Комисија за заразни болести Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-za-zarazni-bolesti/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 14:30:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за заразни болести Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-za-zarazni-bolesti/ 32 32 Расте бројот заболени од Ковид-19: Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција од инфекции https://republika.mk/vesti/makedonija/raste-brojot-zaboleni-od-kovid-19-komisijata-za-zarazni-zaboluvana-apelira-da-se-pochituvaat-merkite-za-preventsija-od-infektsii/ Tue, 20 Aug 2024 14:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=808365

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатира дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции.

Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството нагласуваат дека вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.

На состанокот, Комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за Ковид-19 не е услов за прием во здравствена установа. За Ковид-19 треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно, доколку пациентот има симптоми карактеристични за Ковид-19, се додава во соопштението.

Од Комисијата истакнале дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се позитивни на Ковид-19, „со тоа што, здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот, со изолирање на позитивните пациенти“.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените, ќе донесе соодветни препораки, пишува во соопштението на Министерството.

The post Расте бројот заболени од Ковид-19: Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција од инфекции appeared first on Република.

]]>

Децата со три дози ДиТеПер вакцина да може да се вратат во градинка https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-so-tri-dozi-diteper-vaktsina-da-mozhe-da-se-vratat-vo-gradinka/ Fri, 15 Mar 2024 06:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=754955

Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки.

Во следните денови може да се очекува Министерството за здравство да достави известување до градинките во врска со оваа препорака.

– Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, истакна вчера претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

The post Децата со три дози ДиТеПер вакцина да може да се вратат во градинка appeared first on Република.

]]>

Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки. Во следните денови може да се очекува Министерството за здравство да достави известување до градинките во врска со оваа препорака.
– Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, истакна вчера претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

The post Децата со три дози ДиТеПер вакцина да може да се вратат во градинка appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести утре треба да ја појасни одлуката за забрана за прием на деца во градинките https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-treba-da-ja-pojasni-odlukata-za-zabrana-za-priem-na-detsa-vo-gradinkite/ Wed, 13 Mar 2024 13:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=754427

Од состанокот на Комисијата за заразни болести утре треба да биде појасно за родителите и за вработените во градинките во Скопје дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер важи за тие што не се вакцинирани или и за тие што не ја примиле ревакцината.

Поради забуната во јавноста и различното толкување на „целосно неимунизирани“ не е јасно дали се работи за вакцина, која се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на шестмесечна возраст, или ја опфаќа и ревакцината, која според календарот за имунизација треба да се прими на 18-месечна возраст односно една година по последната од трите дози на вакцината.

Од понеделникот, кога поради прогласената епидемија на голема кашлица (пертусис) во Скопје стапи во сила забраната за прием на целосно невакцинирани деца, родители се соочуваат со проблем да ги остават своите деца во градинка иако ја примиле вакцината, но не и ревакцината. Некои ги носат децата на предвремена ревакцинација, во некои пунктови одбиваат да ги ревакцинираат пред возраста утврдена со календарот. Има случаи и кога од здравствени или од други причини детето не може да ја прими ревакцината на една и пол година и таа е одложена за подоцна.

Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција рече дека за вакцинирано се смета детето што ги примило трите дози од вакцината и очекува дека Комисијата по утрешниот состанок ќе го прецизира толкувањето на одлуката. Нагласи дека најважно е јавноста да биде сензибилизирана за важноста од вакцинацијата бидејќи, рече, во Скопје е подигнато портокалово знаме на опасност.

-Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање... Се спроведува во вториот, четвртиот и шестиот месец и ако е завршена вакцинацијата значи тука се работи за пациент кој е вакциниран... тогаш не гледам зошто да биде попречен да присуствува. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци и на седумгодишна возраст. Значи, забраната треба да важи за пациенти кои не се вакцинирани. Но, фокусот треба да биде кон сензибилизација зашто сега сме пред епидемија што може да порасне, рече Демири.

Додаде дека на утрешниот состанок надлежната Комисија ќе даде коментар на донесената одлука кој, рече, ќе го почитуваат сите граѓани и тој како министер.

Овие формалности на толкување на забраната ќе се решат утре по состанокот на Комисијата. Ова првпат се случува и затоа сакам да бидам концизен и да не излегуваме со различни ставови. Ќе има унифициран официјален став како треба да се постапува, рече министерот Демири кој не смета дека е направен хаос во градинките, туку поголем хаос е, рече, ако децата не се вакцинираат.

The post Комисијата за заразни болести утре треба да ја појасни одлуката за забрана за прием на деца во градинките appeared first on Република.

]]>

Од состанокот на Комисијата за заразни болести утре треба да биде појасно за родителите и за вработените во градинките во Скопје дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер важи за тие што не се вакцинирани или и за тие што не ја примиле ревакцината. Поради забуната во јавноста и различното толкување на „целосно неимунизирани“ не е јасно дали се работи за вакцина, која се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на шестмесечна возраст, или ја опфаќа и ревакцината, која според календарот за имунизација треба да се прими на 18-месечна возраст односно една година по последната од трите дози на вакцината. Од понеделникот, кога поради прогласената епидемија на голема кашлица (пертусис) во Скопје стапи во сила забраната за прием на целосно невакцинирани деца, родители се соочуваат со проблем да ги остават своите деца во градинка иако ја примиле вакцината, но не и ревакцината. Некои ги носат децата на предвремена ревакцинација, во некои пунктови одбиваат да ги ревакцинираат пред возраста утврдена со календарот. Има случаи и кога од здравствени или од други причини детето не може да ја прими ревакцината на една и пол година и таа е одложена за подоцна. Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција рече дека за вакцинирано се смета детето што ги примило трите дози од вакцината и очекува дека Комисијата по утрешниот состанок ќе го прецизира толкувањето на одлуката. Нагласи дека најважно е јавноста да биде сензибилизирана за важноста од вакцинацијата бидејќи, рече, во Скопје е подигнато портокалово знаме на опасност.
-Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање... Се спроведува во вториот, четвртиот и шестиот месец и ако е завршена вакцинацијата значи тука се работи за пациент кој е вакциниран... тогаш не гледам зошто да биде попречен да присуствува. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци и на седумгодишна возраст. Значи, забраната треба да важи за пациенти кои не се вакцинирани. Но, фокусот треба да биде кон сензибилизација зашто сега сме пред епидемија што може да порасне, рече Демири.
Додаде дека на утрешниот состанок надлежната Комисија ќе даде коментар на донесената одлука кој, рече, ќе го почитуваат сите граѓани и тој како министер.
Овие формалности на толкување на забраната ќе се решат утре по состанокот на Комисијата. Ова првпат се случува и затоа сакам да бидам концизен и да не излегуваме со различни ставови. Ќе има унифициран официјален став како треба да се постапува, рече министерот Демири кој не смета дека е направен хаос во градинките, туку поголем хаос е, рече, ако децата не се вакцинираат.

The post Комисијата за заразни болести утре треба да ја појасни одлуката за забрана за прием на деца во градинките appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-petlichkovski-ne-e-smenet-od-mestoto-pretsedatel-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Tue, 20 Feb 2024 17:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=746259

Oд Министерството за здравство информираат дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести, тој останува и понатаму да ја извршува својата функција.

Министерството за здравство информира дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести. Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација“, велат од Министерството за здравство.

Дел од медиумите претходно информираа дека тој е сменет.

The post Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

Големата кашлица наместо да се спречува, се шири, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/golemata-kashlitsa-namesto-da-se-sprechuva-se-shiri-reagiraat-od-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Mon, 19 Feb 2024 11:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=745673

Фамозната Комисија за заразни болести, советодавно тело на министерот за здравство стна советодавно тело на Центарот за јавно здравје, голема кашлица се шири, наместо да се спречува, реагираат од Комисијта за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Поминаа 10 дена од прогласувањето на епидемија на голема кашлица во град Скопје, здравствените власти освен правење пиар, бомбастично прогласување на епидемија и држење на прес конференции ништо суштински немаат преземено во пракса. Само за последните 7 дена се регистрирани нови 17 случаи сите од Скопје, вели д-р Горан Кузевски, специјалист епидемиолог.

На таа фамозна Kомисија за заразни болести одржана пред десеттина дена беа усвоени неколку препораки.

Препорака број 1. Давање препорака од страна на Комисијата за заразни болести до Центар за јавно здравје Скопје за прогласување епидемија на територијата на град Скопје.
Од кога тоа комисија за заразни болести која е советодавно тело на министерот стана и советодавно тело на Центрите за јавно здравје и на епидемиолозите?!
Во член 56 од Законот за заштита на населението од заразни болести јасно стои дека епидемија прогласува Центарот за јавно здравје за територијата за која што е оформен! Дали ова значи дека центрите се само исполнители на препораки од Комисијата?
Препорака број 2. Институтот за јавно здравје да изработи стручно упатство и протоколи за постапување.
До ден денес иако се поминати 10 дена, не е изработено и доставено до болниците и центрите за јавно здравје упатство и протокол за постапување со сомнителни случаи на пертусис.
Препорака број 3. Пунктовите за имунизација да работата во 2 смени и сабота.

Поголем дел од пунктовите поради негрижа и невработување на лекари и медицински сестри работат само една смена бидејќи во голем дел од градовите има вработен само еден лекар, а неколку градови воопшто немаат вработен лекар во вакциналниот пункт па таму надополнуваат со кадар од други служби (пример Крушево). Покрај кадровскиот недостаток голем дел од пунктовите за имунизација немаат и технички услови иако со закон е задолжително имање на агрегат за непречено снабдување со електрична енергија со цел запазување на ладниот ланец на вакцините голем дел од пунктовите немаат агрегати.
❗️Во однос да дијагностиката исто како со ковидот се прави злоупотреба
Приватните лаборатории извршуваат PCR тестирања кои си ги плаќаат граѓаните од свој џеб додека неколку Центри за јавно здравје иако имаат опрема и кадар немаат се уште дозвола да вршат тестирања. Засега тестирањата се само во Институтот за јавно здравје Скопје и затоа само во Скопје има најголем број на случаи!, пишува д-р Кузевски.

The post Големата кашлица наместо да се спречува, се шири, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Фамозната Комисија за заразни болести, советодавно тело на министерот за здравство стна советодавно тело на Центарот за јавно здравје, голема кашлица се шири, наместо да се спречува, реагираат од Комисијта за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Поминаа 10 дена од прогласувањето на епидемија на голема кашлица во град Скопје, здравствените власти освен правење пиар, бомбастично прогласување на епидемија и држење на прес конференции ништо суштински немаат преземено во пракса. Само за последните 7 дена се регистрирани нови 17 случаи сите од Скопје, вели д-р Горан Кузевски, специјалист епидемиолог. На таа фамозна Kомисија за заразни болести одржана пред десеттина дена беа усвоени неколку препораки. Препорака број 1. Давање препорака од страна на Комисијата за заразни болести до Центар за јавно здравје Скопје за прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Од кога тоа комисија за заразни болести која е советодавно тело на министерот стана и советодавно тело на Центрите за јавно здравје и на епидемиолозите?! Во член 56 од Законот за заштита на населението од заразни болести јасно стои дека епидемија прогласува Центарот за јавно здравје за територијата за која што е оформен! Дали ова значи дека центрите се само исполнители на препораки од Комисијата? Препорака број 2. Институтот за јавно здравје да изработи стручно упатство и протоколи за постапување. До ден денес иако се поминати 10 дена, не е изработено и доставено до болниците и центрите за јавно здравје упатство и протокол за постапување со сомнителни случаи на пертусис. Препорака број 3. Пунктовите за имунизација да работата во 2 смени и сабота. Поголем дел од пунктовите поради негрижа и невработување на лекари и медицински сестри работат само една смена бидејќи во голем дел од градовите има вработен само еден лекар, а неколку градови воопшто немаат вработен лекар во вакциналниот пункт па таму надополнуваат со кадар од други служби (пример Крушево). Покрај кадровскиот недостаток голем дел од пунктовите за имунизација немаат и технички услови иако со закон е задолжително имање на агрегат за непречено снабдување со електрична енергија со цел запазување на ладниот ланец на вакцините голем дел од пунктовите немаат агрегати. ❗️Во однос да дијагностиката исто како со ковидот се прави злоупотреба Приватните лаборатории извршуваат PCR тестирања кои си ги плаќаат граѓаните од свој џеб додека неколку Центри за јавно здравје иако имаат опрема и кадар немаат се уште дозвола да вршат тестирања. Засега тестирањата се само во Институтот за јавно здравје Скопје и затоа само во Скопје има најголем број на случаи!, пишува д-р Кузевски.

The post Големата кашлица наместо да се спречува, се шири, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести денеска има состанок https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-deneska-ima-sostanok/ Wed, 07 Feb 2024 08:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=741281

Комисијата за заразни болести денеска треба да се состане за состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

The post Комисијата за заразни болести денеска има состанок appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести денеска треба да се состане за состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица. Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип. Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов. Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.  

The post Комисијата за заразни болести денеска има состанок appeared first on Република.

]]>
Во среда состанок на Комисијата за заразни болести – ќе се разгледува состојбата со грипот и големата кашлица https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-sreda-sostanok-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-ke-se-razgleduva-sostojbata-so-gripot-i-golemata-kashlitsa/ Fri, 02 Feb 2024 13:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=739764

Комисијата за заразни болести ќе се состане следната среда, на 7 февруари.

На состанокот, како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, ќе се разгледа состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Починатите имале коморбидитети и не биле вакцинирани. Кај нив лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов. Се апелира на вакцинација, особено кај ранливите категории на граѓани. Заклучно со четвртата недела од годинава, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post Во среда состанок на Комисијата за заразни болести – ќе се разгледува состојбата со грипот и големата кашлица appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести ќе се состане следната среда, на 7 февруари. На состанокот, како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, ќе се разгледа состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица. Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.
Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Починатите имале коморбидитети и не биле вакцинирани. Кај нив лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09. Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов. Се апелира на вакцинација, особено кај ранливите категории на граѓани. Заклучно со четвртата недела од годинава, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.  

The post Во среда состанок на Комисијата за заразни болести – ќе се разгледува состојбата со грипот и големата кашлица appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници https://republika.mk/zivot/zdravje/raste-brojot-na-zaboleni-od-grip-komisijata-preporacha-nosene-maski-vo-zdravstveni-ustanovi-i-domovi-i-zabrana-na-poseti-vo-bolnitsi/ Tue, 16 Jan 2024 14:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=733673

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.

По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.

Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.

Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/

The post Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници appeared first on Република.

]]>

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести. Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.
По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.
Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи. Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.
Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/

The post Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски: Нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковидот и грипот, Комисијата за заразни бoлести ќе заседава идната недела https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-petlichkovski-nema-nishto-alarmantno-vo-odnos-na-magareshkata-kashlitsa-kovidot-i-gripot-komisijata-za-zarazni-bolesti-ke-zasedava-idnata-nedela/ Thu, 11 Jan 2024 14:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=731990

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски.

Во однос на големата кашлица попозната во јавноста како магарешка кашлица најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но не е исклучено да заболат и возрасни.

Не е исклучено, според СЗО, дека на четири до пет години, се случуваат пикови на зачестеност на појава на магарешка кашлица и кај повозрасни, информира Петличковски.

Од двата случаја регистрирани во земјава, една била 29-годишна девојка, странски државјанин, веројатно со потекло одовде, која била разболена и дијагностицирана во странство, а по доаѓањето во земјава, го започнала третманот, а превентивно е започнато и со терапија на нејзините блиски. Другиот случај бил невакцинирано дете, што сега е на лекување во Детската клиника „Козле“.

Состојбата не е загрижувачка. Ова не е ништо вонредно или драматично, низ годините наназад, сме имале од нула до четириесетина случаи во последните пет години. Лани сме имале три случаи. Во годините наназад сме немале епидемија, нагласува Петличковски, посочувајќи дека во регионот имало многу повеќе случаи.

Според Петличковски, вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини.

Во однос на сезонскиот грип, Петличковски рече дека бројот на заболени е релативно зголемен во споредба со минатата година.

Но, ова се очекувани бројки. Не е ништо страшно и не е нешто неочекувано. Типичен старт на сезоната на грипот. При крајот на февруари се очекува пик, максимум од честотата на грип и слични болести на грип, истакнува Петличковски за МИА.

Нагласува дека некоја специјална загриженост не треба да има кај луѓето кога е во прашање Ковид - 19. Единаесет проценти позитивност на тестови имало во последната недела. Тоа, додаде, не е голем процент. Препораките се дека треба да внимаваат постарите, како и оние со хронични болести и да се вакцинираат против грип и Ковид.

Како Комисија, на последните два состанока донесовме предлог-препорака до Министерството за здравство за воведување на препорака за носење заштитни маски во здравствени установи и аптеки. За да има тежина, таа препорака и да биде задолжителна, треба да помине низ Главниот кризен штаб на Владата. Оттука не сме добиле повратно. Значи, Комисијата препорачува, во согласност со препораките во светот, појасни Петличковски во изјавата за МИА.

