клуб никола вапцаров Archives - Република https://republika.mk/tema/klub-nikola-vapcarov/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 18:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клуб никола вапцаров Archives - Република https://republika.mk/tema/klub-nikola-vapcarov/ 32 32 По шест месеци и многу контроверзи околу отворањето се затвора клубот „Никола Вапцаров“ https://republika.mk/vesti/makedonija/po-shest-mesetsi-i-mnogu-kontroverzi-okolu-otvoraneto-se-zatvora-klubot-nikola-vaptsarov/ Tue, 02 May 2023 18:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=636208

Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се затвора, соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.

Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов, околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“ и Атанас Мазнев, претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО Илинден – Пирин, добивме информација дека по шест месеци, клубот ќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата. Иако планот беше Клубот да биде гнездо за сите Македонци, македонските членови на ОМО Илинден раководството не ги пушти во Клубот. Да потсетиме и дека раководство на Клубот бараше мито од 150 лева (75 евра) месечно за кирија од членовите на ОМО Илинден, иако целата кирија за Клубот ја плаќаше македонската дијаспора“, пишува Кирјаков.

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше отворен на 30 октомври 2022 година. Иако поканети, никој од власта не се осмели да замине на отворањето на клубот. Присуствуваа делегации предводени од опозицијата. Во пресрет на отворањето мaкедонски интелектуалци, историчари професори објавија поздравно писмо.

https://republika.mk/vesti/makedonija/istorichari-i-profesori-so-pismo-dadoa-poddrshka-na-klubot-vo-blagoevgrad-so-istrajnosta-konechno-pokazavte-deka-se-uspeva/

Клубот беше многупати цел на вандалски чинови, за кои бугарските власти не се обидоа да ги санкционираат.

https://republika.mk/vesti/balkan/eks-kandidatkata-za-gradonachalnik-na-blagoevgrad-kostadinova-go-kamenuvala-nikola-vaptsarov-nema-pritvor-i-prijavi-za-4-tsata-storiteli/

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

https://republika.mk/vesti/balkan/kje-se-zatvara-nikola-vapcarov-bugarskiot-sud-go-likvidira-zdruzenieto-shto-go-otvori-makedonskiot-centar/

На 10 февруари доби решение за одбивање на регистрацијата, кое беше обжалено.

The post По шест месеци и многу контроверзи околу отворањето се затвора клубот „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се затвора, соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.
Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов, околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“ и Атанас Мазнев, претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО Илинден – Пирин, добивме информација дека по шест месеци, клубот ќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата. Иако планот беше Клубот да биде гнездо за сите Македонци, македонските членови на ОМО Илинден раководството не ги пушти во Клубот. Да потсетиме и дека раководство на Клубот бараше мито од 150 лева (75 евра) месечно за кирија од членовите на ОМО Илинден, иако целата кирија за Клубот ја плаќаше македонската дијаспора“, пишува Кирјаков.
Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше отворен на 30 октомври 2022 година. Иако поканети, никој од власта не се осмели да замине на отворањето на клубот. Присуствуваа делегации предводени од опозицијата. Во пресрет на отворањето мaкедонски интелектуалци, историчари професори објавија поздравно писмо. https://republika.mk/vesti/makedonija/istorichari-i-profesori-so-pismo-dadoa-poddrshka-na-klubot-vo-blagoevgrad-so-istrajnosta-konechno-pokazavte-deka-se-uspeva/ Клубот беше многупати цел на вандалски чинови, за кои бугарските власти не се обидоа да ги санкционираат. https://republika.mk/vesti/balkan/eks-kandidatkata-za-gradonachalnik-na-blagoevgrad-kostadinova-go-kamenuvala-nikola-vaptsarov-nema-pritvor-i-prijavi-za-4-tsata-storiteli/ Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“. https://republika.mk/vesti/balkan/kje-se-zatvara-nikola-vapcarov-bugarskiot-sud-go-likvidira-zdruzenieto-shto-go-otvori-makedonskiot-centar/ На 10 февруари доби решение за одбивање на регистрацијата, кое беше обжалено.

The post По шест месеци и многу контроверзи околу отворањето се затвора клубот „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград ќе поднесе жалба по одбивањето да се регистрира здружението https://republika.mk/vesti/balkan/makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vaptsarov-od-blagoevgrad-ke-podnese-zhalba-po-odbivaneto-da-se-registrira-zdruzhenieto/ Sun, 12 Feb 2023 20:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=608156

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение.

„Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев.

„Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, се вели во пораката.

„На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката.

„Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација“, додаваат од таму.

The post Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград ќе поднесе жалба по одбивањето да се регистрира здружението appeared first on Република.

]]>

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, се вели во пораката. „На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката. „Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација“, додаваат од таму.

The post Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград ќе поднесе жалба по одбивањето да се регистрира здружението appeared first on Република.

]]>
Напаѓачите на Македонскиот клуб во Благоевград вработени во локално комунално претпријатие https://republika.mk/vesti/balkan/napagachite-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-vraboteni-vo-lokalno-komunalno-pretprijatie/ Wed, 08 Feb 2023 09:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=606383

Двајцата мажи приведени од страна на бугарската полиција поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата вечерта, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“, додека двете жени лишени од слобода заедно со нив се нивни сопруги, објави 24часа.бг.

Во изјава за порталот, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, додека тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само согласно Кодексот за работни односи.

- Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари, изјави Стојанов.

Тој нагласи дека веднаш ќе ги отпушти од работа двајцата вработени во комуналното претпријатие, во „моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Македонија кои малтретираа бугарски граѓани“.

Како што јавија бугарските медиуми, полицијата во Благоевград вчера приведе четири лица, двајца мажи и две жени, во врска со вандалскиот чин врз Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

https://republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-blagoevgrad-ke-gi-kaznam-napagachite-na-makedonskiot-klub-koga-skopje-ke-gi-kazni-politsajtsite/

Според медиумите, приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото за кое се товарат.

Стаклото на излогот на Македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.

The post Напаѓачите на Македонскиот клуб во Благоевград вработени во локално комунално претпријатие appeared first on Република.

Ковачевски го осуди вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-osudi-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ Sun, 05 Feb 2023 19:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=605112

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.

Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски го осуди вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

ОМО Илинден Пирин бара бугарската полиција да открие кој го искрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград https://republika.mk/vesti/balkan/omo-ilinden-pirin-bara-bugarskata-politsija-da-otkrie-koj-go-iskrshi-stakloto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ Sun, 05 Feb 2023 11:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=604977

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.
-Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне - нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис, стои во постот објавен на Фејсуб страницата на ОМО Илинден Пирин.
Во постот се означени премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски, првиот човек на Левица Димитар Апасиев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Лајен и комесарот Оливер Вархеи.
Во објавите од вчера од ОМО Илинден Пирин информираат Македонците од Бугарија го одбележуваат раѓањето на Гоце Делчев и оти положиле цвеќе на споменикот во Благоевград, но исто така посочуваат и дека не им било дозволено да ги користат македонски знамиња. Прославата во чест на Гоце продолжила во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

The post ОМО Илинден Пирин бара бугарската полиција да открие кој го искрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

Oсмани во Софија уште што не ѝ се извини на Бугарија што Македонците отвораат свои клубови https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-sofija-ushte-shto-ne-se-izvini-na-bugarija-shto-makedoncite-otvoraat-svoi-klubovi/ Tue, 08 Nov 2022 11:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=571344

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во посета на Софија каде се сретна со привремените власти на Бугарија која има техничка влада.

И наместо како што е редот министерот од ДУИ да ги брани интересите на земјата која ја претставува, тој повеќе се грижеше за Бугарија и за т.н проблем со отворањето на клубот што неодамна го отворија припадниците на непризнаеното македонско малцинство.

Милков и Османи се сложиле дека не треба да се дозволи бројните провокации од групи и поединци во двете земји да го нарушат процесот на зајакнување на добрососедските односи.

-Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме сѐ за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други на ди ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, заедно со дипломатите од нашите министерства, во духот на европските вредности ќе продолжиме да градиме европска иднина за сите наши граѓани. Не треба да заборавиме дека сме ние актуелни сојузници во НАТО, идни партнери во Европската Унија, но пред сѐ пријатели и добри соседи, и очекувам нашата соработка да се развива соодветно, истакна Османи.

Го прашуваме министерот кои се тие групи кои сакаат провокации. Дали за провокатори ги смета оние кои го отворија клубот „ Никола Вапцаров“ чие здружение неговите денешни домаќини побрзаа да го затворат?

Министерот дури и најави оти ќе предложи Владата да го испрати Законот за здруженија во Венециската комисија за мислење. Ова е еден од ретките закони кој доби поддршка и од власта и опозицијата и нејасно е што му пречи на Османи?

Дали за него е спорно што во иднина нема да смејат да се отвораат клубови со имиња како Ванчо Михајлов“ или пак „Цар Борис“ и неговиот дедо Фердинад. Од друга страна Османи едвај дочека Бугарија да го затвори клубот „Никола Вапцаров“ кој навистина е личност кој може да обединува.

Чудни некои критериуми министре.

The post Oсмани во Софија уште што не ѝ се извини на Бугарија што Македонците отвораат свои клубови appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во посета на Софија каде се сретна со привремените власти на Бугарија која има техничка влада. И наместо како што е редот министерот од ДУИ да ги брани интересите на земјата која ја претставува, тој повеќе се грижеше за Бугарија и за т.н проблем со отворањето на клубот што неодамна го отворија припадниците на непризнаеното македонско малцинство. Милков и Османи се сложиле дека не треба да се дозволи бројните провокации од групи и поединци во двете земји да го нарушат процесот на зајакнување на добрососедските односи.
-Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме сѐ за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други на ди ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, заедно со дипломатите од нашите министерства, во духот на европските вредности ќе продолжиме да градиме европска иднина за сите наши граѓани. Не треба да заборавиме дека сме ние актуелни сојузници во НАТО, идни партнери во Европската Унија, но пред сѐ пријатели и добри соседи, и очекувам нашата соработка да се развива соодветно, истакна Османи.
Го прашуваме министерот кои се тие групи кои сакаат провокации. Дали за провокатори ги смета оние кои го отворија клубот „ Никола Вапцаров“ чие здружение неговите денешни домаќини побрзаа да го затворат? Министерот дури и најави оти ќе предложи Владата да го испрати Законот за здруженија во Венециската комисија за мислење. Ова е еден од ретките закони кој доби поддршка и од власта и опозицијата и нејасно е што му пречи на Османи? Дали за него е спорно што во иднина нема да смејат да се отвораат клубови со имиња како Ванчо Михајлов“ или пак „Цар Борис“ и неговиот дедо Фердинад. Од друга страна Османи едвај дочека Бугарија да го затвори клубот „Никола Вапцаров“ кој навистина е личност кој може да обединува. Чудни некои критериуми министре.

The post Oсмани во Софија уште што не ѝ се извини на Бугарија што Македонците отвораат свои клубови appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, немате сила и храброст да тропнете на маса https://republika.mk/vesti/makedonija/micevski-ne-sluchajno-se-odi-so-iminjata-car-boris-treti-i-ivan-mihajlov-nemate-sila-i-hrabrost-da-tropnete-na-masa/ Wed, 02 Nov 2022 20:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=568939

Самото име на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград со име „Никола Вапцаров“ значи клуб кој ќе значи културно зближување меѓу народите и државите и така треба да биде, ама тоа овде што се направи никој од вас дури ни Османи не го искоментира. Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, тука е проблемот бидејќи немате сила и храброст да тропнете на маса и да го решите ова и тоа е проблемот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Мицевски посочи дека се успеало да дојдат до едно законско решение кое претходно очигледно иако имало механизми тие се злоупотребувани и поради тоа се создаде нервоза која се случи со отворањето наменски на овие 2 бугарски клубови за „културна соработка“ кои направија ваква реакција во јавноста.

„Врз основа на ова решение сметам дека точно е детектирано кои ја има одговорноста, а не како досега со префрлање на одговорности за тоа кој требало да реши или не требал да реши дали одредено решение значи поттикнување или повикување на агресија, нацизам и фашизам“, кажа Мицевски.

Тој истакна дека ако претендираме да бидеме сериозна држава ова треба да го расчистиме.

„Очекувајќи дека Владата ќе реагира по ова прашање, видовме дека само се купуваше време или пак имаше разни изговори по оваа тема. Затоа го поднесовме законот за здруженија и фондации, и врз основа на ова законско решение се дојде до едно решение кое стриктно дефинира кои се оние начини на одредена програма, цели и дејности било кое здружение или фондација смее или не смее да ги има“, потенцираше Мицевски.

The post Мицевски: Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, немате сила и храброст да тропнете на маса appeared first on Република.

