координација Archives - Република https://republika.mk/tema/koordinacija/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 12:20:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png координација Archives - Република https://republika.mk/tema/koordinacija/ 32 32 Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/prva-sednitsa-na-sovetot-za-koordinatsija-na-aktivnostite-povrzani-so-chlenstvoto-na-makedonija-vo-nato/ Fri, 08 Nov 2024 12:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=835559

Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата.

Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана.

Претседателот на Владата Мицкоски, ја истакна важноста од нашето членство во НАТО, како и блиската меѓуинституционална координација во рамките на Владата, по значајни прашања од агендата на НАТО и реализацијата на нашите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата.

Како кредибилен сојузник, нашата земја останува посветена кон својата определба за придонес за зачувување на колективната безбедност и регионалниот мир, стабилност и просперитет. Воедно, согласно нашите можности и капацитети, остануваме посветени за обезбедување на одржлива поддршката за Украина и нејзините стремежи за постигнување на мир. Импликациите од актуелните глобални безбедносни предизвици бараат обединет и силен одговор од сите членки на Алијансата. Во оваа прилика упатуваме благодарност до сојузниците со кои заеднички ги споделуваме Евро-атлантските вредности и одговорности за нашата заедничка безбедност и стабилност, како и за поддршката која ја даваат за зајакнување на националните капацитети и одржување на нивото на подготвеност како земја членка на НАТО - истакна Мицкоски.

На седницата се обрати и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на ко-претседавач со Советот.

Денешниот состанок на Советот, кој претставува платформа за сеопфатна размена на информации и дискусија за сите значајни теми и градење на национални позиции, како и предлагање на одлуки за нивна имплементација, е практичен доказ за нашите заложби за квалитетен придонес кон унапредување на регионалниот мир и стабилност, но и целокупната трансатлантска безбедност. Наша цел е да се фокусираме на воспоставување на целосно функционална, ефективна и одржлива структура, каков што е Советот, во насока на натамошно зајакнување на нашите институционални капацитети, креирање политики и дефинирање на ставови, подеднакво важни за земја и за Алијансата - порача Муцунски.

На седницата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, во својство на ко-претседавач со Советот.

Денес, одржавме редовна седница во нов состав на Советот на кој дискутиравме за тековните прашања од значење на одбраната и безбедноста на државата за кои се побарува сеопфатен пристап, усогласени ставови и координиран настап во НАТО контекст. Согласно дневниот ред, разговаравме за модалитетите за понатамошната поддршка на Украина, го брифирав Советот за активностите на полето на одбраната, а поврзано со донесените одлуки содржани во Декларацијата донесена од страна на шефовите на влади и држави кои учествуваа на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и за редовниот состанок на министрите за одбрана одржан 17-18.10.2024 година во Седиштето на НАТО во Брисел, К.Белгија - порача Мисајловски.

Во оваа прилика членовите на Советот, имаа можност да разменат мислења за актуелните безбедносни состојби, вклучително и реализацијата на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Вашингтон, вклучително и за состојбите во Украина, нашите заложби за обезбедување долгорочна поддршка на Украина, како и за исполнувањето на нашите обврски за промовирање на безбедноста на регионално и глобално ниво заедно со другите сојузници во НАТО.

Предвидено е Советот да се состанува редовно со цел одржување соодветна динамика на активно следење на состојбите и потребите на Алијансата, согласно обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО.

The post Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО appeared first on Република.

