Каталонија Archives - Република https://republika.mk/tema/katalonija/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 15:42:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Каталонија Archives - Република https://republika.mk/tema/katalonija/ 32 32 Кандидатот за нов претседател на Каталонија бара итна примена на законот за амнестија https://republika.mk/vesti/svet/kandidatot-za-nov-pretsedatel-na-katalonija-bara-itna-primena-na-zakonot-za-amnestija/ Thu, 08 Aug 2024 15:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=804655

Кандидатот на социјалистите за нов претседател на Каталонија, Салвадор Ила, во говор во регионалниот парламент побара да се спроведе законот за амнестија на каталонските сепаратисти без изговори и одложувања, истовремено поздравувајќи го циклусот промени во Каталонија.

Во говорот кој траеше 40 минути, Ила нагласи дека Каталонија мора да ја потврди својата волја за постоење, како и да коегзистира со каталонската култура како основа на нацијата, пренесува „Eл Паис“.

Отворена, плуралистичка и поинаква нација, која е вклучена во изградбата на плурнационална Шпанија и федерална Европа и која влијае и учествува колку што може преку нејзините релевантни институционални процедури“, рече Ила за целите на Каталонија.

Тој повтори дека целта е целосно почитување на двата договори постигнати со Републиканската левица (РКЕ). Во својот говор, Ила се фокусираше на практични теми за подобрување на јавните услуги, како што се образованието, здравството, заштитата на животната средина, кои беа основата на неговата кампања.

Тој зборуваше и за нов предлог за посебен модел на финансирање што потенцијално ќе му овозможи на регионот да ги задржи сите даночни приходи, нагласувајќи дека тоа е неопходен чекор кон самоуправување што не го загрозува принципот на солидарност.

Денеска беше одбележано и враќањето на поранешниот сепаратистички лидер и каталонски претседател Карлес Пуџдемон во Шпанија. Пуџдемон ризикува да биде уапсен затоа што, и покрај законот за амнестија, налогот за негово апсење сè уште е во сила поради обвиненијата за проневера за време на неговиот мандат како каталонски претседател.

The post Кандидатот за нов претседател на Каталонија бара итна примена на законот за амнестија appeared first on Република.

]]>

Кандидатот на социјалистите за нов претседател на Каталонија, Салвадор Ила, во говор во регионалниот парламент побара да се спроведе законот за амнестија на каталонските сепаратисти без изговори и одложувања, истовремено поздравувајќи го циклусот промени во Каталонија. Во говорот кој траеше 40 минути, Ила нагласи дека Каталонија мора да ја потврди својата волја за постоење, како и да коегзистира со каталонската култура како основа на нацијата, пренесува „Eл Паис“.
Отворена, плуралистичка и поинаква нација, која е вклучена во изградбата на плурнационална Шпанија и федерална Европа и која влијае и учествува колку што може преку нејзините релевантни институционални процедури“, рече Ила за целите на Каталонија.
Тој повтори дека целта е целосно почитување на двата договори постигнати со Републиканската левица (РКЕ). Во својот говор, Ила се фокусираше на практични теми за подобрување на јавните услуги, како што се образованието, здравството, заштитата на животната средина, кои беа основата на неговата кампања. Тој зборуваше и за нов предлог за посебен модел на финансирање што потенцијално ќе му овозможи на регионот да ги задржи сите даночни приходи, нагласувајќи дека тоа е неопходен чекор кон самоуправување што не го загрозува принципот на солидарност. Денеска беше одбележано и враќањето на поранешниот сепаратистички лидер и каталонски претседател Карлес Пуџдемон во Шпанија. Пуџдемон ризикува да биде уапсен затоа што, и покрај законот за амнестија, налогот за негово апсење сè уште е во сила поради обвиненијата за проневера за време на неговиот мандат како каталонски претседател.

The post Кандидатот за нов претседател на Каталонија бара итна примена на законот за амнестија appeared first on Република.

