КИЦ Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/kits-bitola/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jan 2024 12:58:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КИЦ Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/kits-bitola/ 32 32 КИЦ „Битола“ ќе ја отвори годината со изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски https://republika.mk/vesti/kultura/kits-bitola-ke-ja-otvori-godinata-so-izlozhbata-poema-na-atomite-na-blagojche-petrovski/ Fri, 19 Jan 2024 12:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=734685

Првата изложба во 2024 во КИЦ „Битола“ ќе биде поставена на 20 јануари во Офицерскиот дом.

Станува збор за изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски.

Живеењето во современиот свет, особено последниве децении, е познатo и како време на хроничен и мултидимензионален стрес. Во времето кога фреквенциите на стрес и негативност преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. Таквата потреба наоѓа израз во овие дела на оваа изложба со наслов „Поема на атомите“, кои верувам и се надевам дека придонесуваат, ако не кон прочистување, тогаш барем кон амортизирање на тежината на нашето секојдневие. Темата на изложбата и нејзино име – „Поема на атомите“ е инспирира од древната поезија на Руми, легендарниот поет и мистик од 13 век, кој во својата поема пее за атомите како израз на љубовта и прoчистувањето. Историјата и мудроста се споени во современиот јазик на слика создавајќи мост помеѓу вековните стремежи на секој човек и денешниот свет.

ЈОУ КИЦ „Битола“ 2023 гoдина ја заврши со бројка од 43 домашни и меѓународни ликовни изложби.

 

The post КИЦ „Битола“ ќе ја отвори годината со изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски appeared first on Република.

]]>

Првата изложба во 2024 во КИЦ „Битола“ ќе биде поставена на 20 јануари во Офицерскиот дом. Станува збор за изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски. Живеењето во современиот свет, особено последниве децении, е познатo и како време на хроничен и мултидимензионален стрес. Во времето кога фреквенциите на стрес и негативност преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. Таквата потреба наоѓа израз во овие дела на оваа изложба со наслов „Поема на атомите“, кои верувам и се надевам дека придонесуваат, ако не кон прочистување, тогаш барем кон амортизирање на тежината на нашето секојдневие. Темата на изложбата и нејзино име – „Поема на атомите“ е инспирира од древната поезија на Руми, легендарниот поет и мистик од 13 век, кој во својата поема пее за атомите како израз на љубовта и прoчистувањето. Историјата и мудроста се споени во современиот јазик на слика создавајќи мост помеѓу вековните стремежи на секој човек и денешниот свет. ЈОУ КИЦ „Битола“ 2023 гoдина ја заврши со бројка од 43 домашни и меѓународни ликовни изложби.  

The post КИЦ „Битола“ ќе ја отвори годината со изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски appeared first on Република.

]]>
КИЦ Битола: Изложба „Лица на револуцијата“ и промоција на книгата „Фитилот договрува“ по повод 23 Октомври https://republika.mk/vesti/kultura/kits-bitola-izlozhba-litsa-na-revolutsijata-i-promotsija-na-knigata-fitilot-dogovruva-po-povod-23-oktomvri/ Mon, 23 Oct 2023 09:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=694077

Два исклучителни културни настани по повод одбележување на денешниот голем национален празник „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“ ќе реализира КИЦ Битола.

Програмата ја започнуваме во Свечената сала на Офицерски дом со изложбата на Диме Ратајковски и Душко Апостоловски, насловена како „ Лица на револуцијата“, за да продолжи во Кино Манаки во 20.30 ч. со промоција на книгата „Фитилот догорува“ на Зоран Пејковски.

The post КИЦ Битола: Изложба „Лица на револуцијата“ и промоција на книгата „Фитилот договрува“ по повод 23 Октомври appeared first on Република.

]]>

Два исклучителни културни настани по повод одбележување на денешниот голем национален празник „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“ ќе реализира КИЦ Битола.
Програмата ја започнуваме во Свечената сала на Офицерски дом со изложбата на Диме Ратајковски и Душко Апостоловски, насловена како „ Лица на револуцијата“, за да продолжи во Кино Манаки во 20.30 ч. со промоција на книгата „Фитилот догорува“ на Зоран Пејковски.

The post КИЦ Битола: Изложба „Лица на револуцијата“ и промоција на книгата „Фитилот договрува“ по повод 23 Октомври appeared first on Република.

