крвен притисок Archives - Република https://republika.mk/tema/krven-pritisok/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 11:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крвен притисок Archives - Република https://republika.mk/tema/krven-pritisok/ 32 32 Една до две шолји кафе дневно значи помал ризик од срцеви заболувања https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-do-dve-sholji-kafe-dnevno-znachi-pomal-rizik-od-srtsevi-zaboluvana/ Fri, 01 Mar 2024 08:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=749878

Пиењето една до две шолји кафе дневно е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања и срцева слабост.

Пиењето кафе е омилен ритуал на повеќето луѓе. Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без да испијат шолја кафе. Истражувањата покажуваат дека кафето може позитивно да влијае на нашето здравје, но мора да бидеме умерени.

Самото кафе има придобивки за здравјето на срцето, но додавањето на две лажички какао (органско без додаден шеќер) може да ги подобри тие придобивки уште повеќе.

Како и зрната кафе, какаото во прав содржи флаваноли кои имаат антиинфламаторно дејство, ги опуштаат крвните садови и ја подобруваат контролата на шеќерот во крвта“, вели д-р Ники Барт, кардиолог, a пренесе „Вел плас гуд“.

Докажано е дека флаванолите го намалуваат воспалението и го подобруваат протокот на крв, што може позитивно да влијае на здравјето на срцето со опуштање на крвните садови, а со тоа и намалување на крвниот притисок. Какаото е моќен антиоксиданс и еден од најдобрите природни извори на железо, а доколку го додадете во кафето ќе ги подобрите когнитивните способности и расположението.

Покрај какаото, во кафето можете да додадете и ѓумбир.

Оваа напивка е добар начин да ги искористите здравствените придобивки од ѓумбирот, кој е познат како моќен антиоксиданс, ги смирува воспаленијата, проблемите со стомакот, болките во мускулите, го намалува холестеролот и го стимулира варењето.

 

The post Една до две шолји кафе дневно значи помал ризик од срцеви заболувања appeared first on Република.

]]>

Пиењето една до две шолји кафе дневно е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања и срцева слабост. Пиењето кафе е омилен ритуал на повеќето луѓе. Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без да испијат шолја кафе. Истражувањата покажуваат дека кафето може позитивно да влијае на нашето здравје, но мора да бидеме умерени. Самото кафе има придобивки за здравјето на срцето, но додавањето на две лажички какао (органско без додаден шеќер) може да ги подобри тие придобивки уште повеќе.
Како и зрната кафе, какаото во прав содржи флаваноли кои имаат антиинфламаторно дејство, ги опуштаат крвните садови и ја подобруваат контролата на шеќерот во крвта“, вели д-р Ники Барт, кардиолог, a пренесе „Вел плас гуд“.
Докажано е дека флаванолите го намалуваат воспалението и го подобруваат протокот на крв, што може позитивно да влијае на здравјето на срцето со опуштање на крвните садови, а со тоа и намалување на крвниот притисок. Какаото е моќен антиоксиданс и еден од најдобрите природни извори на железо, а доколку го додадете во кафето ќе ги подобрите когнитивните способности и расположението. Покрај какаото, во кафето можете да додадете и ѓумбир. Оваа напивка е добар начин да ги искористите здравствените придобивки од ѓумбирот, кој е познат како моќен антиоксиданс, ги смирува воспаленијата, проблемите со стомакот, болките во мускулите, го намалува холестеролот и го стимулира варењето.  

The post Една до две шолји кафе дневно значи помал ризик од срцеви заболувања appeared first on Република.

]]>
На десет лица, шест имаат висок крвен притисок https://republika.mk/zivot/zdravje/na-deset-litsa-shest-imaat-visok-krven-pritisok/ Sat, 11 Nov 2023 14:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=700544

Надворешни фактори кои влијаат за хипертензија или висок крвен притисок се стресот, пушењето и нездравите навики. Познатиот кардиолог д-р Тања Анѓушева забележува дека на внатрешните наследни фактори не можеме да влијаеме, но она на што можеме да делуваме е да ги отстраниме лошите навики, кои се многу поштетни. Анѓушева која денеска присуствуваше на научниот симпозиум во Штип истакна дека праксата покажува оти од десет кај шест луѓе има хипертензија, што значи дека статистиката со право го става високиот крвен притисок на врвот на листата на здравствени ризици.

