клиника „Жан Митрев“ Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-zan-mitrev/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 13:03:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клиника „Жан Митрев“ Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-zan-mitrev/ 32 32 Хаџивасилева: Не сакаме да ја блокираме болницата „Жан Митрев“, обвинетиот може да понуди и друга гаранција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/hadhivasileva-ne-sakame-da-ja-blokirame-bolnitsata-zhan-mitrev-obvinetiot-mozhe-da-ponudi-i-druga-garantsija/ Tue, 28 Feb 2023 12:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=614264

Обвинителството нема намера да го блокира работењето на болницата „Жан Митрев”, вели обвинителката Искра Хаџивасилева од ОЈО Скопје за блокираните сметки на клиниката откако оттаму утрово се пожалија дека не можат да функционираат.

Барањето за блокирање сметки е од пред неколку месеци, а судот донесе одлука непосредно пред почнувањето на судскиот процес. Обвинителката вели дека таа мора да води грижа и за побарувањата на оштетените пациенти и семејства, а на обвинетиот Жан Митрев му порача дека може да понуди и друга гаранција, па да се одмрзнат сметките. Тоа, нагласи, го дозволува и законот.

Ова е нешто што трае подолго време. Обвинителството повтори дека не е негова претензија да се блокира работата на болницата, напротив, се водевме од начелата на пропорционалност. Сега имате од страна интерес на оштетени и нивното правото на побарување кое е пријавено, јас чувствувам обврска да го заштитам истото, но повторено е многупати како и денес дека одбраната може и апсолутно е прифатливо да понуди износ како гаранција за таквото побарување. Тоа е нешто што обвинителството и тоа како ќе го цени дури и го охрабрува, изјави обвинителката.

Жан Митрев и болницата како правно лице се обвинети за кривичното дело измама, а предметот е поврзан со користење на методот на хемофилтрација кај ковид-пациенти за што обвинителството тврди дека докторот не смеел да го прикажува како алтернатива за лекување од овој вирус. Докторот и сопственик на клиниката денеска се појави во Основниот кривичен суд Скопје на првото закажано рочиште, но тоа се одложи бидејќи тој ангажирал нови адвокати кои бараа време за да се запознаат со предметот. Коментирајќи го одложувањето, обвинителката рече дека неговото право на одбрана е неприкосновено, но треба да биде и гаранција понатаму за неговото присуство во судскиот процес.

The post Хаџивасилева: Не сакаме да ја блокираме болницата „Жан Митрев“, обвинетиот може да понуди и друга гаранција appeared first on Република.

]]>

Обвинителството нема намера да го блокира работењето на болницата „Жан Митрев”, вели обвинителката Искра Хаџивасилева од ОЈО Скопје за блокираните сметки на клиниката откако оттаму утрово се пожалија дека не можат да функционираат. Барањето за блокирање сметки е од пред неколку месеци, а судот донесе одлука непосредно пред почнувањето на судскиот процес. Обвинителката вели дека таа мора да води грижа и за побарувањата на оштетените пациенти и семејства, а на обвинетиот Жан Митрев му порача дека може да понуди и друга гаранција, па да се одмрзнат сметките. Тоа, нагласи, го дозволува и законот.
Ова е нешто што трае подолго време. Обвинителството повтори дека не е негова претензија да се блокира работата на болницата, напротив, се водевме од начелата на пропорционалност. Сега имате од страна интерес на оштетени и нивното правото на побарување кое е пријавено, јас чувствувам обврска да го заштитам истото, но повторено е многупати како и денес дека одбраната може и апсолутно е прифатливо да понуди износ како гаранција за таквото побарување. Тоа е нешто што обвинителството и тоа како ќе го цени дури и го охрабрува, изјави обвинителката.
Жан Митрев и болницата како правно лице се обвинети за кривичното дело измама, а предметот е поврзан со користење на методот на хемофилтрација кај ковид-пациенти за што обвинителството тврди дека докторот не смеел да го прикажува како алтернатива за лекување од овој вирус. Докторот и сопственик на клиниката денеска се појави во Основниот кривичен суд Скопје на првото закажано рочиште, но тоа се одложи бидејќи тој ангажирал нови адвокати кои бараа време за да се запознаат со предметот. Коментирајќи го одложувањето, обвинителката рече дека неговото право на одбрана е неприкосновено, но треба да биде и гаранција понатаму за неговото присуство во судскиот процес.

