куба Archives - Република https://republika.mk/tema/kuba/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 19:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куба Archives - Република https://republika.mk/tema/kuba/ 32 32 Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба https://republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-od-5-9-stepeni-spored-rihterovata-skala-go-pogodi-bregot-na-kuba/ Sun, 10 Nov 2024 19:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=836174

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС).

Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба.

Националниот центар за сеизмолошки истражувања на Куба и локалните власти го потврдија земјотресот, но со јачина од 5,4 степени и додаде дека следеле помали потреси.

Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

The post Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба appeared first on Република.

]]>

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС). Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба. Националниот центар за сеизмолошки истражувања на Куба и локалните власти го потврдија земјотресот, но со јачина од 5,4 степени и додаде дека следеле помали потреси. Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

The post Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба appeared first on Република.

]]>
Апсења во Куба по протестите поради прекини на електричната енергија https://republika.mk/vesti/svet/apsena-vo-kuba-po-protestite-poradi-prekini-na-elektrichnata-energija/ Sun, 10 Nov 2024 10:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=836038

Кубанската влада соопшти дека уапсила неколку лица кои организирале протести откако ураганот го остави островот без струја по втор пат во последните неколку недели.

Во Куба, која се уште е под комунистичка власт, уличните протести се ретки. Обвинителството соопшти дека лицата уапсени во Хавана и централните провинции се обвинети за напад, јавен неред и оштетување на имотот.

Карипскиот остров со 10 милиони жители остана без струја во средата откако ураганот Рафаел го погоди западниот дел на.

Пред само две недели ураганот Оскар усмрти осум лица на истокот од островот за време на прекините со струја во земјата поради дефект на најголемата електрана на островот и недостиг на гориво.

Владата соопшти дека половина од граѓаните на Хавана сега повторно имаат струја, но повеќето од главниот град и соседните провинции немаат.

Според обвинителството, приведените по протестот се товарат за „дела на агресија врз властите и територијалните инспектори, нанесување повреди и вознемирување на јавноста“.

Групата за човекови права Justicia 11J соопшти дека повеќе од 10 лица се уапсени во Гуанабакоа, град во предградието на Хавана. Прогонот на луѓето во главниот град продолжува“, напишаа тие на социјалните мрежи, додавајќи дека уапсените мирно учествувале во протестот, што самата група го документирала.

Невладината организација Кубалекс со седиште во Мајами во петокот објави дека осум лица се уапсени во Енкрусијада, централна Куба.

Куба со месеци страда од повеќечасовни прекини на електрична енергија и се наоѓа во центарот на својата најтешка економска криза од распадот на сојузникот Советскиот Сојуз во раните 1990-ти - обележана со зголемената инфлација и недостиг на основни производи.

Електричната енергија на островот се произведува од осум застарени електрани на јаглен, од кои некои се расипаа, како и седум пловечки електрани изнајмени од турски компании и голем број дизел генератори.

Покрај се поголемата загриженост за нестабилност во земјата, претседателот Мигел Дијаз-Канел предупреди дека неговата влада нема да толерира обиди за „нарушување на јавниот ред“.

Пред три години, на 11 јули 2021 година, илјадници Кубанци излегоа на улиците низ островот извикувајќи „Гладни сме“ и „Слобода! во редок повик до комунистичките власти. Според Justice 11J, со седиште во Мексико, по тие протести биле уапсени повеќе од 1.500 луѓе, од кои 600 се уште се во затвор. Некои добија затворски казни до 25 години.

The post Апсења во Куба по протестите поради прекини на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Кубанската влада соопшти дека уапсила неколку лица кои организирале протести откако ураганот го остави островот без струја по втор пат во последните неколку недели. Во Куба, која се уште е под комунистичка власт, уличните протести се ретки. Обвинителството соопшти дека лицата уапсени во Хавана и централните провинции се обвинети за напад, јавен неред и оштетување на имотот. Карипскиот остров со 10 милиони жители остана без струја во средата откако ураганот Рафаел го погоди западниот дел на. Пред само две недели ураганот Оскар усмрти осум лица на истокот од островот за време на прекините со струја во земјата поради дефект на најголемата електрана на островот и недостиг на гориво. Владата соопшти дека половина од граѓаните на Хавана сега повторно имаат струја, но повеќето од главниот град и соседните провинции немаат. Според обвинителството, приведените по протестот се товарат за „дела на агресија врз властите и територијалните инспектори, нанесување повреди и вознемирување на јавноста“. Групата за човекови права Justicia 11J соопшти дека повеќе од 10 лица се уапсени во Гуанабакоа, град во предградието на Хавана. Прогонот на луѓето во главниот град продолжува“, напишаа тие на социјалните мрежи, додавајќи дека уапсените мирно учествувале во протестот, што самата група го документирала. Невладината организација Кубалекс со седиште во Мајами во петокот објави дека осум лица се уапсени во Енкрусијада, централна Куба. Куба со месеци страда од повеќечасовни прекини на електрична енергија и се наоѓа во центарот на својата најтешка економска криза од распадот на сојузникот Советскиот Сојуз во раните 1990-ти - обележана со зголемената инфлација и недостиг на основни производи. Електричната енергија на островот се произведува од осум застарени електрани на јаглен, од кои некои се расипаа, како и седум пловечки електрани изнајмени од турски компании и голем број дизел генератори. Покрај се поголемата загриженост за нестабилност во земјата, претседателот Мигел Дијаз-Канел предупреди дека неговата влада нема да толерира обиди за „нарушување на јавниот ред“. Пред три години, на 11 јули 2021 година, илјадници Кубанци излегоа на улиците низ островот извикувајќи „Гладни сме“ и „Слобода! во редок повик до комунистичките власти. Според Justice 11J, со седиште во Мексико, по тие протести биле уапсени повеќе од 1.500 луѓе, од кои 600 се уште се во затвор. Некои добија затворски казни до 25 години.

