Кристијан Рахимовски Archives - Република https://republika.mk/tema/kristijan-rahimovski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 16:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристијан Рахимовски Archives - Република https://republika.mk/tema/kristijan-rahimovski/ 32 32 Кристијан Рахимовски за прв пат доаѓа на „Охрид фест“: Среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе https://republika.mk/scena/kristijan-rahimovski-za-prv-pat-doaga-na-ohrid-fest-sreken-sum-shto-gi-spojuvam-hrvatska-i-makedonija-vo-sebe/ Fri, 02 Aug 2024 16:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=802867

Кристијан Рахимовски, син на Аки Рахимовски фронтменот на „Парни ваљак“ годинава првпат ќе настапи на „Охрид фест“.

Цел живот слушам за Охрид, ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе запознам. Ова за мене е прилика уште повеќе да се поврзам со своите корени, затоа што го носам македонскиот ген. Срцето ми е полно а дека премногу се радувам на доаѓањето, малку е да се каже. Благодарен сум за поканата на „Охрид фест“ и верувам добро ќе се забавуваме на фестивалот. Песната што ќе ја изведам се вика „Само љубав“ и во право време е...Татко ми сакаше да сум што повеќе на терен, да ме слушнат луѓето, но по 15 години постојано свирење, малку се изморив. Во 2019 излезе албумот „Стопала“, песната стана регионален хит, но Корона стопираше се. Во тој период останав без татко ми и без баба ми., доживеав страшен шок и ми требаше време да се повратам. Тага и болка во срцето мораше да се залечат за да почнам повторно да пеам и да го земам иструментот во раце. „Сузе небеске“ е песна која ме раздвижи а „Само љубов“ е повеќе од се, затоа што околу себе гледам луѓе кои ме сакаат, семејството, менаџерот, мојата издавачка куќа Croatia records...

Вели дека за него Македонија не е само земја, туку и внатрешен мир додека пее.

Тешко ми е тоа да го објаснам, но навистина сум благословен со тој ген. Дедо ми Мустафа Рахимовски беше професор на Академија во Ниш, предаваше сакксафон, татко ми Аки беше еден од најголемте пејачи на овие простори. Ги имам тие гени, пеам со леснотија, а немам никакво музичко училиште. Музиката ме обликуваше, иако не сакав да му се препуштам на тој свет... Јазикот слабо го зборувам, но доста разбирам, и често се гледам со пријателот Стефан Ристовски со кој неодамна бев на концертот на Влатко Стефановски во Загреб.

Кристијан во моментов го завршува новиот студиски албум и вели дека е во одлично друштво на фантастични музичари.

Имам соработка со Дејан Николиќ, тој го потпишува последниот сингл и уште некои песни кои ќе се најдат на албумот. Тука е и продуцентот Срѓан Секуловиќ, со кој навистина уживам во соработка а не запозна Саша Драгиќ, мојот менаџер кој од Скопје внимава на секој мој чекор. Во ова мое турбулентно време тој се покажа не само како одличен автор чии песни допрва ќе се снимаат, туку ми е и голема подршка. Во него препознав пријател, кој искрено, без улижување кажува се. Полека градам приказна од луѓе и од песни. Тука е и Роберт Внук, кој соработуваше со Јосипа Лисац, Плави оркестар и останати големи изведувачи, и кој неодамна се приклучи на тимот. Верувам во луѓето околу мене, во песните. Се разбира тука се авторите со кои соработувам од почетокот на карирата- Миро Буљан, Нино Нинчевиќ, Душан Бачиќ, Борис Ѓурѓевиќ, чии песни веќе излегоа како синглови..

Речиси е невозможно да не го споредиме со неговиот татко, легендарниот Аки Рахимовски, фронтменот на Парни ваљак, поради фантастичниот вокал, глас полн со топлина, емоциии...

Пеењето го научив низ стотици настапи, преку техники на дишење, дикција, диманика и сл. Работев со големи автори и ми требаа буквално 15 години за да научам да пренесам песна на вистински начин. „Постоји ли место“ и „Стопала“ беа пресвртница, тогаш ја сватив сериозната промена во себе. За мене баладите се нешто како чистилиште, премин, но во суштина ги сакам среќните песни што ги најавив со новиот сингл. Македонија допрва ќе се запознае со мојата работа, огромна желба ми е да продолжам она што го правеше татко ми, и затоа ова не е само пазар туку и обврска. Освен тоа среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе. Ќе дадам се од себе и многу верувам во музиката, во песните...

