коледарски оган Archives - Република https://republika.mk/tema/koledarski-ogan/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jan 2022 18:51:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коледарски оган Archives - Република https://republika.mk/tema/koledarski-ogan/ 32 32 За Црквата е пагански обичај, но еве зошто коледарскиот оган е традиција која мора опстане https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-crkvata-e-paganski-obichaj-no-eve-zoshto-koledarskiot-ogan-e-tradicija-koja-mora-opstane/ Tue, 04 Jan 2022 19:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=440627

Коледарските огнови се предвесник на Бадник, според народните верувања се палат за да можат коледарите да се стоплат пред да одат од врата на врата и да ја шират радосната вест за раѓањето на Исус Христос собирајќи плодови. Оганот е симбол на оној во пештерата каде бил роден Спасителот. Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена рак ија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет.

Иако според толкувањата на МПЦ овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење и зближување пред божиќните празници.

Свештениците поделени во ставот околу палењето на огновите и општата веселба. Дел од нив апелираат да се напушти славењето на Бадник со големи огнови на јавни места, со веселби на кои се пие алкохол, се јаде многу месо и се слуша гласна музика бидејќи оваа традиција е паганска практика и не е во духот на Бадник, кога треба да се покаже скромност и воздржаност , и посната бадникова вечера како навестување на големиот христијански празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната божиќна литургија не смеат да бидат заменети со маалските огнови и со култот на греаната ракија.

https://republika.mk/vesti/otec-boban-ne-palete-ogan-utre-drvata-dajte-im-gi-na-siromashnite/

Но, други пак, сметаат дека нема ништо паганско во овој на чин на празнување. Различните ставови на свештениците ги збунија граѓаните.

Ние имаме долгогодишна традиција во маалото за палење оган и подготвување на богата трпеза како за возрасните така и за најмалите, кои неколку часа порано доаѓаат на нивната забава. Досега не се случиле инциденти, имало и многу музика, оро и стотици граѓани кои доаѓаат на прославувањето. Е, сега може и некоја чашка плус да се испие од греаната ракија, ама за циркулација, подобро да се издржи на ладното. Секогаш на ваквите собири имало и поп, една година и тројца беа дојдени. Некои попови велат дека ова се пагански обичаи, незнам, ама убаво е волку народ да се собере на едно место. Дали треба или не, и како треба овој обичај да се прави по правила посебни, незнам, ама ние си ја тераме онака како што се правело и пред десет години. Мора да се почитува адетот, па инаку стануваме се потуѓи”-вели жител на скопската општина Аеродром. Во палењето на огновите нема никаков паганизам, тврдеше отец Томе Петковски пред некоја година.

The post За Црквата е пагански обичај, но еве зошто коледарскиот оган е традиција која мора опстане appeared first on Република.

]]>

Коледарските огнови се предвесник на Бадник, според народните верувања се палат за да можат коледарите да се стоплат пред да одат од врата на врата и да ја шират радосната вест за раѓањето на Исус Христос собирајќи плодови. Оганот е симбол на оној во пештерата каде бил роден Спасителот. Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена рак ија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет. Иако според толкувањата на МПЦ овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење и зближување пред божиќните празници. Свештениците поделени во ставот околу палењето на огновите и општата веселба. Дел од нив апелираат да се напушти славењето на Бадник со големи огнови на јавни места, со веселби на кои се пие алкохол, се јаде многу месо и се слуша гласна музика бидејќи оваа традиција е паганска практика и не е во духот на Бадник, кога треба да се покаже скромност и воздржаност , и посната бадникова вечера како навестување на големиот христијански празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната божиќна литургија не смеат да бидат заменети со маалските огнови и со култот на греаната ракија. https://republika.mk/vesti/otec-boban-ne-palete-ogan-utre-drvata-dajte-im-gi-na-siromashnite/ Но, други пак, сметаат дека нема ништо паганско во овој на чин на празнување. Различните ставови на свештениците ги збунија граѓаните.