Внатрешните ендогени ризик фактори се наследните фактори коишто ние ги носиме со нас и не можеме да ги смениме, меѓутоа надворешните ризик фактори се тие на коишто можеме да делуваме. Обезноста, неправилниот начин на исхрана, седечкиот начин на живот се едни од главните ризик фактори. Ризик фактор е и пушењето, кое, за жал, е многу присутно и кај помладата популација, стресот во голема мера придонесува, вели Анѓушева.

Таа препорачува релаксацијата, консумирањето здрава храна и откажувањето од пушење и на тој начин секој ќе ги подобри здравјето.

Пред сè, здрава храна, здрав живот, да се прекрати со пушење, да се обрнува внимание многу на хигиената, да се избегнува брза храна, мрсна храна, да се вратиме малку кон природата, прошетки, пешачења, спортски активности. Тоа е она што индиректно делува и за релаксација и ослободување од стресот, а воедно директно ни го подобрува нашето здравје - истакна Анѓушева.

Посочува дека за вработената популација потребни се чести лекарски прегледи, а особено да се прават систематските прегледи.

Затоа треба да се прават редовни т.н. систематски прегледи коишто за вработената популација треба да бидат организирани еднаш годишно. Покрај тоа што се прави редовен преглед на ЕКГ, се мери крвен притисок, се прави ехокардиографски преглед, треба да се направи и контрола на крвна слика, да се види колкави се маснотиите во крвта. Скринингот е најдобрата превенција на несаканите ефекти на кое било заболување, а особено на хипертензијата - рече Анѓушева.

Таа додава дека високиот крвен притисок се смета за тивок убиец, нема тегоби, а полека го грицка здравјето на организмот. Кога пациентот станува свесен, веќе има болно срце, нарушување на видот и пореметување на бубрезите.

The post На десет лица, шест имаат висок крвен притисок appeared first on Република.

]]>

Надворешни фактори кои влијаат за хипертензија или висок крвен притисок се стресот, пушењето и нездравите навики. Познатиот кардиолог д-р Тања Анѓушева забележува дека на внатрешните наследни фактори не можеме да влијаеме, но она на што можеме да делуваме е да ги отстраниме лошите навики, кои се многу поштетни. Анѓушева која денеска присуствуваше на научниот симпозиум во Штип истакна дека праксата покажува оти од десет кај шест луѓе има хипертензија, што значи дека статистиката со право го става високиот крвен притисок на врвот на листата на здравствени ризици. Внатрешните ендогени ризик фактори се наследните фактори коишто ние ги носиме со нас и не можеме да ги смениме, меѓутоа надворешните ризик фактори се тие на коишто можеме да делуваме. Обезноста, неправилниот начин на исхрана, седечкиот начин на живот се едни од главните ризик фактори. Ризик фактор е и пушењето, кое, за жал, е многу присутно и кај помладата популација, стресот во голема мера придонесува, вели Анѓушева. Таа препорачува релаксацијата, консумирањето здрава храна и откажувањето од пушење и на тој начин секој ќе ги подобри здравјето.
Пред сè, здрава храна, здрав живот, да се прекрати со пушење, да се обрнува внимание многу на хигиената, да се избегнува брза храна, мрсна храна, да се вратиме малку кон природата, прошетки, пешачења, спортски активности. Тоа е она што индиректно делува и за релаксација и ослободување од стресот, а воедно директно ни го подобрува нашето здравје - истакна Анѓушева.
Посочува дека за вработената популација потребни се чести лекарски прегледи, а особено да се прават систематските прегледи.
Затоа треба да се прават редовни т.н. систематски прегледи коишто за вработената популација треба да бидат организирани еднаш годишно. Покрај тоа што се прави редовен преглед на ЕКГ, се мери крвен притисок, се прави ехокардиографски преглед, треба да се направи и контрола на крвна слика, да се види колкави се маснотиите во крвта. Скринингот е најдобрата превенција на несаканите ефекти на кое било заболување, а особено на хипертензијата - рече Анѓушева.
Таа додава дека високиот крвен притисок се смета за тивок убиец, нема тегоби, а полека го грицка здравјето на организмот. Кога пациентот станува свесен, веќе има болно срце, нарушување на видот и пореметување на бубрезите.