The post Апсења во Куба по протестите поради прекини на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер https://republika.mk/vesti/svet/kuba-se-prikluchi-na-briks-kako-zemja-partner/ Fri, 25 Oct 2024 18:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=831068

Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.

- Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер … Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок, напиша претседателот на Куба на X.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.

The post Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер appeared first on Република.

]]>

Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.
- Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер … Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок, напиша претседателот на Куба на X.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.

The post Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер appeared first on Република.

]]>
Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба https://republika.mk/vesti/svet/uraganot-oskar-gi-pogodi-jugoistochnite-bahami-i-se-dvizhi-kon-kuba/ Sun, 20 Oct 2024 17:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=829217

Ураганот „Оскар“ денеска ги погоди југоисточните Бахами и се упати кон Куба, објави Центарот за урагани.

„Оскар“, кој Центарот го окарактеризира како многу мал ураган, се формираше вчера како тропска бура источно од островите Туркс и Каикос пред брзо да стане ураган.

Се очекува ураганот да стигне до заливот Гвантанамо или Холгин во источна Куба вечерва, каде што се очекува да донесе уште пороен дожд, соопшти Центарот за урагани.

„Оскар“ треба повторно да ги погоди Бахамите во вторник, само на друга локација.

Владите на Бахамите и Куба издадоа предупредување за ураган за југоисточните Бахами и кубанските провинции Холгин и Гвантанамо, до Пунта Маиси.

Кубанските власти издадоа предупредување и за северниот брег на провинцијата Лас Тунас.

Се очекува „Оскар“ да ослаби по падот на копното, но сепак би можел да има јачина на тропска бура додека се движи северно од Куба и назад кон централните Бахами утре вечер.

Максималната брзина на ветерот на ураганот е 80 милји на час, а центарот се наоѓа на околу десет милји југозападно од островот Велика Инагуа.

За време на оваа сезона на урагани, која започна на 1 јуни и завршува на 30 ноември, САД беа погодени од два моќни урагани во рок од две недели, „Хелена“ и „Милтон“.

The post Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба appeared first on Република.

]]>

Ураганот „Оскар“ денеска ги погоди југоисточните Бахами и се упати кон Куба, објави Центарот за урагани. „Оскар“, кој Центарот го окарактеризира како многу мал ураган, се формираше вчера како тропска бура источно од островите Туркс и Каикос пред брзо да стане ураган. Се очекува ураганот да стигне до заливот Гвантанамо или Холгин во источна Куба вечерва, каде што се очекува да донесе уште пороен дожд, соопшти Центарот за урагани. „Оскар“ треба повторно да ги погоди Бахамите во вторник, само на друга локација. Владите на Бахамите и Куба издадоа предупредување за ураган за југоисточните Бахами и кубанските провинции Холгин и Гвантанамо, до Пунта Маиси. Кубанските власти издадоа предупредување и за северниот брег на провинцијата Лас Тунас. Се очекува „Оскар“ да ослаби по падот на копното, но сепак би можел да има јачина на тропска бура додека се движи северно од Куба и назад кон централните Бахами утре вечер. Максималната брзина на ветерот на ураганот е 80 милји на час, а центарот се наоѓа на околу десет милји југозападно од островот Велика Инагуа. За време на оваа сезона на урагани, која започна на 1 јуни и завршува на 30 ноември, САД беа погодени од два моќни урагани во рок од две недели, „Хелена“ и „Милтон“.

The post Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба appeared first on Република.

]]>
Цела Куба остана без струја https://republika.mk/vesti/svet/tsela-kuba-ostana-bez-struja/ Sat, 19 Oct 2024 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=828748

Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десетина милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на земјата.

Огромното мнозинство од 10-те милиони луѓе во земјата сè уште беа во темница вчеравечер, но светлата повторно беа вклучени во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот.

Министерството вчера на мрежата „Х“ објави дека „националниот систем за електрична енергија бил целосно исклучен во 11:00 часот откако откажала една од главните централи на островот“.

Мрежниот оператор УНЕ соопшти дека се надева дека ќе рестартира најмалку пет од своите постројки за производство на мазут во текот на ноќта, обезбедувајќи доволно електрична енергија за да почне со обновување на струја во пошироките области на земјата.

Владата вчера ги затвори училиштата и дел од индустријата и ги испрати повеќето државни службеници дома во последен обид да се одржи снабдувањето со електрична енергија по неколку недели тежок недостиг.

Затворени се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови.

Официјалните лица синоќа рекоа дека работат на решавање на проблемот што предизвика дефект на централата. Тие не ја прецизираа причината за неговиот колапс.

The post Цела Куба остана без струја appeared first on Република.

]]>

Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десетина милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на земјата. Огромното мнозинство од 10-те милиони луѓе во земјата сè уште беа во темница вчеравечер, но светлата повторно беа вклучени во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот. Министерството вчера на мрежата „Х“ објави дека „националниот систем за електрична енергија бил целосно исклучен во 11:00 часот откако откажала една од главните централи на островот“. Мрежниот оператор УНЕ соопшти дека се надева дека ќе рестартира најмалку пет од своите постројки за производство на мазут во текот на ноќта, обезбедувајќи доволно електрична енергија за да почне со обновување на струја во пошироките области на земјата. Владата вчера ги затвори училиштата и дел од индустријата и ги испрати повеќето државни службеници дома во последен обид да се одржи снабдувањето со електрична енергија по неколку недели тежок недостиг. Затворени се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови. Официјалните лица синоќа рекоа дека работат на решавање на проблемот што предизвика дефект на централата. Тие не ја прецизираа причината за неговиот колапс.

