На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.
Како дел од планот за континуирано подобрување, Живковски најави дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Дополнително, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација.
Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31 декември 2024 година, по што од 1 јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.
Агенцијата за катастар на недвижности е првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Со оваа дигитализација се намалуваат административните процедури, се зголемува транспарентноста и се овозможува ефикасен пристап до услугите, правејќи ги подостапни, без непотребно чекање и со значително заштедено време за граѓаните.
Преку бројки во изминатиот период покажавме дека со соодветна организација можеме да одговориме на барањата на граѓаните. Ги решивме сите заостанати предмети, а тековно се решаваат сите активни барања доставени до нас. Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна институција, која ќе продолжи да биде вистински сервис на граѓаните - истакна Живковски на прес-конференцијата.
Агенцијата продолжува со работата на целосната дигитализација и внатрешната реорганизација, со цел да ги подобри услугите и да ги приспособи кон потребите на своите корисници.
The post Преку порталот „е-услуги“ вадење имотни листови за неколку секунди: Катастар го олеснува пристапот до услугите appeared first on Република.
]]>Преку бројки во изминатиот период покажавме дека со соодветна организација можеме да одговориме на барањата на граѓаните. Ги решивме сите заостанати предмети, а тековно се решаваат сите активни барања доставени до нас. Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна институција, која ќе продолжи да биде вистински сервис на граѓаните - истакна Живковски на прес-конференцијата.Агенцијата продолжува со работата на целосната дигитализација и внатрешната реорганизација, со цел да ги подобри услугите и да ги приспособи кон потребите на своите корисници.
The post Преку порталот „е-услуги“ вадење имотни листови за неколку секунди: Катастар го олеснува пристапот до услугите appeared first on Република.
]]>Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази.
Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази - фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка.
Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја
доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш..
Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Го „умреле“ за да му го земат имотот appeared first on Република.
]]>The post Го „умреле“ за да му го земат имотот appeared first on Република.
]]>Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто.
Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина. Ова претставува намалување за цели 75%.
Дополнително, со ова намалување се опфатени и наследните решенија и договорите за дар каде отсега ќе се наплаќа по правен основ во една катастарска општина во износ од 1250 денари, а не како досега за секој имотен лист по 1250 денари.
Новината, која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја најавивме пред околу два месеци, од денес стапува на сила. Со ова ги исполнуваме нашите ветувања за пониски цени на голем дел од услугите на Агенцијата, потврдувајќи дека граѓаните и Македонија се наш приоритет. Благодарност до Владата која даде поддршка и го прифати нашиот предлог, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.
Тој посочува дека со намалувањето на цените се завршува процес на кој активно се работеше во изминатите два месеци. Во следниот период, фокусот ќе биде ставен на дигитализацијата на катастарот, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните и правните лица.
The post Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.
]]>The post Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.
]]>Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.
Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Таа ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.
Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават на електронската адреса: [email protected] или на телефонскиот број 070/288-300. Од Агенцијата напоменуваат дека пријавите се анонимни.
The post „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.
]]>The post „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.
]]>ВМРО-ДПМНЕ продолжува со исполнување на својата програма, продолжува да работи во корист на секој еден граѓанин.
Катастарските услуги поевтинуваат до шестпати. Или до милиони евра за една година ќе остануваат во џебот на граѓаните.Станува збор за намалување на цената на чинење за катастарските услуги за четири, пет, се до шест пати.
Дополнително, катастарот полека се ослободува од криминалот. Следат активности на надлежните органи за справување со корупцијата и криминалот.
Исто така, односот кон граѓаните станува поинаков, се намалуваат гужвите, се намалува корупцијата, предметите ќе се решаваат со ред согласно законските прописи. Колку за илустрација само за овие речиси помалку од два месеци се решени илјадници предмети. Сето ова дополнително ќе биде видливо за секој еден граѓанин.
Иако ВМРО-ДПМНЕ наследи уништени институции, за само речиси два месеци почна да ја елиминира корупцијата, парите да остануваат во џебот на секој еден граѓанин. Тоа ќе биде видливо од ден на ден. Институциите веќе се вратени на граѓаните.
