крал Archives - Република https://republika.mk/tema/kral/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 07:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крал Archives - Република https://republika.mk/tema/kral/ 32 32 Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван https://republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-kral-vo-vtornik-se-vraka-vo-valensija-na-mestoto-kade-beshe-napadnat-so-kal-i-navreduvan/ Sun, 10 Nov 2024 07:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=835986

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и поплави, објави кралската канцеларија.

Кралот ќе ги надгледува операциите за спасување и чистење во Валенсија, соопшти неговиот кабинет.

На неговата прва посета на регионот минатата недела, кралот го пречека разгневена толпа која фрлаше кал и го навредуваше него и кралското семејство.

На 29 октомври, за неколку часа, во некои шпански градови наврна дожд колку што вобичаено паѓа во текот на една година.

Според последните податоци на шпанската Влада, од обилните дождови, лизгањето на земјиштето и поплавите загинале најмалку 220 лица. Властите пронајдоа 212 тела само во провинцијата Валенсија.

Осум смртни случаи се регистрирани во соседните региони Кастилја и Андалузија.

Околу 8.500 припадници на шпанската војска и 10.000 службеници од националните полициски сили се распоредени во приближно 80 погодени општини.

Многу згради сè уште се делумно или целосно недостапни бидејќи уништените автомобили и предметите за домаќинството ги блокираат влезовите.

Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија, барајќи оставка од регионалниот лидер и обвинувајќи го за лоша реакција за време на поплавите.

„Мазон поднеси оставка“, пишуваше на транспарентот со кој демонстрантите дојдоа пред зградата на владата на провинцијата Валенсија.

Тие извикуваа „убијци, убијци“ откако пред единаесет дена пороите ја поплавија југоисточната провинција на брегот на Средоземното Море, предизвикувајќи страдање на голем број луѓе.

Протестот го повикаа левичарските организации и синдикатите.

Карлос Мазон, 50-годишен член на конзервативната Народна партија, е на чело на покраината од летото 2023 година. Во Шпанија се води дебата за тоа дали петте милиони жители на овој регион биле навреме известени со мобилен телефон за доаѓањето на смртоносното невреме.

The post Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и поплави, објави кралската канцеларија. Кралот ќе ги надгледува операциите за спасување и чистење во Валенсија, соопшти неговиот кабинет. На неговата прва посета на регионот минатата недела, кралот го пречека разгневена толпа која фрлаше кал и го навредуваше него и кралското семејство. На 29 октомври, за неколку часа, во некои шпански градови наврна дожд колку што вобичаено паѓа во текот на една година. Според последните податоци на шпанската Влада, од обилните дождови, лизгањето на земјиштето и поплавите загинале најмалку 220 лица. Властите пронајдоа 212 тела само во провинцијата Валенсија. Осум смртни случаи се регистрирани во соседните региони Кастилја и Андалузија. Околу 8.500 припадници на шпанската војска и 10.000 службеници од националните полициски сили се распоредени во приближно 80 погодени општини. Многу згради сè уште се делумно или целосно недостапни бидејќи уништените автомобили и предметите за домаќинството ги блокираат влезовите. Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија, барајќи оставка од регионалниот лидер и обвинувајќи го за лоша реакција за време на поплавите. „Мазон поднеси оставка“, пишуваше на транспарентот со кој демонстрантите дојдоа пред зградата на владата на провинцијата Валенсија. Тие извикуваа „убијци, убијци“ откако пред единаесет дена пороите ја поплавија југоисточната провинција на брегот на Средоземното Море, предизвикувајќи страдање на голем број луѓе. Протестот го повикаа левичарските организации и синдикатите. Карлос Мазон, 50-годишен член на конзервативната Народна партија, е на чело на покраината од летото 2023 година. Во Шпанија се води дебата за тоа дали петте милиони жители на овој регион биле навреме известени со мобилен телефон за доаѓањето на смртоносното невреме.

