Кавадаречко Archives - Република https://republika.mk/tema/kavadarechko/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 12:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кавадаречко Archives - Република https://republika.mk/tema/kavadarechko/ 32 32 Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rasfrlal-salama-so-otrov-pred-tuga-kuka-dobi-samo-uslovna-i-3-000-evra-kazna/ Thu, 30 Nov 2023 12:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=717962

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.

Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.

Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело.

Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.
Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.
Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело. Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>
Приведен 22-годишник во кавадаречко, се обидел да силува 72-годишна жена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-22-godishnik-vo-kavadarechko-se-obidel-da-siluva-72-godishna-zena/ Sun, 20 Nov 2022 16:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=576189

Полицијата синоќа привела 22-годишник кој се обидел да силува 72-годишна жена во кавадаречко.

Според информациите, се работи за С.Р. од кавадаречко село, кој се сомничи дека во селото се обидел да изврши обљуба врз жената.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Приведен 22-годишник во кавадаречко, се обидел да силува 72-годишна жена appeared first on Република.

]]>

Полицијата синоќа привела 22-годишник кој се обидел да силува 72-годишна жена во кавадаречко. Според информациите, се работи за С.Р. од кавадаречко село, кој се сомничи дека во селото се обидел да изврши обљуба врз жената. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Приведен 22-годишник во кавадаречко, се обидел да силува 72-годишна жена appeared first on Република.

]]>