Ким Џон Ун Archives - Република https://republika.mk/tema/kim-dzon-un/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 07:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ким Џон Ун Archives - Република https://republika.mk/tema/kim-dzon-un/ 32 32 Сестрата на Ким Џонг Ун и се заканува на Јужна Кореја поради пропагандните летоци што Сеул ги испраќа на северот https://republika.mk/vesti/svet/sestrata-na-kim-dhong-un-i-se-zakanuva-na-juzhna-koreja-poradi-propagandnite-letotsi-shto-seul-gi-ispraka-na-severot/ Tue, 16 Jul 2024 07:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=797237

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Јо Џонг денеска изјави дека Јужна Кореја ќе се соочи со „погубни последици“ поради нејзините пропагандни летоци против Пјонгјанг што ги испраќа на северот.

„Се чини дека ситуацијата станува неприфатлива. Повторно силно ги предупредуваме. Тие треба да бидат подготвени да платат ужасна и скапа цена“, рече таа, според КЦНА.

Додаде дека големите балони со летоци „против Пјонгјанг“ предизвикуваат „голема непријатност“ за граѓаните на Северна Кореја.

The post Сестрата на Ким Џонг Ун и се заканува на Јужна Кореја поради пропагандните летоци што Сеул ги испраќа на северот appeared first on Република.

]]>

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Јо Џонг денеска изјави дека Јужна Кореја ќе се соочи со „погубни последици“ поради нејзините пропагандни летоци против Пјонгјанг што ги испраќа на северот. „Се чини дека ситуацијата станува неприфатлива. Повторно силно ги предупредуваме. Тие треба да бидат подготвени да платат ужасна и скапа цена“, рече таа, според КЦНА. Додаде дека големите балони со летоци „против Пјонгјанг“ предизвикуваат „голема непријатност“ за граѓаните на Северна Кореја.

The post Сестрата на Ким Џонг Ун и се заканува на Јужна Кореја поради пропагандните летоци што Сеул ги испраќа на северот appeared first on Република.

]]>
Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун https://republika.mk/vesti/svet/pochina-glavniot-shef-na-propagandata-na-kim-dhong-un/ Wed, 08 May 2024 13:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=775591

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години.

Тој почина поради старост и оштетување на органите за кои се лекуваше од 2022 година, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-би-си.

Ким Ки-нам беше водечки пропагандист во Северна Кореја со децении, долго време служеше на владејачкото семејство каде што придонесе за градење на култот на личноста на севернокорејските диктатори.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, соопшти КЦНА.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс.

Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде на чело на одделот.

Ким Ки-нам наводно бил близок со Ким Џонг-ил, а во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.

 

The post Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун appeared first on Република.

]]>

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на органите за кои се лекуваше од 2022 година, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-би-си. Ким Ки-нам беше водечки пропагандист во Северна Кореја со децении, долго време служеше на владејачкото семејство каде што придонесе за градење на култот на личноста на севернокорејските диктатори. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, соопшти КЦНА. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс. Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде на чело на одделот. Ким Ки-нам наводно бил близок со Ким Џонг-ил, а во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.  

The post Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун appeared first on Република.

]]>
Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид https://republika.mk/dvogled/sega-i-tie-kako-nas-se-severna-kim-dhon-un-vetuva-deka-ke-ni-go-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ Wed, 21 Feb 2024 11:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=746509

Се вратив од Македонија, сега и тие како нас се викаат „Северна“.  Таму е бетер од кај нас, изјави северно корејскиот лидер Ким Џонг Ун по враќањето од нашата земја.

Душата ме боли кога видов дека нема автопат за Охрид и оти како нас не можат да излезат од државата а премиерот вози Мерцедес стар десет години- „изјави“ претседателот на Северна Кореја пред насобранието граѓани.

 

The post Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Се вратив од Македонија, сега и тие како нас се викаат „Северна“.  Таму е бетер од кај нас, изјави северно корејскиот лидер Ким Џонг Ун по враќањето од нашата земја.
Душата ме боли кога видов дека нема автопат за Охрид и оти како нас не можат да излезат од државата а премиерот вози Мерцедес стар десет години- „изјави“ претседателот на Северна Кореја пред насобранието граѓани.
 

The post Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>
Ким нареди зајакнување на одбранбените капацитети на Cеверна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/kim-naredi-zajaknuvanje-na-odbranbenite-kapaciteti-na-ceverna-koreja/ Fri, 24 Jun 2022 10:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=519181

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наредил зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, по состанокот со највисоки воени официјални лица, јавија севернокорејските медиуми.

Наредбата на севернокорејскиот лидер ја зголеми загриженоста за можно надополнување на одбранбените капацитети на Пјонгјанг со тактичко нуклеарно оружје, оценија британски медиуми.

Внимателно е следен состанокот на военото раководство во Пјонгјанг, поради наводните тврдења дека Cеверна Кореја може да го изврши својот прв нуклеарен тест по пет години, нешто за што американски, како и јужнокорејски, официјални лица предупредуваат оти може да се случи во секој момент.

