косово - еу Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovo-eu/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 18:24:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косово - еу Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovo-eu/ 32 32 Бајден: САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции https://republika.mk/vesti/balkan/bajden-sad-ja-poddrzhuvaat-integratsijata-na-kosovo-vo-evroatlantskite-institutsii/ Thu, 16 Feb 2023 21:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=609907

Американскиот претседател Џозеф Бајден и ја честиташе на косовската претседателка Вјоса Османа 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, наведувајќи дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции, соопшти нејзиниот кабинет.

„Во текот на изминатите неколку години, Косово и САД ги зајакнаа демократските институции за да обезбедат ефективно владеење, владеење на правото и можности за граѓаните на двете наши земји“, наведе Бајден во писмото.

Бајден ја изразил и својата поддршка за дијалогот меѓу Приштина и Белград.

The post Бајден: САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден и ја честиташе на косовската претседателка Вјоса Османа 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, наведувајќи дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции, соопшти нејзиниот кабинет. „Во текот на изминатите неколку години, Косово и САД ги зајакнаа демократските институции за да обезбедат ефективно владеење, владеење на правото и можности за граѓаните на двете наши земји“, наведе Бајден во писмото. Бајден ја изразил и својата поддршка за дијалогот меѓу Приштина и Белград.

The post Бајден: САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции appeared first on Република.

]]>
Од Косово во ЕУ без визи од почетокот на следната година https://republika.mk/vesti/balkan/od-kosovo-vo-eu-bez-vizi-od-pochetokot-na-slednata-godina/ Fri, 23 Sep 2022 20:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=553644

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изрази уверување дека укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани може да се случи на почетокот на 2013 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за телевизијата на косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК, запрашан дали догодина може да се очекува визна либерализација за Косово, Роде рече дека неговиот „најкраток одговор од сегашна переспектива е – да“.

– Нешто подолг одговор е дека во понеделникот бев со премиерот (на Косово, Албин Курти) во Призрен… и реков и таму дека визната либерализација е еден анахронизам. А тоа што е битно е и изјавата на министрите (за надворешни работи) на Германија, Полска и Франција дека треба да има визна либерализација за Косово, рече германскиот дипломат.

Роде порача дека тој е „последниот амбасадор (во Косово) кој ќе одговара на прашањето на визната либерализација“ и изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа од февруари или март идната година.

Шефовите на дипломатиите на таканеречениот „Вајмарски триаголник“, кој ги опфаќа Германија, Франција и Полска пред неколку дена објавија заедничка изјава во врска со геополитичките движења на Балканот, во која, меѓу другото, бараат од Европската унија „напредок во врска со прашањето на визната либерализација за Косово“.

The post Од Косово во ЕУ без визи од почетокот на следната година appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изрази уверување дека укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани може да се случи на почетокот на 2013 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за телевизијата на косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК, запрашан дали догодина може да се очекува визна либерализација за Косово, Роде рече дека неговиот „најкраток одговор од сегашна переспектива е – да“.
– Нешто подолг одговор е дека во понеделникот бев со премиерот (на Косово, Албин Курти) во Призрен… и реков и таму дека визната либерализација е еден анахронизам. А тоа што е битно е и изјавата на министрите (за надворешни работи) на Германија, Полска и Франција дека треба да има визна либерализација за Косово, рече германскиот дипломат.
Роде порача дека тој е „последниот амбасадор (во Косово) кој ќе одговара на прашањето на визната либерализација“ и изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа од февруари или март идната година. Шефовите на дипломатиите на таканеречениот „Вајмарски триаголник“, кој ги опфаќа Германија, Франција и Полска пред неколку дена објавија заедничка изјава во врска со геополитичките движења на Балканот, во која, меѓу другото, бараат од Европската унија „напредок во врска со прашањето на визната либерализација за Косово“.

The post Од Косово во ЕУ без визи од почетокот на следната година appeared first on Република.

]]>
Косово до крајот на годинава ќе побара кандидатски статус во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-do-krajot-na-godinava-kje-pobara-kandidatski-status-vo-eu/ Fri, 10 Jun 2022 20:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=513682

Косовскиот премиер Албин Курти на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Приштина најави дека до крајот на годинава Косово ќе аплицира за кандидатски статус во ЕУ.

„Европа е нашата судбина, Европа е нашата иднина“, рече Курти на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар, кој е во прва посета на Западен Балкан.

„Сакаме кандидатски статус за ЕУ и ќе аплицираме до крајот на годината“, додаде Курти.

Косово прогласи независност во 2008 година и мнозинство од земјите на Европската унија ја признаваат независноста, но не и Србија, Русија и Кина, што го спречува влезот во ОН.

Нормализацијата на односите останува главна пречка на европскиот пат на Приштина, но и на Белград, и покрај долгогодишниот дијалог под покровителство на Европската унија. Германскиот канцелар Шолц повика на помирување.

„Она што е важно за Косово е дека дијалогот меѓу Косово и Србија, под Европската унија, напредува“, рече Шолц.

Двете страни мора да најдат политичко решение со глобален и траен договор што ќе придонесе и за регионалната стабилност, додаде Шолц, нагласувајќи ја потребата од борба против влијанието на Русија на Балканот.

The post Косово до крајот на годинава ќе побара кандидатски статус во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Приштина најави дека до крајот на годинава Косово ќе аплицира за кандидатски статус во ЕУ.
„Европа е нашата судбина, Европа е нашата иднина“, рече Курти на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар, кој е во прва посета на Западен Балкан. „Сакаме кандидатски статус за ЕУ и ќе аплицираме до крајот на годината“, додаде Курти.
Косово прогласи независност во 2008 година и мнозинство од земјите на Европската унија ја признаваат независноста, но не и Србија, Русија и Кина, што го спречува влезот во ОН. Нормализацијата на односите останува главна пречка на европскиот пат на Приштина, но и на Белград, и покрај долгогодишниот дијалог под покровителство на Европската унија. Германскиот канцелар Шолц повика на помирување.
„Она што е важно за Косово е дека дијалогот меѓу Косово и Србија, под Европската унија, напредува“, рече Шолц.
Двете страни мора да најдат политичко решение со глобален и траен договор што ќе придонесе и за регионалната стабилност, додаде Шолц, нагласувајќи ја потребата од борба против влијанието на Русија на Балканот.

The post Косово до крајот на годинава ќе побара кандидатски статус во ЕУ appeared first on Република.

]]>