кома Archives - Република https://republika.mk/tema/koma/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Oct 2022 18:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кома Archives - Република https://republika.mk/tema/koma/ 32 32 Aнатолиј Карпов, легендарниот шаховски велемајстор се бори за живот https://republika.mk/vesti/svet/anatolij-karpov-legendarniot-shahovski-velemajstor-se-bori-za-zivot/ Mon, 31 Oct 2022 18:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=567992

Легендарниот шаховски велемајстор Анатолиј Карпов, се наоѓа во болница. Тој е во кома откако паднал и се повредил во близина на руската Дума во Москва.

Карпов е пронајден без свест, а бил и во очигледна алкохолизирана состојба кога бил примен на интензивна нега во Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.

Мојот татко е сериозно повреден откако имал пад. Во моментот е во вештачка кома“, објави неговата ќерка.

71-годишниот Карпов е поранешен светски првак во периодот од 1975 до 1985 година. Тој освои уште три титули во организација на ФИДЕ, во 1993, 1996 и 1998 година.

The post Aнатолиј Карпов, легендарниот шаховски велемајстор се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Легендарниот шаховски велемајстор Анатолиј Карпов, се наоѓа во болница. Тој е во кома откако паднал и се повредил во близина на руската Дума во Москва. Карпов е пронајден без свест, а бил и во очигледна алкохолизирана состојба кога бил примен на интензивна нега во Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.
Мојот татко е сериозно повреден откако имал пад. Во моментот е во вештачка кома“, објави неговата ќерка.
71-годишниот Карпов е поранешен светски првак во периодот од 1975 до 1985 година. Тој освои уште три титули во организација на ФИДЕ, во 1993, 1996 и 1998 година.

The post Aнатолиј Карпов, легендарниот шаховски велемајстор се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Починал ден по претепувањето: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochinal-den-po-pretepuvanjeto-go-tepale-i-udirale-so-gjezve-po-shto-padnal-vo-koma/ Tue, 22 Mar 2022 17:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=476807

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

На 19 март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале. Според првичните сознанија, откако оштетениот му задал неколку удари на првоосомничениот во пределот на главата, првоосомничениот му возвратил удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Кога оштетениот паднал, осомничениот продолжил да го удира со тупаници и метално ѓезве во главата и со нозете по целото тело.

Од ударите оштетениот изгубил свест. Првоосомничениот ја напуштил собата, но по кратко време кај оштетениот дошол второосомничениот кој физички го нападнал, удирајќи го со раце по целото тело, насилно го извлекол од собата и во дворното место продолжил да го удира. Откако двајцата си заминале, оштетениот влегол во собата, легнал на креветот и паднал во кома како последица од здобиените удари со кои му биле нанесени голем број телесни повреди – фрактури и крварења. Следниот ден, како резултат на задобиените повреди, оштетениот починал.

Против осомничените надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 30 дена.​

 

The post Починал ден по претепувањето: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 19 март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале. Според првичните сознанија, откако оштетениот му задал неколку удари на првоосомничениот во пределот на главата, првоосомничениот му возвратил удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Кога оштетениот паднал, осомничениот продолжил да го удира со тупаници и метално ѓезве во главата и со нозете по целото тело. Од ударите оштетениот изгубил свест. Првоосомничениот ја напуштил собата, но по кратко време кај оштетениот дошол второосомничениот кој физички го нападнал, удирајќи го со раце по целото тело, насилно го извлекол од собата и во дворното место продолжил да го удира. Откако двајцата си заминале, оштетениот влегол во собата, легнал на креветот и паднал во кома како последица од здобиените удари со кои му биле нанесени голем број телесни повреди – фрактури и крварења. Следниот ден, како резултат на задобиените повреди, оштетениот починал. Против осомничените надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 30 дена.​  

The post Починал ден по претепувањето: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома appeared first on Република.

]]>
Заврши снимањето на филмот „Кома“ https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-snimanjeto-na-filmot-koma/ Tue, 15 Feb 2022 11:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=458793

Удрена беше и последната клапа на долгометражниот филм „Кома“ кој изминатиов месец се снимаше на неколку локации во главниот град.

Се работи за трогателна пријателска приказна полна со емоции, а креаторите на филмот велат дека никој нема да остане рамнодушен. Филмот е во режија на Агим Абдула чиј гостин беше големиот ирански режисер Шахрам Мокри.

Продуценти на филмот се Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили, а директор на фотографија е Душан Кардалевски.

Главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари и косовскиот актер Насер Рафуна, а се појавуваат и големи актерски имиња од Албанскиот театар како Адем Карага, Рефет Абази и Теута Ајдини.

„Кома“ е поддржан од Агенцијата за филм, а сетот го посети и директорот Бојан Лазаревски.

The post Заврши снимањето на филмот „Кома“ appeared first on Република.

]]>

Удрена беше и последната клапа на долгометражниот филм „Кома“ кој изминатиов месец се снимаше на неколку локации во главниот град. Се работи за трогателна пријателска приказна полна со емоции, а креаторите на филмот велат дека никој нема да остане рамнодушен. Филмот е во режија на Агим Абдула чиј гостин беше големиот ирански режисер Шахрам Мокри. Продуценти на филмот се Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили, а директор на фотографија е Душан Кардалевски. Главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари и косовскиот актер Насер Рафуна, а се појавуваат и големи актерски имиња од Албанскиот театар како Адем Карага, Рефет Абази и Теута Ајдини. „Кома“ е поддржан од Агенцијата за филм, а сетот го посети и директорот Бојан Лазаревски.

The post Заврши снимањето на филмот „Кома“ appeared first on Република.

]]>