конзулат Archives - Република https://republika.mk/tema/konzulat/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 11:30:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конзулат Archives - Република https://republika.mk/tema/konzulat/ 32 32 Османи слика граѓани за пасош во конзулатот во Бон https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-slika-gragani-za-pasosh-vo-konzulatot-vo-bon/ Sat, 17 Feb 2024 11:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=745106

Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава, напиша министерот за надворешни работи Бугар Османи, објавувајќи десетици фотографии како им помага на преставниците од конзулатот да ги услужат стотици граѓани кои се заглавени и не можат да се вратат во земјата затоа што важнноста на пасошите им истече на 12 февруари.

„Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, истакна Османи.

Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија денеска на вонреден состанок едногласно одлучил да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка токму поради неважечките пасоши и проблемите со кои се соочуваат поради тоа.

The post Османи слика граѓани за пасош во конзулатот во Бон appeared first on Република.

]]>

Германија го затвори конзулатот во Истанбул поради опасност од напад https://republika.mk/vesti/svet/germanija-go-zatvori-konzulatot-vo-istanbul-poradi-opasnost-od-napad/ Wed, 01 Feb 2023 10:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=603279

Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.

Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.

Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.

The post Германија го затвори конзулатот во Истанбул поради опасност од напад appeared first on Република.

]]>

Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим. Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва. Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.  

The post Германија го затвори конзулатот во Истанбул поради опасност од напад appeared first on Република.

]]>
Бугарија се жали дека „е сложена и политичка работа“ да отвори конзулат во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-se-zhali-deka-e-slozhena-i-politichka-rabota-da-otvori-konzulat-vo-makedonija/ Thu, 12 Jan 2023 10:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=596101

Бугарскиот вршител на должност министер за надворешни работи, Николај Милков синоќа нагласи дека отворањето конзулат во Република Македонија „е сложена и политичка работа“.

Неговата изјава беше дадена како одговор на прашање на пратеник на седница на собраниска Комисија за надворешна политика во бугарскиот Парламент.

-Тоа е сложена и политичка работа. Треба да се разговара со тамошните власти. Немаме намера да излеземе со таква одлука. Таков потег нека преземе редовната влада, потенцира Милков.

Во однос на генералниот конзул во Битола, министерот Милков објасни дека неговиот мандат истекува на 15 јануари.

-На негово место ќе има привремен вршител на должност, бидејќи македонската страна во оваа фаза нема издадено егзекватура за нашиот нов генерален конзул, кој одамна е решен да си замине. Таа работа се прави со месеци, објасни Милков.

The post Бугарија се жали дека „е сложена и политичка работа“ да отвори конзулат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот вршител на должност министер за надворешни работи, Николај Милков синоќа нагласи дека отворањето конзулат во Република Македонија „е сложена и политичка работа“. Неговата изјава беше дадена како одговор на прашање на пратеник на седница на собраниска Комисија за надворешна политика во бугарскиот Парламент. -Тоа е сложена и политичка работа. Треба да се разговара со тамошните власти. Немаме намера да излеземе со таква одлука. Таков потег нека преземе редовната влада, потенцира Милков. Во однос на генералниот конзул во Битола, министерот Милков објасни дека неговиот мандат истекува на 15 јануари. -На негово место ќе има привремен вршител на должност, бидејќи македонската страна во оваа фаза нема издадено егзекватура за нашиот нов генерален конзул, кој одамна е решен да си замине. Таа работа се прави со месеци, објасни Милков.

The post Бугарија се жали дека „е сложена и политичка работа“ да отвори конзулат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Бугарија дозволи отворање почесен конзулат на Србија во Благоевград https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-dozvoli-otvoranje-pochesen-konzulat-na-srbija-vo-blagoevgrad/ Fri, 18 Nov 2022 09:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=575267

Бугарската влада донесе одлука со која даде согласност да се отвори конзулат на Република Србија раководен од почесен конзул во Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија.

Митко Солаков ќе биде почесен конзул на Србија во Бугарија. Тој ги има потребните јавни и деловни контакти за да помогне во развојот на економските односи, како и соработката во областа на културата и спортот меѓу двете земји. Во моментов е управител на компанијата „МГС ОИЛ“ ЕООД и „Бренд Дистрибуција Бугарија“ ЕООД.

Во аргументите за отворањето на почесниот конзулат на Србија се вели дека политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Србија се развива се поинтензивно во последните години, што создава предуслови за активирање на билатералните економски односи, како и во сферата на културата и спортот.

Кконзулатот на Србија ќе ја опфаќа територијата на областите Софија, Ќустендил, Перник, Благоевград, Враца, Монтана, Видин и Плевен.

Инаку, сопругата на почесникот конзул Митко Солаков, Анастасија Солакова стана почесен конзул на Србија во Пловдив во 2021 година.