The post Со намалените цени за катастарски услуги парите остануваат во џебот на граѓаните appeared first on Република.
]]>The post Со намалените цени за катастарски услуги парите остануваат во џебот на граѓаните appeared first on Република.
]]>На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи. Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат - рече премиерот Христијан Мицкоски.
Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот.
Забележавте дека илјадници предмети биле не решени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага. Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав. Така што овие две работи се многу важни, дека четири, пет, шест па и повеќе се намалуваат услугите за граѓаните и она коешто е важно е дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот, како што впрочем и се ослободуваат сите институции со доаѓањето на новата Влада, главен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата којашто е на ниво на безбедносна закана - рече тој.
Мицкоски посочи дека се додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава.
Да го охрабрам директорот, раководството, сите овде коишто се дел од новиот раководен тим на катастарот да продолжат со ваков тип на реформи и да работат во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните се тие коишто се најважни, се останато е од споредна природа - истакна премиерот.
The post Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните appeared first on Република.
]]>На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи. Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат - рече премиерот Христијан Мицкоски.Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот.
Забележавте дека илјадници предмети биле не решени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага. Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав. Така што овие две работи се многу важни, дека четири, пет, шест па и повеќе се намалуваат услугите за граѓаните и она коешто е важно е дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот, како што впрочем и се ослободуваат сите институции со доаѓањето на новата Влада, главен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата којашто е на ниво на безбедносна закана - рече тој.Мицкоски посочи дека се додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава.
Да го охрабрам директорот, раководството, сите овде коишто се дел од новиот раководен тим на катастарот да продолжат со ваков тип на реформи и да работат во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните се тие коишто се најважни, се останато е од споредна природа - истакна премиерот.
The post Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните appeared first on Република.
]]>Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Агенцијата за катастар на недвижности во општина Гази Баба.
Како што информираат од владината прес-служба, во Агенцијата ќе бидат промовирани новите поевтини услуги на катастарот за граѓаните.
По посетата и промоцијата премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.
Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=X159lTgXsRs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Flider.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE
The post Следете во живо: Мицкоски во Катастар, ќе бидат промовирани новите поевтини услуги appeared first on Република.
]]>The post Следете во живо: Мицкоски во Катастар, ќе бидат промовирани новите поевтини услуги appeared first on Република.
]]>Денеска 23.08.2024 година (петок) 13:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети Агенција за катастар на недвижности (Трифун Хаџи Јанев 4, Општина Гази Баба), каде ќе се извршат промоции на новите поевтини услуги на катастарот за граѓаните.
The post Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Агенција за катастар на недвижности appeared first on Република.
]]>The post Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Агенција за катастар на недвижности appeared first on Република.
]]>Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните во населба Драчево и нејзината околина.
Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.
Граѓаните освен постоечките услуги, сега имаат можност на едно место да поднесат барања за издавање на имотен лист, копија од план, промена во наслов, теренски барања, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права, како и добивање на уверенија за идентификација и историјат на недвижностите.
Од Агенцијата за катастар на недвижности најавуваат дека во следниот период ќе продолжат да воведуваат новини во работењето со цел услугите да бидат подостапни и поблиски до граѓаните.
The post Нови услуги на Катастарот достапни во подрачната канцеларија во Драчево appeared first on Република.
]]>Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.Граѓаните освен постоечките услуги, сега имаат можност на едно место да поднесат барања за издавање на имотен лист, копија од план, промена во наслов, теренски барања, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права, како и добивање на уверенија за идентификација и историјат на недвижностите. Од Агенцијата за катастар на недвижности најавуваат дека во следниот период ќе продолжат да воведуваат новини во работењето со цел услугите да бидат подостапни и поблиски до граѓаните.
The post Нови услуги на Катастарот достапни во подрачната канцеларија во Драчево appeared first on Република.
]]>Комплетирани се дигиталните катастарски планови во државава откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. и е создадена платформа за систем на географски информации засновани на интернет (WEB GIS).
