кочанско Archives - Република https://republika.mk/tema/kochansko/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 11:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кочанско Archives - Република https://republika.mk/tema/kochansko/ 32 32 Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-do-11-chasot-na-izbirachkite-mesta-vo-kochansko-e-okolu-13-otsto-2/ Wed, 24 Apr 2024 11:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=770075

Четири часа по отворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста за претседателските избори е околу 13 отсто.

Според податоците од Општинската изборна комисија, во Кочани до 11 часот гласале 4.721 граѓани, односно 14,77 отсто. Запишани се 32.481 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места, при што на четири избирачки места има под 10 гласачи и тие ќе гласаат на најблиските места.

Во општина Виница од запишаните 16.067, до 11 часот гласале 14,04 отсто, во Чешиново-Облешево има 5.131 гласач, а излезноста е 12,95 отсто, додека во Зрновци на гласачкиот список се запишани 2.510 граѓани, а до истиот период гласале 11,6 отсто.

Од општинските изборни комисии во четирите општини потврдија дека избирачките места биле отворени навреме. На две места во Чешиново-Облешево гласањето доцнело поради проблеми со уредите за проверка на отпечатокот од прст, но за набргу проблемот бил надминат и изборниот процес се одвива без проблеми.

The post Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто appeared first on Република.

]]>

Четири часа по отворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста за претседателските избори е околу 13 отсто. Според податоците од Општинската изборна комисија, во Кочани до 11 часот гласале 4.721 граѓани, односно 14,77 отсто. Запишани се 32.481 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места, при што на четири избирачки места има под 10 гласачи и тие ќе гласаат на најблиските места. Во општина Виница од запишаните 16.067, до 11 часот гласале 14,04 отсто, во Чешиново-Облешево има 5.131 гласач, а излезноста е 12,95 отсто, додека во Зрновци на гласачкиот список се запишани 2.510 граѓани, а до истиот период гласале 11,6 отсто. Од општинските изборни комисии во четирите општини потврдија дека избирачките места биле отворени навреме. На две места во Чешиново-Облешево гласањето доцнело поради проблеми со уредите за проверка на отпечатокот од прст, но за набргу проблемот бил надминат и изборниот процес се одвива без проблеми.

The post Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто appeared first on Република.

]]>
Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, полицијата се сомнева дека ја убил синот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-pochinata-zhena-vo-kochanskoto-selo-beli-politsijata-se-somneva-deka-ja-ubil-sinot/ Fri, 24 Nov 2023 12:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=715932

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство.

Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.

На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во известувањето од Полицијата.

Синот на почината бил лишен од слобода, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство. Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.
На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во известувањето од Полицијата.
Синот на почината бил лишен од слобода, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>
Наезда од диви свињи во кочанско https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/naezda-od-divi-svinji-vo-kochansko/ Fri, 14 Jan 2022 12:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=444596

Поради забраната за лов во целиот источен регион, заради присуство на вирусот на африканската чума, во Кочанско се соочуваат со наезда од диви свињи. Земјоделците од повеќе села од Осоговијата и Плочковица се жалат дека трпат големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. Ловците кои имаат за задача да го пребаруваат теренот за угинати диви свињи од болеста, сведочат дека целосно се уништени неколку 100-тина декари засеани со пченка и компир во атарите на селата Видовиште и Теранци, а поради нивната агресивност опасни се и за домашните животни. Ловците не смеат да реагираат и да им помогнат на селаните. Од досегашната потрага по ловните терени не се пронајдени угинати диви свињи како последица од африканската чума.

Лабораториските испитувања на месото во залиха од пред воведувањето на забраната, покажало негативни резултати на присуство на вирусот. Покрај ловот, забранета е и купопродажбата на домашни свињи, а сточниот пазар во Облешево останува затворен до важноста на мерката воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветринарство. Во радиус од 3 км од жариштето еутанизирани се 195 свињи и закопани во посебни јами на депонијата во Делчево. Во кланица ќе завршат и околу 700 домашни свињи од зоната под надзор во радиус од 10 км.

The post Наезда од диви свињи во кочанско appeared first on Република.

]]>

Поради забраната за лов во целиот источен регион, заради присуство на вирусот на африканската чума, во Кочанско се соочуваат со наезда од диви свињи. Земјоделците од повеќе села од Осоговијата и Плочковица се жалат дека трпат големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. Ловците кои имаат за задача да го пребаруваат теренот за угинати диви свињи од болеста, сведочат дека целосно се уништени неколку 100-тина декари засеани со пченка и компир во атарите на селата Видовиште и Теранци, а поради нивната агресивност опасни се и за домашните животни. Ловците не смеат да реагираат и да им помогнат на селаните. Од досегашната потрага по ловните терени не се пронајдени угинати диви свињи како последица од африканската чума. Лабораториските испитувања на месото во залиха од пред воведувањето на забраната, покажало негативни резултати на присуство на вирусот. Покрај ловот, забранета е и купопродажбата на домашни свињи, а сточниот пазар во Облешево останува затворен до важноста на мерката воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветринарство. Во радиус од 3 км од жариштето еутанизирани се 195 свињи и закопани во посебни јами на депонијата во Делчево. Во кланица ќе завршат и околу 700 домашни свињи од зоната под надзор во радиус од 10 км.

The post Наезда од диви свињи во кочанско appeared first on Република.

]]>