„крал на криптовалутите“ Archives - Република https://republika.mk/tema/kral-na-kriptovalutite/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Jun 2023 13:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „крал на криптовалутите“ Archives - Република https://republika.mk/tema/kral-na-kriptovalutite/ 32 32 Кралот на криптовалутите избега од Црна Гора еден ден по изборите https://republika.mk/vesti/balkan/kralot-na-kriptovalutite-izbega-od-tsrna-gora-eden-den-po-izborite/ Tue, 13 Jun 2023 13:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=650918

Британецот Џорџ Котрел , кого лидерот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ го означи како еден од финансиерите на движењето „Европа сега“, а министерот за финансии Александар Дамјановиќ изјави дека со него е поврзана илегална крипто машина во Тиват, ја напуштил Црна Гора ден по парламентарните избори веројатно под друго име, дознава порталот „Дан“.

Котрел полетал од Црна Гора со приватен авион од аеродромот во Тиват, а останува да се испита како успеал да ја напушти нашата земја под друго име.

Инаку, Котрел беше политички активен во Британија, особено во времето на Брегзит.

Тој потекнува од аристократско лондонско семејство и израснал и се школувал на приватен остров, а кога отишол на факултет, бил исфрлен поради нелегално коцкање.Во јули 2016 година, тој беше уапсен во Чикаго и обвинет за перење пари, измама, уцена и изнуда.

 

The post Кралот на криптовалутите избега од Црна Гора еден ден по изборите appeared first on Република.

]]>

Британецот Џорџ Котрел , кого лидерот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ го означи како еден од финансиерите на движењето „Европа сега“, а министерот за финансии Александар Дамјановиќ изјави дека со него е поврзана илегална крипто машина во Тиват, ја напуштил Црна Гора ден по парламентарните избори веројатно под друго име, дознава порталот „Дан“. Котрел полетал од Црна Гора со приватен авион од аеродромот во Тиват, а останува да се испита како успеал да ја напушти нашата земја под друго име. Инаку, Котрел беше политички активен во Британија, особено во времето на Брегзит. Тој потекнува од аристократско лондонско семејство и израснал и се школувал на приватен остров, а кога отишол на факултет, бил исфрлен поради нелегално коцкање.Во јули 2016 година, тој беше уапсен во Чикаго и обвинет за перење пари, измама, уцена и изнуда.  

The post Кралот на криптовалутите избега од Црна Гора еден ден по изборите appeared first on Република.

]]>
Најверојатниот иден премиер на Црна Гора во скандал со крипто валути https://republika.mk/vesti/balkan/najverojatniot-iden-premier-na-tsrna-gora-vo-skandal-so-kripto-valuti/ Sun, 11 Jun 2023 13:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=650149

Милојко Спајиќ, лидер и носител на изборната листа на Движењето Европа сега (ПЕС), изјави дека очекува победа на денешните парламентарни избори и дека ја гледа Црна Гора, во следните неколку години,ја гледа како успешна приказна, особено во делот на економијата.

-Разбирам дека граѓаните се уморни од црногорскиот стил на политика, но парламентарните избори значат живот во следните четири години бидејќи парламентот ќе гласа за реформи и закони за сите нас, изјави Спајиќ по гласањето, пренесе Бета.

Тој кажа и дека се надева оти граѓаните ќе излезат на изборите во што поголем број и дека изборниот ден ќе помине мирно.

https://republika.mk/vesti/balkan/medojevik-tsrna-gora-pod-vlasta-na-gukanovik-stana-sigurna-kuka-za-belosvetski-kriminaltsi/

Запрашан дали очекува да победи, Спајиќ одговори потврдно, но не сакаше да коментира дали очекува да биде идниот премиер, ниту, пак, кого гледа како свој потенцијален коалициски партнер.

Тој кажа дека ова се четврти избори во последните шест месеци и дека на граѓаните им е доста од политика, лични напади, дискредитација и теми кои не се важни за граѓаните.

-Мислам дека тоа ќе се заврши со овој изборен циклус и во иднина очекуваме многу успешна Црна Гора, рече Спајиќ.

Според сите истражувања на јавното мислење, популистичкото Движење Европа сега треба да биде столбот на идната влада по денешните избори, а лидер Спајиќ се смета за иден премиер.

Во последните денови тој беше во центарот на скандалот околу наводната поврзаност со уапсениот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за проневера на десетици милијарди долари преку тргување со криптовалути. До Квон беше уапсен на 23 март на аеродромот во Подгорица, додека се обидувал да ја напушти земјата со лет за Дубаи. Тој беше уапсен по јужнокорејска потерница која го сомничи дека проневерил повеќе од 40 милијарди долари преку тргување со криптовалути. Јужна Кореја побара негова екстрадиција, но на До Квон му се суди во Црна Гора за фалсификување пасоши. Го бараат и САД и Сингапур. Тој е во затвор кај Подгорица, а продолжението на судењето е закажано за 16 јуни.

