корнелија нинова Archives - Република https://republika.mk/tema/kornelija-ninova/ За подобро да се разбереме Thu, 18 May 2023 10:59:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корнелија нинова Archives - Република https://republika.mk/tema/kornelija-ninova/ 32 32 Бугарите му се налутија на Ковачевски за изјавата дека Бугарија се однесува како Русија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-mu-se-nalutija-na-kovachevski-za-izjavata-deka-bugarija-se-odnesuva-kako-rusija/ Thu, 18 May 2023 09:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=642176

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска од бугарскиот парламент изјави дека „се насобрале неприфатливи постапки од страна на официјалните власти на РСМ“.

„Времето потврди дека ние од БСП бевме во право што не го поддржавме францускиот предлог. Ова не е доволно. Веќе денеска на Советот на претседавачи ќе иницираме општа декларација на Националното собрание. Ќе апелираме до сите парламентарни претставници да го поддржат. На овој начин ќе изразиме дека не го прифаќаме овој став (на Ковачевски) и ќе инсистираме тоа да биде заеднички став на сите партии застапени во парламентот“, порача Нинова.

Таа додаде дека ваквиот третман од страна на македонските власти „е понижувачки, навредлив и неприфатлив“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-diskursot-koj-se-koristi-od-bugarija-kon-makedonija-e-mnogu-slichen-na-onoj-koj-rusija-go-koristi-kon-ukraina/

The post Бугарите му се налутија на Ковачевски за изјавата дека Бугарија се однесува како Русија appeared first on Република.

]]>

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска од бугарскиот парламент изјави дека „се насобрале неприфатливи постапки од страна на официјалните власти на РСМ“.
„Времето потврди дека ние од БСП бевме во право што не го поддржавме францускиот предлог. Ова не е доволно. Веќе денеска на Советот на претседавачи ќе иницираме општа декларација на Националното собрание. Ќе апелираме до сите парламентарни претставници да го поддржат. На овој начин ќе изразиме дека не го прифаќаме овој став (на Ковачевски) и ќе инсистираме тоа да биде заеднички став на сите партии застапени во парламентот“, порача Нинова.
Таа додаде дека ваквиот третман од страна на македонските власти „е понижувачки, навредлив и неприфатлив“. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-diskursot-koj-se-koristi-od-bugarija-kon-makedonija-e-mnogu-slichen-na-onoj-koj-rusija-go-koristi-kon-ukraina/

The post Бугарите му се налутија на Ковачевски за изјавата дека Бугарија се однесува како Русија appeared first on Република.

]]>
Нинова бара Софија веднаш да започне преговори со „Газпром“ https://republika.mk/vesti/balkan/ninova-bara-sofija-vednash-da-zapochne-pregovori-so-gazprom/ Fri, 12 Aug 2022 09:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=539503

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, повика на итни преговори со руската енергетска компанија „Газпром“ за да се избегнат банкроти на деловните активности и да се осигура дека луѓето во земјата нема да страдаат во претстојната зима. Според Нинова, додека политичарите во Бугарија и експертите се расправаат кој е виновен, дали има бродови со течен гас, дали ќе работи интерконекторот со Грција, фабрики за ѓубрива во земјатаа почнаа да го затвораат производството и да отпуштаат работници.

Министерот за економија и индустрија на Бугарија дури сега ќе направи анкета колку компании работат на гас и ќе им даде инструкции да ја намалат потрошувачката за 15%.

Овие податоци се достапни – 28.000 претпријатија користат гас во кои работат 250.000 луѓе, смета и Нинова. Таа повика овие претпријатија во Бугарија да не се принудуваат да ја намалуваат потрошувачката на гас, бидејќи некои од нив никогаш повеќе нема да можат да ги стартуваат машините.

Се губи драгоцено време во расправии и ПР акции. Според лидерот на бугарските социјалисти, решението во оваа фаза за економијата и домаќинствата е само едно – итни преговори со „Газпром“, како што направија голем број европски лидери. БСП тоа го повторува уште од март. На оваа позадина, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе одржи средба со сопственикот и менаџментот на градежната компанија „Авакс“, која го гради интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и со менаџментот на проектната компанија која ја нарача изградбата – ИЦГБ. Целта на средбата е да се разјасни реалната состојба и потребните активности за што побрзо завршување на проектот.

