кампања Archives - Република https://republika.mk/tema/kampanja/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 10:00:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кампања Archives - Република https://republika.mk/tema/kampanja/ 32 32 И онлајн насилството остава лузни – кампања на УНДП против сексуално насилство на интернет https://republika.mk/zivot/servisi/i-onlajn-nasilstvoto-ostava-luzni-kampana-na-undp-protiv-seksualno-nasilstvo-na-internet/ Mon, 04 Nov 2024 10:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=833921

Сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на родово-базирано насилство. Повеќе од 60 отсто од жените во земјава барем еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Со цел да се подигне свеста за присутноста на овој проблем, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се пријави сексуалното насилство на интернет, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започнува кампања „И онлајн насилството остава лузни“.

Кампањата главно ќе се одвива на социјалните мрежи и ќе се обрати на младите, со посебно внимание кон жените и тинејџерките, затоа што сите истражувања и податоци укажуваат дека припадничките на оваа возрасна група се најчести жртви во случаите на технолошки овозможено родово-базирано насилство или онјлан насилство.

Родово-базираното насилството на Интернет не е виртуелно. Последиците од него се реалност со која се соочуваат многу млади, а особено девојки и жени. Иако, често пати, е невидливо за останатите, остава длабоки лузни кај жртвите. Време е да го препознаеме овој проблем и да почнеме да се справуваме со него затоа што безбедноста на интернет е право, а не привилегија. Интернетот треба да биде сигурен простор за сите без разлика на нивниот род, возраст, место на живеење или степен на образование, вели Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП.

Анкетата што УНДП ја спроведе во пресрет на оваа кампања, покажа дека дури 70 отсто од жените кои биле жртви на онлајн насилство, не го пријавиле случајот. Токму затоа, кампањата на УНДП ќе има посебен фокус на едукација на граѓаните за тоа што сè претставува технолошки овозможено родово-базирано и сексуално насилство , но и како и каде може да се пријави.

Технолошки овозможено родово-базирано насилството е секоја форма на нарушување на приватноста, демнење, вознемирување, родово-базиран говор на омраза, споделување лични содржини без согласност, сексуална злоупотреба заснована на фотографии или видеа, неовластено навлегување во компјутерски систем, кражба на идентитет и директно насилство. Секој ваков случај, жртвите можат да го пријават во најблиската полициска станица или на [email protected].

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“, кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја. Преку овој проект, меѓу другото, во изминатиот период се организираше тренинг програма за зајакнување на капацитетите на припадниците на Министерството за внатрешни работи за превенција на сексуална експлоатација и вознемирување на интернет. Исто така, беше изготвена и Анализа на националното законодавството поврзано со технолошки овозможеното родово-базирано насилство. Во рамки на проектот се реализираше сеопфатна обука за препознавање и превенција на технолошки овозможено родово-базирано насилство, наменета за претставници на МВР, центри за социјална работа, јавното обвинителство и граѓански организации

The post И онлајн насилството остава лузни – кампања на УНДП против сексуално насилство на интернет appeared first on Република.

]]>

Сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на родово-базирано насилство. Повеќе од 60 отсто од жените во земјава барем еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Со цел да се подигне свеста за присутноста на овој проблем, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се пријави сексуалното насилство на интернет, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започнува кампања „И онлајн насилството остава лузни“. Кампањата главно ќе се одвива на социјалните мрежи и ќе се обрати на младите, со посебно внимание кон жените и тинејџерките, затоа што сите истражувања и податоци укажуваат дека припадничките на оваа возрасна група се најчести жртви во случаите на технолошки овозможено родово-базирано насилство или онјлан насилство. Родово-базираното насилството на Интернет не е виртуелно. Последиците од него се реалност со која се соочуваат многу млади, а особено девојки и жени. Иако, често пати, е невидливо за останатите, остава длабоки лузни кај жртвите. Време е да го препознаеме овој проблем и да почнеме да се справуваме со него затоа што безбедноста на интернет е право, а не привилегија. Интернетот треба да биде сигурен простор за сите без разлика на нивниот род, возраст, место на живеење или степен на образование, вели Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП. Анкетата што УНДП ја спроведе во пресрет на оваа кампања, покажа дека дури 70 отсто од жените кои биле жртви на онлајн насилство, не го пријавиле случајот. Токму затоа, кампањата на УНДП ќе има посебен фокус на едукација на граѓаните за тоа што сè претставува технолошки овозможено родово-базирано и сексуално насилство , но и како и каде може да се пријави. Технолошки овозможено родово-базирано насилството е секоја форма на нарушување на приватноста, демнење, вознемирување, родово-базиран говор на омраза, споделување лични содржини без согласност, сексуална злоупотреба заснована на фотографии или видеа, неовластено навлегување во компјутерски систем, кражба на идентитет и директно насилство. Секој ваков случај, жртвите можат да го пријават во најблиската полициска станица или на [email protected]. Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“, кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја. Преку овој проект, меѓу другото, во изминатиот период се организираше тренинг програма за зајакнување на капацитетите на припадниците на Министерството за внатрешни работи за превенција на сексуална експлоатација и вознемирување на интернет. Исто така, беше изготвена и Анализа на националното законодавството поврзано со технолошки овозможеното родово-базирано насилство. Во рамки на проектот се реализираше сеопфатна обука за препознавање и превенција на технолошки овозможено родово-базирано насилство, наменета за претставници на МВР, центри за социјална работа, јавното обвинителство и граѓански организации

The post И онлајн насилството остава лузни – кампања на УНДП против сексуално насилство на интернет appeared first on Република.

]]>
Започна кампањата „До вас, за вас” – стратешка заложба на македонската полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapochna-kampanata-do-vas-za-vas-strateshka-zalozhba-na-makedonskata-politsija/ Mon, 14 Oct 2024 16:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=826766

Бирото за јавна безбедност при МВР денеска од Струмица ја започна кампањата насловена како -„До вас, за вас“ чии што цели произлегуваат од стратешката заложба на македонската полиција во рамки на концептот за „Полицијата-сервис на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност на чие чело се наоѓам сме цврсто решени, меѓу мноштвото активности што ги планираме во рамки на нашите законски надлежности и обврски во интерес на индивидуалната и општа безбедност, да дадеме приоритет и на ваквиот облик на активности насочени кон поинтензивно зближување на граѓаните кон полицијата, како нивен кредибилен сервис и партнер. Македонската полиција била и ќе биде секогаш на страна на редот и законите, а примарно во интерес на сите наши граѓани, истакна меѓу другото првиот човек на БЈБ на МВР, директорот Александар Јанев кој што го промовираше почетокот на оваа кампања преку која што граѓаните во наредниот период ќе можат да се запознаат со полициските капацитети, опремата и човечки ресурси, а караванот ќе помине низ сите поголеми градови низ државава.

Еден од мотивите на оваа активност е преку крајно транспарентен пристап полицијата да испрати јасна порака до граѓаните, но и до локалните власти, дека таа, како институција, односно сервис на граѓаните е целосно отворена и подготвена за тесна соработка не само во поглед на максималното обезбедување на сигурноста на луѓето и на материјалните и природни добра, туку и во поглед на заедничко детектирање и превентивно делување во сите оние области каде што граѓаните во една локална заедница заедно со полицијата ќе увидат потреба или неопходност од благовремено спречување на одредени негативни појави и трендови.

 

The post Започна кампањата „До вас, за вас” – стратешка заложба на македонската полиција appeared first on Република.

]]>

Бирото за јавна безбедност при МВР денеска од Струмица ја започна кампањата насловена како -„До вас, за вас“ чии што цели произлегуваат од стратешката заложба на македонската полиција во рамки на концептот за „Полицијата-сервис на граѓаните.
Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност на чие чело се наоѓам сме цврсто решени, меѓу мноштвото активности што ги планираме во рамки на нашите законски надлежности и обврски во интерес на индивидуалната и општа безбедност, да дадеме приоритет и на ваквиот облик на активности насочени кон поинтензивно зближување на граѓаните кон полицијата, како нивен кредибилен сервис и партнер. Македонската полиција била и ќе биде секогаш на страна на редот и законите, а примарно во интерес на сите наши граѓани, истакна меѓу другото првиот човек на БЈБ на МВР, директорот Александар Јанев кој што го промовираше почетокот на оваа кампања преку која што граѓаните во наредниот период ќе можат да се запознаат со полициските капацитети, опремата и човечки ресурси, а караванот ќе помине низ сите поголеми градови низ државава.
Еден од мотивите на оваа активност е преку крајно транспарентен пристап полицијата да испрати јасна порака до граѓаните, но и до локалните власти, дека таа, како институција, односно сервис на граѓаните е целосно отворена и подготвена за тесна соработка не само во поглед на максималното обезбедување на сигурноста на луѓето и на материјалните и природни добра, туку и во поглед на заедничко детектирање и превентивно делување во сите оние области каде што граѓаните во една локална заедница заедно со полицијата ќе увидат потреба или неопходност од благовремено спречување на одредени негативни појави и трендови.  

The post Започна кампањата „До вас, за вас” – стратешка заложба на македонската полиција appeared first on Република.

]]>
Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул https://republika.mk/zivot/kariera/kampanata-na-litse-v-litse-za-matichnite-broevi-izbrana-za-najdobra-vo-liverpul/ Fri, 13 Sep 2024 08:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=815908

Списанието „Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат. Наградата беше доделена пред два вечери во Ливерпул, Англија.

Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од целиот свет.

Списанијата се натпреваруваа во шест категории: најдобра насловница, најдобар напис, најдобра кампања, најдобра поддршка за продавачот, најдобар придонес од продавач, најдобра фотографија.

Од „Лице в лице“ информираат дека биле меѓу петте финалисти и во категоријата Најдобра насловна страница со насловница посветена на економското зајакнување на жените, дизајнирана од Ружица Мандичевска (Руки Чуки).

Кампања што ја започна ‘Лице в лице’ доби и значајна медиумска поддршка и соработка со здруженија кои обезбедуваа бесплатна правна помош. По долгите правни битки, проблемот остана нерешен сѐ до мај 2023 година, кога смртта на Мемет Камбер предизвика јавно негодување и засилени напори за застапување. Во јуни 2023 година, по овие напори, беше усвоена измена на Законот за матична евиденција, овозможувајќи им на лицата родени во земјата конечно да добијат лични документи. Една година подоцна, повеќето продавачи ги добија своите документи, а земјата се приближи кон тоа да стане првата во Европа што ќе стави крај на бездржавјанството“, велат од списанието.

Ова движење што го започна „Лице в лице“ на списанието му ја донесе и државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права во декември 2023 година.

Пред оваа иницијатива, социјалните ментори беа ангажирани за да обезбедат поддршка на младите продавачи на „Лице в лице“, водејќи ги кон отворен пазар на труд и исполнување на нивното право на работа. Тоа вклучуваше шест месеци интензивна поддршка, со цел продавачите да најдат можности за вработување и да се интегрираат на пазарот на труд, притоа излегувајќи од системот на социјална зависност и станувајќи активни учесници способни да заработуваат за живот.

The post Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул appeared first on Република.

]]>

Списанието „Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат. Наградата беше доделена пред два вечери во Ливерпул, Англија. Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од целиот свет. Списанијата се натпреваруваа во шест категории: најдобра насловница, најдобар напис, најдобра кампања, најдобра поддршка за продавачот, најдобар придонес од продавач, најдобра фотографија. Од „Лице в лице“ информираат дека биле меѓу петте финалисти и во категоријата Најдобра насловна страница со насловница посветена на економското зајакнување на жените, дизајнирана од Ружица Мандичевска (Руки Чуки).
Кампања што ја започна ‘Лице в лице’ доби и значајна медиумска поддршка и соработка со здруженија кои обезбедуваа бесплатна правна помош. По долгите правни битки, проблемот остана нерешен сѐ до мај 2023 година, кога смртта на Мемет Камбер предизвика јавно негодување и засилени напори за застапување. Во јуни 2023 година, по овие напори, беше усвоена измена на Законот за матична евиденција, овозможувајќи им на лицата родени во земјата конечно да добијат лични документи. Една година подоцна, повеќето продавачи ги добија своите документи, а земјата се приближи кон тоа да стане првата во Европа што ќе стави крај на бездржавјанството“, велат од списанието.
Ова движење што го започна „Лице в лице“ на списанието му ја донесе и државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права во декември 2023 година. Пред оваа иницијатива, социјалните ментори беа ангажирани за да обезбедат поддршка на младите продавачи на „Лице в лице“, водејќи ги кон отворен пазар на труд и исполнување на нивното право на работа. Тоа вклучуваше шест месеци интензивна поддршка, со цел продавачите да најдат можности за вработување и да се интегрираат на пазарот на труд, притоа излегувајќи од системот на социјална зависност и станувајќи активни учесници способни да заработуваат за живот.

The post Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул appeared first on Република.

]]>
Иран ги хакирал кампањите на Трамп и Бајден-Харис https://republika.mk/vesti/svet/iran-gi-hakiral-kampanite-na-tramp-i-bajden-haris/ Tue, 20 Aug 2024 07:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=808151

Владата на САД заклучи дека иранската влада стои зад хакирањето и протекувањето податоци насочени кон претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и кандидатката на демократите Камала Харис, соопштија ФБИ и други американски разузнавачки агенции.

ФБИ го информираше Трамп за своите прелиминарни наоди откако медиумите објавија дека добиле документи за кои се верува дека се од профил на висок функционер од кампањата на Трамп, а штабот на Камала Харис соопшти дека хакерите биле неуспешни во нивните обиди да ја хакираат нејзината кампања, пренесува Си-Ен-Ен.

Меѓународната заедница е убедена дека преку социјален инженеринг и други напори, Иранците бараа пристап до поединци со директен пристап до претседателските кампањи на двете политички партии. Таквите активности имаат за цел да влијаат на изборниот процес во САД, се вели во соопштението на ФБИ, Канцеларијата на директорот на националната разузнавачка служба и на Агенцијата за кибер безбедност и инфраструктурна безбедност.

Се додава дека таквиот пристап не е нов и оти Иран и Русија ја користеле оваа тактика не само во САД за време на овој и претходните изборни циклуси, туку и во други земји во светот.

Иранската мисија во ОН ги отфрли, како што ги нарече, „непоткрепените“ тврдења дека Иран стои зад хакерската операција.

Ваквите обвинувања се неосновани. Исламската Република Иран нема ниту намера ниту мотив да се меша во претседателските избори во САД. Доколку американската влада искрено верува во валидноста на нејзините тврдења, треба да ни достави релевантни докази, соопшти постојана мисија на Иран во ОН за Си-Ен-Ен.

The post Иран ги хакирал кампањите на Трамп и Бајден-Харис appeared first on Република.

]]>

Владата на САД заклучи дека иранската влада стои зад хакирањето и протекувањето податоци насочени кон претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и кандидатката на демократите Камала Харис, соопштија ФБИ и други американски разузнавачки агенции. ФБИ го информираше Трамп за своите прелиминарни наоди откако медиумите објавија дека добиле документи за кои се верува дека се од профил на висок функционер од кампањата на Трамп, а штабот на Камала Харис соопшти дека хакерите биле неуспешни во нивните обиди да ја хакираат нејзината кампања, пренесува Си-Ен-Ен.
Меѓународната заедница е убедена дека преку социјален инженеринг и други напори, Иранците бараа пристап до поединци со директен пристап до претседателските кампањи на двете политички партии. Таквите активности имаат за цел да влијаат на изборниот процес во САД, се вели во соопштението на ФБИ, Канцеларијата на директорот на националната разузнавачка служба и на Агенцијата за кибер безбедност и инфраструктурна безбедност.
Се додава дека таквиот пристап не е нов и оти Иран и Русија ја користеле оваа тактика не само во САД за време на овој и претходните изборни циклуси, туку и во други земји во светот. Иранската мисија во ОН ги отфрли, како што ги нарече, „непоткрепените“ тврдења дека Иран стои зад хакерската операција.
Ваквите обвинувања се неосновани. Исламската Република Иран нема ниту намера ниту мотив да се меша во претседателските избори во САД. Доколку американската влада искрено верува во валидноста на нејзините тврдења, треба да ни достави релевантни докази, соопшти постојана мисија на Иран во ОН за Си-Ен-Ен.

The post Иран ги хакирал кампањите на Трамп и Бајден-Харис appeared first on Република.

]]>
Министерот за животна средина, Изет Меџити, на Светскиот ден на заштита на природата ја почна кампањата „Делувај сега, за природата!“ https://republika.mk/vesti/skopje/ministerot-za-zhivotna-sredina-izet-medhiti-na-svetskiot-den-na-zashtita-na-prirodata-ja-pochna-kampanata-deluvaj-sega-za-prirodata/ Sun, 28 Jul 2024 13:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=801036

Првиот заменик председател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по повод одбележувањето на 28 Јули, Светскиот ден на заштита на природата, со низа активности во парк-шумата Гази Баба, го најави официјалното започнување на кампањата: „Делувај сега, за природата!“.

Министерот Меџити, заедно со група ентузијасти и поборници за здрава животна средина, со пример покажа како треба да се развиваат позитивните однесувања во природата која што значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет.

На настанот беа засадени дрвни насади, поставени канти за отпадоци, обновена е бојата на реквизитите на игралиштето, а учесниците во акцијата направија прошетка низ парк-шумата Гази Баба и уживаа во оваа зелена оаза за  граѓаните на Скопје.

