конвенција Archives - Република https://republika.mk/tema/konvencija/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 13:15:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конвенција Archives - Република https://republika.mk/tema/konvencija/ 32 32 Конвенција на Движењето ЗНАМ https://republika.mk/vesti/makedonija/konventsija-na-dvizheneto-znam/ Sun, 24 Mar 2024 13:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=758132

Конвенција на Движењето ЗНАМ, на која ќе бидат претставени носителите на листите за следните парламентарни избори во сите шест изборни единици

The post Конвенција на Движењето ЗНАМ appeared first on Република.

]]>

Силјановска-Давкова: Навистина многу ми значи довербата https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-e-izbrana-za-kandidat-na-vmro-dpmne-za-pretsedatel-so-ogromno-mnozinstvo-od-444-glasa-na-delegatite/ Sat, 02 Mar 2024 16:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=750469

Со 444 гласа од 454 присутни делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е потврдена кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата на претстојните Претседателски избори.

-Резултатот ме остави без зборови. Не очекував олку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам. Одговорно тврдам дека ниту еден труд, ниту членство во разни организации не ми значело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, и тогаш и сега, да си го запознам народот. Тоа е неверојатно инспиративно, истакна Силјанова-Давкова, која претходно, пред тајното гласање, пред делегатите на конвенцијата имаше излагање.

По објавата на резултатот од гласањето таа истакна дека „многу работа стои пред нас“ и затоа сите кои ќе бидат носители на некоја функција ги замоли „да стават крај на овие страшни поделби по било која основа, најмногу партиска и политичка“, да се однесуваат коректно кон опозицијата без која, како што рече, нема  демократија, и да градат консензус.

- Јас ве уверувам дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам зашто поделбите ја доведоа  оваа држава да личи на гладијаторска арена, рече Силјановска-Давкова на конвенцијата насловена „Важно е! Лидерство што носи промени", која попладнево се одржува во Филхармонијата.

Посочи дека „не се станува Европеец и не се вежба европеизација преку реторика ’ЕУ, ЕУ,ЕУ’, туку преку вежбање демократија“. Порача дека приоритети мора да бидат владеење на правото, слободите и правата на човекот, индивидуалните и малцинските права, градење пазарна економија...

-Нам ни треба пристојна, нормална па дури и досадна држава. Не егзотика. Доста бевме егзотични билки за светот и за Европската Унија. Во ЕУ треба да одиме со компатибилен политички систем, а него го нема без владеење на правото, рече кандидатката за претседател на државата.

Порача „да градиме современа, модерна, по европски стандарди структурирана држава во која граѓаните ќе бидат суверенот“.

-Да ги почитуваме и правата на заедниците, да ги почитуваме различностите, но да не забораваме дека ЕУ е единство на различности. И ние има што да внесеме во ЕУ, отсекогаш сме биле во географска и културна смисла дел од ЕУ... Токму со традицијата на културна различност многу можеме да внесеме во Европската Унија и сигурна сум дека и ЕУ ќе има полза од нас, изјави Силјановска-Давкова, нагласувајќи дека „време е за конзистентност и стаменост“, зашто само така, рече, ќе бидеме препознаеме како сериозни државници.

По нејзиното обраќање, пред делегатите на конвенцијата говор има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Гордана Силјановска-Давкова вторпат влегува во трката за претседател на државата откако загуби во вториот круг од изборите во 2019 година. Професорка е на Правниот факултет на УКИМ, независен пратеник во Собранието и дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот парламентарен состав.

The post Силјановска-Давкова: Навистина многу ми значи довербата appeared first on Република.