The post Цела Куба остана без струја appeared first on Република.

]]>
И канадски воен брод пристигна на Куба https://republika.mk/vesti/svet/i-kanadski-voen-brod-pristigna-na-kuba/ Sat, 15 Jun 2024 07:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=787752

Канадскиот воен брод Маргарет Брук вчера вплови во пристаништето на главниот град на Куба, Хавана, каде оваа недела пристигнаа две нуклеарни подморници, едната руска, а другата американска.

Тоа е „прва посета на Кралската канадска морнарица на Хавана од 2016 година“, соопшти Канадската заедничка оперативна команда. Бродот Маргарет Брук во Хавана ќе остане до 17 јуни, а според Кралската кандаска морнарица тоа е „признание за долгогодишните билатерални односи“ помеѓу двете земји.

На 12 јуни во Хавана вплови руската нуклеарна подморница Казан, придружувана од фрегатата Адмирал Горшков, како и танкер со нафта и шлепер.

– Ниту еден од бродовите не носи нуклеарно оружје и тие не претставуваат закана за регионот, соопшти претходно кубанското Министерство за револуционерни вооружени сили.

Пристигнувањето на руската поморска флотила на околу 150 километри од брегот на Флорида доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и Русија поради војната во Украина.

На Куба од 13 јуни се наоѓа и американска нуклеарна подморница Хелена. Таа е во заливот Гвантанамо, американска поморска база на Островот. Според Американската јужна команда подморницата Хелена е „во рутинска посета“.

САД соопштија дека ја следат ситуацијата во Куба, но додадоа дека распоредувањето на руските бродови не претставува директна закана.

За време на Студената војна, Куба беше сојузник на Советскиот Сојуз. Распоредувањето на советските ракети на Куба во 1962 година ја предизвика Карипската криза, која речиси доведе до војна меѓу САД и СССР.

 

The post И канадски воен брод пристигна на Куба appeared first on Република.

]]>

Канадскиот воен брод Маргарет Брук вчера вплови во пристаништето на главниот град на Куба, Хавана, каде оваа недела пристигнаа две нуклеарни подморници, едната руска, а другата американска. Тоа е „прва посета на Кралската канадска морнарица на Хавана од 2016 година“, соопшти Канадската заедничка оперативна команда. Бродот Маргарет Брук во Хавана ќе остане до 17 јуни, а според Кралската кандаска морнарица тоа е „признание за долгогодишните билатерални односи“ помеѓу двете земји. На 12 јуни во Хавана вплови руската нуклеарна подморница Казан, придружувана од фрегатата Адмирал Горшков, како и танкер со нафта и шлепер. – Ниту еден од бродовите не носи нуклеарно оружје и тие не претставуваат закана за регионот, соопшти претходно кубанското Министерство за револуционерни вооружени сили. Пристигнувањето на руската поморска флотила на околу 150 километри од брегот на Флорида доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и Русија поради војната во Украина. На Куба од 13 јуни се наоѓа и американска нуклеарна подморница Хелена. Таа е во заливот Гвантанамо, американска поморска база на Островот. Според Американската јужна команда подморницата Хелена е „во рутинска посета“. САД соопштија дека ја следат ситуацијата во Куба, но додадоа дека распоредувањето на руските бродови не претставува директна закана. За време на Студената војна, Куба беше сојузник на Советскиот Сојуз. Распоредувањето на советските ракети на Куба во 1962 година ја предизвика Карипската криза, која речиси доведе до војна меѓу САД и СССР.  

The post И канадски воен брод пристигна на Куба appeared first on Република.

]]>
Руска нуклеарна подморница пристигна во Куба https://republika.mk/vesti/svet/ruska-nuklearna-podmornitsa-pristigna-vo-kuba/ Wed, 12 Jun 2024 17:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=786999

Руска подморница на нуклеарен погон и други бродови на руската морнарица денеска пристигнаа во Куба во петдневна посета на комунистичкиот остров во близина на брегот на Флорида. АФП вели дека тоа е демонстрација на сила во услови на зголемени американско-руски тензии.

 

Подморницата Казан, за која Куба вели дека не носи нуклеарно оружје, била придружувана од фрегатата Адмирал Горшков, танкер за гориво и по еден шлепер. Руското Министерство за одбрана објави дека пред да заплови во Хавана, флотата „завршила вежба за употреба на високопрецизно ракетно оружје“.

Невообичаеното распоредување на бродови на руската морнарица толку блиску до Соединетите држави – особено моќна подморница – доаѓа во време на зголемени тензии околу војната во Украина, каде што владата поддржана од Запад се бори против руската инвазија.

Тоа се совпадна и со средбата во Москва меѓу кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез и неговиот руски колега Сергеј Лавров, каде што поранешните сојузници од Студената војна дополнително ги зајакнуваат своите врски.

За време на средбата, Родригез изрази дека Куба „ја отфрла идејата за проширување на НАТО кон руската граница“, што според него „доведе до актуелниот конфликт во Европа, особено меѓу Москва и Киев“, се вели во соопштението на кубанското Министерство за надворешни работи. .