Ким претседаваше со тридневната седница на осмиот пленум на Централната воена комисија. Таму највисоки официјални лица „ја поддржаа важната одлука за обезбедување воени гаранции со цел да се зајакне военото одвраќање на земјата - јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

За време на состанокот, одлучено е Cеверна Кореја да ги зголеми оперативните должности на своите единици на првите линии со „важен план за воена акција“.

КЦНА не соопшти детали за планот, што очигледно е насочен кон Јужна Кореја, сметаат аналитичари од Сеул.

Cеверна Кореја можеше да додаде можна употреба на тактичко нуклеарно оружје во своите нови оперативни планови со оглед на користењето на терминот воено одвраќање, што се употребува за нуклеарни способности - изјави Хонг Мин, соработник на Корејскиот институт за национално обединување во Сеул.

КЦНА објави фотографии од највисоки официјални лица на Cеверна Кореја на состанокот со мапа на нешто што се чини како источниот брег на Корејскиот полуостров, каде се наоѓаат јужнокорејските нуклеарни централни, според британски медиуми.

Официјално лице од јужнокорејското Министерство за обединување смета дека изгледа како Пјонгјанг намерно да ја објави таа фотогрфија и оти веројатно, ќе има закани кон Сеул.

Во извештајот на КЦНА не се спомнува директно нуклеарна или балистичка програма на Cеверна Кореја - прецизира дека Ри Пјонг Чок, кој го води развојот на ракетната програма на Пјонгјанг, е избран за потпретседател на Централната воена комисија на партијата.

Прашан за состанокот на военото раковоство на Cеверна Кореја, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави дека Сеул подготвува „силен одговор“ на активностите на Пјонгјанг.

Cеверна Кореја годинава тестираше најголем број балистички проектили, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети, нови хиперсонични ракети и ракети со краток дострел потенцијално дизајнирани за тактичко нуклеарно оружје, пишуваат британски медиуми.

Во март, Cеверна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до територијата на САД, кршејќи го мораториумот од 2018 година за такви ракетни тестови. Можна нова нуклеарна проба на Пјонгјанг, би била седма од тој вид.

The post Ким нареди зајакнување на одбранбените капацитети на Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наредил зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, по состанокот со највисоки воени официјални лица, јавија севернокорејските медиуми. Наредбата на севернокорејскиот лидер ја зголеми загриженоста за можно надополнување на одбранбените капацитети на Пјонгјанг со тактичко нуклеарно оружје, оценија британски медиуми. Внимателно е следен состанокот на военото раководство во Пјонгјанг, поради наводните тврдења дека Cеверна Кореја може да го изврши својот прв нуклеарен тест по пет години, нешто за што американски, како и јужнокорејски, официјални лица предупредуваат оти може да се случи во секој момент.
Ким претседаваше со тридневната седница на осмиот пленум на Централната воена комисија. Таму највисоки официјални лица „ја поддржаа важната одлука за обезбедување воени гаранции со цел да се зајакне военото одвраќање на земјата - јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
За време на состанокот, одлучено е Cеверна Кореја да ги зголеми оперативните должности на своите единици на првите линии со „важен план за воена акција“. КЦНА не соопшти детали за планот, што очигледно е насочен кон Јужна Кореја, сметаат аналитичари од Сеул.
Cеверна Кореја можеше да додаде можна употреба на тактичко нуклеарно оружје во своите нови оперативни планови со оглед на користењето на терминот воено одвраќање, што се употребува за нуклеарни способности - изјави Хонг Мин, соработник на Корејскиот институт за национално обединување во Сеул.
КЦНА објави фотографии од највисоки официјални лица на Cеверна Кореја на состанокот со мапа на нешто што се чини како источниот брег на Корејскиот полуостров, каде се наоѓаат јужнокорејските нуклеарни централни, според британски медиуми. Официјално лице од јужнокорејското Министерство за обединување смета дека изгледа како Пјонгјанг намерно да ја објави таа фотогрфија и оти веројатно, ќе има закани кон Сеул.
Во извештајот на КЦНА не се спомнува директно нуклеарна или балистичка програма на Cеверна Кореја - прецизира дека Ри Пјонг Чок, кој го води развојот на ракетната програма на Пјонгјанг, е избран за потпретседател на Централната воена комисија на партијата.
Прашан за состанокот на военото раковоство на Cеверна Кореја, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави дека Сеул подготвува „силен одговор“ на активностите на Пјонгјанг. Cеверна Кореја годинава тестираше најголем број балистички проектили, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети, нови хиперсонични ракети и ракети со краток дострел потенцијално дизајнирани за тактичко нуклеарно оружје, пишуваат британски медиуми. Во март, Cеверна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до територијата на САД, кршејќи го мораториумот од 2018 година за такви ракетни тестови. Можна нова нуклеарна проба на Пјонгјанг, би била седма од тој вид.

The post Ким нареди зајакнување на одбранбените капацитети на Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>