кариби Archives - Република https://republika.mk/tema/karibi/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 11:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кариби Archives - Република https://republika.mk/tema/karibi/ 32 32 Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите https://republika.mk/vesti/svet/tropskata-bura-filip-se-zakanuva-da-gi-poplavi-zavetrinskite-ostrovi-na-karibite/ Mon, 02 Oct 2023 11:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=687091

Тропската бура „Филип“ се очекува денеска да ги погоди Заветринските острови во Карипското Море, носејќи им обилни дождови и поплави по што ќе помине во Атлантскиот Океан, каде ќе се претвори во ураган, според најавите од синоптичарите.

Американскиот национален центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека бурата „Филип“ се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од островот Барбуда. Најсилниот ветер бил со брзина од 85 километри на час, а „Филип“ се движел кон северозапад со малку зголемена брзина од 11 километри на час.

Количините врнежи кои се очекуваат до вторник се 10,1 до 15,2 сантиметри за Барбуда и Антигва и 5 до 10,1 сантиметар за остатокот од Заветринските острови, соопшти Центарот за урагани.

Обилните врнежи од бурата „Филип“ може да доведат до поројни поплави низ Барбуда и Антигва до вторник, се вели во соопштението.

Синоптичарите очекуваат дека променливите услови би можеле да доведат до тоа бурата во текот на неделата да стане ураган, додека се движи кон централниот дел на Атлантикот.

The post Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите appeared first on Република.

]]>

Тропската бура „Филип“ се очекува денеска да ги погоди Заветринските острови во Карипското Море, носејќи им обилни дождови и поплави по што ќе помине во Атлантскиот Океан, каде ќе се претвори во ураган, според најавите од синоптичарите. Американскиот национален центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека бурата „Филип“ се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од островот Барбуда. Најсилниот ветер бил со брзина од 85 километри на час, а „Филип“ се движел кон северозапад со малку зголемена брзина од 11 километри на час. Количините врнежи кои се очекуваат до вторник се 10,1 до 15,2 сантиметри за Барбуда и Антигва и 5 до 10,1 сантиметар за остатокот од Заветринските острови, соопшти Центарот за урагани. Обилните врнежи од бурата „Филип“ може да доведат до поројни поплави низ Барбуда и Антигва до вторник, се вели во соопштението. Синоптичарите очекуваат дека променливите услови би можеле да доведат до тоа бурата во текот на неделата да стане ураган, додека се движи кон централниот дел на Атлантикот.

The post Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите appeared first on Република.

]]>
„Кајмак“ продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите https://republika.mk/vesti/kultura/kajmak-prodaden-za-distributsija-vo-tsela-juzhna-amerika-sredna-amerika-i-na-karibite/ Tue, 04 Apr 2023 07:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=626967

Најгледаниот филм во Македонија лани, „Кајмак“ на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски е продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите. Продажниот агент, Левел К од Копенхаген го продал македонскиот филм на 40 земји од Западната хемисфера – од Аргентина, Бразил и Мексико до Јамајка, Аруба, Барбадос; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис.

„Кајмак“ е веќе продаден во повеќе европски земји, а понатамошниот процес на пласман е во тек.

Филмот ќе биде прикажан на оригиналниот, македонски јазик, со титлови на јазиците на земјите во кои се прикажува.

Инаку, „Кајмак“ само што беше прикажан на филмските фестивали во Бари, Белград и Софија, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот неодамна беше награден на фестивалот Фантаспорто во Португалија, а светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваа: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски.

Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Иан Прајор.

 

The post „Кајмак“ продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите appeared first on Република.

]]>

Најгледаниот филм во Македонија лани, „Кајмак“ на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски е продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите. Продажниот агент, Левел К од Копенхаген го продал македонскиот филм на 40 земји од Западната хемисфера – од Аргентина, Бразил и Мексико до Јамајка, Аруба, Барбадос; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис. „Кајмак“ е веќе продаден во повеќе европски земји, а понатамошниот процес на пласман е во тек. Филмот ќе биде прикажан на оригиналниот, македонски јазик, со титлови на јазиците на земјите во кои се прикажува. Инаку, „Кајмак“ само што беше прикажан на филмските фестивали во Бари, Белград и Софија, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот неодамна беше награден на фестивалот Фантаспорто во Португалија, а светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио. Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваа: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Иан Прајор.  

The post „Кајмак“ продаден за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите appeared first on Република.

]]>
Позната пејачка и водителка се проституираат на Карибите! https://republika.mk/scena/estrada/poznata-pejachka-i-voditelka-se-prostituiraat-na-karibite/ Fri, 03 Feb 2023 12:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=604313

„Елитната проституција цвета на јавната сцена во Србија. Како што дознава „Курир.рс“ позната пејачка и водителка се простититуираат на Карибите.Тие на Карибите отпатувале поради „работа“ и  уживаат за сите пари.

Таму ги пречекал макро чија професија во јавноста е менаџер.

. Пејачката со години се занимава со овој бизнис и најмногу работи во странство. Србија не ја интересира бидејќи тука ја гради кариерата на поп ѕвезда. Најголемите пари што ги заработуваат се од проституција. На Карибите никој не ги знае, никој не ги контролира-дознава весникот.

The post Позната пејачка и водителка се проституираат на Карибите! appeared first on Република.

]]>

„Елитната проституција цвета на јавната сцена во Србија. Како што дознава „Курир.рс“ позната пејачка и водителка се простититуираат на Карибите.Тие на Карибите отпатувале поради „работа“ и  уживаат за сите пари. Таму ги пречекал макро чија професија во јавноста е менаџер.
. Пејачката со години се занимава со овој бизнис и најмногу работи во странство. Србија не ја интересира бидејќи тука ја гради кариерата на поп ѕвезда. Најголемите пари што ги заработуваат се од проституција. На Карибите никој не ги знае, никој не ги контролира-дознава весникот.

The post Позната пејачка и водителка се проституираат на Карибите! appeared first on Република.

]]>
Маж спасен по 24 дена на отворено море кај Карибите https://republika.mk/vesti/svet/mazh-spasen-po-24-dena-na-otvoreno-more-kaj-karibite/ Fri, 20 Jan 2023 08:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=598909

Колумбиската флота спаси маж од Доминика, кој преживеал 24 дена на едрилица во Карипското Море, хранејќи се само со кечап, лук во прав и коцки зачини.

Елвис Франсоа (47) напишал „помош“ на англиски јазик на платформата. Пловилото било забележано од воздух на 120 наутички милји северозападно од полуостровот Гвахира, па Франсоа бил спасен и однесен во пристанишниот град Картагена. Франсоа им рекол на колумбиските власти дека неговото патешествие почнало во декември, кога струите ја однеле неговата едрилица во морето додека ја поправал на островот Сент Мартин на Холандските Антили, каде што тој живее, се вели во соопштението на колумбиската морнарица.

Ги повикав пријателите и тие се обидоа да контактираат со мене, но го изгубив сигналот. Немаше што друго да правам освен да седам и да чекам, рече Франсоа во видеото потоа.

Според надлежните, иако бил изнемоштен, тој бил во добра здравствена состојба кога го пронашле.

Во видеото Франсоа зборува и за тоа како морал постојано да ја отстранува водата од чамецот за тој да не потоне. Се обидел да запали и оган за да испрати сигнал за помош, но не успеал. Бил забележанн од авион.

Во еден миг изгубив надеж и размислував за моето семејство, вели Франсоа.

Франсоа веќе ги мина медицинските прегледи и е на пат до Доминика.

The post Маж спасен по 24 дена на отворено море кај Карибите appeared first on Република.

]]>

Колумбиската флота спаси маж од Доминика, кој преживеал 24 дена на едрилица во Карипското Море, хранејќи се само со кечап, лук во прав и коцки зачини. Елвис Франсоа (47) напишал „помош“ на англиски јазик на платформата. Пловилото било забележано од воздух на 120 наутички милји северозападно од полуостровот Гвахира, па Франсоа бил спасен и однесен во пристанишниот град Картагена. Франсоа им рекол на колумбиските власти дека неговото патешествие почнало во декември, кога струите ја однеле неговата едрилица во морето додека ја поправал на островот Сент Мартин на Холандските Антили, каде што тој живее, се вели во соопштението на колумбиската морнарица. Ги повикав пријателите и тие се обидоа да контактираат со мене, но го изгубив сигналот. Немаше што друго да правам освен да седам и да чекам, рече Франсоа во видеото потоа. Според надлежните, иако бил изнемоштен, тој бил во добра здравствена состојба кога го пронашле. Во видеото Франсоа зборува и за тоа како морал постојано да ја отстранува водата од чамецот за тој да не потоне. Се обидел да запали и оган за да испрати сигнал за помош, но не успеал. Бил забележанн од авион. Во еден миг изгубив надеж и размислував за моето семејство, вели Франсоа. Франсоа веќе ги мина медицинските прегледи и е на пат до Доминика.

The post Маж спасен по 24 дена на отворено море кај Карибите appeared first on Република.

]]>