Тој повика и на „дипломатско, конструктивно и реално решение“ на кризата.

The post Руска нуклеарна подморница пристигна во Куба appeared first on Република.

]]>

Руска подморница на нуклеарен погон и други бродови на руската морнарица денеска пристигнаа во Куба во петдневна посета на комунистичкиот остров во близина на брегот на Флорида. АФП вели дека тоа е демонстрација на сила во услови на зголемени американско-руски тензии.   Подморницата Казан, за која Куба вели дека не носи нуклеарно оружје, била придружувана од фрегатата Адмирал Горшков, танкер за гориво и по еден шлепер. Руското Министерство за одбрана објави дека пред да заплови во Хавана, флотата „завршила вежба за употреба на високопрецизно ракетно оружје“. Невообичаеното распоредување на бродови на руската морнарица толку блиску до Соединетите држави – особено моќна подморница – доаѓа во време на зголемени тензии околу војната во Украина, каде што владата поддржана од Запад се бори против руската инвазија. Тоа се совпадна и со средбата во Москва меѓу кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез и неговиот руски колега Сергеј Лавров, каде што поранешните сојузници од Студената војна дополнително ги зајакнуваат своите врски. За време на средбата, Родригез изрази дека Куба „ја отфрла идејата за проширување на НАТО кон руската граница“, што според него „доведе до актуелниот конфликт во Европа, особено меѓу Москва и Киев“, се вели во соопштението на кубанското Министерство за надворешни работи. . Тој повика и на „дипломатско, конструктивно и реално решение“ на кризата.

The post Руска нуклеарна подморница пристигна во Куба appeared first on Република.

]]>
САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба https://republika.mk/vesti/svet/sad-objavija-merki-za-podrshka-na-maliot-biznis-na-kuba/ Wed, 29 May 2024 15:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=782876

САД објавија регулаторни измени со цел засилување на подршката за народот на Куба и независните приватни претприемачи во таа земја, изјави синоќа службено лице од Министерството за финансии на САД.

Измените ќе дозволат зголемување на американската финансиска подршка за малиот приватен бизнис на Куба, ќе се подобри квалитетот на интернет-услугите на островот и ќе се рашири достапот до финансиски услуги.

САД ги најавуваат овие мерки кога комунистичката земја се соочува со социјално-економска криза и со кусок од прехранбени производи, горива, електрична енергија и лекови.

Службеникот изјави дека со новите правила назависните претприемачи од приватниот сектор на Куба ќе можат да отвараат банкарски сметки во САД и да добиваат достап до тие сметки од далечина, преку американските платформи за плаќање онлајн.

Кубанските претприемачи добија можност да регистрираат мали и средни претпријатија во 2021 година. Според последните податоци во земјата се регистрирани повеќе од 11.000 приватни компании.

The post САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба appeared first on Република.

]]>

САД објавија регулаторни измени со цел засилување на подршката за народот на Куба и независните приватни претприемачи во таа земја, изјави синоќа службено лице од Министерството за финансии на САД.
Измените ќе дозволат зголемување на американската финансиска подршка за малиот приватен бизнис на Куба, ќе се подобри квалитетот на интернет-услугите на островот и ќе се рашири достапот до финансиски услуги. САД ги најавуваат овие мерки кога комунистичката земја се соочува со социјално-економска криза и со кусок од прехранбени производи, горива, електрична енергија и лекови. Службеникот изјави дека со новите правила назависните претприемачи од приватниот сектор на Куба ќе можат да отвараат банкарски сметки во САД и да добиваат достап до тие сметки од далечина, преку американските платформи за плаќање онлајн. Кубанските претприемачи добија можност да регистрираат мали и средни претпријатија во 2021 година. Според последните податоци во земјата се регистрирани повеќе од 11.000 приватни компании.

The post САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба appeared first on Република.

]]>
Куба се бори со сериозен недостиг на млеко, гориво и лекови https://republika.mk/vesti/svet/kuba-se-bori-so-seriozen-nedostig-na-mleko-gorivo-i-lekovi/ Mon, 04 Mar 2024 19:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=751248

Куба денеска потврди дека побарала помош од Светската програма за храна (ВФП) поради недостиг на млеко во прав за деца, што е уште еден знак за тешката економска ситуација на карипскиот остров.

Куба во февруари за првпат призна дека се бори да обезбеди резерви на млеко. Домашното производство речиси пропадна, а освен млеко, снемува и гориво и лекови.

Деценискиот систем на субвенции воспоставен од покојниот лидер Фидел Кастро пропаѓа, па Куба се обрати до агенцијата на ОН за помош.

- Куба побара помош од ВФП за купување млеко во прав за да се гарантира снабдувањето со млеко на кубанските девојчиња и момчиња, јави државниот медиум CubaDebate.

Како резултат на тоа, брод со 375 тони млеко во прав кој отплови од Бразил наскоро ќе пристигне на Куба.

Земјата се соочува и со недостиг на пченица, а владата мораше да ги скрати субвенциите за леб.

Млеко во прав и други основни производи им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии.

Куба за своите економски проблеми ја обвинува пандемијата на Ковид-19 и заострените американски санкции од времето на Доналд Трамп.

Куба, сепак, купи уште 500 тони млеко од САД и покрај санкциите, благодарение на ослободувањето што дозволува продажба на земјоделски производи.

The post Куба се бори со сериозен недостиг на млеко, гориво и лекови appeared first on Република.

