно анализите на претходно реализираните проекти, ќе бидат субвенционирани реалните потреби и трошоци за проектите - рече Љутков.
Во програмска смисла, новина оваа година е тоа што во годишните конкурси нема да се финансираат интердисциплинарните проекти и креативните индустрии и за нив Министерството, рече тој, ќе преземе други мерки и активности по препорака од Државниот завод за ревизија. Министерот истакна дека буџетот за областите и активностите од културата за 2025 година е зголемен за 70 милиони денари и дека во првите 100 дена направиле, како што рече, вонредни напори со ребалансот на буџетот да ги сервисираат тековните обврски, со оглед на тоа што во јуни затекнале буџет во лоша состојба.
Да не ги пренесуваме во наредната година и да ја започнеме 2025 година со обезбедени средства за поддршка на квалитетни проекти во функција на развој, промоција и афирмација на нашата култура - рече Љутков.
Министерството за култура и туризам првпат оваа година донело посебни акти кои се поврзани со постапката за спроведување на Годишните конкурси за 2025 година. Соопшти дека е донесено е Упатство за утврдување на видовите на проектите што ќе се поддржуваат, приоритетите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите, како и Упатство за критериуми за именување членови на комисиите што ќе вршат оцена на пристигнатите проекти на конкурсите. Стручните комисии по области ќе бидат и јавно објавени. Целта е на најтранспарентен начин да се овозможи објективна и издржана евалуација на апликациите и да се поддржат квалитетни проекти кои, рече министерот, ќе придонесат за развојно поместување на културата во нашата држава. Додаде и дека во отсуство на донесена Стратегија за развој на културата, овие конкурси ќе бидат значајни зашто преку нив ќе бидат исцртани контурите на културната политика што ќе се спроведува во наредниот период. Нашата заложба е преку годишните конкурси да ја поддржиме уметничката извонредност, да ја поттикнеме креативноста во творештвото, да ги промовираме врвните изведувачи и младите таленти, да обезбедиме заштита и одржлив развој на културното наследство, да бидеме видливи и препознатливи во европскиот културен контекст, истакна министерот за култура и туризам. Техничките упатства и поддршка при регистрирањето, кандидатите што ќе аплицираат ќе може да најдат на веб-страницата uslugi.gov.mk и преку контакт-центарот на е-услуги. На располагање за помош на тие што ќе аплицираат со проекти ќе бидат одделенијата односно секторите во Министерството за култура и туризам кое на својата веб-страница ќе ги објави контактите на задолжените лица и нивните е-адреси. Исто така, во Охрид, Битола, Штип, Струмица, Гостивар и Скопје, а по можност и во други градови, во наредните денови ќе бидат организирани информативни сесии во врска со пријавувањето за заинтересираните кои сакаат да аплицираат на конкурсите.

The post Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање appeared first on Република.

]]>
Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-od-krushevo-so-kultura-i-traditsija-go-chuvame-amanetot-za-slobodna-i-demokratska-drzhava-2/ Fri, 02 Aug 2024 16:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=802850

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција.

Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“.

Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“.

„Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава.

Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“.

Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници.

По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“.

Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.

The post Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција. Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“. Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“. „Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава. Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“. Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници. По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“. Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.  

The post Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава appeared first on Република.

]]>
Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ilindenskite-denovi-vo-bitola-se-ogledalo-na-multikulturnata-raznovidnost/ Sat, 27 Jul 2024 11:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=800740

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се обрати на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
„Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од ʼкомитскотоʻ и драматиката на ʼтешкотоʻ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат“, истакна министерот Љутков.
Тој дополни дека посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите.
Истакнувајќи дека „Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност“, министерот Љутков потенцираше дека „се и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности“.

Од име на Министерството за култура и туризам и лично, министерот Љутков изрази уверување дека во годините пред нас значително ќе се зголеми финансиската поддршка за фолклорните ансамбли во градовите низ државава и ќе се обезбедат средства за нивно успешно функционирање и промоција.
Придружната програма на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ започна на 19 јули, а на официјалното отворање се одржа традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак. На вечерта посветена на традиционалната музика и игра, КУД „Илинден“ од Битола го изведе орото „Комитско“. Се одржа и Саем на книги инспирирани од македонската традиција и култура и промоција на македонски автори, а, меѓу другото, свечено беше отворена и 5. конференција: „Етномузикологијата и етнокореологијата и практикувањето на фолклорот на Балканот“.

The post Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се обрати на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. „Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од ʼкомитскотоʻ и драматиката на ʼтешкотоʻ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат“, истакна министерот Љутков. Тој дополни дека посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите. Истакнувајќи дека „Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност“, министерот Љутков потенцираше дека „се и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности“. Од име на Министерството за култура и туризам и лично, министерот Љутков изрази уверување дека во годините пред нас значително ќе се зголеми финансиската поддршка за фолклорните ансамбли во градовите низ државава и ќе се обезбедат средства за нивно успешно функционирање и промоција. Придружната програма на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ започна на 19 јули, а на официјалното отворање се одржа традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак. На вечерта посветена на традиционалната музика и игра, КУД „Илинден“ од Битола го изведе орото „Комитско“. Се одржа и Саем на книги инспирирани од македонската традиција и култура и промоција на македонски автори, а, меѓу другото, свечено беше отворена и 5. конференција: „Етномузикологијата и етнокореологијата и практикувањето на фолклорот на Балканот“.

The post Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност appeared first on Република.

]]>
Љутков: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе придонесува за економијата во државата https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-zaedno-so-turizmot-kulturata-ke-stane-profitabilna-dejnost-i-ke-pridonesuva-za-ekonomijata-vo-drzhavata/ Wed, 24 Jul 2024 08:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=799755

Културата долго време се третира како ресор кој што само ги троши средствата, а не придонесува за буџетот на државата. Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата. Имаме законска рамка да го фузираме туризмот во културата и до крајот на годината ќе ја имаме точната платформа како ќе се претставиме во 2025 година. Од следната година ќе изработиме Национална стратегија за развој на туризмот, но и за развој на културата, бидејќи од 2022 година немаме нови стратегии, вели во интервју за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Во врска со припојувањето на туризмот кон Министерството, кој претходно беше под надлежност на Министерството за економија, Љутков појасни дека нови вработувања нема да има, бидејќи вработени во Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура.

Многу е важно после долги години да се прават реорганизации во министерствата врз основа на некакви статистики кои што се спроведувани во изминативе години и нормално некакви потреби. Ние неколку години анализираме што е потребно да се промени во овој важен ресор, а тоа е да придонесува, државата да има економски бенефит од културата. Мислам дека заедно со културниот туризам, бидејќи тој моментално е најразвиен во државата, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата, вели Љутков за МИА.

Секако, напомена, тука постојат многу процеси. Како што најави, ќе почнат да го развиваат културниот, а најмногу транзитниот туризам.

Ќе го развиваме транзитниот туризам, кој што во моментов ни е најважен. Станува збор за Е-75 автопатот од Србија преку Македонија, до Грција, бидејќи тука имаме и археолошки локалитети, а можеме да го развиваме и винскиот туризам. Тука има и хотели, со оглед на тоа што во близина е велешкото езеро. Мислам дека повеќе на тој дел ќе се фокусираме во овој период, а после 2025 година ќе имаме конкретна програма, додаде Љутков.

Како што посочи, вработени од Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура во моментот кога ќе биде завршена новата систематизација на која што се работи, а потоа и Агенцијата за развој и поддршка на туризмот нема да биде орган во состав на Министерството за економија, туку ќе биде орган во состав на Министерството за култура.

Ова, како што рече, ќе биде процес на кој што ќе се работи во наредниот период.

Во интервјуто за МИА Љутков коментирајќи го Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата, напомена дека вработените во Министерството за култура секогаш професионално си ја вршеле работата и професионално ги изработувале апликациите за програмите.

Според Љутков, критиките за Конкурсот се однесуваат во однос на критериумите и правилата кои што се поставувале во годишните конкурси.

Министерот најави дека ќе воспостават нови правила и критериуми со цел заштита од сите влијанија кои што претходните години биле проблематични.

Во моментот се работи и мислам дека во текот на месец август ќе бидат готови правилниците за тоа како ќе се конкурира во септември 2024 година, за да ги немаме истите проблеми кои сме ги имале од претходниците. Тоа било од неажурност на министерот за култура, рече Љутков.

Во однос на тоа што ќе се случи со Универзалната сала, министерот Љутков рече дека нема забелешки од извештаите по однос на самата изградба на салата и напомена дека го чека извештајот од првата фаза на градбата, кој би требало да го добие следните денови. Но, како што рече, тој има проблем со процесот како се случувала постапката.

Кога ќе кажам дека не ставам потпис во понатамошната постапка, тоа значи дека се сомневам во одредени процеси, бидејќи јас нешто во моментот наследувам, а тоа е капитален објект. Прво, немам никакви забелешки од извештаите по однос на изградбата. Изведувачот си ја работи работата како што си ја работи. Беше отворена втората фаза за тендерирање, но ние се уште немавме информации од првата фаза или од пожарот. Во овој период добив информација дека за ден, два ќе го добиеме извештајот и втората фаза ќе може да си продолжи. Но, јас имам проблем со постапката. Тој процес го испитувам. Ако таа не е во ред, тогаш ќе донесеме одлука што ќе се случува во процесот понатаму. Ако постапката не е во ред, тогаш нема јас, туку државата ќе го стопира процесот. Но, како и да е, во овој момент во Универзалната сала се работи по сите правила и прописи, рече Љутков.

Сепак, тој е дециден дека иако Универзалната сала е важна за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”, таа не е единствената институција. Напомена дека Министерството за култура ќе ги вложи сите капацитети во финансирање, но и во модернизирање на сите останати национални установи, кои би можеле да бидат на располагање во 2028 година.

Постојат и други институции кои што се под надлежност и на Град Скопје и на Министерството за култура и туризам. Ние како партнери на Град Скопје во титулата „Скопје европска престолнина на културата 2028 година“ ќе ги вложиме сите наши капацитети. Не само финансиски капацитети, туку ќе ги вложиме сите просторни услови кои што ги нудиме, а исто така сакаме да вложиме и во модернизирање на сите национални установи за да бидат на располагање во 2028 година, додаде Љутков.

Ако се тече како што треба, ако сите извештаи се во ред и ако буџетски сме како што треба да бидеме од 2025 година натаму, Љутков рече дека до крајот на 2027 година ќе бидат готови со сите проекти кои што ги започнале и во 2028 година ќе бидеме европски домаќини.

Љутков во интервју за МИА информира и дека се готови ревизорските извештаи како и извештајот од Министерството за култура за Агенцијата за филм и истите ќе бидат упатени до надлежните институции. Внатрешната ревизија во Агенцијата за филм беше извршена во текот на април и мај оваа година од Министерството за култура. Љутков неодамна посочи дека оваа Агенција должи некаде околу 11 милиони евра.

Проблемот настанува кога после 2018 година, буџетот кој што бил некаде околу седум до осум милиони евра на годишно ниво, наеднаш паѓа на околу два и пол милиони евра. Бидејќи тие не можат да се помират со фактот дека власта го намалува буџетот, си продолжуваат со еден процес кој се вели вака: „на необезбедени средства во текот на наредната година, вие склучувате договори на двојно повеќе“. Ова значи, ако имате договор на два и пол милиони евра за следната година, вие склучувате договори на речиси пет милиони евра и тие ги провлекувате во текот на годините, вели Љутков за МИА.

Тој напомена дека сега се наоѓаат во ситуација кога четири филма кои што имаат склучено договори, имаат обезбедно услови и имаат законски рок од пет години да го реализираат филмот, а во оваа година им истекува законскиот рок.

Министерот најави и дека в петок ќе оствари средба со официјалните лица од Друштвото на филмски работници (ДФРМ), но тоа, како што рече, не може да донесе некакви промени.

Во однос на Законот за употреба на македонски јазик, Љутков потсети дека истиот помина во Собранието и на следната владина седница ќе се назначи нов директор на Инспекторатот за примена на македонскиот стандарден јазик, а подоцна ќе следат и вработувањата.

Законот за употреба на македонски јазик во 2020 година имаше една несреќна јавна дебата. Ние како опозиција, со сите капацитети кои што ги имавме го стопиравме донесувањето на тој Закон бидејќи воопшто не беше направен според стандардите како што треба да биде донесен еден закон. Потоа, тој стоеше три години заглавен во собраниските лавиринти. Подоцна, поднесовме амандмани кои што беа прифатени и од Министерството за култура и од тогашната позиција. Заеднички го донесовме тој закон во 2024 година, кој што предвидува формирање на Инспекторат, рече Љутков.

Тој објасни дека Законот е добар, бидејќи неговото спроведување е во надлежност на сите засегнати субјекти на законодавната, судската, извршната власт и на единиците на локалната самоуправа.

Ќе биде малку тешко на почеток, но се надевам дека ќе успееме во овој процес, бидејќи еве скоро месец дена сме на позиција, во најбрз можен рок ќе го поминеме на седница на Влада, додаде министерот за култура и туризам.

Прашан за тоа како ќе се справи со дивоградбите во Охрид, знаејќи дека станува збор за проблем кој што постои подолг период, Љутков одговори дека ова е проблем кој што ќе се решава со сите засегнати страни.

