крвна група Archives - Република https://republika.mk/tema/krvna-grupa/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 12:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крвна група Archives - Република https://republika.mk/tema/krvna-grupa/ 32 32 Можеби вашата крвна група не ви „дозволува“ да ослабете https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mozhebi-vashata-krvna-grupa-ne-vi-dozvoluva-da-oslabete/ Tue, 28 Nov 2023 12:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=717164

Дали сте во постојана битка со килограмите, дури и додека го следите советот на некој што е на диета? Ако сте меѓу оние за кои слабеењето е речиси невозможна мисија, причината може да биде вашата крвна група.

Нутриционистот Сема Кана објасни за TOI дека луѓето со крвна група АБ + или АБ – имаат многу потешкотии да ги елиминираат несаканите килограми.

Причината? Луѓето со споменатите крвни групи тешко ги менуваат прехранбените навики. Луѓето со крвни групи О+ и Б+ полесно ќе се ослободат од несаканите масни наслаги, пишува Вечерњи лист.

Оние со крвна група Б + имаат повисока стапка на базален метаболизам (БМР), што им отежнува да се здебелат, објаснува др. Сема. Ако сте личност со крвна група А, тогаш дали сте повеќе склони кон дебелеење или не, зависи од вашата генетика.

Натуропатот Питер Џ. Д’Адамо создаде диета за секоја крвна група и тврди дека храната што ја консумираме реагира со нашата крв, така што диетата дизајнирана според крвните групи е одличен избор за стимулирање и забрзување на варењето, вели тој.

Дополнително, на овој начин можете да го спречите развојот на разни болести кои ви се закануваат, објаснува Питер и наведува дека придржувајќи се до планот за исхрана за секоја крвна група што ја имате, лесно можете да ја постигнете саканата тежина и да го продолжите животниот век.

The post Можеби вашата крвна група не ви „дозволува“ да ослабете appeared first on Република.

]]>

Дали сте во постојана битка со килограмите, дури и додека го следите советот на некој што е на диета? Ако сте меѓу оние за кои слабеењето е речиси невозможна мисија, причината може да биде вашата крвна група. Нутриционистот Сема Кана објасни за TOI дека луѓето со крвна група АБ + или АБ – имаат многу потешкотии да ги елиминираат несаканите килограми. Причината? Луѓето со споменатите крвни групи тешко ги менуваат прехранбените навики. Луѓето со крвни групи О+ и Б+ полесно ќе се ослободат од несаканите масни наслаги, пишува Вечерњи лист. Оние со крвна група Б + имаат повисока стапка на базален метаболизам (БМР), што им отежнува да се здебелат, објаснува др. Сема. Ако сте личност со крвна група А, тогаш дали сте повеќе склони кон дебелеење или не, зависи од вашата генетика. Натуропатот Питер Џ. Д’Адамо создаде диета за секоја крвна група и тврди дека храната што ја консумираме реагира со нашата крв, така што диетата дизајнирана според крвните групи е одличен избор за стимулирање и забрзување на варењето, вели тој. Дополнително, на овој начин можете да го спречите развојот на разни болести кои ви се закануваат, објаснува Питер и наведува дека придржувајќи се до планот за исхрана за секоја крвна група што ја имате, лесно можете да ја постигнете саканата тежина и да го продолжите животниот век.

The post Можеби вашата крвна група не ви „дозволува“ да ослабете appeared first on Република.

]]>
Мажите со оваа крвна група се најдобри љубовници, може да траат со часови во кревет https://republika.mk/intima/mazhite-so-ovaa-krvna-grupa-se-najdobri-lubovnitsi-mozhe-da-traat-so-chasovi-vo-krevet/ Fri, 24 Nov 2023 19:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=700785

Научниците постојано ја поврзуваат крвната група со одредени карактеристики и однесување. Па, така, според германските научници најстрасните љубовници ја имаат групата А, додека мажите со Б групата се најверните и најсигурните партнери.

Но, научниците од Универзитетот во Турција спроведоа ново истражување за да ја откријат врската помеѓу крвната група и каков љубовник ќе биде мажот. Но, не само тоа! Научниците од Турција веруваат дека потенцијата на мажот зависи од неговата крвна група.

Според нив, мажите со крвна група А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да патат од еректилна дисфункција во одреден период од животот. Истражувањата покажаа дека мажите со нулта крвна група се најдобри љубовници, според овој критериум.