]]>

Куба денеска потврди дека побарала помош од Светската програма за храна (ВФП) поради недостиг на млеко во прав за деца, што е уште еден знак за тешката економска ситуација на карипскиот остров. Куба во февруари за првпат призна дека се бори да обезбеди резерви на млеко. Домашното производство речиси пропадна, а освен млеко, снемува и гориво и лекови. Деценискиот систем на субвенции воспоставен од покојниот лидер Фидел Кастро пропаѓа, па Куба се обрати до агенцијата на ОН за помош. - Куба побара помош од ВФП за купување млеко во прав за да се гарантира снабдувањето со млеко на кубанските девојчиња и момчиња, јави државниот медиум CubaDebate. Како резултат на тоа, брод со 375 тони млеко во прав кој отплови од Бразил наскоро ќе пристигне на Куба. Земјата се соочува и со недостиг на пченица, а владата мораше да ги скрати субвенциите за леб. Млеко во прав и други основни производи им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии. Куба за своите економски проблеми ја обвинува пандемијата на Ковид-19 и заострените американски санкции од времето на Доналд Трамп. Куба, сепак, купи уште 500 тони млеко од САД и покрај санкциите, благодарение на ослободувањето што дозволува продажба на земјоделски производи.

The post Куба се бори со сериозен недостиг на млеко, гориво и лекови appeared first on Република.

]]>
И таму е криза: Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна https://republika.mk/vesti/svet/i-tamu-e-kriza-kuba-za-prv-pat-bara-pomosh-od-on-poradi-nedostig-na-hrana/ Thu, 29 Feb 2024 19:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=749774

Властите во Куба за прв пат побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации поради недостигот на храна во таа островска земја, што е знак за тоа колку е сериозна моменталната кубанска економска криза, јави Би-Би-Си.

Светската програма за храна на ОН соопшти дека добиле официјално барање од кубанската Влада за помош во обезбедување месечна испорака на еден килограм млеко во прав за деца под седум години.

Освен недостигот на млеко, при крај се и резервите на гориво и лекови.

Светската програма за храна на ОН претходно соопшти дека веќе започнала испораки на млеко во прав до островската држава.

Недостигот на млеко од тогаш се влоши, а министерката за внатрешни работи Бетси Дијаз предупреди на почетокот на овој месец дека испораките за деца на возраст од шест месеци до две години се одложени.

Недостигот на гориво доведе до откажување на годишната првомајска парада минатата година.

Млеко во прав и други основни животни намирници им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии.

Системот е воспоставен во 1962 година од тогашниот кубански лидер Фидел Кастро, откако САД воведоа санкции кон Куба кои сè уште се во сила и само го зголемија недостигот на стоки.

Кубанската влада ги обвинува тие американски санкции за лошата состојба на нејзината економија и честиот недостиг, но критичарите велат дека зад сегашната економска криза, која е најлоша во последните триесет години, стои лошата владина политика.

The post И таму е криза: Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна appeared first on Република.

]]>

Властите во Куба за прв пат побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации поради недостигот на храна во таа островска земја, што е знак за тоа колку е сериозна моменталната кубанска економска криза, јави Би-Би-Си. Светската програма за храна на ОН соопшти дека добиле официјално барање од кубанската Влада за помош во обезбедување месечна испорака на еден килограм млеко во прав за деца под седум години. Освен недостигот на млеко, при крај се и резервите на гориво и лекови. Светската програма за храна на ОН претходно соопшти дека веќе започнала испораки на млеко во прав до островската држава. Недостигот на млеко од тогаш се влоши, а министерката за внатрешни работи Бетси Дијаз предупреди на почетокот на овој месец дека испораките за деца на возраст од шест месеци до две години се одложени. Недостигот на гориво доведе до откажување на годишната првомајска парада минатата година. Млеко во прав и други основни животни намирници им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии. Системот е воспоставен во 1962 година од тогашниот кубански лидер Фидел Кастро, откако САД воведоа санкции кон Куба кои сè уште се во сила и само го зголемија недостигот на стоки. Кубанската влада ги обвинува тие американски санкции за лошата состојба на нејзината економија и честиот недостиг, но критичарите велат дека зад сегашната економска криза, која е најлоша во последните триесет години, стои лошата владина политика.

The post И таму е криза: Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна appeared first on Република.

]]>
Сергеј Лавров во Куба, прва станица од турнејата по Средна и Јужна Америка https://republika.mk/vesti/svet/sergej-lavrov-vo-kuba-prva-stanitsa-od-turnejata-po-sredna-i-juzhna-amerika/ Tue, 20 Feb 2024 18:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=746257

Шефот на руската дипломатија при официјалната посета на Куба се сретна со претседателот на земјата Мануел Дијаз-Канел Бермудез, а официјални разговори имал и со министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез.

На средбите, одржани во традиционално пријателска, конструктивна атмосфера, била остварена значајна размена на мислења на теми од политичка, трговска, економска, културна и хуманитарна соработка.

Забележани се клучните достигнувања на двете земји во изминатата година во материјалната сфера, кои ќе придонесат за поактивно учество на руските стопански субјекти во спроведувањето на обемните планови за социо-економскиот развој на Куба за периодот до 2030 година.

Детално се разговарало за параметрите за зајакнување на блиската координација на двете земји на светската сцена и на регионалните платформи. Потврдена е взаемната посветеност на сеопфатното зајакнување на руско-кубанското стратешко партнерство.