Агенцијата за катастар на недвижности информира дека со оваа платформа се врши размена и дистрибуција на податоци и таа овозможува целосна покриеност на територијата на државата со основни сетови на дигитални просторни податоци.
-Дигитализацијата на катастарските планови претставуваше процес на усогласување на графичката со алфа-нумеричката база на податоци и прочистување на техничките грешки кои се резултат од одржување на катастарот на недвижности во две засебни бази на податоци – наведува АКН во објава на својата веб страница.
Крајната цел на проектот за дигитализација беше интеграцијата на графичката база на податоци на дигиталните катастарски планови, со алфа-нумеричката база на податоци во една единствена централизирана база на податоци и тоа за сите катастарски општини на територија на државата.
-Како завршница на овој долготраен и комплициран процес на дигитализација на катастарските планови на територијата на целата држава, на 16.4.2024 година во централната база на податоци се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. Сега и од оваа катастарска општина ќе може да се обезбедат податоците, како што се извод од катастарски план и имотен лист, преку веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности, во делот на ОССП дистрибутивниот геопортал – наведува Катастарот во објава на својата веб страница.
The post Катастарот целосно ги дигитализира катастарските планови appeared first on Република.
]]>The post Катастарот целосно ги дигитализира катастарските планови appeared first on Република.
]]>Власта на СДС и ДУИ дури и во заминување во последните денови не пропушта можност да му наштети на сопствениот народ. Како малку да беше цела штета што им ја нанесоа на граѓаните изминативе седум години, па сега дополнително удираат по нивните џебови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако го уништија стандардот на граѓаните и го осиромашија, откако се покапе од храна па се до парно и струја, на крајот на мандатот им текна дека ги немаа поскапено катастарските услуги па некои од нив ги поскапуваат дури за 300%.
Или поконкретно, за упис на нов стан во Агенцијата за Катастар, за добивање на имотен лист наместо како досега 1.250 денари, цената ќе биде најмалку 3.750 денари плус 600 денари за нотарски услуги. Но, ако сакаат да имаат и гаража, граѓаните треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.
Имотен лист во фаза на градба ќе чини 5.250 денари, а за услугата бришење на предбележување цената ќе изнесува 2.625 денари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека власта тука не запира со удирање по џебот на граѓаните. Поскапуваат и геодетските елаборати.
Основните надоместоци за геодетските елаборати, кај приватните геодети ќе бидат од најниски 5.626 денари до највисоки 16.917 денари.
Воедно ја покачуваат цената по квадратен метар која ќе се наплаќа дополнително и се движи од 4 до 40 денари, зависно од објектот, а тука не се пресметани трошоците за користење на податоци, од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додадена вредност, што значи цената ќе се зголеми и за овие два параметри.
Понатаму, за да се осигураат од власта дека повеќе ќе си зграбат за себе, па ќе има паралелни геодетски компании со овие две лиценци односно трошоците за лиценца, кои ги наплаќа комората, директорот Борис Тунџев, ќе ги наплаќа на сметка на Агенција за катастар.
Така, наместо еднаш да застанат на страната на граѓаните и да покажат емпатија, тие во цела скапотија дополнително удираат по народот.
Не постои друга власт која толку си мрази сопствениот народ како власта на СДС и ДУИ, но за среќа денови се во прашање кога ќе си заминат и нема да се повторат.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ во заминување ги зголемуваат цените во Катастар и до 300% appeared first on Република.
]]>Откако го уништија стандардот на граѓаните и го осиромашија, откако се покапе од храна па се до парно и струја, на крајот на мандатот им текна дека ги немаа поскапено катастарските услуги па некои од нив ги поскапуваат дури за 300%. Или поконкретно, за упис на нов стан во Агенцијата за Катастар, за добивање на имотен лист наместо како досега 1.250 денари, цената ќе биде најмалку 3.750 денари плус 600 денари за нотарски услуги. Но, ако сакаат да имаат и гаража, граѓаните треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари. Имотен лист во фаза на градба ќе чини 5.250 денари, а за услугата бришење на предбележување цената ќе изнесува 2.625 денари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата додаваат дека власта тука не запира со удирање по џебот на граѓаните. Поскапуваат и геодетските елаборати.
