каматни стапки Archives - Република https://republika.mk/tema/kamatni-stapki/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 10:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каматни стапки Archives - Република https://republika.mk/tema/kamatni-stapki/ 32 32 Нема попуштање: Народна банка не ги намалува каматните стапки https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-popushtane-narodna-banka-ne-gi-namaluva-kamatnite-stapki/ Wed, 12 Jun 2024 10:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=786881

На 11 јуни 2024 година се одржа редовна седница на ИО за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чија примена започнува од јуни, обезбедуваат дополнителна поддршка за прудентноста на монетарната политика.

Главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Инфлацијата во мај 2024 година умерено забрза и изнесува 4,5% на годишно ниво, при позитивен придонес за растот како од базичната инфлација, така и од останатите компоненти. Сепак, динамиката на инфлацијата во мај не отстапува од патеката на движење предвидена во рамките на пролетните проекции на Народната банка. Според овие проекции, за целата 2024 година се очекува просечна инфлација од 3,5%. Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено нагоре, односно се очекува нивен помал пад оваа година, а нестабилниот геополитички контекст и натаму создава неизвесност и нагорни ризици за следниот период. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јуни беше донесена одлука за намалување на основните каматни стапки за 0,25 п.п., во согласност со очекувањата на пазарите. Притоа, ЕЦБ нагласи дека и покрај намалувањето, со новото ниво на каматните стапки сè уште се задржува затегнатоста и претпазливоста на монетарната политика.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.293,6 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар и натаму се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината, при солиден прилив на девизи и на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во април 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар во вториот квартал, заклучно со втората декада од мај засега се близу до проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза, во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекувањата. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2% на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2024 година со кои се располага упатуваат на висок реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, а индустриското производство бележи мал пад. Сепак, расположливоста на податоците е ограничена и не е доволна за попрецизна оцена. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, според првичните податоците за мај 2024 година, депозитниот потенцијал на банките и натаму расте, слично на очекувањата, при малку посилен кредитен раст од проектираниот.

Општо земено, најновите остварувања кај макроекономските показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции, но условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни. Потребно е натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата, како и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и на пазарот на трудот. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Нема попуштање: Народна банка не ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>

На 11 јуни 2024 година се одржа редовна седница на ИО за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чија примена започнува од јуни, обезбедуваат дополнителна поддршка за прудентноста на монетарната политика. Главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Инфлацијата во мај 2024 година умерено забрза и изнесува 4,5% на годишно ниво, при позитивен придонес за растот како од базичната инфлација, така и од останатите компоненти. Сепак, динамиката на инфлацијата во мај не отстапува од патеката на движење предвидена во рамките на пролетните проекции на Народната банка. Според овие проекции, за целата 2024 година се очекува просечна инфлација од 3,5%. Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено нагоре, односно се очекува нивен помал пад оваа година, а нестабилниот геополитички контекст и натаму создава неизвесност и нагорни ризици за следниот период. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јуни беше донесена одлука за намалување на основните каматни стапки за 0,25 п.п., во согласност со очекувањата на пазарите. Притоа, ЕЦБ нагласи дека и покрај намалувањето, со новото ниво на каматните стапки сè уште се задржува затегнатоста и претпазливоста на монетарната политика. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.293,6 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар и натаму се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината, при солиден прилив на девизи и на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во април 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар во вториот квартал, заклучно со втората декада од мај засега се близу до проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза, во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекувањата. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2% на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2024 година со кои се располага упатуваат на висок реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, а индустриското производство бележи мал пад. Сепак, расположливоста на податоците е ограничена и не е доволна за попрецизна оцена. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, според првичните податоците за мај 2024 година, депозитниот потенцијал на банките и натаму расте, слично на очекувањата, при малку посилен кредитен раст од проектираниот. Општо земено, најновите остварувања кај макроекономските показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции, но условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни. Потребно е натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата, како и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и на пазарот на трудот. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Нема попуштање: Народна банка не ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>
Европската централна банка за првпат по пет години ги намали каматите https://republika.mk/vesti/svet/evropskata-tsentralna-banka-za-prvpat-po-pet-godini-gi-namali-kamatite/ Thu, 06 Jun 2024 18:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=785348

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денес референтната каматна стапка на 3,75 отсто, за првпат по 2019 година, и покрај мајскиот пораст на инфлацијата на неочекувани 2,6 отсто.

Во соопштението објавено на сајтот на ЕЦБ се наведува проценката дека инфлацијата ќе остане превисока до следната година.