]]>
Во КИЦ Битола отворена изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“. https://republika.mk/vesti/kultura/vo-kits-bitola-otvorena-izlozhbata-makedonski-i-kanadski-grafichari-7h7/ Wed, 06 Sep 2023 16:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=679387

Синоќа во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, се отвори изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“.

Ова изложба е значајен чекор во меѓународната соработка на КИЦ Битола и истата застапува еминентни македонски и канадски графичари како; Брајар Крег, Бони Бакстер, Гери Хушлак, Жо Ан Ланвил, Либи Хаг, Марк Бови, Шон Колфилд, Гај Лангевин од Канада , како и Трајче Блажевски, Ивана Настески, Сергеј Андреевски, Славица Јанешлиева, Ладислав Цветковски, Светлана Јакимовска Родиќ, Мирослава Цветковиќ, Атанас Ботев. Куратори на изложбата се Владо Ѓорески и Дерек Мајкл Бесант. Поставката свое канадско претставување ја очекува во месец октомври годинава.

Во изминатиот период ЈОУ КИЦ Битола, поакажа значителна домашна и меѓународна ликовна активност, промовирајќи значајни домашни и странски автори и поставки, како и нови изложбени простори во Офицерскиот дом - КИЦ Битола.

The post Во КИЦ Битола отворена изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“. appeared first on Република.

]]>

Синоќа во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, се отвори изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“. Ова изложба е значајен чекор во меѓународната соработка на КИЦ Битола и истата застапува еминентни македонски и канадски графичари како; Брајар Крег, Бони Бакстер, Гери Хушлак, Жо Ан Ланвил, Либи Хаг, Марк Бови, Шон Колфилд, Гај Лангевин од Канада , како и Трајче Блажевски, Ивана Настески, Сергеј Андреевски, Славица Јанешлиева, Ладислав Цветковски, Светлана Јакимовска Родиќ, Мирослава Цветковиќ, Атанас Ботев. Куратори на изложбата се Владо Ѓорески и Дерек Мајкл Бесант. Поставката свое канадско претставување ја очекува во месец октомври годинава. Во изминатиот период ЈОУ КИЦ Битола, поакажа значителна домашна и меѓународна ликовна активност, промовирајќи значајни домашни и странски автори и поставки, како и нови изложбени простори во Офицерскиот дом - КИЦ Битола.

The post Во КИЦ Битола отворена изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“. appeared first on Република.

]]>
Голем интерес од битолските средношколци за ликовните збиднувања во КИЦ Битола https://republika.mk/vesti/kultura/golem-interes-od-bitolskite-srednoshkoltsi-za-likovnite-zbidnuvana-vo-kits-bitola/ Wed, 06 Sep 2023 14:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=679375

Голем интерес на учениците од СОУ „Таки Даскало“ и СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола за ликовните збиднувања во КИЦ Битола.

Продолжува соработката воспоставена минатата година со основните и средни училипта во Битола и нивните стручните тимови. Младите имаат ретка можност своите часови по ликовна уметност и графика да ги надградат со автентични искуства преку посета на изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“.

Наша мисија е едуцирана младина, која ќе биде во тек со современите ликовни трендови. Благодарност до иницијативноста на професорите и нивните училишта, велат од КИЦ Битола.

The post Голем интерес од битолските средношколци за ликовните збиднувања во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>

Голем интерес на учениците од СОУ „Таки Даскало“ и СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола за ликовните збиднувања во КИЦ Битола. Продолжува соработката воспоставена минатата година со основните и средни училипта во Битола и нивните стручните тимови. Младите имаат ретка можност своите часови по ликовна уметност и графика да ги надградат со автентични искуства преку посета на изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“.
Наша мисија е едуцирана младина, која ќе биде во тек со современите ликовни трендови. Благодарност до иницијативноста на професорите и нивните училишта, велат од КИЦ Битола.

