ќерката на ограбувачот Archives - Република https://republika.mk/tema/kjerkata-na-ograbuvachot/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jul 2023 12:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ќерката на ограбувачот Archives - Република https://republika.mk/tema/kjerkata-na-ograbuvachot/ 32 32 „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци е избрана за најдобра претстава според жирито на фестивал во Котор https://republika.mk/vesti/kultura/rona-kerkata-na-ograbuvachot-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-e-izbrana-za-najdobra-pretstava-spored-zhirito-na-festival-vo-kotor/ Thu, 13 Jul 2023 06:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=660641

„Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младдинци (ТДМ) во режија на Јакуб Максимов, ја освои наградата за најдобра претстава од жирито на 31. Которски фестивал на театри за деца што се одржа од втори до 12 јули во Котор, Црна Гора.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Петар Стојанов, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска.

Општиот впечаток е дека оваа претстава, пред сè, носи оптимистична порака за другарството кое победува. Посебно се истакнуваат сценографските решенија, кои меѓу другото, придонесуваат за магијата која ја носи оваа приказна. Претставата не потсетува дека најважно од сè е да се прифатат различностите и само така може да ги надминеме препреките, се вели во образложението на жирито.

„Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно беше изведена на 26 декември 2022 година. Во мај 2023 година ги освои првите награда на „Новосадските театарски игри”, и тоа: Гран при за најдобра претстава и Наградата за најдобра анимација на кукли за актерката Матеа Јанковска која ја толкува улогата на Роња.

На 25. Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“” во Крагуевац, Србија Јанковска освои награда за актерско остварување, а Лазар Новков за најдобра музика.

На МТФ „ Војдан Чернодрински” во Прилеп наградата за млада актерка ја доби Јанковска за улогата на Роња во претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Поубав крај на една сезона не можевме ни да посакаме. Нека се множат успеси и натаму. Од септември се гледаме во Театар за деца и младинци и на други меѓународни фестивали, велат од ТДМ.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци е избрана за најдобра претстава според жирито на фестивал во Котор appeared first on Република.

]]>

„Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младдинци (ТДМ) во режија на Јакуб Максимов, ја освои наградата за најдобра претстава од жирито на 31. Которски фестивал на театри за деца што се одржа од втори до 12 јули во Котор, Црна Гора. Во претставата играат: Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Петар Стојанов, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска.
Општиот впечаток е дека оваа претстава, пред сè, носи оптимистична порака за другарството кое победува. Посебно се истакнуваат сценографските решенија, кои меѓу другото, придонесуваат за магијата која ја носи оваа приказна. Претставата не потсетува дека најважно од сè е да се прифатат различностите и само така може да ги надминеме препреките, се вели во образложението на жирито.
„Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно беше изведена на 26 декември 2022 година. Во мај 2023 година ги освои првите награда на „Новосадските театарски игри”, и тоа: Гран при за најдобра претстава и Наградата за најдобра анимација на кукли за актерката Матеа Јанковска која ја толкува улогата на Роња. На 25. Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“” во Крагуевац, Србија Јанковска освои награда за актерско остварување, а Лазар Новков за најдобра музика. На МТФ „ Војдан Чернодрински” во Прилеп наградата за млада актерка ја доби Јанковска за улогата на Роња во претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“.
Поубав крај на една сезона не можевме ни да посакаме. Нека се множат успеси и натаму. Од септември се гледаме во Театар за деца и младинци и на други меѓународни фестивали, велат од ТДМ.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци е избрана за најдобра претстава според жирито на фестивал во Котор appeared first on Република.

]]>
„Роња, ќерката на ограбувачот“ – праизведба во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-praizvedba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/ Mon, 26 Dec 2022 07:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=589887

Вчерва во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје е премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на светски познатата авторка Астрид Линдгрен, а во режија на гостинот од Чешка Република, Јакуб Максимов. Станува збор за текст што до сега не е поставуван во форма на театарска претстава за деца во Македонија.

„Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители“, вели режисерот на претставата, Јакуб Максимов.

Драго ми е што имав можност да работиме со овие актери, со оваа екипа. Беше голем предизвик но нивниот влог е голем. И покрај технички пречки на еден минималистички начин успеавме да изградиме еден посебна приказна и тоа многу ми се допаѓа. Им благодарам на сите, на овој театар и го потенцирам влогот на Ангела Димитрова која се гледа дека актерка во вистинска смисла и одлично ја изведе својата дополнителна задача. Свири на виолина и ги води своите колеги во пеењето и одржувањето на ритамот, изјави Максимов.

Според директорката на театарот, Катарина Илиевска Силјановска претставата ќе донесе оригинална свежина во репертоарот. Во самата претстава актерите играат, водат кукли, пеат, свират и колективно создаваат едно оригинално сценско дело.

„Да кажам дека Јакуб Максимов, кој дипломирал и магистрирал на ДАМУ, академијата за драмски уметности во Чешка, беше поканет прво да одржи работилница во нашиот театар, а потоа и да ја режира претставата Роња, ќерката на ограбувачот според истоимениот роман на Астрид Линдгрен позната по Пипи Долгиот Чорап. Чест ни е и задоволство да сме домаќини на авторска екипа Јакуб Максимов, Лазар Новков (композитор и корепетирор) и Олга Зјебинска (сценографка, дизајн на костим и кукли, изработка на кукли). Секој ден дишеме и живееме со оваа претстава и кога легнуваме и кога стануваме, истакна Катарина Илиевска Силјановска, актерка од претставата и директорка на театарот.

Драматизацијата за претставата е на Горјан Милошевски.

„И покрај тоа што има ограбувачи и во самиот наслов на ова дело сепак е приказна што во голем дел се фокусира на две необични детства. Тие две деца покажуваат колку е битно да се градат и оддржуваат „мостови“ во животот. Екипата е меѓународна и тоа дава сосема поинаква слика, спој од германска прецизност што постои кај Јакуб и балкански дух кај македонскиот дел, вели Милошевски.

Во претставата играат: Матеа Јанковска,Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.

Јас долго време не сум изведувала композиции на виолина и ова беше навистина предизвик, но драго ми е што носи ете ваков резултат. Интернационалниот состав навистина носи еден поинаков резултат и подобар. Во претставата се користат автентични методи, со помош на прсти и раце и предмети создаваме различна атмосфера: невреме, дожд итн. Речиси секој елемент е дел од приказната и вклопен во дејствието, вели актерката Ангела Димитрова.

Сценографијата е авторско дело на Олга Зјебинска од Полска. Композитор и корепетитор е гостинот Лазар Новков (Србија).

Првата реприза е закажана за 27 декември 2022.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ – праизведба во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Вчерва во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје е премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на светски познатата авторка Астрид Линдгрен, а во режија на гостинот од Чешка Република, Јакуб Максимов. Станува збор за текст што до сега не е поставуван во форма на театарска претстава за деца во Македонија. „Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители“, вели режисерот на претставата, Јакуб Максимов.
Драго ми е што имав можност да работиме со овие актери, со оваа екипа. Беше голем предизвик но нивниот влог е голем. И покрај технички пречки на еден минималистички начин успеавме да изградиме еден посебна приказна и тоа многу ми се допаѓа. Им благодарам на сите, на овој театар и го потенцирам влогот на Ангела Димитрова која се гледа дека актерка во вистинска смисла и одлично ја изведе својата дополнителна задача. Свири на виолина и ги води своите колеги во пеењето и одржувањето на ритамот, изјави Максимов.
Според директорката на театарот, Катарина Илиевска Силјановска претставата ќе донесе оригинална свежина во репертоарот. Во самата претстава актерите играат, водат кукли, пеат, свират и колективно создаваат едно оригинално сценско дело.
„Да кажам дека Јакуб Максимов, кој дипломирал и магистрирал на ДАМУ, академијата за драмски уметности во Чешка, беше поканет прво да одржи работилница во нашиот театар, а потоа и да ја режира претставата Роња, ќерката на ограбувачот според истоимениот роман на Астрид Линдгрен позната по Пипи Долгиот Чорап. Чест ни е и задоволство да сме домаќини на авторска екипа Јакуб Максимов, Лазар Новков (композитор и корепетирор) и Олга Зјебинска (сценографка, дизајн на костим и кукли, изработка на кукли). Секој ден дишеме и живееме со оваа претстава и кога легнуваме и кога стануваме, истакна Катарина Илиевска Силјановска, актерка од претставата и директорка на театарот.
Драматизацијата за претставата е на Горјан Милошевски.
„И покрај тоа што има ограбувачи и во самиот наслов на ова дело сепак е приказна што во голем дел се фокусира на две необични детства. Тие две деца покажуваат колку е битно да се градат и оддржуваат „мостови“ во животот. Екипата е меѓународна и тоа дава сосема поинаква слика, спој од германска прецизност што постои кај Јакуб и балкански дух кај македонскиот дел, вели Милошевски.
Во претставата играат: Матеа Јанковска,Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.
Јас долго време не сум изведувала композиции на виолина и ова беше навистина предизвик, но драго ми е што носи ете ваков резултат. Интернационалниот состав навистина носи еден поинаков резултат и подобар. Во претставата се користат автентични методи, со помош на прсти и раце и предмети создаваме различна атмосфера: невреме, дожд итн. Речиси секој елемент е дел од приказната и вклопен во дејствието, вели актерката Ангела Димитрова.
Сценографијата е авторско дело на Олга Зјебинска од Полска. Композитор и корепетитор е гостинот Лазар Новков (Србија). Првата реприза е закажана за 27 декември 2022.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ – праизведба во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
„Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-premierno-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/ Fri, 23 Dec 2022 12:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=589170

В понеделник, на 26 декември, во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на оргабувачот“ од светски познатата шведска авторка Астрид Линдгрен која го напиша романот „Пипи долгиот чорап“, а во режија на Јакуб Максимов од Чешка.

Во претставата играат и изведуваат музички делови Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов.

Драматизација е на Горјан Милошевски. Тој вели дека ова е приказна за пријателството и за силната врска меѓу две чисти души, две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура.

Линдгрен веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, „Пипи долгиот чорап“. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. вели драматругот на претставата Милошевски.

Претставата е наменета за деца над шест години.

„Роња“ од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители, вели режисерот Маскимов.

Сценографијата, дизајнот на кукли и маски е на Олга Зјебинска од Полска која е и костимограф. Композитор и корепетитор е Лазар Новков  од Србија.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на 26 декември, во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на оргабувачот“ од светски познатата шведска авторка Астрид Линдгрен која го напиша романот „Пипи долгиот чорап“, а во режија на Јакуб Максимов од Чешка. Во претставата играат и изведуваат музички делови Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматизација е на Горјан Милошевски. Тој вели дека ова е приказна за пријателството и за силната врска меѓу две чисти души, две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура.