Комисија за надворешна политика Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-za-nadvoreshna-politika/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Jun 2022 12:41:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за надворешна политика Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-za-nadvoreshna-politika/ 32 32 Милошоски го покани Ковачевски на Комисија за надворешна политика да се дискутира за последниот предлог со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-go-pokani-kovachevski-na-komisija-za-nadvoreshna-politika-da-se-diskutira-za-posledniot-predlog-so-bugarija/ Wed, 29 Jun 2022 12:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=521145

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до Ковачевски каде го запраша дали би прифатил како претседател на Владата да бидете присутен на Комисија за надворешна политика на која би го поканиле Заев, Османи и Димитров како гости.

Имено пратеникот Милошоски посочи дека на таа седница ќе се разгледува предлогот кој беше одбиен во Брисел.

Првото прашање е упатено до претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и се однесува на една актуелна иницијатива. Вие самиот сега кажавте дека сте свесен дека постои подгревање или кревање на тензиите по однос на македонско-бугарските односи и по однос на политичкиот мобинг би рекол кој што официјална Софија го прави кон Република Македонија во изминативе 2 години. Во тој контекст моето прашање е: Дали би прифатиле како претседател на Владата да бидете присутен на Комисија за надворешна политика на која би го поканиле и претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, како човек кој што учествуваше во формулирањето на Договорот со Бугарија, би го поканиле сегашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот претходник, Никола Димитров како гости? Оваа седница би имала за цел да го разгледа оној предлог кој што вие го одбивте во Брисел, во форма таква каква што е, неофицијална и би имала за цел да направи една поголема кохезија кај сите политички групи во Република Македонија за да имаме посилни позиции, да имаме помалку недоразбирања и да не се создава она кое вие некогаш го именувате како хистерија на експерти или кревање на тензија. Бидејќи во последно време забележувам дека кај дел од овие актери има јавни преписки кои што не придонесуваат за поголема доверба и покохезивна политика кон официјална Софија, рече Милошоски.

Понатаму, пратеникот Милошоски упати прашање до министерката за култура каде ја праша дали таа како член на Владата сметате дека треба да се разреши државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири заради употреба на недоличен речник.

Моето второ прашање е до министерката за култура и прашањето е следно бидејќи секој член на Влада има право според законите да предложи на претседателот на Влада и на членовите на Влада именување или предлог за разрешување на државен секретар, моето прашање е дали вие сметате дека би било упатно да предложите разрешување на државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири заради употреба на недоличен речник каде што се промовира говор на омраза, повикување на физичко насилство кон одредени пратеници па и кон поширока група на луѓе кој што тој смета дека не размислуваат онака како што размислува тој, додаде Милошоски.

The post Милошоски го покани Ковачевски на Комисија за надворешна политика да се дискутира за последниот предлог со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до Ковачевски каде го запраша дали би прифатил како претседател на Владата да бидете присутен на Комисија за надворешна политика на која би го поканиле Заев, Османи и Димитров како гости. Имено пратеникот Милошоски посочи дека на таа седница ќе се разгледува предлогот кој беше одбиен во Брисел.
Првото прашање е упатено до претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и се однесува на една актуелна иницијатива. Вие самиот сега кажавте дека сте свесен дека постои подгревање или кревање на тензиите по однос на македонско-бугарските односи и по однос на политичкиот мобинг би рекол кој што официјална Софија го прави кон Република Македонија во изминативе 2 години. Во тој контекст моето прашање е: Дали би прифатиле како претседател на Владата да бидете присутен на Комисија за надворешна политика на која би го поканиле и претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, како човек кој што учествуваше во формулирањето на Договорот со Бугарија, би го поканиле сегашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот претходник, Никола Димитров како гости? Оваа седница би имала за цел да го разгледа оној предлог кој што вие го одбивте во Брисел, во форма таква каква што е, неофицијална и би имала за цел да направи една поголема кохезија кај сите политички групи во Република Македонија за да имаме посилни позиции, да имаме помалку недоразбирања и да не се создава она кое вие некогаш го именувате како хистерија на експерти или кревање на тензија. Бидејќи во последно време забележувам дека кај дел од овие актери има јавни преписки кои што не придонесуваат за поголема доверба и покохезивна политика кон официјална Софија, рече Милошоски.
Понатаму, пратеникот Милошоски упати прашање до министерката за култура каде ја праша дали таа како член на Владата сметате дека треба да се разреши државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири заради употреба на недоличен речник.
Моето второ прашање е до министерката за култура и прашањето е следно бидејќи секој член на Влада има право според законите да предложи на претседателот на Влада и на членовите на Влада именување или предлог за разрешување на државен секретар, моето прашање е дали вие сметате дека би било упатно да предложите разрешување на државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири заради употреба на недоличен речник каде што се промовира говор на омраза, повикување на физичко насилство кон одредени пратеници па и кон поширока група на луѓе кој што тој смета дека не размислуваат онака како што размислува тој, додаде Милошоски.
 
The post Милошоски го покани Ковачевски на Комисија за надворешна политика да се дискутира за последниот предлог со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го покани Османи за одржување на седница на Комисијата за надворешна политика https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-go-pokani-osmani-za-odrzuvanje-na-sednica-na-komisijata-za-nadvoreshna-politika/ Fri, 18 Feb 2022 13:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=460495

Би сакал денес да Ве информирам за превземената иницијатива, а тоа е официјално барање до министерот за надворешни работи Османи, во најскоро можно време со рок до 2-ри март, да одржиме една посебна седница на Комисијата за надворешна политика поврзана со сите актуелни генерални конзули на Македонија во странство и процесот на нивно именување, нивните биографии и кој и дали ги исполнувале законските услови за да бидат именувани за генерални конзули, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Оваа иницијатива ја поведуваме затоа што во јавноста инцидентно протекоа информации и се дозна дека најмалку две решенија за генерални конзули не се испратени и именувани од Владата согласно законските услови односно не биле ниту вработени во МНР со високо службено дипломатско звање, ниту пак биле надвор од редовите на МНР, а да се афирмирани личности во надворешната политика или меѓународните односи. Сметаме дека вакво деградирање на македонската дипломатија не и е потребно во овој момент и треба да се понесе одговорност. Дали министерот за надворешни работи знаел или му биле подметнати вакви решенија, тоа ќе може да го одговори на Комисијата за надворешна политика, а во име на транспарентноста на која што се повикува Владата, очекувам да ја прифати оваа покана и да расправаме за ваквите спорни решенија, вели Милошоски.

The post Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го покани Османи за одржување на седница на Комисијата за надворешна политика appeared first on Република.

Ако има добра волја од Бугарија, зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Милошоски Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ima-dobra-volja-od-bugarija-zoshto-ne-se-potpishe-dogovorot-so-fronteks-go-prasha-miloshoski-osmani/ Fri, 28 Jan 2022 13:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=450726

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, по излагањето на шефот на дипломатијата Бујар Османи за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, запраша зошто доколку има добра волја од Бугарија не се потпише договорот меѓу Македонија и Фронтекс.

Ако има добра волја и ова е за интерес и на Македонија и на Бугарија и на Европската Унија, тогаш зошто новата бугарска влада ако има навистина поинакви гледишта не прифати да го потпише Договорот помеѓу Македонија и Фронтекс, вели Милошоски.

Милошоски се осврна на делот на обраќањето на Османи, во врска со одлуката за почеток на преговори од март 2020 година.

Но, кога таа одлука беше донесена вие лично на прес конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички премиер кажавте дека одлуката е безусловна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1 имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот на Република Македонија кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава, рече Милошоски.

Тој вели дека тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, посочувајќи дека приоритет на власта е да опстане на власт и може да влезат да разговараат за идентитетот и јазикот, прашувајќи зошто доколку има добра волја од страна на Бугарија не се прифати да се потпише договорот помеѓу Македонија и Фронтекс.

Османи зборуваше да изградиме заеднички позиции, зборуваше за зрелост, за почит и за меѓусебна доверба. Како ние да имаме доверба како пратеници кои ги избрал народот, пратениците ја избрале Владата а Владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции кога вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон-пејпер кој сакаме да биде во согласност со декларацијата која ова собрание ја усвои, прашува Mилошоски.

Милошоски му се обрати на Османи велејќи оти прави преседан бидејќи потврдува дека има документ дека истиот е неформален, дека е работна верзија, а ја ускратува можноста пратениците во таа работна верзија да го дадат својот придонес.