Постојаниот став на Русија и Куба во однос на категоричната недозволивост на употреба на еднострани нелегитимни ограничувања, желбата заеднички да напредуваат во изградбата на мултиполарен свет заснован на вистинската еднаквост на државите, почитувањето на заедничките интереси, основните принципи и норми на евидентирано е меѓународното право, се вели во заедничко соопштение.

Руската страна ја потврдила својата континуирана поддршка на Хавана во нејзиното праведно барање за целосно и итно укинување на американското ембарго и отстранување на Куба од списокот на американскиот Стејт департмент на држави спонзори на тероризмот.

По посета на Хавана, Лавров ја продолжи својата дипломатска мисија со патување во Венецуела.

The post Сергеј Лавров во Куба, прва станица од турнејата по Средна и Јужна Америка appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија при официјалната посета на Куба се сретна со претседателот на земјата Мануел Дијаз-Канел Бермудез, а официјални разговори имал и со министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез. На средбите, одржани во традиционално пријателска, конструктивна атмосфера, била остварена значајна размена на мислења на теми од политичка, трговска, економска, културна и хуманитарна соработка. Забележани се клучните достигнувања на двете земји во изминатата година во материјалната сфера, кои ќе придонесат за поактивно учество на руските стопански субјекти во спроведувањето на обемните планови за социо-економскиот развој на Куба за периодот до 2030 година. Детално се разговарало за параметрите за зајакнување на блиската координација на двете земји на светската сцена и на регионалните платформи. Потврдена е взаемната посветеност на сеопфатното зајакнување на руско-кубанското стратешко партнерство.
Постојаниот став на Русија и Куба во однос на категоричната недозволивост на употреба на еднострани нелегитимни ограничувања, желбата заеднички да напредуваат во изградбата на мултиполарен свет заснован на вистинската еднаквост на државите, почитувањето на заедничките интереси, основните принципи и норми на евидентирано е меѓународното право, се вели во заедничко соопштение.
Руската страна ја потврдила својата континуирана поддршка на Хавана во нејзиното праведно барање за целосно и итно укинување на американското ембарго и отстранување на Куба од списокот на американскиот Стејт департмент на држави спонзори на тероризмот. По посета на Хавана, Лавров ја продолжи својата дипломатска мисија со патување во Венецуела.

The post Сергеј Лавров во Куба, прва станица од турнејата по Средна и Јужна Америка appeared first on Република.

]]>
Куба најави 500 отсто поскапување на горивата од 1 февруари https://republika.mk/vesti/svet/kuba-najavi-500-otsto-poskapuvane-na-gorivata-od-1-fevruari/ Tue, 09 Jan 2024 08:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=730999

Владата на Куба најави зголемување на цената на горивото за 500 отсто, од 1 февруари, пренесоа светските агенции.

Цената на обичниот бензин ќе скокне од 25 пезоси на 132 пезоси, што е зголемување за 528 отсто, а цената на Супер бензинот ќе се зголеми од 30 на 156 пезоси, што е зголемување од 520 отсто, изјави министерот за финансии Владимир Регуеиро.

Владата, која ги субвенционира речиси сите основни стоки и услуги, кон крајот на декември објави серија мерки насочени кон намалување на дефицитот.

Според официјалните проценки, минатата година и кубанската економија забележа пад од 2 отсто, а инфлацијата достигна 30 отсто.

Кубанската влада, исто така, ја зголеми цената на електричната енергија за големите корисници во станбените области за 25 проценти почнувајќи од март. Потврдено е и поскапување на гасот.

The post Куба најави 500 отсто поскапување на горивата од 1 февруари appeared first on Република.

]]>

Владата на Куба најави зголемување на цената на горивото за 500 отсто, од 1 февруари, пренесоа светските агенции. Цената на обичниот бензин ќе скокне од 25 пезоси на 132 пезоси, што е зголемување за 528 отсто, а цената на Супер бензинот ќе се зголеми од 30 на 156 пезоси, што е зголемување од 520 отсто, изјави министерот за финансии Владимир Регуеиро. Владата, која ги субвенционира речиси сите основни стоки и услуги, кон крајот на декември објави серија мерки насочени кон намалување на дефицитот. Според официјалните проценки, минатата година и кубанската економија забележа пад од 2 отсто, а инфлацијата достигна 30 отсто. Кубанската влада, исто така, ја зголеми цената на електричната енергија за големите корисници во станбените области за 25 проценти почнувајќи од март. Потврдено е и поскапување на гасот.

The post Куба најави 500 отсто поскапување на горивата од 1 февруари appeared first on Република.

]]>
Кубанскиот парламент ја одобри евтаназијата https://republika.mk/vesti/svet/kubanskiot-parlament-ja-odobri-evtanazijata/ Fri, 22 Dec 2023 19:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=725796

Куба денеска стана втората земја во Јужна Америка и Карибите која ја одобри евтаназијата.

Националното собрание на таа држава, по Колумбија, ја усвои мерката како дел од законот што ја формира правната рамка на нацијата за универзален и бесплатен здравствен систем.

„Правото на луѓето да умрат со достоинство е признаено во одлуките за крајот на животот, кои може да вклучуваат ограничување на терапевтскиот напор, континуирана или палијативна нега и валидни процедури со кои се завршува животот“, се вели во финалниот нацрт на законот.

The post Кубанскиот парламент ја одобри евтаназијата appeared first on Република.

]]>

Куба денеска стана втората земја во Јужна Америка и Карибите која ја одобри евтаназијата. Националното собрание на таа држава, по Колумбија, ја усвои мерката како дел од законот што ја формира правната рамка на нацијата за универзален и бесплатен здравствен систем. „Правото на луѓето да умрат со достоинство е признаено во одлуките за крајот на животот, кои може да вклучуваат ограничување на терапевтскиот напор, континуирана или палијативна нега и валидни процедури со кои се завршува животот“, се вели во финалниот нацрт на законот.

