кореја Archives - Република https://republika.mk/tema/koreja/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 09:59:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кореја Archives - Република https://republika.mk/tema/koreja/ 32 32 Јапонија: Прерано е да се тврди дека Северна Кореја може да изврши нуклеарен ракетен напад https://republika.mk/vesti/svet/japonija-prerano-e-da-se-tvrdi-deka-severna-koreja-mozhe-da-izvrshi-nuklearen-raketen-napad/ Mon, 05 Feb 2024 09:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=740458

Портпаролот на јапонската Влада, Јошимаса Хајаши денеска изјави дека е прерано да се заклучи дека Северна Кореја поседува технолошка способност да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје.

Се чини дека Северна Кореја сака да се здобие со технологија што ќе ѝ оневозможи да изврши напад со крстосувачки ракети со нуклеарно оружје, наведе Хајаши.

Тој посочи дека е неопходна внимателна анализа за веродостојно да се заклучи дали официјалната Пјонгјанг поседува таква технологија.

Северна Кореја на 2 февруари тестираше крстосувачки ракети, како и нови ракети земја-воздух во близина на нејзиниот западен брег. Тоа беше четврто лансирање на ракета од Северна Кореја за нешто повеќе од една недела.

The post Јапонија: Прерано е да се тврди дека Северна Кореја може да изврши нуклеарен ракетен напад appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на јапонската Влада, Јошимаса Хајаши денеска изјави дека е прерано да се заклучи дека Северна Кореја поседува технолошка способност да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје. Се чини дека Северна Кореја сака да се здобие со технологија што ќе ѝ оневозможи да изврши напад со крстосувачки ракети со нуклеарно оружје, наведе Хајаши. Тој посочи дека е неопходна внимателна анализа за веродостојно да се заклучи дали официјалната Пјонгјанг поседува таква технологија. Северна Кореја на 2 февруари тестираше крстосувачки ракети, како и нови ракети земја-воздух во близина на нејзиниот западен брег. Тоа беше четврто лансирање на ракета од Северна Кореја за нешто повеќе од една недела.

The post Јапонија: Прерано е да се тврди дека Северна Кореја може да изврши нуклеарен ракетен напад appeared first on Република.

]]>
Османи на средба со шефот на дипломатијата на Јужна Кореја https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-shefot-na-diplomatijata-na-juzhna-koreja/ Mon, 28 Aug 2023 10:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=676559

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, во рамки на Бледскиот стратешки форум.

Во фокус на разговорите биле можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, со посебен акцент на економските релации и бизнис врските.

Економската соработка останува главен фокус на нашиот заеднички интерес. Пред нас се отвараат големи можности за зголемување на трговската размена и бизнис вмрежување. Вложуваме значителни напори во економската дипломатија и сме посветени во креирањето поволни услови за странските инвеститори“, изјавил Османи подвлекувајќи дека инвеститорите од Република Кореја во македонската влада ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.

На средбата станало збор и за актуелните безбедносни предизвици по војната во Украина, а воедно е поздравена и соработката меѓу НАТО и азиските партнери, каде значителна улога има Република Кореја.

Потребата од збогатување на договорната рамка и зајакнувањето на мултилатералната соработка исто така биле теми на разговор, а се размениле мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања.

The post Османи на средба со шефот на дипломатијата на Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, во рамки на Бледскиот стратешки форум. Во фокус на разговорите биле можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, со посебен акцент на економските релации и бизнис врските.
Економската соработка останува главен фокус на нашиот заеднички интерес. Пред нас се отвараат големи можности за зголемување на трговската размена и бизнис вмрежување. Вложуваме значителни напори во економската дипломатија и сме посветени во креирањето поволни услови за странските инвеститори“, изјавил Османи подвлекувајќи дека инвеститорите од Република Кореја во македонската влада ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.
На средбата станало збор и за актуелните безбедносни предизвици по војната во Украина, а воедно е поздравена и соработката меѓу НАТО и азиските партнери, каде значителна улога има Република Кореја. Потребата од збогатување на договорната рамка и зајакнувањето на мултилатералната соработка исто така биле теми на разговор, а се размениле мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања.