The post Голем интерес од битолските средношколци за ликовните збиднувања во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>
Меѓународна изожба на македонски и канадски графичари утревечер во КИЦ Битола https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-izozhba-na-makedonski-i-kanadski-grafichari-utrevecher-vo-kits-bitola/ Mon, 04 Sep 2023 16:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=678703

Утревечер со почеток во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом на свеченото отворање на изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“. Изложбата е настаната како плод на соработката на двајцата куратори, Дерек Мајкл Бесант и Владо Ѓорески, па се прошири на седум македонски плус седум канадски графичари, . Почетната иницијатива брзо се прошири, наидувајќи на огромна страст за поврзување, така наместо 7+7 уметници, добивме 7х7 учесници како симбол на нашето поврзување бидејќи бројот на уметници кои ќе ги допре овој заеднички проект е многу поголем од 14, 20 или 49. Тука се додаваат и умножуваат и професорите и студентите на катедрите за графика од Факултетите за ликовна уметност од Скопје, Халифакс, Монтреал, Троа Ривиер, Алберта, Едмонтон и Келона, а да не ги заборавиме и организаторите и учесниците на Mеѓународното графичко триенале во Битола и Mеѓународно биенале за современa графика во Троа Ривиер.

„Не би можела, а да не го спомнам и значењето на Културен и информативен центар КИЦ Битола со нашиот препознатлив „Офицерски“, како цврст и добро проектиран континуитет и како институција која остава печат врз мапата и агендата на истакнати и признати ликовни, галериски и културни центри во светот. Оваа изложба е нашиот влог не само во институционални рамки туку најмногу како целосен и неизбришлив тестамент за иднината во која светлината на човечкото создавање единствено ќе се доближи до sвездената вечност во која и низ која единствено може да опстане нашата средина, подалеку од сите деструкции, апсурди, назадувања и безидејни себеуништувања“, пишува во воведот директорот на ЈОУ КИЦ Битола, д-р Лили Бошевска.

Изложбата свое претставување ќе има во Канада, како дел од меѓународната соработка. Проектот е поддржан од Министерство за култура, како дел од националната програма за култура во 2023 и Општина Битола.

 

The post Меѓународна изожба на македонски и канадски графичари утревечер во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>

Утревечер со почеток во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом на свеченото отворање на изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“. Изложбата е настаната како плод на соработката на двајцата куратори, Дерек Мајкл Бесант и Владо Ѓорески, па се прошири на седум македонски плус седум канадски графичари, . Почетната иницијатива брзо се прошири, наидувајќи на огромна страст за поврзување, така наместо 7+7 уметници, добивме 7х7 учесници како симбол на нашето поврзување бидејќи бројот на уметници кои ќе ги допре овој заеднички проект е многу поголем од 14, 20 или 49. Тука се додаваат и умножуваат и професорите и студентите на катедрите за графика од Факултетите за ликовна уметност од Скопје, Халифакс, Монтреал, Троа Ривиер, Алберта, Едмонтон и Келона, а да не ги заборавиме и организаторите и учесниците на Mеѓународното графичко триенале во Битола и Mеѓународно биенале за современa графика во Троа Ривиер. „Не би можела, а да не го спомнам и значењето на Културен и информативен центар КИЦ Битола со нашиот препознатлив „Офицерски“, како цврст и добро проектиран континуитет и како институција која остава печат врз мапата и агендата на истакнати и признати ликовни, галериски и културни центри во светот. Оваа изложба е нашиот влог не само во институционални рамки туку најмногу како целосен и неизбришлив тестамент за иднината во која светлината на човечкото создавање единствено ќе се доближи до sвездената вечност во која и низ која единствено може да опстане нашата средина, подалеку од сите деструкции, апсурди, назадувања и безидејни себеуништувања“, пишува во воведот директорот на ЈОУ КИЦ Битола, д-р Лили Бошевска. Изложбата свое претставување ќе има во Канада, како дел од меѓународната соработка. Проектот е поддржан од Министерство за култура, како дел од националната програма за култура во 2023 и Општина Битола.  

The post Меѓународна изожба на македонски и канадски графичари утревечер во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>
Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2023 https://republika.mk/scena/muzika/izbrani-kompozitsiite-za-bitolskiot-festival-eh-taa-serenada-2023/ Thu, 27 Apr 2023 13:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=634719

Културно информативниот центар Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада“, кој годинава ќе се одржи во август во Битола.

Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.
Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции, соопштија од КИЦ Битола.

Фестивалот ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом - КИЦ Битола.

The post Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2023 appeared first on Република.

]]>

Културно информативниот центар Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада“, кој годинава ќе се одржи во август во Битола. Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност. Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции, соопштија од КИЦ Битола. Фестивалот ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом - КИЦ Битола.

The post Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2023 appeared first on Република.