]]>

Со 444 гласа од 454 присутни делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е потврдена кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата на претстојните Претседателски избори.
-Резултатот ме остави без зборови. Не очекував олку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам. Одговорно тврдам дека ниту еден труд, ниту членство во разни организации не ми значело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, и тогаш и сега, да си го запознам народот. Тоа е неверојатно инспиративно, истакна Силјанова-Давкова, која претходно, пред тајното гласање, пред делегатите на конвенцијата имаше излагање.
По објавата на резултатот од гласањето таа истакна дека „многу работа стои пред нас“ и затоа сите кои ќе бидат носители на некоја функција ги замоли „да стават крај на овие страшни поделби по било која основа, најмногу партиска и политичка“, да се однесуваат коректно кон опозицијата без која, како што рече, нема  демократија, и да градат консензус.
- Јас ве уверувам дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам зашто поделбите ја доведоа  оваа држава да личи на гладијаторска арена, рече Силјановска-Давкова на конвенцијата насловена „Важно е! Лидерство што носи промени", која попладнево се одржува во Филхармонијата.
Посочи дека „не се станува Европеец и не се вежба европеизација преку реторика ’ЕУ, ЕУ,ЕУ’, туку преку вежбање демократија“. Порача дека приоритети мора да бидат владеење на правото, слободите и правата на човекот, индивидуалните и малцинските права, градење пазарна економија...
-Нам ни треба пристојна, нормална па дури и досадна држава. Не егзотика. Доста бевме егзотични билки за светот и за Европската Унија. Во ЕУ треба да одиме со компатибилен политички систем, а него го нема без владеење на правото, рече кандидатката за претседател на државата.
Порача „да градиме современа, модерна, по европски стандарди структурирана држава во која граѓаните ќе бидат суверенот“.
-Да ги почитуваме и правата на заедниците, да ги почитуваме различностите, но да не забораваме дека ЕУ е единство на различности. И ние има што да внесеме во ЕУ, отсекогаш сме биле во географска и културна смисла дел од ЕУ... Токму со традицијата на културна различност многу можеме да внесеме во Европската Унија и сигурна сум дека и ЕУ ќе има полза од нас, изјави Силјановска-Давкова, нагласувајќи дека „време е за конзистентност и стаменост“, зашто само така, рече, ќе бидеме препознаеме како сериозни државници.
По нејзиното обраќање, пред делегатите на конвенцијата говор има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Гордана Силјановска-Давкова вторпат влегува во трката за претседател на државата откако загуби во вториот круг од изборите во 2019 година. Професорка е на Правниот факултет на УКИМ, независен пратеник во Собранието и дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот парламентарен состав.

The post Силјановска-Давкова: Навистина многу ми значи довербата appeared first on Република.

]]>
Силјановска – Давкова: Со реформи да покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-so-reformi-da-pokazheme-deka-znaeme-evropski-da-zhiveeme-i-da-rabotime/ Sat, 02 Mar 2024 15:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=750431

Изборите се пред нас, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери во овие четири години вредно работеа и докажаа дека се единствена можна европска алтернатива. Изборите ќе го означат новото време. Ако со реформи покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме, тогаш ќе имаме самопочит – таа е важна, ама ако не е заслужена нема да не почитуваат. Така ќе станеме вистински Европејци.

Со оваа порака кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, професорката од Правниот факултет на УКИМ Гордана Силјановска-Давкова, го заврши излагањето на конвенцијата на која опозициската партија ја претставува нејзината кандидатура за Претседателските избори.

На Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”, која попладнево се одржува во Филхармонијата во Скопје, присутни се 453 од вкупно 476 делегати, кои тајно ќе гласаат, по што во 16 часот ќе продолжи конвенцијата.

Силјановска-Давкова е единствен кандидат за претседателска функција на објавениот повик на ВМРО-ДПМНЕ и, според констатацијата на Верификационата комисија, нејзината кандидатура ги исполнува условите и таа има поднесено план и програма за работа.

Во своето излагање Силјановска-Давкова рече дека Македонија ја доживува како „преумна, храбра, образовна, културна жена“.

Затоа мислам дека овој пример овде треба да го следи претседателката, но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста, рече Силјановска-Давкова.

Во своето излагање зборуваше за Уставот како највисок акт, за ингеренциите што треба да ги има претседателот на државата и што смета дека треба да направи идниот претседател.

Прво треба да состави експертски тим на врвни професори по уставно право, не само од овде, туку и од странство, како на пример Франција, за да го проучи Уставот во однос на генерирањето проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме, зашто тоа е единствен пат, истакна Силјановска-Давкова.

Порача дека нам ни треба скандинавизација во однесувањето, индивидуални слободи и права без кои, рече, нема демократија, пошироки надлежности на Уставниот суд, гарантирање на неотуѓивост на природни богатства и на водите, по примерот на Исланд и Словенија, да има можност за распуштање на Собранието, не само на самораспуштање под определени околности, да се отстрани прагот од 40 проценти во вториот круг на претседателските избори, да се среди делот за мандатарот за нова влада, зашто, рече, имаме проблеми, воената и вонредна состојба, прецизирање на надлежностите на Претседателот особено помилувањата…

Рече дека кај нас претседателите имаат силен изборен легитимитет, речиси најсилен во компаративното право, но таа не е за силни надлежности и силни претседатели затоа што „во отсуство на демократска традиција може да се појави опасност од некој фолклорен лик односно од некој балкански Бонапарта“.

The post Силјановска – Давкова: Со реформи да покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме appeared first on Република.