The post На десет лица, шест имаат висок крвен притисок appeared first on Република.

]]>
Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок https://republika.mk/zivot/zdravje/lesni-soveti-za-pomalku-stres-i-ponizok-krven-pritisok/ Sun, 05 Nov 2023 09:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=698332

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот.

Основниот совет, сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми.

Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок.

Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците.

Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето.

При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно.

И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.

The post Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок appeared first on Република.

]]>

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот. Основниот совет, сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок. Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците. Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето. При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно. И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.

The post Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок appeared first on Република.

]]>
Проблеми со крвниот притисок и дијабетот https://republika.mk/zivot/zdravje/problemi-so-krvniot-pritisok-i-dijabetot/ Mon, 03 Apr 2023 10:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=626630

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет.

Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите.

Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:

  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години.

Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:

  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол

Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

The post Проблеми со крвниот притисок и дијабетот appeared first on Република.

]]>

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија. Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет. Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите. Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:
  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години. Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:
  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол
Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

The post Проблеми со крвниот притисок и дијабетот appeared first on Република.

]]>
Овие 9 намирници можат да ви го намалат високиот крвен притисок, еве што да применувате https://republika.mk/zivot/zdravje/ovie-9-namirnici-mozat-da-vi-go-namalat-visokiot-krven-pritisok-eve-shto-da-primenuvate/ Sun, 04 Sep 2022 19:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=547393

Доколку сакате да го намалите крвниот притисок на природен начин, ви ги откриваме 10-те најдобри намирници за намалување на крвниот притисок.

Цитруси

Цитрусните овошја, вклучувајќи грејпфрут, портокали и лимони, можат да имаат моќни ефекти за намалување на крвниот притисок. Тие се преполни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето со намалување на факторите на ризик од срцеви заболувања, како што е хипертензијата.

Лосос и други масни риби

Мрсната риба е одличен извор на омега-3 масти, кои имаат важни придобивки за здравјето на срцето. Овие масти можат да помогнат во намалувањето на нивото на крвниот притисок со намалување на воспалението и нивото на соединенијата што ги стегаат крвните садови наречени оксилипини. Истражувањата го поврзуваат поголемото внесување на масна риба богата со омега-3 со намалување на крвниот притисок.

Семе од тиква

Семките од тиква се хранливо богатство. Тој е концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, вклучувајќи магнезиум, калиум и аргинин.

Бобинки

Бобинки се поврзани со различни импресивни здравствени придобивки, вклучувајќи ја и нивната способност да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања. Бобинките се богат извор на антиоксиданси, вклучително и антоцијани, пигменти кои ја даваат црвената боја на бобинките. Се покажа дека антоцијаните го зголемуваат нивото на азотен оксид во крвта и го намалуваат производството на молекули кои ги стеснуваат крвните садови, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Капините, малините и јагодите се само неколку од бобинките кои се поврзани со ефектите за намалување на крвниот притисок.

Ф’стаци

Ф’стаците се многу вкусни и здрави. Тие содржат голем број на хранливи материи неопходни за здравјето на срцето и регулација на крвниот притисок, вклучувајќи го и калиумот.

Моркови

Крцкави, слатки и хранливи, морковите се главен зеленчук во диетите на многу луѓе. Морковите се богати со фенолни соединенија, како што се хлорогените, п-кумарните и кофеинските киселини, кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспалението, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Јогурт

Јогуртот е млечен производ богат со хранливи материи кој е преполн со минерали кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок, вклучувајќи ги и калиум и калциум.

Целер

Целерот е популарен зеленчук кој содржи соединенија наречени фталиди, кои можат да помогнат да се релаксираат крвните садови и да се намали крвниот притисок.

The post Овие 9 намирници можат да ви го намалат високиот крвен притисок, еве што да применувате appeared first on Република.