The post Хаџивасилева: Не сакаме да ја блокираме болницата „Жан Митрев“, обвинетиот може да понуди и друга гаранција appeared first on Република.

]]>
Судот ѝ ја блокира сметката на клиниката „Жан Митрев“ еден ден пред почетокот на судскиот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-ja-blokira-smetkata-na-klinikata-zhan-mitrev-eden-den-pred-pochetokot-na-sudskiot-protses/ Tue, 28 Feb 2023 07:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=613958

Клиниката „Жан Митрев“ сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд  е донесено решение за определување на предлог-мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата, која е здравствена организација од јавен интерес.

Клиниката „Жан Митрев“ од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање.

Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.

Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седуммесечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.

Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката „Жан Митрев“.

Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“  Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.

Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката „Жан Митрев“.

The post Судот ѝ ја блокира сметката на клиниката „Жан Митрев“ еден ден пред почетокот на судскиот процес appeared first on Република.

И „Жан Митрев“ ќе го тужи Марјан Доказ за клевета, притисок и рекет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-zhan-mitrev-ke-go-tuzhi-marjan-dokaz-za-kleveta-pritisok-i-reket/ Sat, 11 Feb 2023 08:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=607649

Клиниката „Жан Митрев“ ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски, како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.

Од клиниката преку соопштение ја информираат јавноста дека очекуваат клучна информација од предистражната постапка да биде дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ со работата на истражителите на ЈО кои ја водат против оваа клиника.

Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.

Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. 

Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија, велат од клиниката „Жан МИтрев“.

Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.

Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот.

Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение.

The post И „Жан Митрев“ ќе го тужи Марјан Доказ за клевета, притисок и рекет appeared first on Република.

Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/ Wed, 25 Jan 2023 14:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=600929

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот за Клиниката „Жан Митрев“ и за докторот. Митрев, елаборирајќи го односот од страна на ИРЛ кон сите медиуми и новинари што ќе објават информација или интервју со него, посочува на непостоење на елементарното право на слобода на говор и мислење а со тоа и нарушување на Кодексот на новинари со постојани напади на независно изнесените факти и страната на Клиниката „Жан Митрев“.

Сведоци сте дека секој обид да ја прикажам мојата страна на приказната во јавност наоѓа на напади кон мене и новинарите кои ме интервјуираат или ја пренесуваат веста. Сакам да ви поставам прашање според кој етички новинарски кодекс јас не смеам да ја кажам својата страна и според која колегијалност секој новинар што ќе разговара со мене треба да се стави на јавен линч. Дали новинарите на ИРЛ се и истражители, и адвокати, и обвинители, и судии? Дали според некој кодекс нивниот збор треба да е последен и дали јас како личност немам право да комуницирам со новинари? Не го разбирам јас овој концепт на новинарство кога некој не смее да каже нешто. Нели сите сме за почитување на јавно искажаниот став без разлика каков е и за слобода на говорот. Зарем мене треба таа слобода да ми биде одземена бидејќи некој сака да ме прикаже во светло кое не е вистината. Дали јас не треба да се обидам да ја прикажам вистината? Ве прашувам Вас бидејќи најлошо е некој да се обиде да се замолчи, а во исто време да се линчува јавно без никаква причина, пишува во писмото д-р Митрев.

Со целосно разбирање за новинарската професија и истражувачкото новинарство, како што вели д-р Митрев тој отворено го поздравува секој чекор на истражувачко новинарство, но „вистинско и со јасно претставување на двете страни“. Тој во писмото до претседателот на ЗНМ, ја објаснува својата позиција во која се наоѓа и причините што доведоа до тоа.