Основните надоместоци за геодетските елаборати, кај приватните геодети ќе бидат од најниски 5.626 денари до највисоки 16.917 денари. Воедно ја покачуваат цената по квадратен метар која ќе се наплаќа дополнително и се движи од 4 до 40 денари, зависно од објектот, а тука не се пресметани трошоците за користење на податоци, од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додадена вредност, што значи цената ќе се зголеми и за овие два параметри. Понатаму, за да се осигураат од власта дека повеќе ќе си зграбат за себе, па ќе има паралелни геодетски компании со овие две лиценци односно трошоците за лиценца, кои ги наплаќа комората, директорот Борис Тунџев, ќе ги наплаќа на сметка на Агенција за катастар. Така, наместо еднаш да застанат на страната на граѓаните и да покажат емпатија, тие во цела скапотија дополнително удираат по народот. Не постои друга власт која толку си мрази сопствениот народ како власта на СДС и ДУИ, но за среќа денови се во прашање кога ќе си заминат и нема да се повторат. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ во заминување ги зголемуваат цените во Катастар и до 300% appeared first on Република.
]]>Власта предводена од ДУИ и СДС, секој ден смислува нови начини, како што повеќе да удри по џебот на граѓаните и како уште повеќе да ги осиромаши, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
По поскапувањата на храната, струјата, парно греењето и разно разни други услуги, дојде редот и на Агенцијата за Катастар, да ги зголеми цените, каде за некои услуги растот на цената достигнува и до 300%.
Со овие нови поскапувања значи дека за упис на нов стан, во Агенцијата за Катастар, за добивање на имотен лист наместо како досега да чини 1.250 денари, сега граѓаните ќе плаќаат најмалку 3.750 денари и дополнителни 600 денари за нотарски услуги. Во случај да купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно плус 1.250 денари. Исто така сега, имотен лист во фаза на градба ќе чини 5.250 денари, а за услугата бришење на предбележување цената ќе изнесува 2.625 денари.
Дополнително поскапеа и геодетските елаборати. Основните надоместоци за геодетските елаборати, кај приватните геодети ќе бидат од најниски 5.626 денари до највисоки 16.917 денари. Исто така е зголемена и цената по квадратен метар која ќе се наплаќа дополнително и се движи од 4 до 40 денари, зависно од објектот. Тука не се пресметани трошоците за користење на податоци, од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додадена вредност, што значи цената ќе се зголеми и за овие два параметри.
Истовремено, трошоците за лиценца, кои ги наплаќа комората, по ново сега, директорот Борис Тунџев, ќе ги наплаќа на сметка на агенција за катастар, што ќе значи дека ќе има паралелни геодетски компании со овие две лиценци.
Оваа криминална власт, на СДС и ДУИ, се што правеше овие 7 години, беше лично богатење на функционерите од овие партии, како за себе, така и за најблиските роднини. Нив ги интересира само како да приграбат уште некој милион, на грбот на народот, преку тендерите за нивните омилени фирми.
Добро е што за само неколку месеци, сите овие ќе заминат во историјата, а потоа ќе треба и да одговараат пред граѓаните, истакна Јаревски.
The post По поскапувањата на храната, струјата, парното, дојде редот и на Агенцијата за Катастар appeared first on Република.