]]>
Радикалната десница влезе во каталонскиот парламент: Таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството https://republika.mk/vesti/svet/radikalnata-desnitsa-vleze-vo-katalonskiot-parlament-tamu-kade-shto-muslimanite-se-mnozinstvo-tsivilizatsijata-zavrshuva-i-pochnuva-varvarstvoto/ Mon, 13 May 2024 08:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=777498

Каталонските регионални избори, освен што со себе ја донесоа победата на социјалистите и враќањето на Карлес Пуџдемон на политичката сцена во Шпанија, доведоа и до појава на нова партија во парламентот што може да предизвика многу главоболки во иднина.

Според изборните резултати, на каталонските регионални избори новоформираната Алианса Каталана (Aliança Catalana) предводена од градоначалничката на Општина Рипољ, Силвиа Ориолс и Сера, ќе има и две места во Парламентот на Каталонија.

Партијата што беше создадена во 2020 година како резултат на незадоволството од актуелната каталонска политичка сцена полека се претвора во сериозна политичка опција, а она што сите ги загрижува е самата идеологија на нејзиниот претседател и другите членови, која може да се опише како екстремно десничарска. Слоганот на Алианса Каталана на изборите беше „Да ја спасиме Каталонија“ (Salvem Catalunya).

Ориолс е дел од ксенофобичната политичка струја, особено кон мигрантите од Магреб. Таа претходно предупреди на опасностите од ‘политичко-верската идеологија на исламот и рече дека таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството, пишува шпански „АС“

Исто така, Ориолс го поврза растот на криминалот во Каталонија со имиграцијата и нагласи дека верува дека Каталонија може да ги победи локалните криминалци, но дека тоа не мора да го прави во соработка со странците.

Неколку политички експерти ја окарактеризираа оваа политичка опција во Каталонија како регионален Вокс (Vox), т.е. десничарска партија на шпанската политичка сцена.

Тоа е каталонскиот Vox бидејќи дели со нив конзервативна визија за имиграцијата. Сепак, се разликува во своите размислувања за територијалното усогласување на Каталонија во рамките на Шпанија, бидејќи Ориолс е цврста бранителка на движењето за независност и едностраното прогласување независност, се наведува во текстот.

The post Радикалната десница влезе во каталонскиот парламент: Таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството appeared first on Република.

]]>

Каталонските регионални избори, освен што со себе ја донесоа победата на социјалистите и враќањето на Карлес Пуџдемон на политичката сцена во Шпанија, доведоа и до појава на нова партија во парламентот што може да предизвика многу главоболки во иднина. Според изборните резултати, на каталонските регионални избори новоформираната Алианса Каталана (Aliança Catalana) предводена од градоначалничката на Општина Рипољ, Силвиа Ориолс и Сера, ќе има и две места во Парламентот на Каталонија. Партијата што беше создадена во 2020 година како резултат на незадоволството од актуелната каталонска политичка сцена полека се претвора во сериозна политичка опција, а она што сите ги загрижува е самата идеологија на нејзиниот претседател и другите членови, која може да се опише како екстремно десничарска. Слоганот на Алианса Каталана на изборите беше „Да ја спасиме Каталонија“ (Salvem Catalunya). Ориолс е дел од ксенофобичната политичка струја, особено кон мигрантите од Магреб. Таа претходно предупреди на опасностите од ‘политичко-верската идеологија на исламот и рече дека таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството, пишува шпански „АС“ Исто така, Ориолс го поврза растот на криминалот во Каталонија со имиграцијата и нагласи дека верува дека Каталонија може да ги победи локалните криминалци, но дека тоа не мора да го прави во соработка со странците. Неколку политички експерти ја окарактеризираа оваа политичка опција во Каталонија како регионален Вокс (Vox), т.е. десничарска партија на шпанската политичка сцена. Тоа е каталонскиот Vox бидејќи дели со нив конзервативна визија за имиграцијата. Сепак, се разликува во своите размислувања за територијалното усогласување на Каталонија во рамките на Шпанија, бидејќи Ориолс е цврста бранителка на движењето за независност и едностраното прогласување независност, се наведува во текстот.