Се соочувам со можеби најтешката криза што ја имам лично и мојата Клиника поради натписите во ИРЛ каде бев обвинет дека правам експерименти врз пациенти, дека не сум доктор, дека „заработувам“ на здравјето на луѓето. Употребени беа квалификации како „убиец“, „д-р Менгеле“ и слични зборови на омраза со кои неосновано ме етикетира во нешто што јас не сум. Работам во оваа држава со децении, се обидувам да направам најдобро што можам и искрено се обидувам да бидам максимално толерантен на сите напади. Особено бидејќи станува збор за човечки животи. Со вашиот претставник имавме комуникација кога се снимаше интервјуто на ИРЛ каде сакав само да се заштитам од вадење од контекст на моите одговори што и самиот сте свесен се случува понекогаш во некој новинарски прилог, некогаш поради временското ограничување, некогаш поради немарност. Со ИРЛ бевме договорени да се објави целосното интервју по емисијата на каналот YouTube што истото не беше испочитувано. Не барав многу од нив за да не добијам ништо, вели тој.

Д-р Митрев во писмото уште потенцира дека заради разбирање на сензитивноста на новинарската работа, ја повлече тужбата за ИРЛ, но истовремено не разбира како овој личен чин е негативен.

Не разбирам зошто додека трае процесот не смеам да се појавам во јавност? Па јас сум обвинет, не сум осуден. Дали ме осудија вашите колеги пред судот? Дали ми го одземаат зборот што имам право да го кажам? Вас ве молам за разбирање на ситуацијата во којашто се наоѓам. Не сакам да креирам дополнителни проблеми, но не сакам да останам нем за да задоволам нечии задни намери. Ќе продолжам да работам, да се борам да ја докажам вистината и Ве молам да ги заштитите Вашите колеги кои се ставени на јавен линч поради мене, го завршува писмото д-р Митрев.

The post Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? appeared first on Република.

Се огласи клиниката „Жан Митрев“: Се гледаме на суд https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-klinikata-zhan-mitrev-se-gledame-na-sud/ Tue, 10 Jan 2023 11:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=595332

Се гледаме на суд е одговор на Kлинката „Жан Митрев“ денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев  за измама. Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

https://republika.mk/vesti/makedonija/podneseno-obvinenie-protiv-zhan-mitrev/

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина.

The post Се огласи клиниката „Жан Митрев“: Се гледаме на суд appeared first on Република.

Поднесено обвинение против Жан Митрев https://republika.mk/vesti/makedonija/podneseno-obvinenie-protiv-zhan-mitrev/ Tue, 10 Jan 2023 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=595297

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев како физичко лице, како и против правниот субјект приватната болница “Жан Митрев”.

Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

Според објаснувањето на надлежниот обвинител, Искра Хаџи Василева се прикривале клучни факти и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите, кои се лекувале во болницата

Целта на обвинителството е докажување дека обвинетиот, во случајот Жан Митрев сакал да ги доведе во заблуда за прибавување против правна корист, дознава „Фокус.мк“

The post Поднесено обвинение против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев како физичко лице, како и против правниот субјект приватната болница “Жан Митрев”. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Според објаснувањето на надлежниот обвинител, Искра Хаџи Василева се прикривале клучни факти и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите, кои се лекувале во болницата Целта на обвинителството е докажување дека обвинетиот, во случајот Жан Митрев сакал да ги доведе во заблуда за прибавување против правна корист, дознава „Фокус.мк“

The post Поднесено обвинение против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>
На Божик време е за простување: Жан Митрев ја повлече тужбата кон ИРЛ https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bozhik-vreme-e-za-prostuvane-zhan-mitrev-ja-povleche-tuzhbata-kon-irl/ Sun, 08 Jan 2023 13:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=594606

Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Ова го вели д-р Жан Митрев, кој реши да ја повлече тужбата кон медиумот, кој, како што вели, изнесувал невистини за него.

-Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата. Христос се роди. Честит Божиќ, вели д-р Митрев!

The post На Божик време е за простување: Жан Митрев ја повлече тужбата кон ИРЛ appeared first on Република.

]]>

Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо. Ова го вели д-р Жан Митрев, кој реши да ја повлече тужбата кон медиумот, кој, како што вели, изнесувал невистини за него. -Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата. Христос се роди. Честит Божиќ, вели д-р Митрев!

The post На Божик време е за простување: Жан Митрев ја повлече тужбата кон ИРЛ appeared first on Република.