]]>

Самото име на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград со име „Никола Вапцаров“ значи клуб кој ќе значи културно зближување меѓу народите и државите и така треба да биде, ама тоа овде што се направи никој од вас дури ни Османи не го искоментира. Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, тука е проблемот бидејќи немате сила и храброст да тропнете на маса и да го решите ова и тоа е проблемот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија. Мицевски посочи дека се успеало да дојдат до едно законско решение кое претходно очигледно иако имало механизми тие се злоупотребувани и поради тоа се создаде нервоза која се случи со отворањето наменски на овие 2 бугарски клубови за „културна соработка“ кои направија ваква реакција во јавноста.
„Врз основа на ова решение сметам дека точно е детектирано кои ја има одговорноста, а не како досега со префрлање на одговорности за тоа кој требало да реши или не требал да реши дали одредено решение значи поттикнување или повикување на агресија, нацизам и фашизам“, кажа Мицевски.
Тој истакна дека ако претендираме да бидеме сериозна држава ова треба да го расчистиме.
„Очекувајќи дека Владата ќе реагира по ова прашање, видовме дека само се купуваше време или пак имаше разни изговори по оваа тема. Затоа го поднесовме законот за здруженија и фондации, и врз основа на ова законско решение се дојде до едно решение кое стриктно дефинира кои се оние начини на одредена програма, цели и дејности било кое здружение или фондација смее или не смее да ги има“, потенцираше Мицевски.

The post Мицевски: Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, немате сила и храброст да тропнете на маса appeared first on Република.

]]>
Клубот „Никола Вапцаров“ е дело на македонските служби, обвини бугарскиот дипломат Велизар Енчев https://republika.mk/vesti/balkan/klubot-nikola-vapcarov-e-delo-na-makedonskite-sluzbi-obvini-bugarskiot-diplomat-velizar-enchev/ Wed, 02 Nov 2022 19:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=568926

Бугарски новинар, политичар и дипломат Велизар Енчев денеска изјави дека финансирањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, како и на здружението на Македонци во Бугарија ОМО „Илинден-Пирин“ го вршат македонските безбедносни служби.

„Поради овие причини, бугарската страна наскоро ќе преземе соодветни дејствија како одговор на деструктивната активност на Агенцијата, вклучително и затворање на македонскиот клуб во Благоевград“, вели тој.

Во изјава за „Локално“, Енчев вели дека финансирањето на новоотворениот македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се врши директно од Агенцијата за разузнавање (АР) на Република Македонија, а оти таканаречените организации од Канада наведени како официјални спонзори на клубот, се само параван за македонското внатрешно разузнавање.

Коментирајќи го здружението на Македонци во Бугарија ОМО „Илинден-Пирин“, Енчев вели дека е организација создадена по 1989 година од југословенските тајни служби, а дека по осамостојувањето на Република Македонија, финансирањето на ОМО „Илинден“ е преземено од македонските разузнавачки и контраразузнавачки служби.

„Агенцијата за разузнавање не дозволува вакви остри активни настани меѓу Бугарите во Грција, кои се сметаат за Македонци од Скопје, бидејќи грчката страна не трпи таква активност и реагира крајно остро на македонизмот на Скопје. Поради овие причини, бугарската страна наскоро ќе преземе соодветни дејствија како одговор на деструктивната активност на Агенцијата, вклучително и затворање на македонскиот клуб во Благоевград“, вели тој.

Покрај ова, Енчев вели дека клубот е создаден од приватни лица кои припаѓаат на организација забранета како сепаратистичка, додавајќи дека Уставот на Република Бугарија „императивно го негира правото на постоење на политички партии на етничка, расна или верска основа“.

„Затоа, секоја манифестација на вакви организации ќе биде санкционирана од органите на прогонот“, додава тој.

Македонската Агенција за разузнавање, според Енчев, „ги насочува антибугарските активности“ на македонските здруженија во Канада, Австралија и САД, како и во Западна Европа. Тој потенцира дека македонското разузнавање стои и зад отворањето на Катедрата за македонистика во Западна и Источна Европа, со предавачи одобрени од АР.

„Разузнавачката агенција преку својата агенциска мрежа во Албанија директно интервенира во активностите на бугарските организации во Голо Брдо, обидувајќи се да ги асимилира и македонизира. Овој факт ѝ е добро познат на бугарската страна“, вели Енчев.

The post Клубот „Никола Вапцаров“ е дело на македонските служби, обвини бугарскиот дипломат Велизар Енчев appeared first on Република.

]]>

Бугарски новинар, политичар и дипломат Велизар Енчев денеска изјави дека финансирањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, како и на здружението на Македонци во Бугарија ОМО „Илинден-Пирин“ го вршат македонските безбедносни служби.
„Поради овие причини, бугарската страна наскоро ќе преземе соодветни дејствија како одговор на деструктивната активност на Агенцијата, вклучително и затворање на македонскиот клуб во Благоевград“, вели тој.
Во изјава за „Локално“, Енчев вели дека финансирањето на новоотворениот македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се врши директно од Агенцијата за разузнавање (АР) на Република Македонија, а оти таканаречените организации од Канада наведени како официјални спонзори на клубот, се само параван за македонското внатрешно разузнавање. Коментирајќи го здружението на Македонци во Бугарија ОМО „Илинден-Пирин“, Енчев вели дека е организација создадена по 1989 година од југословенските тајни служби, а дека по осамостојувањето на Република Македонија, финансирањето на ОМО „Илинден“ е преземено од македонските разузнавачки и контраразузнавачки служби.
„Агенцијата за разузнавање не дозволува вакви остри активни настани меѓу Бугарите во Грција, кои се сметаат за Македонци од Скопје, бидејќи грчката страна не трпи таква активност и реагира крајно остро на македонизмот на Скопје. Поради овие причини, бугарската страна наскоро ќе преземе соодветни дејствија како одговор на деструктивната активност на Агенцијата, вклучително и затворање на македонскиот клуб во Благоевград“, вели тој.
Покрај ова, Енчев вели дека клубот е создаден од приватни лица кои припаѓаат на организација забранета како сепаратистичка, додавајќи дека Уставот на Република Бугарија „императивно го негира правото на постоење на политички партии на етничка, расна или верска основа“.
„Затоа, секоја манифестација на вакви организации ќе биде санкционирана од органите на прогонот“, додава тој.
Македонската Агенција за разузнавање, според Енчев, „ги насочува антибугарските активности“ на македонските здруженија во Канада, Австралија и САД, како и во Западна Европа. Тој потенцира дека македонското разузнавање стои и зад отворањето на Катедрата за македонистика во Западна и Источна Европа, со предавачи одобрени од АР.
„Разузнавачката агенција преку својата агенциска мрежа во Албанија директно интервенира во активностите на бугарските организации во Голо Брдо, обидувајќи се да ги асимилира и македонизира. Овој факт ѝ е добро познат на бугарската страна“, вели Енчев.

