киро глигоров Archives - Република https://republika.mk/tema/kiro-gligorov/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 10:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киро глигоров Archives - Република https://republika.mk/tema/kiro-gligorov/ 32 32 Откриена биста на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/skopje/otkriena-bista-na-prviot-pretsedatel-na-makedonija-kiro-gligorov/ Wed, 09 Oct 2024 10:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=824593

Денеска во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје беше откриена биста на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар каде се наоѓа училиштето, ја објави веста на социјалните мрежи.

„Голема чест е да се открие биста на првиот македонски претседател Киро Глигоров токму во нашето центарско училиште кое го носи неговото големо име. Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров.

Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски.

Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит.

Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, напиша Герасимовски.

The post Откриена биста на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Денеска во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје беше откриена биста на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар каде се наоѓа училиштето, ја објави веста на социјалните мрежи.
„Голема чест е да се открие биста на првиот македонски претседател Киро Глигоров токму во нашето центарско училиште кое го носи неговото големо име. Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров. Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски. Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит. Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, напиша Герасимовски.

The post Откриена биста на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
Маричиќ со владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-so-vladina-delegatsija-polozhi-tsveke-na-vechnoto-pochivalishte-na-kiro-gligorov/ Mon, 01 Jan 2024 11:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=728611

Делегација на Владата предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Денеска, кога се навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, со овој чин на чествување на делото на првиот претседател на независна Република Македонија, Владата му оддава признание на еден од врвните лидери на независноста на државата кој со своите мудри политички одлуки ги постави правците за развојот на македонската држава, се наведува во соопштението од СЕП.

Глигоров, како што е посочено во соопштението, е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите Нации кога Република Македонија стана 181. членка на ООН.

Киро Глигоров учествуваше во меѓународното признавање и афирмација на државата и ги постави темелните принципи за членство на денешна Македонија во најмоќната воено безбедносна алијанса во светот НАТО и за прифаќање на државата за членка на Европската Унија.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.​

The post Маричиќ со владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Денеска, кога се навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, со овој чин на чествување на делото на првиот претседател на независна Република Македонија, Владата му оддава признание на еден од врвните лидери на независноста на државата кој со своите мудри политички одлуки ги постави правците за развојот на македонската држава, се наведува во соопштението од СЕП.
Глигоров, како што е посочено во соопштението, е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава. Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите Нации кога Република Македонија стана 181. членка на ООН. Киро Глигоров учествуваше во меѓународното признавање и афирмација на државата и ги постави темелните принципи за членство на денешна Македонија во најмоќната воено безбедносна алијанса во светот НАТО и за прифаќање на државата за членка на Европската Унија. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.​

The post Маричиќ со владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/dvanaeset-godini-od-smrtta-na-pretsedatelot-kiro-gligorov/ Mon, 01 Jan 2024 09:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=728588

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Делегација на Собранието во состав: Дарко Каевски и Бети Стаменковска-Трајкоска денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Цвеќе ќе положи и владина делегација предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“.

По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

The post Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието во состав: Дарко Каевски и Бети Стаменковска-Трајкоска денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Цвеќе ќе положи и владина делегација предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН. На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

The post Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
Дваесет и осум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-i-osum-godini-od-atentatot-vrz-pretsedatelot-kiro-gligorov/ Tue, 03 Oct 2023 07:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=687303

Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

The post Дваесет и осум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот. Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“. Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

The post Дваесет и осум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-e-roden-kiro-gligorov-prviot-pretsedatel-na-samostojna-republika-makedonija/ Wed, 03 May 2023 05:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=636239

Бил претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. По пензионирањето Киро Глигоров бил активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател: „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“.

Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Починал на 1 јануари 2012 година.

The post На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија appeared first on Република.

Ќе има гужва кај „Бриколаж“: Утре времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“ https://republika.mk/vesti/skopje/ke-ima-guzhva-kaj-brikolazh-utre-vremen-soobrakaen-rezhim-na-bulevarot-kiro-gligorov/ Sat, 25 Mar 2023 08:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=623465

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден (26.03.2023 – недела) на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од „Бриколаж“ до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7-19 часот, информираат од претпријатието.

The post Ќе има гужва кај „Бриколаж“: Утре времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“ appeared first on Република.

Владина делегaција положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-polozhi-tsveke-na-vechnoto-pochivalishte-na-pretsedatelot-gligorov/ Sun, 01 Jan 2023 12:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=592523

Делегација на Владата на Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, на градските гробишта Бутел, положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Веруваме дека денес би бил горд затоа што Република Македонија успешно ја развиваме во тој правец.