Истражувањата покажаа дека 42 отсто од оние со крвна група А имаат одредени проблеми за време на интимните односи, додека тоа е забележано само кај 16 отсто од мажите со нулта крвна група. Љубовниците со нулта крвна група се страсни во кревет, водат љубов со часови се многу „дарежливи“ во креветот.

The post Мажите со оваа крвна група се најдобри љубовници, може да траат со часови во кревет appeared first on Република.

]]>

Научниците постојано ја поврзуваат крвната група со одредени карактеристики и однесување. Па, така, според германските научници најстрасните љубовници ја имаат групата А, додека мажите со Б групата се најверните и најсигурните партнери. Но, научниците од Универзитетот во Турција спроведоа ново истражување за да ја откријат врската помеѓу крвната група и каков љубовник ќе биде мажот. Но, не само тоа! Научниците од Турција веруваат дека потенцијата на мажот зависи од неговата крвна група. Според нив, мажите со крвна група А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да патат од еректилна дисфункција во одреден период од животот. Истражувањата покажаа дека мажите со нулта крвна група се најдобри љубовници, според овој критериум. Истражувањата покажаа дека 42 отсто од оние со крвна група А имаат одредени проблеми за време на интимните односи, додека тоа е забележано само кај 16 отсто од мажите со нулта крвна група. Љубовниците со нулта крвна група се страсни во кревет, водат љубов со часови се многу „дарежливи“ во креветот.

The post Мажите со оваа крвна група се најдобри љубовници, може да траат со часови во кревет appeared first on Република.

]]>
Крвната група го одредува карактерот https://republika.mk/zivot/psihologija/krvnata-grupa-go-odreduva-karakterot/ Thu, 13 Jul 2023 14:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=660989

Ритамот на животот нѐ притиска, ништо не можеме да стигнеме, не се дружиме, а дури и не успеваме да ги анализираме луѓето, нивните склоности и навики. За тие драгоцени информации често бараме помош од астролог или нумеролог. Меѓутоа, постои поедноставен начин да дознаеме сѐ за некој човек. Доволно е да го прашаме за неговата крвна група.

За почеток да напоменеме: крвните групи се разликуваат по присуството или отсуството на т.н. сврзувачки фактор. Можно е тоа да е некако поврзано со способноста за коагулација, поточно: колку е повисок неговиот индекс, толку е послабо својството на згрутчување на крвта. Според основната класификација, постојат четири крвни групи: 0, А, Б и АБ.

Секако, и животот го коригира нечиј карактер, така што овде се зборува само за тенденциите во однесувањето на одредена личност.

Резиме на јапонски начин

Што и да мислат скептиците, теоријата за поврзаноста на карактерот и крвната група има научна потврда. Имено, многу истражувачи ја испитувале таа зависност на историски, психолошки, медицински, па дури и на мистичен план.

Денес водечки приврзаник на оваа теорија е доктор Тошитака Номи, чиј татко исто така многу години се занимавал со врската помеѓу крвната група и психичките карактеристики на човекот. Уште во 1980 година, Номи со Александар Бешер ја напиша книгата „Ти – тоа е твојата крвна група“, која веднаш стана бестселер.

Само во Јапонија се продадени шест милиони примероци! Не навлегувајќи во биохемиските карактеристики, авторот на едноставен јазик објаснил како да постапуваме со луѓето од различните крвни групи за да постигнеме успех, што треба да избегнуваме за да не се разболиме, но и со кого да се венчаме. Тука се дури наведени описи на страшни последици за оние што ќе ги занемаруваат неговите совети.

Можеме да веруваме или не на сензационалните изјави на авторот, но во Земјата на Изгрејсонцето „кецу-еки-гата“ е сериозен тест на компатибилноста. Менаџерите за човечки ресурси многу сериозно се поставуваат спрема анализата на крвната група при приемот на работниците на работа.

На железничките станици и во трговските центри и ресторани има апарати што ја одредуваат крвната група на основа на капка крв, и не само тоа, постои друштвото „АБ0“, со филијали во целата земја. Целта на оваа организација е да им помогне на поединците и на претпријатијата во прогнозата за ефикасноста на работата на одредена личност и за нејзината психичка компатибилност со колегите.