The post Клубот „Никола Вапцаров“ е дело на македонските служби, обвини бугарскиот дипломат Велизар Енчев appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ковачевски ѝ рече на Мизрахи дека ќе оди во Благоевград, но го немаше, Бугарите го потсетиле какви обврски презел https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-kovachevski-reche-na-mizrahi-deka-kje-odi-vo-blagoevgrad-no-go-nemashe-bugarite-go-potsetile-kakvi-obvrski-prezel/ Mon, 31 Oct 2022 23:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=568044

Власта има дадено ветувања кои сега мора да ги реализираат, а едно од ветувањата е дека ќе ја променат суштината на македонската држава, македонскиот јазик, македонската нација. Да ги променат и корените кои македонската држава, нација и јазик кои си имаат свој јасен историски и политички континуитет кој оваа власт се обидува да го избрише и уништи, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој истакна дека затоа претседателот на владата не сакаше да се појави во Благоевград, а претседателот на државата лажеше, затоа што тој кажа дека не можел да се појави дека не добил покана, но откако доби покана, истиот кажа дека не можел да присуствува затоа што имал однапред преземено обврски.

– Да дојдеа Шолц или Макрон да разбереш зошто не можел да присуствува, но видовме дека Пендаровски го немаше никаде, што значи дека немал преземено обврски туку не смеел да се појави во Благоевград затоа што и тој има преземено обврски кон Бугарија и затоа само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во Благоевград, потенцираше Николоски.

Тој истакна дека од власта не смеат да се појават, мора да го реализираат тоа што го презеле како обврска.

– Колку и да ја потценуваме Бугарија, таа постои како држава веќе 150 години, има и толку институции и безбедносните служби им работат добро и овие кои се на власт кај нас да не мислат дека тоа што го презеле како обврска не е документирано. Им стигаат папки на масата што обврски преземале. Кога Димитар Ковачевски се охрабри во Собрание да рече дека ќе оди на отворањето на клубот ѝ рече на Рашела Мизрахи дека ќе оди, но вчера Рашела Мизрахи беше, но веројатно Ковачевски добил потсетување на биро, во кое го потсетиле што обврска презел, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека се додека имаме ваква власт каде на тацна ги имаат дадено националните интереси ние не можеме да очекуваме друг однос кон Македонија.

The post Николоски: Ковачевски ѝ рече на Мизрахи дека ќе оди во Благоевград, но го немаше, Бугарите го потсетиле какви обврски презел appeared first on Република.

]]>

Власта има дадено ветувања кои сега мора да ги реализираат, а едно од ветувањата е дека ќе ја променат суштината на македонската држава, македонскиот јазик, македонската нација. Да ги променат и корените кои македонската држава, нација и јазик кои си имаат свој јасен историски и политички континуитет кој оваа власт се обидува да го избрише и уништи, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој истакна дека затоа претседателот на владата не сакаше да се појави во Благоевград, а претседателот на државата лажеше, затоа што тој кажа дека не можел да се појави дека не добил покана, но откако доби покана, истиот кажа дека не можел да присуствува затоа што имал однапред преземено обврски.
– Да дојдеа Шолц или Макрон да разбереш зошто не можел да присуствува, но видовме дека Пендаровски го немаше никаде, што значи дека немал преземено обврски туку не смеел да се појави во Благоевград затоа што и тој има преземено обврски кон Бугарија и затоа само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во Благоевград, потенцираше Николоски.
Тој истакна дека од власта не смеат да се појават, мора да го реализираат тоа што го презеле како обврска.
– Колку и да ја потценуваме Бугарија, таа постои како држава веќе 150 години, има и толку институции и безбедносните служби им работат добро и овие кои се на власт кај нас да не мислат дека тоа што го презеле како обврска не е документирано. Им стигаат папки на масата што обврски преземале. Кога Димитар Ковачевски се охрабри во Собрание да рече дека ќе оди на отворањето на клубот ѝ рече на Рашела Мизрахи дека ќе оди, но вчера Рашела Мизрахи беше, но веројатно Ковачевски добил потсетување на биро, во кое го потсетиле што обврска презел, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека се додека имаме ваква власт каде на тацна ги имаат дадено националните интереси ние не можеме да очекуваме друг однос кон Македонија.

The post Николоски: Ковачевски ѝ рече на Мизрахи дека ќе оди во Благоевград, но го немаше, Бугарите го потсетиле какви обврски презел appeared first on Република.

]]>
Османи: Клубот во Благоевград е на штета на Македонците, тие не добија ништо, само ја поларизира бугарската јавност https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-klubot-vo-blagoevgrad-e-na-shteta-na-makedoncite-tie-ne-dobija-nishto-samo-ja-polarizira-bugarskata-javnost/ Mon, 31 Oct 2022 22:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=568027

Немаме ништо против отварање на клубови тука и таму, но според Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, граѓаните имаат право на здружување. Контекстот на појавување на овие клубови се гледа дека влегуваме во еден натпревар, во едно инструментализирање на луѓето. Ова е инструментализирање на финансиерите на овој клуб и тука нема добри намери, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“.

Османи, коментирајќи го отворањето на клубот во Благоевград рече дека овој циклус со инструментализирање на правата не е во духот на добрососедството.

Имало таму луѓе со најдобра намера, но сметам дека овој циклус на инструментализирање на малцинските права овде преку клубовите во Охрид и во Битола и клубот во Благоевград не е во духот на добрососедството. Тука имињата не беа добронамерни и не мислам дека тоа помагаше на бугарската заедница. Времето кога ова се случува и начинот на кој опозицијата се надоврзува за да „лови“ некои политички поени, сметам дека е обратно од она што ние сакаме да го правиме. Ние сакаме еден нормален циклус. Бугарската Влада погреши што дојде тука на отварање на клубот и тоа го сметавме за провокација, рече Османи.

Додаде оти не мисли дека Македонците таму добија нешто со овој клуб, освен што, како што кажа, „ја поларизираа бугарската јавност кон нив“. Ова, рече Османи, долгорочно ќе биде на штета на Македонците во Бугарија зашто се дел од процес на иснтрументализирање кој не е во функција на промоција на малцинските права.

Токму во интерес на Македонците во Бугарија и обратно е еден поинаков циклус на односи отколку овој негативен натрпевар што се случува повеќе од инает на другиот, отколку за промоција на сопствените вредности. Тоа е на штета на заедниците и на штета на добрососедските односи, рече Османи.

Отворањето на клубови, како што рече, мора да биде во духот на пријателството и добрососедството.

Министерот Османи се осврна и на уставните имени.

