крв Archives - Република https://republika.mk/tema/krv/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 08:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крв Archives - Република https://republika.mk/tema/krv/ 32 32 Благото не е единствен виновник за покачен шеќер во крвта https://republika.mk/zivot/zdravje/blagoto-ne-e-edinstven-vinovnik-za-pokachen-sheker-vo-krvta/ Mon, 14 Oct 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=826411

Контролирањето на нивото на шеќер во крвта е од суштинско значење за одржување на здравјето - особено за луѓето со дијабетес или предиспозиција за оваа болест.

Иако слатките се првото нешто што доаѓа на ум кога се зборува за шеќер, има и други намирници коишто исто така предизвикуваат нагол скок на шеќерот во крвта. Ендокринологот и нутриционистка Армине Афонина од Моква, Русија, наведува некои намирници што треба да се внесуваат внимателно, како и подготовки на храната што може да влијае на рамнотежата околу шеќерот во телото, објави „Н-1“.

Имено, според Афонина, покрај слатките, други намирници со висок гликемиски индекс коишто влијаат на шеќерот, се и колачите со пченично брашно, белиот ориз, пирето од компири... Кога се консумираат вакви јаглехидрати, телото брзо ги разградува и тоа предизвикува брз скок на шеќерот, а потоа исто толку брз пад, оставајќи нè така уморни и често гладни бргу по оброкот.

Гликемискиот индекс мери колку брзо одредена храна го подига нивото на шеќер во крвта.

Храната со висок гликемиски индекс брзо ослободува гликоза, додека онаа со низок гликемиски индекс го прават тоа побавно, обезбедувајќи постабилно ниво на енергија и подобра контрола на шеќерот. Така, и сушеното овошје, на пр., го зголемува шеќерот во крвта.

Д-р Афонина препорачува урамнотежена исхрана којашто вклучува различни извори на протеини, здрави масти и јаглехидрати со низок гликемиски индекс. Нутриционистката, затоа, препорачува умереност и околу сувото овошје и советува тоа да се комбинира со храна богата со влакна и протеини за да се намали влијанието на шеќерите. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, а со тоа го намалуваат гликемичното оптоварување на оброкот. Таа, исто така, нагласува дека начинот на којшто се подготвува храната може значително да го промени нејзиниот гликемиски индекс.

Во таа смисла, и пире од компири има повисок гликемиски индекс од печен компир, како што и варен бел ориз којшто предизвикува побрз раст на шеќерот од кафеавиот ориз што содржи повеќе влакна и сложени јаглехидрати.

Заедно со правилната исхрана, умерената физичка активност исто така може да помогне за стабилен шеќер во крвта, пониска тежина и помала опасност од хронични болести, како што е дијабетесот. Редовното вежбање му помага на телото подобро да го користи инсулинот - клучен хормон за регулирање на гликозата во крвта.

Заклучокот гласи: Одржувањето на нивото шеќер во крвта бара свесност за тоа што се јаде и како храната влијае на телото. Покрај избегнувањето на слатките, важно е да се води сметка за целиот состав на оброкот, вклучувајќи го и начинот на подготовка на храната. Одржувањето стабилно ниво на шеќер не е само прашање на избегнување шеќер и благи нешта, туку и разбирање на влијанието на секојдневната храна.

The post Благото не е единствен виновник за покачен шеќер во крвта appeared first on Република.