]]>По поскапувањата на храната, струјата, парно греењето и разно разни други услуги, дојде редот и на Агенцијата за Катастар, да ги зголеми цените, каде за некои услуги растот на цената достигнува и до 300%. Со овие нови поскапувања значи дека за упис на нов стан, во Агенцијата за Катастар, за добивање на имотен лист наместо како досега да чини 1.250 денари, сега граѓаните ќе плаќаат најмалку 3.750 денари и дополнителни 600 денари за нотарски услуги. Во случај да купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно плус 1.250 денари. Исто така сега, имотен лист во фаза на градба ќе чини 5.250 денари, а за услугата бришење на предбележување цената ќе изнесува 2.625 денари. Дополнително поскапеа и геодетските елаборати. Основните надоместоци за геодетските елаборати, кај приватните геодети ќе бидат од најниски 5.626 денари до највисоки 16.917 денари. Исто така е зголемена и цената по квадратен метар која ќе се наплаќа дополнително и се движи од 4 до 40 денари, зависно од објектот. Тука не се пресметани трошоците за користење на податоци, од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додадена вредност, што значи цената ќе се зголеми и за овие два параметри. Истовремено, трошоците за лиценца, кои ги наплаќа комората, по ново сега, директорот Борис Тунџев, ќе ги наплаќа на сметка на агенција за катастар, што ќе значи дека ќе има паралелни геодетски компании со овие две лиценци. Оваа криминална власт, на СДС и ДУИ, се што правеше овие 7 години, беше лично богатење на функционерите од овие партии, како за себе, така и за најблиските роднини. Нив ги интересира само како да приграбат уште некој милион, на грбот на народот, преку тендерите за нивните омилени фирми. Добро е што за само неколку месеци, сите овие ќе заминат во историјата, а потоа ќе треба и да одговараат пред граѓаните, истакна Јаревски.
The post По поскапувањата на храната, струјата, парното, дојде редот и на Агенцијата за Катастар appeared first on Република.
]]>СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги и за 300%, народот со право вели дека немаме држава, треба да ја вратиме.Од 15-ти февруари на сила е новиот тарифник и за геодетски и за катастарски услуги. За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари, тоа е поскапување за 300%., обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Уште поскандалозна е цената за предбележување на имотен лист во фаза на градба, за што ќе се плаќа по 5.250 денари по имотен лист.
Цените за останатиот дел на катастарски услуги се зголемени од 50 до 90 проценти, т.е. скоро двојно е зголемувањето.
Зголемени се цените на геодетските услуги – елеборати, проекти, мерење на невдижен имот, делби, власта буквално удира по џебот на народот.
Зголемувањето на катастарскитр услуги и за 300% нема оправдување во ниту еден изговор на власта, единствена причина зошто се покачува е заради криминалот кој го направија и буџетот кој го испразнија 6 ипол години.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме
The post За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари appeared first on Република.
]]>The post За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари appeared first on Република.
]]>СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги и за 300%, народот со право вели дека немаме држава, треба да ја вратиме, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од 15-ти февруари на сила е новиот тарифник и за геодетски и за катастарски услуги. За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари, тоа е поскапување за 300%. Уште поскандалозна е цената за предбележување на имотен лист во фаза на градба, за што ќе се плаќа по 5.250 денари по имотен лист. Цените за останатиот дел на катастарски услуги се зголемени од 50 до 90 проценти, т.е. скоро двојно е зголемувањето. Зголемени се цените на геодетските услуги – елеборати, проекти, мерење на невдижен имот, делби, власта буквално удира по џебот на народот. Зголемувањето на катастарскитр услуги и за 300% нема оправдување во ниту еден изговор на власта, единствена причина зошто се покачува е заради криминалот кој го направија и буџетот кој го испразнија 6 ипол години. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги за 300%, народот со право вели дека немаме држава, треба да ја вратиме appeared first on Република.
]]>The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги за 300%, народот со право вели дека немаме држава, треба да ја вратиме appeared first on Република.
]]>За целосна и вистинита информираност на јавноста, Агенцијата за катастар на недвижности укажува на следните факти:
Цената на имотниот лист кој го издава Агенцијата за катастар на недвижности, а се однесува на имотот на граѓаните останува непроменет и тој изнесува, како и до сега 250 денари. Секоја манипулација со други паушални суми е невистинита. Забуната што некои медиуми ја создадоа се однесува на првиот упис на имот во Катастарот. Тој чини 1250 денари по имотен лист. Во претходниот Тарифник овој надоместок се наплаќаше по правен основ, односно поднесено барање и во еден правен основ можеше да се содржани неограничен број на имотни листови. Сегашниот надомест останува непроменет, но се однесува на еден имотен лист. Овој надоместок се наплаќа само при првиот упис и кога се менува сопственикот. Секое следно вадење имотен лист останува со цена од 250 денари.