The post Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван appeared first on Република.

]]>
Му го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува https://republika.mk/vesti/svet/mu-go-planiraat-pogrebot-zdravjeto-na-kralot-charls-se-vloshuva/ Fri, 26 Apr 2024 11:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=771371

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи кралското семејство и неговите симпатизери, а 75-годишниот крал продолжува да се бори со еден вид рак за кој не се знае многу, објави Дејли бист.

„Зборував со пријателите на кралот за неговото здравје, а ‘Не е добро’ е нивниот најчест одговор“, објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист.

Имено, близок пријател на монархот тврдел дека Чарлс е „решен да го победи ракот“, додавајќи дека „сите се оптимисти, но нему навистина му е лошо“.

И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба.

Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите.

Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“.

Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс.

Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива.

– Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.

The post Му го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува appeared first on Република.

]]>

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи кралското семејство и неговите симпатизери, а 75-годишниот крал продолжува да се бори со еден вид рак за кој не се знае многу, објави Дејли бист. „Зборував со пријателите на кралот за неговото здравје, а ‘Не е добро’ е нивниот најчест одговор“, објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист. Имено, близок пријател на монархот тврдел дека Чарлс е „решен да го победи ракот“, додавајќи дека „сите се оптимисти, но нему навистина му е лошо“. И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба. Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите. Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“. Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс. Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива. – Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.

The post Му го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува appeared first on Република.

]]>
Нострадамус за 2024 го споменува само него: Пророкот предвидува кој ќе биде новиот крал https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nostradamus-za-2024-go-spomenuva-samo-nego-prorokot-predviduva-koj-ke-bide-noviot-kral/ Tue, 19 Mar 2024 12:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=756309

Додека сите се прашуваат каде е Кејт Мидлтон и како е кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак, сега постои пророштво кое „открива“ кој е новиот британски крал.

Британскиот двор моментално се соочува со големи пресврти – сите се прашуваат каде е Кејт Мидлтон затоа што од неа нема ни трага ни глас од декември минатата година, а теориите на заговор растат дури по монтираната фотографија со децата што ја објави Палатата.

Од друга страна, официјално беше објавено дека кралот Чарлс има рак и дека се опоравува.

Но бидејќи ниту за него нема повеќе детали и јавноста во основа не знае точно каков е, фокусот на социјалните мрежи сега е ставен на пророштвото на Ностарадамус за 2024 година, во кое се споменува кој ќе биде новиот крал на Британија.

Само 18 месеци по крунисувањето на Чарлс, сега се споменува неговиот наследник. По правило, тоа треба да биде неговиот постар син Вилијам, но пророштвото на францускиот астролог и филозоф од 16 век вели дека кралот ќе има кратко владеење поради болест и дека ќе го наследи некој неочекуван.

Пасусот гласи: „Кралот на островите истеран со сила…заменет со оној кој нема да носи никаков знак за крал“.

Според „Economictimes.com“, толкувањата на оваа реченица водат до – принцот Хари

Принцот Хари ќе го преземе тронот бидејќи тој е оној без знакот на кралот, т.е. тој практично беше отстранет од семејството и сега е далеку, во Америка, пишува „NYPost“.

Сето ова дополнително се искомплицира со веста дека Хари неодамна дошол да го види својот татко кога дознал дека е болен. Медиумите пред неколку недели пишуваа дека Хари поминал долг лет со авион само за средба од 45 минути со својот татко, а потоа повторно се вратил со авион дома. За многумина тоа беше доволен доказ дека двајцата се договориле за нешто важно. А некои забележуваат дека, од друга страна, не е познато дека Вилијам воопшто го посетил својот татко.

Интересно, многумина забележуваат и дека Нострадамус имал необична способност да ја предвидува судбината на кралското семејство. Во неговите записи, наводно, било забележано дека кралицата Елизабета Втора ќе умре на 96-годишна возраст, што навистина се случило.