]]>

Контролирањето на нивото на шеќер во крвта е од суштинско значење за одржување на здравјето - особено за луѓето со дијабетес или предиспозиција за оваа болест. Иако слатките се првото нешто што доаѓа на ум кога се зборува за шеќер, има и други намирници коишто исто така предизвикуваат нагол скок на шеќерот во крвта. Ендокринологот и нутриционистка Армине Афонина од Моква, Русија, наведува некои намирници што треба да се внесуваат внимателно, како и подготовки на храната што може да влијае на рамнотежата околу шеќерот во телото, објави „Н-1“. Имено, според Афонина, покрај слатките, други намирници со висок гликемиски индекс коишто влијаат на шеќерот, се и колачите со пченично брашно, белиот ориз, пирето од компири... Кога се консумираат вакви јаглехидрати, телото брзо ги разградува и тоа предизвикува брз скок на шеќерот, а потоа исто толку брз пад, оставајќи нè така уморни и често гладни бргу по оброкот. Гликемискиот индекс мери колку брзо одредена храна го подига нивото на шеќер во крвта. Храната со висок гликемиски индекс брзо ослободува гликоза, додека онаа со низок гликемиски индекс го прават тоа побавно, обезбедувајќи постабилно ниво на енергија и подобра контрола на шеќерот. Така, и сушеното овошје, на пр., го зголемува шеќерот во крвта. Д-р Афонина препорачува урамнотежена исхрана којашто вклучува различни извори на протеини, здрави масти и јаглехидрати со низок гликемиски индекс. Нутриционистката, затоа, препорачува умереност и околу сувото овошје и советува тоа да се комбинира со храна богата со влакна и протеини за да се намали влијанието на шеќерите. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, а со тоа го намалуваат гликемичното оптоварување на оброкот. Таа, исто така, нагласува дека начинот на којшто се подготвува храната може значително да го промени нејзиниот гликемиски индекс. Во таа смисла, и пире од компири има повисок гликемиски индекс од печен компир, како што и варен бел ориз којшто предизвикува побрз раст на шеќерот од кафеавиот ориз што содржи повеќе влакна и сложени јаглехидрати. Заедно со правилната исхрана, умерената физичка активност исто така може да помогне за стабилен шеќер во крвта, пониска тежина и помала опасност од хронични болести, како што е дијабетесот. Редовното вежбање му помага на телото подобро да го користи инсулинот - клучен хормон за регулирање на гликозата во крвта. Заклучокот гласи: Одржувањето на нивото шеќер во крвта бара свесност за тоа што се јаде и како храната влијае на телото. Покрај избегнувањето на слатките, важно е да се води сметка за целиот состав на оброкот, вклучувајќи го и начинот на подготовка на храната. Одржувањето стабилно ниво на шеќер не е само прашање на избегнување шеќер и благи нешта, туку и разбирање на влијанието на секојдневната храна.

The post Благото не е единствен виновник за покачен шеќер во крвта appeared first on Република.

]]>
Топ 4 намирници кои не сте знаеле дека го покачуваат нивото на железото во крвта https://republika.mk/zivot/zdravje/top-4-namirnitsi-koi-ne-ste-znaele-deka-go-pokachuvaat-nivoto-na-zhelezoto-vo-krvta/ Sat, 13 Jul 2024 18:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=796483

Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта. Освен готовите препарати на железо, значајна улога во постигнување нормално ниво на железо, има и адекватната исхрана. Затоа, дознајте кои намирници се богати со железо.

Сусам
Сусамот е уште една здрава намирница која изобилува со железо. Освен тоа, сусамот е богат со цинк, бакар, витамин Е, магнезиум и фосфор.

Ова семе помага во превенција на остеопороза, го намалува холестеролот и го подобрува здравјето на крвните садови. Затоа, вклучете го во вашето секојдневно мени како додаток во салата или во главното јадење.

Леќа
Леќата е одличен извор на железо, а освен тоа е богата и со растителни влакна, што значи дека по оброкот ќе бидете сити подолго време. Дополнително, леќата помага за намалување на холестеролот и за регулирање на шеќерот во крвта.

Може да ја вклучите во сендвичи и салати или да ја приготвите како супа.

Семки од тиква
Семките од тиква се идеални за на вашето тело му ги обезбедите потребите минерали. Покрај со железо, тие се богати со манган, магнезиум, фосфор и цинк. Семките од тиква го подобруваат имунитетот и благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, го штитат организмот од канцерогени промени. Затоа, вклучете ги во вашата секојдневна исхрана.

Може да ги набавите како готов производ или да ги одделите од тиква и сами да ги испечете.

Тофу
Тофуто кое е направено од соја, е фантастичен извор на протеини, железо и калциум. Освен тоа, тофуто има ниско ниво на холестерол, а содржи и витамини Б и К, тиамин, рибофлавин, омега-3 масни киселини, магнезиум и селен.