]]>
Изложба на Мирослав Масин во КИЦ Битола https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-miroslav-masin-vo-kits-bitola/ Tue, 28 Mar 2023 07:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=624494

Културен и информативен центар - Битола и Меѓународната ликовна колонија „ДеНиро“ ја најавуваат изложбата на дела од ликовниот уметник Мирослав Масин, дел од приватната колекција „Филеви“.

Отворањето на изложбат е во четврток, на 30 март, во Офицерски дом - КИЦ Битола, во Кристална сала во 19 часот.

The post Изложба на Мирослав Масин во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>

Културен и информативен центар - Битола и Меѓународната ликовна колонија „ДеНиро“ ја најавуваат изложбата на дела од ликовниот уметник Мирослав Масин, дел од приватната колекција „Филеви“. Отворањето на изложбат е во четврток, на 30 март, во Офицерски дом - КИЦ Битола, во Кристална сала во 19 часот.

The post Изложба на Мирослав Масин во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>
Изложба во КИЦ Битола по повод 8 Март https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-vo-kits-bitola-po-povod-8-mart/ Mon, 06 Mar 2023 16:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=616524

Кој друг ако не уметникот е најповикан да ја изнесе на светлина сета женска убавина, храброст , милост и саможртва... 8 Март е симбол на денот кога жените застанаа рамо до рамо со мажите да се борат за подобар заеднички свет...

ЈОУ Културен и информативен центар Битола и ДЛУБ организираат изложба по повод интернационалниот ден на жената 8 Март, во среда 8 Март , Кристална сала - Офицерски дом - КИЦ Битола ,19 часот.

The post Изложба во КИЦ Битола по повод 8 Март appeared first on Република.

]]>

Кој друг ако не уметникот е најповикан да ја изнесе на светлина сета женска убавина, храброст , милост и саможртва... 8 Март е симбол на денот кога жените застанаа рамо до рамо со мажите да се борат за подобар заеднички свет...
ЈОУ Културен и информативен центар Битола и ДЛУБ организираат изложба по повод интернационалниот ден на жената 8 Март, во среда 8 Март , Кристална сала - Офицерски дом - КИЦ Битола ,19 часот.

The post Изложба во КИЦ Битола по повод 8 Март appeared first on Република.

]]>
КИЦ-Битола минатата година регистрира 65.000 посетители https://republika.mk/vesti/kultura/kits-bitola-minatata-godina-registrira-65-000-posetiteli/ Sun, 26 Feb 2023 16:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=613402

Културниот и информативен центар, КИЦ-Битола, јавна општинска установа која своите програмски активности ги реализира во битолскиот Офицерски дом и кино ,,Манаки", во минатата година регистрира 65.000 посетители, публика која присуствувала на над 400 настани.

На прес конференција во Битола, директорката на КИЦ, Лили Бошевска истакна дека установата работи успешно, негува и создава културни вредности, финансиски е стабилна и ужива поддршка од локалната самоуправа и Министерството за култура.

-Во оваа година ќе реализираме новини, ќе го организираме фестивалот ,,Ех, таа серенада" кој минатата година беше реализиран со ретроспективна вечер, а годинава ќе биде со нови авторски композиции. Подготвуваме концерти на класична музика, изложба на графички дела од словенечки уметници, а како соработници ќе организираме биенале на минијатурна графика и цртежи, новина која очекуваме да предизвика голем домашен и меѓународен интерес, посочи Бошевска.

ЈОУ КИЦ-Битола доби согласност од Советот на Општина Битола да формира туристички информативен центар.

-Наш предизвик е туристичката дејност која ќе ја реализираме во нашите објекти, имаме нова веб страница, а издавачката дејност ќе ја збогатиме со ново списание за куктура и уметност. Задоволни сме што 4 наши апликации се сврстени и поддржани како проекти од национален интерес од Министерството за култура и секако од поддршката на нашата целосна програма што ни ја дава локалната самоуорава, нагласи Бошевска.

Со средства од Општина Битола наскоро ќе биде завршено партерното уредување на офицерскиот дом, а околината ќе биде осветлена со канделабри, беше соопштено на денешната прес конференција во КУЦ-Битола.

The post КИЦ-Битола минатата година регистрира 65.000 посетители appeared first on Република.

