Кабул Archives - Република https://republika.mk/tema/kabul/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 09:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кабул Archives - Република https://republika.mk/tema/kabul/ 32 32 Исламска Држава презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул https://republika.mk/vesti/svet/islamska-drzhava-prezede-odgovornost-za-smrtonosniot-napad-vo-kabul/ Mon, 12 Aug 2024 09:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=805751

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во соопштението на ИД се наведува дека при нападот врз возило со кое се транспортирале шиити, еден човек загина, а 13 се повредени.

ИД често презема терористички напади врз шиитски училишта, болници и џамии, како во Кабул така и во другите шиитски региони ширум Авганистан.

Огранокот на ИД е главен ривал на исламистичкото фундаменталистичко милитантно движење Талибан во Авганистан откако во август 2021 година талибанците ја презедоа контролата врз земјата.

The post Исламска Држава презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул appeared first on Република.

]]>

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад во главниот град на Авганистан, Кабул. Во соопштението на ИД се наведува дека при нападот врз возило со кое се транспортирале шиити, еден човек загина, а 13 се повредени. ИД често презема терористички напади врз шиитски училишта, болници и џамии, како во Кабул така и во другите шиитски региони ширум Авганистан. Огранокот на ИД е главен ривал на исламистичкото фундаменталистичко милитантно движење Талибан во Авганистан откако во август 2021 година талибанците ја презедоа контролата врз земјата.

The post Исламска Држава презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес почуствуван во Кабул и северен Пакистан https://republika.mk/vesti/svet/silen-zemjotres-pochustvuvan-vo-kabul-i-severen-pakistan/ Tue, 21 Mar 2023 19:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=622182

Авганистан вечерва беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, пренесе EMSC.

Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји.

Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.

Британските медиуми пренесуваат дека очевидци наведуваат дека тлото во авганистанската престолнина Кабул и делови од северен Пакистан силно се треселе.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.

 

The post Силен земјотрес почуствуван во Кабул и северен Пакистан appeared first on Република.

]]>

Авганистан вечерва беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, пренесе EMSC. Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји. Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот. Британските медиуми пренесуваат дека очевидци наведуваат дека тлото во авганистанската престолнина Кабул и делови од северен Пакистан силно се треселе. Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.  

The post Силен земјотрес почуствуван во Кабул и северен Пакистан appeared first on Република.

]]>
Експлозија пред руската амбасада во Кабул: Се стравува дека има жртви меѓу луѓето кои чекале за виза https://republika.mk/vesti/svet/eksplozija-pred-ruskata-ambasada-vo-kabul-se-stravuva-deka-ima-zrtvi-megju-lugjeto-koi-chekale-za-viza/ Mon, 05 Sep 2022 12:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=547627

Експлозија одекнала во главниот град на Авганистан, во близина на руската амбасада, која се наоѓа на патот Дар-ул-Аман во седмиот округ на Кабул, објавија руски медиуми. Се стравува дека во инцидентот може да има и жртви.

Сè уште нема официјални информации за експлозијата.

Некои од локалните весници сугерираат дека експлозијата се случила во близина на портите на амбасадата, каде што луѓето чекале во редици за да аплицираат за виза.

Авганистан е под контрола на талибанците од септември минатата година. Сепак, терористичката група Исламска држава продолжува да врши напади врз цивили и полицајци низ целата земја.

Терористичките напади остануваат постојана закана и за жителите на Кабул. Само минатиот месец, голема експлозија потресе џамија во северниот дел на градот, при што загинаа најмалку 21, а беа повредени 33 луѓе.

The post Експлозија пред руската амбасада во Кабул: Се стравува дека има жртви меѓу луѓето кои чекале за виза appeared first on Република.

]]>

Експлозија одекнала во главниот град на Авганистан, во близина на руската амбасада, која се наоѓа на патот Дар-ул-Аман во седмиот округ на Кабул, објавија руски медиуми. Се стравува дека во инцидентот може да има и жртви. Сè уште нема официјални информации за експлозијата. Некои од локалните весници сугерираат дека експлозијата се случила во близина на портите на амбасадата, каде што луѓето чекале во редици за да аплицираат за виза. Авганистан е под контрола на талибанците од септември минатата година. Сепак, терористичката група Исламска држава продолжува да врши напади врз цивили и полицајци низ целата земја. Терористичките напади остануваат постојана закана и за жителите на Кабул. Само минатиот месец, голема експлозија потресе џамија во северниот дел на градот, при што загинаа најмалку 21, а беа повредени 33 луѓе.

The post Експлозија пред руската амбасада во Кабул: Се стравува дека има жртви меѓу луѓето кои чекале за виза appeared first on Република.