Наследство од предците

Јапонците сметаат дека секоја крвна група водела тешка и карактеристична борба за своето постоење. Без обѕир на тоа што таквиот пристап е преполн со догматски замки, постојат многу научни трудови во кои се следи врската помеѓу компатибилноста на крвните групи и бројот на браковите и разводите, успешноста во одредена работа, методите на зачувување на здравјето, особеностите на исхраната итн.

Многу современи научници – специјалисти во областа на хематологијата не се сомневаат во биолошката врска помеѓу крвната група и реакцијата на стрес. Низ еволуцијата се менувале дигестивниот тракт, имунитетот и ендокриниот систем, а бројот на крвните групи се зголемувал. Паралелно еволуирал и мозокот, со самото тоа и системите што се одговорни за умствените и емоционалните реакции.

Се појавиле различни психолошки типови и обрасци на однесување што се нераскинливо поврзани со крвната група. Тоа е како штафета што ни ја предале предците. Не е чудно што кај народот се вели „лоша крв“ немајќи го предвид духовниот, туку психичкиот аспект на нечија личност.

Официјално не постои научна дисциплина хематопсихологија, но податоците за кои се зборува овде не се видени во шолја од кафе или на гравчиња. Тие се резултат на илјадагодишни емпириски забележувања, кои на одреден начин се обединети и класифицирани.

0-група Најенергичните луѓе

Се смета дека припадниците на крвната група нулта се насочени на постигнување одреден резултат.

Оваа група предводи по бројот на своите претставници (до 45% од жителите на Земјата). Ако вашиот познаник зрачи со оптимизам, сака да ризикува и тешко пронаоѓа компромиси, веројатно има крвна група нулта.

На мажите им се допаѓа да бидат лидери, имаат самодоверба и се доста осетливи на критики на нивна сметка. Проблемот е во тоа што наведените карактеристики често раѓаат самољубје, што, секако, влијае на односите со луѓето.

Оној што за партнерка ќе избере жена со крвна група нулта треба да има предвид висока сексуалност. Запаметете, нивната девиза е „што е мое, не го давам на никого“, така што се можни изливи на љубомора.

А-група Способност за самоконтрола

Носителите на А-група (има приближно 35%) одлично се согласуваат во тим. Главно се скромни и друштвени луѓе, не им е туѓа пристојноста, како ни способноста за приспособување на опкружувањето.

Основна црта: способност да владеат со себе и да не противречат. Развиената интуиција им помага да најдат решение во сложени ситуации, а умот и воздржаноста ги прават успешни во животот. Меѓутоа, толку атрактивниот збир на лични квалитети понекогаш треба скапо да се плати.

Главен непријател на луѓето со оваа крвна група е акумулирањето на стресот. Обидувањето сѐ да се држи под контрола и „чувањето сѐ во себе“ доведуваат до пораст на анксиозноста. Како резултат на тоа може да настапи момент кога преовладуваат емоциите, што генерално и не е лошо.

Полошо е доколку вештината да се изборите со себе го турка човекот во психосоматско заболување од типот „каде што е најтенко, таму се кине“. Така што девиза на оваа група е „научете да ја намалите напнатоста“!

За мажите со оваа крвна група често се својствени срамежливост и романтичен пристап во љубовните односи. Оние што ја ценат верноста кај жените, нека бараат припаднички од А-група.

Б-група Искрени и деловни

Носители на крвната група Б има само 14%. За разлика од претходните групи и претставници што го акумулираат стресот, Б-типот е многу пофлексибилен и умее да се спаси од негативните емоции. Луѓето со оваа крвна група знаат да ги комбинираат искреноста и деловноста, што не е секогаш едноставно, дури понекогаш е и противречно.

Не сакаат да зависат од никого и постојано се трудат да менуваат нешто во својот живот. Тие бараат партнери блиски по духот. Ако не најдат таков, жените со оваа крвна група често имаат проблеми во бракот.

За жал, основна слаба точка на претставниците од Б-група им е што многу длабоко ги допира неправдата што се однесува лично на нив. Доколку меѓу вашите подредени имате луѓе со оваа крвна група, знајте дека со викање и понижување нема да постигнете ништо добро.

АБ-група Најретка на планетата

И на крајот, АБ-групата е најретка на планетата. Се среќава само кај седум проценти луѓе.

Тие во комуникацијата се доста меки и секогаш се подготвени да го сослушаат и да го разберат соговорникот. Меѓутоа, се стекнува впечаток дека со никого не сакаат да ги расипуваат односите. Во тоа всушност е и нивната внатрешна противречност. Кога ќе се сретнат со човек што е за нив непријатен, тие сѐ решаваат без конфликт, дипломатски, што води кон внатрешни конфликти. Ако земеме во обѕир дека имунолошкиот систем на претставниците на оваа група не е силен, меѓу нив има многу невротичари.

Нивен основен проблем е неодлучноста. Носителите на оваа група често се уметници, но нивниот манир да се трошат („досадно е да се занимаваш само со едно нешто“) претставува пречка во постигнувањето сериозен успех во некоја област.

Умот и кротката нарав на овие мажи ги привлекуваат жените, но треба да се има предвид дека длабочината на чувствата не им е најсилната црта на овие луѓе. Што се однесува на дамите, претставничките на групата АБ кај спротивниот пол многу ги ценат посветеноста и вниманието.

Сега, кога знаете сѐ за врската помеѓу крвната група и карактерот, треба само да го „примените“ своето знаење на роднините и на пријателите и да ги согледате од поинаков агол…


Извор: Убавина и здравје

The post Крвната група го одредува карактерот appeared first on Република.

]]>

Ритамот на животот нѐ притиска, ништо не можеме да стигнеме, не се дружиме, а дури и не успеваме да ги анализираме луѓето, нивните склоности и навики. За тие драгоцени информации често бараме помош од астролог или нумеролог. Меѓутоа, постои поедноставен начин да дознаеме сѐ за некој човек. Доволно е да го прашаме за неговата крвна група. За почеток да напоменеме: крвните групи се разликуваат по присуството или отсуството на т.н. сврзувачки фактор. Можно е тоа да е некако поврзано со способноста за коагулација, поточно: колку е повисок неговиот индекс, толку е послабо својството на згрутчување на крвта. Според основната класификација, постојат четири крвни групи: 0, А, Б и АБ. Секако, и животот го коригира нечиј карактер, така што овде се зборува само за тенденциите во однесувањето на одредена личност. Резиме на јапонски начин Што и да мислат скептиците, теоријата за поврзаноста на карактерот и крвната група има научна потврда. Имено, многу истражувачи ја испитувале таа зависност на историски, психолошки, медицински, па дури и на мистичен план. Денес водечки приврзаник на оваа теорија е доктор Тошитака Номи, чиј татко исто така многу години се занимавал со врската помеѓу крвната група и психичките карактеристики на човекот. Уште во 1980 година, Номи со Александар Бешер ја напиша книгата „Ти – тоа е твојата крвна група“, која веднаш стана бестселер. Само во Јапонија се продадени шест милиони примероци! Не навлегувајќи во биохемиските карактеристики, авторот на едноставен јазик објаснил како да постапуваме со луѓето од различните крвни групи за да постигнеме успех, што треба да избегнуваме за да не се разболиме, но и со кого да се венчаме. Тука се дури наведени описи на страшни последици за оние што ќе ги занемаруваат неговите совети. Можеме да веруваме или не на сензационалните изјави на авторот, но во Земјата на Изгрејсонцето „кецу-еки-гата“ е сериозен тест на компатибилноста. Менаџерите за човечки ресурси многу сериозно се поставуваат спрема анализата на крвната група при приемот на работниците на работа. На железничките станици и во трговските центри и ресторани има апарати што ја одредуваат крвната група на основа на капка крв, и не само тоа, постои друштвото „АБ0“, со филијали во целата земја. Целта на оваа организација е да им помогне на поединците и на претпријатијата во прогнозата за ефикасноста на работата на одредена личност и за нејзината психичка компатибилност со колегите. Наследство од предците Јапонците сметаат дека секоја крвна група водела тешка и карактеристична борба за своето постоење. Без обѕир на тоа што таквиот пристап е преполн со догматски замки, постојат многу научни трудови во кои се следи врската помеѓу компатибилноста на крвните групи и бројот на браковите и разводите, успешноста во одредена работа, методите на зачувување на здравјето, особеностите на исхраната итн. Многу современи научници – специјалисти во областа на хематологијата не се сомневаат во биолошката врска помеѓу крвната група и реакцијата на стрес. Низ еволуцијата се менувале дигестивниот тракт, имунитетот и ендокриниот систем, а бројот на крвните групи се зголемувал. Паралелно еволуирал и мозокот, со самото тоа и системите што се одговорни за умствените и емоционалните реакции. Се појавиле различни психолошки типови и обрасци на однесување што се нераскинливо поврзани со крвната група. Тоа е како штафета што ни ја предале предците. Не е чудно што кај народот се вели „лоша крв“ немајќи го предвид духовниот, туку психичкиот аспект на нечија личност. Официјално не постои научна дисциплина хематопсихологија, но податоците за кои се зборува овде не се видени во шолја од кафе или на гравчиња. Тие се резултат на илјадагодишни емпириски забележувања, кои на одреден начин се обединети и класифицирани. 