Инфлацијата во 20-те држави кои го користат еврото изнесувала 2,4 отсто во април, соопшти пред шест дена Еуростат, официјалната агенција на Европската Унија за статистика. Со истражување на пазарот се очекуваше инфлацијата во мај да изнесува 2,5 отсто.

Пред намалувањето на каматната стапка таа изнесуваше рекордни 4 отсто, а со овој потег ЕЦБ им се придружи на централните банки на Канада, Шведска и Швајцарија во намалувањето на каматните стапки по серијата зголемувања, најголеми во поновата историја.

„И покрај напредокот во последните тримесечја, домашните притисоци врз цените и понатаму се силни поради растот на платите, па инфлацијата веројатно ќе остане над целта и во текот на следната година“, соопшти ЕЦБ.

 

The post Европската централна банка за првпат по пет години ги намали каматите appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денес референтната каматна стапка на 3,75 отсто, за првпат по 2019 година, и покрај мајскиот пораст на инфлацијата на неочекувани 2,6 отсто. Во соопштението објавено на сајтот на ЕЦБ се наведува проценката дека инфлацијата ќе остане превисока до следната година. Инфлацијата во 20-те држави кои го користат еврото изнесувала 2,4 отсто во април, соопшти пред шест дена Еуростат, официјалната агенција на Европската Унија за статистика. Со истражување на пазарот се очекуваше инфлацијата во мај да изнесува 2,5 отсто. Пред намалувањето на каматната стапка таа изнесуваше рекордни 4 отсто, а со овој потег ЕЦБ им се придружи на централните банки на Канада, Шведска и Швајцарија во намалувањето на каматните стапки по серијата зголемувања, најголеми во поновата историја. „И покрај напредокот во последните тримесечја, домашните притисоци врз цените и понатаму се силни поради растот на платите, па инфлацијата веројатно ќе остане над целта и во текот на следната година“, соопшти ЕЦБ.  

The post Европската централна банка за првпат по пет години ги намали каматите appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки https://republika.mk/vesti/svet/etsb-ke-pochne-da-gi-namaluva-kamatnite-stapki/ Mon, 27 May 2024 09:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=782001

Европската централна банка е на пат да започне со намалување на каматните стапки следниот месец, но ќе мора да ја задржи политиката „на рестриктивна територија до 2024 година“, според нејзиниот главен економист Филип Лејн.

„Но, во таа тесна зона, можеме да ги намалиме стапките до одреден степен“, рече Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. Запрашан за изгледите за следниот состанок на банката на 6 јуни, тој рече дека „освен ако нема некои големи изненадувања, во моментот гледаме доволно показатели за отстранување на највисоките нивоа на ограничувања“.

Почетокот на монетарното олеснување на следниот состанок на ЕЦБ беше нашироко најавуван во медиумите. Следните чекори се помалку јасни, а пазарите очекуваат европските креатори на монетарна политика да ги прескокнат намалувањата на стапките во јули и да ги продолжат во септември.

„Следната година, со видливо приближување на инфлацијата до целта, а потоа каматните стапки се намалуваат на ниво кое е во согласност со таа цел – тоа ќе биде сосема поинаква дебата“, рече Лејн.

Основната инфлација во еврозоната, на која се фокусираат креаторите на монетарната политика бидејќи ги отстранува нестабилните елементи како што се цените на енергијата, најверојатно престана да слабее за прв пат од јули, пишува Блумберг.

Покрај тоа, клучниот показател за растот на личните приходи објавен минатата недела, исто така, се забрза во првиот квартал од оваа година, иако Лејн рече дека „вкупната насока на движењето на платите продолжува да укажува на забавување, што е од суштинско значење“, и заклучи дека ситуацијата ќе продолжи уште некое време да се менува постепено и нерамномерно.

The post ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка е на пат да започне со намалување на каматните стапки следниот месец, но ќе мора да ја задржи политиката „на рестриктивна територија до 2024 година“, според нејзиниот главен економист Филип Лејн. „Но, во таа тесна зона, можеме да ги намалиме стапките до одреден степен“, рече Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. Запрашан за изгледите за следниот состанок на банката на 6 јуни, тој рече дека „освен ако нема некои големи изненадувања, во моментот гледаме доволно показатели за отстранување на највисоките нивоа на ограничувања“. Почетокот на монетарното олеснување на следниот состанок на ЕЦБ беше нашироко најавуван во медиумите. Следните чекори се помалку јасни, а пазарите очекуваат европските креатори на монетарна политика да ги прескокнат намалувањата на стапките во јули и да ги продолжат во септември. „Следната година, со видливо приближување на инфлацијата до целта, а потоа каматните стапки се намалуваат на ниво кое е во согласност со таа цел – тоа ќе биде сосема поинаква дебата“, рече Лејн. Основната инфлација во еврозоната, на која се фокусираат креаторите на монетарната политика бидејќи ги отстранува нестабилните елементи како што се цените на енергијата, најверојатно престана да слабее за прв пат од јули, пишува Блумберг. Покрај тоа, клучниот показател за растот на личните приходи објавен минатата недела, исто така, се забрза во првиот квартал од оваа година, иако Лејн рече дека „вкупната насока на движењето на платите продолжува да укажува на забавување, што е од суштинско значење“, и заклучи дека ситуацијата ќе продолжи уште некое време да се менува постепено и нерамномерно.