]]>
Најмалку осум лица загинаа, а над 20 се повредени во експлозија во Кабул https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-osum-lica-zaginaa-a-nad-20-se-povredeni-vo-eksplozija-vo-kabul/ Sat, 06 Aug 2022 18:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=537508

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени во денешната експлозија на бомба на популарна шопинг улица во Кабул, соопштија болнички службеници и очевидци.

Бомбата експлодирала во западниот кварт на градот, каде редовно се собираат припадниците на малцинската шиитска заедница, пренесува Хина.

Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграм

.Висок болнички извор од приватна болница изјави дека најмалку осум лица загинале, а 22 се повредени.

Нападот се случил пред Ашура, шиитско одбележување на мачеништвото на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.

Во вчерашнатао експлозија во Кабул, исто така извршена од т.н. Исламската држава, загинаа најмалку осум лица, а 18 беа повредени.

ИД не контролира ниту една област во Авганистан, но има ќелии на прикриени терористи кои ги напаѓаат верските малцинства и патролите на владејачките талибанци.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот август по две децении бунт. Тие ветија поголема заштита на шиитските џамии и другата инфраструктура./MИА/.

The post Најмалку осум лица загинаа, а над 20 се повредени во експлозија во Кабул appeared first on Република.

]]>

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени во денешната експлозија на бомба на популарна шопинг улица во Кабул, соопштија болнички службеници и очевидци. Бомбата експлодирала во западниот кварт на градот, каде редовно се собираат припадниците на малцинската шиитска заедница, пренесува Хина. Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграм .Висок болнички извор од приватна болница изјави дека најмалку осум лица загинале, а 22 се повредени. Нападот се случил пред Ашура, шиитско одбележување на мачеништвото на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Во вчерашнатао експлозија во Кабул, исто така извршена од т.н. Исламската држава, загинаа најмалку осум лица, а 18 беа повредени. ИД не контролира ниту една област во Авганистан, но има ќелии на прикриени терористи кои ги напаѓаат верските малцинства и патролите на владејачките талибанци. Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот август по две децении бунт. Тие ветија поголема заштита на шиитските џамии и другата инфраструктура./MИА/.

The post Најмалку осум лица загинаа, а над 20 се повредени во експлозија во Кабул appeared first on Република.

]]>
Серија експлозии во училиште во Кабул, најмалку шест загинати https://republika.mk/vesti/svet/serija-eksplozii-vo-uchilishte-vo-kabul-najmalku-shest-zaginati/ Tue, 19 Apr 2022 12:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=490522

Три експлозии одекнале во машко училиште во населба во Кабул, која е претежно населена со шиитски Хазари. Во нападите загинале најмалку шест лица.

Има жртви меѓу нашите браќа шиити, напиша на Твитер портпаролот на полицијата Халид Задран, не наведувајќи никакви детали.

Очевидец за „Франс прес“ раскажува дека три експлозии го потресле училиштето Абдул Рахим Шахид во западниот кварт на градот Дашт-е-Барчи, во моментот кога учениците излегувале од училницата.

Малцинските Хазари со векови се маргинализирани и прогонувани во претежно сунитскиот Авганистан.

Нивната населба во Кабул во последно време е редовна мета на ИСИС-К, регионалниот огранок на Исламската држава (ИД).

Талибанците тврдат дека ги потиснале нивните акции, но аналитичарите оценуваат дека оваа екстремистичка група сè уште претставува голем предизвик за новата авганистанска влада.

Безбедносната ситуација во земјата е подобрена откако Талибанците дојдоа на власт и повлекувањето на американските војници по 20 години окупација, но сè уште има напади за кои е одговорен ИСИС-К.

The post Серија експлозии во училиште во Кабул, најмалку шест загинати appeared first on Република.

]]>

Три експлозии одекнале во машко училиште во населба во Кабул, која е претежно населена со шиитски Хазари. Во нападите загинале најмалку шест лица.
Има жртви меѓу нашите браќа шиити, напиша на Твитер портпаролот на полицијата Халид Задран, не наведувајќи никакви детали.
Очевидец за „Франс прес“ раскажува дека три експлозии го потресле училиштето Абдул Рахим Шахид во западниот кварт на градот Дашт-е-Барчи, во моментот кога учениците излегувале од училницата. Малцинските Хазари со векови се маргинализирани и прогонувани во претежно сунитскиот Авганистан. Нивната населба во Кабул во последно време е редовна мета на ИСИС-К, регионалниот огранок на Исламската држава (ИД). Талибанците тврдат дека ги потиснале нивните акции, но аналитичарите оценуваат дека оваа екстремистичка група сè уште претставува голем предизвик за новата авганистанска влада. Безбедносната ситуација во земјата е подобрена откако Талибанците дојдоа на власт и повлекувањето на американските војници по 20 години окупација, но сè уште има напади за кои е одговорен ИСИС-К.

The post Серија експлозии во училиште во Кабул, најмалку шест загинати appeared first on Република.

]]>