]]>
Клиника „Жан Митрев“: Ниту денар не е земено повеќе од пациентите за време на пандемијата https://republika.mk/zivot/zdravje/klinika-zan-mitrev-nitu-denar-ne-e-zemeno-povekje-od-pacientite-za-vreme-na-pandemijata/ Tue, 08 Nov 2022 12:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=571406

Клиника „Жан Митрев“ ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите.

Стотици странски државјани дојдоа за време на Ковид и за нивното лекување платија реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, ова е показател за ревносното финансиско работење на Клиниката, а успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор, се вели во соопштението испратено од клиниката „Жан Митрев“ Скопје.

Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе им вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ковид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство, нагласува д-р Жан Митрев.

Според д-р Митрев, во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите.

Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста којашто во клиниката е ниска во време на КОВИД. Според деталните болнички извештаи во „Жан Митрев“ клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од Ковид-19 во „Жан Митрев“ клиника изнесува 74,6%.

Од пациентите кои се третирале од Ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Според д-р Митрев, бактериските инфекции во време на КОВИД биле поради имунодефицитна состојба на пациентите како последица на прекумерно користење антибиотици и кортикостероиди.

Во Жан Митрев клиника никој не криел интрахоспитални инфекции, во КОВИД пандемијата најголем број од инфекциите пациентите веќе ги имаа со себе и беа третирани соодветно. Горд сум што успеав да воспоставам нови стандарди во приватниот здравствен сектор со подигнување на нивото на квалитет на услугите. Среќен сум што зад мене има тим на врвни професионалци кои секојдневно се борат за човечки животи. И навистина ми паѓа тешко кога некој нè обвинува дека сме заработувале на нечија туѓа несреќа. Ова се фактите и бројките што говорат за тоа како се одвиваше лекувањето и третманот на пациентите во Жан Митрев клиника. Со овие бројки располагаат и институциите и тие ќе ја докажат вистината, потенцира д-р Митрев.

The post Клиника „Жан Митрев“: Ниту денар не е земено повеќе од пациентите за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Клиника „Жан Митрев“ ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите. Стотици странски државјани дојдоа за време на Ковид и за нивното лекување платија реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, ова е показател за ревносното финансиско работење на Клиниката, а успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор, се вели во соопштението испратено од клиниката „Жан Митрев“ Скопје.
Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе им вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ковид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство, нагласува д-р Жан Митрев.
Според д-р Митрев, во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите.
Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста којашто во клиниката е ниска во време на КОВИД. Според деталните болнички извештаи во „Жан Митрев“ клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од Ковид-19 во „Жан Митрев“ клиника изнесува 74,6%.
Од пациентите кои се третирале од Ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи. Според д-р Митрев, бактериските инфекции во време на КОВИД биле поради имунодефицитна состојба на пациентите како последица на прекумерно користење антибиотици и кортикостероиди.
Во Жан Митрев клиника никој не криел интрахоспитални инфекции, во КОВИД пандемијата најголем број од инфекциите пациентите веќе ги имаа со себе и беа третирани соодветно. Горд сум што успеав да воспоставам нови стандарди во приватниот здравствен сектор со подигнување на нивото на квалитет на услугите. Среќен сум што зад мене има тим на врвни професионалци кои секојдневно се борат за човечки животи. И навистина ми паѓа тешко кога некој нè обвинува дека сме заработувале на нечија туѓа несреќа. Ова се фактите и бројките што говорат за тоа како се одвиваше лекувањето и третманот на пациентите во Жан Митрев клиника. Со овие бројки располагаат и институциите и тие ќе ја докажат вистината, потенцира д-р Митрев.

The post Клиника „Жан Митрев“: Ниту денар не е земено повеќе од пациентите за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrev-so-hemofiltracija-samo-lechevme-ne-pravevme-eksperimenti/ Wed, 19 Oct 2022 12:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=563125

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?

Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.

До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација.

Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.

Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?
Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.
До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација. Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.
Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>
Kомисијата за заразни болести не дискутирала за хемофилтрацијата кај „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-diskutirala-za-hemofiltracijata-kaj-zan-mitrev/ Fri, 22 Jul 2022 20:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=532283

Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.

– Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од  „интерлеукин 6“, истакна д-р Петличковски

The post Kомисијата за заразни болести не дискутирала за хемофилтрацијата кај „Жан Митрев“ appeared first on Република.

Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби https://republika.mk/vesti/makedonija/klinika-zan-mitrev-odgovornite-lica-od-bolnicata-denovive-ja-dostavuvaat-baranata-dokumentacija-do-inspekciskite-sluzbi/ Thu, 21 Jul 2022 15:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=531883

Во последните неколку денови одговорните лица од Клиничката болница „Жан Митрев“ се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, ДСЗИ, како и Основното јавно обвинителство и МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од приватната клиника „Жан Митрев“.

Како и досега, посочуваат во соопштението, „во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи“.

Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од превремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации, наведуваат од Клиниката.

Обвинителството во понеделникот по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.

Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватна болница, за време на Ковид-19 пандемијата го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

The post Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби appeared first on Република.

]]>

Во последните неколку денови одговорните лица од Клиничката болница „Жан Митрев“ се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, ДСЗИ, како и Основното јавно обвинителство и МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од приватната клиника „Жан Митрев“. Како и досега, посочуваат во соопштението, „во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи“.
Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од превремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации, наведуваат од Клиниката.
Обвинителството во понеделникот по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватна болница, за време на Ковид-19 пандемијата го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

The post Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби appeared first on Република.

]]>
Владата се запознала со случајот „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-se-zapoznala-so-sluchajot-zan-mitrev/ Wed, 20 Jul 2022 20:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=531597

Владата денеска ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“.

Според Информацијата, на 18јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021год., а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Министерството за здравство информираше дека нило побарано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“,Скопје во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Македонија за период 2019год. до јули 2022 год.

Од Агенцијата за лекови и медициски средства МАЛМЕД како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на  хемофилтрацијата при третман на КОВИД-19 пациенти.

На ден 19 јули 2022година Државниот санитарен и здравствен инспекторат го достави  извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Македонија за период 2019год. до јули 2022год.според кој во тековниот период направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот.

На ден 20 јули 2022 година формирана е комисија за вршење на стручен надзор, а во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациентите со КОВИД-19 во Приватната здравствена установа „Клиничка болница Жан Митрев“, Скопје.

Во следниот период Министерството за здравство ќе направи анализа на добиените извештаи по која  ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања.

The post Владата се запознала со случајот „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“. Според Информацијата, на 18јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021год., а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Министерството за здравство информираше дека нило побарано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“,Скопје во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Македонија за период 2019год. до јули 2022 год. Од Агенцијата за лекови и медициски средства МАЛМЕД како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на  хемофилтрацијата при третман на КОВИД-19 пациенти. На ден 19 јули 2022година Државниот санитарен и здравствен инспекторат го достави  извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Македонија за период 2019год. до јули 2022год.според кој во тековниот период направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот. На ден 20 јули 2022 година формирана е комисија за вршење на стручен надзор, а во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациентите со КОВИД-19 во Приватната здравствена установа „Клиничка болница Жан Митрев“, Скопје. Во следниот период Министерството за здравство ќе направи анализа на добиените извештаи по која  ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања.

The post Владата се запознала со случајот „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>
Шабани од МАЛМЕД: Никој не вели дека немало клиничко испитување, туку дека за да се санкционира треба да се потврди https://republika.mk/vesti/makedonija/shabani-od-malmed-nikoj-ne-veli-deka-nemalo-klinichko-ispituvanje-tuku-deka-za-da-se-sankcionira-treba-da-se-potvrdi/ Wed, 20 Jul 2022 10:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=531369

Да се даде време за утврдување на наодите за клиниката „Жан Митрев“ согласно законите и прописите. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите, рече денеска директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Лирим Шабани.

Шабани на прес-конференцијата во врска со случајот „Брезев“ и работењето на клиничката болница „Жан Митрев“ на која присуствуваат министерот за здравство Беким Сали, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) Иринка Сотровска Бухова, како и претседателката на Лекарската комора Калина Кривчева Старделова, порача дека никој не е над законот и дека тој што згрешил, ќе одговара за своите постапки.

Тој информира дека веќе се закажани две комисии, етичка и комисија за клинички испитувања кои ќе работат на случајот.

Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување. Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите. Во меѓувреме тече состанокот меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите, истакна Шабани.

Според него, не може ништо да се тврди ад-хок, ако претходно не се докаже.

Ако вели некој дека нема изјава од пациенти, не можеме да кажеме дали има или нема. Ги викнавме луѓето да достават документација. Агенцијата за лекови прати инспекција пред да се објави документарецот, им даде пет дена рок, до вчера попладне доставија дел од документацијата, денеска се дојдени за објаснување. Закажана е Комисија за клинички испитувања, а ќе заседава и Етичка комисија. Дајте барем малку време да се потврдат наодите. Што и да се утврди, ќе се постапи соодветно, рече Шабани.

Претходно, директорката на ДЗСИ соопшти дека во клиниката „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори. Министерот Сали, пак, порача дека случајот „Брезев“ ќе се тера до крај.

The post Шабани од МАЛМЕД: Никој не вели дека немало клиничко испитување, туку дека за да се санкционира треба да се потврди appeared first on Република.

]]>

Да се даде време за утврдување на наодите за клиниката „Жан Митрев“ согласно законите и прописите. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите, рече денеска директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Лирим Шабани. Шабани на прес-конференцијата во врска со случајот „Брезев“ и работењето на клиничката болница „Жан Митрев“ на која присуствуваат министерот за здравство Беким Сали, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) Иринка Сотровска Бухова, како и претседателката на Лекарската комора Калина Кривчева Старделова, порача дека никој не е над законот и дека тој што згрешил, ќе одговара за своите постапки. Тој информира дека веќе се закажани две комисии, етичка и комисија за клинички испитувања кои ќе работат на случајот.
Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување. Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите. Во меѓувреме тече состанокот меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите, истакна Шабани.
Според него, не може ништо да се тврди ад-хок, ако претходно не се докаже.
Ако вели некој дека нема изјава од пациенти, не можеме да кажеме дали има или нема. Ги викнавме луѓето да достават документација. Агенцијата за лекови прати инспекција пред да се објави документарецот, им даде пет дена рок, до вчера попладне доставија дел од документацијата, денеска се дојдени за објаснување. Закажана е Комисија за клинички испитувања, а ќе заседава и Етичка комисија. Дајте барем малку време да се потврдат наодите. Што и да се утврди, ќе се постапи соодветно, рече Шабани.
Претходно, директорката на ДЗСИ соопшти дека во клиниката „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори. Министерот Сали, пак, порача дека случајот „Брезев“ ќе се тера до крај.

The post Шабани од МАЛМЕД: Никој не вели дека немало клиничко испитување, туку дека за да се санкционира треба да се потврди appeared first on Република.

]]>
Сали: Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, моментно средба на стручни тимови од „МАЛМЕД“ и „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-sluchajot-brezev-kje-se-tera-do-kraj-momentno-sredba-na-struchni-timovi-od-malmed-i-zan-mitrev/ Wed, 20 Jul 2022 09:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=531344

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи, рече денеска министерот за здравство Беким Сали.

Сали на прес-конференција информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи.

Според министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во последните три години направил 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во 12 приватни здравствени установи. Детали соопшти директорката Иринка Сотировска Бухова, информирајќи дека конкретно во „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори.

Сали на прес-конференцијата претходно ја објасни методата на хемофилтрација која, нагласи, се користи при третман на пациенти во тешка состојба, сместени на интензивна нега.

Дали методата е применувана согласно строгите критериуми и индикации, треба да процени стручен надзор од експерти во соодветните области, подвлече министерот.

Сали потенцира и дека Министерството за здравство останува отворено за соработка за сите институции на барање на ОЈО.

The post Сали: Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, моментно средба на стручни тимови од „МАЛМЕД“ и „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи, рече денеска министерот за здравство Беким Сали. Сали на прес-конференција информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи. Според министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во последните три години направил 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во 12 приватни здравствени установи. Детали соопшти директорката Иринка Сотировска Бухова, информирајќи дека конкретно во „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори. Сали на прес-конференцијата претходно ја објасни методата на хемофилтрација која, нагласи, се користи при третман на пациенти во тешка состојба, сместени на интензивна нега.
Дали методата е применувана согласно строгите критериуми и индикации, треба да процени стручен надзор од експерти во соодветните области, подвлече министерот.
Сали потенцира и дека Министерството за здравство останува отворено за соработка за сите институции на барање на ОЈО.