The post Радикалната десница влезе во каталонскиот парламент: Таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд на Шпанија ја суспендира иницијативата за независност на Каталонија https://republika.mk/vesti/svet/ustavniot-sud-na-shpanija-ja-suspendira-initsijativata-za-nezavisnost-na-katalonija/ Tue, 09 Apr 2024 12:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=764290

Шпанскиот Уставен суд денеска ја суспендираше законодавната иницијатива на каталонскиот Парламентот, пет месеци од поднесувањето, за започнување на процесот за независност, чиј прв чекор е референдум.

Иницијативата автоматски беше суспендирана откако Уставниот суд прифати да ја разгледа жалбата на Владата на Педро Санчез.

Санчез во декември му порача на каталонскиот регионален претседател Пере Арагонес дека „не доаѓа предвид“ организирање на референдум за самоопределување на Каталонија. Според Санчез со таков референдум би се прекршил Уставот од 1978 година.

Резултатите од анкетата спроведена минатата година за каталонската регионална Влада покажаа дека 51 отсто од Каталонците на референдум би ја отфрлиле независноста на регионот, додека 42 проценти би ја поддржале.

The post Уставниот суд на Шпанија ја суспендира иницијативата за независност на Каталонија appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот Уставен суд денеска ја суспендираше законодавната иницијатива на каталонскиот Парламентот, пет месеци од поднесувањето, за започнување на процесот за независност, чиј прв чекор е референдум. Иницијативата автоматски беше суспендирана откако Уставниот суд прифати да ја разгледа жалбата на Владата на Педро Санчез. Санчез во декември му порача на каталонскиот регионален претседател Пере Арагонес дека „не доаѓа предвид“ организирање на референдум за самоопределување на Каталонија. Според Санчез со таков референдум би се прекршил Уставот од 1978 година. Резултатите од анкетата спроведена минатата година за каталонската регионална Влада покажаа дека 51 отсто од Каталонците на референдум би ја отфрлиле независноста на регионот, додека 42 проценти би ја поддржале.

The post Уставниот суд на Шпанија ја суспендира иницијативата за независност на Каталонија appeared first on Република.

]]>
Во Каталонија прогласена вонредна состојба https://republika.mk/vesti/svet/vo-katalonija-proglasena-vonredna-sostojba/ Fri, 02 Feb 2024 13:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=739770

Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област.

На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона.

Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет.

Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата.

The post Во Каталонија прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област. На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки. Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона. Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет. Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата.

The post Во Каталонија прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Каталонскиот лидер: Нема да дадеме поддршка за шпанска влада без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија https://republika.mk/vesti/svet/katalonskiot-lider-nema-da-dademe-poddrshka-za-shpanska-vlada-bez-reshenie-na-konfliktot-megu-katalonija-i-shpanija/ Sun, 30 Jul 2023 10:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=666871

Поранешниот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, од чија сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ зависи формирањето влада во Шпанија, порача дека неговата партија ќе гласа за актуелниот шпански премиер Педро Санчез само доколку има договор за решавање на „конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија“.

Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од есента 2017 година, на Твитер објави дека седумте гласови на партијата „Заедно за Каталонија“ нема да бидат условени со подобрување на неговата лична состојба. Канцеларијата на државниот обвинител на Шпанија бара негова екстрадиција за да му се суди во Мадрид за организирање на забранет референдум за Каталонија пред шест години.

Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори одржани пред една недела. За да се формира влада, потребни се 176 пратеници во 350-члениот парламент, бројка до која ниту еден блок не може да дојде. Мнозинство можат да донесат седумте пратеници на партијата „Заедно за Каталонија“.

Оној кон мисли дека со притисок или директната политичка уцена ќе добие некаква тактичка предност, греши … Но, неопходно е да се преговара за условите под кои мора да се реши конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија, напиша Пуџдемон на Твитер

The post Каталонскиот лидер: Нема да дадеме поддршка за шпанска влада без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, од чија сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ зависи формирањето влада во Шпанија, порача дека неговата партија ќе гласа за актуелниот шпански премиер Педро Санчез само доколку има договор за решавање на „конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија“. Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од есента 2017 година, на Твитер објави дека седумте гласови на партијата „Заедно за Каталонија“ нема да бидат условени со подобрување на неговата лична состојба. Канцеларијата на државниот обвинител на Шпанија бара негова екстрадиција за да му се суди во Мадрид за организирање на забранет референдум за Каталонија пред шест години. Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори одржани пред една недела. За да се формира влада, потребни се 176 пратеници во 350-члениот парламент, бројка до која ниту еден блок не може да дојде. Мнозинство можат да донесат седумте пратеници на партијата „Заедно за Каталонија“.
Оној кон мисли дека со притисок или директната политичка уцена ќе добие некаква тактичка предност, греши … Но, неопходно е да се преговара за условите под кои мора да се реши конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија, напиша Пуџдемон на Твитер

The post Каталонскиот лидер: Нема да дадеме поддршка за шпанска влада без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија appeared first on Република.

]]>
Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија https://republika.mk/vesti/svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/ Thu, 13 Apr 2023 08:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=630452

Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА.

Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид.

Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија.

Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста.

Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер.

Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид.

По одржувањето на нелегален референдум за независност во есента 2017 година и последователната одлука за отцепување од Шпанија, Каталонија беше ставена под присилна власт на централната влада.

Регионалниот премиер во тоа време, Карлес Пуџдемон, побегна во странство со другите членови на владата и сега живее во Белгија. Оние кои останаа во земјава беа осудени на 13 години затвор, но подоцна беа помилувани.

The post Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија appeared first on Република.

]]>

Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА.
Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид.
Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија. Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста.
Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер.
Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид. По одржувањето на нелегален референдум за независност во есента 2017 година и последователната одлука за отцепување од Шпанија, Каталонија беше ставена под присилна власт на централната влада. Регионалниот премиер во тоа време, Карлес Пуџдемон, побегна во странство со другите членови на владата и сега живее во Белгија. Оние кои останаа во земјава беа осудени на 13 години затвор, но подоцна беа помилувани.

The post Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија appeared first on Република.

]]>
Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност https://republika.mk/vesti/svet/shpanija-poveke-ne-go-bara-pudhdemon-za-bunt-sega-go-obvinuva-samo-za-pronevera-i-neposlushnost/ Thu, 12 Jan 2023 19:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=596318

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза.

Судијата на Врховниот суд, Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт и против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела.

Сепак, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна.

Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои ги донесе судот би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад.

Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион.

Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

The post Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност appeared first on Република.

]]>

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд, Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт и против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела. Сепак, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна. Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои ги донесе судот би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад. Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион. Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

The post Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност appeared first on Република.

]]>
Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност https://republika.mk/vesti/svet/kataloncite-izlegoa-na-demonstracii-na-petgodishninata-od-referendumot-za-nezavisnost/ Sun, 02 Oct 2022 07:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=556461

Илјадници Каталонци синоќа повторно излегоа на протест за одвојување на оваа покраина од Шпанија, на денот кога пред пет години беше организиран референдумот за независност на Каталонија.

Сепаратистите синоќа се собраа во центарот на Барселона и, меѓу другото, побараа и оставка од регионалната влада на премиерот Пере Арагонес, која, според нив, премногу колебливо се однесува во исполнување на предизборното ветување за формирање независна каталонска република.

Според проценките на полицијата, на протестот учествувале околу 11.000 лица.

Претседателката на сепаратистичкото граѓанско движење ANC, Долорес Фелиу, го повика Арагонес да претстави „план за постигнување независност“.