]]>

Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата. Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана. Претседателот на Владата Мицкоски, ја истакна важноста од нашето членство во НАТО, како и блиската меѓуинституционална координација во рамките на Владата, по значајни прашања од агендата на НАТО и реализацијата на нашите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата.
Како кредибилен сојузник, нашата земја останува посветена кон својата определба за придонес за зачувување на колективната безбедност и регионалниот мир, стабилност и просперитет. Воедно, согласно нашите можности и капацитети, остануваме посветени за обезбедување на одржлива поддршката за Украина и нејзините стремежи за постигнување на мир. Импликациите од актуелните глобални безбедносни предизвици бараат обединет и силен одговор од сите членки на Алијансата. Во оваа прилика упатуваме благодарност до сојузниците со кои заеднички ги споделуваме Евро-атлантските вредности и одговорности за нашата заедничка безбедност и стабилност, како и за поддршката која ја даваат за зајакнување на националните капацитети и одржување на нивото на подготвеност како земја членка на НАТО - истакна Мицкоски.
На седницата се обрати и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на ко-претседавач со Советот.
Денешниот состанок на Советот, кој претставува платформа за сеопфатна размена на информации и дискусија за сите значајни теми и градење на национални позиции, како и предлагање на одлуки за нивна имплементација, е практичен доказ за нашите заложби за квалитетен придонес кон унапредување на регионалниот мир и стабилност, но и целокупната трансатлантска безбедност. Наша цел е да се фокусираме на воспоставување на целосно функционална, ефективна и одржлива структура, каков што е Советот, во насока на натамошно зајакнување на нашите институционални капацитети, креирање политики и дефинирање на ставови, подеднакво важни за земја и за Алијансата - порача Муцунски.
На седницата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, во својство на ко-претседавач со Советот.
Денес, одржавме редовна седница во нов состав на Советот на кој дискутиравме за тековните прашања од значење на одбраната и безбедноста на државата за кои се побарува сеопфатен пристап, усогласени ставови и координиран настап во НАТО контекст. Согласно дневниот ред, разговаравме за модалитетите за понатамошната поддршка на Украина, го брифирав Советот за активностите на полето на одбраната, а поврзано со донесените одлуки содржани во Декларацијата донесена од страна на шефовите на влади и држави кои учествуваа на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и за редовниот состанок на министрите за одбрана одржан 17-18.10.2024 година во Седиштето на НАТО во Брисел, К.Белгија - порача Мисајловски.
Во оваа прилика членовите на Советот, имаа можност да разменат мислења за актуелните безбедносни состојби, вклучително и реализацијата на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Вашингтон, вклучително и за состојбите во Украина, нашите заложби за обезбедување долгорочна поддршка на Украина, како и за исполнувањето на нашите обврски за промовирање на безбедноста на регионално и глобално ниво заедно со другите сојузници во НАТО. Предвидено е Советот да се состанува редовно со цел одржување соодветна динамика на активно следење на состојбите и потребите на Алијансата, согласно обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО.

The post Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО appeared first on Република.

]]>
Во Собрание координација за измена на законите за формирање на нови министерства и за градоначалници кои станале министри https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranie-koordinatsija-za-izmena-na-zakonite-za-formirane-na-novi-ministerstva-i-za-gradonachalnitsi-koi-stanale-ministri/ Mon, 03 Jun 2024 05:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=784233

Во Собранието денеска ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Гаши за МИА вчера нагласи дека на координативната средба ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор.

Собранието треба да ги донесе законските измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Исто така, и измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

Партиски извори вчера за МИА изјавија дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На денешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика.

Во однос на тоа кога ќе биде закажана првата собраниска седница, Гаши во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа рече дека пленарните седници ќе се закажуваат во координација со сите политички партии.

-Ние имавме веќе вчера една неформална средба со претставници на политички партии, чекаме да се формализираат пратеничките групи и координаторите, и веднаш штом ќе имаме согласност од повеќето политички партии, ќе пристапиме кон свикување на нова седница, рече Гаши.

Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ потенцира тој, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите.

-Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.

Потврдува дека во тој пакет ќе бидат вметнати и измени на закони за да сае спречи да има предвремени избори за градоначалници онаму каде што тие станаа пратеници.

Владата на вчерашната 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година. Детално об

Инаку, рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет, неделава ќе го додели мандатот за состав на новата влада.

Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверување на мандатот треба до Собранието да го достави составот на идната Влада, како и нејзината програма. Собранието, пак ја избира Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада

The post Во Собрание координација за измена на законите за формирање на нови министерства и за градоначалници кои станале министри appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Гаши за МИА вчера нагласи дека на координативната средба ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор. Собранието треба да ги донесе законските измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Исто така, и измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство. Партиски извори вчера за МИА изјавија дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На денешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика. Во однос на тоа кога ќе биде закажана првата собраниска седница, Гаши во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа рече дека пленарните седници ќе се закажуваат во координација со сите политички партии.
-Ние имавме веќе вчера една неформална средба со претставници на политички партии, чекаме да се формализираат пратеничките групи и координаторите, и веднаш штом ќе имаме согласност од повеќето политички партии, ќе пристапиме кон свикување на нова седница, рече Гаши.
Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ потенцира тој, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите. -Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши. Потврдува дека во тој пакет ќе бидат вметнати и измени на закони за да сае спречи да има предвремени избори за градоначалници онаму каде што тие станаа пратеници. Владата на вчерашната 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година. Детално об Инаку, рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет, неделава ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверување на мандатот треба до Собранието да го достави составот на идната Влада, како и нејзината програма. Собранието, пак ја избира Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада

The post Во Собрание координација за измена на законите за формирање на нови министерства и за градоначалници кои станале министри appeared first on Република.

]]>
Во Собранието утре прва официјална координација https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-utre-prva-ofitsijalna-koordinatsija/ Sun, 02 Jun 2024 11:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=784137

Во Собранието утре ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Претходно, како што информираат пратеници за МИА, имало неформална средба на претставници на парламентарните партии.

Претседателот на Собранието Гаши за МИА потврдува дека утре ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор.

Партиски извори за МИА велат дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На утрешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика.

Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада. Од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, пак, информираа дека во текот на следната недела ќе биде доделен мандатот за новата влада од кога ќе почне да тече рокот за нејзино формирање.

The post Во Собранието утре прва официјална координација appeared first on Република.

]]>

Во Собранието утре ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Претходно, како што информираат пратеници за МИА, имало неформална средба на претставници на парламентарните партии. Претседателот на Собранието Гаши за МИА потврдува дека утре ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор. Партиски извори за МИА велат дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На утрешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика. Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада. Од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, пак, информираа дека во текот на следната недела ќе биде доделен мандатот за новата влада од кога ќе почне да тече рокот за нејзино формирање.  

The post Во Собранието утре прва официјална координација appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-koordinatsija-so-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-za-obnova-na-makedonija/ Wed, 16 Aug 2023 09:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=672641

Денеска во 12:00 часот, во просториите на Централниот штаб ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

По завршување на координацијата, во 13:00 часот ќе се одржи прес конференција за медиуми.

The post Мицкоски на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Денеска во 12:00 часот, во просториите на Централниот штаб ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. По завршување на координацијата, во 13:00 часот ќе се одржи прес конференција за медиуми.

The post Мицкоски на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Координација во Владата за лидерската средба https://republika.mk/vesti/makedonija/koordinatsija-vo-vladata-za-liderskata-sredba/ Sat, 03 Jun 2023 15:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=647441

Во Владата се одржува координација, во кој формат, на која локација и кога точно ќе се случи лидерската средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, објави ТВ24.

Како што објавува ТВ 24, во однос на локацијата не е исклучено таа да биде на неутрална, надвор од владината зграда.

Според првичните информации лидерската би требало да се случи во среда.

The post Координација во Владата за лидерската средба appeared first on Република.

]]>

Во Владата се одржува координација, во кој формат, на која локација и кога точно ќе се случи лидерската средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, објави ТВ24. Како што објавува ТВ 24, во однос на локацијата не е исклучено таа да биде на неутрална, надвор од владината зграда. Според првичните информации лидерската би требало да се случи во среда.

The post Координација во Владата за лидерската средба appeared first on Република.

]]>
На власта не ѝ се брза со избор на уставни судии https://republika.mk/vesti/makedonija/na-vlasta-ne-se-brza-so-izbor-na-ustavni-sudii/ Wed, 31 Aug 2022 05:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=545890

Предлог на стратешки план на Собранието за периодот 2023-2027 година, Предлог- одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2023 година и Предлог на буџет на Собранието за 2023 година, се на дневен ред на денешната седница на Буџетскиот совет на Собранието. Ова е една од првите активности на Парламентот по завршувањето на колективниот одмор.

