ковид протокол Archives - Република https://republika.mk/tema/kovid-protokol/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Apr 2022 06:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид протокол Archives - Република https://republika.mk/tema/kovid-protokol/ 32 32 Koвид протоколите денеска пред Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/kovid-protokolite-deneska-pred-ustaven-sud/ Thu, 07 Apr 2022 06:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=484451

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе отвори дискусија и ќе разгледа четири иницијативи.

Според објавениот дневен ред, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од лицето Миле Бундовски од Скопје, во врска член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести, член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести Ковид-19.

Следна иницијатива која ќе биде разгледана на ова седница надоврзена со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година.

Останатите две иницијативи се за Законот за Фондот за осигурување на депозити поднесен од физичко лице и за Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи поднесен од Синдикат на полиција во Македонија -Скопје.

The post Koвид протоколите денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе отвори дискусија и ќе разгледа четири иницијативи. Според објавениот дневен ред, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од лицето Миле Бундовски од Скопје, во врска член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести, член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести Ковид-19. Следна иницијатива која ќе биде разгледана на ова седница надоврзена со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година. Останатите две иницијативи се за Законот за Фондот за осигурување на депозити поднесен од физичко лице и за Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи поднесен од Синдикат на полиција во Македонија -Скопје.

The post Koвид протоколите денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Сали: Протокол за ковид лекување има, можеби сме само мрзеливи да читаме триесетина страници https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-protokol-za-kovid-lekuvanje-ima-mozebi-sme-samo-mrzelivi-da-chitame-triesetina-stranici/ Wed, 09 Feb 2022 18:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=456402

Не можете да речете дека кај нас не постои протокол за лекување пациенти со коронавирусот, бидејќи таков протокол имаме и тој уште во 2019 година е напишан од страна на професори од Клиниката за инфектологија, рече вечерва министерот за здравство Беким Сали, потенцирајќи дека протоколот е прилично обемен и напишан е на триесетина страници.

– Протоколот е распределен кај сите здравствени институции. Јас лично го имам видено протоколот, кој е прилично обемен, напишан е на триесетина страници и таму е јасно наведено како треба да се постапува при одредени ситуации. Во периодот од две години, тој протокол претрпел измени врз основа на сите соеви на коронавирусот кои се појавија во нашата земја. Морам да напоменам дека ние знаеме само за четири варијанти, а во светот постојат околу 50 соеви. Па така, секогаш кога ќе се појави нов сој, ние правиме нови анализи и даваме нов протокол. Искрено жалам поради тоа што одредени лекари и институции не го следеле протоколот и дејствувале врз основа на кратки протоколи коишто ги зајмувале од соседни држави. И тоа не е грешка, но не можеме да речеме дека нема протокол кај нас. Ние можеби сме само мрзеливи да читаме протокол од триесетина страници – рече Сали во вечерашното гостување во „Само вистина“.

Тој рече дека се работи на тоа да се изработи форма на протокол кој ќе биде достапен за јавноста.

– Ако сега вие го погледнете протоколот, верувајте дека нема ништо да разберете, бидејќи тој е напишан стручно и користени се само стручни термини. Но, сега работиме на тоа да направиме јавно достапен протокол, а кој нема да се злоупотребува од граѓаните кои врз основа на тој протокол ќе се лекуваат дома сами – истакна министерот.

Тој појасни дека на неделна основа се анализира епидемиолошката состојба во државата и врз основа на таа анализа се носат одлуки и чекори.

– Во моментов пикот на омикрон сојот е во благо опаѓање и сега доаѓаме во фаза на хоспитализации. Од аспект на кадар и простории, здравствени власти имаат доволно за справување за хоспитализација на пациентите. Нашето општество има отпор кон вакцинација и тоа е голем проблем. Немаме финално решение за тоа. Ќе продолжуваме да апелираме и да обезбедуваме вакцини и понатаму – информира Сали.

Од посетите на неколку ковид-центри низ земјава, министерот потенцира дека видел добра грижа и макотрпна работа на здравствените работници.

– Има максимални напори. Жално е тоа што е низок бројот на вакцинирани. Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која е необјасниво зошто се прави. Теории на заговор, неспособност… Ние се трудиме да ги развиваме нашите позитивни политики – рече Сали.

The post Сали: Протокол за ковид лекување има, можеби сме само мрзеливи да читаме триесетина страници appeared first on Република.