The post ЕЦБ ќе почне да ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-kamatna-stapka-na-novoodobrenite-krediti-za-domakinstvata-vo-mart-5-4-protsenti/ Tue, 30 Apr 2024 09:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=772522

Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно.

Податоците што ги сподели денеска централната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98 проценти и забележала месечно и годишно намалување од 0,37 п.п. и 0,28 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, остварила месечен и годишен раст од 0,15 п.п. и 0,42 п.п., соодветно и изнесувала 2,46 проценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 5,40 проценти и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при раст на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п.). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,17 п.п, соопшти НБ.

Оттаму дополнуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март, изнесува 1,76 проценти и оствари месечно зголемување од 0,03 п.п. Промената се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.) и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се намалени (за 0,01 п.п.) На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,72 п.п.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 2,42 проценти. Нагорната промена целосно произлегува од растот на каматните стапки на новопримените депозити во странска валута (за 0,19 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула се непроменети. Овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на март претходната година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,15 п.п, информира централната банка.

Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,35 проценти и е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво. Надолната промена се должи на падот на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п.

Од НБ истакнуваат дека во март каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, оствари месечно намалување од 0,52 п.п. и изнесува 4,73 проценти. Анализирано по валута, промената е резултат на намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,60 п.п. и 0,54 п.п., соодветно) и кредитите во странска валута (за 0,24 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,54 п.п.

Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. и изнесува 2,12 проценти. Притоа, промената се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со март минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,38 п.п.

Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. и изнесува 2,52 проценти. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,55 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при намалени каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 1,52 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п, соопшти Народната банка.

The post Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти appeared first on Република.

]]>

Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно. Податоците што ги сподели денеска централната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98 проценти и забележала месечно и годишно намалување од 0,37 п.п. и 0,28 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, остварила месечен и годишен раст од 0,15 п.п. и 0,42 п.п., соодветно и изнесувала 2,46 проценти. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 5,40 проценти и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при раст на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п.). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,17 п.п, соопшти НБ. Оттаму дополнуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март, изнесува 1,76 проценти и оствари месечно зголемување од 0,03 п.п. Промената се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.) и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се намалени (за 0,01 п.п.) На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,72 п.п. Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 2,42 проценти. Нагорната промена целосно произлегува од растот на каматните стапки на новопримените депозити во странска валута (за 0,19 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула се непроменети. Овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на март претходната година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,15 п.п, информира централната банка. Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,35 проценти и е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво. Надолната промена се должи на падот на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п. Од НБ истакнуваат дека во март каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, оствари месечно намалување од 0,52 п.п. и изнесува 4,73 проценти. Анализирано по валута, промената е резултат на намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,60 п.п. и 0,54 п.п., соодветно) и кредитите во странска валута (за 0,24 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,54 п.п. Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. и изнесува 2,12 проценти. Притоа, промената се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со март минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,38 п.п. Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. и изнесува 2,52 проценти. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,55 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при намалени каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 1,52 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п, соопшти Народната банка.

The post Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти appeared first on Република.

]]>
ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи https://republika.mk/vesti/svet/fed-doaga-vreme-za-namaluvane-na-kamatnite-stapki-amerikantsite-da-bidat-trpelivi/ Tue, 06 Feb 2024 12:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=741001

Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел рече дека доаѓа време да се намалат каматните стапки, но побара од Американците малку повеќе трпение додека ФЕД се бори со инфлацијата.

Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ тоа да се случи овој март, како што претходно очекуваше Вол Стрит, пренесува Си-Ен-Ен.

Во средата, минатата недела, ФЕД соопшти дека ги задржува каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, а Пауел во таа прилика изјави дека намалувањето на каматните стапки во март е малку веројатно.