The post Османи на средба со шефот на дипломатијата на Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>
Петмина Руси со месеци живеат на аеродромот во Сеул: Избегале од мобилизација, барањето за азил им е одбиено, а сега им се заканува депортација https://republika.mk/vesti/svet/petmina-rusi-so-mesetsi-zhiveat-na-aerodromot-vo-seul-izbegale-od-mobilizatsija-baraneto-za-azil-im-e-odbieno-a-sega-im-se-zakanuva-deportatsija/ Thu, 12 Jan 2023 20:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=596343

Петмина Руси кои избегале од мобилизацијата се заглавени на аеродромот во Сеул и таму живеат веќе неколку месеци

Студентот од Бурјатија, Владимир Марактаев, за корејското издание „The Korea Times“, вели дека си заминал од дома на 24 септември откако добил покана за во војска.

Потоа, тој и неговите пријатели ја преминале монголската граница со автомобил, оттаму одлетале на Филипините, а потоа во Кореја, надевајќи се дека таму ќе добијат азил. Сепак, од ноември Марактаев живее на аеродромот Инчеон во Сеул.

https://twitter.com/paolobucci68/status/1612412290296606721?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1612412290296606721%7Ctwgr%5E5147d3aa10ea15e1d6d7913667d1c2613c28935e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4085102%2Fpetorica-rusa-mesecima-zive-na-aerodromu-u-seulu-pobegli-od-mobilizacije-odbijen-im-zahtev-za-azil-sad-im-preti-deportacija

Како што вели тој, одлучил да поднесе барање за азил во Кореја затоа што го привлекувала земјата, за која верува дека има развиена демократија и граѓански права.

Сепак, се покажуваа дека корејското Министерство за правда не го смета избегнувањето воен рок за валидна причина за добивање статус на бегалец.

Сега петтемина Руси кои избегале од мобилизацијата живеат во зоната на поаѓање на аеродромот Инчеон. Ним им се одбиени барањата за азил и не можат легално да го напуштат корејскиот аеродром. Надлежните им обезбедуваат храна.

Луѓето ја обжалиле одлуката до корејското Министерство за правда, а доколку судот не застане на нивна страна, тие најверојатно тие ќе бидат депортирани во Русија.

The post Петмина Руси со месеци живеат на аеродромот во Сеул: Избегале од мобилизација, барањето за азил им е одбиено, а сега им се заканува депортација appeared first on Република.

]]>

Петмина Руси кои избегале од мобилизацијата се заглавени на аеродромот во Сеул и таму живеат веќе неколку месеци Студентот од Бурјатија, Владимир Марактаев, за корејското издание „The Korea Times“, вели дека си заминал од дома на 24 септември откако добил покана за во војска. Потоа, тој и неговите пријатели ја преминале монголската граница со автомобил, оттаму одлетале на Филипините, а потоа во Кореја, надевајќи се дека таму ќе добијат азил. Сепак, од ноември Марактаев живее на аеродромот Инчеон во Сеул. https://twitter.com/paolobucci68/status/1612412290296606721?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1612412290296606721%7Ctwgr%5E5147d3aa10ea15e1d6d7913667d1c2613c28935e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4085102%2Fpetorica-rusa-mesecima-zive-na-aerodromu-u-seulu-pobegli-od-mobilizacije-odbijen-im-zahtev-za-azil-sad-im-preti-deportacija Како што вели тој, одлучил да поднесе барање за азил во Кореја затоа што го привлекувала земјата, за која верува дека има развиена демократија и граѓански права. Сепак, се покажуваа дека корејското Министерство за правда не го смета избегнувањето воен рок за валидна причина за добивање статус на бегалец. Сега петтемина Руси кои избегале од мобилизацијата живеат во зоната на поаѓање на аеродромот Инчеон. Ним им се одбиени барањата за азил и не можат легално да го напуштат корејскиот аеродром. Надлежните им обезбедуваат храна. Луѓето ја обжалиле одлуката до корејското Министерство за правда, а доколку судот не застане на нивна страна, тие најверојатно тие ќе бидат депортирани во Русија.

The post Петмина Руси со месеци живеат на аеродромот во Сеул: Избегале од мобилизација, барањето за азил им е одбиено, а сега им се заканува депортација appeared first on Република.

]]>
Вашингтон со обвинувања до Пјонгјанг дека испраќа оружје за Москва https://republika.mk/vesti/svet/vashington-so-obvinuvanja-do-pjongjang-deka-isprakja-oruzje-za-moskva/ Thu, 03 Nov 2022 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=569191

Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека и доставила значителен број артилериски гранати на Русија за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД веруваат дека Северна Кореја „се обидува своето оружје да го испрати во земјите на Блискиот Исток или Северна Африка“.