0-група Најенергичните луѓе Се смета дека припадниците на крвната група нулта се насочени на постигнување одреден резултат. Оваа група предводи по бројот на своите претставници (до 45% од жителите на Земјата). Ако вашиот познаник зрачи со оптимизам, сака да ризикува и тешко пронаоѓа компромиси, веројатно има крвна група нулта. На мажите им се допаѓа да бидат лидери, имаат самодоверба и се доста осетливи на критики на нивна сметка. Проблемот е во тоа што наведените карактеристики често раѓаат самољубје, што, секако, влијае на односите со луѓето. Оној што за партнерка ќе избере жена со крвна група нулта треба да има предвид висока сексуалност. Запаметете, нивната девиза е „што е мое, не го давам на никого“, така што се можни изливи на љубомора. А-група Способност за самоконтрола Носителите на А-група (има приближно 35%) одлично се согласуваат во тим. Главно се скромни и друштвени луѓе, не им е туѓа пристојноста, како ни способноста за приспособување на опкружувањето. Основна црта: способност да владеат со себе и да не противречат. Развиената интуиција им помага да најдат решение во сложени ситуации, а умот и воздржаноста ги прават успешни во животот. Меѓутоа, толку атрактивниот збир на лични квалитети понекогаш треба скапо да се плати. Главен непријател на луѓето со оваа крвна група е акумулирањето на стресот. Обидувањето сѐ да се држи под контрола и „чувањето сѐ во себе“ доведуваат до пораст на анксиозноста. Како резултат на тоа може да настапи момент кога преовладуваат емоциите, што генерално и не е лошо. Полошо е доколку вештината да се изборите со себе го турка човекот во психосоматско заболување од типот „каде што е најтенко, таму се кине“. Така што девиза на оваа група е „научете да ја намалите напнатоста“! За мажите со оваа крвна група често се својствени срамежливост и романтичен пристап во љубовните односи. Оние што ја ценат верноста кај жените, нека бараат припаднички од А-група. Б-група Искрени и деловни Носители на крвната група Б има само 14%. За разлика од претходните групи и претставници што го акумулираат стресот, Б-типот е многу пофлексибилен и умее да се спаси од негативните емоции. Луѓето со оваа крвна група знаат да ги комбинираат искреноста и деловноста, што не е секогаш едноставно, дури понекогаш е и противречно. Не сакаат да зависат од никого и постојано се трудат да менуваат нешто во својот живот. Тие бараат партнери блиски по духот. Ако не најдат таков, жените со оваа крвна група често имаат проблеми во бракот. За жал, основна слаба точка на претставниците од Б-група им е што многу длабоко ги допира неправдата што се однесува лично на нив. Доколку меѓу вашите подредени имате луѓе со оваа крвна група, знајте дека со викање и понижување нема да постигнете ништо добро. АБ-група Најретка на планетата И на крајот, АБ-групата е најретка на планетата. Се среќава само кај седум проценти луѓе. Тие во комуникацијата се доста меки и секогаш се подготвени да го сослушаат и да го разберат соговорникот. Меѓутоа, се стекнува впечаток дека со никого не сакаат да ги расипуваат односите. Во тоа всушност е и нивната внатрешна противречност. Кога ќе се сретнат со човек што е за нив непријатен, тие сѐ решаваат без конфликт, дипломатски, што води кон внатрешни конфликти. Ако земеме во обѕир дека имунолошкиот систем на претставниците на оваа група не е силен, меѓу нив има многу невротичари. Нивен основен проблем е неодлучноста. Носителите на оваа група често се уметници, но нивниот манир да се трошат („досадно е да се занимаваш само со едно нешто“) претставува пречка во постигнувањето сериозен успех во некоја област. Умот и кротката нарав на овие мажи ги привлекуваат жените, но треба да се има предвид дека длабочината на чувствата не им е најсилната црта на овие луѓе. Што се однесува на дамите, претставничките на групата АБ кај спротивниот пол многу ги ценат посветеноста и вниманието. Сега, кога знаете сѐ за врската помеѓу крвната група и карактерот, треба само да го „примените“ своето знаење на роднините и на пријателите и да ги согледате од поинаков агол…
Извор: Убавина и здравје

The post Крвната група го одредува карактерот appeared first on Република.