Иако се очекуваше, а вчера препорача и претседателот на Собранието Талат Џафери, за денеска не е закажана седница на Комисијата за избори и именувања на која би продолжила расправата за предлозите за уставни судии.

На собраниската агенда за денеска се дводениот Форум на генерални секретар на Западен Балкан што ќе се одржи во Мериот, средбите на претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг Михаел Рот со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, како и средбата на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Собранието почна со работа вчера по завршувањето на колективниот одмор. Претседателот на Собранието Џафери одржа координативен состанок со потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата Бојан Маричиќ. На состанокот не присуствуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и претставникот на Левица.

The post На власта не ѝ се брза со избор на уставни судии appeared first on Република.

]]>

Предлог на стратешки план на Собранието за периодот 2023-2027 година, Предлог- одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2023 година и Предлог на буџет на Собранието за 2023 година, се на дневен ред на денешната седница на Буџетскиот совет на Собранието. Ова е една од првите активности на Парламентот по завршувањето на колективниот одмор. Иако се очекуваше, а вчера препорача и претседателот на Собранието Талат Џафери, за денеска не е закажана седница на Комисијата за избори и именувања на која би продолжила расправата за предлозите за уставни судии. На собраниската агенда за денеска се дводениот Форум на генерални секретар на Западен Балкан што ќе се одржи во Мериот, средбите на претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг Михаел Рот со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, како и средбата на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. Собранието почна со работа вчера по завршувањето на колективниот одмор. Претседателот на Собранието Џафери одржа координативен состанок со потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата Бојан Маричиќ. На состанокот не присуствуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и претставникот на Левица.

The post На власта не ѝ се брза со избор на уставни судии appeared first on Република.

]]>
Митревски: Заклучоците на Собранието ќе бидат задолжение за Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrevski-zakluchocite-na-sobranieto-kje-bidat-zadolzenie-za-vladata/ Mon, 11 Jul 2022 10:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=526957

Материјалите на кои инсистира опозицијата во врска Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, испратена од Владата до законодавниот дом, ќе им бидат дополнително доставени до пратениците преку претседателот на Собранието, информира денеска координаторот пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по денешната координација посветена на Информацијата.

Во однос на тоа дали ќе се одржи нова средба на работната група на собраниските политички партии во врска со предлог-преговарачката рамка, Митревски информира идејата на првата средба била да се договорат заклучоци по однос на Информацијата и по завршување на дискусијата по неа, тие заклучоци да бидат предмет на гласање.

Заклучоците се ставаат на гласање и врз основа на тие предлог-заклучоци пратениците се изјаснуваат. Од друга страна, имавме предлози за промени во преговарачката рамка што не се возможни. Значи, не е возможно ние да ја задолжиме Владата да ја промени преговарачката рамка, која што ја доставува ЕУ. По таа логика би требало ние да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка. И во однос на тоа прашање дали ќе продолжат тие разговори еве јавно кажувам дека сме отворени и денес и вечер и утре и кога ќе одлучат пратениците од опозицијата да разговараме за предлог-заклучоците, изјави Митревски.

Тој додаде дека со тие предлог-заклучоци ќе бидат избиени сите дилеми во јавноста, во делот на јазикот, иако е чист, и за делот на историјата, билатералните прашања, образованието, за посебноста на македонскиот народ, за посебноста со сите нејзини елементи, за идентитетот.

Сѐ она што ќе го донесеме како заклучок тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот којшто следи. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес којшто не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес кој ќе трае во следните години, неколку години, истакна Митревски.

The post Митревски: Заклучоците на Собранието ќе бидат задолжение за Владата appeared first on Република.

]]>

Материјалите на кои инсистира опозицијата во врска Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, испратена од Владата до законодавниот дом, ќе им бидат дополнително доставени до пратениците преку претседателот на Собранието, информира денеска координаторот пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по денешната координација посветена на Информацијата. Во однос на тоа дали ќе се одржи нова средба на работната група на собраниските политички партии во врска со предлог-преговарачката рамка, Митревски информира идејата на првата средба била да се договорат заклучоци по однос на Информацијата и по завршување на дискусијата по неа, тие заклучоци да бидат предмет на гласање.