Благодарение на нутритивните состојки, оваа намирница покрај при железо дефицитна анемија, помага при превенција на кардиоваскуларни болести, рак на дојка, дијабетес и остеопороза.

The post Топ 4 намирници кои не сте знаеле дека го покачуваат нивото на железото во крвта appeared first on Република.

]]>

Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта. Освен готовите препарати на железо, значајна улога во постигнување нормално ниво на железо, има и адекватната исхрана. Затоа, дознајте кои намирници се богати со железо. Сусам Сусамот е уште една здрава намирница која изобилува со железо. Освен тоа, сусамот е богат со цинк, бакар, витамин Е, магнезиум и фосфор. Ова семе помага во превенција на остеопороза, го намалува холестеролот и го подобрува здравјето на крвните садови. Затоа, вклучете го во вашето секојдневно мени како додаток во салата или во главното јадење. Леќа Леќата е одличен извор на железо, а освен тоа е богата и со растителни влакна, што значи дека по оброкот ќе бидете сити подолго време. Дополнително, леќата помага за намалување на холестеролот и за регулирање на шеќерот во крвта. Може да ја вклучите во сендвичи и салати или да ја приготвите како супа. Семки од тиква Семките од тиква се идеални за на вашето тело му ги обезбедите потребите минерали. Покрај со железо, тие се богати со манган, магнезиум, фосфор и цинк. Семките од тиква го подобруваат имунитетот и благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, го штитат организмот од канцерогени промени. Затоа, вклучете ги во вашата секојдневна исхрана. Може да ги набавите како готов производ или да ги одделите од тиква и сами да ги испечете. Тофу Тофуто кое е направено од соја, е фантастичен извор на протеини, железо и калциум. Освен тоа, тофуто има ниско ниво на холестерол, а содржи и витамини Б и К, тиамин, рибофлавин, омега-3 масни киселини, магнезиум и селен. Благодарение на нутритивните состојки, оваа намирница покрај при железо дефицитна анемија, помага при превенција на кардиоваскуларни болести, рак на дојка, дијабетес и остеопороза.

The post Топ 4 намирници кои не сте знаеле дека го покачуваат нивото на железото во крвта appeared first on Република.

]]>
Жителите на Москва масовно даруваат крв по терористичкиот напад https://republika.mk/vesti/svet/zhitelite-na-moskva-masovno-daruvaat-krv-po-teroristichkiot-napad-2/ Sat, 23 Mar 2024 14:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=757823

Жителите на Москва масовно доаѓаат во Центарот за трансфузија „Гаврилов“, за да даруваат крв по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, јавија руските медиуми.

„Пред зградата има огромен број граѓани“, наведуваат медиумите.

Повеќе од 600 граѓани даруваа крв во првиот час по отворањето на Центарот, објави регионалното Министерство за здравство на својот канал на Телеграм.

Во нападот загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.

The post Жителите на Москва масовно даруваат крв по терористичкиот напад appeared first on Република.

]]>

Жителите на Москва масовно доаѓаат во Центарот за трансфузија „Гаврилов“, за да даруваат крв по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, јавија руските медиуми. „Пред зградата има огромен број граѓани“, наведуваат медиумите. Повеќе од 600 граѓани даруваа крв во првиот час по отворањето на Центарот, објави регионалното Министерство за здравство на својот канал на Телеграм. Во нападот загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.

The post Жителите на Москва масовно даруваат крв по терористичкиот напад appeared first on Република.

]]>
Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“ донираа крв за Институтот за трансфузиона медицина https://republika.mk/zivot/zdravje/vrabotenite-na-klinichkata-bolnica-zan-mitrev-doniraa-krv-za-institutot-za-transfuziona-medicina/ Wed, 30 Nov 2022 10:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=579973

Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“, предводени од д-р Митрев заедно со медицинскиот и немедицинскиот персонал доброволно даруваа крв и испратија порака за хуманост и подигнување на свесноста за потребата од дарување на течноста што живот значи. Доброволната крводарителска акција беше реализирана во организација на Институтот за трансфузиона медицина Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Македонија.

Во доброволната акција еднакво се вклучија и членовите на потесните семејства на вработените и се солидаризираа и тие доброволно даруваа крв.

Крводарителската акција се спроведува редовно и премина во традиција која ја поддржуваат и се вклучуваат сите вработени. Се организира согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“.

 

The post Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“ донираа крв за Институтот за трансфузиона медицина appeared first on Република.

]]>

Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“, предводени од д-р Митрев заедно со медицинскиот и немедицинскиот персонал доброволно даруваа крв и испратија порака за хуманост и подигнување на свесноста за потребата од дарување на течноста што живот значи. Доброволната крводарителска акција беше реализирана во организација на Институтот за трансфузиона медицина Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Македонија. Во доброволната акција еднакво се вклучија и членовите на потесните семејства на вработените и се солидаризираа и тие доброволно даруваа крв. Крводарителската акција се спроведува редовно и премина во традиција која ја поддржуваат и се вклучуваат сите вработени. Се организира согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“.  

The post Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“ донираа крв за Институтот за трансфузиона медицина appeared first on Република.

]]>
Намирница која секојдневно ја конзумираме, е штетна за црниот дроб и крвта https://republika.mk/zivot/zdravje/namirnica-koja-sekojdnevno-ja-konzumirame-e-shtetna-za-crniot-drob-i-krvta/ Wed, 06 Apr 2022 16:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=484195

Црниот дроб е исклучително важен орган во нашето тело бидејќи ги чисти и обработува сите материи кои ги внесуваме преку храната, па со право го носи епитетот на чистач на телото. За да го одржувате што подолго во добра состојба и за да може непречено да работи, важно е да избегнувате храна која може лошо да влијае на него.
Намирницата која може да делува исклучително лошо е фруктозата. Добро познат факт е дека прекумерното внесување на фруктоза го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но малку е познат факт дека може да го загрози и здравјето на црниот дроб.

Фруктозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето како јаболка, банани, цреши, лубеници, круши итн. Покрај тоа, таа е составен дел на многу видови индустриски преработена храна. Ја има во купените сокови, но и во млечните производи, дури и во солената храна. Ако обрнете внимание, тоа ќе го видите на многу декларации, дури и на оние на кои не би помислиле.
АХА (Американската асоцијација за срце) препорачала само 6. отсто од вкупниот број калории да се додаваат од шеќерот. Постои мислење дека жените треба да внесуваат околу 100 калории дополнителен шеќер дневно (тоа е приближно 25 грама), а мажите 150 калории (или 36 грама).
Некои од другите намирници кои негативно влијаат на црниот дроб и можат да го оштетат се алкохолот, пржената храна, пецивата што содржи бело брашно, храната богата со сол итн.

The post Намирница која секојдневно ја конзумираме, е штетна за црниот дроб и крвта appeared first on Република.

]]>

Црниот дроб е исклучително важен орган во нашето тело бидејќи ги чисти и обработува сите материи кои ги внесуваме преку храната, па со право го носи епитетот на чистач на телото. За да го одржувате што подолго во добра состојба и за да може непречено да работи, важно е да избегнувате храна која може лошо да влијае на него. Намирницата која може да делува исклучително лошо е фруктозата. Добро познат факт е дека прекумерното внесување на фруктоза го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но малку е познат факт дека може да го загрози и здравјето на црниот дроб. Фруктозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето како јаболка, банани, цреши, лубеници, круши итн. Покрај тоа, таа е составен дел на многу видови индустриски преработена храна. Ја има во купените сокови, но и во млечните производи, дури и во солената храна. Ако обрнете внимание, тоа ќе го видите на многу декларации, дури и на оние на кои не би помислиле. АХА (Американската асоцијација за срце) препорачала само 6. отсто од вкупниот број калории да се додаваат од шеќерот. Постои мислење дека жените треба да внесуваат околу 100 калории дополнителен шеќер дневно (тоа е приближно 25 грама), а мажите 150 калории (или 36 грама). Некои од другите намирници кои негативно влијаат на црниот дроб и можат да го оштетат се алкохолот, пржената храна, пецивата што содржи бело брашно, храната богата со сол итн.

The post Намирница која секојдневно ја конзумираме, е штетна за црниот дроб и крвта appeared first on Република.

]]>