The post Сали: Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, моментно средба на стручни тимови од „МАЛМЕД“ и „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>
Сали денеска ќе објави детали за случајот со „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-deneska-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-zan-mitrev/ Wed, 20 Jul 2022 08:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=531316

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија.

Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“ и дека Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.

Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.

Oд Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали на прес-конференцијата во понеделникот.

По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет.

Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.

Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва.

The post Сали денеска ќе објави детали за случајот со „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија. Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“ и дека Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација. Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.
Oд Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали на прес-конференцијата во понеделникот.
По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет. Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган. Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва.

The post Сали денеска ќе објави детали за случајот со „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>
Д-р Шопова за „ Жан Митрев“: Oдговорност мора да има https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-shopova-za-zan-mitrev-odgovornost-mora-da-ima/ Mon, 18 Jul 2022 19:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=530795

Докторката Жаклина Шопова на Фејсбук поставува неколку прашања поврзани со скандалот околку работењето на „Клиника Жан Митрев“.

Таа е децидна дека одговорност мора да има.

1. Го прашувам Филипче за протоколот за третман на КОВИД во државата и за опремата на приватна болница која требаше да профункционира и дава услуги на граѓаните ‼️
2. Ја прашувам и староновата претседателка на ЛК како и зошто ја вовлече ЛК со протоколот за ивермектин упатен до матичните лекари‼️
3. Го прашувам ДСЗИ при постоење на решение за изолација кое треба да е валиден документ за секој граѓанин, како дозволи пратеник да се шета во заштитна опрема наменета само за медицински и помошен немедицински персо нал во здравствени установи ‼️
...имаше и има уште многу прашања кои беа поставувани и пред овој документарец...но не беа одговорени од компетентните институции
Секој да одговара за своите постапки кои се спротивни на пропишаните закони во Р.Македонија.

The post Д-р Шопова за „ Жан Митрев“: Oдговорност мора да има appeared first on Република.

]]>

Докторката Жаклина Шопова на Фејсбук поставува неколку прашања поврзани со скандалот околку работењето на „Клиника Жан Митрев“. Таа е децидна дека одговорност мора да има.
1. Го прашувам Филипче за протоколот за третман на КОВИД во државата и за опремата на приватна болница која требаше да профункционира и дава услуги на граѓаните ‼️ 2. Ја прашувам и староновата претседателка на ЛК како и зошто ја вовлече ЛК со протоколот за ивермектин упатен до матичните лекари‼️ 3. Го прашувам ДСЗИ при постоење на решение за изолација кое треба да е валиден документ за секој граѓанин, како дозволи пратеник да се шета во заштитна опрема наменета само за медицински и помошен немедицински персо нал во здравствени установи ‼️ ...имаше и има уште многу прашања кои беа поставувани и пред овој документарец...но не беа одговорени од компетентните институции Секој да одговара за своите постапки кои се спротивни на пропишаните закони во Р.Македонија.

The post Д-р Шопова за „ Жан Митрев“: Oдговорност мора да има appeared first on Република.

]]>
ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем https://republika.mk/vesti/makedonija/irl-po-objavuvanje-na-dokumentarecot-vo-nashata-redakcija-pristignaa-stotici-prijavi-od-gragjani-za-nepravilnosti-i-zloupotrebi-vo-ramki-na-drzavniot-i-privatniot-zdravstven-sistem/ Mon, 18 Jul 2022 16:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=530735

По објавување на документарецот во редакцијата на ИРЛ пристигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

Ви благодариме на поддршката и довербата која ни ја давате, а ние ќе дадеме се од себе да ги покриеме сите нови теми кои произлегоа од сторијата „Нечиста крв“-велат оттаму.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstoto-za-zdravstvo-ima-dva-dena-da-kaze-shto-se-sluchuvalo-vo-zan-mitrev/

The post ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем appeared first on Република.