Воедно, ја информираме јавноста дека со овој Тарифник е извршено намалување на цените на податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем во катаегоријата геодетски точки, сервисите на МАКПОС, податоците од катастарот на земјиште, податоците од Регистарот на просторни единици се бесплатни, а копијата од катастарскиот план исто така е со намалеена цена.
Следејќи ги современите европски трендови, Агенцијата за катастар на недвижности креираше и отворен сет на бесплатни податоци кој може да се користи од страна на граѓаните, приватниот сектор и други заинтересирани. Листата на отворени податоци, за кои не се наплаќа надоместок е опишана во член 7 од Tарифникот за висината на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, како и за издавање на овластување за изработка на картографски производи и за висината на надоместокот за издавање на согласност за ставање во употреба на картографскиот производ.
The post Kaтастар објаснува: Се прави манипулација со цените appeared first on Република.
]]>The post Kaтастар објаснува: Се прави манипулација со цените appeared first on Република.
]]>Катастарските услуги со промена на тарифниците во Службен весник ќе поскапат значително, а некои ќе чинат и до три пати повеќе.
За упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот,дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата.
Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.
Со новиот тарифник поскапуваат и услугите на самите геодети.Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот. Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари.
Значително е поскапувањето за самите инвеститори.
https://republika.mk/vesti/makedonija/poskapea-geodetskite-uslugi-na-sila-e-nov-tarifnik/
The post Поскапеа и катастарските услуги: Имотен лист ќе чини три пати повеќе appeared first on Република.
]]>The post Поскапеа и катастарските услуги: Имотен лист ќе чини три пати повеќе appeared first on Република.
]]>Владата одобрила покачување на катастарските услуги и до 500%. Лажни се тврдењата на директорот на Агенцијата за Катастар, Тунџев, дека покачувањето е само 30%. Денес ќе презентираме докази кои покажуваат како власта преку нов Тарифник за услугите удира по џебот на граѓаните, геодетите, нотарите, банките, но во крајна линија народот, зошто тој е краен корисник на сите услуги кои ги пружа системот, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако до сега за вадење Векторски податоци од базата на инфраструктурни објекти се плаќало по 183 денари, од сега со дозвола на Владата на Ковачевски ќе се плаќа 1250 денари. Тоа се 583% покачување.
-За вадење Кординати односно за геодетска и детална точка се плаќало 67 денари, сега се плаќа 250 денари. Со дозвола на Ковачевски имаме 519% покачување.
-За известување по електронски пат за поднесени пријави и извршени промени во еден имотен лист се наплаќало по 50 денари, сега се наплаќа по 250 денари. Тоа е покачување од 400%.
-За впишување на промена на носител на право и вид на право во постапка на одржување, се плаќало 300 денари, за сега со дозвола на Владата да се наплаќа 1250 денари. Tоа пак е покачување од 316%.
-Предбележување како условно запишување односно бришење на извршеното предбележубање до сега се наплаќало 300 денари, од сега со дозвола на Владата ќе се наплаќа 1250 денари. Односно услугата е покачена за 316%.
-Промена на лични и адресни податоци за носителот на правото, личните и адресните податоци во имотен лист за инфраструктурни објекти се наплаќало 500 денари, сега се наплаќа 1250 денари. Тоа е покачување за 150%.
-Запишување односно бришење на податоците од Интабулационите книги преземени од судовите, се наплаќало 500 денари, од сега ќе се наплаќа 1000 денари. Односно 100% покачување.
