киднапиран Archives - Република https://republika.mk/tema/kidnapiran/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 15:44:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киднапиран Archives - Република https://republika.mk/tema/kidnapiran/ 32 32 Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-24-godishnoto-momche-koe-beshe-kidnapirano-i-prinudeno-da-se-samozapali/ Mon, 08 Jul 2024 15:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=794652

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапиран во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали.

Денеска, во текот на денот извршена е обдукција која ќе треба да даде појасна слика на истражителите. Телото е предадено на семејството за да може да го погреба.

Инаку, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на Меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона во близина, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците.

На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија.

Според пријавата, како што објави тогаш МВР, неколку лица со закана го натерале да се запали самиот и избегале. Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен.

Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека тој бил тепан и држен во кафез.

МВР се уште работи на случајот, но оттаму не одговарија на прашањата дали потврдиле дека навистина е извршено киднапирање, дали навистина Биљал е принуден да се самозапали и дали веќе имаат осомничени за случајот.

 

The post Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали appeared first on Република.

]]>

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапиран во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали. Денеска, во текот на денот извршена е обдукција која ќе треба да даде појасна слика на истражителите. Телото е предадено на семејството за да може да го погреба. Инаку, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на Меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона во близина, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците. На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија. Според пријавата, како што објави тогаш МВР, неколку лица со закана го натерале да се запали самиот и избегале. Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен. Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека тој бил тепан и држен во кафез. МВР се уште работи на случајот, но оттаму не одговарија на прашањата дали потврдиле дека навистина е извршено киднапирање, дали навистина Биљал е принуден да се самозапали и дали веќе имаат осомничени за случајот.  

The post Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали appeared first on Република.

]]>
Скопјанец грабнат под закана со пиштол, држен и малтретиран од неколку лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-grabnat-pod-zakana-so-pishtol-drzhen-i-maltretiran-od-nekolku-litsa/ Tue, 14 Mar 2023 15:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=619625

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против С.Ч. (42) и Р.Г. (40) од Скопје, поради физички напад и закана со пиштол кон друго лице.

Како што информираат од МВР, на 12 март, по претходен телефонски разговор, на подрачјето на Гази Баба, С.Ч. се сретнал со М.С.(46) од Скопје, по што физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило, по што отишле во продажен објект на подрачје на Гази Баба, каде што бил Р.Г. и уште две женски лица.

Тие одреден период го држеле во објектот, при што С.Ч. го удрил М.С. со пиштолот.

Од МВР соопштија дека пријавените истиот ден биле приведени во полициска станица, а од С.Ч. бил одземен пиштолот.

The post Скопјанец грабнат под закана со пиштол, држен и малтретиран од неколку лица appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против С.Ч. (42) и Р.Г. (40) од Скопје, поради физички напад и закана со пиштол кон друго лице. Како што информираат од МВР, на 12 март, по претходен телефонски разговор, на подрачјето на Гази Баба, С.Ч. се сретнал со М.С.(46) од Скопје, по што физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило, по што отишле во продажен објект на подрачје на Гази Баба, каде што бил Р.Г. и уште две женски лица. Тие одреден период го држеле во објектот, при што С.Ч. го удрил М.С. со пиштолот. Од МВР соопштија дека пријавените истиот ден биле приведени во полициска станица, а од С.Ч. бил одземен пиштолот.

The post Скопјанец грабнат под закана со пиштол, држен и малтретиран од неколку лица appeared first on Република.

]]>
Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnukot-na-lube-boshkovski-e-kidnapiran-od-litsa-od-albanija-i-turtsija/ Mon, 06 Mar 2023 15:49:09 +0000 https://republika.mk/?p=616539

Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, веќе четири дена го нема, неговите најблиски велат дека е киднапиран, а полицијата упорно тврди дека не се работи за киднапирање. МКД.мк од сопствени извори дознава дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг.

Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа вели дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години. „Во автомобилот во кој влегол имало три лица. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, изјави Бошковска за ММС.мк.

The post Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција appeared first on Република.

]]>

Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, веќе четири дена го нема, неговите најблиски велат дека е киднапиран, а полицијата упорно тврди дека не се работи за киднапирање. МКД.мк од сопствени извори дознава дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг. Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа вели дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години. „Во автомобилот во кој влегол имало три лица. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, изјави Бошковска за ММС.мк.

The post Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција appeared first on Република.

]]>