Гази Баба е ретко место во главниот град на државата што на урбаните заедници им овозможува зелен простор за одмор, за спортување, за прошетки и за играње на најмладите во природа и на чист воздух.

Кампањата ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природа, да го поттикне волонтерството и грижата за природата, бидејќи грижата за животната средина мора да биде императив на секој од нас.

– Природата е нашето најголемо богатство и наша должност е да ја зачуваме за идните генерации – изјави Меџити најавувајќи дека во текот на едногодишната кампања   ќе се спроведат низа конкретни и ефекасни активности, како што се садење на дрвни насади за обновување на зеленилото во урбаните и руралните средини на територијата на целата држава, спроведување на редовни акции за чистење на реките, шумите и парковите со масовно вклучување на заедниците и волонтерите, мотивирање на селектирањето и рециклирањето на отпадот преку развивање на добри практики и понуда на нови и соодветни инфраструктури за сепарација на отпадот, спроведување на едукативни програми во училиштата и заедниците, за подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот начин на живот и подобрување на законодавството за животната средина преку зајакнување на постоечките закони, усвојување нови политики што ја штитат и зачувуваат природата.

– Во овој контекст, „Делувај сега за природата“ има за цел да донесе одржлива и видлива промена во начинот на кој ја третираме и управуваме нашата животна средина – истакна Меџити и ја повика јавноста да се придружи на ова важно патување и да придонесе за заштита на нашата заедничка животна средина.

– Под наше водство, уверени сме дека „Делувај сега за природата“ ќе биде успешна приказна, доказ за нашата посветеност кон животната средина и извор на гордост за секој граѓанин на оваа земја. Со мали дела, можеме да постигнеме големи промени – додаде Меџити.

The post Министерот за животна средина, Изет Меџити, на Светскиот ден на заштита на природата ја почна кампањата „Делувај сега, за природата!“ appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик председател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по повод одбележувањето на 28 Јули, Светскиот ден на заштита на природата, со низа активности во парк-шумата Гази Баба, го најави официјалното започнување на кампањата: „Делувај сега, за природата!“. Министерот Меџити, заедно со група ентузијасти и поборници за здрава животна средина, со пример покажа како треба да се развиваат позитивните однесувања во природата која што значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет. На настанот беа засадени дрвни насади, поставени канти за отпадоци, обновена е бојата на реквизитите на игралиштето, а учесниците во акцијата направија прошетка низ парк-шумата Гази Баба и уживаа во оваа зелена оаза за  граѓаните на Скопје. Гази Баба е ретко место во главниот град на државата што на урбаните заедници им овозможува зелен простор за одмор, за спортување, за прошетки и за играње на најмладите во природа и на чист воздух.
Кампањата ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природа, да го поттикне волонтерството и грижата за природата, бидејќи грижата за животната средина мора да биде императив на секој од нас. – Природата е нашето најголемо богатство и наша должност е да ја зачуваме за идните генерации – изјави Меџити најавувајќи дека во текот на едногодишната кампања   ќе се спроведат низа конкретни и ефекасни активности, како што се садење на дрвни насади за обновување на зеленилото во урбаните и руралните средини на територијата на целата држава, спроведување на редовни акции за чистење на реките, шумите и парковите со масовно вклучување на заедниците и волонтерите, мотивирање на селектирањето и рециклирањето на отпадот преку развивање на добри практики и понуда на нови и соодветни инфраструктури за сепарација на отпадот, спроведување на едукативни програми во училиштата и заедниците, за подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот начин на живот и подобрување на законодавството за животната средина преку зајакнување на постоечките закони, усвојување нови политики што ја штитат и зачувуваат природата. – Во овој контекст, „Делувај сега за природата“ има за цел да донесе одржлива и видлива промена во начинот на кој ја третираме и управуваме нашата животна средина – истакна Меџити и ја повика јавноста да се придружи на ова важно патување и да придонесе за заштита на нашата заедничка животна средина. – Под наше водство, уверени сме дека „Делувај сега за природата“ ќе биде успешна приказна, доказ за нашата посветеност кон животната средина и извор на гордост за секој граѓанин на оваа земја. Со мали дела, можеме да постигнеме големи промени – додаде Меџити.

The post Министерот за животна средина, Изет Меџити, на Светскиот ден на заштита на природата ја почна кампањата „Делувај сега, за природата!“ appeared first on Република.

]]>
Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април https://republika.mk/vesti/makedonija/od-polnok-pochnuva-molkot-za-pretsedatelskite-izbori-na-24-april/ Mon, 22 Apr 2024 05:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=769106

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите парламентарни избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател - петмина мажи и две жени. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски - ЗНАМ, Стевчо Јакимовска - ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Две лица се водат како внатрешно раселени лица.

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Државната изборна комисија (ДИК) викендов го дистрибуираше недоверливиот и доверливиот материјал, вклучувајќи ги и избирачките ливчиња, до Општинските изборни комисии кои во вторник треба да го достават до Избирачките одбори.

Според најавите, првичните информации за изборните резултати би требало ДИК да ги објави пред полноќ на 24 април.

The post Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април appeared first on Република.

]]>

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината. Гласачите на седмите парламентарни избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател - петмина мажи и две жени. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски - ЗНАМ, Стевчо Јакимовска - ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт. Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација. Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат. За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Две лица се водат како внатрешно раселени лица. Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22. Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи. Државната изборна комисија (ДИК) викендов го дистрибуираше недоверливиот и доверливиот материјал, вклучувајќи ги и избирачките ливчиња, до Општинските изборни комисии кои во вторник треба да го достават до Избирачките одбори. Според најавите, првичните информации за изборните резултати би требало ДИК да ги објави пред полноќ на 24 април.

The post Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април appeared first on Република.

]]>
Мисајловски во Гази Баба ги поздрави активистите на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-vo-gazi-baba-gi-pozdravi-aktivistite-na-sdsm/ Mon, 15 Apr 2024 15:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=766364

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ2 за парламентарни избори 2024 година денеска беше на терен во скопската општина Гази Баба каде што ги поздрави активистите на СДСМ и им посака добра кампања.

Вие сте добри, знаете што сакате и знаете што работите. Треба да се има цел, му кажа на Мисајловски еден од активистите.

Македонија за сите луѓе!
Време е за промени!, објави Мисајловски.

The post Мисајловски во Гази Баба ги поздрави активистите на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ2 за парламентарни избори 2024 година денеска беше на терен во скопската општина Гази Баба каде што ги поздрави активистите на СДСМ и им посака добра кампања. Вие сте добри, знаете што сакате и знаете што работите. Треба да се има цел, му кажа на Мисајловски еден од активистите.
Македонија за сите луѓе! Време е за промени!, објави Мисајловски.

The post Мисајловски во Гази Баба ги поздрави активистите на СДСМ appeared first on Република.

]]>
„Македонија повторно горда“ денеска со митинзи во Василево, Босилово, Радовиш и Струмица https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-povtorno-gorda-deneska-so-mitinzi-vo-vasilevo-bosilovo-radovish-i-strumitsa/ Wed, 10 Apr 2024 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=764557

По повод претседателската кампања „Македонија повторно горда“ денеска ќе бидат одржани следните митинзи:

– Во Општина Василево во 16:00 часот пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ Василево;

– Во Општина Босилово во 17:00 часот во с. Босилово до училиштето;

– Во Општина Радовиш во 18:30 часот пред Центар за култура;

– Во Општина Струмица во 20:30 часот на Градски плоштад.

The post „Македонија повторно горда“ денеска со митинзи во Василево, Босилово, Радовиш и Струмица appeared first on Република.

]]>

По повод претседателската кампања „Македонија повторно горда“ денеска ќе бидат одржани следните митинзи: – Во Општина Василево во 16:00 часот пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ Василево; – Во Општина Босилово во 17:00 часот во с. Босилово до училиштето; – Во Општина Радовиш во 18:30 часот пред Центар за култура; – Во Општина Струмица во 20:30 часот на Градски плоштад.

The post „Македонија повторно горда“ денеска со митинзи во Василево, Босилово, Радовиш и Струмица appeared first on Република.

]]>
Трет ден предизборна кампања за претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/tret-den-predizborna-kampana-za-pretsedatelskite-izbori-so-prezentatsija-na-programite-na-kandidatite-na-mitinzi-debati-i-sredbi-so-gragani/ Sat, 06 Apr 2024 10:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=763026

Продолжува предизборната кампања за Претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На вториот ден од кампањата кандидатите со пораки до гласачите за просперитетна иднина, за европска интеграција, како и критики до опонентите.

Изборниот караван на кандидатот на Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе ги посети општините Македонски Брод и Кичево.

Кндидатката за претседател поддржана од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните на Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Бујар Османи, кандидатот за претседател на Европскиот фронт, во Тетово (хотел НБ), ќе учествува на дебатата насловена „Задржување на младите во земјава.

Kараванот на кндидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска ќе ги посети и ќе има средби со граѓаните на општините Валандово, Богданци, Дојран, а агендата ќе ја заокружи со обраќање пред жителите на Гевгелија.

Изборниот штаб на кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска најавува дека ќе бидат остварени средби со граѓани во Прилеп, Демир Хисар.

Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и носителот на пратеничката листа во Првата изборна единица од коалицијата Изет Меџити ќе учествуваат на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот во Градскиот парк во Скопје.

 

The post Трет ден предизборна кампања за претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани appeared first on Република.

]]>

Продолжува предизборната кампања за Претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На вториот ден од кампањата кандидатите со пораки до гласачите за просперитетна иднина, за европска интеграција, како и критики до опонентите. Изборниот караван на кандидатот на Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе ги посети општините Македонски Брод и Кичево. Кндидатката за претседател поддржана од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните на Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Бујар Османи, кандидатот за претседател на Европскиот фронт, во Тетово (хотел НБ), ќе учествува на дебатата насловена „Задржување на младите во земјава. Kараванот на кндидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска ќе ги посети и ќе има средби со граѓаните на општините Валандово, Богданци, Дојран, а агендата ќе ја заокружи со обраќање пред жителите на Гевгелија. Изборниот штаб на кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска најавува дека ќе бидат остварени средби со граѓани во Прилеп, Демир Хисар. Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и носителот на пратеничката листа во Првата изборна единица од коалицијата Изет Меџити ќе учествуваат на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот во Градскиот парк во Скопје.  

The post Трет ден предизборна кампања за претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Гордана Силјановска Давкова ќе биде лидерот и вистински Врховен командант https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-gordana-siljanovska-davkova-ke-bide-liderot-i-vistinski-vrhoven-komandant/ Thu, 04 Apr 2024 17:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=762261

Претседателот мора да си ги знае надлежностите. За жал, сегашниот претседател воопшто не си ги знаеше надлежностите во делот на извршувањето на должноста Врховен командант на армијата, рече Драган Ковачки, носител на листата на пратеници во третата Изборна единица во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.

Човекот Стево Пендаровски, кој што е залутан во вилата на Водно, буквално ги одмолче сите скандали кои што постоеја во армијата и во Министерството за одбрана. Молчеше за набавката на хеликоптери, молчеше за коруптивните скандали и зделки за кои што говоревме во изминатиот период, молчеше за огромните скандали кои што се поврзани со професионалните стандарди. А, професионалните стандарди се потребни за да една армија функционира на начин на кој што е тоа предвидено, значи хиерархиски поставена, мотивирана и со развиен дух“, истакна Ковачки.

Тој додаде дека во изминатиот период имавме ситуации каде имаше вработувања во армискиот состав директно преку општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Арачиново и на тоа Стево Пендаровски одмолча, немаше никаков став, едноставно како да не го интересираше тоа што примањето на војниците во армијата не се правеше по стандарди и критериуми, туку по партиска основа.

Ковачки додаде дека овој начин на кој што одмолче за овој случај и не се заинтересира уште еднаш покажува дека Стево Пендаровски не си ги познава должностите и не ги почитува војниците на кој што им е надреден.

„Понатаму имаме случај каде што во мировни мисии се испраќале луѓе без безбедносни сертификати, меѓутоа и без соодветна обука, со што се загрозува и мисијата на единицата, се загрозува и угледот на армијата и на државата, но и на самите припадници испратени на мисија“, рече Ковачки додавајќи дека, како и за многуте други случаи, молчеше и за овој иако за тоа јавно се говорело.

Затоа, додаде Ковачки, професорката Гордана Силјановска Давкова е се што Пендаровски не е и се што Пендаровски е, Гордана Силјановска не.

И затоа мислам дека Гордана Силјановска Давкова ќе биде лидерот, ќе биде вистински Врховен командант. Жена која што во целост ги познава законските надлежности на Претседателот, на Врховниот командант и жена која што е посветена на развивање на патриотскиот дух. Ценам дека го имаме вистинскиот кандидат, ценам дека го имаме идниот победник на претседателските избори“, посочи Ковачки.

 

The post Ковачки: Гордана Силјановска Давкова ќе биде лидерот и вистински Врховен командант appeared first on Република.

]]>

Претседателот мора да си ги знае надлежностите. За жал, сегашниот претседател воопшто не си ги знаеше надлежностите во делот на извршувањето на должноста Врховен командант на армијата, рече Драган Ковачки, носител на листата на пратеници во третата Изборна единица во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.
Човекот Стево Пендаровски, кој што е залутан во вилата на Водно, буквално ги одмолче сите скандали кои што постоеја во армијата и во Министерството за одбрана. Молчеше за набавката на хеликоптери, молчеше за коруптивните скандали и зделки за кои што говоревме во изминатиот период, молчеше за огромните скандали кои што се поврзани со професионалните стандарди. А, професионалните стандарди се потребни за да една армија функционира на начин на кој што е тоа предвидено, значи хиерархиски поставена, мотивирана и со развиен дух“, истакна Ковачки.
Тој додаде дека во изминатиот период имавме ситуации каде имаше вработувања во армискиот состав директно преку општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Арачиново и на тоа Стево Пендаровски одмолча, немаше никаков став, едноставно како да не го интересираше тоа што примањето на војниците во армијата не се правеше по стандарди и критериуми, туку по партиска основа. Ковачки додаде дека овој начин на кој што одмолче за овој случај и не се заинтересира уште еднаш покажува дека Стево Пендаровски не си ги познава должностите и не ги почитува војниците на кој што им е надреден.
„Понатаму имаме случај каде што во мировни мисии се испраќале луѓе без безбедносни сертификати, меѓутоа и без соодветна обука, со што се загрозува и мисијата на единицата, се загрозува и угледот на армијата и на државата, но и на самите припадници испратени на мисија“, рече Ковачки додавајќи дека, како и за многуте други случаи, молчеше и за овој иако за тоа јавно се говорело.
Затоа, додаде Ковачки, професорката Гордана Силјановска Давкова е се што Пендаровски не е и се што Пендаровски е, Гордана Силјановска не.
И затоа мислам дека Гордана Силјановска Давкова ќе биде лидерот, ќе биде вистински Врховен командант. Жена која што во целост ги познава законските надлежности на Претседателот, на Врховниот командант и жена која што е посветена на развивање на патриотскиот дух. Ценам дека го имаме вистинскиот кандидат, ценам дека го имаме идниот победник на претседателските избори“, посочи Ковачки.
 

The post Ковачки: Гордана Силјановска Давкова ќе биде лидерот и вистински Врховен командант appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски ја почна кампањата од Крушево каде што го промовираше „Манифестот за Македонија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-ja-pochna-kampanata-od-krushevo-kade-shto-go-promovirashe-manifestot-za-makedonija/ Thu, 04 Apr 2024 14:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=762155

Со Манифест за Македонија Максим Димитриевски ќе ја бара поддршката и довербата од граѓаните на претстојните претседателски избори.

Тој денеска пред Македониумот во Крушево ја промовираше претседателската програма насловена како МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Истовремено беше промовиран и слоганот на неговата кампања „МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА“.

Не случајно почетокот на мојата кампања за претседател на Македонија почнува од Крушево, кој како град има исклучително историско значење за нас како народ и држава. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е формирано и почива токму на темелите на Крушевската Република и АСНОМ. Затоа Програмата со којашто ќе настапам ја нарековме Манифест за Македонија, како континуитет на Крушевскиот Манифест – рече Димитриевски пред мнобројните граѓани.

Само со МАКСИМУМ напори, макотрпна работа и остварување на целите, од сите нас заедно и секој поединечно, со ум и со разум, додаде тој, Македонија може да стане држава каква што посакуваме.

Со личен пример ќе мотивирам, поттикнувам и придонесувам секој граѓанин да го даде својот МАКСИМУМ. Македонија е пред раскрсница. Македонија е пред клучна одлука, Македонија мора да биде земја на среќни и задоволни граѓани Македонија, мора да гради пат кон иднината. Јас го ЗНАМ вистинскиот пат. Затоа ги повикувам граѓаните по Илинден и АСНОМ да се вклучат во Изборното востание. Би сакал да Ви презентирам дел од мојта програма за Претседателските избори – рече Димитриевски.

Таа е, како што додаде, базирана на пет стратешки начела и на пет, приоритети во првите 200 дена од преземањето на претседателската функција:

Начело број 1 – Единствени во надворешната политика

– Ќе ја зајакнам улогата на претседателот во надворешните односи, кој, согласно Уставот, ја претставува државата

– Ќе ја претставувам државата достоинствено и доследно;

– За мене најважни се националните интереси, како основа на надворешната политика

– Во ЕУ да. Но со заштита и почитување на националните интереси т.р гордо и достоинствено.

– Ќе придонесувам, низ дијалог и аргументи, за постигнување висока согласност за стратегија за надворешната политика и пристапувањето во ЕУ.

– Ќе ги продлабочувам односите со ЕУ, НАТО и странските партнери, засновани на јасната гео-политичка ориентација;

– Целосно ќе се ангажирам, во дијалог со државите членки на ЕУ за отстранување на блокадите во евроинтеграцискиот процес, преку градење доверба заснована на кредибилни, реални и видливи реформи дома

– Ќе ги развивам односите со сите соседни држави и со државите од регионот, засновани на спроведување на договорите на база на реципроцитет со добра волја од сите страни;

– Ќе поднесувам иницијативи за заеднички настап на државите од регионот за членство во ЕУ и пристап до европските фондови

– Ќе работам на интензивирање и зајакнување на улогата на Македонија на глобалната сцена, која брзо се менува.

Начело број 2 – Глас на разумот и обединувањето

– Ќе поттикнувам и одржувам редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика;

– Ќе развивам дијалог со граѓанскиот сектор и НВО

– Ќе работам на суштествен развој на меѓуетничките односи и реален соживот во Македонија

– Постојано ќе го поттикнувам унапредувањето на темелните вредности во општество, кои се вредностите и на ЕУ

– Ќе се залагам за солидарно општество,со почитување на слободите и правата, без дискриминација, со развиена демократија и владеење на правото

– Ќе работам на вклучување на сите интелектуални и независни сили во македонското општество за нивен плодотворен придонес во развојот.

– Почитувајќи го и придонесувајќи за принципот на рамнотежа на властите, ќе имам активни односи и соработка со Собранието и Владата.

Начело број 3 – Поцврсти во одбраната и безбедноста

Можеби ќе ве интересира
„МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Кампањата на ЗНАМ започнува утре…

– Како врховен командант, ќе работам на зајакнување на капацитетите на македонската армија;

– Ќе ги вложам сите напори за да се валоризира нашето членство во НАТО и да се унапредува нашата улога;

– Во време на зајакнати хибридни закани и предизвици во глобални рамки, ќе ја јакнам улогата на Агенцијата за разузнавање во заштитата на националната безбедност на државата;

– Советот за безбедност под мое раководство ќе биде активен субјект во одбраната и во превенирањето на заканите кон безбедноста на државата.

Начело број 4 – Силни институции за заштита на граѓанинот и државата

– Неопходен е пресврт во нашиот однос кон институциите, нивно ослободување од политиката, комплетна департизација

т.е ќе се залагам за интегритет, стручност и професионалност на институциите.

– Ќе именувам и ќе давам предлози согласно моите уставни и законски надлежности, само врз основа на заслуги, стручност и интегритет;

– Моите предлози за членови на Уставниот суд и на Судскиот совет ќе бидат издржани со личности со реноме во фелата и јавноста;

– Ќе ја поддржувам независноста и развивањето на капацитетот на независните и регулаторните тела.

Начело број 5 – Вклученост и одговорност

-За одредени прашања,одлуките ќе ги донесувам по консултација со експерти и граѓанската заедница;

– Ќе обезбедам транспарентност и јавност на своето дејствување како Претседател на Републиката;

– Ќе се залагам за отчетност и одговорност на носителите на јавните функции, како основа за искоренувањето на корупцијата;

– Ќе инсистирам на одговорност на носителите на јавни функции, односно ќе се држам до начелото дека правдата мора да е еднаква за сите.

– Дозволете ми да Ви ги соопштам и моите пет приоритети и активности во првите двесте дена од преземањето на функцијата Претседател на Македонија – додаде Димитриевски.

Приоритет број 1

Во првите 100 дена, во интерес на побрза европска интеграција, ќе инсистираме на формирање специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.

Приоритет број 2

Во првите 100 дена ќе инсистираме на формирање специјален правен тим кој ќе се посвети на основните европски модалитети за спроведување на меѓународното право преку имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кои се однесуваат на неправедните одлуки на властите во Република Бугарија кон македонските организации, а кои се од суштинска важност за одржување добрососедски односи.

Приоритет број 3

Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија.

Приоритет број 4

Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран.

Приоритет број 5

Во првите 100 дена ќе предложиме Национална Стратегија за борба против корупцијата. Во таа насока изразувам подготвеност да дискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да се спречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт.

Сметам дека е неопходно, заради обезбедување на правна сигурност, еднаквост пред законите и неселективна правда, во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на Јавен обвинител на Република Македонија. Наместо на предлог на Владата, истиот да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години – рече Димитриевски.

 

The post Максим Димитриевски ја почна кампањата од Крушево каде што го промовираше „Манифестот за Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Со Манифест за Македонија Максим Димитриевски ќе ја бара поддршката и довербата од граѓаните на претстојните претседателски избори. Тој денеска пред Македониумот во Крушево ја промовираше претседателската програма насловена како МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА. Истовремено беше промовиран и слоганот на неговата кампања „МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА“.
Не случајно почетокот на мојата кампања за претседател на Македонија почнува од Крушево, кој како град има исклучително историско значење за нас како народ и држава. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е формирано и почива токму на темелите на Крушевската Република и АСНОМ. Затоа Програмата со којашто ќе настапам ја нарековме Манифест за Македонија, како континуитет на Крушевскиот Манифест – рече Димитриевски пред мнобројните граѓани.
Само со МАКСИМУМ напори, макотрпна работа и остварување на целите, од сите нас заедно и секој поединечно, со ум и со разум, додаде тој, Македонија може да стане држава каква што посакуваме.
Со личен пример ќе мотивирам, поттикнувам и придонесувам секој граѓанин да го даде својот МАКСИМУМ. Македонија е пред раскрсница. Македонија е пред клучна одлука, Македонија мора да биде земја на среќни и задоволни граѓани Македонија, мора да гради пат кон иднината. Јас го ЗНАМ вистинскиот пат. Затоа ги повикувам граѓаните по Илинден и АСНОМ да се вклучат во Изборното востание. Би сакал да Ви презентирам дел од мојта програма за Претседателските избори – рече Димитриевски.
Таа е, како што додаде, базирана на пет стратешки начела и на пет, приоритети во првите 200 дена од преземањето на претседателската функција: Начело број 1 – Единствени во надворешната политика – Ќе ја зајакнам улогата на претседателот во надворешните односи, кој, согласно Уставот, ја претставува државата – Ќе ја претставувам државата достоинствено и доследно; – За мене најважни се националните интереси, како основа на надворешната политика – Во ЕУ да. Но со заштита и почитување на националните интереси т.р гордо и достоинствено. – Ќе придонесувам, низ дијалог и аргументи, за постигнување висока согласност за стратегија за надворешната политика и пристапувањето во ЕУ. – Ќе ги продлабочувам односите со ЕУ, НАТО и странските партнери, засновани на јасната гео-политичка ориентација; – Целосно ќе се ангажирам, во дијалог со државите членки на ЕУ за отстранување на блокадите во евроинтеграцискиот процес, преку градење доверба заснована на кредибилни, реални и видливи реформи дома – Ќе ги развивам односите со сите соседни држави и со државите од регионот, засновани на спроведување на договорите на база на реципроцитет со добра волја од сите страни; – Ќе поднесувам иницијативи за заеднички настап на државите од регионот за членство во ЕУ и пристап до европските фондови – Ќе работам на интензивирање и зајакнување на улогата на Македонија на глобалната сцена, која брзо се менува. Начело број 2 – Глас на разумот и обединувањето – Ќе поттикнувам и одржувам редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика; – Ќе развивам дијалог со граѓанскиот сектор и НВО – Ќе работам на суштествен развој на меѓуетничките односи и реален соживот во Македонија – Постојано ќе го поттикнувам унапредувањето на темелните вредности во општество, кои се вредностите и на ЕУ – Ќе се залагам за солидарно општество,со почитување на слободите и правата, без дискриминација, со развиена демократија и владеење на правото – Ќе работам на вклучување на сите интелектуални и независни сили во македонското општество за нивен плодотворен придонес во развојот. – Почитувајќи го и придонесувајќи за принципот на рамнотежа на властите, ќе имам активни односи и соработка со Собранието и Владата. Начело број 3 – Поцврсти во одбраната и безбедноста Можеби ќе ве интересира „МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Кампањата на ЗНАМ започнува утре… – Како врховен командант, ќе работам на зајакнување на капацитетите на македонската армија; – Ќе ги вложам сите напори за да се валоризира нашето членство во НАТО и да се унапредува нашата улога; – Во време на зајакнати хибридни закани и предизвици во глобални рамки, ќе ја јакнам улогата на Агенцијата за разузнавање во заштитата на националната безбедност на државата; – Советот за безбедност под мое раководство ќе биде активен субјект во одбраната и во превенирањето на заканите кон безбедноста на државата. Начело број 4 – Силни институции за заштита на граѓанинот и државата – Неопходен е пресврт во нашиот однос кон институциите, нивно ослободување од политиката, комплетна департизација т.е ќе се залагам за интегритет, стручност и професионалност на институциите. – Ќе именувам и ќе давам предлози согласно моите уставни и законски надлежности, само врз основа на заслуги, стручност и интегритет; – Моите предлози за членови на Уставниот суд и на Судскиот совет ќе бидат издржани со личности со реноме во фелата и јавноста; – Ќе ја поддржувам независноста и развивањето на капацитетот на независните и регулаторните тела. Начело број 5 – Вклученост и одговорност -За одредени прашања,одлуките ќе ги донесувам по консултација со експерти и граѓанската заедница; – Ќе обезбедам транспарентност и јавност на своето дејствување како Претседател на Републиката; – Ќе се залагам за отчетност и одговорност на носителите на јавните функции, како основа за искоренувањето на корупцијата; – Ќе инсистирам на одговорност на носителите на јавни функции, односно ќе се држам до начелото дека правдата мора да е еднаква за сите. – Дозволете ми да Ви ги соопштам и моите пет приоритети и активности во првите двесте дена од преземањето на функцијата Претседател на Македонија – додаде Димитриевски. Приоритет број 1 Во првите 100 дена, во интерес на побрза европска интеграција, ќе инсистираме на формирање специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет. Приоритет број 2 Во првите 100 дена ќе инсистираме на формирање специјален правен тим кој ќе се посвети на основните европски модалитети за спроведување на меѓународното право преку имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кои се однесуваат на неправедните одлуки на властите во Република Бугарија кон македонските организации, а кои се од суштинска важност за одржување добрососедски односи. Приоритет број 3 Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија. Приоритет број 4 Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран. Приоритет број 5 Во првите 100 дена ќе предложиме Национална Стратегија за борба против корупцијата. Во таа насока изразувам подготвеност да дискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да се спречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт.
Сметам дека е неопходно, заради обезбедување на правна сигурност, еднаквост пред законите и неселективна правда, во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на Јавен обвинител на Република Македонија. Наместо на предлог на Владата, истиот да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години – рече Димитриевски.
 

The post Максим Димитриевски ја почна кампањата од Крушево каде што го промовираше „Манифестот за Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelskite-kandidati-do-kampana-ne-smeat-da-troshat-pari-od-transaktsiska-smetka-mozhat-da-odrzhat-samo-eden-javen-nastan/ Fri, 22 Mar 2024 11:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=757409

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк).

Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата.

ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.

 

The post Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан appeared first on Република.

]]>

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми. Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк). Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата. ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка. Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.  

The post Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан appeared first on Република.

]]>
Дали народните пари се трошат за партиски и изборни цели? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-narodnite-pari-se-troshat-za-partiski-i-izborni-tseli/ Tue, 19 Mar 2024 07:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=756135

Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот

Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС.
Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-od-kabinetot-na-pendarovski-za-izbornata-kampana-ne-koristime-stranski-eksperti-i-kompanii/

Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски?

Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата.

Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?

Можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови. Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени.

The post Дали народните пари се трошат за партиски и изборни цели? appeared first on Република.

]]>

Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС. Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели?-прашува ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-od-kabinetot-na-pendarovski-za-izbornata-kampana-ne-koristime-stranski-eksperti-i-kompanii/ Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски?
Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата.
Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата? Можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови. Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени.

The post Дали народните пари се трошат за партиски и изборни цели? appeared first on Република.

]]>
Трамп: Мојот прв потег ќе биде затворање на границата со Мексико и ослободување на заложниците од Капитол https://republika.mk/vesti/svet/tramp-mojot-prv-poteg-ke-bide-zatvorane-na-granitsata-so-meksiko-i-osloboduvane-na-zalozhnitsite-od-kapitol/ Tue, 12 Mar 2024 09:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=753934

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги ослободи лицата затворени за учество во нападот на американскиот Капитол во 2021 година како еден од неговите први чекори доколку биде реизбран, нарекувајќи ги „заложници“.

Бунтовниците, кои потоа ги поттикна на акција со лажни тврдења за изборна измама на последните претседателски избори, упаднаа во седиштето на американската демократија на 6 јануари 2021 година во обид да го спречат трансферот на власта од него на Џо Бајден.

Од нив 1.358 се обвинети во изминатите 38 месеци, покажуваат податоците на Министерството за правда, објавени минатата недела.

Околу 500 од нив беа осудени на затворски казни.

Трамп го објави ова на платформата Truth Social, ветувајќи дека ќе ја затвори границата со Мексико, исто така како еден од првите чекори доколку биде реизбран.

„Мојот прв потег како ваш следен претседател ќе биде затворање на границата... и ослободување на заложниците на 6 јануари кои се неправедно затворени“, напиша тој доцна синоќа.

Трамп претходно зборуваше за неговиот хипотетички прв ден на функцијата, ветувајќи за време на негов настап во декември дека нема да се однесува како диктатор „освен првиот ден“.

Ова не е првпат Трамп да ги нарече своите затворени поддржувачи „заложници“ или да предложи тие да бидат ослободени.

Во јануари тој го повика претседателот Бајден „да ги ослободи заложниците од 6-ти јануари“ за време на предизборниот митинг во Ајова.

Трамп е речиси сигурен дека ќе биде републикански претседателски кандидат сега кога неговата противкандидатка Ники Хејли се откажа од трката по неговата убедлива победа на досегашните партиски прелиминарни избори.

The post Трамп: Мојот прв потег ќе биде затворање на границата со Мексико и ослободување на заложниците од Капитол appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги ослободи лицата затворени за учество во нападот на американскиот Капитол во 2021 година како еден од неговите први чекори доколку биде реизбран, нарекувајќи ги „заложници“. Бунтовниците, кои потоа ги поттикна на акција со лажни тврдења за изборна измама на последните претседателски избори, упаднаа во седиштето на американската демократија на 6 јануари 2021 година во обид да го спречат трансферот на власта од него на Џо Бајден. Од нив 1.358 се обвинети во изминатите 38 месеци, покажуваат податоците на Министерството за правда, објавени минатата недела. Околу 500 од нив беа осудени на затворски казни. Трамп го објави ова на платформата Truth Social, ветувајќи дека ќе ја затвори границата со Мексико, исто така како еден од првите чекори доколку биде реизбран. „Мојот прв потег како ваш следен претседател ќе биде затворање на границата... и ослободување на заложниците на 6 јануари кои се неправедно затворени“, напиша тој доцна синоќа. Трамп претходно зборуваше за неговиот хипотетички прв ден на функцијата, ветувајќи за време на негов настап во декември дека нема да се однесува како диктатор „освен првиот ден“. Ова не е првпат Трамп да ги нарече своите затворени поддржувачи „заложници“ или да предложи тие да бидат ослободени. Во јануари тој го повика претседателот Бајден „да ги ослободи заложниците од 6-ти јануари“ за време на предизборниот митинг во Ајова. Трамп е речиси сигурен дека ќе биде републикански претседателски кандидат сега кога неговата противкандидатка Ники Хејли се откажа од трката по неговата убедлива победа на досегашните партиски прелиминарни избори.

The post Трамп: Мојот прв потег ќе биде затворање на границата со Мексико и ослободување на заложниците од Капитол appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Забрането е користење на канцеларии и службени возила во изборната кампања https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-zabraneto-e-koristene-na-kantselarii-i-sluzhbeni-vozila-vo-izbornata-kampana/ Mon, 04 Mar 2024 19:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=751191

За потребите на изборната кампања забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста, соопшти Државата комисија за спречување на корупцијата.

„Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „…од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи“,се вели во соопштението од ДКСК.

Од Антокорупциска соопштуваат и дека во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите.

„Тие се состојат од преземање на оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори, превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти, физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности, следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти“,велат оттаму.

ДКСК укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи и тоа за избори за претседател и избори за пратеници во Собранието кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

The post ДКСК: Забрането е користење на канцеларии и службени возила во изборната кампања appeared first on Република.

]]>

За потребите на изборната кампања забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста, соопшти Државата комисија за спречување на корупцијата. „Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „…од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи“,се вели во соопштението од ДКСК.
Од Антокорупциска соопштуваат и дека во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите. „Тие се состојат од преземање на оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори, превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти, физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности, следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти“,велат оттаму. ДКСК укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи и тоа за избори за претседател и избори за пратеници во Собранието кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

The post ДКСК: Забрането е користење на канцеларии и службени возила во изборната кампања appeared first on Република.

]]>
Авганистан почна масовна кампања за вакцинација против детска парализа https://republika.mk/zivot/zdravje/avganistan-pochna-masovna-kampana-za-vaktsinatsija-protiv-detska-paraliza/ Mon, 26 Feb 2024 09:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=748377

Во Авганистан денеска почна нова кампања за вакцинација против детска парализа, чија цел е заштита на околу 7,6 милиони деца на возраст под пет години, соопшти авганистанското Министерството за здравство.

Кампањата ќе трае четири дена во 21 од 34 провинции во земјата, информираа Министерството.

Портпаролот на Министерството за здравство, д-р Шарафат Заман, побара од верските научници и локалните старешини да соработуваат со давателите на вакцини во борбата против полио, заразна болест која може да предизвика парализа и да доведе до смрт.

Бројот на позитивни случаи на полио е намален оваа година, рече Заман.

Минатата година на национално ниво се откриени најмалку шест случаи со полиовирус.

Во декември, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека репатријацијата на мигрантите од соседен Пакистан го зголеми ризикот од ширење на вирусот. Оттогаш, земјата спроведе најмалку два круга на национално вакцинирање.

 

The post Авганистан почна масовна кампања за вакцинација против детска парализа appeared first on Република.

]]>

Во Авганистан денеска почна нова кампања за вакцинација против детска парализа, чија цел е заштита на околу 7,6 милиони деца на возраст под пет години, соопшти авганистанското Министерството за здравство. Кампањата ќе трае четири дена во 21 од 34 провинции во земјата, информираа Министерството. Портпаролот на Министерството за здравство, д-р Шарафат Заман, побара од верските научници и локалните старешини да соработуваат со давателите на вакцини во борбата против полио, заразна болест која може да предизвика парализа и да доведе до смрт.
Бројот на позитивни случаи на полио е намален оваа година, рече Заман.
Минатата година на национално ниво се откриени најмалку шест случаи со полиовирус. Во декември, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека репатријацијата на мигрантите од соседен Пакистан го зголеми ризикот од ширење на вирусот. Оттогаш, земјата спроведе најмалку два круга на национално вакцинирање.  

The post Авганистан почна масовна кампања за вакцинација против детска парализа appeared first on Република.

]]>
Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/nezavisen-politsiski-sindikat-politichkite-kampani-da-se-realiziraat-nadvor-od-institutsiite/ Sat, 24 Feb 2024 13:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=747805

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово.

- Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев.

Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

- Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев.

Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа.

- Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

The post Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите appeared first on Република.

]]>

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. - Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев. Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците. - Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев. Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа. - Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

The post Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите appeared first on Република.

]]>
Во март почнува камапања за рано откривање на ретките болести https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-mart-pochnuva-kamapana-za-rano-otkrivane-na-retkite-bolesti/ Fri, 23 Feb 2024 16:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=747534

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ќе тргнат од Скопје, но ќе ги посетат сите градови во земјата во кои има матични лекари и лекари по семејна медицина за да ги запознаат од блиску со проблемите, симптомите и потребите на лицата со ретки болести за да може рано да ги препознаат новите пациенти. Весна Алексовска, претседателка на Здружението „Живот со предизвици“ која и самата е пациентка со ретка болест, објасни дека одлучиле годинава фокус да стават на рано откривање оти со години од некои болести не се регистрираат нови пациенти иако тие се генетски.

Оваа година решивме да се фокусираме на рана дијагноза поттикнати од самиот момент дека, конечно, имаме неонатален скрининг за сите новородени на фенилкетонурија, претходно беше само на некои од нив. Многу ми е мило што сега се прави, конечно, на сите. Сакаме да работиме на многу други ретки болести за да се откриваат пациенти затоа што забележавме дека години наназад нема нови пациенти од некои ретки болести. Тоа за нас е чудно зашто знаеме дека се генетски и дека семејно се пренесуваат и сфативме дека можеби е добра идеја повеќе да соработуваме со лекарите по општа и семејна медицина, со матичните, со примарното здравство. Тука го гледаме столбот. Ќе патуваме во целата држава, ќе делиме летоци, ќе разговараме со лекарите. Нема да држиме предавања со 100 луѓе, индивидуално ќе посветиме внимание“, рече претседателката на Здружението, Алексовска.

Таа денес во име на Здружението „Живот со предизвици“ потпиша меморандум за соработка со Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ѓорѓиевски вели дека го прифатиле предизвикот оти матичните лекари се првите што го имаат контактот со пациентите со симптоми на каква било болест.

Потребни сме им на тие пациенти бидејќи, како што слушнавме од претседателката на Здружението, ретките болести се откриваат во многу доцна фаза, кога веќе лековите не може да влијаат. Со здружени сили ќе се обидеме преку контакти со матичните лекари и активистите од ‘Живот со предизвици’ да се запознаат лекарите поблиску со болеста, но и да најдеме заеднички заклучоци, да настапиме пред соодветните власти и пред Министерството за здравство дека на матичните лекари треба, конечно, да им се одврзат рацете и да добијат поголем број ингеренции за да може да ги водат и рано да ги откриваат пациентите со ретки болести, да го прават скринингот. Ние сме ограничени со лабораториски анализи, кои можеме да ги изведуваме, а имаме компетенции да направиме повеќе, пред сѐ, во интерес на граѓаните со ретки болести“, рече Ѓорѓиевски.

Акцијата е превидено да почне во март во Скопје. Ќе се одвива по општини. Здружението на лекарите по општа и семејна медицина ќе ги повикува лекарите по договорени термини да се сретнат со претставници од „Живот со предизвици“ да поразговараат за нивните симптоми и за болеста за да се добие заклучок за тоа како може да си помогнат едни на други за да може да издејствуваат да влијаеме за рана дијагноза и третман на ретките заболувања. По Скопје, карванот ќе тргне во другите градови во Македонија.

„Ќе дадеме информации како се регистрираат пациентите со ретки болести, кај кој доктор треба да бидат примени за да се открие одредена болест, како се реферира за да добијат генетска анализа, како работи програмата за ретки болести. Информациите се изработени во соработка со Министерството за здравство и со Комисијата за ретки болести оти многумина прашуваат кој е начинот за да се регистрира пациент со ретка болест“, рече Алексовска.

Здружениот „Живото со предизвици“ повторно апелира навреме да се обезбедува терапија за сите ретки болести и ако треба, тендерите да се распишуваат предвреме поради сложените и долги административни процедури и да не се дозволува пациентите да останат без терапија. Претседателката Алексовска вели дека за подостапни лекови за лицата со ретки болести битна е децентрализацијата во здравството.

„Знаеме дека раната дијагноза е важна, но ако немаме ран пристап до терапија, тогаш раната дијагноза ќе ни значи, на некој начин измачување или поголем стрес. Ја имам болеста, го има лекот, јас треба да најдам начин да го добијам. Институциите тешко го прифаќаат моментот на децентрализација. Знам дека лековите се скапи, дистрибуцијата не е едноставна, но не само за ретките туку и за честите болести многу пациенти од нашата држава мора да патуваат до Скопје. Тоа создава метеж на клиниките, троши капацитет на клиниките, создава метеж и во градот, луѓето мора да допатуваат за да земат терапија и да направат контролни тестови. Мислам дека е можно решение како што е најдено за дијабетесот, да се изнајде и за ретките и хронични болести да може да се третираат и надвор од Скопје, па и да прават одредени контролни тестови“, вели Алексовска.

Таа е задоволна што, конечно, заврши годишниот тендер за набавка на лекови за ретки болести. Нагласи дека се набавени нови лекови за ретки болести, но укажа дека државата треба да ги смени правилата за да може да ги увезе најновите лекови за кои сега важи правилото: првин да помине една-две години од нивната употреба во други земји, па потоа да ги увеземе.

 

The post Во март почнува камапања за рано откривање на ретките болести appeared first on Република.

]]>

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ќе тргнат од Скопје, но ќе ги посетат сите градови во земјата во кои има матични лекари и лекари по семејна медицина за да ги запознаат од блиску со проблемите, симптомите и потребите на лицата со ретки болести за да може рано да ги препознаат новите пациенти. Весна Алексовска, претседателка на Здружението „Живот со предизвици“ која и самата е пациентка со ретка болест, објасни дека одлучиле годинава фокус да стават на рано откривање оти со години од некои болести не се регистрираат нови пациенти иако тие се генетски.
Оваа година решивме да се фокусираме на рана дијагноза поттикнати од самиот момент дека, конечно, имаме неонатален скрининг за сите новородени на фенилкетонурија, претходно беше само на некои од нив. Многу ми е мило што сега се прави, конечно, на сите. Сакаме да работиме на многу други ретки болести за да се откриваат пациенти затоа што забележавме дека години наназад нема нови пациенти од некои ретки болести. Тоа за нас е чудно зашто знаеме дека се генетски и дека семејно се пренесуваат и сфативме дека можеби е добра идеја повеќе да соработуваме со лекарите по општа и семејна медицина, со матичните, со примарното здравство. Тука го гледаме столбот. Ќе патуваме во целата држава, ќе делиме летоци, ќе разговараме со лекарите. Нема да држиме предавања со 100 луѓе, индивидуално ќе посветиме внимание“, рече претседателката на Здружението, Алексовска.
Таа денес во име на Здружението „Живот со предизвици“ потпиша меморандум за соработка со Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ѓорѓиевски вели дека го прифатиле предизвикот оти матичните лекари се првите што го имаат контактот со пациентите со симптоми на каква било болест.
Потребни сме им на тие пациенти бидејќи, како што слушнавме од претседателката на Здружението, ретките болести се откриваат во многу доцна фаза, кога веќе лековите не може да влијаат. Со здружени сили ќе се обидеме преку контакти со матичните лекари и активистите од ‘Живот со предизвици’ да се запознаат лекарите поблиску со болеста, но и да најдеме заеднички заклучоци, да настапиме пред соодветните власти и пред Министерството за здравство дека на матичните лекари треба, конечно, да им се одврзат рацете и да добијат поголем број ингеренции за да може да ги водат и рано да ги откриваат пациентите со ретки болести, да го прават скринингот. Ние сме ограничени со лабораториски анализи, кои можеме да ги изведуваме, а имаме компетенции да направиме повеќе, пред сѐ, во интерес на граѓаните со ретки болести“, рече Ѓорѓиевски.
Акцијата е превидено да почне во март во Скопје. Ќе се одвива по општини. Здружението на лекарите по општа и семејна медицина ќе ги повикува лекарите по договорени термини да се сретнат со претставници од „Живот со предизвици“ да поразговараат за нивните симптоми и за болеста за да се добие заклучок за тоа како може да си помогнат едни на други за да може да издејствуваат да влијаеме за рана дијагноза и третман на ретките заболувања. По Скопје, карванот ќе тргне во другите градови во Македонија. „Ќе дадеме информации како се регистрираат пациентите со ретки болести, кај кој доктор треба да бидат примени за да се открие одредена болест, како се реферира за да добијат генетска анализа, како работи програмата за ретки болести. Информациите се изработени во соработка со Министерството за здравство и со Комисијата за ретки болести оти многумина прашуваат кој е начинот за да се регистрира пациент со ретка болест“, рече Алексовска. Здружениот „Живото со предизвици“ повторно апелира навреме да се обезбедува терапија за сите ретки болести и ако треба, тендерите да се распишуваат предвреме поради сложените и долги административни процедури и да не се дозволува пациентите да останат без терапија. Претседателката Алексовска вели дека за подостапни лекови за лицата со ретки болести битна е децентрализацијата во здравството.
„Знаеме дека раната дијагноза е важна, но ако немаме ран пристап до терапија, тогаш раната дијагноза ќе ни значи, на некој начин измачување или поголем стрес. Ја имам болеста, го има лекот, јас треба да најдам начин да го добијам. Институциите тешко го прифаќаат моментот на децентрализација. Знам дека лековите се скапи, дистрибуцијата не е едноставна, но не само за ретките туку и за честите болести многу пациенти од нашата држава мора да патуваат до Скопје. Тоа создава метеж на клиниките, троши капацитет на клиниките, создава метеж и во градот, луѓето мора да допатуваат за да земат терапија и да направат контролни тестови. Мислам дека е можно решение како што е најдено за дијабетесот, да се изнајде и за ретките и хронични болести да може да се третираат и надвор од Скопје, па и да прават одредени контролни тестови“, вели Алексовска.
Таа е задоволна што, конечно, заврши годишниот тендер за набавка на лекови за ретки болести. Нагласи дека се набавени нови лекови за ретки болести, но укажа дека државата треба да ги смени правилата за да може да ги увезе најновите лекови за кои сега важи правилото: првин да помине една-две години од нивната употреба во други земји, па потоа да ги увеземе.  

The post Во март почнува камапања за рано откривање на ретките болести appeared first on Република.

]]>
СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ja-pochna-predkampanata-so-ukraden-slogan-od-holandski-sindhir-na-super-marketi/ Thu, 22 Feb 2024 09:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=746879

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија.

Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува.

Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“.

Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

The post СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети appeared first on Република.

]]>

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија. Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува. Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“. Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

The post СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети appeared first on Република.

]]>
Гугл почнува кампања против дезинформациите во пресрет на европските избори https://republika.mk/vesti/svet/gugl-pochnuva-kampana-protiv-dezinformatsiite-vo-presret-na-evropskite-izbori/ Fri, 16 Feb 2024 10:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=744795

Гугл наскоро ќе започне кампања против дезинформациите во пет земји-членки на Европската унија, изјавија од компанијата во пресрет на европските избори и новите и построги правила за онлајн содржините.

Граѓаните на ЕУ во јуни ќе изберат нов Европски парламент, а претставниците стравуваат дека ширењето на дезинформации на Интернет може да влијае на гласачите. Франција, Полска и Германија во понеделникот ја обвинија Русија дека воспоставила разработена мрежа на веб-страници за ширење проруска пропаганда.

Европскиот закон за дигитални услуги, кој стапува на сила оваа недела, ќе бара од главните интернет платформи и пребарувачите да направат повеќе за борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност.

Почнувајќи од оваа пролет, интерната единица на Гугл која се занимава со закани, Јигсау, ќе лансира серија анимирани реклами на платформи како што се ТикТок и Јутјуб во пет земји-членки на ЕУ: Белгија, Франција, Германија, Италија и Полска. Овие реклами ќе бидат преведени на сите 24 службени јазици на Европската Унија.

Од гледачите на рекламата на Јутјуб ќе биде побарано да пополнат краток прашалник со повеќекратни одговори, осмислен да процени што сте научиле за дезинформациите. „Пребункинг е единствената техника, барем според тоа што сум видела, која работи подеднакво ефикасно низ политичкиот спектар“, рече Бет Голдберг, шеф на истражување во интерната единица на Гугл.

„Други мерки за контрола на дезинформациите, како што е проверката на фактите, може да придонесат за поларизација бидејќи тие доаѓаат откако информацијата веќе се прошири“, додаде Голдберг.

Истрагата на ЕЕАС (Службата за надворешно дејствување на Европската унија) во јануари откри 750 инциденти со грешни информации кои намерно ги ширеле странски актери, од кои многумина ја поддржувале руската инвазија на Украина.

The post Гугл почнува кампања против дезинформациите во пресрет на европските избори appeared first on Република.

]]>

Гугл наскоро ќе започне кампања против дезинформациите во пет земји-членки на Европската унија, изјавија од компанијата во пресрет на европските избори и новите и построги правила за онлајн содржините. Граѓаните на ЕУ во јуни ќе изберат нов Европски парламент, а претставниците стравуваат дека ширењето на дезинформации на Интернет може да влијае на гласачите. Франција, Полска и Германија во понеделникот ја обвинија Русија дека воспоставила разработена мрежа на веб-страници за ширење проруска пропаганда. Европскиот закон за дигитални услуги, кој стапува на сила оваа недела, ќе бара од главните интернет платформи и пребарувачите да направат повеќе за борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност. Почнувајќи од оваа пролет, интерната единица на Гугл која се занимава со закани, Јигсау, ќе лансира серија анимирани реклами на платформи како што се ТикТок и Јутјуб во пет земји-членки на ЕУ: Белгија, Франција, Германија, Италија и Полска. Овие реклами ќе бидат преведени на сите 24 службени јазици на Европската Унија. Од гледачите на рекламата на Јутјуб ќе биде побарано да пополнат краток прашалник со повеќекратни одговори, осмислен да процени што сте научиле за дезинформациите. „Пребункинг е единствената техника, барем според тоа што сум видела, која работи подеднакво ефикасно низ политичкиот спектар“, рече Бет Голдберг, шеф на истражување во интерната единица на Гугл. „Други мерки за контрола на дезинформациите, како што е проверката на фактите, може да придонесат за поларизација бидејќи тие доаѓаат откако информацијата веќе се прошири“, додаде Голдберг. Истрагата на ЕЕАС (Службата за надворешно дејствување на Европската унија) во јануари откри 750 инциденти со грешни информации кои намерно ги ширеле странски актери, од кои многумина ја поддржувале руската инвазија на Украина.

The post Гугл почнува кампања против дезинформациите во пресрет на европските избори appeared first on Република.

]]>