На средбата Радев ги покани и вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев, како и министрите за енергетика и регионален развој и јавни работи Росен Христов и Иван Шишков. Една недела пред претседателската администрација во Бугарија протестираат граѓани кои се против враќањето на Гаспром како снабдувач со гас.

The post Нинова бара Софија веднаш да започне преговори со „Газпром“ appeared first on Република.

]]>

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, повика на итни преговори со руската енергетска компанија „Газпром“ за да се избегнат банкроти на деловните активности и да се осигура дека луѓето во земјата нема да страдаат во претстојната зима. Според Нинова, додека политичарите во Бугарија и експертите се расправаат кој е виновен, дали има бродови со течен гас, дали ќе работи интерконекторот со Грција, фабрики за ѓубрива во земјатаа почнаа да го затвораат производството и да отпуштаат работници. Министерот за економија и индустрија на Бугарија дури сега ќе направи анкета колку компании работат на гас и ќе им даде инструкции да ја намалат потрошувачката за 15%. Овие податоци се достапни – 28.000 претпријатија користат гас во кои работат 250.000 луѓе, смета и Нинова. Таа повика овие претпријатија во Бугарија да не се принудуваат да ја намалуваат потрошувачката на гас, бидејќи некои од нив никогаш повеќе нема да можат да ги стартуваат машините. Се губи драгоцено време во расправии и ПР акции. Според лидерот на бугарските социјалисти, решението во оваа фаза за економијата и домаќинствата е само едно – итни преговори со „Газпром“, како што направија голем број европски лидери. БСП тоа го повторува уште од март. На оваа позадина, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе одржи средба со сопственикот и менаџментот на градежната компанија „Авакс“, која го гради интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и со менаџментот на проектната компанија која ја нарача изградбата – ИЦГБ. Целта на средбата е да се разјасни реалната состојба и потребните активности за што побрзо завршување на проектот. На средбата Радев ги покани и вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев, како и министрите за енергетика и регионален развој и јавни работи Росен Христов и Иван Шишков. Една недела пред претседателската администрација во Бугарија протестираат граѓани кои се против враќањето на Гаспром како снабдувач со гас.

The post Нинова бара Софија веднаш да започне преговори со „Газпром“ appeared first on Република.

]]>
Бугарските социјалисти ќе се обидат да формираат влада https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-socijalisti-kje-se-obidat-da-formiraat-vlada/ Tue, 26 Jul 2022 20:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=533524

Бугарската социјалистичка партија (БСП) ќе се обиде да го реализира третиот мандат, одлучи Националниот совет на партијата со 96 гласа „за“, 15 „против“ и два воздржани.

Отворено и искрено водевме преговори за формирање влада. Последнава недела изработивме менаџерска и законодавна програма за следните 6 месеци. Доколку програмата собере мнозинство од најмалку 121 лице, следниот ден поднесуваме кандидат за премиер, тоа ќе биде Асен Василев . Доколку програмата не собере мнозинство, во петок го враќаме мандатот неисполнет, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе БНР.бг.

Сè уште не сме разговарале за министри, прво ја носиме програмата, први се политиките, па потоа ќе ги бараме луѓето што ќе ги спроведуваат овие политики, додаде таа.

Наведе дека точките од програмата се борбата против корупцијата, во економскиот дел станува збор за законите и мерките за стабилизирање на економијата, поддршка за семејствата и домаќинствата во тешките месеци, како и законите според Планот за закрепнување.

The post Бугарските социјалисти ќе се обидат да формираат влада appeared first on Република.

]]>

Бугарската социјалистичка партија (БСП) ќе се обиде да го реализира третиот мандат, одлучи Националниот совет на партијата со 96 гласа „за“, 15 „против“ и два воздржани.
Отворено и искрено водевме преговори за формирање влада. Последнава недела изработивме менаџерска и законодавна програма за следните 6 месеци. Доколку програмата собере мнозинство од најмалку 121 лице, следниот ден поднесуваме кандидат за премиер, тоа ќе биде Асен Василев . Доколку програмата не собере мнозинство, во петок го враќаме мандатот неисполнет, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе БНР.бг. Сè уште не сме разговарале за министри, прво ја носиме програмата, први се политиките, па потоа ќе ги бараме луѓето што ќе ги спроведуваат овие политики, додаде таа.
Наведе дека точките од програмата се борбата против корупцијата, во економскиот дел станува збор за законите и мерките за стабилизирање на економијата, поддршка за семејствата и домаќинствата во тешките месеци, како и законите според Планот за закрепнување.

The post Бугарските социјалисти ќе се обидат да формираат влада appeared first on Република.

]]>
Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев https://republika.mk/vesti/balkan/poradi-proteranite-ruski-diplomati-partijata-na-ninova-im-svrte-grb-na-petkov-i-vasilev/ Wed, 29 Jun 2022 18:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=521271

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.

„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.

Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност.

Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.

The post Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев appeared first on Република.

]]>

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.
„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.
Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност. Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.

The post Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев appeared first on Република.

]]>
Бугарската вицепремиерка во оставка: Темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskata-vicepremierka-vo-ostavka-temata-makedonija-e-grubo-iskoristena-za-partiski-celi/ Sat, 25 Jun 2022 14:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=519641

Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ.

Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт. Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев, според Нинова, се надевал дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку своите луѓе кои учествувале во преодните влади на Бугарија ќе продолжи да ги влече конците и да владее со земјата.

Корнелија Нинова го коментираше предлогот на француското претседателство со ЕУ за Македонија дека БСП се воздржа од гласање во Националното собрание бидејќи тоа не ги испочитувало целосно нивните т.н. црвени линии за Република Македонија за спроведување на билатералниот договор. Во него се вели дека преговорите ќе започнат откако Скопје ќе го промени Уставот и ќе ги вклучи локалните Бугари во него, а тоа е добар предлог, според Нинова.

Сепак, додава таа, предлогот се однесува на билатерален протокол без истиот да биде потпишан од ниту една страна. Коментирајќи ја острата реакција на премиерот на  Македонија за предлогот на француското претседателство со ЕУ, Нинова рече дека бугарските интереси не се заштитени, бидејќи не е потпишан билатерален протокол.

Нинова беше категорична дека темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели од две партии – „Има таков народ“ и ГЕРБ. Таа коментира дека во моментов има сугестија дека може да се формира ново евроатлантско мнозинство во Националното собрание, преку кое Бојко Борисов се обидува да си го исчисти својот имиџ преку темата „Македонија“, што го одвлекува вниманието од целта за која протестираа луѓето во Бугарија во последните две недели.

За Корнелија Нинова, нови избори и преодна влада се најлошото за народот во Бугарија, бидејќи земјата ја чека тешка есен и тешка зима.

The post Бугарската вицепремиерка во оставка: Темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ. Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт. Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев, според Нинова, се надевал дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку своите луѓе кои учествувале во преодните влади на Бугарија ќе продолжи да ги влече конците и да владее со земјата. Корнелија Нинова го коментираше предлогот на француското претседателство со ЕУ за Македонија дека БСП се воздржа од гласање во Националното собрание бидејќи тоа не ги испочитувало целосно нивните т.н. црвени линии за Република Македонија за спроведување на билатералниот договор. Во него се вели дека преговорите ќе започнат откако Скопје ќе го промени Уставот и ќе ги вклучи локалните Бугари во него, а тоа е добар предлог, според Нинова. Сепак, додава таа, предлогот се однесува на билатерален протокол без истиот да биде потпишан од ниту една страна. Коментирајќи ја острата реакција на премиерот на  Македонија за предлогот на француското претседателство со ЕУ, Нинова рече дека бугарските интереси не се заштитени, бидејќи не е потпишан билатерален протокол. Нинова беше категорична дека темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели од две партии – „Има таков народ“ и ГЕРБ. Таа коментира дека во моментов има сугестија дека може да се формира ново евроатлантско мнозинство во Националното собрание, преку кое Бојко Борисов се обидува да си го исчисти својот имиџ преку темата „Македонија“, што го одвлекува вниманието од целта за која протестираа луѓето во Бугарија во последните две недели. За Корнелија Нинова, нови избори и преодна влада се најлошото за народот во Бугарија, бидејќи земјата ја чека тешка есен и тешка зима.

The post Бугарската вицепремиерка во оставка: Темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели appeared first on Република.