Тој не даде конкретна проценка за количеството муниција што Северна Кореја наводно ја испраќа во Русија.

Кирби тврди дека Северна Кореја „тајно и доставува“ муниција на Русија, но дека Соединетите Држави „сè уште ја следат за да утврдат дали пратките навистина се примени“.

Тој инсистираше на тоа дека таквите пратки нема да го променат текот на војната, нагласувајќи ги напорите на Западот за снабдување на украинската армија.

Белата куќа не го прецизираше начинот на транспортирање на севернокорејските гранати во Русија, ниту дали западните земји ќе се обидат да ги пресретнат овие пратки.

The post Вашингтон со обвинувања до Пјонгјанг дека испраќа оружје за Москва appeared first on Република.

]]>

Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека и доставила значителен број артилериски гранати на Русија за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина. Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД веруваат дека Северна Кореја „се обидува своето оружје да го испрати во земјите на Блискиот Исток или Северна Африка“.
Тој не даде конкретна проценка за количеството муниција што Северна Кореја наводно ја испраќа во Русија. Кирби тврди дека Северна Кореја „тајно и доставува“ муниција на Русија, но дека Соединетите Држави „сè уште ја следат за да утврдат дали пратките навистина се примени“. Тој инсистираше на тоа дека таквите пратки нема да го променат текот на војната, нагласувајќи ги напорите на Западот за снабдување на украинската армија. Белата куќа не го прецизираше начинот на транспортирање на севернокорејските гранати во Русија, ниту дали западните земји ќе се обидат да ги пресретнат овие пратки.

The post Вашингтон со обвинувања до Пјонгјанг дека испраќа оружје за Москва appeared first on Република.

]]>
Песков: Властите на двете Кореи да се воздржат од провокации https://republika.mk/vesti/svet/peskov-vlastite-na-dvete-korei-da-se-vozdrzat-od-provokacii-2/ Wed, 02 Nov 2022 12:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=568796

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од понатамошни провокации за да се избегне ескалација на безбедносната криза на Далечниот Исток.

Песков, коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркациската линија меѓу Северна и Јужна Кореја, рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува.

На прашањето за потенцијален ирански напад врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такви сознанија, ниту е јасно од каде тоа потекнува.

На редовната прес-конференција Песков ја коментираше и одлуката на Русија да ја прекине примената на Црноморската иницијатива за жито.

„Претседателот Путин и Ердоган вчера имаа многу долг разговор и преговорите продолжуваат. Но, поради неможноста на Русија да ја гарантира безбедноста на бродовите што минуваат низ безбедносниот коридор, суспензијата сè уште останува во сила“, рече Песков.

На прашањето за одлуката на Варшава да подигне бариера на границата со Калининградската област, Песков одговори дека тоа е внатрешна работа на Полска.

The post Песков: Властите на двете Кореи да се воздржат од провокации appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од понатамошни провокации за да се избегне ескалација на безбедносната криза на Далечниот Исток. Песков, коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркациската линија меѓу Северна и Јужна Кореја, рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува. На прашањето за потенцијален ирански напад врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такви сознанија, ниту е јасно од каде тоа потекнува. На редовната прес-конференција Песков ја коментираше и одлуката на Русија да ја прекине примената на Црноморската иницијатива за жито. „Претседателот Путин и Ердоган вчера имаа многу долг разговор и преговорите продолжуваат. Но, поради неможноста на Русија да ја гарантира безбедноста на бродовите што минуваат низ безбедносниот коридор, суспензијата сè уште останува во сила“, рече Песков. На прашањето за одлуката на Варшава да подигне бариера на границата со Калининградската област, Песков одговори дека тоа е внатрешна работа на Полска.

The post Песков: Властите на двете Кореи да се воздржат од провокации appeared first on Република.

]]>
Газат едни врз други: Погледнете го стампедото во Кореја https://republika.mk/vesti/svet/gazat-edni-vrz-drugi-poglednete-go-stampedoto-vo-koreja/ Sat, 29 Oct 2022 17:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=567244

Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките.

Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата.

Јужнокорејскиот прет седател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти

The post Газат едни врз други: Погледнете го стампедото во Кореја appeared first on Република.

]]>

Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба. Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот. Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките. Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата. Јужнокорејскиот прет седател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти

The post Газат едни врз други: Погледнете го стампедото во Кореја appeared first on Република.

]]>