Шефот на дипломатијата Османи, во делот на недоставување документи, реплицираше дека во момент кога ќе имаме која било формулација за која што ќе сметаме дека станува основа за договор, дека е прифатлива од двете страни пред да се каже нашиот став кон Република Бугарија ќе дојдеме тука и ќе доставиме документи.

Во моментот се само работни верзии на идеи коишто не можам да ги доставувам како официјални позиции на Владата до Собранието. Но, еве, тоа што можам да направам е кој било пратеник нека дојде во МНР и јас ќе им ги почитам пред нив сите формулации, меѓутоа не можам да доставам документи што се се уште само работни верзии, што се разменуваат. Меѓутоа, еве, отворена е вратата на МНР, можам во кое било време да ве информирам за сите детали, рече Османи.  

Османи, за тврдењето на Милошоски дека рекле оти одлуката од март 2020 година е безусловна, рече оти тоа е точно и дека едногласно од сите 27 членки се донесени заклучоците на Советот.

Немаше никакви условувања. Имаше одредена унилатерална нота или став на Бугарија, меѓутоа како додаток на записникот, но не во заклучоците. Во заклучоците на Советот немаше услови после усвојување на преговарачката рамка, посочи Османи.  

Реплицирајќи му на Милошоски за Фронтекс, Османи рече дека Фронтекс не се потпишува заради истата причина за која што не се усвојува преговарачката рамка.

Никогаш не сме кажале дека не се спори јазикот во преговарачката рамка. Сме кажале дека нашата позиција е дека за тие прашања не разговараме и мислам дека ова го кажуваме постојано од првиот ден откога зборуваме за ова прашање, истакна Османи. 

За поканата пратеници да дојдат во Кабинетот на министерот Османи за да им бидат прочитани нацрт-документите, Милошоски реплицираше дека уставниот систем во Македонија е министри да доаѓаат во Собранието, не пратеници да одат кај министрите.

Не го потценувам, но никој од нас не се чувствува, не е во таква состојба како Кастриот Реџепи да доаѓа кај вас и да разговара за Европа 21. Тоа е веќе фотосесија. Тоа не е сериозен разговор. Ако сакате кога било нешто да ни претставите повелете во Собранието, ќе организираме затворена седница и ако сакате вие да читате – читајте, ние ќе запишуваме. Но, ако имате доверба треба да ги споделите тие документи затоа што Договорот што го потпишавте ви дадовме пет укажувања. Сите пет укажувања беа добронамерни, не беа вметнати и сите работи коишто не беа вметнати денес произлегуваат како проблеми од тој договор и откако е потпишан договорот тензиите помеѓу Македонија и Бугарија се пораснати за трипати повеќе од она што го имавме како релативно нормални односи во претходниот период, истакна Милошоски.

Пратеникот Александар Николоски во обраќањето на собраниската комисија за Надворешна политика истакна македонската јавност добро знае дека претходните два премиери на Македонија и Бугарија имале договор кој бил комплетно еднонасочен и тоа само кон нас во однос на преземање обврски кои што Зоран Заев ги презел и требало да ги реализира во однос на Бугарија и единствена причина поради кои не ги исполнил бил народот кој излегол масовно на улиците на демонстрации во текон на месеците ноември и декември 2020 година. 