The post Нострадамус за 2024 го споменува само него: Пророкот предвидува кој ќе биде новиот крал appeared first on Република.

]]>

Додека сите се прашуваат каде е Кејт Мидлтон и како е кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак, сега постои пророштво кое „открива“ кој е новиот британски крал. Британскиот двор моментално се соочува со големи пресврти – сите се прашуваат каде е Кејт Мидлтон затоа што од неа нема ни трага ни глас од декември минатата година, а теориите на заговор растат дури по монтираната фотографија со децата што ја објави Палатата. Од друга страна, официјално беше објавено дека кралот Чарлс има рак и дека се опоравува. Но бидејќи ниту за него нема повеќе детали и јавноста во основа не знае точно каков е, фокусот на социјалните мрежи сега е ставен на пророштвото на Ностарадамус за 2024 година, во кое се споменува кој ќе биде новиот крал на Британија. Само 18 месеци по крунисувањето на Чарлс, сега се споменува неговиот наследник. По правило, тоа треба да биде неговиот постар син Вилијам, но пророштвото на францускиот астролог и филозоф од 16 век вели дека кралот ќе има кратко владеење поради болест и дека ќе го наследи некој неочекуван. Пасусот гласи: „Кралот на островите истеран со сила…заменет со оној кој нема да носи никаков знак за крал“. Според „Economictimes.com“, толкувањата на оваа реченица водат до – принцот Хари Принцот Хари ќе го преземе тронот бидејќи тој е оној без знакот на кралот, т.е. тој практично беше отстранет од семејството и сега е далеку, во Америка, пишува „NYPost“. Сето ова дополнително се искомплицира со веста дека Хари неодамна дошол да го види својот татко кога дознал дека е болен. Медиумите пред неколку недели пишуваа дека Хари поминал долг лет со авион само за средба од 45 минути со својот татко, а потоа повторно се вратил со авион дома. За многумина тоа беше доволен доказ дека двајцата се договориле за нешто важно. А некои забележуваат дека, од друга страна, не е познато дека Вилијам воопшто го посетил својот татко. Интересно, многумина забележуваат и дека Нострадамус имал необична способност да ја предвидува судбината на кралското семејство. Во неговите записи, наводно, било забележано дека кралицата Елизабета Втора ќе умре на 96-годишна возраст, што навистина се случило.

The post Нострадамус за 2024 го споменува само него: Пророкот предвидува кој ќе биде новиот крал appeared first on Република.

]]>
Пендаровски во Њујорк се сретна со кралот на Јордан https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-nujork-se-sretna-so-kralot-na-jordan/ Tue, 19 Sep 2023 18:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=683265

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, остварил средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества.

Соговорниците разговарале и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што, како што стои во соопштението, Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.

Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата, стои во стоопштението.

 

The post Пендаровски во Њујорк се сретна со кралот на Јордан appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, остварил средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.
На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества. Соговорниците разговарале и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што, како што стои во соопштението, Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.
Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата, стои во стоопштението.
 

The post Пендаровски во Њујорк се сретна со кралот на Јордан appeared first on Република.

]]>
Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска https://republika.mk/vesti/svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/ Sun, 11 Sep 2022 13:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=549731

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција.

Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“.

Во Велс, третиот баталјон на кралскиот велшки полк беше придружуван на церемонијата на крунисување од коза, која е „талисман“ на баталјонот.

The post Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска appeared first on Република.

]]>

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција. Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“. Во Велс, третиот баталјон на кралскиот велшки полк беше придружуван на церемонијата на крунисување од коза, која е „талисман“ на баталјонот.

The post Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска appeared first on Република.

]]>
Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство https://republika.mk/vesti/svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/ Sat, 10 Sep 2022 10:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=549401

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави Би-Би-Си.

Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство.

Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон.

Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила.

Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх.

Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.

Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт.

Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.

Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата.

Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје.

The post Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави Би-Би-Си. Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство. Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон. Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила. Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година. Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје.

The post Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>
Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија https://republika.mk/vesti/svet/prvpat-vo-istorijata-proglasuvanjeto-na-britanski-kral-kje-se-emituva-na-televizija/ Sat, 10 Sep 2022 09:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=549362

Кралот Чарлс денеска ќе ја подотвори кралската завеса, со оглед на тоа дека неговото прогласување за крал по првпат се емитува на телевизија. Тоа е огромен контраст на острите, само неколку, црно-бели фотографии од времето кога Елизабета беше прогласена за кралица пред 70 години, јави Би-Би-Си.

Чарлс Трети ќе биде именуван за крал од Советот за наследување, кој денеска ќе се состане во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот. Во платата веќе пристигнаа актуелната и поранешните премиери на Велика Британија Лиз Трас, Борис Џонсон, Гордон Браун и Тони Блер.

Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.

Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт.

Поканети се сите членови на Тајниот совет, но не сите ќе можат да учествуваат на церемонијата за прогласување на новиот крал. Во 1952 година, на пример, по смртта на кралот Џорџ Шести, 191 советник учествувале на Советот за наследување, кој ја прогласил Елизабета за кралица.

Церемонијата за прогласување на новиот монарх се состои од два дела.

Во првиот дел, претседателот на Тајниот совет ќе ја објави смртта на кралицата, а службеникот на Советот, Ричард Тилбрук, на глас ќе го прочита прогласот за наследување на тронот.

Присуствувајќи на церемонијата, членовите на кралското семејство, премиерот, надбискупот од Кентербери и Ерл Маршал – наследна кралска функција со одговорност за организирање државни церемонии, ќе го потпишат документот што го содржи текстот на прогласот.

По потпишувањето на документот, претседателот на Советот ќе ги повика сите присутни да молчат додека Советот договара други работи поврзани со церемонијата, како што се споделувањето на Прогласот и давање насоки за пукање на топовски поздрави во Лондонскиот Хајд Парк и во лондонската кула.

По завршувањето на првиот дел од церемонијата, текстот на прогласот ќе се чита од еден од балконите на палатата Сент Џејмс.

Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.

Вториот дел од церемонијата не секогаш веднаш следува по првиот дел. Вториот дел се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата.

Тој потоа ќе положи заклетва во врска со безбедноста на Црквата на Шкотска, како што се бара со Законот од 1707 година, кој ја обедини Шкотска со Англија и Велс и ја формираше Велика Британија. Оваа заклетва ја полагал секој монарх од 1714 година наваму.

Кралот ќе потпише две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата.

Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

The post Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс денеска ќе ја подотвори кралската завеса, со оглед на тоа дека неговото прогласување за крал по првпат се емитува на телевизија. Тоа е огромен контраст на острите, само неколку, црно-бели фотографии од времето кога Елизабета беше прогласена за кралица пред 70 години, јави Би-Би-Си. Чарлс Трети ќе биде именуван за крал од Советот за наследување, кој денеска ќе се состане во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот. Во платата веќе пристигнаа актуелната и поранешните премиери на Велика Британија Лиз Трас, Борис Џонсон, Гордон Браун и Тони Блер. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Поканети се сите членови на Тајниот совет, но не сите ќе можат да учествуваат на церемонијата за прогласување на новиот крал. Во 1952 година, на пример, по смртта на кралот Џорџ Шести, 191 советник учествувале на Советот за наследување, кој ја прогласил Елизабета за кралица. Церемонијата за прогласување на новиот монарх се состои од два дела. Во првиот дел, претседателот на Тајниот совет ќе ја објави смртта на кралицата, а службеникот на Советот, Ричард Тилбрук, на глас ќе го прочита прогласот за наследување на тронот. Присуствувајќи на церемонијата, членовите на кралското семејство, премиерот, надбискупот од Кентербери и Ерл Маршал – наследна кралска функција со одговорност за организирање државни церемонии, ќе го потпишат документот што го содржи текстот на прогласот. По потпишувањето на документот, претседателот на Советот ќе ги повика сите присутни да молчат додека Советот договара други работи поврзани со церемонијата, како што се споделувањето на Прогласот и давање насоки за пукање на топовски поздрави во Лондонскиот Хајд Парк и во лондонската кула. По завршувањето на првиот дел од церемонијата, текстот на прогласот ќе се чита од еден од балконите на палатата Сент Џејмс. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата не секогаш веднаш следува по првиот дел. Вториот дел се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Тој потоа ќе положи заклетва во врска со безбедноста на Црквата на Шкотска, како што се бара со Законот од 1707 година, кој ја обедини Шкотска со Англија и Велс и ја формираше Велика Британија. Оваа заклетва ја полагал секој монарх од 1714 година наваму. Кралот ќе потпише две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