„Нашата самодоверба расте. Само сакаме малку повеќе доверба пред да го направиме тој многу важен чекор и да почнеме да ги намалуваме каматните стапки“, рече Пауел во емисијата што се емитуваше синоќа на каналот Си-Би-Ес.

Финансиските пазари сметаат дека веројатноста ФЕД да ги намали каматните стапки во март е 20 отсто, а веројатноста тоа да се случи во мај е 71,3 отсто. Следната одлука за каматните стапки ФЕД ќе ја донесе за седум недели

The post ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел рече дека доаѓа време да се намалат каматните стапки, но побара од Американците малку повеќе трпение додека ФЕД се бори со инфлацијата. Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ тоа да се случи овој март, како што претходно очекуваше Вол Стрит, пренесува Си-Ен-Ен. Во средата, минатата недела, ФЕД соопшти дека ги задржува каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, а Пауел во таа прилика изјави дека намалувањето на каматните стапки во март е малку веројатно. „Нашата самодоверба расте. Само сакаме малку повеќе доверба пред да го направиме тој многу важен чекор и да почнеме да ги намалуваме каматните стапки“, рече Пауел во емисијата што се емитуваше синоќа на каналот Си-Би-Ес. Финансиските пазари сметаат дека веројатноста ФЕД да ги намали каматните стапки во март е 20 отсто, а веројатноста тоа да се случи во мај е 71,3 отсто. Следната одлука за каматните стапки ФЕД ќе ја донесе за седум недели

The post ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули https://republika.mk/vesti/svet/etsb-ke-prodolzhi-da-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki-vo-juli/ Tue, 27 Jun 2023 11:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=655633

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.

Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.

Таа додаде дека во блиска иднина, малку е веројатно оти централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот.

The post ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.
Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.
Таа додаде дека во блиска иднина, малку е веројатно оти централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот.

The post ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули appeared first on Република.

]]>
Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-povtorno-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki/ Wed, 10 May 2023 11:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=639279

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,65% и 3,70%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.

Најновите податоци важни за оценување на амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се движат во рамките на очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Од тие причини е неопходна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, и во април 2023 година годишната стапка на инфлација бележи забавување, коешто започна од ноември минатата година, но таа и натаму, како и во глобални рамки е над историскиот просек. Исто така, базичната инфлација и натаму е на повисоко ниво, што упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната врз оваа компонента сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на увозните цени и натаму се движат по надолна патека, но се проследени со неизвесност поврзана со развојот на војната во Украина. На девизниот пазар движењата се стабилни, при зголемена склоност за штедење во домашна валута, но и натаму постои неизвесност. Гледано од аспект на странската каматна стапка, како битен надворешен фактор за спроведувањето на домашната монетарна политика, на состанокот во мај, ЕЦБ повторно донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки, но поумерено – со покачување на основната камата за 0,25 процентни поени, во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво од очекуваното, со посебен акцент на притисоците врз базичната инфлација.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во согласност со очекувањата, и натаму има тренд на забавување на растот којшто во април 2023 година се сведе на 13% (14,7% во март). Побавниот годишен раст на инфлацијата главно произлегува од помалиот раст на цените кај прехранбената компонента. Најновите очекувања за движењата кај увозните цени упатуваат на надолно придвижување на берзанските цени на нафтата и храната, што поволно би влијаело и врз домашните цени, но и понатаму е нагласена неизвесностa во следниот период, условена од ефектите од војната во Украина.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на април е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на април беа главно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит во првиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со април, се малку подобри од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Што се однесува до домашната економска активност, во последното тримесечје од 2022 година реалниот раст на БДП очекувано забави, со што во просек, за целата 2022 година, економијата бележи реален раст од 2,1%, што е многу блиску до очекувањата од октомвриската проекција на Народната банка. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов упатуваат на минимален годишен раст кај индустриското производство, мал реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, како и солидни стапки на раст кај градежништвото и угостителството. Овие движења посочуваат на веројатно умерено забрзување на растот во првото тримесечје на 2023 година.

Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за април 2023 година, растот на кредитната активност на годишна основа и натаму забавува, посилно од очекувањата според октомвриската проекција. Од друга страна, забрзува растот кај депозитите и тој е над очекувањата за вториот квартал.

Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на потрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки appeared first on Република.