]]>
Нинова: Доколку се изгласа недоверба, да се формира влада во рамките на овој парламент https://republika.mk/vesti/balkan/ninova-dokolku-se-izglasa-nedoverba-da-se-formira-vlada-vo-ramkite-na-ovoj-parlament/ Tue, 21 Jun 2022 08:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=517931

Пред почетокот на дебатата за гласање недоверба на владата, таа истакна дека статистиката ги побива сите измислени мотиви за гласање за економијата

Можно е формирање малцинска влада, изјави денеска министерката за економија Корнелија Нинова од БСП.

Пред почетокот на дебатата за гласање недоверба на владата, таа истакна дека статистиката ги побива сите измислени мотиви за гласање за економијата.

Нинова посочи на раст на БДП, инвестиции, потрошувачка, извоз, кои, според неа покажуваат подобро ниво од лани кога на власт беше ГЕРБ, кои и го поднесоа барањето за гласање недеоверба.

Според Нинова, малцинска влада е можна формула, но важно е што треба да се направи – ажурирањето на буџетот и промената на 22 закони според Планот за закрепнување и одржливост.

„Вреди да се обидеме да ги донесеме овие закони, бидејќи спротивното значи избори и немање парламент“, рече таа.

Но, доколку се изгласа недоверба, Нинова повика на формирање влада во рамките на овој парламент.

Бугарското собрание денеска одржува вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе е расправата за гласање недоверба на владата на премиерот Кирил Петков.

Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата, како што јавува БГНЕС, може да дојде до промени.

ГЕРБ, која е подносителот на барањето за гласање недоверба, има 67 пратеници. Против владата се и ДПС, ИТН и Преродба или вкупно 125 гласа.

Владејачката коалиција има вкупно 115 гласа – Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шесте независни кои се одделија од ИТН.

Гласањето ќе биде утре (22 јуни), но доколку расправата продолжи до доцна, гласањето би можело да се одложи за в четврток. За да биде изгласана недоверба, потребни се гласовите на 121 пратеник.

Гласањето за недоверба на кабинетот на Кирил Петков го поднесе пратеничката група на ГЕРБ на 15 јуни, а како причина го наведе „неуспехот на владата во финансиската и економската политика“. Поддршка за гласањето изразија претставници на Има таков народ (ИТН), ДПА и Преродба.

The post Нинова: Доколку се изгласа недоверба, да се формира влада во рамките на овој парламент appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на дебатата за гласање недоверба на владата, таа истакна дека статистиката ги побива сите измислени мотиви за гласање за економијата
Можно е формирање малцинска влада, изјави денеска министерката за економија Корнелија Нинова од БСП.
Пред почетокот на дебатата за гласање недоверба на владата, таа истакна дека статистиката ги побива сите измислени мотиви за гласање за економијата. Нинова посочи на раст на БДП, инвестиции, потрошувачка, извоз, кои, според неа покажуваат подобро ниво од лани кога на власт беше ГЕРБ, кои и го поднесоа барањето за гласање недеоверба. Според Нинова, малцинска влада е можна формула, но важно е што треба да се направи – ажурирањето на буџетот и промената на 22 закони според Планот за закрепнување и одржливост.
„Вреди да се обидеме да ги донесеме овие закони, бидејќи спротивното значи избори и немање парламент“, рече таа.
Но, доколку се изгласа недоверба, Нинова повика на формирање влада во рамките на овој парламент. Бугарското собрание денеска одржува вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе е расправата за гласање недоверба на владата на премиерот Кирил Петков. Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата, како што јавува БГНЕС, може да дојде до промени. ГЕРБ, која е подносителот на барањето за гласање недоверба, има 67 пратеници. Против владата се и ДПС, ИТН и Преродба или вкупно 125 гласа. Владејачката коалиција има вкупно 115 гласа – Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шесте независни кои се одделија од ИТН. Гласањето ќе биде утре (22 јуни), но доколку расправата продолжи до доцна, гласањето би можело да се одложи за в четврток. За да биде изгласана недоверба, потребни се гласовите на 121 пратеник. Гласањето за недоверба на кабинетот на Кирил Петков го поднесе пратеничката група на ГЕРБ на 15 јуни, а како причина го наведе „неуспехот на владата во финансиската и економската политика“. Поддршка за гласањето изразија претставници на Има таков народ (ИТН), ДПА и Преродба.

The post Нинова: Доколку се изгласа недоверба, да се формира влада во рамките на овој парламент appeared first on Република.