The post Владина делегaција положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, на градските гробишта Бутел, положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Киро Глигоров. Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата. Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН. Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Веруваме дека денес би бил горд затоа што Република Македонија успешно ја развиваме во тој правец.  

The post Владина делегaција положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>
Единаесет години од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/edinaeset-godini-od-smrtta-na-kiro-gligorov-prviot-pretsedatel-na-republika-makedonija/ Sun, 01 Jan 2023 08:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=592416

Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

To почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“.

По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006).

Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

The post Единаесет години од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. To почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН. На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

The post Единаесет години од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Јас сум дел од континуитетот на Глигоров и Заев, а Мицкоски е од времето на Груевски https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-sum-del-od-kontinuitetot-na-gligorov-i-zaev-a-mickoski-e-od-vremeto-na-gruevski/ Fri, 07 Oct 2022 21:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=558601

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва го осуди условувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон пратениците кои потпишуваа нотарски изјави дека нема да гласаат за евентуалната промена на Уставот и вметнување на бугарското малцинство.

Ковачевски вели дека разговарал со многу лидери на други земји и оти „тие немаат видено пример да се ограничува право на пратеник во Собрание со нотарски изјави“ на ваков начин.

„Сметам дека секој пратеник треба да биде слободен во својот избор. Зошто не би се поддржале уставните измени? Има една разлика меѓу мене и Мицкоски. Таа е следнава: Мицкоски им нуди на граѓаните да бидат горди, сами и изолирани на мала маса. Јас им нудам да бидат достоинствени, со крената глава и да седиме на големата маса во Брисел. Јас сум дел од континуитетот на Република Македонија, од времето на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Никола Кљусев, Борис Трајковси и Зоран Заев, со кого влеговме во НАТО. Мицкоски е дел од времето на Никола Груевски, бидејќи во тие 11 години еден милиметар не се поместивме. Сега секој ден седиме во Брисел“, рече премиерот во гостувањето на ТВ21.

Ковачевски порача дека секој пратеник треба да биде свесен за улогата која што ја има во Собранието и дека одлуките што се носат ја одредуваат иднината на генерациите што доаѓаат.

Повеќе претставници на власта во изминативе месеци изразија увереност дека Уставот ќе биде сменет уште од овој актуелен состав, во кој на власта ѝ требаат уште 17 пратеници за да стигне до бројката од 81 и двотретинското мнозинство за вметнување на Бугарите во Уставот, кое е предуслов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ.

Ковачевски вечерва рече и дека Владата е стабилна и парламентарното мнозинство овозможува нејзино непречено функционирање и покрај случувањата во ДУИ.

„Имам редовни состаноци со Али Ахмети, но не можам да се мешам во нивните внатрепартиски работи“, рече тој, додавајќи дека не може да зборува во име на пратениците, но смета дека од тројца пратеници на оваа партија Владата и натаму ќе има поддршка.

Ковачевски рече дека за влез на Алијанса за Албанците во Владата не е разговарано со новиот лидер Арбен Таравари, но рече дека „секоја поддршка на европскиот пат на државата и на носење мерки за справување со економската и енергетската криза и со сите предизвици на државата смета дека е поддршка за која треба да се разговара и да се поздрави“.

„На последниот настап во Парламентот кажав дека сега е време кога треба да се обединиме зашто имаме пред нас остварување стратешки цели на државата – продолжување на патот кон полноправно членство во Европската Унија и овозможување на најдобар начин да се справиме со енергетската и економската криза во која се наоѓа и државата и целиот европски континент. Со господинот Таравари се немам видено, но секогаш сум имал контакти со пратениците од партијата Алијанса“, рече Ковачевски.

Тој не смета дека има потреба од формирање широка коалиција во која би била и ВМРО-ДПМНЕ, како во 2001 година, затоа што, рече, не смета дека во моментов државата се наоѓа во политичка или во воена криза. Премиерот додаде дека партијата што ја предводи, Социјалдемократскиот сојуз, е целосно консолидиран по губењето на ланските локални избори.