]]>

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,65% и 3,70%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем. Најновите податоци важни за оценување на амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се движат во рамките на очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Од тие причини е неопходна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, и во април 2023 година годишната стапка на инфлација бележи забавување, коешто започна од ноември минатата година, но таа и натаму, како и во глобални рамки е над историскиот просек. Исто така, базичната инфлација и натаму е на повисоко ниво, што упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната врз оваа компонента сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на увозните цени и натаму се движат по надолна патека, но се проследени со неизвесност поврзана со развојот на војната во Украина. На девизниот пазар движењата се стабилни, при зголемена склоност за штедење во домашна валута, но и натаму постои неизвесност. Гледано од аспект на странската каматна стапка, како битен надворешен фактор за спроведувањето на домашната монетарна политика, на состанокот во мај, ЕЦБ повторно донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки, но поумерено – со покачување на основната камата за 0,25 процентни поени, во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво од очекуваното, со посебен акцент на притисоците врз базичната инфлација. Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во согласност со очекувањата, и натаму има тренд на забавување на растот којшто во април 2023 година се сведе на 13% (14,7% во март). Побавниот годишен раст на инфлацијата главно произлегува од помалиот раст на цените кај прехранбената компонента. Најновите очекувања за движењата кај увозните цени упатуваат на надолно придвижување на берзанските цени на нафтата и храната, што поволно би влијаело и врз домашните цени, но и понатаму е нагласена неизвесностa во следниот период, условена од ефектите од војната во Украина. Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на април е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на април беа главно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит во првиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со април, се малку подобри од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Што се однесува до домашната економска активност, во последното тримесечје од 2022 година реалниот раст на БДП очекувано забави, со што во просек, за целата 2022 година, економијата бележи реален раст од 2,1%, што е многу блиску до очекувањата од октомвриската проекција на Народната банка. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов упатуваат на минимален годишен раст кај индустриското производство, мал реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, како и солидни стапки на раст кај градежништвото и угостителството. Овие движења посочуваат на веројатно умерено забрзување на растот во првото тримесечје на 2023 година. Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за април 2023 година, растот на кредитната активност на годишна основа и натаму забавува, посилно од очекувањата според октомвриската проекција. Од друга страна, забрзува растот кај депозитите и тој е над очекувањата за вториот квартал. Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на потрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки appeared first on Република.

]]>
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во маj https://republika.mk/vesti/ekonomija/trendot-na-namaluvanje-na-prosechnata-kamatna-stapka-na-vkupnite-krediti-prodolzi-i-vo-maj/ Thu, 30 Jun 2022 10:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=521559

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај оваа година изнесува 4,28 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентен поен и 0,28 процентен поен, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. и 0,18 п.п., соодветно. Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа минимален пад од 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 3,97 проценти, додека на годишно ниво се зголеми за 0,13 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен и годишен раст од 0,11 п.п. и 0,09 п.п., соодветно и изнесува 0,76 отсто, се вели во соопштението од НБРМ.

Во однос на каматните стапки на корпоративниот сектор, просечната камата во мај изнесува 3,43 проценти и е пониска за 0,02 процентни поени, во споредба со претходниот месец. Од НБРМ додаваат дека надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула се непроменети. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се намалила за 0,25 п.п.

Во мај, согласно податоците на Народната банка, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор остварила месечен пад од 0,17 п.п. и се сведе на 3,46 отсто.

Притоа, падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,54 п.п. и 0,08 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.). Во споредба со истиот месец минатата година, оваа каматна стапка бележи раст од 0,15 п.п, наведуваат од НБРМ.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, согласно податоците, овој месец изнесува 0,87 проценти и бележи месечно зголемување од 0,04 п.п. Анализирано по валута, месечниот раст произлегува од повисоките каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во странска валута бележат пад (за 0,02 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка е пониска за 0,29 п.п.

Во мај, кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, е забележан месечен раст од 0,59 п.п. и изнесува 1,11%. Притоа, растот е резултат на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,64 п.п.), при остварен раст и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.). Oвој месец, банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,37 п.п., во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците.

Овој месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата на месечно ниво се намали за 0,03 п.п. и се сведе на 5,06 отсто. Месечната промена се должи на намалените каматни стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,29 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, изнесува 4,53 проценти, што претставува раст од 0,02 п.п. на месечно ниво. Нагорното поместување произлегува од зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,06 п.п., соодветно), при минимален раст и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Споредено на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,08 п.п, велат од НБРМ.

Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата забележа минимално месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 0,66 проценти. Падот, како што велат е одраз на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула.

Оваа каматна стапка бележи пад од 0,16 п.п. во споредба со истиот месец претходната година.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во мај е пониска за 0,07 п.п. и изнесува 0,62 отсто. Месечниот пад се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на мај 2021 година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п, додаваат од Народната банка.

The post Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во маj appeared first on Република.