The post Ако има добра волја од Бугарија, зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Милошоски Османи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, по излагањето на шефот на дипломатијата Бујар Османи за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, запраша зошто доколку има добра волја од Бугарија не се потпише договорот меѓу Македонија и Фронтекс.
Ако има добра волја и ова е за интерес и на Македонија и на Бугарија и на Европската Унија, тогаш зошто новата бугарска влада ако има навистина поинакви гледишта не прифати да го потпише Договорот помеѓу Македонија и Фронтекс, вели Милошоски.
Милошоски се осврна на делот на обраќањето на Османи, во врска со одлуката за почеток на преговори од март 2020 година.
Но, кога таа одлука беше донесена вие лично на прес конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички премиер кажавте дека одлуката е безусловна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1 имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот на Република Македонија кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава, рече Милошоски.
Тој вели дека тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, посочувајќи дека приоритет на власта е да опстане на власт и може да влезат да разговараат за идентитетот и јазикот, прашувајќи зошто доколку има добра волја од страна на Бугарија не се прифати да се потпише договорот помеѓу Македонија и Фронтекс.
Османи зборуваше да изградиме заеднички позиции, зборуваше за зрелост, за почит и за меѓусебна доверба. Како ние да имаме доверба како пратеници кои ги избрал народот, пратениците ја избрале Владата а Владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции кога вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон-пејпер кој сакаме да биде во согласност со декларацијата која ова собрание ја усвои, прашува Mилошоски.
Милошоски му се обрати на Османи велејќи оти прави преседан бидејќи потврдува дека има документ дека истиот е неформален, дека е работна верзија, а ја ускратува можноста пратениците во таа работна верзија да го дадат својот придонес. Шефот на дипломатијата Османи, во делот на недоставување документи, реплицираше дека во момент кога ќе имаме која било формулација за која што ќе сметаме дека станува основа за договор, дека е прифатлива од двете страни пред да се каже нашиот став кон Република Бугарија ќе дојдеме тука и ќе доставиме документи.
Во моментот се само работни верзии на идеи коишто не можам да ги доставувам како официјални позиции на Владата до Собранието. Но, еве, тоа што можам да направам е кој било пратеник нека дојде во МНР и јас ќе им ги почитам пред нив сите формулации, меѓутоа не можам да доставам документи што се се уште само работни верзии, што се разменуваат. Меѓутоа, еве, отворена е вратата на МНР, можам во кое било време да ве информирам за сите детали, рече Османи.  
Османи, за тврдењето на Милошоски дека рекле оти одлуката од март 2020 година е безусловна, рече оти тоа е точно и дека едногласно од сите 27 членки се донесени заклучоците на Советот.
Немаше никакви условувања. Имаше одредена унилатерална нота или став на Бугарија, меѓутоа како додаток на записникот, но не во заклучоците. Во заклучоците на Советот немаше услови после усвојување на преговарачката рамка, посочи Османи.  
Реплицирајќи му на Милошоски за Фронтекс, Османи рече дека Фронтекс не се потпишува заради истата причина за која што не се усвојува преговарачката рамка.
Никогаш не сме кажале дека не се спори јазикот во преговарачката рамка. Сме кажале дека нашата позиција е дека за тие прашања не разговараме и мислам дека ова го кажуваме постојано од првиот ден откога зборуваме за ова прашање, истакна Османи. 
За поканата пратеници да дојдат во Кабинетот на министерот Османи за да им бидат прочитани нацрт-документите, Милошоски реплицираше дека уставниот систем во Македонија е министри да доаѓаат во Собранието, не пратеници да одат кај министрите.
Не го потценувам, но никој од нас не се чувствува, не е во таква состојба како Кастриот Реџепи да доаѓа кај вас и да разговара за Европа 21. Тоа е веќе фотосесија. Тоа не е сериозен разговор. Ако сакате кога било нешто да ни претставите повелете во Собранието, ќе организираме затворена седница и ако сакате вие да читате – читајте, ние ќе запишуваме. Но, ако имате доверба треба да ги споделите тие документи затоа што Договорот што го потпишавте ви дадовме пет укажувања. Сите пет укажувања беа добронамерни, не беа вметнати и сите работи коишто не беа вметнати денес произлегуваат како проблеми од тој договор и откако е потпишан договорот тензиите помеѓу Македонија и Бугарија се пораснати за трипати повеќе од она што го имавме како релативно нормални односи во претходниот период, истакна Милошоски.
Пратеникот Александар Николоски во обраќањето на собраниската комисија за Надворешна политика истакна македонската јавност добро знае дека претходните два премиери на Македонија и Бугарија имале договор кој бил комплетно еднонасочен и тоа само кон нас во однос на преземање обврски кои што Зоран Заев ги презел и требало да ги реализира во однос на Бугарија и единствена причина поради кои не ги исполнил бил народот кој излегол масовно на улиците на демонстрации во текон на месеците ноември и декември 2020 година. 

The post Ако има добра волја од Бугарија, зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Милошоски Османи appeared first on Република.