]]>

Културниот и информативен центар, КИЦ-Битола, јавна општинска установа која своите програмски активности ги реализира во битолскиот Офицерски дом и кино ,,Манаки", во минатата година регистрира 65.000 посетители, публика која присуствувала на над 400 настани. На прес конференција во Битола, директорката на КИЦ, Лили Бошевска истакна дека установата работи успешно, негува и создава културни вредности, финансиски е стабилна и ужива поддршка од локалната самоуправа и Министерството за култура. -Во оваа година ќе реализираме новини, ќе го организираме фестивалот ,,Ех, таа серенада" кој минатата година беше реализиран со ретроспективна вечер, а годинава ќе биде со нови авторски композиции. Подготвуваме концерти на класична музика, изложба на графички дела од словенечки уметници, а како соработници ќе организираме биенале на минијатурна графика и цртежи, новина која очекуваме да предизвика голем домашен и меѓународен интерес, посочи Бошевска. ЈОУ КИЦ-Битола доби согласност од Советот на Општина Битола да формира туристички информативен центар. -Наш предизвик е туристичката дејност која ќе ја реализираме во нашите објекти, имаме нова веб страница, а издавачката дејност ќе ја збогатиме со ново списание за куктура и уметност. Задоволни сме што 4 наши апликации се сврстени и поддржани како проекти од национален интерес од Министерството за култура и секако од поддршката на нашата целосна програма што ни ја дава локалната самоуорава, нагласи Бошевска. Со средства од Општина Битола наскоро ќе биде завршено партерното уредување на офицерскиот дом, а околината ќе биде осветлена со канделабри, беше соопштено на денешната прес конференција во КУЦ-Битола.

The post КИЦ-Битола минатата година регистрира 65.000 посетители appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Македонија“ на бразилски уметници од вечерва во КИЦ Битола https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-makedonija-na-brazilski-umetnitsi-od-vecherva-vo-kits-bitola/ Thu, 23 Feb 2023 19:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=612541

Во четврток (23 февруари) од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Македонија“ на бразилските ликовни уметници Даниел Частинет и Вилсон Нето.

Изложбата ја организираат Културно информатиовниот центар – Битола во соработка со Меѓународна ликовна колонија „ДеНиро“.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во Источната галерија на Офицерскиот дом во Битола .

Од КИЦ-Битола најавуваат дека истиот ден од 20:30 часот во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе се одржи и театарската претстава „Phalaris’s bull: solving the riddle of the great big world“ од Стивен Фридман. Овој настан го организираат КИЦ – Битола во соработка со амбасадата на САД во Скопје и Општина Битола.

The post Изложбата „Македонија“ на бразилски уметници од вечерва во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>

Во четврток (23 февруари) од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Македонија“ на бразилските ликовни уметници Даниел Частинет и Вилсон Нето. Изложбата ја организираат Културно информатиовниот центар – Битола во соработка со Меѓународна ликовна колонија „ДеНиро“. Изложбата ќе биде отворена за посетителите во Источната галерија на Офицерскиот дом во Битола . Од КИЦ-Битола најавуваат дека истиот ден од 20:30 часот во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе се одржи и театарската претстава „Phalaris’s bull: solving the riddle of the great big world“ од Стивен Фридман. Овој настан го организираат КИЦ – Битола во соработка со амбасадата на САД во Скопје и Општина Битола.

The post Изложбата „Македонија“ на бразилски уметници од вечерва во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>
КИЦ Битола се подготвува за фестивалот „Ех, таа серенада“ 2023 https://republika.mk/vesti/kultura/kits-bitola-se-podgotvuva-za-festivalot-eh-taa-serenada-2023/ Wed, 01 Feb 2023 09:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=603253

Културен и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2023 до 31.03.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада “Ех таа серенада” 2023.

Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса [email protected]. За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.

Додаваат дека во корист на квалитетот на фестивалот, организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори, и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот.

Фестивалот “Ех таа серенада” 2023 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) во рамките на Бит Фест 2023.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2023.

The post КИЦ Битола се подготвува за фестивалот „Ех, таа серенада“ 2023 appeared first on Република.

]]>

Културен и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2023 до 31.03.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада “Ех таа серенада” 2023.
Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса [email protected]. За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.
Додаваат дека во корист на квалитетот на фестивалот, организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори, и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот. Фестивалот “Ех таа серенада” 2023 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) во рамките на Бит Фест 2023. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2023.

The post КИЦ Битола се подготвува за фестивалот „Ех, таа серенада“ 2023 appeared first on Република.

]]>