The post Јас сум дел од континуитетот на Глигоров и Заев, а Мицкоски е од времето на Груевски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва го осуди условувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон пратениците кои потпишуваа нотарски изјави дека нема да гласаат за евентуалната промена на Уставот и вметнување на бугарското малцинство. Ковачевски вели дека разговарал со многу лидери на други земји и оти „тие немаат видено пример да се ограничува право на пратеник во Собрание со нотарски изјави“ на ваков начин.
„Сметам дека секој пратеник треба да биде слободен во својот избор. Зошто не би се поддржале уставните измени? Има една разлика меѓу мене и Мицкоски. Таа е следнава: Мицкоски им нуди на граѓаните да бидат горди, сами и изолирани на мала маса. Јас им нудам да бидат достоинствени, со крената глава и да седиме на големата маса во Брисел. Јас сум дел од континуитетот на Република Македонија, од времето на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Никола Кљусев, Борис Трајковси и Зоран Заев, со кого влеговме во НАТО. Мицкоски е дел од времето на Никола Груевски, бидејќи во тие 11 години еден милиметар не се поместивме. Сега секој ден седиме во Брисел“, рече премиерот во гостувањето на ТВ21.
Ковачевски порача дека секој пратеник треба да биде свесен за улогата која што ја има во Собранието и дека одлуките што се носат ја одредуваат иднината на генерациите што доаѓаат. Повеќе претставници на власта во изминативе месеци изразија увереност дека Уставот ќе биде сменет уште од овој актуелен состав, во кој на власта ѝ требаат уште 17 пратеници за да стигне до бројката од 81 и двотретинското мнозинство за вметнување на Бугарите во Уставот, кое е предуслов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ. Ковачевски вечерва рече и дека Владата е стабилна и парламентарното мнозинство овозможува нејзино непречено функционирање и покрај случувањата во ДУИ.
„Имам редовни состаноци со Али Ахмети, но не можам да се мешам во нивните внатрепартиски работи“, рече тој, додавајќи дека не може да зборува во име на пратениците, но смета дека од тројца пратеници на оваа партија Владата и натаму ќе има поддршка.
Ковачевски рече дека за влез на Алијанса за Албанците во Владата не е разговарано со новиот лидер Арбен Таравари, но рече дека „секоја поддршка на европскиот пат на државата и на носење мерки за справување со економската и енергетската криза и со сите предизвици на државата смета дека е поддршка за која треба да се разговара и да се поздрави“.
„На последниот настап во Парламентот кажав дека сега е време кога треба да се обединиме зашто имаме пред нас остварување стратешки цели на државата – продолжување на патот кон полноправно членство во Европската Унија и овозможување на најдобар начин да се справиме со енергетската и економската криза во која се наоѓа и државата и целиот европски континент. Со господинот Таравари се немам видено, но секогаш сум имал контакти со пратениците од партијата Алијанса“, рече Ковачевски.
Тој не смета дека има потреба од формирање широка коалиција во која би била и ВМРО-ДПМНЕ, како во 2001 година, затоа што, рече, не смета дека во моментов државата се наоѓа во политичка или во воена криза. Премиерот додаде дека партијата што ја предводи, Социјалдемократскиот сојуз, е целосно консолидиран по губењето на ланските локални избори.

The post Јас сум дел од континуитетот на Глигоров и Заев, а Мицкоски е од времето на Груевски appeared first on Република.

]]>
27 години од атентатот врз Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/27-godini-od-atentatot-vrz-kiro-gligorov/ Mon, 03 Oct 2022 09:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=556764

Пред 27 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

The post 27 години од атентатот врз Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Пред 27 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“. Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

The post 27 години од атентатот врз Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
Гајдов: Фрчкоски е мозокот на атентатот врз Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/gajdov-frchkoski-e-mozokot-na-atentatot-vrz-gligorov/ Fri, 18 Mar 2022 16:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=475107

И ЦИА и британската и германската тајна служба веднаш по атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров испратија телеграми до македонските служби да не се пипа ништо на местото на атентатот затоа што нивни специјални единици веднаш доаѓаат. Но, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски дал наредба само после 120 минути да се тргне мерцедесот од местото на атентатот. Тој е мозокот на атентатот. Ова вечерва го изјави Љубомир Гајдов, долгогодишен новинар, надворешно-политички коментатор за емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „Го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита, изјави Гајдов.

The post Гајдов: Фрчкоски е мозокот на атентатот врз Глигоров appeared first on Република.

Бугарија сега ја обвинува Македонија и за геноцид, се споменуваат и Глигоров и Пендаровски https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-sega-ja-obvinuva-makedonija-i-za-genocid-se-spomenuvaat-i-gligorov-i-pendarovski/ Mon, 10 Jan 2022 12:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=442569

Во рок од само неколку дена на веб-изданието на софиски „Труд“ се појавија два текста од двајца различни автори во кои на удар се најдоа двајца македонски претседатели. Прво, првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, и веднаш потоа актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Во авторски текст од 4 јануари на долгогодишниот дописник од Скопје за бугарските медиуми, Костадин Филипов, во самиот наслов за првиот претседател на независна Македонија се вели „Глигоров-човекот, кој ја призна дебугаризацијата на Македонија“. Земајќи го како основа прилогот на Би-Би-Си на српски јазик, посветен на десетгодишнината од смртта Глигоров, Филипов меѓу другото ќе напише:

-Меѓутоа, не се сомневам дека споменик на Глигоров ќе има. Ако не за други негови „заслуги“, тогаш барем за онаа изјава од парламентарната говорница во која тој, првиот претседател на Република Македонија, свечено објави дека процесот на дебугаризација во државата е целосно завршен и дека бугарското чувство останува само во рамките на неколку фамилии. Го слушнав со свои уши, го видов со свои очи и пишував извештаи од Скопје на таа тема. Па сега нека ми кажат дека македонизмот не бил на антибугарска основа.

Кога Глигоров го изјавил ова, авторот не наведува, но веројатно не пишува на памет, иако за контекстот во кој било наведено изнесеното може само да се претпоставува. Но, како и да е, првиот шеф на државата се користи како алиби за да се потенцира дека во Македонија постоел или постои процес на дебугаризација. А, токму тој процес на дебугаризација и неговото укинување е дел од барањата, што бугарскиот претседател Румен Радев ги споменува како услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Само три дена подоцна, на 7 јануари, на самиот ден на големиот празник Божик, во истиот медиум доц.д-р Спас Ташев од Институтот за истражување на човековите права при БАН, објави текст со наслов „Крвавото Коледе од 1945-почетокот на новата дебугаризација“. Во него авторот меѓу другото пишува:

-Во своето обраќање пред Собранието во Скопје на крајот од 2021 г. претседателот С. Пендаровски ја претстави бугарската теза дека на територијата на Македонија била спроведувана „системска дебугаризација, што е сириозно обвинување…Таков процес…доколку постои, би бил рамен на геноцид“. Овој ракурс ја открива длабоката бездна на патот на национално помирување покрај Вардар, зашто фактите неспорно го потврдуваат спроведувањето на геноцид против македонските Бугари започнат кон крајот на 1944 г.

И ова е за првпат од еден медиум и автор од Бугарија јавно и отворено да се спомене дека во Македонија, србокомунистите, што ќе рече Македонците, извршиле геноцид врз македонските Бугари!? Ако е нешто до сега познато, тоа е дека и во т.н.Тиранска платформа во една од точките исто така се споменуваше геноцид извршен исто така од Македонците врз Албанците до 1956 година!?

Како основа за ваквото тврдење авторот ги користи настаните од скопското Кале од 7 јануари 1945 година и тоа низ призмата на наводни документи од Македонската патриотическа организација. Па така, се споменува дека првиот удар е задушувањето на бунтот од 16 декември на скопското Кале каде се убиени 70 офицери и 100 војници демобилизирани од бугарската армија, кои се вратиле по родните места. Всушност, дека има неколку војнички бунтови и оти нема сомневање дека убиените се чувствувале Бугари, натаму оти само за неколку дена биле убиени 1.200 лица, потоа се споменуваат податоци дека србокомунистите секој ден во Групчин убивале од 30 до 40 души, дека од септември 1944 до крајот на 1945 година на смрт или на доживотен затвор во Вардарска Македонија биле осудени над 5.500 лица, дека само во затворот во Идризово секоја година влегувале нови осудени 2.000 лица, дека само низ вратите на затворот Идризово во последните 15 години влегле над 30.000 затвореници, дека се говори оти 35% од населението било измачувано…

Во други бугарски медиуми, пак, кои исто така пишуваа за „крвавото Коледе“, покрај овие се изнесуваа и други податоци. На пример, дека биле убиени над 25.000 македонски Бугари и над 130.000 биле насилно иселени од Македонија.

Ако внимателно се читаа текствоите можеше да се забележи дека има несигурност во точните датуми за настаните на скопското Кале, па затоа се бара форма дека постоеле повеќе такви бунтови. Се споменуваат 16 декември, па ноќта 6 спроти 7 јанури и конечно 7 јануари.

За сите е заеднички, всушност, еден единствен извор, само прашање е дали тој лежи во документите на МПО или, пак, во книгата „Новата национално-ослободителна борба во Вардарска Македонија 1944-1991 година“ од Димитар Г. Гоцев, некогашен претседател на ВМРО-БНД и на Македонскиот научен институт од Софија, објавена во 1998 година.

Оваа книга следи една година по објавувањето на книгата „Настаните на скопското Кале на 7 јануари 1945 година документи“, издание на Државниот архив на Македонија од 1997 година. И во неа врз основа на документи се објавуваат непосредно настаните на скопското Кале и на скопскиот плоштад, а поместени се и изјави од уапсените членови на артилериската единица.