-Не е Министерството за култура надлежно во овие процеси. Министерот за култура е претседател на Националната комисија за УНЕСКО. На утрешната седница на Влада ќе биде назначена новата национална комисија за УНЕСКО, која содржи многу професионалци во областа и ги содржи предлозите на сите релевантни институции. Тука се вклучени Министерството за транспорт и врски, но и локалните единици што значи дека во целиот овој процес заеднички мора да се договориме кои ќе бидат приоритетите. Не може само еден да ги носи одлуките, појасни Љутков во интервјуто за МИА, кое го снимавме вчера.

Како што рече, фокусот ќе му биде да ги обедини сите овие институции, да направи работно тело кое што на крајот ќе донесе заклучок како да се справат со сите овие проблеми.

Тоа што до сега не е постигнато, е затоа што немало комуникација меѓу засегнатите страни, рече Љутков.

Во однос на идните активности, Љутков најави дека ќе треба да се донесат многу нови законски измени со цел да се спроведат реформите кои што следуваат во 2025 година.

Генерално, ќе мора да се посветиме на многу процеси. Ќе продолжиме со новиот Предлог закон за култура. Тука имаме и нов Предлог на закони во заштита на културното наследство. Ќе мора да се донесат многу законски измени и нови закони за да можеме да ги спроведеме реформите кои што ќе следуваат во 2025 година. Главен приоритет како „круна“ која што ќе ни го означи мандатот, ќе биде „Скопје европска престолнина на културата во 2028 година“, појасни Љутков.

The post Љутков: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе придонесува за економијата во државата appeared first on Република.

]]>

Културата долго време се третира како ресор кој што само ги троши средствата, а не придонесува за буџетот на државата. Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата. Имаме законска рамка да го фузираме туризмот во културата и до крајот на годината ќе ја имаме точната платформа како ќе се претставиме во 2025 година. Од следната година ќе изработиме Национална стратегија за развој на туризмот, но и за развој на културата, бидејќи од 2022 година немаме нови стратегии, вели во интервју за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во врска со припојувањето на туризмот кон Министерството, кој претходно беше под надлежност на Министерството за економија, Љутков појасни дека нови вработувања нема да има, бидејќи вработени во Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура.
Многу е важно после долги години да се прават реорганизации во министерствата врз основа на некакви статистики кои што се спроведувани во изминативе години и нормално некакви потреби. Ние неколку години анализираме што е потребно да се промени во овој важен ресор, а тоа е да придонесува, државата да има економски бенефит од културата. Мислам дека заедно со културниот туризам, бидејќи тој моментално е најразвиен во државата, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата, вели Љутков за МИА.
Секако, напомена, тука постојат многу процеси. Како што најави, ќе почнат да го развиваат културниот, а најмногу транзитниот туризам.
Ќе го развиваме транзитниот туризам, кој што во моментов ни е најважен. Станува збор за Е-75 автопатот од Србија преку Македонија, до Грција, бидејќи тука имаме и археолошки локалитети, а можеме да го развиваме и винскиот туризам. Тука има и хотели, со оглед на тоа што во близина е велешкото езеро. Мислам дека повеќе на тој дел ќе се фокусираме во овој период, а после 2025 година ќе имаме конкретна програма, додаде Љутков.
Како што посочи, вработени од Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура во моментот кога ќе биде завршена новата систематизација на која што се работи, а потоа и Агенцијата за развој и поддршка на туризмот нема да биде орган во состав на Министерството за економија, туку ќе биде орган во состав на Министерството за култура. Ова, како што рече, ќе биде процес на кој што ќе се работи во наредниот период. Во интервјуто за МИА Љутков коментирајќи го Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата, напомена дека вработените во Министерството за култура секогаш професионално си ја вршеле работата и професионално ги изработувале апликациите за програмите. Според Љутков, критиките за Конкурсот се однесуваат во однос на критериумите и правилата кои што се поставувале во годишните конкурси. Министерот најави дека ќе воспостават нови правила и критериуми со цел заштита од сите влијанија кои што претходните години биле проблематични.
Во моментот се работи и мислам дека во текот на месец август ќе бидат готови правилниците за тоа како ќе се конкурира во септември 2024 година, за да ги немаме истите проблеми кои сме ги имале од претходниците. Тоа било од неажурност на министерот за култура, рече Љутков.
Во однос на тоа што ќе се случи со Универзалната сала, министерот Љутков рече дека нема забелешки од извештаите по однос на самата изградба на салата и напомена дека го чека извештајот од првата фаза на градбата, кој би требало да го добие следните денови. Но, како што рече, тој има проблем со процесот како се случувала постапката.
Кога ќе кажам дека не ставам потпис во понатамошната постапка, тоа значи дека се сомневам во одредени процеси, бидејќи јас нешто во моментот наследувам, а тоа е капитален објект. Прво, немам никакви забелешки од извештаите по однос на изградбата. Изведувачот си ја работи работата како што си ја работи. Беше отворена втората фаза за тендерирање, но ние се уште немавме информации од првата фаза или од пожарот. Во овој период добив информација дека за ден, два ќе го добиеме извештајот и втората фаза ќе може да си продолжи. Но, јас имам проблем со постапката. Тој процес го испитувам. Ако таа не е во ред, тогаш ќе донесеме одлука што ќе се случува во процесот понатаму. Ако постапката не е во ред, тогаш нема јас, туку државата ќе го стопира процесот. Но, како и да е, во овој момент во Универзалната сала се работи по сите правила и прописи, рече Љутков.
Сепак, тој е дециден дека иако Универзалната сала е важна за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”, таа не е единствената институција. Напомена дека Министерството за култура ќе ги вложи сите капацитети во финансирање, но и во модернизирање на сите останати национални установи, кои би можеле да бидат на располагање во 2028 година.
Постојат и други институции кои што се под надлежност и на Град Скопје и на Министерството за култура и туризам. Ние како партнери на Град Скопје во титулата „Скопје европска престолнина на културата 2028 година“ ќе ги вложиме сите наши капацитети. Не само финансиски капацитети, туку ќе ги вложиме сите просторни услови кои што ги нудиме, а исто така сакаме да вложиме и во модернизирање на сите национални установи за да бидат на располагање во 2028 година, додаде Љутков.
Ако се тече како што треба, ако сите извештаи се во ред и ако буџетски сме како што треба да бидеме од 2025 година натаму, Љутков рече дека до крајот на 2027 година ќе бидат готови со сите проекти кои што ги започнале и во 2028 година ќе бидеме европски домаќини. Љутков во интервју за МИА информира и дека се готови ревизорските извештаи како и извештајот од Министерството за култура за Агенцијата за филм и истите ќе бидат упатени до надлежните институции. Внатрешната ревизија во Агенцијата за филм беше извршена во текот на април и мај оваа година од Министерството за култура. Љутков неодамна посочи дека оваа Агенција должи некаде околу 11 милиони евра.
Проблемот настанува кога после 2018 година, буџетот кој што бил некаде околу седум до осум милиони евра на годишно ниво, наеднаш паѓа на околу два и пол милиони евра. Бидејќи тие не можат да се помират со фактот дека власта го намалува буџетот, си продолжуваат со еден процес кој се вели вака: „на необезбедени средства во текот на наредната година, вие склучувате договори на двојно повеќе“. Ова значи, ако имате договор на два и пол милиони евра за следната година, вие склучувате договори на речиси пет милиони евра и тие ги провлекувате во текот на годините, вели Љутков за МИА.
Тој напомена дека сега се наоѓаат во ситуација кога четири филма кои што имаат склучено договори, имаат обезбедно услови и имаат законски рок од пет години да го реализираат филмот, а во оваа година им истекува законскиот рок. Министерот најави и дека в петок ќе оствари средба со официјалните лица од Друштвото на филмски работници (ДФРМ), но тоа, како што рече, не може да донесе некакви промени. Во однос на Законот за употреба на македонски јазик, Љутков потсети дека истиот помина во Собранието и на следната владина седница ќе се назначи нов директор на Инспекторатот за примена на македонскиот стандарден јазик, а подоцна ќе следат и вработувањата.
Законот за употреба на македонски јазик во 2020 година имаше една несреќна јавна дебата. Ние како опозиција, со сите капацитети кои што ги имавме го стопиравме донесувањето на тој Закон бидејќи воопшто не беше направен според стандардите како што треба да биде донесен еден закон. Потоа, тој стоеше три години заглавен во собраниските лавиринти. Подоцна, поднесовме амандмани кои што беа прифатени и од Министерството за култура и од тогашната позиција. Заеднички го донесовме тој закон во 2024 година, кој што предвидува формирање на Инспекторат, рече Љутков.
Тој објасни дека Законот е добар, бидејќи неговото спроведување е во надлежност на сите засегнати субјекти на законодавната, судската, извршната власт и на единиците на локалната самоуправа.
Ќе биде малку тешко на почеток, но се надевам дека ќе успееме во овој процес, бидејќи еве скоро месец дена сме на позиција, во најбрз можен рок ќе го поминеме на седница на Влада, додаде министерот за култура и туризам.
Прашан за тоа како ќе се справи со дивоградбите во Охрид, знаејќи дека станува збор за проблем кој што постои подолг период, Љутков одговори дека ова е проблем кој што ќе се решава со сите засегнати страни.
-Не е Министерството за култура надлежно во овие процеси. Министерот за култура е претседател на Националната комисија за УНЕСКО. На утрешната седница на Влада ќе биде назначена новата национална комисија за УНЕСКО, која содржи многу професионалци во областа и ги содржи предлозите на сите релевантни институции. Тука се вклучени Министерството за транспорт и врски, но и локалните единици што значи дека во целиот овој процес заеднички мора да се договориме кои ќе бидат приоритетите. Не може само еден да ги носи одлуките, појасни Љутков во интервјуто за МИА, кое го снимавме вчера.
Како што рече, фокусот ќе му биде да ги обедини сите овие институции, да направи работно тело кое што на крајот ќе донесе заклучок како да се справат со сите овие проблеми.
Тоа што до сега не е постигнато, е затоа што немало комуникација меѓу засегнатите страни, рече Љутков.
Во однос на идните активности, Љутков најави дека ќе треба да се донесат многу нови законски измени со цел да се спроведат реформите кои што следуваат во 2025 година.
Генерално, ќе мора да се посветиме на многу процеси. Ќе продолжиме со новиот Предлог закон за култура. Тука имаме и нов Предлог на закони во заштита на културното наследство. Ќе мора да се донесат многу законски измени и нови закони за да можеме да ги спроведеме реформите кои што ќе следуваат во 2025 година. Главен приоритет како „круна“ која што ќе ни го означи мандатот, ќе биде „Скопје европска престолнина на културата во 2028 година“, појасни Љутков.
 
The post Љутков: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе придонесува за економијата во државата appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: По 50 милиони евра се предвидени за проекти во културата и спортот https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-po-50-milioni-evra-se-predvideni-za-proekti-vo-kulturata-i-sportot/ Sat, 20 Apr 2024 16:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=768529

Денеска сме повторно тука во Куманово заедно со кандидатите за пратеници од Куманово, заедно со Бобан, со Бране, со Мартина, го започна говорот Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Ќе имаме еден убав настан, може и да видите позади нас, многу народ насобран, да зборуваме за позитивни и убави нешта, да зборуваме за нашата „Платформа 1198“, каде што има прекрасни проекти. Каде што ќе зборуваме за 50 милиони евра во наредниот период директно за културата, 50 милиони евра директно за спортистите. Каде што ќе зборуваме за проектот „Купи куќа за млади“, за повисоки пензии, за повисоки плати, за над две милијарди евра во инфраструктурата. Секоја година по 250 милиони евра за сите општини во Македонија односно за една позитивна и убава Македонија, рече Мисајловски.

Тој додаде, сакаме да ги поканиме сите граѓани да ни се приклучат за да ја погледнат нашата програма и да се пронајдат во нејзе. И се разбира да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ на осми мај, но претходно се разбира и на 24-ти април за нашата професорка Гордана Силјановска Давкова, за новата претседателка.

The post Мисајловски: По 50 милиони евра се предвидени за проекти во културата и спортот appeared first on Република.

Бисера ги набројува неизградените проекти во културата https://republika.mk/vesti/makedonija/bisera-gi-nabrojuva-neizgradenite-proekti-vo-kulturata/ Fri, 29 Mar 2024 18:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=760250

Дека владата на СДСМ и ДУИ не сработи ништо за овие години на власт, говори и видеото во кое министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, ги набројува неизградените проекти во културата.

The post Бисера ги набројува неизградените проекти во културата appeared first on Република.

Ѓоргоска Илиевска: Буџетот за 2024 година е поразителен за културата во Македонија и допрва ќе следат проблемите од него https://republika.mk/vesti/makedonija/gorgoska-ilievska-budhetot-za-2024-godina-e-porazitelen-za-kulturata-vo-makedonija-i-doprva-ke-sledat-problemite-od-nego/ Wed, 14 Feb 2024 19:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=744200

Од самиот Буџет произлегуваат сите други проблеми кои се појавуваат во културата. Сведоци сме дека кога се донесе Буџетот за оваа 2024 година и покрај настојувањата на пратениците од опозицијата и бројните амандмани кои беа дадени во однос на културата не беа прифатени. Сведоци сме дека имаме поразителен Буџет кога станува збор за култура. Зошто го велам ова? Затоа што правевме некој анализи знаејќи дека овој Буџет потоа ќе придонесе за низа проблеми кои ќе се провлекуваат во текот на годината на што и сме сведоци“, истакна Мими Ѓоргоска Илиевска претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.

Таа продолжи и додаде дека Буџетот за 2024-та година ќе донесе низа проблеми кои ќе се јавуваат во текот на годината.

Уделот на Министерството за култура во вкупниот Буџет на Република Македонија во 2010-та година бил 2.24%, потоа во 2011-та бил 2.14%. До 2017-та година уделот никогаш е бил понизок од 2 проценти. Од 2017 година па наваму уделот на Министерството за култура во вкупниот Буџет на Република Македонија континуирано се намалува, паѓа под 2 проценти така што оваа година 2024-та година процентот е 1.34 што е навистина поразително мал процент - кажа Ѓоргоска Илиевска.

Таа потенцираше дека уделот на Буџетот за култура е минимален.

Уделот од тие 1,34%, не повеќе од 40% не се ни 40%, се предвидени за реализација на програмски активности и проекти, а останатиот дел е предвиден за плати за вработените - кажа Ѓоргоска Илиевска.

Таа рече дека не може да се креира Буџет, бидејќи се нема национална стратегија за култура.

За жал немаме национална стратегија за култура. Не можете да креирате Буџет а да немате национална стратегија за култура затоа што со таа национална стратегија за култура вие ја согледувате најпрвин актуелната, моменталната состојба во култура, потоа предвидувате одредени мерки со кои ќе се подобрат состојбите и акциски план како и што ќе се работи во однос на креирањето културни политики, стратешки цели, реализација на проекти, програмски проекти за националните институции, капитални проекти, инвестиции итн - изјави Ѓоргоска Илиевска.

Таа истакна дека покрај национална стратегија за култура потребно е да има и национална стратегија за заштита на културното наследство.

Сведоци сме дека од 2018-та година до денес, се работи на некоја национална стратегија за заштита на културното наследство, но континуирано се менуваат членови на работни групи, се прави една верзија, друга верзија, трета верзија, но немаме документ за национална стратегија за заштита на културно наследство - заклучи Ѓоргоска Илиевска.

The post Ѓоргоска Илиевска: Буџетот за 2024 година е поразителен за културата во Македонија и допрва ќе следат проблемите од него appeared first on Република.

]]>

Од самиот Буџет произлегуваат сите други проблеми кои се појавуваат во културата. Сведоци сме дека кога се донесе Буџетот за оваа 2024 година и покрај настојувањата на пратениците од опозицијата и бројните амандмани кои беа дадени во однос на културата не беа прифатени. Сведоци сме дека имаме поразителен Буџет кога станува збор за култура. Зошто го велам ова? Затоа што правевме некој анализи знаејќи дека овој Буџет потоа ќе придонесе за низа проблеми кои ќе се провлекуваат во текот на годината на што и сме сведоци“, истакна Мими Ѓоргоска Илиевска претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа. Таа продолжи и додаде дека Буџетот за 2024-та година ќе донесе низа проблеми кои ќе се јавуваат во текот на годината.
Уделот на Министерството за култура во вкупниот Буџет на Република Македонија во 2010-та година бил 2.24%, потоа во 2011-та бил 2.14%. До 2017-та година уделот никогаш е бил понизок од 2 проценти. Од 2017 година па наваму уделот на Министерството за култура во вкупниот Буџет на Република Македонија континуирано се намалува, паѓа под 2 проценти така што оваа година 2024-та година процентот е 1.34 што е навистина поразително мал процент - кажа Ѓоргоска Илиевска.
Таа потенцираше дека уделот на Буџетот за култура е минимален.
Уделот од тие 1,34%, не повеќе од 40% не се ни 40%, се предвидени за реализација на програмски активности и проекти, а останатиот дел е предвиден за плати за вработените - кажа Ѓоргоска Илиевска.
Таа рече дека не може да се креира Буџет, бидејќи се нема национална стратегија за култура.
За жал немаме национална стратегија за култура. Не можете да креирате Буџет а да немате национална стратегија за култура затоа што со таа национална стратегија за култура вие ја согледувате најпрвин актуелната, моменталната состојба во култура, потоа предвидувате одредени мерки со кои ќе се подобрат состојбите и акциски план како и што ќе се работи во однос на креирањето културни политики, стратешки цели, реализација на проекти, програмски проекти за националните институции, капитални проекти, инвестиции итн - изјави Ѓоргоска Илиевска.
Таа истакна дека покрај национална стратегија за култура потребно е да има и национална стратегија за заштита на културното наследство.
Сведоци сме дека од 2018-та година до денес, се работи на некоја национална стратегија за заштита на културното наследство, но континуирано се менуваат членови на работни групи, се прави една верзија, друга верзија, трета верзија, но немаме документ за национална стратегија за заштита на културно наследство - заклучи Ѓоргоска Илиевска.

The post Ѓоргоска Илиевска: Буџетот за 2024 година е поразителен за културата во Македонија и допрва ќе следат проблемите од него appeared first on Република.

]]>
Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-vo-tetovo-ovaa-godina-se-investirani-147-milioni-denari-najmnogu-za-teatarot-i-bibliotekata/ Tue, 12 Dec 2023 12:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=722183

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска за време на нејзината посета на Општина Тетово информираше дека за санација на Музејот на тетовскиот крај се вложени 4,5 милиони денари и се обезбедени подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во Тетово.

Костадиновска Стојчевска, која го посети Тетово заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, изјави дека Министерството за култура само како поддршка вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи.

Таа информираше дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел се наменети за изградба на капиталниот објект наменет за театар и библиотека во Тетово. За во следната 2024 година се планирани уште финансиски средства.

Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и во околината. Корисниците на конкурсот „Култура во лето“ покажаа талент и знаење со кој донесоа нова свежина во културната понуда за Тетовчани во сите уметнички области, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека основале и нова Национална установа Музички ансамбл во Република Македонија во Тетово, чија основна дејност е изведба, промоција и афирмација на албанската класична џез вокална и вокално инструментална музика.

Подеднакво вложуваме и во заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура. Продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Света Богородица“ во Лешок, рече Костадиновска Стојчевска.

Потсети дека е завршен и повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алимбеговата куќа“. За проектот беа издвоени 2,5 милиони денари.

Прашана во врска со реставрацијата на Тетовското кале, Костадиновска Стојчевска рече дека управувањето со Тетовско кале е исто како што е и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа.

Конзервацијата, реставрацијата и реновирањето е под надлежност на Националната установа од областа на заштита на културно наследство. Самото управување со Тетовско кале е исто како што и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа. Ова значи дена надлежностата е поделена, но тука треба локалната самоуправа да си преземе мерки, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска за време на нејзината посета на Општина Тетово информираше дека за санација на Музејот на тетовскиот крај се вложени 4,5 милиони денари и се обезбедени подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во Тетово.
Костадиновска Стојчевска, која го посети Тетово заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, изјави дека Министерството за култура само како поддршка вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи.
Таа информираше дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел се наменети за изградба на капиталниот објект наменет за театар и библиотека во Тетово. За во следната 2024 година се планирани уште финансиски средства.
Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и во околината. Корисниците на конкурсот „Култура во лето“ покажаа талент и знаење со кој донесоа нова свежина во културната понуда за Тетовчани во сите уметнички области, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа потсети дека основале и нова Национална установа Музички ансамбл во Република Македонија во Тетово, чија основна дејност е изведба, промоција и афирмација на албанската класична џез вокална и вокално инструментална музика.
Подеднакво вложуваме и во заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура. Продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Света Богородица“ во Лешок, рече Костадиновска Стојчевска.
Потсети дека е завршен и повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алимбеговата куќа“. За проектот беа издвоени 2,5 милиони денари. Прашана во врска со реставрацијата на Тетовското кале, Костадиновска Стојчевска рече дека управувањето со Тетовско кале е исто како што е и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа.
Конзервацијата, реставрацијата и реновирањето е под надлежност на Националната установа од областа на заштита на културно наследство. Самото управување со Тетовско кале е исто како што и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа. Ова значи дена надлежностата е поделена, но тука треба локалната самоуправа да си преземе мерки, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката appeared first on Република.

]]>
Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип https://republika.mk/vesti/kultura/nad-78-milioni-denari-poddrshka-za-trite-natsionalni-ustanovi-od-kulturata-vo-shtip/ Wed, 06 Dec 2023 15:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=720412

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата во Штип, да создава услови и поволна клима за нејзин развој.

Во Штип годинава, за функционирањето на трите национални установи (Центар за култура, Завод и музеј и Универзитетска библиотека) се издвоени над 78 милиони денари, додека за програмските содржини се вложени повеќе од осум милиони денари – изјави министерката при посетата на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека сите проекти што се предвидени во програмите на националните установи во Штип се реализираат тековно, а, како што рече, од огромна важност е што се реализираат проекти и инвестиции со сопствени средства, со што се демонстрира домаќинско работење и менаџерски однос во културата.

Министерството за култура вложува во библиотечната дејност и за оваа установа годинава се обезбедени речиси 18 милиони денари, од кои над милион денари за програмски активости.

Штипската библиотека прави големи напори за доближување на книгата до домот на секој корисник преку подвижната библиотека „Инфобус“ и преку активностите наменети за лицата со посебни потреби – истакна Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека библиотечната дејност во овој град успешно се унапредува преку многубројни проекти, како и преку настаните со кои се одбележа 100-годишнината од раѓањето на нашиот поетски великан, Ацо Шопов, кој е роден токму во Штип.

Министерката за култура го поздрави и успешното функционирање на првата регионална канцеларија „МладиХаб“ во Штип, која се наоѓа во објектот на Центарот за култура.

Костадиновска-Стојчевска се осврна и на заштитата на нашето археолошко, архивско, архитектонско богатство градено со векови, за кое рече дека континуирано е поддржано од Министерството за култура.

Го саниравме Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, искучително значајно дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век – рече Костадиновска-Стојчевска.

The post Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата во Штип, да создава услови и поволна клима за нејзин развој.
Во Штип годинава, за функционирањето на трите национални установи (Центар за култура, Завод и музеј и Универзитетска библиотека) се издвоени над 78 милиони денари, додека за програмските содржини се вложени повеќе од осум милиони денари – изјави министерката при посетата на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.
Костадиновска-Стојчевска нагласи дека сите проекти што се предвидени во програмите на националните установи во Штип се реализираат тековно, а, како што рече, од огромна важност е што се реализираат проекти и инвестиции со сопствени средства, со што се демонстрира домаќинско работење и менаџерски однос во културата. Министерството за култура вложува во библиотечната дејност и за оваа установа годинава се обезбедени речиси 18 милиони денари, од кои над милион денари за програмски активости.
Штипската библиотека прави големи напори за доближување на книгата до домот на секој корисник преку подвижната библиотека „Инфобус“ и преку активностите наменети за лицата со посебни потреби – истакна Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека библиотечната дејност во овој град успешно се унапредува преку многубројни проекти, како и преку настаните со кои се одбележа 100-годишнината од раѓањето на нашиот поетски великан, Ацо Шопов, кој е роден токму во Штип.
Министерката за култура го поздрави и успешното функционирање на првата регионална канцеларија „МладиХаб“ во Штип, која се наоѓа во објектот на Центарот за култура. Костадиновска-Стојчевска се осврна и на заштитата на нашето археолошко, архивско, архитектонско богатство градено со векови, за кое рече дека континуирано е поддржано од Министерството за култура.
Го саниравме Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, искучително значајно дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век – рече Костадиновска-Стојчевска.
 
The post Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип appeared first on Република.

]]>
АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите https://republika.mk/zivot/patuvanja/appt-turistichkata-i-kulturnata-diplomatija-ushte-ednash-gi-pokazhaa-svoite-mozhnosti-i-moki-vo-povrzuvane-na-narodite/ Tue, 05 Sep 2023 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=678949

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.

Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот.

Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.
Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот. Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.  

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>
Љутков: Власта со Предлог законот за култура го брише националниот интерес како категорија и зборот македонска култура https://republika.mk/vesti/makedonija/lutkov-vlasta-so-predlog-zakonot-za-kultura-go-brishe-natsionalniot-interes-kako-kategorija-i-zborot-makedonska-kultura/ Sat, 08 Jul 2023 10:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=659157

Вчера, на 7 јули, со почеток во 10 часот, во Кинотеката на Македонија се одржа јавна дебата за најновиот Предлог - закон за култура организирана од Министерството за култура кое е и главен предлагач на овој Предлог законот. Напоменуваме дека во седмата година на владеење на двоецот СДС/ДУИ, покрај промената на пет министри за култура, ова е трет обид за донесување на нов Закон за култура, но, се чини дека и овој пат обидот ќе биде неуспешен, рече на денешната прес-конференција Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај воведните излагања на министерката за култура и директорот на Кинотеката, за наводно транспарентниот процес на изработката на Предлог законот, како и излагањето на претседателот на Советот за култура, сепак расправата помина во тензична атмосфера и со бројни и гласни негодувања и коментари од присутните.

Голем број од присутните беа директори и раководни лица од институциите на културата назначени токму од оваа власт, а токму тие беа со најбројни забелешки на овој предлог закон, па наместо да се води дискусија за суштински процеси за развој на културата, дебатата се претвори во пазарење и кавга помеѓу претставниците од синдикатите и раководните лица од институциите.

Ова укажува дека и самите предлагачи не се воделе од стратешки позиции за развој на културата, туку од лични и лукративни причини и задоволување на барањата на поединци или лоби групи. Но, закон не може да биде желботека, а овој Предлог закон е токму тоа бидејќи освен додадени Членови за работи во културните институции кои може да се уредат со други механизми на пример со Правилници и слично, суштината на еден Закон за култура целосно изостанува. Избришани се Членови кои се однесуваат токму на промоција на македонската култура, нема трага од национална култура и национален интерес, а најголемата небулоза е тоа што во законот го нема изразот македонска култура, истакна Љутков.

