Социјалните мрежи се уште се преплавени со изрази на сочувство по смртта на фронтменот на Парни Ваљак – Аки Рахимовски.

Со трогателна порака од својот татко се прости и неговиот син Кристијан Рахимовски.

Тато, прерано ме остави. Многу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, не знаеше друг начин, не можеше да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. А можевме да направиме многу повеќе тато. Болиш неописливо. Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо.. Знаевме јас и ти… На сите ни недостасуваш тато. Тато мој сега одмори се, а потоа „рокај“ горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици… Ви значеше и на вас затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мој, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, да бегај таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден… Збогум тато, те сакам тато… Се гледаме…, напиша тој на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.