Како ќе го деиме мачорот Archives - Република https://republika.mk/tema/kako-ke-go-deime-machorot/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Nov 2023 07:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Како ќе го деиме мачорот Archives - Република https://republika.mk/tema/kako-ke-go-deime-machorot/ 32 32 Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“ во ТДМ на Јане Спасиќ https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-mladinskata-pretstava-kako-ke-go-delime-machorot-vo-tdm-na-jane-spasik/ Wed, 22 Nov 2023 07:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=714949

На сцената на Театарот за деца и младинци од Скопје, вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“, по текст и режија на Јане Спасиќ.

Во претставата играат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. Од ТДМ нагласуваат дека ова е претстава за деца над 12 години.

Инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади, Џуди Блум, Спасиќ го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија и она низ што минуваат децата и родителите во тој процес.

Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес.

Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како „отворен разговор“ за сите деца и млади што го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позиција и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е „другар“ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и „прирачник“ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни.

Иако се бави со една тешка тема, претставата релативно лесно, „шета“ по сите потиснати и скриени катчиња на една фамилија во развод, а со тоа прикажува многу светла на краевите на повеќе тунели, понудувајќи повеќе убави исходи, отколку лоши.

Првата реприза е закажана за 28 ноември од 20 часот.

 

The post Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“ во ТДМ на Јане Спасиќ appeared first on Република.

]]>

На сцената на Театарот за деца и младинци од Скопје, вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“, по текст и режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. Од ТДМ нагласуваат дека ова е претстава за деца над 12 години. Инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади, Џуди Блум, Спасиќ го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија и она низ што минуваат децата и родителите во тој процес. Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес. Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како „отворен разговор“ за сите деца и млади што го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позиција и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е „другар“ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и „прирачник“ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни. Иако се бави со една тешка тема, претставата релативно лесно, „шета“ по сите потиснати и скриени катчиња на една фамилија во развод, а со тоа прикажува многу светла на краевите на повеќе тунели, понудувајќи повеќе убави исходи, отколку лоши. Првата реприза е закажана за 28 ноември од 20 часот.  

The post Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“ во ТДМ на Јане Спасиќ appeared first on Република.

]]>