Според него, генерално, станува збор за Предлог закон во кој нема М од македонска култура, не се следат националните интереси, туку личните интереси на поединци и Предлог закон со кој СДС повторно покажа основно непознавање на областа култура како стратешка дејност за развој на државата и ни потврди дека културата им е на последно место.

После оваа хаотична, несуштинска и непродуктивна јавна расправа за предлог-законот за култура на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и на раководните лица во Министерството за култура им предлагаме веднаш да го повлечат материјалот. Со ваков Предлог закон нема да остане ништо од македонската култура и културно наследство, а со тоа се загрозува и негувањето на македонскиот културен идентитет - рече Љутков.

The post Љутков: Власта со Предлог законот за култура го брише националниот интерес како категорија и зборот македонска култура appeared first on Република.

]]>

Вчера, на 7 јули, со почеток во 10 часот, во Кинотеката на Македонија се одржа јавна дебата за најновиот Предлог - закон за култура организирана од Министерството за култура кое е и главен предлагач на овој Предлог законот. Напоменуваме дека во седмата година на владеење на двоецот СДС/ДУИ, покрај промената на пет министри за култура, ова е трет обид за донесување на нов Закон за култура, но, се чини дека и овој пат обидот ќе биде неуспешен, рече на денешната прес-конференција Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај воведните излагања на министерката за култура и директорот на Кинотеката, за наводно транспарентниот процес на изработката на Предлог законот, како и излагањето на претседателот на Советот за култура, сепак расправата помина во тензична атмосфера и со бројни и гласни негодувања и коментари од присутните. Голем број од присутните беа директори и раководни лица од институциите на културата назначени токму од оваа власт, а токму тие беа со најбројни забелешки на овој предлог закон, па наместо да се води дискусија за суштински процеси за развој на културата, дебатата се претвори во пазарење и кавга помеѓу претставниците од синдикатите и раководните лица од институциите. Ова укажува дека и самите предлагачи не се воделе од стратешки позиции за развој на културата, туку од лични и лукративни причини и задоволување на барањата на поединци или лоби групи. Но, закон не може да биде желботека, а овој Предлог закон е токму тоа бидејќи освен додадени Членови за работи во културните институции кои може да се уредат со други механизми на пример со Правилници и слично, суштината на еден Закон за култура целосно изостанува. Избришани се Членови кои се однесуваат токму на промоција на македонската култура, нема трага од национална култура и национален интерес, а најголемата небулоза е тоа што во законот го нема изразот македонска култура, истакна Љутков.
Според него, генерално, станува збор за Предлог закон во кој нема М од македонска култура, не се следат националните интереси, туку личните интереси на поединци и Предлог закон со кој СДС повторно покажа основно непознавање на областа култура како стратешка дејност за развој на државата и ни потврди дека културата им е на последно место.
После оваа хаотична, несуштинска и непродуктивна јавна расправа за предлог-законот за култура на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и на раководните лица во Министерството за култура им предлагаме веднаш да го повлечат материјалот. Со ваков Предлог закон нема да остане ништо од македонската култура и културно наследство, а со тоа се загрозува и негувањето на македонскиот културен идентитет - рече Љутков.

The post Љутков: Власта со Предлог законот за култура го брише националниот интерес како категорија и зборот македонска култура appeared first on Република.

]]>
Вработени од Министерството за култура повторно на протест, од понеделник продолжуваат со нови https://republika.mk/vesti/kultura/vraboteni-od-ministerstvoto-za-kultura-povtorno-na-protest-od-ponedelnik-prodolzhuvaat-so-novi/ Fri, 07 Apr 2023 13:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=628360

Претставници на Синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за покачување на платите, но не изнајдоа заедничко решение.

Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски за МИА потврди дека средбата ја оствариле веднаш по завршување на денешниот протест, на која ги кажале своите барања, а тоа е потпишување на Колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии.

Костовски рече дека од понеделник ќе продолжат со протестите. Како што додаде во изјавата за МИА, Синдикатот нема да се откаже се до прифаќање на нивните барање.

Инаку, вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм веќе трета недела по ред излегуваат на протест на кој го повторуваат своето барање за достоинствени плати.

The post Вработени од Министерството за култура повторно на протест, од понеделник продолжуваат со нови appeared first on Република.

]]>

Претставници на Синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за покачување на платите, но не изнајдоа заедничко решение. Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски за МИА потврди дека средбата ја оствариле веднаш по завршување на денешниот протест, на која ги кажале своите барања, а тоа е потпишување на Колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии. Костовски рече дека од понеделник ќе продолжат со протестите. Како што додаде во изјавата за МИА, Синдикатот нема да се откаже се до прифаќање на нивните барање. Инаку, вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм веќе трета недела по ред излегуваат на протест на кој го повторуваат своето барање за достоинствени плати.

The post Вработени од Министерството за култура повторно на протест, од понеделник продолжуваат со нови appeared first on Република.

]]>
Македонија е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги вложува во култура https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-e-na-pretposledno-mesto-vo-regionot-po-sredstvata-koi-gi-vlozhuva-vo-kultura/ Sat, 28 Jan 2023 17:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=602030

„Македонија не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, велат од „Рефлектор“ преку објавата на инфографик, според кој земјава е на претпоследното место во регионот по средствата кои ги вложува во културата.

Со издвоени само 0,5 отсто од БДП, зад Македонија е единствено Албанија која двои 0.4 отсто од БДП за буџет за култура.

На првото место се наоѓа Хрватска со издвоени 1.5 отсто од БДП, Словенија е на второто место со 1.4 отсто, па Бугарија и Косово издвоени 0.7 отсто.

Автор на публикацијата е економистот Бранимир Јовановиќ, а промоција на публикацијата се очекува во февруари годинава.

The post Македонија е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги вложува во култура appeared first on Република.

]]>

„Македонија не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, велат од „Рефлектор“ преку објавата на инфографик, според кој земјава е на претпоследното место во регионот по средствата кои ги вложува во културата. Со издвоени само 0,5 отсто од БДП, зад Македонија е единствено Албанија која двои 0.4 отсто од БДП за буџет за култура. На првото место се наоѓа Хрватска со издвоени 1.5 отсто од БДП, Словенија е на второто место со 1.4 отсто, па Бугарија и Косово издвоени 0.7 отсто. Автор на публикацијата е економистот Бранимир Јовановиќ, а промоција на публикацијата се очекува во февруари годинава.

The post Македонија е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги вложува во култура appeared first on Република.

]]>
Културата на жабри или поданичка култура која расположува https://republika.mk/kolumni/kulturata-na-zabri-ili-podanichka-kultura-koja-raspolozuva/ Wed, 30 Nov 2022 09:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=579933

Васко Шутаров 

Кога зборуваме за културата, ние сме секогаш отспротива, од другата страна на културата, пишуваше Теодор Адорно, а тоа претпоставува дека најдобрите времиња за културата се оние во кои никој нешто посебно не мудрува или не дебатира за неа, туку како совршен отпечаток на сите општествени случувања е оставена сама на себе, да се саморазвива, да се разгранува, да цвета до своите најубави височини преку неприкосновеноста на креативниот чин, каде слободата и вистината се единствени атрибути и принципи во таквиот творечки чин. Нашето искуство од културата ни ја потврдува тезата на Адорно, дека културата бега како преплашена срна кога премногу гласно се шуми или се бранува околу неа!

Во општествата доаѓале и такви периоди, во кои културата се соочувала не само со загрозување на своите два иманенти принципи, слободата на креативниот творечки чин и потрагата по вистината, туку непосредно се соочувала и со својот опстанок. Чехов еднаш запишал: „Ако не знаете што чувствувате за некој човек, затворете ги очите и замислете дека го нема!“. Парафразирајќи го, ако не знаеме што чувствувме за својата култура, доволно е да ги затвориме очите и да замислиме, дека ја нема?! Ако тогаш, ни се појават и при затворени очи: археолошки предели обраснати и покриени со троскот и трева, културно наследство кое можело да биде првокласна светска атракција, а е оставено да пропаѓа и да се распаѓа, ограбени цркви и манастири без своите најзначајни фрески и икони, бесценето културно наследство сокриено и напикано во дупки, стари и нови објекти од културата оставени на забот на времето да скапуваат во влага и мувла, творци кои престанале да творат, таленти кои престанале да го развиваат својот талент и почнале да работат што било за да преживеат, човечноста и воопшто хуманоста кои први како срни избегале, тоа со сигурност значи дека културата веќе ви е на пат, на заминување од вас!

Ако не знаеме или не сме сигурни што чувствуваме за македонската култура, не мора да ги затвораме очите и да замислуваме дека ја нема, повелете и со ширум отворени очи погледнете ја како изгледа и како пред очи ни се гасне и за време на нашите животи, си заминува од нас! Ми требаше и мене, подолго време да си го признаам тоа дека македонската култура неповратно си заминува од нас, при нас сѐ уште живи?! Едно време само си мислев ( и самиот подлажувајќи се!) дека актуелниве власти не знаат и не умеат! Едно кратко време, дека не сакаат и затоа не знаат и не умеат! Сега сум веќе повеќе од убеден дека: не смеат и да сакаат не можат, и да можат-нема да смеат! Во таков самоуништувачки маѓепсан круг е оставена македонската култура да согорува, да се самозапалува и тивко, полека да згаснува и сама да си заминува...

Ако ова ви звучи како претерување или престрого судење за  актуелните состојби во македонската култура, еве нека проговорат бројките со кои е проектирана буџетската поддршка за културата во следната 2023 година, па заеднички да просудиме одново, дали тоа е навистина така?!

Како поинаку да се протолкуваат намалувањата во буџетските ставки за 35% од програмските средства во културата, а, патем, ако реално претпоставиме дека дел од тие програмски средства ќе ги покријат одложени исплати за проекти од 2022 година (не сметајќи ги инфлаторните тенденции за обезвреднување на денарот во културата!), средствата реално ќе бидат намалени и за дури 50%! Со најмалку половина помалку програмски средства треба да функционира македонската култура во 2023 година и пред тој факт треба да затвориме очи и допрва да се прашуваме што ли треба да чувствуваме?!

Она што беше одлика на оваа власт и од што најпрво се откажуваше во сиве изминати години на владеење, се десеткуваните средства за инвестиции и капитални проекти, кои во следнава година ќе бидат намалени и за рекордни 80%?! Не доживеавме ни во оваа година да видиме новоотворен објект во културата, но затоа традиционално ја слушавме и годинава, како и во претходните пет, жалопојката дека некои објекти од културата протекуваат по секој дожд, а некои и повеќе децении стари објекти, буквално се распаѓаат?! Не знам навистина, како не им збоктиса од оплакување и вперување прст во властите кои одамна не се власт, место да засукаат ракави и нешто барем поправат, кога ниту сакаат, ниту пак умеат, нешто ново да изградат! Ајде, во овој контекст, сите здушно да стиснеме палци, барем Театарот и Библиотеката во Тетово, објект за кој со години се издвојуваат силни и силни милиони, во 2023 да доживее и да добие клуч на рака!

А по клучот и се препознава македонската квака која и во годинава пред нас, со судни маки ќе ја држи културата на живуркање во некаква елементарна потентност, колку да не се распадне и сосем згасне. Културата на проценти по клуч, годинава со намалените скоро цели 40% за издаваштво на пример, ќе биде вистинско чудо ако не предизвика не само бранувања, туку и поголеми констернации на меѓуетничките духови. Во годиниве на никогаш поголема опасност од загрозување на македонскиот јазик, да се кратат средства токму од дејноста која треба да го поттикнува творештвото и преводите на македонски јазик, не одат воопшто во прилог на декларираната загриженост дека идентитетот се негува и чува со творештво, посебно во дејностите поврзани со македонскиот јазик! Напротив, само го поткрепува сомнежот дека чудото наречено „чист македонски јазик“ беше флоскула за еднократна употреба, а перманентната заштита и унапредување на употребата на македонскиот јазик одамна заборавена заложба.

Ни драмската дејност нема да помине подобро, 20% или 30 милиони денари помалку ќе бидат средствата со кои се финансира драмската дејност и „0“ (НУЛА!) денари ќе бидат наменети за вработувањата на млади актери. (Чуму ни тогаш дипломци од Факултетот за драмски уметности?!). Ако кон намалените средства во издаваштвото и драмската дејност се додаде и постојнава инфлациска стапка, која сигурно догодина нема да биде помала од сегашниве 20 %, реалните средства за овие две дејности ќе бидат речиси преполовени, па слободно затворете ги очите и замислете што ќе остане од живата книжевна реч, живата театарска игра, а истото им се подготвува и на музичко-сценските дејности, на ликовните и на визуелните уметности.

Ни буџетите за плати нема да бидат доволни за цела тековна година и нека не чуди воопшто, ако со првиот ребаланс можеби уште пролетва, властите во културата направат обиди за „нови читања на колективните договори“ и нови пресметки на коефициентите и вредностите на бодот за вработените во културата. Само ако замириса на избори може да да се куртули од овие, повеќе од јасно видливи финансиски гимнастики за плати во културата. А сето тоа во еден постојан раст на патните и дневните расходи, најмногу затоа што министрите во културата (со мали исклучоци!) сега имаат можност да видат и прошетаат свет и во години кога македонската култура никако не може да излезе и да ја види свет!

Затоа пак, меѓународната промоција на македонската култура, ќе трепнува само одвреме-навреме благодарејќи на некој индивидуален проблесок на поединци или колективи од државата кои оставиле некаква светла културна трага меѓу странските публики. Со намалените за една третина или 34 милиони денари предвидени за македонската културна промоција во странство, македонската култура во 2023 година може само да испраќа повремени „С.О.С“ сигнали, дека наместо во својот полн раскош и сјај од богатството што го поседува, ќе живурка и ќе дише на жабри! Ќе се крати од секаде, од поддршката за дефицитарни кадри, млади таленти и почетници во културата, до поддршката за нашите културно-информативни центри, а рекордни 44 % ќе бидат скратени од програмата во културата наречена-Европски интеграции! Треба ли дополнителен коментар, што значи ова за една култура која само декларативно е самопрогласена за евро-интегративна, а всушност е преплашена и потполно загушена во културно-дипломатските акции за бескомпромисно и смело претставување на автентичното од својата култура во светот.

Дека се гаснат светлата и во домашното и во меѓународното културно претставување, може да поткрепиме и со неколку параметри предвидени во буџетот за заштитата на културното наследство. Колку и да се обидуваме во предложениот буџет за 2023 година да ги пронајдеме предвидените 50 милиони денари за возобновување на Св.Климентовиот универзитет во Плаошник, за жал, нема да успееме да ги пронајдеме и ќе биде многу жално ако и од оваа владина одлука од јули годинава, остане уште едно мртво слово на хартија. Како што ќе остане мртво слово на хартија и владината одлука од август 2021 година, за средства наменети за експропријација, а поврзани со расчистување на имотно-правните спорови во исклучително значајните културни зони во Скупи, Била Зора, Охрид и парцели околу Аквадуктот во Скопје. Во предлог-Буџетот за 2023 година, нема да видите ни средства предвидени за промоција на македонското културно наследство, ниту дома, а уште помалку во странство. Последен пат такви средства биле одвоени во буџетската 2018 година.

Култура која умира на рати, тивко, полека...

Може ли да не се разбудат сите чувства и да не се разгори и најжестока дебата, кога македонската култура вака сигурно и неповратно е препуштена  кон свое згаснување?! Да не се лажеме, дека само до парите во културата е проблемот, сите ние, кој повеќе, кој помалку, паметиме и знаеме за култура која се развивала и блеснувала во својот најубав сјај и со многу малку пари! Постојат наши живи современици од 50-тите години од минатиот век кои ќе ви потврдат дека и статистички и реално, во тие години нашите сограѓани повеќе пари трошеле на цигари, отколку на задоволување на своите културни потреби, но токму тоа се и години во кои се втемелени сите поважни стожерни институции во кои се креирала целата повоена македонска култура. Проблемот денес е, што станува крајно проблематично да се креира и развива македонска култура, а сѐ поскромните средства одвоени за неа, се само  потврда дека културата во Македонија е осудена да ги трча своите последни  почесни кругови.

А на просторот од кој замира и од кој си заминува македонската култура, многу лесно ќе се заријат и повеќе од симболично копјата најпрво на соседските, а потоа  на разни светски и белосветски култури, кои наместо почитувањето на важечките светски и европски стандарди за слободна и непречена размена на културни вредности и идеи, нема да престанат да ја оспоруваат и негираат македонската култура! И уште ќе „попуваат“ дека, кој не знае дека културата може да биде и најмоќно орудие  и најмоќно оружје, нема ни да осознае дека се претворил во стадо, на своја територија,  но со туѓи стопани! Така најлесно се освојувале и поробувале народите и државите-најдете само неколку групации лакоми властољупци „скарани“ со културата, убавината, добрината и човечноста, но пред сѐ со слободата и вистината-и веќе имате вазално-податлива и поданичка култура и, реално, веќе поробена држава! А за поданичката култура која непогрешливо одмолчува кога ја гушат, кога ја повредуваат или кога сосем ја негираат, најтежок е патот од т.н. заробена до ослободена држава и култура, а најтенка линијата до вистински поробена држава!  Во таква култура на живеење, културата мора да знае да расположува, бидејќи неслободните народи и поробени држави, само на тој начин можат да станат допадливи за своите знајни и незнајни господари!

Нема поголем грев да се затворат очите и да се одмолчи третманот на културата во Македонија, за кој малку е да се каже: оваа власт не сака култура! Грев е да се каже, уште потешко да се запише, но во оваа власт постојат луѓе кои дефинитивно, ја презираат култура! И затоа ја оставаат и во следната 2023 година, да биде култура на жабри, едвај да дише - и по можност, сама од себе да згасне!

The post Културата на жабри или поданичка култура која расположува appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров 

Кога зборуваме за културата, ние сме секогаш отспротива, од другата страна на културата, пишуваше Теодор Адорно, а тоа претпоставува дека најдобрите времиња за културата се оние во кои никој нешто посебно не мудрува или не дебатира за неа, туку како совршен отпечаток на сите општествени случувања е оставена сама на себе, да се саморазвива, да се разгранува, да цвета до своите најубави височини преку неприкосновеноста на креативниот чин, каде слободата и вистината се единствени атрибути и принципи во таквиот творечки чин. Нашето искуство од културата ни ја потврдува тезата на Адорно, дека културата бега како преплашена срна кога премногу гласно се шуми или се бранува околу неа! Во општествата доаѓале и такви периоди, во кои културата се соочувала не само со загрозување на своите два иманенти принципи, слободата на креативниот творечки чин и потрагата по вистината, туку непосредно се соочувала и со својот опстанок. Чехов еднаш запишал: „Ако не знаете што чувствувате за некој човек, затворете ги очите и замислете дека го нема!“. Парафразирајќи го, ако не знаеме што чувствувме за својата култура, доволно е да ги затвориме очите и да замислиме, дека ја нема?! Ако тогаш, ни се појават и при затворени очи: археолошки предели обраснати и покриени со троскот и трева, културно наследство кое можело да биде првокласна светска атракција, а е оставено да пропаѓа и да се распаѓа, ограбени цркви и манастири без своите најзначајни фрески и икони, бесценето културно наследство сокриено и напикано во дупки, стари и нови објекти од културата оставени на забот на времето да скапуваат во влага и мувла, творци кои престанале да творат, таленти кои престанале да го развиваат својот талент и почнале да работат што било за да преживеат, човечноста и воопшто хуманоста кои први како срни избегале, тоа со сигурност значи дека културата веќе ви е на пат, на заминување од вас! Ако не знаеме или не сме сигурни што чувствуваме за македонската култура, не мора да ги затвораме очите и да замислуваме дека ја нема, повелете и со ширум отворени очи погледнете ја како изгледа и како пред очи ни се гасне и за време на нашите животи, си заминува од нас! Ми требаше и мене, подолго време да си го признаам тоа дека македонската култура неповратно си заминува од нас, при нас сѐ уште живи?! Едно време само си мислев ( и самиот подлажувајќи се!) дека актуелниве власти не знаат и не умеат! Едно кратко време, дека не сакаат и затоа не знаат и не умеат! Сега сум веќе повеќе од убеден дека: не смеат и да сакаат не можат, и да можат-нема да смеат! Во таков самоуништувачки маѓепсан круг е оставена македонската култура да согорува, да се самозапалува и тивко, полека да згаснува и сама да си заминува... Ако ова ви звучи како претерување или престрого судење за  актуелните состојби во македонската култура, еве нека проговорат бројките со кои е проектирана буџетската поддршка за културата во следната 2023 година, па заеднички да просудиме одново, дали тоа е навистина така?! Како поинаку да се протолкуваат намалувањата во буџетските ставки за 35% од програмските средства во културата, а, патем, ако реално претпоставиме дека дел од тие програмски средства ќе ги покријат одложени исплати за проекти од 2022 година (не сметајќи ги инфлаторните тенденции за обезвреднување на денарот во културата!), средствата реално ќе бидат намалени и за дури 50%! Со најмалку половина помалку програмски средства треба да функционира македонската култура во 2023 година и пред тој факт треба да затвориме очи и допрва да се прашуваме што ли треба да чувствуваме?! Она што беше одлика на оваа власт и од што најпрво се откажуваше во сиве изминати години на владеење, се десеткуваните средства за инвестиции и капитални проекти, кои во следнава година ќе бидат намалени и за рекордни 80%?! Не доживеавме ни во оваа година да видиме новоотворен објект во културата, но затоа традиционално ја слушавме и годинава, како и во претходните пет, жалопојката дека некои објекти од културата протекуваат по секој дожд, а некои и повеќе децении стари објекти, буквално се распаѓаат?! Не знам навистина, како не им збоктиса од оплакување и вперување прст во властите кои одамна не се власт, место да засукаат ракави и нешто барем поправат, кога ниту сакаат, ниту пак умеат, нешто ново да изградат! Ајде, во овој контекст, сите здушно да стиснеме палци, барем Театарот и Библиотеката во Тетово, објект за кој со години се издвојуваат силни и силни милиони, во 2023 да доживее и да добие клуч на рака!   А по клучот и се препознава македонската квака која и во годинава пред нас, со судни маки ќе ја држи културата на живуркање во некаква елементарна потентност, колку да не се распадне и сосем згасне. Културата на проценти по клуч, годинава со намалените скоро цели 40% за издаваштво на пример, ќе биде вистинско чудо ако не предизвика не само бранувања, туку и поголеми констернации на меѓуетничките духови. Во годиниве на никогаш поголема опасност од загрозување на македонскиот јазик, да се кратат средства токму од дејноста која треба да го поттикнува творештвото и преводите на македонски јазик, не одат воопшто во прилог на декларираната загриженост дека идентитетот се негува и чува со творештво, посебно во дејностите поврзани со македонскиот јазик! Напротив, само го поткрепува сомнежот дека чудото наречено „чист македонски јазик“ беше флоскула за еднократна употреба, а перманентната заштита и унапредување на употребата на македонскиот јазик одамна заборавена заложба.   Ни драмската дејност нема да помине подобро, 20% или 30 милиони денари помалку ќе бидат средствата со кои се финансира драмската дејност и „0“ (НУЛА!) денари ќе бидат наменети за вработувањата на млади актери. (Чуму ни тогаш дипломци од Факултетот за драмски уметности?!). Ако кон намалените средства во издаваштвото и драмската дејност се додаде и постојнава инфлациска стапка, која сигурно догодина нема да биде помала од сегашниве 20 %, реалните средства за овие две дејности ќе бидат речиси преполовени, па слободно затворете ги очите и замислете што ќе остане од живата книжевна реч, живата театарска игра, а истото им се подготвува и на музичко-сценските дејности, на ликовните и на визуелните уметности.   Ни буџетите за плати нема да бидат доволни за цела тековна година и нека не чуди воопшто, ако со првиот ребаланс можеби уште пролетва, властите во културата направат обиди за „нови читања на колективните договори“ и нови пресметки на коефициентите и вредностите на бодот за вработените во културата. Само ако замириса на избори може да да се куртули од овие, повеќе од јасно видливи финансиски гимнастики за плати во културата. А сето тоа во еден постојан раст на патните и дневните расходи, најмногу затоа што министрите во културата (со мали исклучоци!) сега имаат можност да видат и прошетаат свет и во години кога македонската култура никако не може да излезе и да ја види свет!   Затоа пак, меѓународната промоција на македонската култура, ќе трепнува само одвреме-навреме благодарејќи на некој индивидуален проблесок на поединци или колективи од државата кои оставиле некаква светла културна трага меѓу странските публики. Со намалените за една третина или 34 милиони денари предвидени за македонската културна промоција во странство, македонската култура во 2023 година може само да испраќа повремени „С.О.С“ сигнали, дека наместо во својот полн раскош и сјај од богатството што го поседува, ќе живурка и ќе дише на жабри! Ќе се крати од секаде, од поддршката за дефицитарни кадри, млади таленти и почетници во културата, до поддршката за нашите културно-информативни центри, а рекордни 44 % ќе бидат скратени од програмата во културата наречена-Европски интеграции! Треба ли дополнителен коментар, што значи ова за една култура која само декларативно е самопрогласена за евро-интегративна, а всушност е преплашена и потполно загушена во културно-дипломатските акции за бескомпромисно и смело претставување на автентичното од својата култура во светот.   Дека се гаснат светлата и во домашното и во меѓународното културно претставување, може да поткрепиме и со неколку параметри предвидени во буџетот за заштитата на културното наследство. Колку и да се обидуваме во предложениот буџет за 2023 година да ги пронајдеме предвидените 50 милиони денари за возобновување на Св.Климентовиот универзитет во Плаошник, за жал, нема да успееме да ги пронајдеме и ќе биде многу жално ако и од оваа владина одлука од јули годинава, остане уште едно мртво слово на хартија. Како што ќе остане мртво слово на хартија и владината одлука од август 2021 година, за средства наменети за експропријација, а поврзани со расчистување на имотно-правните спорови во исклучително значајните културни зони во Скупи, Била Зора, Охрид и парцели околу Аквадуктот во Скопје. Во предлог-Буџетот за 2023 година, нема да видите ни средства предвидени за промоција на македонското културно наследство, ниту дома, а уште помалку во странство. Последен пат такви средства биле одвоени во буџетската 2018 година.  

Култура која умира на рати, тивко, полека...