The post Д-р Петличковски: Нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковидот и грипот, Комисијата за заразни бoлести ќе заседава идната недела appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски.
Во однос на големата кашлица попозната во јавноста како магарешка кашлица најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но не е исклучено да заболат и возрасни.
Не е исклучено, според СЗО, дека на четири до пет години, се случуваат пикови на зачестеност на појава на магарешка кашлица и кај повозрасни, информира Петличковски.
Од двата случаја регистрирани во земјава, една била 29-годишна девојка, странски државјанин, веројатно со потекло одовде, која била разболена и дијагностицирана во странство, а по доаѓањето во земјава, го започнала третманот, а превентивно е започнато и со терапија на нејзините блиски. Другиот случај бил невакцинирано дете, што сега е на лекување во Детската клиника „Козле“.
Состојбата не е загрижувачка. Ова не е ништо вонредно или драматично, низ годините наназад, сме имале од нула до четириесетина случаи во последните пет години. Лани сме имале три случаи. Во годините наназад сме немале епидемија, нагласува Петличковски, посочувајќи дека во регионот имало многу повеќе случаи.
Според Петличковски, вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини. Во однос на сезонскиот грип, Петличковски рече дека бројот на заболени е релативно зголемен во споредба со минатата година.
Но, ова се очекувани бројки. Не е ништо страшно и не е нешто неочекувано. Типичен старт на сезоната на грипот. При крајот на февруари се очекува пик, максимум од честотата на грип и слични болести на грип, истакнува Петличковски за МИА.
Нагласува дека некоја специјална загриженост не треба да има кај луѓето кога е во прашање Ковид - 19. Единаесет проценти позитивност на тестови имало во последната недела. Тоа, додаде, не е голем процент. Препораките се дека треба да внимаваат постарите, како и оние со хронични болести и да се вакцинираат против грип и Ковид.
Како Комисија, на последните два состанока донесовме предлог-препорака до Министерството за здравство за воведување на препорака за носење заштитни маски во здравствени установи и аптеки. За да има тежина, таа препорака и да биде задолжителна, треба да помине низ Главниот кризен штаб на Владата. Оттука не сме добиле повратно. Значи, Комисијата препорачува, во согласност со препораките во светот, појасни Петличковски во изјавата за МИА.

The post Д-р Петличковски: Нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковидот и грипот, Комисијата за заразни бoлести ќе заседава идната недела appeared first on Република.

]]>
За д-р Даниловски е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронависурот https://republika.mk/zivot/zdravje/za-d-r-danilovski-e-skandalozna-odlukata-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-da-ne-go-nabavi-lekot-protiv-koronavisurot/ Tue, 26 Sep 2023 12:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=685343

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронавирусот „Паксловид“.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ги прашува членовите на Комисијата дали тактизираат и зошто тактизираат?!

На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против ковид-19 ‘Паксловид’, ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид ‘во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи’? Набавката ќе одела ‘лесно’? Тактизирате, а? Зошто? Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски.

Сте чуле ли, додава тој, дека „Паксловид“ се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите 5 дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме „Паксловид“?

„Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на ‘пост-ковид’ синдромот (‘долг Ковид’) е поголема кај оние со тешка клиничка слика? Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете. Дали знаете дека бројот на ‘настинки’ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе. Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со ‘Паксловид’. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни. Како тоа да се спроведе ако немаме ‘Паксловид’? Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги ‘апдејтира’ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави ‘Паксловид’? Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи? Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два? Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?“, пишува Даниловски.

„Четирите принципи на медицинската етика се: Прво,полза – прави добро. Второ, незлобност – не прави штета. Трето, автономија – давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно. И четврто, правда – обезбедување правичност. Вие ги кршите првите два принципи. Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома, порача Даниловски.

The post За д-р Даниловски е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронависурот appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронавирусот „Паксловид“. Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ги прашува членовите на Комисијата дали тактизираат и зошто тактизираат?!
На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против ковид-19 ‘Паксловид’, ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид ‘во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи’? Набавката ќе одела ‘лесно’? Тактизирате, а? Зошто? Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски.
Сте чуле ли, додава тој, дека „Паксловид“ се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите 5 дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме „Паксловид“? „Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на ‘пост-ковид’ синдромот (‘долг Ковид’) е поголема кај оние со тешка клиничка слика? Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете. Дали знаете дека бројот на ‘настинки’ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе. Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со ‘Паксловид’. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни. Како тоа да се спроведе ако немаме ‘Паксловид’? Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги ‘апдејтира’ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави ‘Паксловид’? Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи? Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два? Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?“, пишува Даниловски.
„Четирите принципи на медицинската етика се: Прво,полза – прави добро. Второ, незлобност – не прави штета. Трето, автономија – давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно. И четврто, правда – обезбедување правичност. Вие ги кршите првите два принципи. Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома, порача Даниловски.
 
The post За д-р Даниловски е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронависурот appeared first on Република.

]]>
Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски https://republika.mk/zivot/zdravje/nema-prostor-za-strav-kongo-krimskata-treska-ne-se-prenesuva-lesno-ne-e-sekoj-krlezh-zarazen-so-nekoj-virus-veli-d-r-petlichkovski/ Tue, 15 Aug 2023 12:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=672336

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.

Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.

Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.

И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.

Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ.

Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.

