клиника за кардиологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-kardiologija/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 12:57:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клиника за кардиологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-kardiologija/ 32 32 ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија https://republika.mk/zivot/zdravje/dksk-nezakonski-razreshuvanata-na-direktorite-na-toksikologija-i-kardiohirurgija/ Mon, 10 Jun 2024 11:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=786216

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.

За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која  посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката.

Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори.

На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор.

Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат.

Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска.

Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори.

Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска.

И за овој предмет Антикорупциска констатира дека  постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

The post ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.
ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.
За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи. Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која  посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката. Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори. На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор. Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат.
Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска.
Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна. Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори.
Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска.
И за овој предмет Антикорупциска констатира дека  постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

The post ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-marjan-shokarovski-e-izbran-za-direktor-na-klinikata-za-kardiohirurgija/ Wed, 13 Dec 2023 17:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=722652

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по распишаниот јавен конкурс за именување на медицински директор. За местото конкурирал и д-р Сашко Јовев, но и покрај искуството и достигнувањата во македонската медицина и кардиохирургија, не е избран.

Конкурсот бил објавен на 15 ноември.

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија во јуни.

Тој учестуваше со свое предавање и на Првата академија за здравство во организација на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во април годинава на која истакнати здравствени лица дебатираа за новите методи и интервенции кои се воведуваат во јавното здравство. Во фокусот беа областите како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, гинекологија и ортопедија.

The post Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по распишаниот јавен конкурс за именување на медицински директор. За местото конкурирал и д-р Сашко Јовев, но и покрај искуството и достигнувањата во македонската медицина и кардиохирургија, не е избран. Конкурсот бил објавен на 15 ноември. Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија во јуни. Тој учестуваше со свое предавање и на Првата академија за здравство во организација на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во април годинава на која истакнати здравствени лица дебатираа за новите методи и интервенции кои се воведуваат во јавното здравство. Во фокусот беа областите како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, гинекологија и ортопедија.

The post Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
МЗ: Вода се појави само во една просторија на Клиниката за кардиологија, санирана е, се работи нормално https://republika.mk/vesti/skopje/mz-voda-se-pojavi-samo-vo-edna-prostorija-na-klinikata-za-kardiologija-sanirana-e-se-raboti-normalno/ Sun, 02 Jul 2023 12:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=657435

Како последица од поројниот дожд кој вчера попладне го зафати Скопје, вода на Клиниката за кардиологија се појави само во една просторија. Истата веднаш е санирана, по што на двајца пациенти со акутен инфаркт им е направена интервенција, соопшти Министерството за здравство.

Според МЗ, сите сали за интервенција работат во стандардни услови и по стандардни протоколи.

Вчера, по поројниот дожд што го зафати Скопје, од Центарот за управување со кризи соопштија дека на Клиниката за кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција.

https://republika.mk/vesti/skopje/poplaveni-prostorii-so-salite-za-interventsii-na-klinikata-za-kardiologija-vo-skopje/

The post МЗ: Вода се појави само во една просторија на Клиниката за кардиологија, санирана е, се работи нормално appeared first on Република.

]]>

Како последица од поројниот дожд кој вчера попладне го зафати Скопје, вода на Клиниката за кардиологија се појави само во една просторија. Истата веднаш е санирана, по што на двајца пациенти со акутен инфаркт им е направена интервенција, соопшти Министерството за здравство. Според МЗ, сите сали за интервенција работат во стандардни услови и по стандардни протоколи. Вчера, по поројниот дожд што го зафати Скопје, од Центарот за управување со кризи соопштија дека на Клиниката за кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција. https://republika.mk/vesti/skopje/poplaveni-prostorii-so-salite-za-interventsii-na-klinikata-za-kardiologija-vo-skopje/

The post МЗ: Вода се појави само во една просторија на Клиниката за кардиологија, санирана е, се работи нормално appeared first on Република.

]]>
Ѝ ги украле бурмата и прстенот додека лежела во шок-соба откако ѝ вградиле стент на Кардиологија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-ukrale-burmata-i-prstenot-dodeka-lezhela-vo-shok-soba-otkako-vgradile-stent-na-kardiologija/ Thu, 20 Apr 2023 15:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=632562

Четириесет и осумгодишна скопјанка, која била оперирана на Клиниката за кардиологија, пријавила во полиција дека ѝ бил одземен накит додека престојувала на клиниката. Според информации на „Слободен печат“ на ограбената жена ѝ бил вграден стент, но додека се освестувала во шок-соба, почувствувала како некој ѝ ги зема бурмата и прстенот од раката.

На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О (48) од Скопје пријавила дека ѝ бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде претходно ѝ била извршена операција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, од МВР го повррдуваат случајот.

The post Ѝ ги украле бурмата и прстенот додека лежела во шок-соба откако ѝ вградиле стент на Кардиологија appeared first on Република.