Но, од книгата се важни два моменти. Првиот, дека од 33 уапсени лица, 31 се изјасниле како Македонци, додека двајца како Срби. И вториот, дека ниту еден од нив не бил убиен, односно стрелан. Според одредени сознанија, на скопското Кале се вршени и истражувања на некаква масовна гробница и тоа под надзор на една странска амбасада, но такво нешто не било пронајдено.

И овие податоци јасно говорат дека настаните од скопското Кале не биле табу тема за македонските историчари, зашто на списокот можат да се најдат и други дела, освен споменатотото.

Меѓутоа, индикативно е што податоците од книгата на Димитар Гоцев првпат почнуваат масовно да се користат во Бугарија од 2017 година, кога паѓа власта на ВМРО-ДПМНЕ и таа преминува во рацете на СДСМ. Од тогаш наваму, тие се редовен декор во нападите врз Македонија.

Вториот апсолутно погрешен податок е дека, наводно, на скопскиот плоштад дента, на 7 јануари, биле убиени 70 офицери и 100 војници. А дека тоа е фикција говорат извештаите на претставниците на воените мисии на САД и на Велика Британија, кои тогаш биле присутни во Македонија.

Ова може да се прочита во книгите на проф. Тодор Чепреганов насловени како „Воените мисии на Соединетите Американски држави во Македонија 1944-1945 Документи, Том 1“, „Велика Британија и Македонија документи 1942-1945“ и „Велика Британија и Македонија (18 август 1944-8 мај 1945) Документи Том 1“. Во извештаите на задолжените американски и британски офицери со споменува бунтот, се споменува апсење на лица, се споменува затворање и можно нивно стрелање, но никаде не се споменува некакво убиство на 70 офицери и 100 војници на плоштадот. А, малку е веројатно или воопшто не е можно ваков податок или сознание да не биде испратено во Вашингтон или во Лондон.

За бројките од 25.000 убиени и 120.000 насилно протерани македонски Бугари од територијата на Вардарска Македонија по Втората светска војна не треба ни да се говори. Тие се отворена манипулација во функција на наводно непочитување на човековите права и слободи и немаат допирни точки со реалноста. А, тоа несомнено го потврдуваат споредбите и бројките од пописите во предвоена Кралска Југославија и поствоена ФНРЈ спроведени во 1931 и 1948 година, што се однесуваат само на Република Македонија, односно Вардарска бановина.

Исклучително важно е да се напомене дека за пописот во 1948 година постоела посебна графа за изјаснување како Бугари, што значи дека не постоела никаква можност тоа право некому да му биде ускратено.

Резултатите од пописот во 1948 година велат дека во тогашна ФР Македонија имало 1.152.986 жители или 3,3% помалку од пописот во 1931 година. Што значи дека бројката 25.000 убиени и 120.000 прогонувани или насилно иселени македонски Бугари од Македонија, односно речиси 10% од населението, драстично би се одразила врз вкупниот број население во поствоена Македонија, а во случајов повеќе од очигледно е дека не е така.

Од вкупното население во Македонија, во 1948 година како Македонци се изјасниле 789.648 жители или 68,4%, како Албанци 197.389 или 17,1%, како Срби 29.721, Хрвати 2.090, Словенци 729, Црногорци 2.348, 889 Бугари, 130 Чеси, 29, Словаци, 1.141 Руси, 219 Унгарци, 360 Германци, 77 Романци, 9.511 Власи, 56 Италијанци, 95.940 Турци, 19.500 Роми, 1.560 неопределени муслимани и 1.649 останати.

Скопје како главен град, пак, имал 87.654 жители. Од нив, 51.819 се изјасниле како Македонци, 5.209 Албанци, 405 неопределени муслимани, 5.872 Срби, 986 Хрвати, 425 Словенци, 770 Црногорци, 275 Бугари, 74 Чеси, 11 Словаци, 113 Унгарци, 152 Германци, 16 Романци, 665 Власи, 27 Италијанци, 13.928 Турци, 5.796 Роми и 554 останати.

Непобитен факт е дека по настаните на скопското Кале, само неколку дена подоцна тогашната ОЗНА извршила масовни убиства во Велес, Куманово, Штип и Ресен. Егзекуцијата била вршена без суд и судење и тоа е непростлив грев на комунистичкиот режим. Во Куманово до ден денес не се знае масовната гробница на 48-те убиени лица, чии имиња биле објавени во „Нова Македонија“, ден по нивната ликвидација.

Но, во што лежи целата манипулација со бројките!? Тука има неколку точки. Прво и основно, звучи речиси неверојатен обидот бугарските соработници на наци-фашизмот за време на Втората светска војна да ги обвинат  Македонците како антифашисти за некаков геноцид! Второ, со целосното извртување на тезите, Бугарите настојуваат целата Втора светска војна да ја прикажат, всушност, како идеолошка борба на еден ист народ и да претстават дека во Македонија немало национално движење и Народно-ослободителна борба. Оттука и настојувањата и нивните тврдења дека тогашната бугарска власт не била фашистичка.