]]>
Нинова од БСП: Ние не сме за нови избори во Бугарија, ќе разговараме за малцинска влада https://republika.mk/vesti/balkan/ninova-od-bsp-nie-ne-sme-za-novi-izbori-vo-bugarija-kje-razgovarame-za-malcinska-vlada/ Wed, 08 Jun 2022 18:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=512850

За Бугарската социјалистичка партија (БСП) предвремени парламентарни избори би значеле поголем хаос и продлабочување на кризите, како и немање функционално Народно собрание кое би носело одлуки, порача лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која е еден од четирите коалициски партнери во бугарската влада откако Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) објави дека ја напушта владата.

Според Нинова, избори би значеле неизвесност и тоа Бугарија не може да си го дозволи сега.

Ние сме одговорни за учеството во оваа влада и знаеме како да одиме напред. Силно ја поддржуваме политиката на премиерот Кирил Петков и негова партија Продолжуваме со промените што се однесува на борбата против корупцијата и моделот кој беше воспоставен од ГЕРБ (претходната владејачка партија на Бојко Борисов). Децидни сме дека ќе продолжиме на овој начин - рече Нинова.

Лидерката на БСП најави дека вечерва ќе состанок на лидерскиот совет на актуелната владејачка коалиција и ќе се расправа и за малцинска влада, опција којашто претходно ја најави и премиерот Кирил Петков.

Ние ги исполнуваме нашите обврски од коалицискиот договор. Она што не обединува и покрај разликите што ги имаме е токму договорот. Придржувањето до него може да ни ја гарантира стабилноста. Избори сега сметаме дека се нелогични, штетни и неразумни - вели Нинова.

На прес-конференцијата таа зборуваше и за прашањето за Република Македонија за што порача дека БСП нема да се согласи да го укине ветото додека Македонија не ги исполни условите од договорот.

Токму прашањето за Македонија, беше една од двете причини поради кои досегашниот коалициски партнер од ИТН, Слави Трифонов, денеска соопшти дека ја напушта владата.

Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го крене ветото на Република Македонија и прави сè што е можно за тоа да се случи, иако голем дел од бугарските граѓани очекуваат РМ да го исполни договорот меѓу двете земји. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се нарекува национално предавство, рече Трифонов во видеообраќањето во кое објави дека излегува од коалицијата.

Другата причина, пак, како што кажа е немањето пари во државата.

Во досегашната влада учествуваа ИТН, БСП, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија.

Трифонов во парламентот имаше 25 пратеници, а без нив трите преостанати партии во владата на Кирил Петков имаат вкупно 109 пратеници. За мнозинство се неопходни 121 глас во 240-членото Народно собрание.

Од опозициските партии, ГЕРБ на Бојко Борисов има 59 пратеници, ДПС е со 34 мандати, а Преродба има 13 пратеници.

The post Нинова од БСП: Ние не сме за нови избори во Бугарија, ќе разговараме за малцинска влада appeared first on Република.

]]>

За Бугарската социјалистичка партија (БСП) предвремени парламентарни избори би значеле поголем хаос и продлабочување на кризите, како и немање функционално Народно собрание кое би носело одлуки, порача лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која е еден од четирите коалициски партнери во бугарската влада откако Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) објави дека ја напушта владата. Според Нинова, избори би значеле неизвесност и тоа Бугарија не може да си го дозволи сега.
Ние сме одговорни за учеството во оваа влада и знаеме како да одиме напред. Силно ја поддржуваме политиката на премиерот Кирил Петков и негова партија Продолжуваме со промените што се однесува на борбата против корупцијата и моделот кој беше воспоставен од ГЕРБ (претходната владејачка партија на Бојко Борисов). Децидни сме дека ќе продолжиме на овој начин - рече Нинова.
Лидерката на БСП најави дека вечерва ќе состанок на лидерскиот совет на актуелната владејачка коалиција и ќе се расправа и за малцинска влада, опција којашто претходно ја најави и премиерот Кирил Петков.
Ние ги исполнуваме нашите обврски од коалицискиот договор. Она што не обединува и покрај разликите што ги имаме е токму договорот. Придржувањето до него може да ни ја гарантира стабилноста. Избори сега сметаме дека се нелогични, штетни и неразумни - вели Нинова.
На прес-конференцијата таа зборуваше и за прашањето за Република Македонија за што порача дека БСП нема да се согласи да го укине ветото додека Македонија не ги исполни условите од договорот. Токму прашањето за Македонија, беше една од двете причини поради кои досегашниот коалициски партнер од ИТН, Слави Трифонов, денеска соопшти дека ја напушта владата. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го крене ветото на Република Македонија и прави сè што е можно за тоа да се случи, иако голем дел од бугарските граѓани очекуваат РМ да го исполни договорот меѓу двете земји. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се нарекува национално предавство, рече Трифонов во видеообраќањето во кое објави дека излегува од коалицијата. Другата причина, пак, како што кажа е немањето пари во државата. Во досегашната влада учествуваа ИТН, БСП, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија. Трифонов во парламентот имаше 25 пратеници, а без нив трите преостанати партии во владата на Кирил Петков имаат вкупно 109 пратеници. За мнозинство се неопходни 121 глас во 240-членото Народно собрание. Од опозициските партии, ГЕРБ на Бојко Борисов има 59 пратеници, ДПС е со 34 мандати, а Преродба има 13 пратеници.