  Може ли да не се разбудат сите чувства и да не се разгори и најжестока дебата, кога македонската култура вака сигурно и неповратно е препуштена  кон свое згаснување?! Да не се лажеме, дека само до парите во културата е проблемот, сите ние, кој повеќе, кој помалку, паметиме и знаеме за култура која се развивала и блеснувала во својот најубав сјај и со многу малку пари! Постојат наши живи современици од 50-тите години од минатиот век кои ќе ви потврдат дека и статистички и реално, во тие години нашите сограѓани повеќе пари трошеле на цигари, отколку на задоволување на своите културни потреби, но токму тоа се и години во кои се втемелени сите поважни стожерни институции во кои се креирала целата повоена македонска култура. Проблемот денес е, што станува крајно проблематично да се креира и развива македонска култура, а сѐ поскромните средства одвоени за неа, се само  потврда дека културата во Македонија е осудена да ги трча своите последни  почесни кругови. А на просторот од кој замира и од кој си заминува македонската култура, многу лесно ќе се заријат и повеќе од симболично копјата најпрво на соседските, а потоа  на разни светски и белосветски култури, кои наместо почитувањето на важечките светски и европски стандарди за слободна и непречена размена на културни вредности и идеи, нема да престанат да ја оспоруваат и негираат македонската култура! И уште ќе „попуваат“ дека, кој не знае дека културата може да биде и најмоќно орудие  и најмоќно оружје, нема ни да осознае дека се претворил во стадо, на своја територија,  но со туѓи стопани! Така најлесно се освојувале и поробувале народите и државите-најдете само неколку групации лакоми властољупци „скарани“ со културата, убавината, добрината и човечноста, но пред сѐ со слободата и вистината-и веќе имате вазално-податлива и поданичка култура и, реално, веќе поробена држава! А за поданичката култура која непогрешливо одмолчува кога ја гушат, кога ја повредуваат или кога сосем ја негираат, најтежок е патот од т.н. заробена до ослободена држава и култура, а најтенка линијата до вистински поробена држава!  Во таква култура на живеење, културата мора да знае да расположува, бидејќи неслободните народи и поробени држави, само на тој начин можат да станат допадливи за своите знајни и незнајни господари! Нема поголем грев да се затворат очите и да се одмолчи третманот на културата во Македонија, за кој малку е да се каже: оваа власт не сака култура! Грев е да се каже, уште потешко да се запише, но во оваа власт постојат луѓе кои дефинитивно, ја презираат култура! И затоа ја оставаат и во следната 2023 година, да биде култура на жабри, едвај да дише - и по можност, сама од себе да згасне!

The post Културата на жабри или поданичка култура која расположува appeared first on Република.

]]>
Култура од насловната. Култура од задната страница https://republika.mk/kolumni/kultura-od-naslovnata-kultura-od-zadnata-stranica/ Fri, 21 Oct 2022 08:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=563905

Васко Шутаров

Минатата година, очаен од јаловите состојби во македонската културна политика, пишував за легендарната грчка актерка и министерка за култура, Мелина Меркури. Сакав тогаш, малку попластично и со многу јасна споредба да го предочам нашето тогашно дно во културата и олимписките височини кои едно време, не така дамнешно, успеа Меркури да ги достигне во промоцијата на грчката култура. Грците од милост ја викаа Паликаре - Воин во борбата за промоција на грчките вредности во културата. Странците, на кои редум им беше најмалку рамноправна со интелигенцијата, со шармот и талентот, како и со дипломатското умеење, за неа велеа дека кога ќе ја погледнат в очи, најпрво Партенон и Акропол можат да го видат во нив!

(И тогаш се прашував, а денес уште повеќе и уште почесто се прашувам, а ќе ја видам ли Македонија или делче од македонското ѕвездено културно небо, во очите на денешните први луѓе на македонската култура, барем некогаш во петте години владеење, еве веќе и цела година со петтиот министер по ред?!)

И ми доаѓа денес пред очи, во моменти на уште поголем очај предизвикан од сознанието за живата кал во која е пропадната актуелната македонска култура, еден постар прилог од позната бугарска национална телевизија поставен на интернет, посветен на последниот работен ден на тогашната Генерална директорка на УНЕСКО и тоа во два мандати, славната Бугарка, Ирина Бокова. Ја гледам, додека меѓу два проштални приеми со високи дипломатски делегации, полна со дипломатско умеење, одмерена и отмена, одговара и на прилично непријатни прашања, од типот: „Дали сте огорчени од постапките на бугарската влада која не Ви даде поддршка во кампањата за избор на Генерален секретар на ОН, туку во последен момент предложи друг кандидат, Кристалина Георгиева, па така две светски познати Бугарки станаа против-кандидатки!“ Во аналите на меѓународните односи овој „бугарски изум“, уште долго ќе биде спомнуван како врвна дипломатска глупост, но Бокова, иако со нескриена тага во очите, само кратко коментира: „Тоа е веќе историја која е зад мојот грб! Јас одам напред, а за мојата земја, од мојот прв поздравен говор пред осум години овде во УНЕСКО, до мојот денешен последен работен ден овде, ги раскажав најубавите приказни и денес не постои дипломат или влијателен човек во светот кој не слушнал за богатството на културата во Бугарија“. И во очите одеднаш и засветлуваат: врвовите од Пирин и Стара Планина, отсјајот на морето во Несебар, сјајот од иконите од црквата во Бојана, златното богатство на Тракијците, но и со подеднаков емотивен сјај во очите и кога го спомнува загрозеното културно наследство во Сирија, во Ирак или во Мали.

Ова беше добар повод да продолжам да пребарувам во сеќавањето и за две мои кратки, но исклучително пријателски и конструктивни средби, колку да се присетам каква беше и како успеа Ирина Бокова да стане најмоќна и најпозната личност во светската култура, а според „Форбс“ за 2016 година да се најде и на листата на највлијателни жени во светот! Колку да одмерам, колку светлосни години сме во моментов ние далеку, од жабокречинава во која е потоната македонската култура, до олимписките височини во културата кои ги досегна и друга жена од нашето непосредно соседство, Ирина Бокова!

За жал, првите следни текстови кои ми се појавуваат како најпребарувани на интернет, се од нејзините сонародници, Бугарите, и се крајно малициозни, а се однесуваат во најголем дел на комунистичкото минато и политичката позадина на нејзините родители од малото гратче Јакоруда, Благоевградско и на професионалните кариери на нејзиниот татко и нејзиниот брат во време на бугарскиот комунистички режим.

Но, за среќа, бргу потоа налетувам и на нејзини авторизирани интервјуа во кои ја разбирам нејзината приказна и вистина, раскажана во прво лице еднина. Иако, во поголем дел и знам за тие податоци, но колку да бидам попрецизен и ќе ја цитирам: „Во голема мерка тоа што ми помогна, беше моето искуство стекнато како дипломат, мојата стрпливост, моето познавање на историјата на меѓународните односи, историјата на регионите во светот и сознанието, зошто и како се раѓаат конфликтите. По мое длабоко убедување, секој треба да биде почитуван и во светското културно пространство нема големи и мали држави и големи и мали култури. Ми помогна и убедувањето за значењето на УНЕСКО! Тоа е првата агенција при Организацијата на обединетите нации создадена по трагедијата од Втората светска војна, со првенствена цел да работи на воспоставување на мирот. Тоа мое длабоко убедување беше важно за да ги добијам изборите за раководење со оваа организација. Моето животно мото и тогаш и денес е: Не постои не може!”

Од тоа, „не постои не може“, создадена е една животна и професионална сторија за која не мора да се бара потсетник - за некогашниот студент и постдипломец од Московскиот институт за меѓународни односи, а подоцна и стипендист на НАТО за студии на Харвард, низ илјадници страници пишуван материјал се раскажува за една исклучително интересна, моќна и привлечна приказна за најпознатата Бугарка во светот, првата жена Генерален директор на УНЕСКО, Ирина Бокова!

Уште како млада, но врвно образувана дипломатка, Бокова ја започнува својата прва дипломатска мисија во ОН во Њујорк, уште во времето на комунистичкиот лидер Тодор Живков, но по падот на комунизмот во нејзината земја, по првите повеќепартиски избори станува пратеничка, a нејзината непосредност во контактите со гласачите од неколку мали бугарски општини, како и совршената дипломатска комуникација на четири светски јазици, францускиот, англискиот, шпанскиот и рускиот, создаваат од неа политичка фигура која простo мора да биде забележана и мора да заблеска!

Останатото е веќе дел од легендата за неа, во која уште живо се раскажува дека кога била секретар во владината комисија за евроинтеграции во 1995 година, лично ја туркала преполната количка со документи за досието на Бугарија до седиштето на Заедницата во Брисел! Набргу станува заменик, па вршител на должноста министер за надворешни работи во владата на Жан Виденов („во инаку мрачната влада, во која единствена и најсветла точка е Ирина Бокова“, ќе запише тогаш „Фајнешел Тајмс“, а „Франс прес“ ќе забележи дека „и покрај комунистичката провениенција, Бокова е заколната и вистинска Европјанка“)

Кога во 2005 година Бугарија ја именува Ирина Бокова за амбасадор во Франција, Монако и за претставник во УНЕСКО, не постои веќе пречка која не може да се совлада по патот на меѓународната промоција на Бугарија од срцето на Европа и, се разбира, за нејзина лична промоција и стекнување на репутација на врвен светски дипломат. Велат, нејзина лична заслуга е убедувањето на тогашниот француски претседател Никола Саркози, дека бугарските медицински сестри се невини осудени во Либија и дека мора да бидат ослободени, велат дека нејзина посебна заслуга и успех е што францускиот парламент едногласно гласал за приклучувањето на Бугарија во ЕУ. Ирина Бокова силно блеснува во светската дипломатска орбита и како потпретседател во Меѓународната организација на франкофонијата, па патот до Олимпот во УНЕСКО почнува сам да ù се отвора! Просто совршено ја одигрува врвната дипломатска игра во петте круга на гласање против нејзиниот тогашен противкандидат, египетскиот министер за култура Фарук Хосни и така станува прва жена на чело на највлијателната организација на ОН, прв претставник од некогашна комунистичка држава и прво видно лице од Источна Европа кое така високо се искачува во хиерархијата на ОН. И станува пример за светска жена која веќе била апсолутно подготвена да преземa одговорности: за Хаити после разорниот земјотрес; за Пакистан по катастрофалните поплави, за Мали по спалувањето на бесценетите стари ракописи, за бегалските кампови во Јордан или за Багдад, исто така поради опасноста од уништување на културно наследство, или во Струга на јубилејното 50-то издание на еден од најголемите светски фестивали на поезијата, каде одблизу се запознава и со изворните проблеми од доменот на заштитата и на Охрид и на Регионот заштитен од УНЕСКО.

Во време на своите два мандати како прв човек на УНЕСКО, Бокова непрестано повторува дека „војните секогаш најпрво започнуваат во главите на луѓето“, и дека за да се оди напред во животот, мора еднаш и „засекогаш да се закопаат томаховките на омразата“ и затоа за светската, а посебно за француската јавност, важеше за олицетворение на новиот хуманизам на 21 век и пример за сите жени во светот. Со нејзина директна заслуга, Советот за безбедност на ОН во 2017 година ја препорача историски познатата Резолуција со која секое уништување на културно наследство во војна ќе биде третирано како воено злосторство, а нејзиниот ракопис е препознатлив и во приоритетите на Дневниот ред на ОН за Одржлив развој, 2030 година.

Во мандатите на Ирина Бокова на чело на УНЕСКО се случи и првото поголемо преструктуирање на глобалната моќ, таа менаџираше кризен буџет по влегувањето на државата Палестина во УНЕСКО и по напуштањето на организацијата од страна на САД и Израел, а во отсуство на американски пари во заедничкиот буџет, успеа да анимира држави како Саудиска Арабија, Норвешка, Кина, Малезија, Јужна Кореа или Катар да ја пополнат таа финансиска дупка и да ја спасат финансиската кондиција на организацијата.

Во двата веќе историски мандати на Ирина Бокова како прв човек на УНЕСКО, Македонија имаше 4-годишен мандат како член на Извршниот одбор на организацијата, беше респектабилна членка која токму тогаш успеа да ги впише во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство: обичајот „Четр’се“ – Празнување на светите четириесет маченици и машкото соборно оро „Копачката“, машкото двогласно пеење „Гласоечкото“, како и македонско-турската апликација за заштита на Хидрелез (турскиот Ѓурѓовден) и мултинационалната апликација „Мартинки“ во која заедно партиципираа Бугарија, Романија, Молдавија и Македонија. УНЕСКО во годините на Бокова беше постојан и силен поддржувач, покровител и партнер на бројни културни и верски манифестации, конференции и други настани во Македонија. „Да инвестираме како помали држави во талентите што ги имаме, и ние и вие, бидејќи неисцрпен извор на енергија во светот е само човековиот талент“, знаеше да им дошепне, како во најголема доверба, на своите бројни македонски колеги и пријатели.

(Само неколку години потоа, светлосни години далеку сме од ваквите силни проблесоци на македонско-бугарското пријателство и соработка, не само во културата!)

Денес, Ирина Бокова сѐ уште го ужива статусот на неприкосновена икона на светската, но пред сѐ, на својата бугарска култура. Како добитничка на преку 40 престижни меѓународни признанија и награди, како лидер или член на бројни моќни невладини меѓународни организации, како почесен член на Американската академија за уметност и наука, како почесен професор и редовен професор за теми од културната дипломатија во Франција и Јужна Кореја, Бокова силно и непоколебливо сѐ уште работи и за својата држава. „И кога ништо веќе нема да работам, ќе работам за каузата!“, ќе рече неодамна во едно интервју.

..................................................

Во меѓувреме кај нас, во Македонија, во петте години на владеење на оваа власт се сменија пет министри за култура, кои никој нема да ги памети по ништо значајно во промоцијата на македонската култура, ниту дома, уште помалку во светот, затоа што ни делче од големата македонска култура, ни парче од огромното ѕвездено културно небо на Македонија, не покажаа и не видовме во нивните очи!