]]>
Османи призна: Се спори јазикот во преговарачката рамка, но не преговараме, нека дојдат пратеници кај мене во кабинет ќе им објаснам https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prizna-se-spori-jazikot-vo-pregovarachkata-ramka-no-ne-pregovarame-neka-dojdat-pratenici-kaj-mene-vo-kabinet-kje-im-objasnam/ Fri, 28 Jan 2022 11:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=450655

Министерот за надворешни работи Бујар Османи призна дека за Бугарија е спорен македонскиот јазик во преговарачката рамка, но оти за тоа не преговараат.
Ова негово признание следи откако претседателот на Комисијата за надворешна политика, пред која денеска дава отчет, Антонио Милошоски му предочи дека е тенка линијата помеѓу преговори и разговори.

Останатите членови на комисијата реагираа зошто Османи не ја открива содржината на одговорите од пакетот 5+1.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dojde-vo-sobranie-no-ne-kaza-ni-zbor-za-paketot-5-1/

На тоа Османи одговори.

Во моментот кога ќе имаме било каква формулација ќе дојдеме тука и ќе го претставиме.. Не можеме да говориме за документ кој е само работна верзија. Нека дојде било кој пратеник кај мене во кабинет и ќе му го покажам.

The post Османи призна: Се спори јазикот во преговарачката рамка, но не преговараме, нека дојдат пратеници кај мене во кабинет ќе им објаснам appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи призна дека за Бугарија е спорен македонскиот јазик во преговарачката рамка, но оти за тоа не преговараат. Ова негово признание следи откако претседателот на Комисијата за надворешна политика, пред која денеска дава отчет, Антонио Милошоски му предочи дека е тенка линијата помеѓу преговори и разговори. Останатите членови на комисијата реагираа зошто Османи не ја открива содржината на одговорите од пакетот 5+1. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dojde-vo-sobranie-no-ne-kaza-ni-zbor-za-paketot-5-1/ На тоа Османи одговори.
Во моментот кога ќе имаме било каква формулација ќе дојдеме тука и ќе го претставиме.. Не можеме да говориме за документ кој е само работна верзија. Нека дојде било кој пратеник кај мене во кабинет и ќе му го покажам.

The post Османи призна: Се спори јазикот во преговарачката рамка, но не преговараме, нека дојдат пратеници кај мене во кабинет ќе им објаснам appeared first on Република.

]]>
Османи дојде во Собрание, но не кажа ни збор за пакетот 5+1 https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dojde-vo-sobranie-no-ne-kaza-ni-zbor-za-paketot-5-1/ Fri, 28 Jan 2022 11:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=450636

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната комисија за надворешни работи говореше за спорот со Бугарија. Но, наместо како што се очекуваше тој да даде одговор за т.н 5 + 1 прашања тој говореше воопштено и без конкретни одговори.

Османи се пофали дека елиминирале едно прашање, а тоа е употребата на краткото име. Османи уверуваше дека не се преговара за јазикот и идентитетот бидејќи правото на самоопределување е неприкосновено .

Не преговараме за јазикот и идентитетот. Тоа е право на самоопределување, убедуваше Османи.

За самиот пакет 5+1 Османи вели дека разговорите се во фаза на идеи и не може да коментира се додека нема нешто конкретно.

The post Османи дојде во Собрание, но не кажа ни збор за пакетот 5+1 appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната комисија за надворешни работи говореше за спорот со Бугарија. Но, наместо како што се очекуваше тој да даде одговор за т.н 5 + 1 прашања тој говореше воопштено и без конкретни одговори. Османи се пофали дека елиминирале едно прашање, а тоа е употребата на краткото име. Османи уверуваше дека не се преговара за јазикот и идентитетот бидејќи правото на самоопределување е неприкосновено .
Не преговараме за јазикот и идентитетот. Тоа е право на самоопределување, убедуваше Османи.
За самиот пакет 5+1 Османи вели дека разговорите се во фаза на идеи и не може да коментира се додека нема нешто конкретно.

The post Османи дојде во Собрание, но не кажа ни збор за пакетот 5+1 appeared first on Република.

]]>
Османи утре пред собраниската комисија за надворешна политика https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-utre-pred-sobraniskata-komisija-za-nadvoreshna-politika/ Thu, 27 Jan 2022 17:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=450411

Утре (28 јануари 2022 г.) министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски.

The post Османи утре пред собраниската комисија за надворешна политика appeared first on Република.

]]>

Утре (28 јануари 2022 г.) министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски.