Ќафасан Archives - Република https://republika.mk/tema/kjafasan/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 09:23:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ќафасан Archives - Република https://republika.mk/tema/kjafasan/ 32 32 Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-od-kafasan-vlozhuvame-vo-modernizatsija-na-preminite-i-zajaknuvane-na-kontrolite-no-ochekuvame-i-pogolema-efektivnost-na-otkrivachkite-funktsii/ Wed, 02 Oct 2024 09:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=821690

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот на царина, Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка

The post Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции appeared first on Република.

]]>

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот на царина, Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан. Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка

The post Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции appeared first on Република.

]]>
На преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници https://republika.mk/zivot/na-preminot-kafasan-samo-vo-avgust-registrirani-nad-300-iljadi-patnitsi/ Sun, 01 Sep 2024 18:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=812099

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница, кај Струга, последните два дена видно е зголемена фреквенцијата на патници и возила, објави „Ора њуз“.

-Иако се работи на шест шалтери сепак имаше колони на возила кои на преминот чекаа и до 40 минути за влез на македонска територија. Главно станува збор за македонски државјани кои се враќаат дома по годишниот одмор минат на албанското крајбрежје. Голем е и бројот на албански иселеници кои по одморите во родниот крај се враќаат во земјите каде живеат и работат, наведува телевизијата.

Не е мал и бројот на албански државјани кои се враќаат по одморот надвор од Албанија.

- Ќафасан оваа летна сезона беше еден од граничните премини со најголем проток на патници и возила. Само во август на влез и излез се регистрирани над 300 илјади патници што е за над 20 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Според надлежните, во август на преминот се работело со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат колони и да нема подолго чекање.

The post На преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница, кај Струга, последните два дена видно е зголемена фреквенцијата на патници и возила, објави „Ора њуз“.
-Иако се работи на шест шалтери сепак имаше колони на возила кои на преминот чекаа и до 40 минути за влез на македонска територија. Главно станува збор за македонски државјани кои се враќаат дома по годишниот одмор минат на албанското крајбрежје. Голем е и бројот на албански иселеници кои по одморите во родниот крај се враќаат во земјите каде живеат и работат, наведува телевизијата.
Не е мал и бројот на албански државјани кои се враќаат по одморот надвор од Албанија.
- Ќафасан оваа летна сезона беше еден од граничните премини со најголем проток на патници и возила. Само во август на влез и излез се регистрирани над 300 илјади патници што е за над 20 отсто повеќе од истиот месец минатата година.
Според надлежните, во август на преминот се работело со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат колони и да нема подолго чекање.

The post На преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници appeared first on Република.

]]>
На граничниот премин Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-granichniot-premin-kafasan-sprechen-shverts-na-53-3-kilogrami-marihuana-chija-krajna-destinatsija-bila-makedonija/ Wed, 08 May 2024 08:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=775338

На граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија.

Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение.

Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани.

Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.

The post На граничниот премин Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија. Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение. Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани. Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.

The post На граничниот премин Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија appeared first on Република.

]]>
Висока фреквенција на преминот Ќафасан, во одделни делови од денот се чека по еден час од македонска страна https://republika.mk/zivot/servisi/visoka-frekventsija-na-preminot-kafasan-vo-oddelni-delovi-od-denot-se-cheka-po-eden-chas-od-makedonska-strana/ Mon, 07 Aug 2023 17:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=669726

Месецот август бележи висока фреквенција на граничниот премин „Ќафасан“, каде што од почетокот на месецов функционира заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување, објави „Топ чанел“.

Во последните 24 часа преку овој премин на албанска територија за влез се регистрирани 2.890, додека на излез 2.057 патници.

Главно станува збор за иселеници или странски државјани, кои доаѓаат на одмор во Албанија или кои заминуваат по завршувањето на одморот. На овој премин поради големата фреквенција во одредени периоди од денот има задржувања и до еден час од македонска страна за што е потребно зголемување на шалтерите,  кои во моментов ги има три, наведува телевизијата.

Од 1 август досега повеќе од 70 илјади лица се регистрирани за влез и излез, од нив за влез од Македонија во Албанија се околу  42.000 албански и странски државјани.

За неколкупати зголемена  фреквенција има и на другите гранични премини на албанско-македонската граница. Тоа пред се на „Блато" кај Дебар, зашто по изградбата на автопатот „Руга е Арбрит" (патот на Арбр) оддалеченоста од преминот до Тирана е намалена на 80 од претходните над  180 километри.

The post Висока фреквенција на преминот Ќафасан, во одделни делови од денот се чека по еден час од македонска страна appeared first on Република.