]]>

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај оваа година изнесува 4,28 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентен поен и 0,28 процентен поен, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. и 0,18 п.п., соодветно. Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа минимален пад од 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 3,97 проценти, додека на годишно ниво се зголеми за 0,13 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен и годишен раст од 0,11 п.п. и 0,09 п.п., соодветно и изнесува 0,76 отсто, се вели во соопштението од НБРМ. Во однос на каматните стапки на корпоративниот сектор, просечната камата во мај изнесува 3,43 проценти и е пониска за 0,02 процентни поени, во споредба со претходниот месец. Од НБРМ додаваат дека надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула се непроменети. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се намалила за 0,25 п.п. Во мај, согласно податоците на Народната банка, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор остварила месечен пад од 0,17 п.п. и се сведе на 3,46 отсто. Притоа, падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,54 п.п. и 0,08 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.). Во споредба со истиот месец минатата година, оваа каматна стапка бележи раст од 0,15 п.п, наведуваат од НБРМ. Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, согласно податоците, овој месец изнесува 0,87 проценти и бележи месечно зголемување од 0,04 п.п. Анализирано по валута, месечниот раст произлегува од повисоките каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во странска валута бележат пад (за 0,02 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка е пониска за 0,29 п.п. Во мај, кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, е забележан месечен раст од 0,59 п.п. и изнесува 1,11%. Притоа, растот е резултат на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,64 п.п.), при остварен раст и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.). Oвој месец, банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,37 п.п., во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците. Овој месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата на месечно ниво се намали за 0,03 п.п. и се сведе на 5,06 отсто. Месечната промена се должи на намалените каматни стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,29 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, изнесува 4,53 проценти, што претставува раст од 0,02 п.п. на месечно ниво. Нагорното поместување произлегува од зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,06 п.п., соодветно), при минимален раст и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Споредено на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,08 п.п, велат од НБРМ. Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата забележа минимално месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 0,66 проценти. Падот, како што велат е одраз на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка бележи пад од 0,16 п.п. во споредба со истиот месец претходната година. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во мај е пониска за 0,07 п.п. и изнесува 0,62 отсто. Месечниот пад се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на мај 2021 година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п, додаваат од Народната банка.

The post Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во маj appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: За да нема нагло зголемување на каматите, потребно е постепено затегнување на монетарната политика https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-za-da-nema-naglo-zgolemuvanje-na-kamatite-potrebno-e-postepeno-zategnuvanje-na-monetarnata-politika/ Sun, 22 May 2022 09:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=505400

Тоа што централните банки ја покачуваат основната камата е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, а тоа ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката.

Ова во интервју за „Радио слободна Европа“ (РСЕ) го истакнува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која нагласува дека за да се избегне нагло зголемување на каматите потребно е затегнување на монетарната политика.

„Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите“, вели гувернерката.

Таа посочува дека е јасно оти циклусот на ниски каматни стапки сега е завршен и централните банки и меѓународните финансиски пазари сега се движат кон постепено нормализирање односно кон враќање на нивоата од претходно.

Она што се случува надвор, констатира гувернерката, се одразува и кај нас.

„Подолготрајните притисоци од увозните цени, особено на храната и енергијата, коишто учествуваат со близу 50-тина проценти во нашата потрошувачка кошничка, влијаеа на подолготрајни и пошироко распространети инфлациски притисоци, бидејќи колку подолго се присутни увозните притисоци, толку повеќе стоки од потрошувачката кошничка се засегнати. Во овој контекст, Народната банка започна со затегнување на монетарната политика, односно двапати ја покачи основната камата. Одлуките за монетарната политика се носат секој месец, врз основа на најновите информации, најновите податоци и анализите коишто ги прават стручните служби на централната банка“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Целото интервју на гувернерката можете да го погледнете ТУКА.

The post Ангеловска-Бежоска: За да нема нагло зголемување на каматите, потребно е постепено затегнување на монетарната политика appeared first on Република.

]]>

Тоа што централните банки ја покачуваат основната камата е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, а тоа ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката. Ова во интервју за „Радио слободна Европа“ (РСЕ) го истакнува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која нагласува дека за да се избегне нагло зголемување на каматите потребно е затегнување на монетарната политика.
„Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите“, вели гувернерката.
Таа посочува дека е јасно оти циклусот на ниски каматни стапки сега е завршен и централните банки и меѓународните финансиски пазари сега се движат кон постепено нормализирање односно кон враќање на нивоата од претходно. Она што се случува надвор, констатира гувернерката, се одразува и кај нас.
„Подолготрајните притисоци од увозните цени, особено на храната и енергијата, коишто учествуваат со близу 50-тина проценти во нашата потрошувачка кошничка, влијаеа на подолготрајни и пошироко распространети инфлациски притисоци, бидејќи колку подолго се присутни увозните притисоци, толку повеќе стоки од потрошувачката кошничка се засегнати. Во овој контекст, Народната банка започна со затегнување на монетарната политика, односно двапати ја покачи основната камата. Одлуките за монетарната политика се носат секој месец, врз основа на најновите информации, најновите податоци и анализите коишто ги прават стручните служби на централната банка“, посочува Ангеловска-Бежоска.
Целото интервју на гувернерката можете да го погледнете ТУКА.