Сали се огласи за „Жан Митрев“: Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-se-oglasi-za-zan-mitrev-prvichnite-soznanija-ukazuvaat-deka-ne-e-ispochituvana-postapkata-no-da-ostavime-da-se-utvrdi-faktichkata-sostojba/ Mon, 18 Jul 2022 15:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=530733

Пратен е допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“, а Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.

– Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев“ и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата, изјави попладнево на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали.

Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.

– Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали.

Најави прес-конференција во среда во 11 часот кога се очекува да бидат објавени повеќе детали.

Сали ја поздрави и постапката на Основното јавно обвинителство за отворање на предмет за овој случај.

– Во Република Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има, порача Сали

The post Сали се огласи за „Жан Митрев“: Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба appeared first on Република.

]]>

Пратен е допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“, а Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.
– Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев“ и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата, изјави попладнево на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали.
Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.
– Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали.
Најави прес-конференција во среда во 11 часот кога се очекува да бидат објавени повеќе детали. Сали ја поздрави и постапката на Основното јавно обвинителство за отворање на предмет за овој случај. – Во Република Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има, порача Сали

The post Сали се огласи за „Жан Митрев“: Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба appeared first on Република.

]]>
Министерстото за здравство има два дена да каже што се случувало во „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstoto-za-zdravstvo-ima-dva-dena-da-kaze-shto-se-sluchuvalo-vo-zan-mitrev/ Mon, 18 Jul 2022 15:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=530731

Владата го задолжи Министерството за здравство во рок од два дена да достави информација во врска со случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“.

– Владата на Република Македонија на денешната  61-ва седница одржана онлајн, преку видео конференциска врска, го задолжи Министерството за здравство да ги разгледа детално информациите поврзани со објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија на 17 јули 2022 година, а во врска со Клиничката болница „Жан Митрев“, Скопје. Заради големиот број реакции во јавноста, Министерството за здравство е задолжено да подготви и во рок од два дена до Владата да достави информација во врска со овој случај, се вели во соопштението од Владата.

По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет.

-Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлгуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се наведува во одговорот на Обвинителството испратен до МИА.

[caption id="attachment_261736" align="alignnone" width="640"] Клиника „Жан Митрев“ (фото: илустрација/Клиника „Жан Митрев“)[/caption]

Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата и во која лекувањето беше исклучително скапо, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.

Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва

The post Министерстото за здравство има два дена да каже што се случувало во „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Владата го задолжи Министерството за здравство во рок од два дена да достави информација во врска со случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“.
– Владата на Република Македонија на денешната  61-ва седница одржана онлајн, преку видео конференциска врска, го задолжи Министерството за здравство да ги разгледа детално информациите поврзани со објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија на 17 јули 2022 година, а во врска со Клиничката болница „Жан Митрев“, Скопје. Заради големиот број реакции во јавноста, Министерството за здравство е задолжено да подготви и во рок од два дена до Владата да достави информација во врска со овој случај, се вели во соопштението од Владата.
По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет. -Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлгуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се наведува во одговорот на Обвинителството испратен до МИА. [caption id="attachment_261736" align="alignnone" width="640"] Клиника „Жан Митрев“ (фото: илустрација/Клиника „Жан Митрев“)[/caption] Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата и во која лекувањето беше исклучително скапо, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган. Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва

The post Министерстото за здравство има два дена да каже што се случувало во „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-otvori-predmet-za-eksperimentalnoto-lekuvanje-vo-zan-mitrev-od-klinikata-velat-deka-stanuva-zbor-za-nevistiniti-kvalifikacii/ Mon, 18 Jul 2022 13:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=530684

Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ од Скопје, по синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Од клиниката „Жан Митрев“ реагираат дека станува збор за невистинити квалификации кои се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите. Тие велат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.

Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се вели во кусото соопштение од ОЈО Скопје.

Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија. Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.

Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на клиничката болница 'Жан Митрев', каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев“, велат тие.

Според нив, болницата успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во неколку случаи.

Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот Ковид-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи, велат од Клиниката Жан Митрев.

The post ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации appeared first on Република.

]]>

Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ од Скопје, по синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Од клиниката „Жан Митрев“ реагираат дека станува збор за невистинити квалификации кои се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите. Тие велат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.