The post Нинова од БСП: Ние не сме за нови избори во Бугарија, ќе разговараме за малцинска влада appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерката на Бугарија: Не потпишувам да дадеме воена помош за Украина, нека ме сменат https://republika.mk/vesti/balkan/vicepremierkata-na-bugarija-ne-potpishuvam-da-dademe-voena-pomosh-za-ukraina-neka-me-smenat/ Sun, 10 Apr 2022 11:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=486157

Бугарската вицепремиерка и министерка за економија, Корнелија Нинова, која е лидер на БСП, за БНТ изјави дека ако Националното собрание одлучи Бугарија да и обезбеди оружје на Украина, нема да ја потпише одлуката како министер за економија и индустрија, дури по цена да биде сменета од Владата.

Според Нинова, ваквата одлука на Парламентот на Бугарија многу би ја искомплицирала ситуацијата.

Таа истакна дека нема да потпише документ со кој и се дозволува на Софија да извезува воена помош за Киев. Според неа, бугарскиот интерес дека не треба да се извезува оружје во Украина, а тоа било став и на повеќето од граѓаните.

Нинова нагласи дека БСП се изјаснила против нејзиниот колега, вицепремиерот Асен Василев, кој рече дека бугарската Влада разговара за протерувањето на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Според неа, прогласувањето на Митрофанова за персона нон грата е последниот чекор, еднаков на прекин на дипломатските односи на Бугарија со Русија.

Лидерката на БСП најави дека нејзината партија ќе се спротивстави на купување осум нови авиони-ловци Ф-16 од САД, бидејќи според нивните сметки, Бугарија во овој момент не може да одвои средства за тоа.

Нинова ги повика своите коалициски партнери од „Продолжуваме со промената“ и „Има таков народ“ да најдат начин да ги намалат меѓусебните тензии, поради изборот на шеф на Бугарската народна банка. Таа смета дека било грешка да се предложат двајца партиски кандидати за таа функција. Според Нинова, двете кандидатури на владејачката коалиција во Бугарија треба да се повлечат и на оваа функција да се избере независен банкар со многу широко искуство.

The post Вицепремиерката на Бугарија: Не потпишувам да дадеме воена помош за Украина, нека ме сменат appeared first on Република.

]]>

Бугарската вицепремиерка и министерка за економија, Корнелија Нинова, која е лидер на БСП, за БНТ изјави дека ако Националното собрание одлучи Бугарија да и обезбеди оружје на Украина, нема да ја потпише одлуката како министер за економија и индустрија, дури по цена да биде сменета од Владата. Според Нинова, ваквата одлука на Парламентот на Бугарија многу би ја искомплицирала ситуацијата. Таа истакна дека нема да потпише документ со кој и се дозволува на Софија да извезува воена помош за Киев. Според неа, бугарскиот интерес дека не треба да се извезува оружје во Украина, а тоа било став и на повеќето од граѓаните. Нинова нагласи дека БСП се изјаснила против нејзиниот колега, вицепремиерот Асен Василев, кој рече дека бугарската Влада разговара за протерувањето на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Според неа, прогласувањето на Митрофанова за персона нон грата е последниот чекор, еднаков на прекин на дипломатските односи на Бугарија со Русија. Лидерката на БСП најави дека нејзината партија ќе се спротивстави на купување осум нови авиони-ловци Ф-16 од САД, бидејќи според нивните сметки, Бугарија во овој момент не може да одвои средства за тоа. Нинова ги повика своите коалициски партнери од „Продолжуваме со промената“ и „Има таков народ“ да најдат начин да ги намалат меѓусебните тензии, поради изборот на шеф на Бугарската народна банка. Таа смета дека било грешка да се предложат двајца партиски кандидати за таа функција. Според Нинова, двете кандидатури на владејачката коалиција во Бугарија треба да се повлечат и на оваа функција да се избере независен банкар со многу широко искуство.