]]>
Еве која крвна група е „најслатка“ за комарците https://republika.mk/zivot/zdravje/eve-koja-krvna-grupa-e-najslatka-za-komartsite/ Mon, 26 Jun 2023 08:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=655132

Во моментов има наезда на комарци  поради големите врнежи и високите водостои на реките, заедно со зголемените температури.

Покрај тоа што нивните каснувања се непријатни поради чешање, оток и црвенило, комарците можат да пренесат околу 20 различни и потенцијално опасни заразни болести - од маларија, вирусот Западен Нил и чикунгуња, до денга и жолта треска.

Истражувањата покажаа дека оние со 0 крвна група се најранливи

Често се слуша дека комарците повеќе ги напаѓаат луѓето со „слатка крв“, но вистинската причина всушност лежи во крвната група. Одредени студии покажаа дека оние со крвна група 0 се најранливи, додека луѓето со крвна група А имаат најмалку шанси да бидат каснати од комарец.

Новата студија на Универзитетот Рокфелер покажува дека дури 20 отсто од светската популација е каснат почесто од просекот, а главната причина за тоа, велат истражувачите, е генетиката, односно одредени мириси кои ги лачиме преку нашата кожа. или уста. Исто така, бремените жени се доста изложени на ризик, бидејќи ослободуваат повеќе јаглерод диоксид кој ги привлекува комарците, како и оние кои поинтензивно се занимаваат со спорт и физичка работа, поради зголеменото потење.

The post Еве која крвна група е „најслатка“ за комарците appeared first on Република.

]]>

Во моментов има наезда на комарци  поради големите врнежи и високите водостои на реките, заедно со зголемените температури. Покрај тоа што нивните каснувања се непријатни поради чешање, оток и црвенило, комарците можат да пренесат околу 20 различни и потенцијално опасни заразни болести - од маларија, вирусот Западен Нил и чикунгуња, до денга и жолта треска.

Истражувањата покажаа дека оние со 0 крвна група се најранливи

Често се слуша дека комарците повеќе ги напаѓаат луѓето со „слатка крв“, но вистинската причина всушност лежи во крвната група. Одредени студии покажаа дека оние со крвна група 0 се најранливи, додека луѓето со крвна група А имаат најмалку шанси да бидат каснати од комарец. Новата студија на Универзитетот Рокфелер покажува дека дури 20 отсто од светската популација е каснат почесто од просекот, а главната причина за тоа, велат истражувачите, е генетиката, односно одредени мириси кои ги лачиме преку нашата кожа. или уста. Исто така, бремените жени се доста изложени на ризик, бидејќи ослободуваат повеќе јаглерод диоксид кој ги привлекува комарците, како и оние кои поинтензивно се занимаваат со спорт и физичка работа, поради зголеменото потење.

The post Еве која крвна група е „најслатка“ за комарците appeared first on Република.

]]>
Хороскоп според крвната група: Еве каков живот ќе имате ако сте А, Б, АБ или НУЛТА https://republika.mk/zivot/astro/horoskop-spored-krvnata-grupa-eve-kakov-zivot-kje-imate-ako-ste-a-b-ab-ili-nulta/ Wed, 18 May 2022 21:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=504064

Постои поделба на хороскопот по крвни групи, односно нивните основни карактеристики.

А, Б, АБ и НУЛТА. Ова е важен фактор во нашите животи, кој многу влијае на квалитетот на нашиот живот, но и на нашите карактеристики и многу повеќе.

Така, на пример, нултата крвна група главно ја сочинуваат: ОВЕН, ЈАРЕЦ и ЛАВ.

Таквите луѓе се многу динамични, секогаш се подготвени за акција.

Не се плашат од предизвици, знаат што сакаат од животот и не се двоумат да направат сè за да го добијат тоа. За нив откажувањето од нешто значи губење, а тоа не им е „во крвта“ на луѓето во овие три знаци.

Немаат влакна на јазикот, секогаш го кажуваат она што го мислат и секогаш се борат за она што го сакаат. Тие се многу дружељубиви, сакаат да излегуваат, да патуваат, да запознаваат нови култури и нови градови.