И затоа денес, ниту имамо право да се чудиме ниту да негодуваме, зошто и кога физички веќе ја нема легендарната Мелина Меркури, во рангирањата на највлијателни држави во светот, меѓу светските гиганти по многу основи, Грција се наоѓа на високото 17-то место и тоа најмногу поради огромното културно влијание. Бугарија и пет години по заминувањето на Ирина Бокова од УНЕСКО, на листата на највлијателни држави се наоѓа на 72 место! А, Македонија?! Македонија  воопшто ја нема на картата на влијателни држави, барем не во прворангираните 120!

Колку нештата да станат малку појасни!

The post Култура од насловната. Култура од задната страница appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Минатата година, очаен од јаловите состојби во македонската културна политика, пишував за легендарната грчка актерка и министерка за култура, Мелина Меркури. Сакав тогаш, малку попластично и со многу јасна споредба да го предочам нашето тогашно дно во културата и олимписките височини кои едно време, не така дамнешно, успеа Меркури да ги достигне во промоцијата на грчката култура. Грците од милост ја викаа Паликаре - Воин во борбата за промоција на грчките вредности во културата. Странците, на кои редум им беше најмалку рамноправна со интелигенцијата, со шармот и талентот, како и со дипломатското умеење, за неа велеа дека кога ќе ја погледнат в очи, најпрво Партенон и Акропол можат да го видат во нив! (И тогаш се прашував, а денес уште повеќе и уште почесто се прашувам, а ќе ја видам ли Македонија или делче од македонското ѕвездено културно небо, во очите на денешните први луѓе на македонската култура, барем некогаш во петте години владеење, еве веќе и цела година со петтиот министер по ред?!) И ми доаѓа денес пред очи, во моменти на уште поголем очај предизвикан од сознанието за живата кал во која е пропадната актуелната македонска култура, еден постар прилог од позната бугарска национална телевизија поставен на интернет, посветен на последниот работен ден на тогашната Генерална директорка на УНЕСКО и тоа во два мандати, славната Бугарка, Ирина Бокова. Ја гледам, додека меѓу два проштални приеми со високи дипломатски делегации, полна со дипломатско умеење, одмерена и отмена, одговара и на прилично непријатни прашања, од типот: „Дали сте огорчени од постапките на бугарската влада која не Ви даде поддршка во кампањата за избор на Генерален секретар на ОН, туку во последен момент предложи друг кандидат, Кристалина Георгиева, па така две светски познати Бугарки станаа против-кандидатки!“ Во аналите на меѓународните односи овој „бугарски изум“, уште долго ќе биде спомнуван како врвна дипломатска глупост, но Бокова, иако со нескриена тага во очите, само кратко коментира: „Тоа е веќе историја која е зад мојот грб! Јас одам напред, а за мојата земја, од мојот прв поздравен говор пред осум години овде во УНЕСКО, до мојот денешен последен работен ден овде, ги раскажав најубавите приказни и денес не постои дипломат или влијателен човек во светот кој не слушнал за богатството на културата во Бугарија“. И во очите одеднаш и засветлуваат: врвовите од Пирин и Стара Планина, отсјајот на морето во Несебар, сјајот од иконите од црквата во Бојана, златното богатство на Тракијците, но и со подеднаков емотивен сјај во очите и кога го спомнува загрозеното културно наследство во Сирија, во Ирак или во Мали. Ова беше добар повод да продолжам да пребарувам во сеќавањето и за две мои кратки, но исклучително пријателски и конструктивни средби, колку да се присетам каква беше и како успеа Ирина Бокова да стане најмоќна и најпозната личност во светската култура, а според „Форбс“ за 2016 година да се најде и на листата на највлијателни жени во светот! Колку да одмерам, колку светлосни години сме во моментов ние далеку, од жабокречинава во која е потоната македонската култура, до олимписките височини во културата кои ги досегна и друга жена од нашето непосредно соседство, Ирина Бокова! За жал, првите следни текстови кои ми се појавуваат како најпребарувани на интернет, се од нејзините сонародници, Бугарите, и се крајно малициозни, а се однесуваат во најголем дел на комунистичкото минато и политичката позадина на нејзините родители од малото гратче Јакоруда, Благоевградско и на професионалните кариери на нејзиниот татко и нејзиниот брат во време на бугарскиот комунистички режим. Но, за среќа, бргу потоа налетувам и на нејзини авторизирани интервјуа во кои ја разбирам нејзината приказна и вистина, раскажана во прво лице еднина. Иако, во поголем дел и знам за тие податоци, но колку да бидам попрецизен и ќе ја цитирам: „Во голема мерка тоа што ми помогна, беше моето искуство стекнато како дипломат, мојата стрпливост, моето познавање на историјата на меѓународните односи, историјата на регионите во светот и сознанието, зошто и како се раѓаат конфликтите. По мое длабоко убедување, секој треба да биде почитуван и во светското културно пространство нема големи и мали држави и големи и мали култури. Ми помогна и убедувањето за значењето на УНЕСКО! Тоа е првата агенција при Организацијата на обединетите нации создадена по трагедијата од Втората светска војна, со првенствена цел да работи на воспоставување на мирот. Тоа мое длабоко убедување беше важно за да ги добијам изборите за раководење со оваа организација. Моето животно мото и тогаш и денес е: Не постои не може!” Од тоа, „не постои не може“, создадена е една животна и професионална сторија за која не мора да се бара потсетник - за некогашниот студент и постдипломец од Московскиот институт за меѓународни односи, а подоцна и стипендист на НАТО за студии на Харвард, низ илјадници страници пишуван материјал се раскажува за една исклучително интересна, моќна и привлечна приказна за најпознатата Бугарка во светот, првата жена Генерален директор на УНЕСКО, Ирина Бокова! Уште како млада, но врвно образувана дипломатка, Бокова ја започнува својата прва дипломатска мисија во ОН во Њујорк, уште во времето на комунистичкиот лидер Тодор Живков, но по падот на комунизмот во нејзината земја, по првите повеќепартиски избори станува пратеничка, a нејзината непосредност во контактите со гласачите од неколку мали бугарски општини, како и совршената дипломатска комуникација на четири светски јазици, францускиот, англискиот, шпанскиот и рускиот, создаваат од неа политичка фигура која простo мора да биде забележана и мора да заблеска! Останатото е веќе дел од легендата за неа, во која уште живо се раскажува дека кога била секретар во владината комисија за евроинтеграции во 1995 година, лично ја туркала преполната количка со документи за досието на Бугарија до седиштето на Заедницата во Брисел! Набргу станува заменик, па вршител на должноста министер за надворешни работи во владата на Жан Виденов („во инаку мрачната влада, во која единствена и најсветла точка е Ирина Бокова“, ќе запише тогаш „Фајнешел Тајмс“, а „Франс прес“ ќе забележи дека „и покрај комунистичката провениенција, Бокова е заколната и вистинска Европјанка“) Кога во 2005 година Бугарија ја именува Ирина Бокова за амбасадор во Франција, Монако и за претставник во УНЕСКО, не постои веќе пречка која не може да се совлада по патот на меѓународната промоција на Бугарија од срцето на Европа и, се разбира, за нејзина лична промоција и стекнување на репутација на врвен светски дипломат. Велат, нејзина лична заслуга е убедувањето на тогашниот француски претседател Никола Саркози, дека бугарските медицински сестри се невини осудени во Либија и дека мора да бидат ослободени, велат дека нејзина посебна заслуга и успех е што францускиот парламент едногласно гласал за приклучувањето на Бугарија во ЕУ. Ирина Бокова силно блеснува во светската дипломатска орбита и како потпретседател во Меѓународната организација на франкофонијата, па патот до Олимпот во УНЕСКО почнува сам да ù се отвора! Просто совршено ја одигрува врвната дипломатска игра во петте круга на гласање против нејзиниот тогашен противкандидат, египетскиот министер за култура Фарук Хосни и така станува прва жена на чело на највлијателната организација на ОН, прв претставник од некогашна комунистичка држава и прво видно лице од Источна Европа кое така високо се искачува во хиерархијата на ОН. И станува пример за светска жена која веќе била апсолутно подготвена да преземa одговорности: за Хаити после разорниот земјотрес; за Пакистан по катастрофалните поплави, за Мали по спалувањето на бесценетите стари ракописи, за бегалските кампови во Јордан или за Багдад, исто така поради опасноста од уништување на културно наследство, или во Струга на јубилејното 50-то издание на еден од најголемите светски фестивали на поезијата, каде одблизу се запознава и со изворните проблеми од доменот на заштитата и на Охрид и на Регионот заштитен од УНЕСКО. Во време на своите два мандати како прв човек на УНЕСКО, Бокова непрестано повторува дека „војните секогаш најпрво започнуваат во главите на луѓето“, и дека за да се оди напред во животот, мора еднаш и „засекогаш да се закопаат томаховките на омразата“ и затоа за светската, а посебно за француската јавност, важеше за олицетворение на новиот хуманизам на 21 век и пример за сите жени во светот. Со нејзина директна заслуга, Советот за безбедност на ОН во 2017 година ја препорача историски познатата Резолуција со која секое уништување на културно наследство во војна ќе биде третирано како воено злосторство, а нејзиниот ракопис е препознатлив и во приоритетите на Дневниот ред на ОН за Одржлив развој, 2030 година. Во мандатите на Ирина Бокова на чело на УНЕСКО се случи и првото поголемо преструктуирање на глобалната моќ, таа менаџираше кризен буџет по влегувањето на државата Палестина во УНЕСКО и по напуштањето на организацијата од страна на САД и Израел, а во отсуство на американски пари во заедничкиот буџет, успеа да анимира држави како Саудиска Арабија, Норвешка, Кина, Малезија, Јужна Кореа или Катар да ја пополнат таа финансиска дупка и да ја спасат финансиската кондиција на организацијата. Во двата веќе историски мандати на Ирина Бокова како прв човек на УНЕСКО, Македонија имаше 4-годишен мандат како член на Извршниот одбор на организацијата, беше респектабилна членка која токму тогаш успеа да ги впише во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство: обичајот „Четр’се“ – Празнување на светите четириесет маченици и машкото соборно оро „Копачката“, машкото двогласно пеење „Гласоечкото“, како и македонско-турската апликација за заштита на Хидрелез (турскиот Ѓурѓовден) и мултинационалната апликација „Мартинки“ во која заедно партиципираа Бугарија, Романија, Молдавија и Македонија. УНЕСКО во годините на Бокова беше постојан и силен поддржувач, покровител и партнер на бројни културни и верски манифестации, конференции и други настани во Македонија. „Да инвестираме како помали држави во талентите што ги имаме, и ние и вие, бидејќи неисцрпен извор на енергија во светот е само човековиот талент“, знаеше да им дошепне, како во најголема доверба, на своите бројни македонски колеги и пријатели. (Само неколку години потоа, светлосни години далеку сме од ваквите силни проблесоци на македонско-бугарското пријателство и соработка, не само во културата!) Денес, Ирина Бокова сѐ уште го ужива статусот на неприкосновена икона на светската, но пред сѐ, на својата бугарска култура. Како добитничка на преку 40 престижни меѓународни признанија и награди, како лидер или член на бројни моќни невладини меѓународни организации, како почесен член на Американската академија за уметност и наука, како почесен професор и редовен професор за теми од културната дипломатија во Франција и Јужна Кореја, Бокова силно и непоколебливо сѐ уште работи и за својата држава. „И кога ништо веќе нема да работам, ќе работам за каузата!“, ќе рече неодамна во едно интервју. .................................................. Во меѓувреме кај нас, во Македонија, во петте години на владеење на оваа власт се сменија пет министри за култура, кои никој нема да ги памети по ништо значајно во промоцијата на македонската култура, ниту дома, уште помалку во светот, затоа што ни делче од големата македонска култура, ни парче од огромното ѕвездено културно небо на Македонија, не покажаа и не видовме во нивните очи! И затоа денес, ниту имамо право да се чудиме ниту да негодуваме, зошто и кога физички веќе ја нема легендарната Мелина Меркури, во рангирањата на највлијателни држави во светот, меѓу светските гиганти по многу основи, Грција се наоѓа на високото 17-то место и тоа најмногу поради огромното културно влијание. Бугарија и пет години по заминувањето на Ирина Бокова од УНЕСКО, на листата на највлијателни држави се наоѓа на 72 место! А, Македонија?! Македонија  воопшто ја нема на картата на влијателни држави, барем не во прворангираните 120! Колку нештата да станат малку појасни!

The post Култура од насловната. Култура од задната страница appeared first on Република.

]]>
Буџетот на Франција за култура колку вкупниот македонски https://republika.mk/vesti/kultura/budzetot-na-francija-za-kultura-kolku-vkupniot-makedonski/ Mon, 26 Sep 2022 15:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=554376

Буџетот на Министерството за култура на Франција во 2023 година ќе изнесува 4,2 милијарди евра, што е зголемување за 271 милион (+7отсто), објави министерката за култура Рима Абдул Малак на прес-конференција.

Во 2022 година буџетот на Министерството за култура за првпат надмина четири милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, 711 милиони евра (+1,1 отсто) се наменети за финансирање на кино и аудиовизуелна продукција и видео игри во 2023 година, а 208,5 милиони евра ќе бидат наменети за пропусницата за култура, односно 9,5 милиони дополнителни кредити.

Според министерката за култура, приоритет е „повеќе од кога и да е да се вклучиме во уметничко образование уште од мали нозе и да ја развиеме желбата за култура“.