Ако се прифати тезата дека бугарските окупациски власти биле администратори и не биле наци-фашисти и оти, фактички, тие се бореле против наци-фашизмот, а Македонците биле тие, кои ги правеле најголемите злосторства во Македонија, тогаш и вината за депортацијата на македонските Евреи ќе треба да се префрли врз Македонците. Со тоа повторно тие ќе бидат прикажани како геноциден народ, кој всушност никогаш не бил тоа!!! А, токму тоа е и најголемото кукавичко јајце, што може да ни го постави една земја-членка на ЕУ!

И конечно, со ваквата манипулација со бројки и прикажувањето на сите жртви на комунизмот како Бугари, фактички, Бугарија во Македонија сака да го приграби и целиот антикомунизам! Што повторно води кон тоа дека на овие простори немало војна, туку идеолошки судир на еден ист народ! А, тоа ни случајно не соодветствува ни со документите, ни со историските факти и вистина.

Извор: Пресинг ТВ

The post Бугарија сега ја обвинува Македонија и за геноцид, се споменуваат и Глигоров и Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Во рок од само неколку дена на веб-изданието на софиски „Труд“ се појавија два текста од двајца различни автори во кои на удар се најдоа двајца македонски претседатели. Прво, првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, и веднаш потоа актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски. Во авторски текст од 4 јануари на долгогодишниот дописник од Скопје за бугарските медиуми, Костадин Филипов, во самиот наслов за првиот претседател на независна Македонија се вели „Глигоров-човекот, кој ја призна дебугаризацијата на Македонија“. Земајќи го како основа прилогот на Би-Би-Си на српски јазик, посветен на десетгодишнината од смртта Глигоров, Филипов меѓу другото ќе напише:
-Меѓутоа, не се сомневам дека споменик на Глигоров ќе има. Ако не за други негови „заслуги“, тогаш барем за онаа изјава од парламентарната говорница во која тој, првиот претседател на Република Македонија, свечено објави дека процесот на дебугаризација во државата е целосно завршен и дека бугарското чувство останува само во рамките на неколку фамилии. Го слушнав со свои уши, го видов со свои очи и пишував извештаи од Скопје на таа тема. Па сега нека ми кажат дека македонизмот не бил на антибугарска основа.
Кога Глигоров го изјавил ова, авторот не наведува, но веројатно не пишува на памет, иако за контекстот во кој било наведено изнесеното може само да се претпоставува. Но, како и да е, првиот шеф на државата се користи како алиби за да се потенцира дека во Македонија постоел или постои процес на дебугаризација. А, токму тој процес на дебугаризација и неговото укинување е дел од барањата, што бугарскиот претседател Румен Радев ги споменува како услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Само три дена подоцна, на 7 јануари, на самиот ден на големиот празник Божик, во истиот медиум доц.д-р Спас Ташев од Институтот за истражување на човековите права при БАН, објави текст со наслов „Крвавото Коледе од 1945-почетокот на новата дебугаризација“. Во него авторот меѓу другото пишува:
-Во своето обраќање пред Собранието во Скопје на крајот од 2021 г. претседателот С. Пендаровски ја претстави бугарската теза дека на територијата на Македонија била спроведувана „системска дебугаризација, што е сириозно обвинување…Таков процес…доколку постои, би бил рамен на геноцид“. Овој ракурс ја открива длабоката бездна на патот на национално помирување покрај Вардар, зашто фактите неспорно го потврдуваат спроведувањето на геноцид против македонските Бугари започнат кон крајот на 1944 г.
И ова е за првпат од еден медиум и автор од Бугарија јавно и отворено да се спомене дека во Македонија, србокомунистите, што ќе рече Македонците, извршиле геноцид врз македонските Бугари!? Ако е нешто до сега познато, тоа е дека и во т.н.Тиранска платформа во една од точките исто така се споменуваше геноцид извршен исто така од Македонците врз Албанците до 1956 година!? Како основа за ваквото тврдење авторот ги користи настаните од скопското Кале од 7 јануари 1945 година и тоа низ призмата на наводни документи од Македонската патриотическа организација. Па така, се споменува дека првиот удар е задушувањето на бунтот од 16 декември на скопското Кале каде се убиени 70 офицери и 100 војници демобилизирани од бугарската армија, кои се вратиле по родните места. Всушност, дека има неколку војнички бунтови и оти нема сомневање дека убиените се чувствувале Бугари, натаму оти само за неколку дена биле убиени 1.200 лица, потоа се споменуваат податоци дека србокомунистите секој ден во Групчин убивале од 30 до 40 души, дека од септември 1944 до крајот на 1945 година на смрт или на доживотен затвор во Вардарска Македонија биле осудени над 5.500 лица, дека само во затворот во Идризово секоја година влегувале нови осудени 2.000 лица, дека само низ вратите на затворот Идризово во последните 15 години влегле над 30.000 затвореници, дека се говори оти 35% од населението било измачувано… Во други бугарски медиуми, пак, кои исто така пишуваа за „крвавото Коледе“, покрај овие се изнесуваа и други податоци. На пример, дека биле убиени над 25.000 македонски Бугари и над 130.000 биле насилно иселени од Македонија. Ако внимателно се читаа текствоите можеше да се забележи дека има несигурност во точните датуми за настаните на скопското Кале, па затоа се бара форма дека постоеле повеќе такви бунтови. Се споменуваат 16 декември, па ноќта 6 спроти 7 јанури и конечно 7 јануари. За сите е заеднички, всушност, еден единствен извор, само прашање е дали тој лежи во документите на МПО или, пак, во книгата „Новата национално-ослободителна борба во Вардарска Македонија 1944-1991 година“ од Димитар Г. Гоцев, некогашен претседател на ВМРО-БНД и на Македонскиот научен институт од Софија, објавена во 1998 година. Оваа книга следи една година по објавувањето на книгата „Настаните на скопското Кале на 7 јануари 1945 година документи“, издание на Државниот архив на Македонија од 1997 година. И во неа врз основа на документи се објавуваат непосредно настаните на скопското Кале и на скопскиот плоштад, а поместени се и изјави од уапсените членови на артилериската единица. Но, од книгата се важни два моменти. Првиот, дека од 33 уапсени лица, 31 се изјасниле како Македонци, додека двајца како Срби. И вториот, дека ниту еден од нив не бил убиен, односно стрелан. Според одредени сознанија, на скопското Кале се вршени и истражувања на некаква масовна гробница и тоа под надзор на една странска амбасада, но такво нешто не било пронајдено. И овие податоци јасно говорат дека настаните од скопското Кале не биле табу тема за македонските историчари, зашто на списокот можат да се најдат и други дела, освен споменатотото. Меѓутоа, индикативно е што податоците од книгата на Димитар Гоцев првпат почнуваат масовно да се користат во Бугарија од 2017 година, кога паѓа власта на ВМРО-ДПМНЕ и таа преминува во рацете на СДСМ. Од тогаш наваму, тие се редовен декор во нападите врз Македонија. Вториот апсолутно погрешен податок е дека, наводно, на скопскиот плоштад дента, на 7 јануари, биле убиени 70 офицери и 100 војници. А дека тоа е фикција говорат извештаите на претставниците на воените мисии на САД и на Велика Британија, кои тогаш биле присутни во Македонија. Ова може да се прочита во книгите на проф. Тодор Чепреганов насловени како „Воените мисии на Соединетите Американски држави во Македонија 1944-1945 Документи, Том 1“, „Велика Британија и Македонија документи 1942-1945“ и „Велика Британија и Македонија (18 август 1944-8 мај 1945) Документи Том 1“. Во извештаите на задолжените американски и британски офицери со споменува бунтот, се споменува апсење на лица, се споменува затворање и можно нивно стрелање, но никаде не се споменува некакво убиство на 70 офицери и 100 војници на плоштадот. А, малку е веројатно или воопшто не е можно ваков податок или сознание да не биде испратено во Вашингтон или во Лондон.   За бројките од 25.000 убиени и 120.000 насилно протерани македонски Бугари од територијата на Вардарска Македонија по Втората светска војна не треба ни да се говори. Тие се отворена манипулација во функција на наводно непочитување на човековите права и слободи и немаат допирни точки со реалноста. А, тоа несомнено го потврдуваат споредбите и бројките од пописите во предвоена Кралска Југославија и поствоена ФНРЈ спроведени во 1931 и 1948 година, што се однесуваат само на Република Македонија, односно Вардарска бановина. Исклучително важно е да се напомене дека за пописот во 1948 година постоела посебна графа за изјаснување како Бугари, што значи дека не постоела никаква можност тоа право некому да му биде ускратено. Резултатите од пописот во 1948 година велат дека во тогашна ФР Македонија имало 1.152.986 жители или 3,3% помалку од пописот во 1931 година. Што значи дека бројката 25.000 убиени и 120.000 прогонувани или насилно иселени македонски Бугари од Македонија, односно речиси 10% од населението, драстично би се одразила врз вкупниот број население во поствоена Македонија, а во случајов повеќе од очигледно е дека не е така. Од вкупното население во Македонија, во 1948 година како Македонци се изјасниле 789.648 жители или 68,4%, како Албанци 197.389 или 17,1%, како Срби 29.721, Хрвати 2.090, Словенци 729, Црногорци 2.348, 889 Бугари, 130 Чеси, 29, Словаци, 1.141 Руси, 219 Унгарци, 360 Германци, 77 Романци, 9.511 Власи, 56 Италијанци, 95.940 Турци, 19.500 Роми, 1.560 неопределени муслимани и 1.649 останати. Скопје како главен град, пак, имал 87.654 жители. Од нив, 51.819 се изјасниле како Македонци, 5.209 Албанци, 405 неопределени муслимани, 5.872 Срби, 986 Хрвати, 425 Словенци, 770 Црногорци, 275 Бугари, 74 Чеси, 11 Словаци, 113 Унгарци, 152 Германци, 16 Романци, 665 Власи, 27 Италијанци, 13.928 Турци, 5.796 Роми и 554 останати. Непобитен факт е дека по настаните на скопското Кале, само неколку дена подоцна тогашната ОЗНА извршила масовни убиства во Велес, Куманово, Штип и Ресен. Егзекуцијата била вршена без суд и судење и тоа е непростлив грев на комунистичкиот режим. Во Куманово до ден денес не се знае масовната гробница на 48-те убиени лица, чии имиња биле објавени во „Нова Македонија“, ден по нивната ликвидација. Но, во што лежи целата манипулација со бројките!? Тука има неколку точки. Прво и основно, звучи речиси неверојатен обидот бугарските соработници на наци-фашизмот за време на Втората светска војна да ги обвинат  Македонците како антифашисти за некаков геноцид! Второ, со целосното извртување на тезите, Бугарите настојуваат целата Втора светска војна да ја прикажат, всушност, како идеолошка борба на еден ист народ и да претстават дека во Македонија немало национално движење и Народно-ослободителна борба. Оттука и настојувањата и нивните тврдења дека тогашната бугарска власт не била фашистичка. Ако се прифати тезата дека бугарските окупациски власти биле администратори и не биле наци-фашисти и оти, фактички, тие се бореле против наци-фашизмот, а Македонците биле тие, кои ги правеле најголемите злосторства во Македонија, тогаш и вината за депортацијата на македонските Евреи ќе треба да се префрли врз Македонците. Со тоа повторно тие ќе бидат прикажани како геноциден народ, кој всушност никогаш не бил тоа!!! А, токму тоа е и најголемото кукавичко јајце, што може да ни го постави една земја-членка на ЕУ! И конечно, со ваквата манипулација со бројки и прикажувањето на сите жртви на комунизмот како Бугари, фактички, Бугарија во Македонија сака да го приграби и целиот антикомунизам! Што повторно води кон тоа дека на овие простори немало војна, туку идеолошки судир на еден ист народ! А, тоа ни случајно не соодветствува ни со документите, ни со историските факти и вистина. Извор: Пресинг ТВ