]]>

Доколку сакате да го намалите крвниот притисок на природен начин, ви ги откриваме 10-те најдобри намирници за намалување на крвниот притисок. Цитруси Цитрусните овошја, вклучувајќи грејпфрут, портокали и лимони, можат да имаат моќни ефекти за намалување на крвниот притисок. Тие се преполни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето со намалување на факторите на ризик од срцеви заболувања, како што е хипертензијата. Лосос и други масни риби Мрсната риба е одличен извор на омега-3 масти, кои имаат важни придобивки за здравјето на срцето. Овие масти можат да помогнат во намалувањето на нивото на крвниот притисок со намалување на воспалението и нивото на соединенијата што ги стегаат крвните садови наречени оксилипини. Истражувањата го поврзуваат поголемото внесување на масна риба богата со омега-3 со намалување на крвниот притисок. Семе од тиква Семките од тиква се хранливо богатство. Тој е концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, вклучувајќи магнезиум, калиум и аргинин. Бобинки Бобинки се поврзани со различни импресивни здравствени придобивки, вклучувајќи ја и нивната способност да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања. Бобинките се богат извор на антиоксиданси, вклучително и антоцијани, пигменти кои ја даваат црвената боја на бобинките. Се покажа дека антоцијаните го зголемуваат нивото на азотен оксид во крвта и го намалуваат производството на молекули кои ги стеснуваат крвните садови, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Капините, малините и јагодите се само неколку од бобинките кои се поврзани со ефектите за намалување на крвниот притисок. Ф’стаци Ф’стаците се многу вкусни и здрави. Тие содржат голем број на хранливи материи неопходни за здравјето на срцето и регулација на крвниот притисок, вклучувајќи го и калиумот. Моркови Крцкави, слатки и хранливи, морковите се главен зеленчук во диетите на многу луѓе. Морковите се богати со фенолни соединенија, како што се хлорогените, п-кумарните и кофеинските киселини, кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспалението, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Јогурт Јогуртот е млечен производ богат со хранливи материи кој е преполн со минерали кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок, вклучувајќи ги и калиум и калциум. Целер Целерот е популарен зеленчук кој содржи соединенија наречени фталиди, кои можат да помогнат да се релаксираат крвните садови и да се намали крвниот притисок.

The post Овие 9 намирници можат да ви го намалат високиот крвен притисок, еве што да применувате appeared first on Република.

]]>
Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина https://republika.mk/zivot/zdravje/pet-nachini-da-go-namalite-krvniot-pritisok-na-letnata-zeshtina/ Wed, 27 Jul 2022 08:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=533642

Драстичните промени на температурата, наизменичното сончево и врнежливо време не се невообичаени за летото, а сето тоа влијае на нашето здравје. Промените во атмосферскиот притисок влијаат и на нерамнотежата на крвниот притисок, што е особено опасно за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми, како и за хронично болните и постарите лица.

Хипертензијата е сериозна и опасна состојба која може да има фатални последици доколку не се лекува навреме.

Сепак, лекари препорачуваат неколку постапки кои може да ви помогнат да го намалите крвниот притисок кога надвор е топло, без притоа да земате лекови.

Најбрзиот, најефективниот и најлесниот начин за намалување на притисокот е користење ладна вода. Кога велиме употреба, мислиме и на потрошувачка, но и на бањи кои помагаат. Можете да ги натопите стапалата и рацете во ладна вода, да се измиете, да се истуширате, а сето тоа помага да се намали крвниот притисок.

Ако нема начин да се истуширате целосно, тогаш ставете ја внатрешноста на задниот дел од рацете под млаз ладна вода. Чувајте го така 2-3 минути. Доколку сте во можност, можете да ги изладите рацете до лактите, а секако и да го освежите лицето.

Третиот начин е да подготвите ладна бања за раце. Температурата на водата треба да биде 45 степени, а рацете држете ги потопени најмалку 10 минути.

Исто така, за да го намалите притисокот, можете да пиете чај од нане или минерална вода со мед и сок од лимон. Чаша од овој напиток ќе го врати притисокот во нормала за 20 минути. Притисокот треба да се намали за 15-20 единици.

Ако вашиот крвен притисок е зголемен, обидете се да се опуштите. Задржете го здивот при секое издишување 8-10 минути, повторете 3 минути. Ова ќе помогне да се намалат вредностите на 30 единици.