Министерството за култура, како што рече Абдул Малак ,има намера „да го потврди местото на француското творештво, на францускиот јазик, на француската иновација во дигиталниот океан“. 

Во однос на јавната радиодифузија распределбата за 2023 година изнесува 3,8 милијарди евра. Но, механизмот е тој што се менува, бидејќи таксата е отстранета. Парите наменети за јавната радиодифузија сега доаѓаат од дел од ДДВ

The post Буџетот на Франција за култура колку вкупниот македонски appeared first on Република.

]]>

Буџетот на Министерството за култура на Франција во 2023 година ќе изнесува 4,2 милијарди евра, што е зголемување за 271 милион (+7отсто), објави министерката за култура Рима Абдул Малак на прес-конференција. Во 2022 година буџетот на Министерството за култура за првпат надмина четири милијарди евра. Како што јави дописникот на МИА од Париз, 711 милиони евра (+1,1 отсто) се наменети за финансирање на кино и аудиовизуелна продукција и видео игри во 2023 година, а 208,5 милиони евра ќе бидат наменети за пропусницата за култура, односно 9,5 милиони дополнителни кредити. Според министерката за култура, приоритет е „повеќе од кога и да е да се вклучиме во уметничко образование уште од мали нозе и да ја развиеме желбата за култура“. Министерството за култура, како што рече Абдул Малак ,има намера „да го потврди местото на француското творештво, на францускиот јазик, на француската иновација во дигиталниот океан“.  Во однос на јавната радиодифузија распределбата за 2023 година изнесува 3,8 милијарди евра. Но, механизмот е тој што се менува, бидејќи таксата е отстранета. Парите наменети за јавната радиодифузија сега доаѓаат од дел од ДДВ

The post Буџетот на Франција за култура колку вкупниот македонски appeared first on Република.

]]>
Економска криза има за вработените во Kултура, но не и во Финансии https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomska-kriza-ima-za-vrabotenite-vo-kultura-no-ne-i-vo-finansii/ Fri, 23 Sep 2022 18:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=553623

Барањето на вработените во Министерството за култура за зголемување на платата по разни основи, како дополнителна работа, неискористени денови за годишен одмор, како и право на неплатено отсуство…, кое би се регулирало со Колективен договор, деновиве доби негативен одговор од министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што велат, во писмото кое пристигнало до нив од Министерството за финансии, како основна причина за одбивање на барањето се наведува – економската криза, пишува весникот „Вечер“.

Од Министерството за финансии се посочува дека согласно Законот за буџетот, „буџетските корисници не смеат да преземат обврски или да направат расходи над лимитот на одобрените средства со Буџетот“.

Истовремено, во писмото се напоменува дека продлабочувањето на енергетската криза во светски рамки се одразува и врз економијата на нашата држава и остварувањето на предвидените стапки на економскиот раст.

Целиот текст тука

The post Економска криза има за вработените во Kултура, но не и во Финансии appeared first on Република.

]]>

Барањето на вработените во Министерството за култура за зголемување на платата по разни основи, како дополнителна работа, неискористени денови за годишен одмор, како и право на неплатено отсуство…, кое би се регулирало со Колективен договор, деновиве доби негативен одговор од министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што велат, во писмото кое пристигнало до нив од Министерството за финансии, како основна причина за одбивање на барањето се наведува – економската криза, пишува весникот „Вечер“. Од Министерството за финансии се посочува дека согласно Законот за буџетот, „буџетските корисници не смеат да преземат обврски или да направат расходи над лимитот на одобрените средства со Буџетот“. Истовремено, во писмото се напоменува дека продлабочувањето на енергетската криза во светски рамки се одразува и врз економијата на нашата држава и остварувањето на предвидените стапки на економскиот раст. Целиот текст тука

The post Економска криза има за вработените во Kултура, но не и во Финансии appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска : Сѐ почнува и сѐ завршува со културата https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-s-pochnuva-i-s-zavrshuva-so-kulturata/ Mon, 25 Jul 2022 15:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=533030

Потврда и силен поттик за унапредувањето и за продлабочување на билатералната соработка меѓу нашите две блиски и пријателски земји, во сите области од заемен интерес, посебно на планот на економско-трговската соработка, културата и особено во делот на туризмот, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на Конзулатот на Република Србија во Охрид.

Охрид, како и досега, е привлечна дестинација за српските туристи, кои се секогаш добредојдени, во што поголем број. Со особено задоволство можам да констатирам дека Република Македонија и Република Србија имаат извонредни односи во областа на културата кои се материјализираат низ реализација на голем број проекти од сите сфери од творештвото. Потврда за ова се и потпишаните програми за културна соработка меѓу министерствата за култура на двете земји кои особено придонесоа во зацврстувањето на културните врски и ги охрабрија новите иницијативи, додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска најави дека наскоро се очекува да биде потпишана и новата Програма за културна соработка, која значајно ќе ја збогати презентацијата на македонската култура во Србија, но и претставувањето на српската култура во нашата земја.

Светла иднина нашите две држави имаат и во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ каде што имаме можности за заедничка соработка. Тука сме да ги помогнеме културата и уметноста во нивната мобилност, во отворањето заеднички фондови, размена на информации и искуства, заеднички настапи, да внесеме иновативност и да ги обединиме нашите потенцијали, рече министерката.

Таа додаде дека развитокот на културниот простор во кој сложно живееме и во кој учиме едни од други, создава предуслови и за развојот на економските и на политичките врски.

Сѐ почнува и сѐ завршува со културата. Пред нас постои силен предизвик да се впуштиме во оформувањето на заедничките интереси важни за иднината на нашето минато и за идентитетот на нашата сегашност, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

Заедно со министерката на отворањето на конзулатот беше присутен и српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија во Република Македонија, а присуствуваше и почесниот конзул на Србија во Охрид, Михајло Филев.

Одлуката за отворање на својот Конзулат во Охрид, Србија ја донесе минатиот месец, а српскиот Конзулат во Охрид ќе ги покрива општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.

The post Костадиновска-Стојчевска : Сѐ почнува и сѐ завршува со културата appeared first on Република.

Бисера Костадиновска -Стојчевска: Ќе има кратење во културата, но ќе почнеме од најнепродуктивните трошоци https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-kje-ima-kratenje-vo-kulturata-no-kje-pochneme-od-najneproduktivnite-troshoci/ Thu, 26 May 2022 11:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=507201

Како и секој ребаланс кој се случува во ова време од годината, кратење во културата ќе има, но морам да напоменам дека најпрво тоа ќе бидат најнепродуктивни трошоци, односно оние трошоци без кои ќе можеме да преживееме до крајот на годината. Ние самите, во Министерството за култура веќе направивме одредени кратења, за да не трпат оние културни манифестации кои се финансираат преку Годишната програма. Значи кратење има секаде, и во Министерството за култура, но и ќе следат кратења од оние други финансирања кои ние како Министерство ги имаме на располагање. Сепак, јас се надевам дека нема да се одрази на културните настани кои се предвидени, меѓутоа имајќи предвид дека како што напомена министерот за финансии, овие кратења се за да се задржат високите плати и да можеме да ги одржиме примањата на граѓаните во ова време на криза. Капиталните инвестиции засега остануваат така, бидејќи треба да вложуваме истовремено и во повисоки плати, но и во објекти на културата каде уметниците треба непречено да функционираат, рече меѓу другото министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите.

Во поглед на Стратегијата за културно наследство, Костадиновска Стојчевска вели дека нема проблеми во донесувањето.

Законските решенија кои ги затекнав беа или заглавени во Собрание или се во процедура и ќе бидат пратени до Влада, па потоа до Собрание. Она што сега ни следи е Стратегија за култура. Сите досегашни стратегии можат да се ревидираат, на некои и рокот им е изминат и сега мораме да се прилагодиме на она што сега се случува во културата. Во изработката на Стратегијата за култура и сите документи кои треба да ја регулираат и водат културата ќе биде вклучена и независната сцена, „Аудиција сега“, сите засегнати ќе добијат право да бидат вклучени бидејќи треба да бидат опфатени сите, рече Костадиновска-Стојчевска.

Посочи дека контролата на проектите кои се финансираат од Годишната програма, ќе се врши откако ќе бидат исплатени првите сретства и по извесен период ќе се проверува дали се реализирано проектите и она што не се реализирано да може да се пренасочи на друг проект каде што има потреба од дополнителни трошоци.

На новинарско прашање за проблемите околу работењето на директорот на Ансамблот на Албански ора и песни во Македонија, Костадиновска-Стојчевска потенцира дека за да постапи инспекција мора да има пријава.

За ние да постапиме мора да има пријава, а во последниве неколку месеци нема такво нешто. Она што било констатирано како неправилност од досегашните инспекциски било санкционирано. Што се однесува до образовните квалификации, постапката предвидува при изборот, тогашната министерка формирала комисија и членовите утврдиле дека кандидатот ги исполнува условите и тој бил избран. Сега, директорот е среде мандат или на крај на мандатот и јас неможам да направам таков упад  без никаква причина. Но, кога директорот би бил на повторен реизбор, јас како министер сум должна да формирам комисија и таа е должна да ги разгледа документите и да оцени дали се соодветни, рече Костадиновска Стојчевска.

За соработката со Бугарија информираше дека на последната средба  бил потпишан договор за култура и истиот тече бидејќи постојат проекти кои се реализираат од претходно, а сега само ги ставивме на хартија во смисла гостувања на театари, концерти, активно работи нашиот културен центар во Софија, а исто и во Македонија.

Министерката ќе биде дел од владината делегација која ќе патува во Вашингтон.

Ќе се обрне внимание на процесот на зголемување на соработката и помош во областа на заштитата на културното наследство. Во моментов сме во крајна фаза на реституција на украдени икони, кои се пронајдени во Албанија и во таа смисла ќе ја продлабочиме соработката и алатките за унапредување на заштитата на културно наследство. Исто така престојот во Вашингтон ќе биде искористен и за отворање на соработка со американски фондови кои ќе им бидат достапни на културните институции. Знаеме дека преку американски фондови се финансираше реконструкцијата на локалитетот Хераклеа и се надевам дека ваквите фондови и грантови во иднина ќе може и другите институции да ги користат, информираше Бидера Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска -Стојчевска: Ќе има кратење во културата, но ќе почнеме од најнепродуктивните трошоци appeared first on Република.

]]>

Како и секој ребаланс кој се случува во ова време од годината, кратење во културата ќе има, но морам да напоменам дека најпрво тоа ќе бидат најнепродуктивни трошоци, односно оние трошоци без кои ќе можеме да преживееме до крајот на годината. Ние самите, во Министерството за култура веќе направивме одредени кратења, за да не трпат оние културни манифестации кои се финансираат преку Годишната програма. Значи кратење има секаде, и во Министерството за култура, но и ќе следат кратења од оние други финансирања кои ние како Министерство ги имаме на располагање. Сепак, јас се надевам дека нема да се одрази на културните настани кои се предвидени, меѓутоа имајќи предвид дека како што напомена министерот за финансии, овие кратења се за да се задржат високите плати и да можеме да ги одржиме примањата на граѓаните во ова време на криза. Капиталните инвестиции засега остануваат така, бидејќи треба да вложуваме истовремено и во повисоки плати, но и во објекти на културата каде уметниците треба непречено да функционираат, рече меѓу другото министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите.
Во поглед на Стратегијата за културно наследство, Костадиновска Стојчевска вели дека нема проблеми во донесувањето.
Законските решенија кои ги затекнав беа или заглавени во Собрание или се во процедура и ќе бидат пратени до Влада, па потоа до Собрание. Она што сега ни следи е Стратегија за култура. Сите досегашни стратегии можат да се ревидираат, на некои и рокот им е изминат и сега мораме да се прилагодиме на она што сега се случува во културата. Во изработката на Стратегијата за култура и сите документи кои треба да ја регулираат и водат културата ќе биде вклучена и независната сцена, „Аудиција сега“, сите засегнати ќе добијат право да бидат вклучени бидејќи треба да бидат опфатени сите, рече Костадиновска-Стојчевска.
Посочи дека контролата на проектите кои се финансираат од Годишната програма, ќе се врши откако ќе бидат исплатени првите сретства и по извесен период ќе се проверува дали се реализирано проектите и она што не се реализирано да може да се пренасочи на друг проект каде што има потреба од дополнителни трошоци. На новинарско прашање за проблемите околу работењето на директорот на Ансамблот на Албански ора и песни во Македонија, Костадиновска-Стојчевска потенцира дека за да постапи инспекција мора да има пријава.
За ние да постапиме мора да има пријава, а во последниве неколку месеци нема такво нешто. Она што било констатирано како неправилност од досегашните инспекциски било санкционирано. Што се однесува до образовните квалификации, постапката предвидува при изборот, тогашната министерка формирала комисија и членовите утврдиле дека кандидатот ги исполнува условите и тој бил избран. Сега, директорот е среде мандат или на крај на мандатот и јас неможам да направам таков упад  без никаква причина. Но, кога директорот би бил на повторен реизбор, јас како министер сум должна да формирам комисија и таа е должна да ги разгледа документите и да оцени дали се соодветни, рече Костадиновска Стојчевска.
За соработката со Бугарија информираше дека на последната средба  бил потпишан договор за култура и истиот тече бидејќи постојат проекти кои се реализираат од претходно, а сега само ги ставивме на хартија во смисла гостувања на театари, концерти, активно работи нашиот културен центар во Софија, а исто и во Македонија. Министерката ќе биде дел од владината делегација која ќе патува во Вашингтон.