The post Бугарија сега ја обвинува Македонија и за геноцид, се споменуваат и Глигоров и Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegacija-polozi-cvekje-na-grobot-na-pretsedatelot-gligorov/ Sat, 01 Jan 2022 13:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=439313

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

The post Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров. Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата. Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

The post Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 10 – годишнината од неговата смрт https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-polozi-cvekje-na-grobot-na-poraneshniot-pretsedatel-kiro-gligorov-po-povod-10-godishninata-od-negovata-smrt/ Sat, 01 Jan 2022 12:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=439299

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 - годишнината од неговата смрт.

Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија даде исклучителен придонес за меѓународно признавање и етаблирање на земјата и го отвори патот за исполнување на стратешките цели.

The post Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 10 – годишнината од неговата смрт appeared first on Република.

Десет години од смртта на претседателот Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/makedonija/deset-godini-od-smrtta-na-pretsedatelot-kiro-gligorov/ Sat, 01 Jan 2022 07:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=439156

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Претседателот на државата Стево Пендаровски и делегација на Собранието на Градските гробишта – Бутел ќе положат цвеќе на гробот на Глигоров, по повод 10-годишнината од неговото упокојување.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје на 94-годишна возраст.

Тој беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“.

По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

The post Десет години од смртта на претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Претседателот на државата Стево Пендаровски и делегација на Собранието на Градските гробишта – Бутел ќе положат цвеќе на гробот на Глигоров, по повод 10-годишнината од неговото упокојување. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје на 94-годишна возраст. Тој беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН. На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

The post Десет години од смртта на претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>