The post Кубанскиот парламент ја одобри евтаназијата appeared first on Република.

]]>
Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина https://republika.mk/vesti/svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/ Tue, 05 Sep 2023 15:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=679077

Куба откри синџир на трговија со луѓе во кој нејзини граѓани се принудувани да се борат за Русија во војната во Украина, соопшти денеска кубанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека властите во Хавана работат на „неутрализирање и разбивање“ на мрежата.

Во соопштението на кубанското Министерство се наведуваат само неколку детали, но се нагласува дека синџирот на трговија со луѓе функционира и во рамките на таа карипска островска држава, илјадници километри оддалечена од Москва, но и во рамките на Русија.

Министерството за внатрешни работи работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените сили кои учествуваат во воените операции во Украина, се вели во соопштението на кубанската влада.

The post Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Куба откри синџир на трговија со луѓе во кој нејзини граѓани се принудувани да се борат за Русија во војната во Украина, соопшти денеска кубанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека властите во Хавана работат на „неутрализирање и разбивање“ на мрежата. Во соопштението на кубанското Министерство се наведуваат само неколку детали, но се нагласува дека синџирот на трговија со луѓе функционира и во рамките на таа карипска островска држава, илјадници километри оддалечена од Москва, но и во рамките на Русија.
Министерството за внатрешни работи работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените сили кои учествуваат во воените операции во Украина, се вели во соопштението на кубанската влада.

The post Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Куба во посета на Србија https://republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-kuba-vo-poseta-na-srbija/ Wed, 21 Jun 2023 08:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=653619

Српскиот претседател Александар Вучиќ со почести го пречека својот кубански колега Мигел Дијаз-Канел Бермудез. Церемонијата на пречек на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез започна нешто по десет часот, а гостинот од Куба го пречека Вучиќ.

Кубанскиот претседател беше пречекан со сите почести – црвен тепих, стража и химни, по што во знак на почит се поклони пред српското знаме.

Потоа започна тет-а-тет средбата меѓу Вучиќ и Мигел Дијас-Канел Бермудез.

Во 10:45 часот се планирани пленарни разговори на делегациите на Србија и Куба предводени од претседателите на двете земји.

 

The post Претседателот на Куба во посета на Србија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ со почести го пречека својот кубански колега Мигел Дијаз-Канел Бермудез. Церемонијата на пречек на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез започна нешто по десет часот, а гостинот од Куба го пречека Вучиќ. Кубанскиот претседател беше пречекан со сите почести – црвен тепих, стража и химни, по што во знак на почит се поклони пред српското знаме. Потоа започна тет-а-тет средбата меѓу Вучиќ и Мигел Дијас-Канел Бермудез. Во 10:45 часот се планирани пленарни разговори на делегациите на Србија и Куба предводени од претседателите на двете земји.  

The post Претседателот на Куба во посета на Србија appeared first on Република.

]]>
На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата https://republika.mk/vesti/svet/na-kuba-se-odrzhaa-ushte-edni-parlamentarni-izbori-bez-kandidati-na-opozitsijata/ Mon, 27 Mar 2023 07:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=624070

Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година.

Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии.

Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да се кандидираат само кандидати од Комунистичката партија.

Единствената неизвесност беше колку од околу осум милиони избирачи ќе гласаат. Излезноста на гласачите традиционално е висока во Куба од 1959 година, но опадна на последните избори.

Неистомислениците го повикаа населението да го бојкотира, како што велат, лажното гласање. Владата, од друга страна, тврди дека еднопартискиот систем промовира единство.

Првите резултати се очекуваат денеска.

The post На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата appeared first on Република.

]]>

Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година. Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии. Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да се кандидираат само кандидати од Комунистичката партија. Единствената неизвесност беше колку од околу осум милиони избирачи ќе гласаат. Излезноста на гласачите традиционално е висока во Куба од 1959 година, но опадна на последните избори. Неистомислениците го повикаа населението да го бојкотира, како што велат, лажното гласање. Владата, од друга страна, тврди дека еднопартискиот систем промовира единство. Првите резултати се очекуваат денеска.

The post На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата appeared first on Република.

]]>
По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба https://republika.mk/vesti/svet/po-petgodishna-pauza-sad-povtorno-izdavaat-vizi-vo-kuba/ Thu, 05 Jan 2023 08:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=593753

Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза.

На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува.

Американските визни и конзуларни служби во Куба беа затворени во 2017 година, откако персоналот на американската амбасада доживеа серија здравствени проблеми. Пациентите имале главоболки, вртоглавица, гадење и други симптоми поврзани со трауматски повреди на мозокот. Десетици случаи останаа нерешени и се под активна истрага, а слични случаи беа пријавени и во Азија и Европа.

Одделот првично ќе се фокусира на обработка на барањата за виза за членови на семејствата на поединци кои живеат во САД, објави амбасадата на 30 декември.

Кубанците кои сакаа легално да имигрираат во САД мораа да одат во трети земји во последниве години за да го продолжат процесот, додека САД ги намалија своите дипломатски активности во островската држава.

Одлуката за продолжување на обработката на визите во Хавана доаѓа додека САД се соочуваат со масовна миграција од Латинска Америка.

The post По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба appeared first on Република.

