каснување Archives - Република https://republika.mk/tema/kasnuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каснување Archives - Република https://republika.mk/tema/kasnuvanje/ 32 32 Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? https://republika.mk/vesti/ako-ve-kasne-osa-krlezh-ili-konska-muva-koga-da-pobarate-lekarska-pomosh/ Sat, 13 Jul 2024 12:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=796388

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон.

Пчели, оси и стршни

Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.

Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот – вели Клер.

Комарец

– Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер.

Крлежи

– Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер.

Коњска мува

Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно.

– Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.

 

The post Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? appeared first on Република.

]]>

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон. Пчели, оси и стршни Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.
Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот – вели Клер.
Комарец – Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер. Крлежи – Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер. Коњска мува Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно. – Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.  

The post Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? appeared first on Република.

]]>
Имунолог открил ефикасно средство во борбата против чешањето по каснување од комарец https://republika.mk/zivot/zdravje/imunolog-otkril-efikasno-sredstvo-vo-borbata-protiv-cheshanjeto-po-kasnuvanje-od-komarec/ Tue, 28 Jun 2022 17:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=520868

Каснувањето од комарец може да биде многу непријатно, да чеша и иритира. Чешањето знае да биде неподносливо и да има многу црвенило. Постојат неколку трикови за борба против убодот од комарец.

Коцка мраз

Имунолозите предупредуваат дека со чешањето не добивате ништо, туку само го зголемува ризикот од инфекција бидејќи местото на убодот го отворате за бактериите од вашата околина. Тие известуваат дека алкохолот е најефикасно средство во борбата против убодот од комарец, кој треба да го втриете на местото на каснувањето.

Кремите против чешање се исто така многу ефикасни, бидејќи ги намалуваат иритациите и воспалението, но дека алкохолот е доста поефикасен. Обидете се да не претерувате со количината за да не ја иритирате и исушите кожата.

Ладна вода

Местото на пункција можете да го измиете и со ладна вода и сапун, за ублажување на чешањето – заклучиле имунолозите.
Покрај ова, постојат многу ефикасни начини да се заштитите од комарци, а еден од нив е и јаболковиот оцет. Со него сигурно ќе бидете мирни.

The post Имунолог открил ефикасно средство во борбата против чешањето по каснување од комарец appeared first on Република.

]]>

Каснувањето од комарец може да биде многу непријатно, да чеша и иритира. Чешањето знае да биде неподносливо и да има многу црвенило. Постојат неколку трикови за борба против убодот од комарец. Коцка мраз Имунолозите предупредуваат дека со чешањето не добивате ништо, туку само го зголемува ризикот од инфекција бидејќи местото на убодот го отворате за бактериите од вашата околина. Тие известуваат дека алкохолот е најефикасно средство во борбата против убодот од комарец, кој треба да го втриете на местото на каснувањето. Кремите против чешање се исто така многу ефикасни, бидејќи ги намалуваат иритациите и воспалението, но дека алкохолот е доста поефикасен. Обидете се да не претерувате со количината за да не ја иритирате и исушите кожата. Ладна вода Местото на пункција можете да го измиете и со ладна вода и сапун, за ублажување на чешањето – заклучиле имунолозите. Покрај ова, постојат многу ефикасни начини да се заштитите од комарци, а еден од нив е и јаболковиот оцет. Со него сигурно ќе бидете мирни.

The post Имунолог открил ефикасно средство во борбата против чешањето по каснување од комарец appeared first on Република.

]]>
Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-vonsudski-kje-gi-reshava-sluchaite-na-kasnuvanje-od-bezdomni-kuchinja/ Wed, 20 Apr 2022 13:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=491254

Советот на Град Скопје на денешната седница донел одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.

Како што информираат градските власти, со оваа одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики.

Вонсудското спогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите приружи процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото – посочуваат од Град Скопје.

Согласно со новата одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња.

Комисијата ќе одлучува врз основа на правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.

Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од 15 милиони денари, во 2021 година повеќе од 26 милиони денари. Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека во 2021 година се поднесени 589 тужби – истакнуваат градските власти и додаваат носењето на одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства во градскиот буџет.

 

The post Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје на денешната седница донел одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини. Како што информираат градските власти, со оваа одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики.
Вонсудското спогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите приружи процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото – посочуваат од Град Скопје.
Согласно со новата одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња. Комисијата ќе одлучува врз основа на правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.
Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од 15 милиони денари, во 2021 година повеќе од 26 милиони денари. Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека во 2021 година се поднесени 589 тужби – истакнуваат градските власти и додаваат носењето на одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства во градскиот буџет.
 

The post Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>
Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vasko-paskali-poraneshen-sekretar-na-sdsm-ohrid-e-kasnatiot-od-pchela-koj-dobi-15-000-evra-oshteta/ Wed, 05 Jan 2022 19:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=441152

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014, пренесува СДК.МК. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки.

Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

The post Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета appeared first on Република.

]]>

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014, пренесува СДК.МК. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки. Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари. Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

The post Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета appeared first on Република.

]]>