– Вадење на имотен лист, лист за предбележување на градба, пописен лист со незапишани права, евидентен лист, лист за времени објекти, имотен лист за инфраструктурни објекти, лист за предбележување на инфраструктурен објект, евидентен лист за инфраструктурен објект до сега чинело 180 денари, а сега секоја од овие услуги поединечно чини 250 денари. Тоа е покачување за 39%, истакна Митева и додаде:
„Каде имаме намалување со кое се фали директорот. Впрочем, ако може да се каже намалување, или попрецизно мизерно намалување кое се мери во нула запирка неколку проценти се гледа во некои периферни услуги, кои граѓаните практично многу ретко ги користат. Тука имаме намалување од 0.57% за услугата за вадење на Векторски формат на граници за комплет населени места и исто вакво срамно намалување што не може ниту да се квалификува како такво, а спаѓа во категоријата статистички грешки е вадење на Геореференцирана вертикална претстава на катастарскиот план, услуга која до сега се наплаќала 756 денари, а од сега ќе се наплаќа 750 денари, замислете 6 денари намалување или тоа е намалување од 0.79%.
Владата и Агенцијата за Катастар се погрижиле да ја имаат и најскапата државна услуга не само во Македонија, туку можеби и во регионот, а тоа е воведување на нова услуга, таканаречено издавање на сервис за спој катастарски парцели/ згради, кој за територија на цела Македонија би чинел 1 милион евра.
Со оваа нова услуга, Катастарот на Македонија ја има најскапата јавна услуга на светот и чини 1 милион евра.
Ова се фактите кои го потврдуваат енормното зголемување на цените, а лагите на Тунџев дека има намалување на услугите на Агенцијата за Катастарот празни ветувања кои ги дава пред граѓаните“.
The post Митева: Преку новиот Тарифник на Катастар основните услуги се покачени и до 500 отсто appeared first on Република.
]]>The post Митева: Преку новиот Тарифник на Катастар основните услуги се покачени и до 500 отсто appeared first on Република.
]]>Катастарските услуги во време на СДС престанаа да се дигитализираат и да стануваат подостапни за граѓаните, ама затоа цените им поскапеа и до 500%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Електронскиот катастар со денови во месецот не работи, исто така и електронскиот шалтер од кој се добиваат празни фајлови, ДМС системот за електронско внатрешно работење не функционира, Мак едит системот по пропаднатите тендери за негови надградби практично не работи и Геодетските фирми имаат сериозни проблеми при изготвување на геодетските елаборати. Но не само геодетските фирми, од неспособноста и неодговорноста на кадрите на СДС страдаат и граѓаните и општините и компаниите и државните институции.
Агенцијата за Катастар до сега за 5 години потрошила 50 милиони евра пари од граѓаните, а никаква реформа не е направена. Очигледно поради недомаќинското работење Катастар е доведен до работ на ликвидност, па сега со новиот ценовник и поскапувањето финансиски ќе се спасува на грбот на граѓаните, стои во партиското соопштение и се додава:
Да потсетиме дека владата на СДС и Ковачевски дозволи цените на услугите на Агенцијата за катастар неколку кратно да поскапат, па така на пример ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.
Власта на СДС безмилосно ги арчи парите на граѓаните, а кога ќе ја упропастат институцијата преминуваат кон поскапување. Тоа е рецептот за покривање на нивниот недомаќинлук, арамилук и неодговорност“.
The post Во Катастарот СДС ја запре дигитализацијата, ама затоа услугите се поскапени и до 500%- неспособноста на власта народот скапо ја плаќа appeared first on Република.
]]>The post Во Катастарот СДС ја запре дигитализацијата, ама затоа услугите се поскапени и до 500%- неспособноста на власта народот скапо ја плаќа appeared first on Република.
]]>Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;
-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;
-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.
Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем?
Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат, стои во партиското соопштение.
The post Нов удар по џебот на граѓаните, поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење appeared first on Република.
]]>The post Нов удар по џебот на граѓаните, поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење appeared first on Република.
]]>Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%., oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.
Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем?
Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат.
The post Oва се новите цени на Катастар: Елаборат од 750 на 1500, упис на стан од 300 на 1200 денари, имотен лист oд 180 денари на 250 appeared first on Република.
]]>Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем? Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат.
The post Oва се новите цени на Катастар: Елаборат од 750 на 1500, упис на стан од 300 на 1200 денари, имотен лист oд 180 денари на 250 appeared first on Република.
]]>