The post Кристијан Рахимовски за прв пат доаѓа на „Охрид фест“: Среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура на средба со синот на Аки https://republika.mk/scena/estrada/ministerkata-za-kultura-na-sredba-so-sinot-na-aki/ Wed, 02 Feb 2022 18:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=453184

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатата музичка легенда Аки Рахимовски, во Крушево оддадоа почит и евоцираа спомени за уште едно големо име на македонската поп-музика, Тоше Проески.

„Тоше и Аки беа пријатели и вистински амбасадори на македонската култура. Наша должност е нивното дело да го чуваме и да го афирмираме како што тие несебично ја промовираа македонската култура на секој свој јавен настап“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Кристијан, и самиот музичар, ја запозна министерката Костадиновска-Стојчевска со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот татко. Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели. Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика.

The post Министерката за култура на средба со синот на Аки appeared first on Република.

„Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко“: Синот на Аки Рахимовски по 35 години дојде во Македонија https://republika.mk/scena/muzika/boze-si-dojdov-doma-vo-zemjata-na-mojot-tatko-sinot-na-aki-rahimovski-po-35-godini-dojde-vo-makedonija/ Mon, 31 Jan 2022 12:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=451944

Кристијан Рахимовски (40), вчера пристигна во Скопје, во градoт каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски, кој почина пред девет дена. Денеска со министерката за култура ќе патува за Крушево, да го посети вечното почивалиште на Тоше Проески.

Во краткиот разговор за „Женски магазин“ открива дека кога се симнал од авион го обзеле безброј емоции.

Само што зачекорив на македонското тло почнав да плачам. Му реков на мојот менаџер „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“. Последен пат бев во Скопје пред 35 години. Дојдов приватно, да ја посетам баба ми и роднините, вели тој.

The post „Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко“: Синот на Аки Рахимовски по 35 години дојде во Македонија appeared first on Република.

]]>

Кристијан Рахимовски (40), вчера пристигна во Скопје, во градoт каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски, кој почина пред девет дена. Денеска со министерката за култура ќе патува за Крушево, да го посети вечното почивалиште на Тоше Проески. Во краткиот разговор за „Женски магазин“ открива дека кога се симнал од авион го обзеле безброј емоции.
Само што зачекорив на македонското тло почнав да плачам. Му реков на мојот менаџер „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“. Последен пат бев во Скопје пред 35 години. Дојдов приватно, да ја посетам баба ми и роднините, вели тој.

The post „Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко“: Синот на Аки Рахимовски по 35 години дојде во Македонија appeared first on Република.

]]>
Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата, се гледаме еден ден: Кики Рахимовски се прости од својот татко https://republika.mk/scena/estrada/tato-moj-sega-odmori-se-a-potoa-rokaj-gore-so-ekipata-se-gledame-eden-den-kiki-rahimovski-se-prosti-od-svojot-tatko/ Sun, 23 Jan 2022 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=448283

Социјалните мрежи се уште се преплавени со изрази на сочувство по смртта на фронтменот на Парни Ваљак – Аки Рахимовски.

Со трогателна порака од својот татко се прости и неговиот син Кристијан Рахимовски.

Тато, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, не знаеше друг начин, не можеше да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. А можевме да направиме многу повеќе тато. Болиш неописливо. Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо.. Знаевме јас и ти… На сите ни недостасуваш тато. Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици… Ви значеше и на вас затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мој, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, да бегај таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден… Збогум тато, те сакам тато… Се гледаме…, напиша тој на Фејсбук.

The post Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата, се гледаме еден ден: Кики Рахимовски се прости од својот татко appeared first on Република.

]]>

Социјалните мрежи се уште се преплавени со изрази на сочувство по смртта на фронтменот на Парни Ваљак – Аки Рахимовски. Со трогателна порака од својот татко се прости и неговиот син Кристијан Рахимовски. Тато, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, не знаеше друг начин, не можеше да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. А можевме да направиме многу повеќе тато. Болиш неописливо. Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо.. Знаевме јас и ти… На сите ни недостасуваш тато. Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици… Ви значеше и на вас затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мој, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, да бегај таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден… Збогум тато, те сакам тато… Се гледаме…, напиша тој на Фејсбук.