За нив совршена работа е онаа која вклучува работа со луѓе, а најдобро е таа работа да е јавна, бидејќи овие ликови се одлични во уметноста, особено како актери.

А кога станува збор за љубовта, тие одат на сè или ништо. За нив невозможното не постои и во љубовта го даваат срцето, го даваат целото себе, но истото го очекуваат за возврат. Или добиваат сè или не сакаат ништо.

Жените во оваа група сакаат нежност и внимание, додека мажите сакаат почит и лојалност.

Крвната група А најмногу ја имаат ШКОРПИЈА, БЛИЗНАЦИ и ВОДОЛИЈА.

Луѓето кои имаат крвна група А се многу емотивни.

Тие се многу добри како пријатели, знаат да чуваат тајна, а знаат и да ја откријат својата. Тие се луѓе со добра душа кои едноставно мислат дека сите луѓе се добри и дека никој на светот не е способен да мисли на зло, а камоли навистина да им наштети.

Недостаток на овие знаци е тоа што се многу тврдоглави и понекогаш знаат да одат со „глава во ѕид“. Прекрасни се кога се работи за семејството и всушност се создадени за тоа, да изградат дом, да ја пронајдат вистинската љубов и да бидат исполнети како родители. За луѓето кои ја имаат оваа крвна група, семејството е свето.

Колку и да се заљубени, никогаш нема да молат за љубов. Како што имаат големо срце, имаат и силна гордост, која никогаш не им е поголем од љубовта, но никогаш нема да дозволат да паднат ниско, и да молат некого за било што.

Како работници, тие се совршени, одговорни и професионални и знаат да управуваат со животот, иако не им е лесно.

КРВНАТА ГРУПА Б претежно ја сочинуваат БИК, ДЕВИЦА И ВАГА.

Овие луѓе изгледаат многу срамежливи и повлечени, но не се. Тие се само многу недоверливи и многу тешко пуштаат некој во нивните животи во секое време.

Ова важи за љубовта, но и за работата и пријателството, но штом ќе ви го дадат своето срце, можете да бидете сигурни дека тоа е засекогаш.

Љубовта им е многу важна, но не се склони кон авантури и флерт, тоа им е губење време, но сонуваат да ја најдат личноста од соништата со која ќе можат да градат семејство и дом.

Сакаат работи во кои ќе користат поовеќе мозок отколку раце, а всушност се совршени во логичките науки или, да речеме, во работата со луѓе, особено во економијата.

Бикот секогаш оди „со глава во ѕид“, додека срамежливата Девица понекогаш покажува колку е силна кога всушност ѝ е најтешко.

Овие знаци тешко дека ќе ви дадат љубов, но ако ви дадат, чувајте ги како малку вода на дланка, и ќе ви дадат сè.

АБ КРВНА ГРУПА: РАК, РИБИ И СТРЕЛЕЦ.

Трите најемотивни ликови.

Некој кој е најдобар пријател, совршен партнер, некој кој може да го преврти целиот свет за доброто на оние што најмногу ги сака.

Овие знаци се способни да се радуваат или тагуваат и за најмалата ситница, а тоа е всушност нивна голема маана, но во исто време и доблест.

Овие луѓе се срдечни, едноставно имаат одлична смисла за хумор, одлична душа и многу разбирање за сите.

Тешко им е да ги покажат емоциите, во смисла дека на некој му даваат до знаење дека страдаат, но љубовта ќе ја докажуваат на секој чекор.

Дамите во овие три знаци сакаат маж кој ќе може да им пружи нежност, внимание и верност. Романтиката им е многу важна, додека мажите во овие знаци секогаш ќе бараат жена која не сака авантура туку мирен и хармоничен дом.

Среќен е тој што има за пријател личност родена во овие знаци бидејќи засекогаш ќе има свој ангел чувар.

The post Хороскоп според крвната група: Еве каков живот ќе имате ако сте А, Б, АБ или НУЛТА appeared first on Република.