Во однос на уставните измени, моментумот е сега и веднаш по скринингот треба да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени. Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски геп. Ако уставните измени се остават после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени, рече Османи.

The post Османи: Клубот во Благоевград е на штета на Македонците, тие не добија ништо, само ја поларизира бугарската јавност appeared first on Република.

]]>

Немаме ништо против отварање на клубови тука и таму, но според Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, граѓаните имаат право на здружување. Контекстот на појавување на овие клубови се гледа дека влегуваме во еден натпревар, во едно инструментализирање на луѓето. Ова е инструментализирање на финансиерите на овој клуб и тука нема добри намери, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“. Османи, коментирајќи го отворањето на клубот во Благоевград рече дека овој циклус со инструментализирање на правата не е во духот на добрососедството.
Имало таму луѓе со најдобра намера, но сметам дека овој циклус на инструментализирање на малцинските права овде преку клубовите во Охрид и во Битола и клубот во Благоевград не е во духот на добрососедството. Тука имињата не беа добронамерни и не мислам дека тоа помагаше на бугарската заедница. Времето кога ова се случува и начинот на кој опозицијата се надоврзува за да „лови“ некои политички поени, сметам дека е обратно од она што ние сакаме да го правиме. Ние сакаме еден нормален циклус. Бугарската Влада погреши што дојде тука на отварање на клубот и тоа го сметавме за провокација, рече Османи.
Додаде оти не мисли дека Македонците таму добија нешто со овој клуб, освен што, како што кажа, „ја поларизираа бугарската јавност кон нив“. Ова, рече Османи, долгорочно ќе биде на штета на Македонците во Бугарија зашто се дел од процес на иснтрументализирање кој не е во функција на промоција на малцинските права.
Токму во интерес на Македонците во Бугарија и обратно е еден поинаков циклус на односи отколку овој негативен натрпевар што се случува повеќе од инает на другиот, отколку за промоција на сопствените вредности. Тоа е на штета на заедниците и на штета на добрососедските односи, рече Османи.
Отворањето на клубови, како што рече, мора да биде во духот на пријателството и добрососедството. Министерот Османи се осврна и на уставните имени.
Во однос на уставните измени, моментумот е сега и веднаш по скринингот треба да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени. Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски геп. Ако уставните измени се остават после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени, рече Османи.

The post Османи: Клубот во Благоевград е на штета на Македонците, тие не добија ништо, само ја поларизира бугарската јавност appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-vidno-beshe-deka-gragjanite-na-blagoevgrad-nemaa-nishto-protiv-ovoj-kulturen-klub/ Mon, 31 Oct 2022 11:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=567739

Вчерашниот настан при отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград мене како млад човек ми поттикна дилема која видно ме зачуди, како и ме инспирираше да ја споделам со моите пријатели, пишува директорот на Обединета македонска дијаспора, Гордан Јорданов, споделувајќи фотографии од вчерашното отворање.

На вчерашната средба со сите официјални и неофицијални лица покажа колку македонската култура е голема и сплотувачка кога е обединета. Лидери на партии, лидери на организации и неофицијални друштва, професори и поранешни амбасадори, сите заедно, разговараа и се поштуваа како Македонци, ширејќи ја позитивноста на културата и нејзиното глобално дејство.
Тоа мене ми покажа дека Македонија без разлика на никакви политички или идеолошки толкувања, сега, повеќе од било кога мора да изготви културно-едукативна национална стратегија, која ќе ги сплоти и обедини сите Македонски граѓани без разлика на своја домашна етничка, верска, полова или било каква друга припадност.
Стратегија која ќе ги учи децата и возрасните како да ја сакаат својата држава и ги почитуваат своите културни и историски знаменитости и дела, затоа што само тоа ги прави горди граѓани на една европска земја која ги почитува сите оние кои се раѓаат и живеат во неа.
Вчера имаше единство а не поделба, вчера имаше една цел, а тоа е ширење на македонска култура за меѓусебно почитување, а не омраза.
Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб и видно беше кој стои зад овие вештачки креации на бугарски закани.
Нема потреба да го именуваме, само би било коректно Европската Унија да направи евалуација за однесувањето на нејзините пратеници, пишува тој.

The post Јорданов: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот настан при отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград мене како млад човек ми поттикна дилема која видно ме зачуди, како и ме инспирираше да ја споделам со моите пријатели, пишува директорот на Обединета македонска дијаспора, Гордан Јорданов, споделувајќи фотографии од вчерашното отворање.
На вчерашната средба со сите официјални и неофицијални лица покажа колку македонската култура е голема и сплотувачка кога е обединета. Лидери на партии, лидери на организации и неофицијални друштва, професори и поранешни амбасадори, сите заедно, разговараа и се поштуваа како Македонци, ширејќи ја позитивноста на културата и нејзиното глобално дејство. Тоа мене ми покажа дека Македонија без разлика на никакви политички или идеолошки толкувања, сега, повеќе од било кога мора да изготви културно-едукативна национална стратегија, која ќе ги сплоти и обедини сите Македонски граѓани без разлика на своја домашна етничка, верска, полова или било каква друга припадност. Стратегија која ќе ги учи децата и возрасните како да ја сакаат својата држава и ги почитуваат своите културни и историски знаменитости и дела, затоа што само тоа ги прави горди граѓани на една европска земја која ги почитува сите оние кои се раѓаат и живеат во неа. Вчера имаше единство а не поделба, вчера имаше една цел, а тоа е ширење на македонска култура за меѓусебно почитување, а не омраза. Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб и видно беше кој стои зад овие вештачки креации на бугарски закани. Нема потреба да го именуваме, само би било коректно Европската Унија да направи евалуација за однесувањето на нејзините пратеници, пишува тој.

The post Јорданов: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб appeared first on Република.

]]>
Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани https://republika.mk/vesti/balkan/stojkov-otstranuvanjeto-na-bukvi-od-natpisot-na-klubot-e-delo-na-bugarski-huligani/ Mon, 31 Oct 2022 08:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=567620

Oткако слегнаа впечатоците од отворањето на македонскиот клуб во Благоевгад на сите еден детал им остави впечаток-а тоа е фалењето на букви во натписот на клубот.

Уште кога се подготвуваше отворањето на клубот забележително беше дека недостасува почетната буква „м“ во зборот „македонски“. Тогаш сите помислија дека можеби буквата самата се одлепила.

Но, на вчерашното отворање се виде дека ова не е случајност. Буквата „м“ беше вратена но сега фалеше „е“ апа се читаше дека клубот е „мак-донски“ а не македонски“.

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин за „Република“ објаснува зошто е тоа така.

Тоа е дело на хулиганите бугарски. Ова е втора таква буква. Сепак задоволни сме како помина отворањето на клубот-нагласува Стојков.

https://republika.mk/vesti/balkan/osnovachot-na-nikola-vapcarov-maznov-nashiot-klub-e-ranet-edna-bukva-popravivme-no-gledate-deka-fali-druga-bukva/

The post Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани appeared first on Република.

]]>

Oткако слегнаа впечатоците од отворањето на македонскиот клуб во Благоевгад на сите еден детал им остави впечаток-а тоа е фалењето на букви во натписот на клубот. Уште кога се подготвуваше отворањето на клубот забележително беше дека недостасува почетната буква „м“ во зборот „македонски“. Тогаш сите помислија дека можеби буквата самата се одлепила. Но, на вчерашното отворање се виде дека ова не е случајност. Буквата „м“ беше вратена но сега фалеше „е“ апа се читаше дека клубот е „мак-донски“ а не македонски“. Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин за „Република“ објаснува зошто е тоа така.
Тоа е дело на хулиганите бугарски. Ова е втора таква буква. Сепак задоволни сме како помина отворањето на клубот-нагласува Стојков.
https://republika.mk/vesti/balkan/osnovachot-na-nikola-vapcarov-maznov-nashiot-klub-e-ranet-edna-bukva-popravivme-no-gledate-deka-fali-druga-bukva/  

The post Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани appeared first on Република.

]]>
Ковачевски дезертираше и од отворањето на македонскиот клуб во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dezertirashe-i-od-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ Mon, 31 Oct 2022 07:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=567615

Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси.Дезертерот Ковачевски единствено што знае е да дезертира кога и е потребен на државата.Ковачевски не беше помеѓу Македонците од Бугарија, тој се откажа од нив, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозицијата ,Ковачевски е наследник на Заев кој ги создаде проблемите на Македонија и чија политика на виткање на кичма ја предизвика негацијата на јазикот, идентитетот и историјата.

Ковачевски е наследник на Заев, кој ја извади кованицата еден народ, и еден јазик, кои беа изненадување и за најголемите бугарски шовинисти.Сега може да види дека ниту тој, ниту Заев се Македонија, и дека штетата која тие ја нанесоа ќе се исправи, но народот нема да заборави како ги рушеа националните интереси.

The post Ковачевски дезертираше и од отворањето на македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси.Дезертерот Ковачевски единствено што знае е да дезертира кога и е потребен на државата.Ковачевски не беше помеѓу Македонците од Бугарија, тој се откажа од нив, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата ,Ковачевски е наследник на Заев кој ги создаде проблемите на Македонија и чија политика на виткање на кичма ја предизвика негацијата на јазикот, идентитетот и историјата.
Ковачевски е наследник на Заев, кој ја извади кованицата еден народ, и еден јазик, кои беа изненадување и за најголемите бугарски шовинисти.Сега може да види дека ниту тој, ниту Заев се Македонија, и дека штетата која тие ја нанесоа ќе се исправи, но народот нема да заборави како ги рушеа националните интереси.

The post Ковачевски дезертираше и од отворањето на македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Апасиев: „Флашката“ со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-flashkata-so-fashistichkite-pesni-od-blagoevgrad-e-vo-sigurni-race/ Sun, 30 Oct 2022 19:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=567535

На чист б'лгарски јазик, ФЛАШКА значело УСБ 🥳
Епа, "флашката" со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата ќе биде прописно форматирана. 😉

На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претседателот на Левица – Дими++тар Апасиев беше физички нападнат од, како што велат од партијата – бугарски уфрлен шовинист.

Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштија од Левица.

Всушност, атмосферата зоврела кога Апасиев му го одзел УСБ стикот на провокаторот од кој се ширела фашистичката музика.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konchita-vurst-predatel-apasiev-fizichki-napadnat-vo-blagoevgrad/

The post Апасиев: „Флашката“ со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце appeared first on Република.

]]>

На чист б'лгарски јазик, ФЛАШКА значело УСБ 🥳 Епа, "флашката" со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата ќе биде прописно форматирана. 😉
На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претседателот на Левица – Дими++тар Апасиев беше физички нападнат од, како што велат од партијата – бугарски уфрлен шовинист. Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштија од Левица. Всушност, атмосферата зоврела кога Апасиев му го одзел УСБ стикот на провокаторот од кој се ширела фашистичката музика. https://republika.mk/vesti/makedonija/konchita-vurst-predatel-apasiev-fizichki-napadnat-vo-blagoevgrad/

The post Апасиев: „Флашката“ со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце appeared first on Република.

]]>
Полицијата во Благоевград денес лично ја предводел бугарскиот министер за внатрешни https://republika.mk/vesti/makedonija/policijata-vo-blagoevgrad-denes-lichno-ja-predvodel-bugarskiot-minister-za-vnatreshni/ Sun, 30 Oct 2022 17:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=567507

Во Благоевград во текот на целиот ден беше присутен и министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, кој оперативно ги водеше акциите на локалната полиција, поради загриженост за немири по повод отворањето на македонскиот клуб во градот, пренесува дописникот на МИА од Софија. Според Демерџиев, имало потреба од силни безбедносни мерки.

Тој, како што пренесува дописникот на МИА од Софија, бил категоричен дека требало да се покаже дека Бугарија е правна држава, која е способна да одржува ред на својата територија и која е способна да организира цивилизиран тек на вакви настани, не дозволувајќи ексцеси и да покаже дека, за разлика од други земји во Бугарија нарушувања на редот не се толерираат.

Според Демерџиев „секој има право да го каже своето мислење во рамките на законот“.

Она што ќе го направиме е да го применуваме законот. Од тоа па натаму политичките пораки ќе бидат направени на соодветен начин од бугарската држава, коментира Дерменџиев.

Задачата на бугарските власти, според него, била да го зачуваат јавниот ред.

После тоа ќе ги користиме сите механизми на правото и политиката, додаде бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, кој ја пофали локалната полиција, за која рече, дека делувала исклучително професионално.

Демерџиев остварил и средби со градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов и регионалниот гувернер Николај Шушков.

На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, покрај голем број на Македонци од Македонија и од Бугарија, присуствуваа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, инаку и двајцата нападнати од провокатор, пред очите на бугарската полиција.

The post Полицијата во Благоевград денес лично ја предводел бугарскиот министер за внатрешни appeared first on Република.