За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ. Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.
Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.
Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.
И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.
Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ. Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.
За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>
Стабилна е состојбата со ковид-19 и со РСВ-вирусот, маски да се носат во аптека, болница, јавен превоз и домови за стари лица https://republika.mk/vesti/stabilna-e-sostojbata-so-kovid-19-i-so-rsv-virusot-maski-da-se-nosat-vo-apteka-bolnica-javen-prevoz-i-domovi-za-stari-lica/ Wed, 14 Dec 2022 15:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=585669

Стабилна е состојбата со ковид-19 и со РСВ-вирусот, останува препораката за носење заштитни маски во аптека, болница, јавен превоз и домови за стари лица, соопшти денеска Комисијата за заразни болести.

Комисијата ја разгледала актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатирала дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.

Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.

Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.

The post Стабилна е состојбата со ковид-19 и со РСВ-вирусот, маски да се носат во аптека, болница, јавен превоз и домови за стари лица appeared first on Република.

]]>

Стабилна е состојбата со ковид-19 и со РСВ-вирусот, останува препораката за носење заштитни маски во аптека, болница, јавен превоз и домови за стари лица, соопшти денеска Комисијата за заразни болести. Комисијата ја разгледала актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатирала дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати. Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина. Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.  

The post Стабилна е состојбата со ковид-19 и со РСВ-вирусот, маски да се носат во аптека, болница, јавен превоз и домови за стари лица appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки, апелира да се почитуваат актуелните https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-preporacha-novi-merki-apelira-da-se-pochituvaat-aktuelnite/ Fri, 05 Aug 2022 20:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=537249

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на којшто ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, при што не препорача воведување на нови рестриктивни мерки, само апел до граѓаните за совесно однесување и почитување на мерките кои се во сила, односно задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и згрижувачките установи.

Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи за 8,5 проценти, што е значително понизок пораст споредено со претходната недела – 55,7 отсто и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор, се вели во соопштението.

Комисијата посочува дека од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.

Останува силната препорака за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на метеж и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19, апелира КЗБ.

The post Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки, апелира да се почитуваат актуелните appeared first on Република.

Активни 4.139 случаи, денеска ќе се знае дали ќе има некакви мерки од Комисијата https://republika.mk/vesti/makedonija/aktivni-4-139-sluchai-deneska-kje-se-znae-dali-kje-ima-nekakvi-merki-od-komisijata/ Fri, 05 Aug 2022 06:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=536916

Во моментов во Македонија се активни 4.139 случаи на коронавирусот, од кои 1.749 се во Скопје. Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19.

Согласно вчерашната ковид-статистика, направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Оздравени се 851 пациент, а пријавени се три починати лица од Скопје на возраст од 72, 76 и 83 години, сите во болнички услови.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот, којашто може да ја примат лицата над 18-годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Вакцината е достапна на сите вакцинални пунктови без закажување.

Вакцинацијата се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“.

Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387.

The post Активни 4.139 случаи, денеска ќе се знае дали ќе има некакви мерки од Комисијата appeared first on Република.

]]>

Во моментов во Македонија се активни 4.139 случаи на коронавирусот, од кои 1.749 се во Скопје. Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19. Согласно вчерашната ковид-статистика, направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Оздравени се 851 пациент, а пријавени се три починати лица од Скопје на возраст од 72, 76 и 83 години, сите во болнички услови. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот, којашто може да ја примат лицата над 18-годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Вакцината е достапна на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“. Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387.

The post Активни 4.139 случаи, денеска ќе се знае дали ќе има некакви мерки од Комисијата appeared first on Република.

]]>
Засега нема нови ковид-мерки, пет нови амбуланти ќе почнат со работа од наредната недела во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/zasega-nema-novi-kovid-merki-pet-novi-ambulanti-kje-pochnat-so-rabota-od-narednata-nedela-vo-skopje/ Thu, 21 Jul 2022 14:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=531868

Во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје. Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и за сега нема да има дополнителни превентивни мерки, рече денеска на прес-конференцијата портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

На денешниот состанок на Комисијата се анализирала епидемиолошката состојба, при што е констатирано дека има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но оти состојбата во болниците е стабилна. Мехмедовиќ посочи дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците.

Тоа значи, потенцира Мехмедовиќ, дека болничките капацитети сè уште се доволни за да можат да ги згрижат сите оние граѓани кои имаат потреба.

Градот Скопје, како што рече портпаролот, во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

Со постоењето на КОВИД амбуланти вака дисперзирани, ќе биде покриена целата територија на градот и граѓаните ќе можат најблиску до своето место на живеење да добијат и дијагностика и третман за КОВИД -19, што сметаме дека ќе го олесни товарот и на матичните лекари, меѓутоа ќе ги направи и услугите во насока на потребата за КОВИД дијагностика и третман за граѓаните на градот Скопје подостапни, рече Мехмедовиќ.