The post Вицепремиерката на Бугарија: Не потпишувам да дадеме воена помош за Украина, нека ме сменат appeared first on Република.

]]>
Нинова: Не очекував Румен Радев и Бојко Борисов да зборуваат на ист јазик https://republika.mk/vesti/balkan/ninova-ne-ochekuvav-rumen-radev-i-bojko-borisov-da-zboruvaat-na-ist-jazik/ Sun, 20 Feb 2022 07:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=460969

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е вицепремиер за економија, за телевизијата Нова Њуз изјави дека не очекувала бугарскиот претседател Румен Радев и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов да зборуваат во еден глас и да ја критикуваат владата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, нема политичка логика во оваа критика. Според неа, бугарската влада е погодена од неколку кризи. Новата влада во Софија немаше ни 10 дена толеранција да работи мирно, со оглед дека демократската практика е 100 дена.

Нинова смета дека на Кирил Петков требало да му се даде поголема толеранција и коментира дека не знае кому ќе му помогне овој напад врз бугарската Влада. Нинова потсети дека лидерите на владејачката партија „Промената продолжува” Кирил Петков и Асен Василев биле министри на претседателот Радев и дека тој владеел со Бугарија шест месеци и ја знаел реалната состојба во Бугарија. Таа ја коментираше и идејата за нов левичарски проект во Бугарија, во кој ќе доминира претседателот Румен Радев, велејќи дека левичарските проекти завршиле фатално и ѝ нанеле штети на БСП.

Во моментов најважно е земјата да се справи со ценовниот шок. Таа изрази мислење дека владејачката коалиција во Бугарија е стабилна, а БСП во неа е социјален столб. Како лидер на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова двапати ги поддржа Румен Радев и Илијана Јотова за претседател и потпретседател во име на БСП против кандидатите на ГЕРБ Цецка Цачева (2016) и професор Анастас Герџиков (2021).

The post Нинова: Не очекував Румен Радев и Бојко Борисов да зборуваат на ист јазик appeared first on Република.

]]>

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е вицепремиер за економија, за телевизијата Нова Њуз изјави дека не очекувала бугарскиот претседател Румен Радев и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов да зборуваат во еден глас и да ја критикуваат владата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, нема политичка логика во оваа критика. Според неа, бугарската влада е погодена од неколку кризи. Новата влада во Софија немаше ни 10 дена толеранција да работи мирно, со оглед дека демократската практика е 100 дена. Нинова смета дека на Кирил Петков требало да му се даде поголема толеранција и коментира дека не знае кому ќе му помогне овој напад врз бугарската Влада. Нинова потсети дека лидерите на владејачката партија „Промената продолжува” Кирил Петков и Асен Василев биле министри на претседателот Радев и дека тој владеел со Бугарија шест месеци и ја знаел реалната состојба во Бугарија. Таа ја коментираше и идејата за нов левичарски проект во Бугарија, во кој ќе доминира претседателот Румен Радев, велејќи дека левичарските проекти завршиле фатално и ѝ нанеле штети на БСП. Во моментов најважно е земјата да се справи со ценовниот шок. Таа изрази мислење дека владејачката коалиција во Бугарија е стабилна, а БСП во неа е социјален столб. Како лидер на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова двапати ги поддржа Румен Радев и Илијана Јотова за претседател и потпретседател во име на БСП против кандидатите на ГЕРБ Цецка Цачева (2016) и професор Анастас Герџиков (2021).

The post Нинова: Не очекував Румен Радев и Бојко Борисов да зборуваат на ист јазик appeared first on Република.

]]>