The post Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија appeared first on Република.

]]>
Кралско испраќање за Кире Лазаров https://republika.mk/sport/rakomet/kralsko-isprakjanje-za-kire-lazarov/ Thu, 09 Jun 2022 09:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=513013

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров го одигра последниот натпревар пред навивачите на Нант, а тие на незаборавен начин го испратија во пензија, приредувајќи му кралско испраќање.

Му донесоа кралски стол, а Кире Лазаров со круна седна на него. Навивачите со стоечки овации го поздравија кралот Кирил, а соиграчите му направија шпалир.

https://youtu.be/3W7AHIKU98w

Нант го победи Тулуз со 32-18, Лазаров даде три гола, од кои еден со цепелин. Македонскиот ракометар има уште еден натпревар до пензија, мечот од финалето на Купот на Франција против ПСЖ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HBC Nantes (@hbcnantes)

РФМ и ЕХФ во одвоени пригодни честитики му се заблагодарија на легендарниот Лазаров за неговиот придонес во македонскиот и европскиот ракомет, ден по објавата дека става крај на кариерата како играч.

Ти благодариме за севкупниот голем придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Европската ракометна федерација (ЕХФ) од своја страна, ги нагласи личните достигнувања на Лазаров на европската сцена.

Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Талент во кој уживавме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров, ќе недостигаш легендо, објави ЕХФ.

Завчера во Нант на прес-конференција, 42-годишниот Лазаров објави крај на кариерата како играч и максимален фокус на тренерската работа и улогата селектор на македонската машка сениорска репрезентација.

The post Кралско испраќање за Кире Лазаров appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров го одигра последниот натпревар пред навивачите на Нант, а тие на незаборавен начин го испратија во пензија, приредувајќи му кралско испраќање. Му донесоа кралски стол, а Кире Лазаров со круна седна на него. Навивачите со стоечки овации го поздравија кралот Кирил, а соиграчите му направија шпалир. https://youtu.be/3W7AHIKU98w Нант го победи Тулуз со 32-18, Лазаров даде три гола, од кои еден со цепелин. Македонскиот ракометар има уште еден натпревар до пензија, мечот од финалето на Купот на Франција против ПСЖ.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by HBC Nantes (@hbcnantes)

РФМ и ЕХФ во одвоени пригодни честитики му се заблагодарија на легендарниот Лазаров за неговиот придонес во македонскиот и европскиот ракомет, ден по објавата дека става крај на кариерата како играч.
Ти благодариме за севкупниот голем придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Европската ракометна федерација (ЕХФ) од своја страна, ги нагласи личните достигнувања на Лазаров на европската сцена.
Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Талент во кој уживавме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров, ќе недостигаш легендо, објави ЕХФ.
Завчера во Нант на прес-конференција, 42-годишниот Лазаров објави крај на кариерата како играч и максимален фокус на тренерската работа и улогата селектор на македонската машка сениорска репрезентација.

The post Кралско испраќање за Кире Лазаров appeared first on Република.

]]>