]]>

Во Благоевград во текот на целиот ден беше присутен и министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, кој оперативно ги водеше акциите на локалната полиција, поради загриженост за немири по повод отворањето на македонскиот клуб во градот, пренесува дописникот на МИА од Софија. Според Демерџиев, имало потреба од силни безбедносни мерки. Тој, како што пренесува дописникот на МИА од Софија, бил категоричен дека требало да се покаже дека Бугарија е правна држава, која е способна да одржува ред на својата територија и која е способна да организира цивилизиран тек на вакви настани, не дозволувајќи ексцеси и да покаже дека, за разлика од други земји во Бугарија нарушувања на редот не се толерираат. Според Демерџиев „секој има право да го каже своето мислење во рамките на законот“.
Она што ќе го направиме е да го применуваме законот. Од тоа па натаму политичките пораки ќе бидат направени на соодветен начин од бугарската држава, коментира Дерменџиев.
Задачата на бугарските власти, според него, била да го зачуваат јавниот ред.
После тоа ќе ги користиме сите механизми на правото и политиката, додаде бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, кој ја пофали локалната полиција, за која рече, дека делувала исклучително професионално.
Демерџиев остварил и средби со градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов и регионалниот гувернер Николај Шушков. На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, покрај голем број на Македонци од Македонија и од Бугарија, присуствуваа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, инаку и двајцата нападнати од провокатор, пред очите на бугарската полиција.

The post Полицијата во Благоевград денес лично ја предводел бугарскиот министер за внатрешни appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Денес како политичари можевме да направиме едно единство за македонскиот народ, ама ете Владата не дојде https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-denes-kako-politichari-mozevme-da-napravime-edno-edinstvo-za-makedonskiot-narod-ama-ete-vladata-ne-dojde/ Sun, 30 Oct 2022 16:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=567492

Денес како политичари можевме да направиме едно единство, но за жал изостана таа можност за единство бидејќи Владата не присуствуваше денеска тука. Кога ќе се одлучат ете, дали ќе бидат Влада тогаш се уште кога тие ќе одлучат тие да го отвораат тој клуб треба да видиме. Но, и доколку бидам поканет се разбира дека ќе дојдам да ги поддржам овие луѓе уште еднашка без разлика кој го отвора македонскиот клуб, е можност да се направи национално единство, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека на настан како што беше денеска треба да биде причина кога политичките разлики треба да се стават на страна и да се обединат политичарите бидејќи националниот интерес треба да обединува.

Тука треба да се остават политичките разлики на страна и треба да се обединиме без разлика дали сме леви, десни, либерални или конзервативни. Ние треба тогаш да се обединиме бидејќи нашиот идентитет е сврзното ткиво. Македонскиот народ е тоа што нас треба да не обединува и нашиот национален интерес треба да не обединува, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Денес како политичари можевме да направиме едно единство за македонскиот народ, ама ете Владата не дојде appeared first on Република.

]]>

Денес како политичари можевме да направиме едно единство, но за жал изостана таа можност за единство бидејќи Владата не присуствуваше денеска тука. Кога ќе се одлучат ете, дали ќе бидат Влада тогаш се уште кога тие ќе одлучат тие да го отвораат тој клуб треба да видиме. Но, и доколку бидам поканет се разбира дека ќе дојдам да ги поддржам овие луѓе уште еднашка без разлика кој го отвора македонскиот клуб, е можност да се направи национално единство, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за вестите на Канал 5 телевизија. Мицкоски додаде дека на настан како што беше денеска треба да биде причина кога политичките разлики треба да се стават на страна и да се обединат политичарите бидејќи националниот интерес треба да обединува.
Тука треба да се остават политичките разлики на страна и треба да се обединиме без разлика дали сме леви, десни, либерални или конзервативни. Ние треба тогаш да се обединиме бидејќи нашиот идентитет е сврзното ткиво. Македонскиот народ е тоа што нас треба да не обединува и нашиот национален интерес треба да не обединува, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Денес како политичари можевме да направиме едно единство за македонскиот народ, ама ете Владата не дојде appeared first on Република.

]]>
Бугарската полиција ја претресуваше екипата на „Канал 5“, им барале и пасоши https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskata-policija-ja-pretresuvashe-ekipata-na-kanal-5-im-barale-i-pasoshi/ Sun, 30 Oct 2022 15:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=567472

Екипата на „Канал 5“ беше детално претресена од бугарската полиција во центарот на Благоевград во обид да стигне до македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, соопштија оттаму.

Како што соопштија од телевизијата, на снимателот Иван Поповиќ и новинарката Андријана Лазова им биле побарани пасоши и покрај тоа што истите им беа проверени при влез во Република Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“.

И покрај тоа што не влегуваа во ниту една бугарска институција, екипата на „Канал 5“ беше детално претресена среде улица, нешто што не е вообичаено кога акредитирани новинарски екипи известуваат од јавен простор, велат од „Канал 5“.

Видео тука

The post Бугарската полиција ја претресуваше екипата на „Канал 5“, им барале и пасоши appeared first on Република.

]]>

Екипата на „Канал 5“ беше детално претресена од бугарската полиција во центарот на Благоевград во обид да стигне до македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, соопштија оттаму. Како што соопштија од телевизијата, на снимателот Иван Поповиќ и новинарката Андријана Лазова им биле побарани пасоши и покрај тоа што истите им беа проверени при влез во Република Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“. И покрај тоа што не влегуваа во ниту една бугарска институција, екипата на „Канал 5“ беше детално претресена среде улица, нешто што не е вообичаено кога акредитирани новинарски екипи известуваат од јавен простор, велат од „Канал 5“. Видео тука

The post Бугарската полиција ја претресуваше екипата на „Канал 5“, им барале и пасоши appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ако навистина има пријателство и добрососедство, зошто на отворањето не дојде претставник од владата како што бугарски политичари дојдоа во Битола и Охрид? https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ako-navistina-ima-prijatelstvo-i-dobrososedstvo-zoshto-na-otvoranjeto-ne-dojde-pretstavnik-od-vladata-kako-shto-bugarski-politichari-dojdoa-vo-bitola-i-ohrid/ Sun, 30 Oct 2022 15:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=567464

Македонците од Бугарија се соочуваат со големи проблеми и тоа не е тајна, доказ за тоа што ниту една пресуда од Судот за човекови права во Стразбур за кршење на нивните права не е имплементрирана, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вклучувањето во дневникот на „Канал 5“ телевизија, од отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија.

Луѓето се навистина во тешка состојба, дел од нив се и затварани, дел од нив лежеле и во затвор заради тоа што се изјаснувале како Македонци и поради тоа што изразувале јавно поддршка на македонскиот народ и на нивната татковина Македонија. Јас она што им го кажав е, дека ја имаат нашата безрезервна поддршка, ги чекам во Скопје во нивната татковина, во нивната Македонија да дојдат да поразговараме како стратешки да пристапиме, рече Мицкоски.