Тој додаде дека најголемиот дел од оптовареноста на системот се наоѓа на примарно ниво, односно е на грбот на матичните лекари и Комисијата работи во насока на тоа да го зајакне примарниот дел од здравствениот систем.

Работиме и на тоа да обезбедиме опрема, персонал и кадар за останатите градови, меѓутоа ова е нешто што сметавме дека е ургентно и заради тоа започнавме со оваа реорганизација во рамките на град Скопје, рече Мехмедовиќ.

Поради тоа што епидемиолошката состојба е стабилна, а според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона, за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.

Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Но, рече, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Тој додаде дека стомачните проблеми не се толку чести кај БА5 ковид варијанта, согласно извештајот од Институтот за јавно здравје што го имаат добиено изминативе два дена.

Стомачните проблеми не се точку чести кај оваа варијанта. Најчести проблеми кои се врзани со ковид и со омикрон варијантата и БA5 варијанта не подразбираат дигестивни проблеми. Тие се едни од поретки што ги имаме, рече Мехмедовиќ одговарајќи на новинарско прашање.

The post Засега нема нови ковид-мерки, пет нови амбуланти ќе почнат со работа од наредната недела во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје. Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и за сега нема да има дополнителни превентивни мерки, рече денеска на прес-конференцијата портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. На денешниот состанок на Комисијата се анализирала епидемиолошката состојба, при што е констатирано дека има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но оти состојбата во болниците е стабилна. Мехмедовиќ посочи дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците. Тоа значи, потенцира Мехмедовиќ, дека болничките капацитети сè уште се доволни за да можат да ги згрижат сите оние граѓани кои имаат потреба. Градот Скопје, како што рече портпаролот, во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.
Со постоењето на КОВИД амбуланти вака дисперзирани, ќе биде покриена целата територија на градот и граѓаните ќе можат најблиску до своето место на живеење да добијат и дијагностика и третман за КОВИД -19, што сметаме дека ќе го олесни товарот и на матичните лекари, меѓутоа ќе ги направи и услугите во насока на потребата за КОВИД дијагностика и третман за граѓаните на градот Скопје подостапни, рече Мехмедовиќ.
Тој додаде дека најголемиот дел од оптовареноста на системот се наоѓа на примарно ниво, односно е на грбот на матичните лекари и Комисијата работи во насока на тоа да го зајакне примарниот дел од здравствениот систем.
Работиме и на тоа да обезбедиме опрема, персонал и кадар за останатите градови, меѓутоа ова е нешто што сметавме дека е ургентно и заради тоа започнавме со оваа реорганизација во рамките на град Скопје, рече Мехмедовиќ.
Поради тоа што епидемиолошката состојба е стабилна, а според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона, за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.
Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.
Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Но, рече, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи. Тој додаде дека стомачните проблеми не се толку чести кај БА5 ковид варијанта, согласно извештајот од Институтот за јавно здравје што го имаат добиено изминативе два дена.
Стомачните проблеми не се точку чести кај оваа варијанта. Најчести проблеми кои се врзани со ковид и со омикрон варијантата и БA5 варијанта не подразбираат дигестивни проблеми. Тие се едни од поретки што ги имаме, рече Мехмедовиќ одговарајќи на новинарско прашање.

The post Засега нема нови ковид-мерки, пет нови амбуланти ќе почнат со работа од наредната недела во Скопје appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести утре напладне ќе одржи состанок https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-napladne-kje-odrzi-sostanok/ Wed, 20 Jul 2022 18:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=531554

Комисијата за заразни болести утре точно напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата, потврди за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

– Комисијата за заразни болести ќе се состане утре во 12 часот и на состанокот ќе видиме за што ќе се разговара. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесени на утрешниот состанок, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот, изјави Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

The post Комисијата за заразни болести утре напладне ќе одржи состанок appeared first on Република.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

The post Комисијата за заразни болести утре напладне ќе одржи состанок appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести ќе се состане на пладне https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-kje-se-sostane-na-pladne/ Wed, 20 Jul 2022 05:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=531560

Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата.

Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата вчера изјави дека ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесениво форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

The post Комисијата за заразни болести ќе се состане на пладне appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата вчера изјави дека ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесениво форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот. Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

The post Комисијата за заразни болести ќе се состане на пладне appeared first on Република.

]]>
В петок состанок на Комисијата за заразни болести, регионот се подготвува за нов бран на коронавирусот https://republika.mk/vesti/makedonija/v-petok-sostanok-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-regionot-se-podgotvuva-za-nov-bran-na-koronavirusot/ Wed, 13 Jul 2022 11:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=528073

Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата, потврдија за МИА од Комисијата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица.

До вчера активни беа 1.889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1.045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот.

Додека во државата состојбата со КОВИД-19 засега е стабилна, регионот се подготвува за новиот бран на вирусот.

Во Бугарија од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Како што изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, со што мора да бидат подготвени за секоја ситуација.

И во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи на КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 1 215 случаи на вирусот, или 46,3 отсто од тестираните се позитивни.

Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што претходно беше забележана на почетокот на април. Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона.

Светската здравствена организација апелира дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две ипол години откако првпат беше прогласена.

Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи, се вели во соопштението на одборот на СЗО.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом порача дека Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме, додаде тој.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против КОВИД-19, на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерството за здравство.

The post В петок состанок на Комисијата за заразни болести, регионот се подготвува за нов бран на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата, потврдија за МИА од Комисијата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица. До вчера активни беа 1.889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1.045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот. Додека во државата состојбата со КОВИД-19 засега е стабилна, регионот се подготвува за новиот бран на вирусот. Во Бугарија од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Како што изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, со што мора да бидат подготвени за секоја ситуација. И во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи на КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 1 215 случаи на вирусот, или 46,3 отсто од тестираните се позитивни. Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што претходно беше забележана на почетокот на април. Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона. Светската здравствена организација апелира дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две ипол години откако првпат беше прогласена.
Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи, се вели во соопштението на одборот на СЗО.
Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом порача дека Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме, додаде тој. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против КОВИД-19, на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.
Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерството за здравство.
 
The post В петок состанок на Комисијата за заразни болести, регионот се подготвува за нов бран на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести в среда ќе расправа за состојбата со мајмунски сипаници во Македонија https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-v-sreda-kje-rasprava-za-sostojbata-so-majmunski-sipanici-vo-makedonija/ Mon, 23 May 2022 10:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=505854

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со мајмунските сипаници во светот, како и препораките на Светската здравствена организација кои во моментот не предвидуваат ограничување на движење на луѓе и стока во рамки на земјите каде не се регистрирани, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Во среда, посочи тој, е закажан состанок на Комисијата, а една од точките на расправа ќе биде состојбата со мајмунските сипаници во светот и можноста за евентуално пренесување кај нас и подготвеноста на системот да се справи со евентуална епидемија или пандемија која би се појавила во светот и кај нас.

Што ќе се дискутира на состанокот на Комисијата за заразни болести во среда ќе информираме по неговото завршување, за тоа што понатаму планираме да спроведеме како активности во однос на тоа системот да биде што поподготвен за евентуална епидемија која би можела да се случи, додаде д-р Мехмедовиќ.

The post Комисијата за заразни болести в среда ќе расправа за состојбата со мајмунски сипаници во Македонија appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со мајмунските сипаници во светот, како и препораките на Светската здравствена организација кои во моментот не предвидуваат ограничување на движење на луѓе и стока во рамки на земјите каде не се регистрирани, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Во среда, посочи тој, е закажан состанок на Комисијата, а една од точките на расправа ќе биде состојбата со мајмунските сипаници во светот и можноста за евентуално пренесување кај нас и подготвеноста на системот да се справи со евентуална епидемија или пандемија која би се појавила во светот и кај нас.
Што ќе се дискутира на состанокот на Комисијата за заразни болести во среда ќе информираме по неговото завршување, за тоа што понатаму планираме да спроведеме како активности во однос на тоа системот да биде што поподготвен за евентуална епидемија која би можела да се случи, додаде д-р Мехмедовиќ.
 
The post Комисијата за заразни болести в среда ќе расправа за состојбата со мајмунски сипаници во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ќе се укинат сите антиковид-мерки, маските остануваат задолжителни само во некои затворени простории https://republika.mk/zivot/zdravje/kje-se-ukinat-site-antikovid-merki-maskite-ostanuvaat-zadolzitelni-samo-vo-nekoi-zatvoreni-prostorii/ Wed, 27 Apr 2022 13:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=494321

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, што значи се укинува потребата за ковид-сертификат во угостителските објекти во затворено, а маска и натаму ќе треба задолжително да се носи само во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

The post Ќе се укинат сите антиковид-мерки, маските остануваат задолжителни само во некои затворени простории appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, што значи се укинува потребата за ковид-сертификат во угостителските објекти во затворено, а маска и натаму ќе треба задолжително да се носи само во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

The post Ќе се укинат сите антиковид-мерки, маските остануваат задолжителни само во некои затворени простории appeared first on Република.

]]>