-Ако политичарите не можат да го направат тоа, ние ќе го направиме. Тие нема да можат да не спречат, рече таа.

Во меѓувреме, Арагонес соопшти дека неговата коалициска влада сè уште се залага за независност, но дека сака да обезбеди референдум во договор со централната влада.

-Одржавме референдум ( на 1 октомври 2017 година) и ќе ја натераме Каталонија повторно да гласа, тврди тој.

„Ќе го направиме тоа повторно, бидејќи многумина од нас сакаат Каталонија да биде слободна земја“, наведе Арагонес.

Шпанската влада во Мадрид го отфрла референдумот. Населението на Каталонија е поделено. Според анкетите, околу половина од населението сака независност, додека останатите не.

Пред пет години на 1 октомври, сепаратистичката регионална влада одржа референдум за отцепување што Мадрид го прогласи за незаконски. Како резултат на тоа, централната влада ја стави Каталонија под своја управа.

Тогашниот регионален шеф на владата, Карлес Пуџдемонт и некои негови колеги побегнаа во странство. Други сепаратисти беа осудени на долги затворски казни, но во 2021 година беа помилувани.

The post Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност appeared first on Република.

]]>

Илјадници Каталонци синоќа повторно излегоа на протест за одвојување на оваа покраина од Шпанија, на денот кога пред пет години беше организиран референдумот за независност на Каталонија. Сепаратистите синоќа се собраа во центарот на Барселона и, меѓу другото, побараа и оставка од регионалната влада на премиерот Пере Арагонес, која, според нив, премногу колебливо се однесува во исполнување на предизборното ветување за формирање независна каталонска република. Според проценките на полицијата, на протестот учествувале околу 11.000 лица. Претседателката на сепаратистичкото граѓанско движење ANC, Долорес Фелиу, го повика Арагонес да претстави „план за постигнување независност“. -Ако политичарите не можат да го направат тоа, ние ќе го направиме. Тие нема да можат да не спречат, рече таа. Во меѓувреме, Арагонес соопшти дека неговата коалициска влада сè уште се залага за независност, но дека сака да обезбеди референдум во договор со централната влада. -Одржавме референдум ( на 1 октомври 2017 година) и ќе ја натераме Каталонија повторно да гласа, тврди тој. „Ќе го направиме тоа повторно, бидејќи многумина од нас сакаат Каталонија да биде слободна земја“, наведе Арагонес. Шпанската влада во Мадрид го отфрла референдумот. Населението на Каталонија е поделено. Според анкетите, околу половина од населението сака независност, додека останатите не. Пред пет години на 1 октомври, сепаратистичката регионална влада одржа референдум за отцепување што Мадрид го прогласи за незаконски. Како резултат на тоа, централната влада ја стави Каталонија под своја управа. Тогашниот регионален шеф на владата, Карлес Пуџдемонт и некои негови колеги побегнаа во странство. Други сепаратисти беа осудени на долги затворски казни, но во 2021 година беа помилувани.

The post Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност appeared first on Република.

]]>
Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид https://republika.mk/vesti/svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid-2/ Tue, 27 Sep 2022 21:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=555039

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес.

Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум.

– Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој.

Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија.

Шпанската влада го отфрли предлогот.

– Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

The post Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид appeared first on Република.

]]>

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес. Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум. – Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој. Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија. Шпанската влада го отфрли предлогот. – Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

The post Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид appeared first on Република.

]]>
Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид https://republika.mk/vesti/svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/ Tue, 27 Sep 2022 20:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=555021

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес.

Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум.

– Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој.

Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница” и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија.

Шпанската влада го отфрли предлогот.

– Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

The post Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид appeared first on Република.

]]>

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес. Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум.
– Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој.
Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница” и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија. Шпанската влада го отфрли предлогот.
– Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

The post Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид appeared first on Република.

]]>