Ковачев Archives - Република https://republika.mk/tema/kovachev/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 12:10:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ковачев Archives - Република https://republika.mk/tema/kovachev/ 32 32 Пендаровски и СДС гордо кажуваа дека добиле поддршка од Ковачев, нека не се прават наудрени народот памти и ќе казни https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-i-sds-gordo-kazhuvaa-deka-dobile-poddrshka-od-kovachev-neka-ne-se-pravat-naudreni-narodot-pamti-i-ke-kazni/ Sat, 09 Mar 2024 12:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=752995

СДС освен што имаат проблем со својата понуда кон граѓаните, имаат сериозен проблем со меморијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се обидуваат со стари фотографии да шират лажни вести. Народот памети дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на бугарските негаторски политики.

Прво, Стево Пендаровски беше тој кој што гордо кажуваше дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев.

Второ, Стево Пендаровски беше тој кој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, и после оваа бесрамна изјава на Пендаровски неговиот пријател Ковачев ја пофали и ја користеше како аргумент во Брисел и Софија.

И трето, Ковачев, пријателот на Пендаровски ги напаѓаше Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се пречката на бугарската негаторска политика, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на СДСМ.

На денешната прес - конференција на СДСМ, беше истакнато дека сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Погледнете ги овие фотографии.

Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ.

Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани.

А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја.

Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев?

Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.

Мицкоски  и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот.

Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.

СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина.

Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа, беше речено на денешната прес конференција на СДСМ.

https://www.youtube.com/watch?v=5YU6sFarCic

The post Пендаровски и СДС гордо кажуваа дека добиле поддршка од Ковачев, нека не се прават наудрени народот памти и ќе казни appeared first on Република.

]]>

СДС освен што имаат проблем со својата понуда кон граѓаните, имаат сериозен проблем со меморијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се обидуваат со стари фотографии да шират лажни вести. Народот памети дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на бугарските негаторски политики.

Прво, Стево Пендаровски беше тој кој што гордо кажуваше дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев.

Второ, Стево Пендаровски беше тој кој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, и после оваа бесрамна изјава на Пендаровски неговиот пријател Ковачев ја пофали и ја користеше како аргумент во Брисел и Софија.

И трето, Ковачев, пријателот на Пендаровски ги напаѓаше Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се пречката на бугарската негаторска политика, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на СДСМ.

На денешната прес - конференција на СДСМ, беше истакнато дека сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Погледнете ги овие фотографии. Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ. Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани. А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја. Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев? Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија. Мицкоски  и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот. Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро. На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина. Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа, беше речено на денешната прес конференција на СДСМ.
https://www.youtube.com/watch?v=5YU6sFarCic

The post Пендаровски и СДС гордо кажуваа дека добиле поддршка од Ковачев, нека не се прават наудрени народот памти и ќе казни appeared first on Република.

]]>
Ковачев: Албанија може да започне преговори за членство во ЕУ и без Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-albanija-mozhe-da-zapochne-pregovori-za-chlenstvo-vo-eu-i-bez-makedonija/ Thu, 29 Jun 2023 15:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=656508

„Албанија не помина низ таков процес како во поранешна Југославија и со неа имаме исклучително добри односи на сите нивоа. Албанија нема пречки да ги започне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија“. Вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев одговорил на прашањето дали Албанија може да биде пример за Македонија во односите со Бугарија.

Запрашан дали е логичен потег да ја направат оваа дистинкција и на Европа да ѝ кажат „Албанија нека се одвои од пакетот како кандидат од Македонија“, Ковачев одговорил:

„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не можат да ги исполнат европските услови за почеток на преговори, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто, за што не е нивна вина, ниту е до нив? Албанија треба веднаш по завршувањето на овој процес на ревизија на законодавството, најдоцна до крајот на годината, да ги започне вистинските преговори за членство во ЕУ. Ако дотогаш Македонија нема храброст да го промени уставот, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од самата држава“, рекол бугарскиот европратеник во интервју за бугарски „Актуално“.

The post Ковачев: Албанија може да започне преговори за членство во ЕУ и без Македонија appeared first on Република.

Ковачев за германската резолуција: Феномен е да молиш друга држава да ти го потврди идентитетот и јазикот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-za-germanskata-rezolutsija-fenomen-e-da-molish-druga-drzhava-da-ti-go-potvrdi-identitetot-i-jazikot/ Fri, 16 Jun 2023 09:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=652044

По синоќешното усвојување на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се признава македонската култура, идентитет и јазик, а Бугарија се повикува да се воздржи од наметнување дополнителни услови за Македонија, освен веќе постигнатиот компромис за уставни промени, порвата реакција стигна од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Ковачев објаснува дека германскиот Бундестаг, на итно барање на премиерот во Скопје, усвоил Резолуција која има за цел да помогне во започнувањето на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Истовремено тој им се заблагодари на колегите од ЦДУ и ЦСУ кои не ја поддржаа Резолуцијата.

Проблемот, поточно чудниот феномен е што тие се молат кај друга држава со одлука во парламентот да признае дека постојат македонскиот јазик, култура и идентитет. Не сум слушнал за друг сличен феномен на нашата планета, една држава да биде толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да моли друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ѝ ги признае јазикот, културата и идентитетот – вели Ковачев.

Во изјавата тој ги повторува неговите добро познати ставови во однос на Македонија.

Нема ништо лошо во тоа. Нашите колеги, соседи и пријатели во Скопје не треба да се грижат за тоа дека имаат модерен идентитет, јазик и култура, но разбирам дека сакаат да покажат некаква историска доследност или историски континуитет што се разликува од бугарскиот. Ова е основата на нашиот проблем,од таму доаѓа дискриминацијата и говорот на омраза и сите проблеми што ги имаме.Тоа не се билатерални проблеми, тоа се проблеми поврзани со основните човекови права и европските вредности. Повторно ги повикувам и власта и опозицијата во РСМ да покажат смелост и храброст и да не го продолжуваат моментумот од времето на Титова Југославија. Да си помагаме заедно, да бидеме заедно што побрзо во ЕУ, како што тоа го прават Романија и Молдавија, како што прави Грција со Кипар. Ние треба да сме заедно во ЕУ, а тоа може да се се случи само врз основа на пријателство, добрососедство, со спроведување на Договорот потпишан во 2017 година меѓу премиерите Заев и Борисов, како и со добра волја. Им посакувам на нашите соседи навистина да ги надминат сите пречки и да можат што побрзо да станат членка на ЕУ заедно со нас – изјави Ковачев.

The post Ковачев за германската резолуција: Феномен е да молиш друга држава да ти го потврди идентитетот и јазикот appeared first on Република.

]]>

По синоќешното усвојување на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се признава македонската култура, идентитет и јазик, а Бугарија се повикува да се воздржи од наметнување дополнителни услови за Македонија, освен веќе постигнатиот компромис за уставни промени, порвата реакција стигна од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Ковачев објаснува дека германскиот Бундестаг, на итно барање на премиерот во Скопје, усвоил Резолуција која има за цел да помогне во започнувањето на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Истовремено тој им се заблагодари на колегите од ЦДУ и ЦСУ кои не ја поддржаа Резолуцијата.