кармин Archives - Република https://republika.mk/tema/karmin/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 21:21:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кармин Archives - Република https://republika.mk/tema/karmin/ 32 32 Не ставајте кармин секој ден, опасно е https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ne-stavajte-karmin-sekoj-den-opasno-e/ Sun, 22 Sep 2024 18:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=818361

Карминот може да биде опасен по здравјето бидејќи содржи микропластика која ја има насекаде и затоа претставува еден од најголемите проблеми на загадувањето на животната средина, пишува магазинот Феникс.

Иако во 2023 година политичарите ги забранија козметичките производи што содржат микропластика, тие сè уште се наоѓаат во некои производи, вклучувајќи ги и кармините.

Одлуката на ЕУ од септември 2023 година за забрана на продажба на производи кои содржат и ослободуваат микропластика само постепено ќе стапи на сила. Декоративните козметички производи како што се кармините сè уште може да се продаваат, за разлика од производите што може да се исплакнат.

Некои кармини „покрај силиконите, минералните масла и течната пластика, сè уште содржат цврсти пластични честички направени од најлон или полиетилен“, вели Керстин Еферс, експерт за заштита на животната средина и здравје.

Малите микро и нанопластични честички можат да ја надминат цревната бариера

Овие честички директно влегуваат во телото. Еферс рече дека проблемот е во малата големина на честичките. „Во случај на поголеми честички, се претпоставува дека тие ќе се излачуваат непроменети. Сепак, малите микро и нанопластични честички можат да ја надминат цревната бариера и, меѓу другото, потенцијално да предизвикаат воспалителни реакции во телото“, откри таа.

Според извештајот на NDR, истражувачите од Универзитетот во Марбург претпоставуваат дека пластиката во човечкото тело може да доведе до болести на крвните садови.

Во центарот за советување потрошувачи NRW тврдат дека “производителите не даваат никакви податоци за големината на пластичните честички во нивните козметички производи. Ако сакате да бидете безбедни, треба да се придржувате до сертифицираната природна козметика”.

The post Не ставајте кармин секој ден, опасно е appeared first on Република.

]]>

Карминот може да биде опасен по здравјето бидејќи содржи микропластика која ја има насекаде и затоа претставува еден од најголемите проблеми на загадувањето на животната средина, пишува магазинот Феникс. Иако во 2023 година политичарите ги забранија козметичките производи што содржат микропластика, тие сè уште се наоѓаат во некои производи, вклучувајќи ги и кармините. Одлуката на ЕУ од септември 2023 година за забрана на продажба на производи кои содржат и ослободуваат микропластика само постепено ќе стапи на сила. Декоративните козметички производи како што се кармините сè уште може да се продаваат, за разлика од производите што може да се исплакнат. Некои кармини „покрај силиконите, минералните масла и течната пластика, сè уште содржат цврсти пластични честички направени од најлон или полиетилен“, вели Керстин Еферс, експерт за заштита на животната средина и здравје. Малите микро и нанопластични честички можат да ја надминат цревната бариера Овие честички директно влегуваат во телото. Еферс рече дека проблемот е во малата големина на честичките. „Во случај на поголеми честички, се претпоставува дека тие ќе се излачуваат непроменети. Сепак, малите микро и нанопластични честички можат да ја надминат цревната бариера и, меѓу другото, потенцијално да предизвикаат воспалителни реакции во телото“, откри таа. Според извештајот на NDR, истражувачите од Универзитетот во Марбург претпоставуваат дека пластиката во човечкото тело може да доведе до болести на крвните садови. Во центарот за советување потрошувачи NRW тврдат дека “производителите не даваат никакви податоци за големината на пластичните честички во нивните козметички производи. Ако сакате да бидете безбедни, треба да се придржувате до сертифицираната природна козметика”.

The post Не ставајте кармин секој ден, опасно е appeared first on Република.

]]>
Украина бара од светска козметичка компанија да го повлече карминот со нијанса „руско црвено“ https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-od-svetska-kozmetichka-kompanija-da-go-povleche-karminot-so-nijansa-rusko-tsrveno/ Sat, 24 Feb 2024 20:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=747617

Министерството за надворешни работи на Украина побарало од канадскиот бренд „МАК Косметикс“ да го забрани и повлече од употреба карминот со нијанса „руско црвено“.

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер“, Украинците пипуваат дека името на популарната нијанса „нема никаква врска со љубовта“, нарекувајќи ја „вистинската боја на војната“. На крајот од објавата, тие додаваат хаштаг „стоп за руското црвено“.

Седиштето на „МАК Косметикс“ се наоѓа во Њујорк. Компанијата ги продава своите производи во повеќе од 120 земји.

The post Украина бара од светска козметичка компанија да го повлече карминот со нијанса „руско црвено“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Украина побарало од канадскиот бренд „МАК Косметикс“ да го забрани и повлече од употреба карминот со нијанса „руско црвено“. На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер“, Украинците пипуваат дека името на популарната нијанса „нема никаква врска со љубовта“, нарекувајќи ја „вистинската боја на војната“. На крајот од објавата, тие додаваат хаштаг „стоп за руското црвено“. Седиштето на „МАК Косметикс“ се наоѓа во Њујорк. Компанијата ги продава своите производи во повеќе од 120 земји.

The post Украина бара од светска козметичка компанија да го повлече карминот со нијанса „руско црвено“ appeared first on Република.

]]>
Каков кармин користи, таква е: црвен – шефица, виолетов – бунтовничка, розов… https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kakov-karmin-koristi-takva-e-tsrven-shefitsa-violetov-buntovnichka-rozov/ Sun, 19 Mar 2023 19:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=621323

Бојата на карминот што жената ја избира кажува многу за нејзиниот карактер и преференции, како и за обликот што се појавува на него по нанесувањето.
На пример, самоуверените жени избираат црвен кармин, а по неколку нанесувања карминот останува остар од двете страни.

Бојата на карминот и личноста


Кафеав – лојални, самоуверени, знаења за вредности, независни

Пембе розова – слободен дух, забавна, спонтана, сака излегување

Розова – тивка, романтична, оптимист, ги цени луѓето, несебична

Виолетова – бунтовничка, ужива во нови работи, сака да експериментира, неконвенционална

Црвена – сака да шефува, смела, сака нови предизвици, страствена, енергична

Беж – пријателски расположена, приземна, искрена и ја цени искреноста кај другите

Обликот на карминот кој останува по нанесувањето открива многу за личноста

Покрај бојата, карактерот се крие и во начинот на нанесување на карминот, односно во неговиот облик по употреба.

Изгледа како само што да е купено
Оваа форма покажува дека жената е тивка и воздржана. Не сака да биде во центарот на вниманието и и’ е непријатно да ги прекрши правилата. Таа се плаши да не ги разочара или повреди другите луѓе со своето однесување. Таа е вредна и добра во тимска работа.

Заострен од двете страни
Станува збор за паметна и секси жена која сака да флертува. Таа е самосвесна, не е лажно скромна и горда на своите успеси, па тоа го покажува без да се грижи дали предизвикува љубомора кај другите.

Малку е заоблен
Жената со ваков кармин во чантата не се двоуми да ги извалка рацете доколку е потребно. Мрази нешто да започнува, а не да го завршува, а нејзината љубопитност нема граници. Не се срами да поставува многу прашања на другите и да живее точно како што сака.

Изгледа како „скокалница“
Таа е многу креативна, забавна и лојална жена која сака животни и преферира куче како домашно милениче. Таа има навика да презема премногу обврски и на тој начин врши притисок врз себе.

Вдлабнат е
Спонтаната и природна жена обично става кармин така што на него прави малку вовлечена форма. Лесно стекнува пријатели, љубопитна е и сака возбуда. Има добра интуиција, но понекогаш знае да ги искомплицира работите.

Врвот е целосно рамен
Таа е брза, духовита, интелигентна и шармантна. Од друга страна, таа може да се фрустрира за време на дискусиите и има тенденција да се расправа ако некој има поинакво мислење од нејзиното. Романтичните филмови ѝ одат на нерви.


Извор: Прва.рс

The post Каков кармин користи, таква е: црвен – шефица, виолетов – бунтовничка, розов… appeared first on Република.

]]>

Бојата на карминот што жената ја избира кажува многу за нејзиниот карактер и преференции, како и за обликот што се појавува на него по нанесувањето. На пример, самоуверените жени избираат црвен кармин, а по неколку нанесувања карминот останува остар од двете страни.

Бојата на карминот и личноста

Кафеав – лојални, самоуверени, знаења за вредности, независни Пембе розова – слободен дух, забавна, спонтана, сака излегување Розова – тивка, романтична, оптимист, ги цени луѓето, несебична Виолетова – бунтовничка, ужива во нови работи, сака да експериментира, неконвенционална Црвена – сака да шефува, смела, сака нови предизвици, страствена, енергична Беж – пријателски расположена, приземна, искрена и ја цени искреноста кај другите

Обликот на карминот кој останува по нанесувањето открива многу за личноста

Покрај бојата, карактерот се крие и во начинот на нанесување на карминот, односно во неговиот облик по употреба. Изгледа како само што да е купено Оваа форма покажува дека жената е тивка и воздржана. Не сака да биде во центарот на вниманието и и’ е непријатно да ги прекрши правилата. Таа се плаши да не ги разочара или повреди другите луѓе со своето однесување. Таа е вредна и добра во тимска работа. Заострен од двете страни Станува збор за паметна и секси жена која сака да флертува. Таа е самосвесна, не е лажно скромна и горда на своите успеси, па тоа го покажува без да се грижи дали предизвикува љубомора кај другите. Малку е заоблен Жената со ваков кармин во чантата не се двоуми да ги извалка рацете доколку е потребно. Мрази нешто да започнува, а не да го завршува, а нејзината љубопитност нема граници. Не се срами да поставува многу прашања на другите и да живее точно како што сака. Изгледа како „скокалница“ Таа е многу креативна, забавна и лојална жена која сака животни и преферира куче како домашно милениче. Таа има навика да презема премногу обврски и на тој начин врши притисок врз себе. Вдлабнат е Спонтаната и природна жена обично става кармин така што на него прави малку вовлечена форма. Лесно стекнува пријатели, љубопитна е и сака возбуда. Има добра интуиција, но понекогаш знае да ги искомплицира работите. Врвот е целосно рамен Таа е брза, духовита, интелигентна и шармантна. Од друга страна, таа може да се фрустрира за време на дискусиите и има тенденција да се расправа ако некој има поинакво мислење од нејзиното. Романтичните филмови ѝ одат на нерви.
Извор: Прва.рс

The post Каков кармин користи, таква е: црвен – шефица, виолетов – бунтовничка, розов… appeared first on Република.

]]>
Породилиште во Њујорк им подарува Шанел чанти со парфем, кармин и маскара на мајките кои таму ќе се породат https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/porodilishte-vo-nujork-im-podaruva-shanel-chanti-so-parfem-karmin-i-maskara-na-majkite-koi-tamu-ke-se-porodat/ Tue, 17 Jan 2023 10:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=597778

Младата мајка Софија се породила во Њујорк, а по породувањето објави видео на Тикток кое сите го коментираат.

Откако се породила, од породилиштето добила подарок – пакет за шминка од луксузниот бренд Шанел.

Кога ќе се породиш во Корнел во Њујорк, ти ја даваат оваа шанел-чанта со шминка – објаснува Софија во видеото во кое ја покажува содржината на чантата во која се наоѓаат подароците.

Како што вели, заборавила да го отвори подарокот во породилиштето, па го направила тоа дури кога се вратила дома, а сè снимила со камера.

Во видеото кое има околу два милиони прегледи, Софија вади од торбата шише парфем вредно 90 долари, потоа кармин кој чини 45 долари и маскара 38 долари, пренесува NY Post. Заедно со подарокот, таа добила и картичка од „Шанел“, во која има пофалби за Одделот за акушерство и гинекологија за грижата за здравјето на жените.

Ако се прашувате зошто пакетите „Шанел“ се делат во породилиштата, еве го одговорот: во мај 2004 година, болницата Корнел доби 1,5 милиони долари од Шанел за „извонредни достигнувања во акушерството и гинекологијата“, а оттогаш модниот гигант им дава посебен подарок производи за убавина и нега на кожата на сите жени кои се пораѓаат во оваа болница.

The post Породилиште во Њујорк им подарува Шанел чанти со парфем, кармин и маскара на мајките кои таму ќе се породат appeared first on Република.

]]>

Младата мајка Софија се породила во Њујорк, а по породувањето објави видео на Тикток кое сите го коментираат. Откако се породила, од породилиштето добила подарок – пакет за шминка од луксузниот бренд Шанел.
Кога ќе се породиш во Корнел во Њујорк, ти ја даваат оваа шанел-чанта со шминка – објаснува Софија во видеото во кое ја покажува содржината на чантата во која се наоѓаат подароците.
Како што вели, заборавила да го отвори подарокот во породилиштето, па го направила тоа дури кога се вратила дома, а сè снимила со камера. Во видеото кое има околу два милиони прегледи, Софија вади од торбата шише парфем вредно 90 долари, потоа кармин кој чини 45 долари и маскара 38 долари, пренесува NY Post. Заедно со подарокот, таа добила и картичка од „Шанел“, во која има пофалби за Одделот за акушерство и гинекологија за грижата за здравјето на жените. Ако се прашувате зошто пакетите „Шанел“ се делат во породилиштата, еве го одговорот: во мај 2004 година, болницата Корнел доби 1,5 милиони долари од Шанел за „извонредни достигнувања во акушерството и гинекологијата“, а оттогаш модниот гигант им дава посебен подарок производи за убавина и нега на кожата на сите жени кои се пораѓаат во оваа болница.

The post Породилиште во Њујорк им подарува Шанел чанти со парфем, кармин и маскара на мајките кои таму ќе се породат appeared first on Република.

]]>