Штом почувствувате дека притисокот почнал да се менува и да се зголемува, не паничете. Легнете на креветот, пијте чај од валеријана или некоја друга смирувачка билка. Ако имате цвекло во домот, исцедете го сокот и испијте го, ова е уште еден добар начин да го намалите крвниот притисок.

Извор: Еспресо.рс

The post Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина appeared first on Република.

]]>

Драстичните промени на температурата, наизменичното сончево и врнежливо време не се невообичаени за летото, а сето тоа влијае на нашето здравје. Промените во атмосферскиот притисок влијаат и на нерамнотежата на крвниот притисок, што е особено опасно за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми, како и за хронично болните и постарите лица. Хипертензијата е сериозна и опасна состојба која може да има фатални последици доколку не се лекува навреме. Сепак, лекари препорачуваат неколку постапки кои може да ви помогнат да го намалите крвниот притисок кога надвор е топло, без притоа да земате лекови. Најбрзиот, најефективниот и најлесниот начин за намалување на притисокот е користење ладна вода. Кога велиме употреба, мислиме и на потрошувачка, но и на бањи кои помагаат. Можете да ги натопите стапалата и рацете во ладна вода, да се измиете, да се истуширате, а сето тоа помага да се намали крвниот притисок. Ако нема начин да се истуширате целосно, тогаш ставете ја внатрешноста на задниот дел од рацете под млаз ладна вода. Чувајте го така 2-3 минути. Доколку сте во можност, можете да ги изладите рацете до лактите, а секако и да го освежите лицето. Третиот начин е да подготвите ладна бања за раце. Температурата на водата треба да биде 45 степени, а рацете држете ги потопени најмалку 10 минути. Исто така, за да го намалите притисокот, можете да пиете чај од нане или минерална вода со мед и сок од лимон. Чаша од овој напиток ќе го врати притисокот во нормала за 20 минути. Притисокот треба да се намали за 15-20 единици. Ако вашиот крвен притисок е зголемен, обидете се да се опуштите. Задржете го здивот при секое издишување 8-10 минути, повторете 3 минути. Ова ќе помогне да се намалат вредностите на 30 единици. Штом почувствувате дека притисокот почнал да се менува и да се зголемува, не паничете. Легнете на креветот, пијте чај од валеријана или некоја друга смирувачка билка. Ако имате цвекло во домот, исцедете го сокот и испијте го, ова е уште еден добар начин да го намалите крвниот притисок. Извор: Еспресо.рс

The post Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина appeared first on Република.

]]>
Го намалува ризикот од мозочен удар: Ова овошје ги регулира крвниот притисок и електролитите во организмот https://republika.mk/zivot/zdravje/go-namaluva-rizikot-od-mozochen-udar-ova-ovoshje-gi-regulira-krvniot-pritisok-i-elektrolitite-vo-organizmot/ Mon, 04 Jul 2022 08:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=523439

Едно овошје, кое има најмногу минерали и витамини, според диететичарите е најдобро за намалување на крвниот притисок

Луѓето со висок крвен притисок се потенцијално изложени на ризик од дополнителни здравствени проблеми како што се бубрезите, срцето и мозочниот удар. Постојат природни начини за намалување на крвниот притисок, а тоа секако вклучува вежбање и, пред се исхрана.

Според диететичарите, едно овошје кое има најмногу минерали и витамини е најдобро за слабеење. Бананите се богати со калиум, а калиумот го намалува влијанието на вишокот сол врз телото.

Ако јадете мала банана, можете да добиете околу 422 милиграми калиум, што е околу девет проценти од препорачаниот внес. Оваа навика ќе ви помогне да го намалите ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања. Покрај тоа, бананите се одлични за баланс на течности и електролити во телото.

Доколку тренирате, пожелно е да изедете банана по тренинг, бидејќи таа ги опушта уморните мускули и ги ублажува потенцијалните грчеви.

Постојат многу начини да ги вклучите во вашата исхрана. Бананите може да се стават во смути, да се додадат во житарки или јогурт или едноставно да се јадат како што се - вели диететичарот Британи Дан.

Бананите се добар извор на неколку витамини и минерали, особено калиум, витамин Б6 и витамин Ц.

Калиум - Бананите се добар извор на калиум. Исхраната богата со калиум може да го намали крвниот притисок кај луѓето со покачени нивоа и да има корист за здравјето на срцето.