The post Бугарија дозволи отворање почесен конзулат на Србија во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Бугарската влада донесе одлука со која даде согласност да се отвори конзулат на Република Србија раководен од почесен конзул во Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија. Митко Солаков ќе биде почесен конзул на Србија во Бугарија. Тој ги има потребните јавни и деловни контакти за да помогне во развојот на економските односи, како и соработката во областа на културата и спортот меѓу двете земји. Во моментов е управител на компанијата „МГС ОИЛ“ ЕООД и „Бренд Дистрибуција Бугарија“ ЕООД. Во аргументите за отворањето на почесниот конзулат на Србија се вели дека политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Србија се развива се поинтензивно во последните години, што создава предуслови за активирање на билатералните економски односи, како и во сферата на културата и спортот. Кконзулатот на Србија ќе ја опфаќа територијата на областите Софија, Ќустендил, Перник, Благоевград, Враца, Монтана, Видин и Плевен. Инаку, сопругата на почесникот конзул Митко Солаков, Анастасија Солакова стана почесен конзул на Србија во Пловдив во 2021 година.

The post Бугарија дозволи отворање почесен конзулат на Србија во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Селаковиќ: Со отворањето на Конзулат во Охрид покажуваме почит кон братскиот македонски народ и кон македонскиот јазик и култура https://republika.mk/vesti/makedonija/selakovikj-so-otvoranjeto-na-konzulat-vo-ohrid-pokazuvame-pochit-kon-bratskiot-makedonski-narod-i-kon-makedonskiot-jazik-i-kultura/ Sat, 23 Jul 2022 13:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=532425

Со отворањето на нашиот Конзулат во Охрид покажуваме почит кон македонскиот јазик и култура и кон братскиот македонски народ, изјави денеска во Охрид министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ.

Нема култура без јазик. Минатата година Македонија ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во знак на почитување кон тој голем јубилеј кој е значаен за братскиот македонски народ. Во знак на почит кон моите пријатели – домаќини од Република Македонија, охриѓанките и охриѓаните јас вчера се обратив на македонски јазик и знам колку е тоа убаво кога некој ќе ви дојде на гости од друга земја и на тој начин покаже почит. Но, со тоа покажувам дека не само што ги почитувам домаќините, туку и македонскиот јазик и македонската култура, која тој јазик ја изнедри. Во таа смисла и како Република Србија и како Србин кој има многу пријатели, кумови, соработници кои се по потекло од Македонија, кои се Македонци јас сум горд на тоа наше пријателство. Всушност, ценејќи ја и уважувајќи ја културата дојдов овде не само да го отворам нашиот Конзулат, туку и да покажам почит спрема своите домаќини - рече Селаковиќ  по отворањето на Конзулатот во Охрид.

Како што посочи Селаковиќ, како шеф на српската дипломaтија, негова задача е врз основа на насоките на надворешна политика на Белгард, на претседателот Александар Вучиќ и Владата на Србија е да ги зајакнува добрососедските односи со соседите.

Наш сосед е и Бугарија, наш сосед е и Република Македонија. Секој го избира својот пат. Србија го избра патот на јакнење на заедништво, јакнење на соработката, јакнење на што поголема економска соработка. Овде денеска беше присутен и претседателот на Комората на Србија и Србија ќе продолжи да го прави тоа. Ние се грижиме за нашите проблеми, си ја тераме нашата работа, а другите нека си ги вршат своите работи - рече Селаковиќ.

Конузлaтот во Охрид е 86-ти почесен конзулат на Србија во странство и ќе ги покрива териториите на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

The post Селаковиќ: Со отворањето на Конзулат во Охрид покажуваме почит кон братскиот македонски народ и кон македонскиот јазик и култура appeared first on Република.

Украдено знамето од рускиот конзулат во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeno-zname-od-ruskiot-konzulat-vo-bitola/ Wed, 15 Jun 2022 18:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=515696

Вработена во конзулатот на Руската Федерација во Битола, вчера попладне пријавила дека било украдено руското знаме, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Украдено знамето од рускиот конзулат во Битола appeared first on Република.

]]>

Вработена во конзулатот на Руската Федерација во Битола, вчера попладне пријавила дека било украдено руското знаме, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Украдено знамето од рускиот конзулат во Битола appeared first on Република.

]]>
Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-na-zatvorena-sednica-go-povlekla-predlogot-ejupi-da-bide-generalen-konzul-vo-sad/ Thu, 17 Feb 2022 13:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=459903

Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк, САД е повлечен, објави Телма. На денешна затворена седница на владата предлогот Ејупи да ја претставува земјава како генерален конзул во САД е повлечен.

Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова. Информацијата предизвика реакција во јавноста со оглед дека Законот за надворешни работи предвидува доколку ако кандидатот за генерален конзул не доаѓа од составот на професионалните дипломатски редови во МНР, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.

МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи, наведувајќи дека биле објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Во реакцијата директно не се споменува назначувањето на Ејупи, туку дека земјава во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во реакцијата се наведува дека моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

The post Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД appeared first on Република.

]]>

Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк, САД е повлечен, објави Телма. На денешна затворена седница на владата предлогот Ејупи да ја претставува земјава како генерален конзул во САД е повлечен. Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова. Информацијата предизвика реакција во јавноста со оглед дека Законот за надворешни работи предвидува доколку ако кандидатот за генерален конзул не доаѓа од составот на професионалните дипломатски редови во МНР, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи, наведувајќи дека биле објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Во реакцијата директно не се споменува назначувањето на Ејупи, туку дека земјава во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во реакцијата се наведува дека моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

The post Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД appeared first on Република.

]]>