]]>

Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза. На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува. Американските визни и конзуларни служби во Куба беа затворени во 2017 година, откако персоналот на американската амбасада доживеа серија здравствени проблеми. Пациентите имале главоболки, вртоглавица, гадење и други симптоми поврзани со трауматски повреди на мозокот. Десетици случаи останаа нерешени и се под активна истрага, а слични случаи беа пријавени и во Азија и Европа. Одделот првично ќе се фокусира на обработка на барањата за виза за членови на семејствата на поединци кои живеат во САД, објави амбасадата на 30 декември. Кубанците кои сакаа легално да имигрираат во САД мораа да одат во трети земји во последниве години за да го продолжат процесот, додека САД ги намалија своите дипломатски активности во островската држава. Одлуката за продолжување на обработката на визите во Хавана доаѓа додека САД се соочуваат со масовна миграција од Латинска Америка.

The post По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба appeared first on Република.

]]>
Oд 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана https://republika.mk/vesti/makedonija/od-1-januari-makedonija-voveduva-vizi-za-drzavjanite-na-kuba-i-bocvana/ Mon, 05 Dec 2022 11:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=582134

Oд 1 јануари 2023 година, Македонија ќе воведе визен режим за Куба и Боцвана, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на прес-конференција рече дека ваква одлука донела Владата на предлог на Министерството за надворешни работи во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Знаете дека во последно време има сериозен проблем кога земји од Африка и Азија го користат белградскиот аеродром поради постоењето на либерализиран визен режим во Србија и нивните граѓани слетуваат на аеродром кој не е во Белград, а потоа заминуваат во земјите на ЕУ, рече Османи.

Тој истакна дека постои еден податок дека од 6.000 луѓе кои слетале на белградскиот аеродром во одреден период, само 10 отсто се вратиле преку тој аеродром (во своите земји).

Иако нашата земја не е меѓу земјите кои имаат проблеми со овој тип на миграција, сепак решивме да бидеме проактивни и донесовме одлука да воведеме визен режим за овие земји (Куба и Боцвана)“, рече шефот на дипломатијата на Македонија.

The post Oд 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана appeared first on Република.

]]>

Oд 1 јануари 2023 година, Македонија ќе воведе визен режим за Куба и Боцвана, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на прес-конференција рече дека ваква одлука донела Владата на предлог на Министерството за надворешни работи во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Знаете дека во последно време има сериозен проблем кога земји од Африка и Азија го користат белградскиот аеродром поради постоењето на либерализиран визен режим во Србија и нивните граѓани слетуваат на аеродром кој не е во Белград, а потоа заминуваат во земјите на ЕУ, рече Османи.
Тој истакна дека постои еден податок дека од 6.000 луѓе кои слетале на белградскиот аеродром во одреден период, само 10 отсто се вратиле преку тој аеродром (во своите земји).
Иако нашата земја не е меѓу земјите кои имаат проблеми со овој тип на миграција, сепак решивме да бидеме проактивни и донесовме одлука да воведеме визен режим за овие земји (Куба и Боцвана)“, рече шефот на дипломатијата на Македонија.

The post Oд 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана appeared first on Република.

]]>
Куба во мрак, 11 милиони луѓе останаа без струја https://republika.mk/vesti/svet/kuba-vo-mrak-11-milioni-lugje-ostanaa-bez-struja/ Wed, 28 Sep 2022 08:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=555091

Невреме од трета категорија ја погоди Куба принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат, додека стотици илјади жители останаа без струја. Во невремето има и две загинати лица.

Жителите на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида бегаат додека ураганот Ијан се упатува кон Флорида со ветер со брзина од 200 километри на час. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови.

Шефот на кубанската енергетика изјави дека целосното помрачување на островот се случило како резултат на распадот на националниот електричен систем, што оставило 11 милиони луѓе во темница.

Електричната мрежа низ земјата е падната 100 отсто, зашто термоелектрената ‘Антонио Гвитерас‘ не можела да се синхронизира, објави државната телевизија.

The post Куба во мрак, 11 милиони луѓе останаа без струја appeared first on Република.

]]>

Невреме од трета категорија ја погоди Куба принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат, додека стотици илјади жители останаа без струја. Во невремето има и две загинати лица. Жителите на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида бегаат додека ураганот Ијан се упатува кон Флорида со ветер со брзина од 200 километри на час. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови. Шефот на кубанската енергетика изјави дека целосното помрачување на островот се случило како резултат на распадот на националниот електричен систем, што оставило 11 милиони луѓе во темница.
Електричната мрежа низ земјата е падната 100 отсто, зашто термоелектрената ‘Антонио Гвитерас‘ не можела да се синхронизира, објави државната телевизија.

The post Куба во мрак, 11 милиони луѓе останаа без струја appeared first on Република.

]]>
Кубанците гласаа „за“ истополови бракови https://republika.mk/vesti/svet/kubancite-glasaa-za-istopolovi-brakovi/ Mon, 26 Sep 2022 19:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=554434

Куба ги легализираше истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за семејниот законик со што се зголемува заштитата на малцинствата на островот, објави денеска Националниот изборен совет на земјата.

Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум.

Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против.

Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца.

Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација.

The post Кубанците гласаа „за“ истополови бракови appeared first on Република.

]]>

Куба ги легализираше истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за семејниот законик со што се зголемува заштитата на малцинствата на островот, објави денеска Националниот изборен совет на земјата. Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум. Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против. Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца. Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација.

The post Кубанците гласаа „за“ истополови бракови appeared first on Република.

]]>