]]>

Изборите се пред нас, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери во овие четири години вредно работеа и докажаа дека се единствена можна европска алтернатива. Изборите ќе го означат новото време. Ако со реформи покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме, тогаш ќе имаме самопочит – таа е важна, ама ако не е заслужена нема да не почитуваат. Така ќе станеме вистински Европејци. Со оваа порака кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, професорката од Правниот факултет на УКИМ Гордана Силјановска-Давкова, го заврши излагањето на конвенцијата на која опозициската партија ја претставува нејзината кандидатура за Претседателските избори. На Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”, која попладнево се одржува во Филхармонијата во Скопје, присутни се 453 од вкупно 476 делегати, кои тајно ќе гласаат, по што во 16 часот ќе продолжи конвенцијата. Силјановска-Давкова е единствен кандидат за претседателска функција на објавениот повик на ВМРО-ДПМНЕ и, според констатацијата на Верификационата комисија, нејзината кандидатура ги исполнува условите и таа има поднесено план и програма за работа. Во своето излагање Силјановска-Давкова рече дека Македонија ја доживува како „преумна, храбра, образовна, културна жена“.
Затоа мислам дека овој пример овде треба да го следи претседателката, но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста, рече Силјановска-Давкова.
Во своето излагање зборуваше за Уставот како највисок акт, за ингеренциите што треба да ги има претседателот на државата и што смета дека треба да направи идниот претседател.
Прво треба да состави експертски тим на врвни професори по уставно право, не само од овде, туку и од странство, како на пример Франција, за да го проучи Уставот во однос на генерирањето проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме, зашто тоа е единствен пат, истакна Силјановска-Давкова.
Порача дека нам ни треба скандинавизација во однесувањето, индивидуални слободи и права без кои, рече, нема демократија, пошироки надлежности на Уставниот суд, гарантирање на неотуѓивост на природни богатства и на водите, по примерот на Исланд и Словенија, да има можност за распуштање на Собранието, не само на самораспуштање под определени околности, да се отстрани прагот од 40 проценти во вториот круг на претседателските избори, да се среди делот за мандатарот за нова влада, зашто, рече, имаме проблеми, воената и вонредна состојба, прецизирање на надлежностите на Претседателот особено помилувањата… Рече дека кај нас претседателите имаат силен изборен легитимитет, речиси најсилен во компаративното право, но таа не е за силни надлежности и силни претседатели затоа што „во отсуство на демократска традиција може да се појави опасност од некој фолклорен лик односно од некој балкански Бонапарта“.

The post Силјановска – Давкова: Со реформи да покажеме дека знаеме европски да живееме и да работиме appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Втор дел од Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-vtor-del-od-konventsijata-za-izbor-na-kandidat-na-vmro-dpmne-za-pretsedatel/ Sat, 02 Mar 2024 15:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=750426

Важно е! Лидерство што носи промени.
Втор дел од Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, напиша претседателот на партијата Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

The post ВО ЖИВО: Втор дел од Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател appeared first on Република.

]]>

Важно е! Лидерство што носи промени. Втор дел од Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, напиша претседателот на партијата Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

The post ВО ЖИВО: Втор дел од Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Конвенција за избор на кандидат на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Република Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-konventsija-za-izbor-na-kandidat-na-vmro-dpmne-za-pretsedatel-na-republika-makedonija/ Sat, 02 Mar 2024 12:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=750305

Следете ја во живо Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Република Македонија

The post ВО ЖИВО: Конвенција за избор на кандидат на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Република Македонија appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ го мери рејтингот на претседателските кандидати, огласот е отворен за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-meri-rejtingot-na-pretsedatelskite-kandidati-oglasot-e-otvoren-za-site/ Sun, 11 Feb 2024 14:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=742871

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека во моментов има оглас за избор на кандидат за претседател на државата на кој може да се пријави секој заинтересиран до 21 февруари и да биде дел од конвенцијата, доколку ги исполнува условите. Тој најави дека утре ќе имаат конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, со што и официјално ќе ја почнат кампањата.

Конвенцијата за избор на кандидат претседател е на 2 март. Во моментов има оглас. Сите кои ќе ги исполнат условите, до 21 февруари може да се пријават. Подготовките течат, изјави денеска Мицкоски по увидот на градежни активности на изградба на кејот на реката Серава во Скопје.

Тој за утре најави и официјално почнување на кампањата и посочи дека очекува повеќе кандидати и од други политички партии, вклучително и албанските.

Независно од огласот, не мериме имиња. Можам да кажам не се повеќе од три во моментот, но огласот е отворен и тоа е независен процес од анализата што ја прави партијата. Секој кој ќе ги исполни условите ќе биде дел од конвенцијата за избор на претседател, односно претседателски кандидат што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа и претседател на Македонија, додаде Мицкоски.

На новинарско прашање дали се водат разговори за предизборно коалицирање, тој рече дека течат разговори со многу политички партии, но најпрво треба да завршат разговорите со политичките партии кои досега беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ го мери рејтингот на претседателските кандидати, огласот е отворен за сите appeared first on Република.