The post Ангеловска-Бежоска: За да нема нагло зголемување на каматите, потребно е постепено затегнување на монетарната политика appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување https://republika.mk/vesti/svet/gejts-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-kje-predizvikaat-globalno-ekonomsko-zabavuvanje/ Mon, 09 May 2022 12:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=499937

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус.

Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.

Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.

Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.

 

The post Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување appeared first on Република.

]]>

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус. Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.
Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.
Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.  

The post Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување appeared first on Република.

]]>
Банката на Англија ќе ги зголеми каматните стапки во борбата против инфлација, ќе скокнат ратите на хипотеките на граѓаните https://republika.mk/vesti/svet/bankata-na-anglija-kje-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-vo-borbata-protiv-inflacija-kje-skoknat-ratite-na-hipotekite-na-gragjaniteta/ Thu, 05 May 2022 14:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=498131

Банката на Англија во текот на денот треба да објави промени во зголемувањето на каматните стапки, што пак значи дека ќе се зголемат ратите од месечните исплати на хипотеки на населението. Оваа мерка ќе погоди два милиони домаќинства.

Се предвидува дека каматните стапки ќе се зголемат за еден отсто во време кога британската јавност веќе се бори со ефектите од инфлацијата, високите цени на енергијата, трошоците за живот и цените на горивото, кои го доведоа Обединетото Кралство до седум отсто инфлација.

Во моментов, каматната стапка што Банката на Англија ја наплатува на комерцијалните банки е 0,75 отсто. Сите корисници на комерцијални кредити со променлива каматна стапка од денеска можат да очекуваат повисоки рати на кредитите.

Цените на заемите, исто така, ќе се зголемат, принудувајќи ги домаќинствата да ги намалат трошоците на друго место бидејќи режиските трошоци се зголемија за 879 американски долари годишно.

Официјалните податоци на Банката на Англија наведуваат дека моменталната стапка на инфлација е седум отсто, додека целната стапка е само два отсто годишно.

Секој месец, Националното биро за статистика собира 180.000 цени за 700 артикли кои го мерат индексот на потрошувачки цени, кој обезбедува мерка за инфлацијата.

https://twitter.com/RichardJMurphy/status/1522115475727134720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522115475727134720%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fbiznis%2Ffinansije%2Fbanka-engleske-podici-ce-danas-kamatne-stope-u-borbi-protiv-inflacije%2F220505060

The post Банката на Англија ќе ги зголеми каматните стапки во борбата против инфлација, ќе скокнат ратите на хипотеките на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Банката на Англија во текот на денот треба да објави промени во зголемувањето на каматните стапки, што пак значи дека ќе се зголемат ратите од месечните исплати на хипотеки на населението. Оваа мерка ќе погоди два милиони домаќинства. Се предвидува дека каматните стапки ќе се зголемат за еден отсто во време кога британската јавност веќе се бори со ефектите од инфлацијата, високите цени на енергијата, трошоците за живот и цените на горивото, кои го доведоа Обединетото Кралство до седум отсто инфлација. Во моментов, каматната стапка што Банката на Англија ја наплатува на комерцијалните банки е 0,75 отсто. Сите корисници на комерцијални кредити со променлива каматна стапка од денеска можат да очекуваат повисоки рати на кредитите. Цените на заемите, исто така, ќе се зголемат, принудувајќи ги домаќинствата да ги намалат трошоците на друго место бидејќи режиските трошоци се зголемија за 879 американски долари годишно. Официјалните податоци на Банката на Англија наведуваат дека моменталната стапка на инфлација е седум отсто, додека целната стапка е само два отсто годишно. Секој месец, Националното биро за статистика собира 180.000 цени за 700 артикли кои го мерат индексот на потрошувачки цени, кој обезбедува мерка за инфлацијата. https://twitter.com/RichardJMurphy/status/1522115475727134720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522115475727134720%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fbiznis%2Ffinansije%2Fbanka-engleske-podici-ce-danas-kamatne-stope-u-borbi-protiv-inflacije%2F220505060

The post Банката на Англија ќе ги зголеми каматните стапки во борбата против инфлација, ќе скокнат ратите на хипотеките на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Унгарија: Ограничени каматните стапки на станбените кредити до јуни https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-ogranicheni-kamatnite-stapki-na-stanbenite-krediti-do-juni/ Sat, 12 Feb 2022 19:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=457681

Во годишното обраќање до нацијата унгарскиот премиер Виктор Орбан вети дека ќе ги продолжи олеснувањата поради растот на цените на енергенсите.

Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници, рече Орбан во за најновата противинфлациска мерка пред изборите во април.

На парламентарните избори на 3 април обединетата опозицијата составена од либерални партии и десничарската Јобик ќе ѝ се спротивстави на партијата на Орбан Фидес. Истиот ден, Унгарците ќе гласаат на референдум за настава за правата на ЛГБТ во училиштата и забрана на таква содржина во медиумите.

Соочени со раст на цените кои би можеле да ја подигнат инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година. Владата на Орбан ги замрзна цените на суровините во февруари, а премиерот во саботата најави продолжување на тие мерки, замрзнување на цените на енергенсите и каматните стапки на станбените кредити.

„Замрзнувањето на цените функционира, ја продолжуваме таа мерка за уште три месеци“, рече тој. Тоа значи дека цената на литар гориво ќе остане непроменета до 15 мај.

Орбан најави и дека растот на цените ќе биде побрз од инфлацијата, па ја критикуваше Европската унија велејќи дека пропаднал планот на Брисел за борба против климатските промени по повисоки цени кои ќе траат со години.

И покрај контролата на цените, унгарските потрошувачки цени пораснаа најмногу во јануари, како и инфлацијата, поради што аналитичарите предвидуваат дека ќе се зголемат и каматните стапки. Затоа Орбан ја ограничи каматната стапка за отплата на станбените кредити до крајот на јуни.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи во чаршијата Варкерт, Орбан, кој ја стави мигрантската закана од муслиманските земји високо на својата агенда претставувајќи се себеси како бранител на христијанска Европа, овојпат предупреди дека војната во Украина може да предизвика стотици илјади, па дури и милиони бегалци.

Унгарија работи на мир, рече тој, најавувајќи дека владата има подготвени соодветни сценарија и акциски план во случај на војна.

The post Унгарија: Ограничени каматните стапки на станбените кредити до јуни appeared first on Република.

]]>

Во годишното обраќање до нацијата унгарскиот премиер Виктор Орбан вети дека ќе ги продолжи олеснувањата поради растот на цените на енергенсите.
Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници, рече Орбан во за најновата противинфлациска мерка пред изборите во април.
На парламентарните избори на 3 април обединетата опозицијата составена од либерални партии и десничарската Јобик ќе ѝ се спротивстави на партијата на Орбан Фидес. Истиот ден, Унгарците ќе гласаат на референдум за настава за правата на ЛГБТ во училиштата и забрана на таква содржина во медиумите. Соочени со раст на цените кои би можеле да ја подигнат инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година. Владата на Орбан ги замрзна цените на суровините во февруари, а премиерот во саботата најави продолжување на тие мерки, замрзнување на цените на енергенсите и каматните стапки на станбените кредити.
„Замрзнувањето на цените функционира, ја продолжуваме таа мерка за уште три месеци“, рече тој. Тоа значи дека цената на литар гориво ќе остане непроменета до 15 мај.
Орбан најави и дека растот на цените ќе биде побрз од инфлацијата, па ја критикуваше Европската унија велејќи дека пропаднал планот на Брисел за борба против климатските промени по повисоки цени кои ќе траат со години. И покрај контролата на цените, унгарските потрошувачки цени пораснаа најмногу во јануари, како и инфлацијата, поради што аналитичарите предвидуваат дека ќе се зголемат и каматните стапки. Затоа Орбан ја ограничи каматната стапка за отплата на станбените кредити до крајот на јуни. Обраќајќи им се на своите поддржувачи во чаршијата Варкерт, Орбан, кој ја стави мигрантската закана од муслиманските земји високо на својата агенда претставувајќи се себеси како бранител на христијанска Европа, овојпат предупреди дека војната во Украина може да предизвика стотици илјади, па дури и милиони бегалци.
Унгарија работи на мир, рече тој, најавувајќи дека владата има подготвени соодветни сценарија и акциски план во случај на војна.

The post Унгарија: Ограничени каматните стапки на станбените кредити до јуни appeared first on Република.

]]>