По три години политичка нестабилност, пад на две влади кои ја загубија довербата во Собранието, денешното очекување на јавноста е стабилна влада што би ја предводила Црна Гора во следните четири години, ќе го одмрзне процесот на интеграција во ЕУ и ќе го забрза патот кон членство во Унијата.

Денешните парламентарни избори се 12-ти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а шести од обновувањето на независноста.

The post Најверојатниот иден премиер на Црна Гора во скандал со крипто валути appeared first on Република.

]]>

Милојко Спајиќ, лидер и носител на изборната листа на Движењето Европа сега (ПЕС), изјави дека очекува победа на денешните парламентарни избори и дека ја гледа Црна Гора, во следните неколку години,ја гледа како успешна приказна, особено во делот на економијата.
-Разбирам дека граѓаните се уморни од црногорскиот стил на политика, но парламентарните избори значат живот во следните четири години бидејќи парламентот ќе гласа за реформи и закони за сите нас, изјави Спајиќ по гласањето, пренесе Бета.
Тој кажа и дека се надева оти граѓаните ќе излезат на изборите во што поголем број и дека изборниот ден ќе помине мирно. https://republika.mk/vesti/balkan/medojevik-tsrna-gora-pod-vlasta-na-gukanovik-stana-sigurna-kuka-za-belosvetski-kriminaltsi/ Запрашан дали очекува да победи, Спајиќ одговори потврдно, но не сакаше да коментира дали очекува да биде идниот премиер, ниту, пак, кого гледа како свој потенцијален коалициски партнер. Тој кажа дека ова се четврти избори во последните шест месеци и дека на граѓаните им е доста од политика, лични напади, дискредитација и теми кои не се важни за граѓаните. -Мислам дека тоа ќе се заврши со овој изборен циклус и во иднина очекуваме многу успешна Црна Гора, рече Спајиќ. Според сите истражувања на јавното мислење, популистичкото Движење Европа сега треба да биде столбот на идната влада по денешните избори, а лидер Спајиќ се смета за иден премиер. Во последните денови тој беше во центарот на скандалот околу наводната поврзаност со уапсениот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за проневера на десетици милијарди долари преку тргување со криптовалути. До Квон беше уапсен на 23 март на аеродромот во Подгорица, додека се обидувал да ја напушти земјата со лет за Дубаи. Тој беше уапсен по јужнокорејска потерница која го сомничи дека проневерил повеќе од 40 милијарди долари преку тргување со криптовалути. Јужна Кореја побара негова екстрадиција, но на До Квон му се суди во Црна Гора за фалсификување пасоши. Го бараат и САД и Сингапур. Тој е во затвор кај Подгорица, а продолжението на судењето е закажано за 16 јуни. По три години политичка нестабилност, пад на две влади кои ја загубија довербата во Собранието, денешното очекување на јавноста е стабилна влада што би ја предводила Црна Гора во следните четири години, ќе го одмрзне процесот на интеграција во ЕУ и ќе го забрза патот кон членство во Унијата. Денешните парламентарни избори се 12-ти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а шести од обновувањето на независноста.

The post Најверојатниот иден премиер на Црна Гора во скандал со крипто валути appeared first on Република.

]]>
Во Црна Гора е уапсен поранешниот „крал на криптовалутите“ https://republika.mk/vesti/svet/vo-tsrna-gora-e-uapsen-poraneshniot-kral-na-kriptovalutite/ Thu, 23 Mar 2023 14:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=622903

Црногорската полиција уапси лице за кое се сомнева дека е еден од најбараните бегалци во светот, јужнокорејскиот државјанин До Квон, објави на Твитер министерот за внатрешни работи – Филип Аџиќ.

Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, рече Аџиќ.

Квон (31) во својата земја беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал.
На крајот на минатата година властите изразија сомневање дека бегалецот попознат како „крал на криптовалутите“ се крие во Србија.

Како што објави „Фајненшл тајмс“ лани во декември, Јужна Кореја стапила во контакт со властите во Србија, и покрај фактот што нема договор за екстрадиција меѓу двете земји

 

The post Во Црна Гора е уапсен поранешниот „крал на криптовалутите“ appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција уапси лице за кое се сомнева дека е еден од најбараните бегалци во светот, јужнокорејскиот државјанин До Квон, објави на Твитер министерот за внатрешни работи – Филип Аџиќ. Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, рече Аџиќ. Квон (31) во својата земја беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал. На крајот на минатата година властите изразија сомневање дека бегалецот попознат како „крал на криптовалутите“ се крие во Србија. Како што објави „Фајненшл тајмс“ лани во декември, Јужна Кореја стапила во контакт со властите во Србија, и покрај фактот што нема договор за екстрадиција меѓу двете земји  

The post Во Црна Гора е уапсен поранешниот „крал на криптовалутите“ appeared first on Република.

]]>