]]>

Постои поделба на хороскопот по крвни групи, односно нивните основни карактеристики. А, Б, АБ и НУЛТА. Ова е важен фактор во нашите животи, кој многу влијае на квалитетот на нашиот живот, но и на нашите карактеристики и многу повеќе. Така, на пример, нултата крвна група главно ја сочинуваат: ОВЕН, ЈАРЕЦ и ЛАВ. Таквите луѓе се многу динамични, секогаш се подготвени за акција. Не се плашат од предизвици, знаат што сакаат од животот и не се двоумат да направат сè за да го добијат тоа. За нив откажувањето од нешто значи губење, а тоа не им е „во крвта“ на луѓето во овие три знаци. Немаат влакна на јазикот, секогаш го кажуваат она што го мислат и секогаш се борат за она што го сакаат. Тие се многу дружељубиви, сакаат да излегуваат, да патуваат, да запознаваат нови култури и нови градови. За нив совршена работа е онаа која вклучува работа со луѓе, а најдобро е таа работа да е јавна, бидејќи овие ликови се одлични во уметноста, особено како актери. А кога станува збор за љубовта, тие одат на сè или ништо. За нив невозможното не постои и во љубовта го даваат срцето, го даваат целото себе, но истото го очекуваат за возврат. Или добиваат сè или не сакаат ништо. Жените во оваа група сакаат нежност и внимание, додека мажите сакаат почит и лојалност. Крвната група А најмногу ја имаат ШКОРПИЈА, БЛИЗНАЦИ и ВОДОЛИЈА. Луѓето кои имаат крвна група А се многу емотивни. Тие се многу добри како пријатели, знаат да чуваат тајна, а знаат и да ја откријат својата. Тие се луѓе со добра душа кои едноставно мислат дека сите луѓе се добри и дека никој на светот не е способен да мисли на зло, а камоли навистина да им наштети. Недостаток на овие знаци е тоа што се многу тврдоглави и понекогаш знаат да одат со „глава во ѕид“. Прекрасни се кога се работи за семејството и всушност се создадени за тоа, да изградат дом, да ја пронајдат вистинската љубов и да бидат исполнети како родители. За луѓето кои ја имаат оваа крвна група, семејството е свето. Колку и да се заљубени, никогаш нема да молат за љубов. Како што имаат големо срце, имаат и силна гордост, која никогаш не им е поголем од љубовта, но никогаш нема да дозволат да паднат ниско, и да молат некого за било што. Како работници, тие се совршени, одговорни и професионални и знаат да управуваат со животот, иако не им е лесно. КРВНАТА ГРУПА Б претежно ја сочинуваат БИК, ДЕВИЦА И ВАГА. Овие луѓе изгледаат многу срамежливи и повлечени, но не се. Тие се само многу недоверливи и многу тешко пуштаат некој во нивните животи во секое време. Ова важи за љубовта, но и за работата и пријателството, но штом ќе ви го дадат своето срце, можете да бидете сигурни дека тоа е засекогаш. Љубовта им е многу важна, но не се склони кон авантури и флерт, тоа им е губење време, но сонуваат да ја најдат личноста од соништата со која ќе можат да градат семејство и дом. Сакаат работи во кои ќе користат поовеќе мозок отколку раце, а всушност се совршени во логичките науки или, да речеме, во работата со луѓе, особено во економијата. Бикот секогаш оди „со глава во ѕид“, додека срамежливата Девица понекогаш покажува колку е силна кога всушност ѝ е најтешко. Овие знаци тешко дека ќе ви дадат љубов, но ако ви дадат, чувајте ги како малку вода на дланка, и ќе ви дадат сè. АБ КРВНА ГРУПА: РАК, РИБИ И СТРЕЛЕЦ. Трите најемотивни ликови. Некој кој е најдобар пријател, совршен партнер, некој кој може да го преврти целиот свет за доброто на оние што најмногу ги сака. Овие знаци се способни да се радуваат или тагуваат и за најмалата ситница, а тоа е всушност нивна голема маана, но во исто време и доблест. Овие луѓе се срдечни, едноставно имаат одлична смисла за хумор, одлична душа и многу разбирање за сите. Тешко им е да ги покажат емоциите, во смисла дека на некој му даваат до знаење дека страдаат, но љубовта ќе ја докажуваат на секој чекор. Дамите во овие три знаци сакаат маж кој ќе може да им пружи нежност, внимание и верност. Романтиката им е многу важна, додека мажите во овие знаци секогаш ќе бараат жена која не сака авантура туку мирен и хармоничен дом. Среќен е тој што има за пријател личност родена во овие знаци бидејќи засекогаш ќе има свој ангел чувар.

The post Хороскоп според крвната група: Еве каков живот ќе имате ако сте А, Б, АБ или НУЛТА appeared first on Република.

]]>