]]>

Месецот август бележи висока фреквенција на граничниот премин „Ќафасан“, каде што од почетокот на месецов функционира заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување, објави „Топ чанел“. Во последните 24 часа преку овој премин на албанска територија за влез се регистрирани 2.890, додека на излез 2.057 патници.
Главно станува збор за иселеници или странски државјани, кои доаѓаат на одмор во Албанија или кои заминуваат по завршувањето на одморот. На овој премин поради големата фреквенција во одредени периоди од денот има задржувања и до еден час од македонска страна за што е потребно зголемување на шалтерите,  кои во моментов ги има три, наведува телевизијата.
Од 1 август досега повеќе од 70 илјади лица се регистрирани за влез и излез, од нив за влез од Македонија во Албанија се околу  42.000 албански и странски државјани. За неколкупати зголемена  фреквенција има и на другите гранични премини на албанско-македонската граница. Тоа пред се на „Блато" кај Дебар, зашто по изградбата на автопатот „Руга е Арбрит" (патот на Арбр) оддалеченоста од преминот до Тирана е намалена на 80 од претходните над  180 километри.

The post Висока фреквенција на преминот Ќафасан, во одделни делови од денот се чека по еден час од македонска страна appeared first on Република.

]]>
Паднаа двајца полицајци на Ќафасан – земале поткуп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/padnaa-dvajtsa-politsajtsi-na-kafasan-zemale-potkup/ Mon, 15 May 2023 10:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=640960

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан, поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1, додека второпријавениот сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-В став 1 и двете од Кривичниот законик.

Имено, првопријавениот на 13.05.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Македонија.

По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен Јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, ќе покрене постапка и за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

The post Паднаа двајца полицајци на Ќафасан – земале поткуп appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан, поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1, додека второпријавениот сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-В став 1 и двете од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот на 13.05.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Македонија. По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен Јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, ќе покрене постапка и за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

The post Паднаа двајца полицајци на Ќафасан – земале поткуп appeared first on Република.

]]>
Радолишта ќе го замени Ќафасан: Покрај автопати ќе се гради и нов граничен премин кон Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/radolishta-ke-go-zameni-kafasan-pokraj-avtopati-ke-se-gradi-i-nov-granichen-premin-kon-albanija/ Wed, 12 Apr 2023 13:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=630250

Со или без законските измени на осумте закони што се во собраниска процедура, автопатите на коридорите 8 и 10д ќе се градат, а наш интерес е да се гради побрзо и поевтино, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој воедно е и координатор за изградба на овие автопатски делници.

Доколку работната недела на работниците што ќе работат на нивната изведба биде 60 часа неделно, како што бара изведувачот „Бехтел и Енка“, додаде Груби, проектот ќе се реализира за 4,7 години и ќе чини поевтино, а доколку е 40 часа неделно ќе трае над 6 години и ќе чини поскапо. Не се работи, како што истакна Груби, за плаќање пенали доколку работното време не биде 60 часа, туку за побавна реализација на проектот.

Според него, секаде каде што работеле „Бехтел и Енка“ работната недела била 60 часа, а работниците потпишувале пишана согласност да работат толку време и им бил платен секој работен час.

- Наш интерес како држава е овие автопати да чинат помалку и да се реализираат побрзо. Токму од носењето на осумте закони зависи дали ќе се градат побрзо и поевтино или подолго и поскапо. Со нивното носење ќе се овозможи да се забрза експропријацијата и да се гради многу побрзо и поевтино, рече Груби на денешната средба со новинарите.

Тој прецизира дека договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ е класифициран на барање на конзорциумот и затоа не смеат да се објавуваат деталите. На истиот начин работеле и при изградбата на автопатите во регионот поточно во Хрватска, Србија, Косово и Албанија. Кај нас, како што рече Груби, договорот со „Бехтел и Енка“ веќе го има и Јавното обвинителство, кое отвори постапка по допрен глас за проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, договорот е класифициран бидејќи е деловна тајна начинот на работа на конзорциумот, кој котира на берзите и со евентуално објавување на делови од договорот може да се влијае на неговото котирање на берзата. Тој додаде дека такви договори земјава имала потпишано и за речиси сите инвестиции во ТИРЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-arogantno-si-prizna-deka-graganite-na-krajot-ke-ja-platat-smetkata-za-koridorite-kolkava-ke-bide-ne-znae-ni-toj/

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми посочи дека слични договори кои не се јавни имаат и со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и оти изборот на изведувачите се прави врз основа на критериумите на ЕБОР.

Пресметката дека проектот ќе чини 1,3 милијарди евра е направена врз основа на предложената траса од „Бехтел и Енка“ на која се предвидува да се градат автопатите за која е направена физибилити студија од „Грант Тортон“, која покажува дека 55 проценти од земјиштето на трасата е во приватна сопственост, а 45 во државна. Согласно тоа и просечната цена, е проценето колку пари ќе требаат за експропријација.

Изведувачот „Бехтел и Енка“ ќе изготвува проекти на дел по дел од автопатите, а паралелно ќе се врши и експропријација на земјиштето. Секој посебен проект мора да го одобрат ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт и врски. Проектот ќе се одобрува откако ќе заврши експропријацијата.

Доколку се донесат законските решенија „Бехтел и Енка“ предвидуваат да градат по 23 километри автопат годишно, а кај нас досега се граделе по 5,8 километри автопат годишно. За изведувачот се предвидени дополнителни плаќања, доколку не го запази рокот на градба. На коридорот 8 прво ќе стартува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар, а потоа на Гостивар - Букојчани и делот од автопатот Кичево - Охрид, што ќе води кон новиот граничен премин со Албанија кај Радолишта, наместо до Ќафасан каде што е сега.

Како што истакна вицепремиерот Груби, манифестацијата со која беше означен почетокот на реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д на наплатната рампа на автопатот Тетово-Гостивар, ја платил изведувачот на проектот. За 22 април тој го најави официјалниот почеток на изградба на коридорот 8, а за 12 мај на коридорот 10д

The post Радолишта ќе го замени Ќафасан: Покрај автопати ќе се гради и нов граничен премин кон Албанија appeared first on Република.

]]>

Со или без законските измени на осумте закони што се во собраниска процедура, автопатите на коридорите 8 и 10д ќе се градат, а наш интерес е да се гради побрзо и поевтино, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој воедно е и координатор за изградба на овие автопатски делници. Доколку работната недела на работниците што ќе работат на нивната изведба биде 60 часа неделно, како што бара изведувачот „Бехтел и Енка“, додаде Груби, проектот ќе се реализира за 4,7 години и ќе чини поевтино, а доколку е 40 часа неделно ќе трае над 6 години и ќе чини поскапо. Не се работи, како што истакна Груби, за плаќање пенали доколку работното време не биде 60 часа, туку за побавна реализација на проектот. Според него, секаде каде што работеле „Бехтел и Енка“ работната недела била 60 часа, а работниците потпишувале пишана согласност да работат толку време и им бил платен секој работен час.
- Наш интерес како држава е овие автопати да чинат помалку и да се реализираат побрзо. Токму од носењето на осумте закони зависи дали ќе се градат побрзо и поевтино или подолго и поскапо. Со нивното носење ќе се овозможи да се забрза експропријацијата и да се гради многу побрзо и поевтино, рече Груби на денешната средба со новинарите.
Тој прецизира дека договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ е класифициран на барање на конзорциумот и затоа не смеат да се објавуваат деталите. На истиот начин работеле и при изградбата на автопатите во регионот поточно во Хрватска, Србија, Косово и Албанија. Кај нас, како што рече Груби, договорот со „Бехтел и Енка“ веќе го има и Јавното обвинителство, кое отвори постапка по допрен глас за проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д. Според министерот за економија Крешник Бектеши, договорот е класифициран бидејќи е деловна тајна начинот на работа на конзорциумот, кој котира на берзите и со евентуално објавување на делови од договорот може да се влијае на неговото котирање на берзата. Тој додаде дека такви договори земјава имала потпишано и за речиси сите инвестиции во ТИРЗ. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-arogantno-si-prizna-deka-graganite-na-krajot-ke-ja-platat-smetkata-za-koridorite-kolkava-ke-bide-ne-znae-ni-toj/ Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми посочи дека слични договори кои не се јавни имаат и со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и оти изборот на изведувачите се прави врз основа на критериумите на ЕБОР. Пресметката дека проектот ќе чини 1,3 милијарди евра е направена врз основа на предложената траса од „Бехтел и Енка“ на која се предвидува да се градат автопатите за која е направена физибилити студија од „Грант Тортон“, која покажува дека 55 проценти од земјиштето на трасата е во приватна сопственост, а 45 во државна. Согласно тоа и просечната цена, е проценето колку пари ќе требаат за експропријација. Изведувачот „Бехтел и Енка“ ќе изготвува проекти на дел по дел од автопатите, а паралелно ќе се врши и експропријација на земјиштето. Секој посебен проект мора да го одобрат ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт и врски. Проектот ќе се одобрува откако ќе заврши експропријацијата. Доколку се донесат законските решенија „Бехтел и Енка“ предвидуваат да градат по 23 километри автопат годишно, а кај нас досега се граделе по 5,8 километри автопат годишно. За изведувачот се предвидени дополнителни плаќања, доколку не го запази рокот на градба. На коридорот 8 прво ќе стартува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар, а потоа на Гостивар - Букојчани и делот од автопатот Кичево - Охрид, што ќе води кон новиот граничен премин со Албанија кај Радолишта, наместо до Ќафасан каде што е сега. Како што истакна вицепремиерот Груби, манифестацијата со која беше означен почетокот на реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д на наплатната рампа на автопатот Тетово-Гостивар, ја платил изведувачот на проектот. За 22 април тој го најави официјалниот почеток на изградба на коридорот 8, а за 12 мај на коридорот 10д

The post Радолишта ќе го замени Ќафасан: Покрај автопати ќе се гради и нов граничен премин кон Албанија appeared first on Република.

]]>
Oткако го „направија“ кон Охрид, власта сега ќе прави автопат кон Албанија https://republika.mk/vesti/ekonomija/otkako-go-napravija-kon-ohrid-vlasta-sega-kje-pravi-avtopat-kon-albanija/ Tue, 18 Oct 2022 09:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=562460

Следниот месец  почнуваат градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан,  на албанско-македонската граница до градот Елбасан. 

Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот. 

– Во ноември почнуваат работите за првите 5,3 километри од овој пат, делница Џибрак-Мирак, која делумно ќе биде на нов терен и привремено ќе се користи стариот пат. Ќе има и надвозник. За ова планирани се средства од 25 милиони евра. Напоредно со тоа ќе се направи студија за изградба на бајпас во Елбасан со цел да не се влегува во градот, рече Бербери. 

Додава дека патниот правец  Ќафасан- Прењас-Елбасан (8,1 километар) е дел од коридорот 8 и главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција и последните години има за неколкупати зголемена фреквенција. 

-Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Во нашата анализа оцениваме дека проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина, додава Бербери.

The post Oткако го „направија“ кон Охрид, власта сега ќе прави автопат кон Албанија appeared first on Република.

]]>

Следниот месец  почнуваат градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан,  на албанско-македонската граница до градот Елбасан.  Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот.  – Во ноември почнуваат работите за првите 5,3 километри од овој пат, делница Џибрак-Мирак, која делумно ќе биде на нов терен и привремено ќе се користи стариот пат. Ќе има и надвозник. За ова планирани се средства од 25 милиони евра. Напоредно со тоа ќе се направи студија за изградба на бајпас во Елбасан со цел да не се влегува во градот, рече Бербери.  Додава дека патниот правец  Ќафасан- Прењас-Елбасан (8,1 километар) е дел од коридорот 8 и главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција и последните години има за неколкупати зголемена фреквенција.  -Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Во нашата анализа оцениваме дека проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина, додава Бербери.

The post Oткако го „направија“ кон Охрид, власта сега ќе прави автопат кон Албанија appeared first on Република.

]]>
Во сообраќајка кај Ќафасан повредени двајца стружани https://republika.mk/vesti/balkan/vo-soobrakjajka-kaj-kjafasan-povredeni-dvajca-struzani/ Mon, 22 Aug 2022 20:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=543024

Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.

Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај  селото Пискупат.

- Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“  управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб.

Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност.

Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.

The post Во сообраќајка кај Ќафасан повредени двајца стружани appeared first on Република.

]]>

Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга. Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај  селото Пискупат. - Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“  управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб. Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност. Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.

The post Во сообраќајка кај Ќафасан повредени двајца стружани appeared first on Република.

]]>
Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/dvajca-carinici-i-dvajca-policajci-megju-sedum-uapseni-za-shverc-na-granichniot-premin-kjafasan-kon-albanija/ Wed, 22 Jun 2022 10:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=518407

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.

Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа - информира албанската полиција.

Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.

Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.

Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

The post Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.
Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа - информира албанската полиција.
Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење. Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока. Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

The post Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија appeared first on Република.

]]>
Албански државјанин на Ќафасан се обидел во Албанија да прошверцува стока од 10.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/albanski-drzavjanin-na-kjafasan-se-obidel-vo-albanija-da-proshvercuva-stoka-od-10-000-evra/ Sat, 29 Jan 2022 13:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=451184

При контрола на граничниот премин Ќафасан во возило кај албански државјани биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра без соодветна документација.

На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал – Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки. Возилото е управувано од А.С. (55), а совозач бил А.М.(47), двајцата албански државјани. Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација - соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Лицата и производите, додаде, се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон.

The post Албански државјанин на Ќафасан се обидел во Албанија да прошверцува стока од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>

При контрола на граничниот премин Ќафасан во возило кај албански државјани биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра без соодветна документација.
На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал – Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки. Возилото е управувано од А.С. (55), а совозач бил А.М.(47), двајцата албански државјани. Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација - соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Лицата и производите, додаде, се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон.

The post Албански државјанин на Ќафасан се обидел во Албанија да прошверцува стока од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>