За жал, вели Мицкоски, дел од нив велат дека се заборавени од актуелната владејачка гарнитура во Македонија и како што можевте да видите претставник на владата денеска немаше.

Имаше претставник од кабинетот на претседателот, имаше претставници од политички партии, но за жал изостана претставник на владата. Што навистина не е во насока на духот на пријателството и добрососедството, затоа што ако навистина има добрососедство и пријателство, не гледам причина да не бидат присутни тука исто како што беа дел од бугарските политичари присутни на отворањето на првиот клуб во Битола, а потоа и на вториот клуб во Охрид, истакна Мицкоски.

Мицкоски додава дека ВМРО-ДПМНЕ и тој лично како човек, посериозно ќе се ангажираат во наредниот период и ќе направат се што е во нивна моќ да им помогнат на нашинците во Бугарија.

Имаат нашинците овдека многу проблеми, ние како ВМРО-ДПМНЕ многу посериозно ќе се занимаваме во период кој што следи во насока на поддршка, помош и така натаму. И јас лично како човек ќе сторам се што е во моја моќ да им помогнам на овие луѓе, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Ако навистина има пријателство и добрососедство, зошто на отворањето не дојде претставник од владата како што бугарски политичари дојдоа во Битола и Охрид? appeared first on Република.

„Кончита Вурст“, „Предател“: Апасиев физички нападнат во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/konchita-vurst-predatel-apasiev-fizichki-napadnat-vo-blagoevgrad/ Sun, 30 Oct 2022 15:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=567461

На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претседателот на Левица - Димитар Апасиев беше физички нападнат од, како што велат од партијата - бугарски уфрлен шовинист.

Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштија од Левица.

Тие споделуваат и видео од физичкиот напад, на кое може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат „Македонија".

Истиот лик се соочи и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ладно му порача „Не ми мафтај со раката“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mi-maftaj-so-rakata-mickoski-mu-objasni-na-bugarskiot-provokator/

На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое срамно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов. Претседателот Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови!, порачаа од Левица.

На денешната пред-конференција, пак, премиерот Димитар Ковачевски рече дека не бил во Благоевград зошто имал владина седница, но и дека вакви клубови можеле да постојат само поради Договорот за добрососедство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-milo-mi-e-shto-mickoski-i-apasiev-moze-slobodno-da-odat-i-da-se-raduvaat-na-kulturen-klub-vo-bugarija/

The post „Кончита Вурст“, „Предател“: Апасиев физички нападнат во Благоевград appeared first on Република.

]]>

На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претседателот на Левица - Димитар Апасиев беше физички нападнат од, како што велат од партијата - бугарски уфрлен шовинист.
Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштија од Левица.
Тие споделуваат и видео од физичкиот напад, на кое може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат „Македонија". Истиот лик се соочи и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ладно му порача „Не ми мафтај со раката“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mi-maftaj-so-rakata-mickoski-mu-objasni-na-bugarskiot-provokator/
На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое срамно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов. Претседателот Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови!, порачаа од Левица.
На денешната пред-конференција, пак, премиерот Димитар Ковачевски рече дека не бил во Благоевград зошто имал владина седница, но и дека вакви клубови можеле да постојат само поради Договорот за добрососедство. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-milo-mi-e-shto-mickoski-i-apasiev-moze-slobodno-da-odat-i-da-se-raduvaat-na-kulturen-klub-vo-bugarija/

The post „Кончита Вурст“, „Предател“: Апасиев физички нападнат во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Мило ми е што Мицкоски и Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-milo-mi-e-shto-mickoski-i-apasiev-moze-slobodno-da-odat-i-da-se-raduvaat-na-kulturen-klub-vo-bugarija/ Sun, 30 Oct 2022 15:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=567457

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека тоа што македонски граѓани денеска може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија е една од придобивките на договорот со соседна Бугарија, а најави дека Владата ќе поднесе официјално барање до владата во Софија со цел отворање на Културно информативен центар на Македонија во Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за тоа зошто не присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Ковачевски рече дека не бил во Бугарија затоа што знаел дека денеска ќе има седница на Влада, токму за справување со енергетската криза.

Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа, изјави Коавечсвки.

Единствено, нагласи тој, барам секогаш да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава.

За тоа дали можеби наредната недела ќе го посети клубот, Ковачевски рече дека следната недела ќе биде во Берлин на конференција за берлинската иницијатива, каде ќе има потпишување договори со земјите од Западен Балкан.

Владата ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на Културно информативен центар на Cеверна Македонија во Бугарија, како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и каде што ќе можат сите граѓани кои се самоопределуваат како Македонци да го посетуваат и да се запознаваат со нашата култура и литература. Со се она што значи македонско наследство, како оние што се самоопределуваат како Македонци, така и оние кои што се самоопределуваат на друг начин, за да можат да се запознаат со нашата култура, изјави Ковачевски.

Во однос на изјавата дека бугарските власти треба да истражат кој стои за отворање на клубот во Благоевград, Ковачевски рече дека тоа го кажал во однос на регистрацијата, дека тоа кај нас го прават нашите институции, додека во други држави, тоа го прават нивните институции.

Не можат наши институции да прават во друга држава, ниту пак може друга држава да прави било какви проверки во нашите институции во нашата држава. Тоа беше одговорот, изјави Ковачевски.

Ковачевски, исто така, рече дека тој е премиерот што вети дека Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ со чист македонски јазик и со заштитен идентитет и дека со потпишувањето на договорот со Фронтекс тоа е потврдено.

Со потпишувањето на договорот со Фронтекс пред само неколку дена во присуство на претседателката на ЕК, каде што нашиот чист македонски јазик е ставен на ист договор со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 27 земји членки, го потврдивме и ги исполнив своето ветување, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски: Мило ми е што Мицкоски и Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека тоа што македонски граѓани денеска може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија е една од придобивките на договорот со соседна Бугарија, а најави дека Владата ќе поднесе официјално барање до владата во Софија со цел отворање на Културно информативен центар на Македонија во Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за тоа зошто не присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Ковачевски рече дека не бил во Бугарија затоа што знаел дека денеска ќе има седница на Влада, токму за справување со енергетската криза.
Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа, изјави Коавечсвки.
Единствено, нагласи тој, барам секогаш да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава. За тоа дали можеби наредната недела ќе го посети клубот, Ковачевски рече дека следната недела ќе биде во Берлин на конференција за берлинската иницијатива, каде ќе има потпишување договори со земјите од Западен Балкан.