Витамин Б6 - бананите содржат многу витамин Б6. Една банана со средна големина може да обезбеди до 33% од дневната вредност на овој витамин.

Витамин Ц - Како и повеќето овошја, бананите се добар извор на витамин Ц.

The post Го намалува ризикот од мозочен удар: Ова овошје ги регулира крвниот притисок и електролитите во организмот appeared first on Република.

]]>

Едно овошје, кое има најмногу минерали и витамини, според диететичарите е најдобро за намалување на крвниот притисок Луѓето со висок крвен притисок се потенцијално изложени на ризик од дополнителни здравствени проблеми како што се бубрезите, срцето и мозочниот удар. Постојат природни начини за намалување на крвниот притисок, а тоа секако вклучува вежбање и, пред се исхрана. Според диететичарите, едно овошје кое има најмногу минерали и витамини е најдобро за слабеење. Бананите се богати со калиум, а калиумот го намалува влијанието на вишокот сол врз телото. Ако јадете мала банана, можете да добиете околу 422 милиграми калиум, што е околу девет проценти од препорачаниот внес. Оваа навика ќе ви помогне да го намалите ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања. Покрај тоа, бананите се одлични за баланс на течности и електролити во телото. Доколку тренирате, пожелно е да изедете банана по тренинг, бидејќи таа ги опушта уморните мускули и ги ублажува потенцијалните грчеви.
Постојат многу начини да ги вклучите во вашата исхрана. Бананите може да се стават во смути, да се додадат во житарки или јогурт или едноставно да се јадат како што се - вели диететичарот Британи Дан.
Бананите се добар извор на неколку витамини и минерали, особено калиум, витамин Б6 и витамин Ц. Калиум - Бананите се добар извор на калиум. Исхраната богата со калиум може да го намали крвниот притисок кај луѓето со покачени нивоа и да има корист за здравјето на срцето. Витамин Б6 - бананите содржат многу витамин Б6. Една банана со средна големина може да обезбеди до 33% од дневната вредност на овој витамин. Витамин Ц - Како и повеќето овошја, бананите се добар извор на витамин Ц.

The post Го намалува ризикот од мозочен удар: Ова овошје ги регулира крвниот притисок и електролитите во организмот appeared first on Република.

]]>
Потврдено: овој производ е број 1 за снижување на крвниот притисок https://republika.mk/zivot/zdravje/potvrdeno-ovoj-proizvod-e-broj-1-za-snizuvanje-na-krvniot-pritisok/ Sat, 22 Jan 2022 18:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=448186

Многу луѓе страдаат од повишен крвен притисок, што дополнително и значително го зголемува ризикот од кариоваскуларни болести. Млечните производи содржат микронутритиенти, како калциум, магнезиум и калиум во траги, кои се вклучени во регулацијата на нивото на притисокот.

Јогуртот содржи млечни протеини и добри бактерии кои го потткнуваат ослободувањето на други корисни протеини заслужни за правилно функционирање на метаболизмот.

Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170 мл. јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок.

Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги следните додатоци.

– Во јогуртот додадете 80 грама ситно сечкана или изрендана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот.

– Помешајте 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 – 3 коцки чоколадо. Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена меморија и забрзана работа на мозокот.

– Измешајте јогурт и 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња. Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.

The post Потврдено: овој производ е број 1 за снижување на крвниот притисок appeared first on Република.

]]>

Многу луѓе страдаат од повишен крвен притисок, што дополнително и значително го зголемува ризикот од кариоваскуларни болести. Млечните производи содржат микронутритиенти, како калциум, магнезиум и калиум во траги, кои се вклучени во регулацијата на нивото на притисокот. Јогуртот содржи млечни протеини и добри бактерии кои го потткнуваат ослободувањето на други корисни протеини заслужни за правилно функционирање на метаболизмот. Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170 мл. јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок. Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги следните додатоци. – Во јогуртот додадете 80 грама ситно сечкана или изрендана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот. – Помешајте 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 – 3 коцки чоколадо. Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена меморија и забрзана работа на мозокот. – Измешајте јогурт и 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња. Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.

The post Потврдено: овој производ е број 1 за снижување на крвниот притисок appeared first on Република.

]]>